Author |
Topic Search Topic Options
|
se_manda
Senior Member
Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
|
Quote Reply
#721 Posted: 19-Apr-2009 at 08:30 |
dali znae nekoj so se desava so holiday inn? poso imaat staeno skele od stanata nakaj soravia...
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#722 Posted: 23-Feb-2009 at 23:22 |
Каков е тој 50 милионски комплекс кој го промовира локалната самоуправа?  Кој е инвеститорот? Зошто се трошат пари за вакви глупави рендери кога само припремаат урбанистичка документација на која ќе гради некој приватник? Ах, локални избори
Елитен хотелски комплекс во Стење
Локалната
власт во Ресен до Министерството за транспорт и врски, ќе достават
проектна документација за изградба на хотелски комплекс од елитен тип
кој е предвидено да „никне“ во месноста Стење кај спортското игралиште.
Ова минатата недела на промоцијата по повод финиширањето на проектот
“Стандарди за локален квалитет на Преспа” го најави градоначалникот
Бузлевски и притоа потенцираше дека изградбата на хотелскиот комплекс
ќе чини околу 50 милиони долари. Со
ова уште еднаш се потенцира намерата на актуелната локална власт,
Преспа да биде местото кое ќе биде атрактивно за одмор и уживање на
туристите кои се со подлабок џеб и кои ќе сакаат да уживаат во
благодетите што ги нуди Преспа и нејзиниот бисер Преспанското Езеро. -Подготвена
е целокупната проектна документација. Според урбанистичкиот план
предвидена е изградба на хотел од висока А категорија во месноста
Стење, кој ќе биде со капацитет од 605 легла. Хотелот ќе располага со
сите удобности што се карактеристични за хотелите од високата А
категорија. Истиот ќе содржи велнес центар кој ќе вклучува фитнес
центар, базен со длабочина од 2 метра, детски базен, турска бања,
сауна, ладна када, простории за масажа, гардероби, а ќе има простории
каде ќе бидат сместени куглана, стрелиште итн. Во приземјето на хотелот
ќе има и бутици, парфимерии, златарници и фризерски салони кои ќе
овозможат луксузен престој за посетителите - велат од локалната
самоуправа. Воедно елитниот хотел во Стење ќе има и свое сопствено казино кое, според проектот, е предвидено да се протега на две нивоа. И
овој хотелски комплекс покрај грандиозната “Аква пура” ќе отвори бројни
работни места особено за младите, а воедно со нивната реализација ќе се
направи едно видоизменување на туристичката понуда на Македонија кон
светот. - Нашата држава и Преспа со ова ќе бидат на мапата на
туристичката понуда во светот- смета градоначалникот на Ресен, Димитар
Бузлевски. Останува на Министерството за транспорт и врски во Владата на Република Македонија позитивно да одговорат на овој проект. |
Извор: Преспа Скај
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#723 Posted: 18-Feb-2009 at 00:37 |
Финско село во Преспа
Брисел - Приватни компании од Финска почнале процедура за изградба
на финско село во Дупени, на Преспанско Езеро, кое покрај објекти за
сместување, ќе има и сауни и трговски центар.
Моментно
компаниите чекаат документи за инфраструктурата, а изградбата ќе почне
по три-пет години на земјиште кое е во сопственост на државата. Целта е
пензионери од оваа земја да престојуваат шест месеци во Македонија,
бидејќи климатските услови се многу поповолни од оние во Финска. (С.Ј.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=599EEE063E841E41BF286048BE27B695
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#724 Posted: 13-Jan-2009 at 13:11 |
Хипо Алпе Адриа Лизинг ја стопира изградбата на хотел во Охрид
Хипо
Алпе Адриа групацијата, која во 2007 година најави изградба на хотел во
Охрид, го стопираше проектот. Причина е повлекувањето на странскиот
партнер поради неповолните економски трендови. “Ние не се
откажуваме од изградбата на хотелот во Охрид. Се уште има можности за
негова реализација, но ќе се чекаат подобри времиња за инвестирање”,
изјавија од компанијата за “Тотал“. Хипо Алпе Адриа нема купено ни една
од четирите локации што Владата ги продаваше на меѓународен тендер,
наменети за изградба на хотелски комплекси. Во репрезентативниот хотел, Хипо Алпе Адриа Лизинг планираше да инвестира повеќе од седум милиони евра. Оваа лизинг компанија e присутна во регионот преку лизинг на возила, станови, изградба на бродови и авиони. |
http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=14459
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#725 Posted: 08-Jan-2009 at 00:25 |
МАЛЕШЕВИЈАТА САКА ДА СТАНЕ СОВРЕМЕН ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР
Се градат повеќе хотели, работи само еден
Хотелот „Македонија“ во центарот на Берово, кој повеќе години не работеше, го купи „К-15 продукција“ од Скопје, но најавеното реновирање се' уште не почнало

Природата не штедела кога на Малеш му дарувала убавини, но ние не
знаеме да ги користиме, па и понатаму сме сиромашен крај од кој луѓето
се иселуваат. Вака најчесто коментираат беровци кога станува збор за
туризмот. Во последните години се направија напори за афирмација на
убавините на Малешевијата, дојдоа и туристи, но само на еднодневни
прошетки или најмногу на викенд-тури. Желбите и плановите овој
привлечен планински регион да стане современ туристички центар се
реализираат многу тешко и бавно. Во Берово во моментот работи само
хотелот „Манастир“ со 50 легла, кој се наоѓа на излезот од градот кон
Беровското Езеро. Честа на беровскиот туризам колку-толку ја спасуваат
уште два-три мали комерцијални сместувачки капацитети и многуте вили и
викендички што им стојат на располагање на туристите. Другите хотели
или се затворени или се' уште се градат.
„МАЛЕШЕВО“ ЧЕКА ГАЗДА
Туристичкиот
комплекс „Малешево“, сместен во најубавиот дел на Малеш, на брегот од
Беровското Езеро, не работи и во него годинава првпат немаше
организиран пречек на Новата година. По неколкуте неуспешни обиди за
приватизација, тој и понатаму е во државна сопственост. Го чуваат за да
не биде разграбан од поранешни вработени, кои се надеваат дека наскоро
објектот ќе добие газда, а тие работа. На 200 метри оттаму се гради нов
хотел на скопската туристичка агенција „Аурора“. Тој ќе биде од висока
категорија, работите се во завршна фаза, но не се знае кога ќе биде
отворен. Се' уште не е готов и хотелот во близина на граничниот премин
Клепало. Хотелот „Македонија“ во центарот на Берово, пак, кој повеќе
години не работеше, пред седум-осум месеци го купила „К-15 продукција“
од Скопје, но најавеното реновирање се' уште не почнало.
- Во
рамките на нашите можности, максимално сме ангажирани на промоцијата на
туризмот и на убавината на Малешевијата во земјата и во странство.
Организираме повеќе манифестации, деновиве издадовме современ
туристички водич во кој се влезени сите категоризирани сместувачки
капацитети и другата туристичка понуда на Берово, а во фаза на
формирање е и туристичко здружение. Очекуваме во текот на годинава да
биде отворен луксузниот хотел на ТА „Аурора“, да се најде решение за
„Малешево“ и да почне реконструкцијата на хотелот „Македонија“. И
понатаму проблем ни е што се' уште не е отворен граничниот премин
Клепало. Од наша страна одамна е се' завршено, но бугарската со години
не го завршува патот до преминот - вели Јасминка Пашалиска-Андоновска,
раководителка на беровската канцеларија за локален економски развој.
ХОЛАНЃАНИТЕ - НАЈЧЕСТИ ГОСТИ
Во
„Манастир“, единствениот хотел што работи во Берово и кој на гостите им
нуди разновидна понуда, се задоволни од посетеноста, но нагласуваат
дека за да стане Малеш современ туристички центар според европски терк,
треба уште многу да се работи.
- Ги имаме сите услови.
Прекрасна природа, чиста животна средина, еколошки здрава храна...
Неопходна е помош од државата и комплетна посветеност на локалната
самоуправа на туризмот, бидејќи спасот за Малеш се само туризмот и
сточарството. Нема турист што еднаш дошол, а да не посакал да се врати.
Така е и со Холанѓаните, кои ни се најчести гости од странство. Од ова
лето очекуваме и редовни туристички тури од Австралија. Но, за жал,
туристите во Берово остануваат само на два-три дена. Потоа им станува
здодевно. Нема забава. Тоа градот мора да го реши. Треба да се
размислува и за изградба на скијачки патеки - истакнува Владо Мишовски,
менаџер на хотелот „Манастир“.
Со слични проблеми се судира и
соседната, помалата малешевска општина Пехчево. Во прекрасниот
туристички реон Рамна Река, кој граничи со Беровското Езеро,
туристичката понуда ја сочинуваат само еден мал мотел, два угостителски
објекта и викендичките. Општината со странска помош неодамна ја уреди
околината и ги направи достапни седумте водопади кај изворите на
Брегалница. За друго нема пари. Носталгијата инвестира најмногу
Во малешевскиот туризам засега најмногу инвестираат иселените
Малешевци, кај кои носталгијата е секогаш голема, а многумина и
кога-тогаш сакаат да се вратат во родниот крај. Хотелот „Манастир“ е
сопственост на Малешевец од Скопје, хотелот кај Клепало на Малешевец од
Тетово, а „скопски беровец“ е сопственик и на скопската туристичка
агенција „Аурора“, која го гради хотелот на Беровското Езеро. И многу
вили, викендички угостителски објекти градат Малешевци иселени во
Скопје, Штип, Струмица ... http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8F8882F455D47246846D71F9F17E223B |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#726 Posted: 22-Dec-2008 at 19:41 |
Се мислам дека пропушатм уште една две локации во Скопје. |
Не сум сигурен пошто ми се испомеша више бројните најави за глобални хотелски брендови, ама ми текнува локцијата карши Холидеј ин од другата страна на Вардар и оние хотели што требаше да ги градиме во склоп на голф терените кај Петровец каде требало да се градат два Хилтони и еден Шератон или обратно беше...
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#727 Posted: 22-Dec-2008 at 16:22 |
 Аман со овие Хилтони. Многу е интересен муабетов како да зборат за фабрика што треба да опслужува одреден регион па ако не сме побрзале ќе отишол во Косово. Ќе се обидам да направам еден краток рекапитулар на сите македонски Хилтони па ако некој ми промаканал дополнете ја листата - мал ринг на место на печатница Гоце Делчев - кај Плаја Виста под Кале - во Охрид на Горица 3 - на браната Козјак Се мислам дека пропушатм уште една две локации во Скопје.
Хилтон заминува на Косово, Владата неинформирана!
 Македонија
може да остане без инвестицијата на хотелскиот ланец Хилтон вредна 110
милиони евра. Надлежните институции немаат одговор зошто е
проблематизиран процесот за издавање на локациите за градба. Како
што пред неколку дена јави Алфа ТВ, Хилтон бил заинтересиран за три
локации во Македонија, и тоа на браната Козјак, Скопје и Охрид.
Новинарите од Алфа се обиделе да дојдат до официјален став од
Министерството за транспорт и врски, но одтаму не добиле одговор. Денес
и “Тотал“ се обиде да добие одговор од Министерсрвото за транспорт, но
до завршувањето на работниот ден не добивме официјален став. Ниту вице
премиерот Зоран Ставрески не е информиран со проблемите кои ги има
Хилтон за влез во Македонија. Тој изјави дека не бил доволно информиран
со ситуацијата и дека наскоро ќе излезе со изјава.
“Јас лично не
сум доволно информиран за случајот со Хилтон, кога ќе ги проверам
информациите ќе ви дадам по конкретен одговор“, изјави Ставревски. Тој
изјави дека му е познато дека дека има процедурални проблеми но
значајно е трендот да биде оди во нагорна линија, за што повеќе
компании да бидат задоволни од услугите во Јавната администрација, а
Владата ќе работи во таа насока и понатаму. Претседателот на
британската бизнис групација во Македонија Реј Пауер неодамна за Алфа
ТВ изјави дека со Владата имале одлична комуникација, но дека треба да
се посвети поголемо вниманије врз бирократките пропусти. Според
најавите на Пауер, поради бирократските пробелми во земјава и бавната
администрација можно е изградбата на хотелите да биде пренасочена на
Косово. |
http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=14119
|
 |
anDarko
Senior Member
Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
|
Quote Reply
#728 Posted: 10-Dec-2008 at 15:36 |
еве уште нешто од соседството, релативно ново, а прекрасно - Хотел Калин во Лазарополе http://www.kalinhotel.com.mk
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#729 Posted: 05-Dec-2008 at 06:58 |
Четврт повик за продажба на парцелата кај Горица 3 во Охрид
Mинистерството за транспорт и врски денеска објави уште еден јавен повик до сите заинтересирани правни и физички лица кои поседуваат минимум 250 брендирани хотелски објекти да учествуваат на јавнотои надавање за државното земјиште во Охрид за изградба на хотел со пет ѕвезди. Ова е четврт обид на Министерството да го продаде земјиштето за предвидено за изградба на хотел со пет звезди кое се наоѓа кај плажата Горица 3. Земјиштето наменето за продажба е во вкупна површина од 15.887 метри кавдратни, а почетната цена на јавното надавања изнесува 4.800 денари за метар квадратен. Според објавата ,лицата кои ќе учествуваат на јавното наадавање треба да поседуваат ланец хотели, да имаат договор за франшиза со лица кои поседуваат ланец на хотели или договор за соработка која обезбедува право на употреба на носители на ланци на хотели. Сите учесници на јавното надавање треба платат депозит од 7.620.960 денари денари, а најповолниот понудувач е должен да ја изврши изградбата во рок од 24 месеци од денот на добивање на дозволата за градење. Првиот пат кога беше објавен јавниот повик за прибирање на понуди, како најдобар понудувач беше избрана австриската компанија "Соравиа”, но договорот беше раскинат бидејќи инвеститорот не ги уплати средствата во определениот рок. Ниту на втората и третата јавна понуда немаше ниту една компанија заинтересирана за купување на оваа парцела. Пријавите за учество на јавното наддавање треба да се достават најдоцна до 12 јануари, а јавното надавање ќе се одржи на 21 јануари 2009 година. Тотал
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#730 Posted: 29-Nov-2008 at 19:22 |
 Gitardemon izgleda ne si pomislil do sega deka nekoj moze bi saka da gi lapne po eftina cena pa gi ostava da se doopustoshat ushte malku ili pa cheka pogoden moment za navodna kupoprodazba.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#731 Posted: 29-Nov-2008 at 19:16 |
Originally posted by lslcrew
Овие детски одморалишта можат да бидат елитни хотели. Еве на пример Бунец Маврово. Тој е хотел со приватни мини скијачки терени, со ограда околу цел комплекс. Тоа може скупо да се продаде.
|
Како што пишува, не успеале да ги продадат порано, а се обиделе. Сега дали има врска со тоа што некоја од претходните влади не успеала да најде купувач кој ќе им фршне под рака доволно пари, или никој не бил заинтересиран, не е наведено, но сепак во право си, и во Битола одморалиштето има патеки за скијање покрај него. Убава работа се тие и да се реновираат, знам дека во 6то 7мо одделение децата баш таму најинтересно си поминуваат  Пошто друго место екскурзија нема...
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#732 Posted: 29-Nov-2008 at 19:04 |
 Овие детски одморалишта можат да бидат елитни хотели. Еве на пример Бунец Маврово. Тој е хотел со приватни мини скијачки терени, со ограда околу цел комплекс. Тоа може скупо да се продаде.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#733 Posted: 29-Nov-2008 at 18:54 |
Заборавено и оставено на забот на времето, вака денеска изгледа едно од најголемите детски одморалишта во Македонија „Титови пионери“ кај Дојран.
Од надвор се уште стои импонзантната градба направена пред 28 години, а внатре останале само голи ѕидови. Гнездата на птиците сведочат дека тука одамна не се слушнал детски џагор.
На последната понуда за продажба ова одморалиште беше проценето на 2,2 милиони евра. Во слична состојба се и останатите осум одморалишта кои се под капа на државата. Сите зад себе имаат два неуспешни обиди за продажба, а вкупно беа проценети на 7,4 милиони евра. Сега за нивната судбина ќе одлучува Владата.
„Со новиот буџет се очекува да биде дефинирана сумата за реконструкција на одморалиштата. Во моментот се прави детална финансиска конструкција, колку средства се потребни за реконструкцијата“, изјави Жаклина Величковска, портпарол на министерството за труд и социјална политика.
Во Македонија има вкупно 16 детски одморалишта.
|
Преземено од: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=100881
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#734 Posted: 25-Oct-2008 at 21:51 |
Originally posted by Raisinloaf
Абе нема што на секоја пола година нов Хотел градат ама само во нивните сонови или на новинарите
|
мислам ова се влече уште од времето на претседателот БТ кога од караџица сакаше да направи елитен светски скијачки и туристички центар баш таа страна над јасен па се до езерото, но барам по нет нема никакво инфо за таа иницијатива која и незнам баш зошто се изјалови, мислам дека во лошо време ја имаше предложено па затоа и не се почна никаков идеен проект, но пополека самите инвеститори ќе ја истуркаат таа работа чекор по чекор, најважно нов пат до браната има само треба да се префрли и преку браната од лево кон потенцијалното место за хотели, а ем се работи и на пробивање на постојниот кон Мак.Брод...
|
 |
Raisinloaf
Senior Member
Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
|
Quote Reply
#735 Posted: 25-Oct-2008 at 19:06 |
Абе нема што на секоја пола година нов Хотел градат ама само во нивните сонови или на новинарите
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#736 Posted: 25-Oct-2008 at 17:55 |
Најновиот Хилтон во Македонија  . Не се нормални. Текстот изобиулува и со многу други македонски новинарски вратоломии
Хилтон сака да гради хотел на КозјакСветскиот синџир на хотели „Хилтон“ сака да изгради хотел на бреговите на вештачкото езеро Козјак во поречието. А1
неофицијално дознава дека освен „Хилтон“, хотел тука сакаат да изградат
и други познати светски брендови. Се работи за 6.000 метри квадратни
државно земјиште, кое чини 10 евра од квадрат, а кој ќе го добие ќе се
знае на 30-ти овој месец кога ќе се отворат понудите во министерството
за транспорт и врски. „Има доста фирми заинтересирано како и од
нашата држава така и од европската заедница за изградба на хотели тука,
заинтересираноста е голема поради чистата еколошка средина, езерото
Козјак и близината на главниот град Скопје“, изјави Милосим Војнески
градоначалник на општина Македонски Брод. А1 неофицијално дознава
дека менаџерите на овој познат светски синџир на хотели веќе 2 години
ја скенирале оваа локација. Локацијата е атрактивна поради убавините на
езерото кое е најголемо вештачко езеро во Европа, каде моментално се
градат цели елитни населби со приватни плажи. Тука куќи имаат многу
наши политичари, бизнисмени и луѓе од јавниот живот, а веќе е развиен и
такси превоз со чамци по езерото. „Со ова се создаваат услови за
развој на езерскиот туризам, за развој на селскиот туризам и ова е еден
почеток со изградба на хотелите. Тука ќе можат да живеат повеќе
семејства и да најдат вработување“, вели Војнески. Огласот за
државното земјиште за приватните куќи ќе се објави следниот месец. Со
тоа се планира овој крај целосно да заживее, а покрај езерото ќе се
гради и регионалниот пат Брод-Скопје кој ќе поминува низ националниот
резерват „Јасен“. |
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99286
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#737 Posted: 18-Aug-2008 at 11:51 |
TCC Plaza Mavrovo1  2  3 Поглед од хотелот  4  5  Адаптација на постар објект, има еден дел со цигла што веројатно ќе го обложат со дрво како и ова што се гледа на сликите. Ништо посебно но барем складно за разлика од оваа грдосија која веќе го постирав овдека  6  Или пак ова чудовиште што е во оваа фаза веќе една деценија сигурно 7 
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#738 Posted: 30-Apr-2008 at 12:55 |
Од каде па сега ова? Со осум милиони евра ќе изгради хотел,ресторани и центри за одмор
за рекреација, а ние со 8 милиони евра градиме катна гаража.
Инвестиција од осум милиони евра во манастирскиот комплекс св.Пантелејмон кај Штип
Манастирскиот
комплекс св.Пантелејмон кај штипското село Брест ќе добие нов лик преку
проектот од осум милиони евра на странскиот инвеститор од Данска со
арапско потекло Мајкл Сивили, јави дописникот на Нетпрес.
На ваков чекор се решил бизнисменот од Дубаи поради питомата природа околу манастирскиот комплекс.
“ Вакви места се ретки на земјата, можат само на прсти да се избројат и штета е луѓето да не ги искористат“ тврди Севили.
Според бизнис планот, во пазувите на месноста Пилав Тепе каде е
лоциран манастирскиот комплекс на самата граница помегу штипската и
радовишка општина, Сивили ке изгради хотел,ресторани и центри за одмор
за рекреација.
За универзитетскиот професор по економија од Копенхаген, инаку
долгогодишен банкарски советник немало дилеми за реализација на
инвестицијата. Но доколку административната процедура била подолга од
неговото трпение проектот ќе го преселил во Романија. Документацијата и по една година не била комплетирана. Во Македонија работи со две свои компании чии седишта се во Струмица, АР СИ маркетинг и Колор интернешенел. http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=29035&kategorija=1
|
Edited by La Linea - 30-Apr-2008 at 12:56
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#739 Posted: 08-Apr-2008 at 23:29 |
Originally posted by pbanks
Блејд ти ја префрлив веста за хотелот тука, сепак се работи за потенцијален проект.
Се радувам на секоја нова инвестиција но треба да бидат внимателни, брегот на црно море во Бугарија е измасакриран со грди хотели иако има и убави комплекси. Не смееме иста грешка да направиме со Охрид.
|
Вакви огромни хотели можат да испаднат огромни грдосии. А Охридското езеро е единственото асално место што го имаме, па мора да се пазиме од волкави огромни комплекси. Не ме радува многу хотелов некако
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#740 Posted: 08-Apr-2008 at 22:54 |
Блејд ти ја префрлив веста за хотелот тука, сепак се работи за потенцијален проект.
Се радувам на секоја нова инвестиција но треба да бидат внимателни, брегот на црно море во Бугарија е измасакриран со грди хотели иако има и убави комплекси. Не смееме иста грешка да направиме со Охрид.
|
 |