build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Книжара
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Книжара

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 22-Feb-2009 at 23:53
ОБЈАВЕНИ РАСКАЗИТЕ „ПРИКАЗНИ ОД СКОПЈЕ
Томислав Османли влезе во „Најчитаните“ - 08.02.2005
 

Книгата раскази „Приказни од Скопје“ од прозаистот и драмски автор Томислав Османли излезе деновиве во издание на книгоиздателството „Култура“, во рамките на библиотеката „Најчитаните“. Книгата вклучува 25 помали и поголеми раскази и новели лоцирани во Скопје од предземјотресниот период до денес. „Приказни од Скопје“ го носат поднасловот „за пеперутките, облаците, насмевките и брчките на градот.

Текстовите во книгата носат топла потрага по моралните и човечки вредности, загубени во земјотресно исчезнатиот град, или потиснати во сенката на транзицискиот меркантилен лавиринт, во кој денес се загубени човекот и градот.

Приказни од Скопје“ на Османли вклучуваат раскази и новели од неговите две збирки „Пеперутката на детството“, издание на „Мисла“ (1993) и „Виолетни светлини и сенки“, објавена од „Матица“ (2001). Во книгата, под насловот „Облачна исповед“, е и подолгата проза напишана во прво лице, за која Османли пред две години ја доби првата награда на 4. Фестивал на монодрамата во Битола.

Збирката се состои од лирски, носталгични и моралистички интонирани раскази, поделени во четири циклуси: фантазии, облаци, лица и четири годишни времиња, чијашто структура е своевиден мозаик со повеќе теми и раскажувачки стилови, секогаш со топло човечко исходиште. Во таквото видување, топографијата и локацијата на Скопје за авторот не се само поводи за прозните записи посветени на драмата, љубовта, надежта, сеќавањата и на осаменоста на современиот човек, туку и за нашиот сограѓанин запретан во мрежите на носталгијата кон минатото и на меланхолијата на современото живеење. Култура 300 ден.

Време - 08.02.2005

Томислав Османли [1][2][3]  

Кон 'Приказни од Скопје" - Пеперугата на скопското детство - У - 18.04.2005

Светулки во ноќта драма за Скопје од шеесетите - Скопска Порака - Томислав Османли

„Облачна исповед“ монодрамски текст на Томислав Османли

Previous

 Иван Ивановски: Нестандардна монодрама со класични атрибути

„Апокалиптична комедија“ театарски текст  од Томислав Османли

 



Edited by beTon - 23-Feb-2009 at 03:30
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 22-Feb-2009 at 02:42
Нова книга за Скопје од Данило Коцевски

Издавачката куќа „Магор“ ја објави книгата „Чај од јужните мориња“, најново дело на писателот Данило Коцевски, кое ги тематизира настаните и обележјата на старо Скопје, што е и најголема инспирација на овој автор, познат хроничар на Скопје.

Во препознатливиот стил од претходните „Го сакам Скопје“ и „Белешки на осамениот шетач“, и во оваа книга, седма посветена на градот и богата со атрактивни фотографии од некогашно Скопје, Коцевски пишува за мирисите, боите, атмосферата на Скопје, правејќи исклучителна синтеза меѓу старото и новото.

„Ода за скопските костени“, „На Теа, со љубов“, „Егзотично Скопје“, „Приказна за најубавите палати“, „Гулабите се исти, ние сме сменети“, „Најмалата улица на светот“, „Која била кралската ќерка“, се само дел од текстовите застапени во оваа хронологија за Скопје. „И во оваа моја книга, вели авторот, се чувствува мирисот на јужните мориња, за што, впрочем, зборува и насловот, но тоа е метафора на скопската атмосфера и скопскиот асфалт кој копнее по далечни патувања. Текстовите во книгата „Чај од јужните мориња“ беа објавувани од 2002 година во „Време“, „Форум“, „Македонско сонце“, „Дневник“, „Булевар“ и „Денес“, а овојпат првпат се публикувани во целина. “

Книгата е збогатена со фотографии од Музејот на град Скопје и Архивот на Македонија, дел од нив се од приватната колекција на авторот, а дел се позајмени од приватни збирки.

Утрински - 26.11.2008

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 22-Feb-2009 at 02:24

Originally posted by La Linea

Бетон, како ја замислуваш нишкава? Како „музика“ но за книжевност? Некој посебен литературен правец можеби Smile?

од стручна литература па се до белетристика, јасно во контекст на форумов!!! 

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 22-Feb-2009 at 02:22



"Песни  за Скопје" поезија за СК од Васил Тоциновски


Градовите како луѓето имаат душа.Тоа се оние градови кои имаат свое минато, па по тоа градовите и луѓето се слични што на најуверлив начин ги потврдуваат илјадниците стихови на македонските и поети од сите страни на светот посветени на Скопје. Така тие ја испишале единствената, неповторлива и оригинална лирска историја на градот.




"Ѕвездите  над Скопје"  роман за СК од Томислав Османли


Два драмски текста “Светулки во ноќта” и “Техно ѕвезда”, кои низ богатството од ликови и карактери, настани и случки од спомените за старо Скопје нe враќаат во неговите шеесети години до катастрофалниот земјотрес во 1963 година и во последната година од траyматичното столетие кое ги остава своите траги и врз неговата опстојба.




"Го  сакам Скопје"  фељтони за СК од Данило Коцевски


Книгата е составена од кратки прозни записи за времиња, настани и личности од историјата на Скопје, за нештата кои некогаш биле живот, а денеска многу од сето тоа останало да живее само во спомените. Книга за возвратена љубов кон македонската престолнина од неговите луѓе и од сите оние кои некогаш престојувале или само минале низ него. 800 ден.


~



~




Скопје 1963-2013 ~ Блаже Конески / Гане Тодоровски / Славко Јаневски [1]



Две изданија со драми за Скопје од Томислав Османли


април 9, 2019 ~ Деновиве e објавен изборот „Драми за Скопје 1 и 2“ на драмскиот автор, сценарист и прозаист Томилав Османли. Станува збор за издание во два дела, во која се поместени пиеси, монодрами и сценски прикази со Скопје, кои се еден вид хронологија на неговото драмско творештво.



Во првата книга се содржани трите целовечерни пиеси: „Светулки во ноќта“, „Техно ѕвезда“ и „Пат за Парамарибо“, проследени со информации за нивните изведби и со предговорите на авторот напишани за театарските програми. Во втората книга се посметени монодрамите „Облачна исповед“ и „Дирекција за внатрешна контрола“ (единствен неизведен текст од двотомната објава), како и сценските повести „Мементо за еден град“ и „Пруга за ледната пролет“.



Во своите пиеси, Османли се јавува делумно со носталгии во историските чувствувања на Скопје, но и со тревожен драматски лиризам. Во своите театарски текстови тој критички говори за времињата на новите искушенија на Градот низ судбините и психолошките прекршувања на неговите обични, мали луѓе. Така, два од неговите драмски текста се непосредни реплики на југословенската војна која во 1999 се случуваше во соседството („Техно ѕвезда“, изведена 2000 година), и на судирот од 2001 година кај нас, и светскиот судир започнат со терористичките акти врз Америка (во пиесата „Пат за Парамарибо“, изведена 2002-та).

Книгоиздателството „ВиГ Зеница“, издавач на ова издание, кои овие две дела на Османли ги претставуваат, како имагинативно бродење низ историјата, и сценски погледи врз нејзините хировити игри што се случуваат на еден простор, во Скопје, но и во драмата на обичниот човек збиен во големата, драматична мелница на историјата. Во овие драми на свој начин се спојуваат минатото сегашноста и иднината.

За досегашните сви драми поставени на сцените во театрите во Макеоднија авторот има добиено и повеќе награди и признанија.
https://www.kulart.mk/kultura/dve-izdanija-so-drami-za-skopje-od-tomisva-osmanli/



Скопје, 16 октомври 2021 (МИА) - Од печат излегоа две книги за Скопје, насловени „Песни за Скопје“ и „Есеи за Скопје“ со кои авторот Христо Петрески ја надополнува новата едиција со изданија посветени на Скопје.

„Песни за Скопје“ е во издание на Издавачката куќа „Феникс“. Станува збор за нов поетски избор, кој го Петрески, а се застапени вкупно 21 поет од земјава и странство. Меѓу нив се и Катица Ќулафкова и Милутин Ѓуричковиќ од Србија, Владо Јаневски од Австралија, Трајче Кацаров и Саво Костадиновски од Германија, Наталија Неделкова од Бугарија, Олга Панкина од Русија, Мито Спасевски, Емељ Туна, Атанас Чупоски и други.
Додека пак, во издание на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност - ИНАКУ е објавена книгата „Есеи за Скопје“. Во неа се застапени 11 автори, меѓу кои Томислав Маријан Билосниќ од Хрватска, Славчо Ковилоски и Бранка Селаковиќ од Србија, Звонко Танески од Словачка, Васил Тоциновски, Огнен Неделковски и Ерол Туфан од Турција, Мимоза Рајл и други.

Минатата година Петрески ја подготви и објави и книгата „Планета Скопје“, во која, исто така, беа застапени поголем број македонски прозаисти со свои раскази. [1]




Edited by beTon - 20-Aug-2023 at 14:58
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 22-Feb-2009 at 02:16
Бетон, како ја замислуваш нишкава? Како „музика“ но за книжевност? Некој посебен литературен правец можеби Smile?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 22-Feb-2009 at 02:00

Годишнината од катастрофалниот земјотрес во Музејот на Скопје денеска ќе биде одбележана со промоции на две книги (изданиja на Дирекцијата за култура и уметност) и со изложба на фотографии.Во Градскиот музеј напладне ќе биде промовирана книгата на новинарот Мојсо Мојсовски "Да не ја утнам темата" . Во неа се објавени текстови за предземјотресно и за сегашно Скопје. Промоцијата на книгата "Црнопис за еден непребол" во избор и редакција на Марко Илковски е закажана за 22.30 часот.
...
Дневник - 24.12.2005



"Да не ја утнам темата" збирка фељтони  за СК од Мојсо Мојсовски ... Оваа книга претставува цела серија написи издадени во колумните на двонеделникот “ Свет” во периодот од 1995 – 1997 година. Тоа се 55 посебни наслови што ги врзува една единствена нишка – Скопје од нашата младост, од 50-те па се до предземјотресните години. Всушност книгата ќе им помогне на читателите да се потсетат на својот град што стана метропола, но го загуби својот лик, шмекот и душата. Потсетувајќи се на добрите стари времиња добиваме желба да му го вратиме она што му недостасува на саканиот град.




"Црнопис  за еден непребол" поетска збирка за СК од Марко Илкоски во која 40 песни се поетски влог во одбележувањето на 40 годишнината од скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 година.З аедничка цел е збогатување на збирката песни за Скопје што поетите го потврдуваат континуитетот на поетското творештво за својот град, ја продолжуваат благородната мисија за чување на спомените од преземјотресно Скопје, за градот на нашето маало и нашата младост, но даваат и поддршка кон сечиј искрен придонес во развојот на ново и современо Скопје, како град на иднината и светската солидарност. [1]



Edited by beTon - 20-Aug-2023 at 15:00
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 22-Feb-2009 at 00:20
прво би ја посочил јубилејната монографија за скопскиот земјотрес Скопје ’63-’83 од која веќе има извадоци на форумов. иако не е енциклопедиска и е поопшта книга со најголем акцент на  последната скопска катастрофа, сепак истата  изобилува со раритетни и добри фотки од кои повеќето од новото скопје се постирани во истата нишка ... во контекст еве уште една нова интересна книга со малку по поетски пристап која се надевам дека во догледно време и за  неа ќе најдам време



"Девојката и архитектот" роман на Васил Василевски


Неодамна во Македонската академија на науките и уметностите беше промовиран романот "Девојката и архитектот" од Васил Василевски. За книгата академик Крум Томовски напиша дека е ова роман во кој авторот на суптилен начин го опишува учеството на бројни експерти од областа на архитектурата, урбанизмот и на градежништвото во обновата на Скопје, по силниот земјотрес во 1963 година. Томовски вели дека авторот пишува за залагањето на главниот јунак во расчистувањето на урнатините, но ја опишува и неговата љубов која е повеќе имагинарна и која е голема инспирација за неговата работа. Академик Радован Павловски за делото на Василевски, кој е познат по неговите книги од областа на архитектурата и кому ова му е прва литературно дело, вели дека овој роман е несекојдневен настан во нашата литература. "Тој е напишан со жив, современ јазик и е со лесни дијалози, лесно се чита зашто на едноставен начин се опфатени настаните во период од педесетина години". Во изданието е пренесен текст и од академик Момир Поленаковиќ кој, меѓу другото, пишува дека ова е книга за големата љубов на главниот лик, љубов која во целост не се остварува, што е причина поради која тој речиси целиот живот го минува во страдања. Книгата чини 300 денари.
Вест - 05.02.2009


Edited by beTon - 20-Aug-2023 at 14:23
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.133 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.