![]() |
![]() |
![]() |
Ски центар на Галичица |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 234 |
Author | |
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
Сериозноста на овие најави паѓа во вода, кога ќе се слушне планираниот буџет. Со 2,8 милиони евра едвај ќе го средат патот, можеби 1 жичара и 1 стаза. Каде се ратраци, паркинг, резервоари за вода, ресторани....уште 8 жичари и 5 ски лифти. По мене ако имаат такви амбиции треба барем 10 пати да го зголемат планираниот буџет.
|
|
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
|
![]() |
|
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
Иницијатива за современа жичарница на Галичица
Жичарницата која би била со должина од 6 километри ќе биде донација од словенечкиот ски центар Марибор. Веќе се договорени и конкретни активности бидејќи Петревски за само две недели два пати беше во Марибор. „Словенија, Швајцарија и Италија често ги менуваа жичарниците. На пример, исправна жичарница која е едносед ја менуваат за да постават двосед или тросед. Ние со помош на градот Марибор со заеднички таков проект планираме да донесеме исправна користена жичара која би служела 10-тина години додека не направиме друга, посовремена. Нам сега не ни треба толку современа жичара колку што е во Швајцарија, нам ни е важно жичарата да биде исправна и да може да функционира“, рече Петрески. Добрите познавачи на состојбите велат дека на Галичица има услови за развој на зимскиот туризам. Снег на Галичица има од ноември до мај, а планината располага и со одлични скијачки патеки. Охриѓани во минатото овде редовно одеа на скијање сѐ до оној момент кога надлежните институции патот кој води кон планината почнаа да го затвораат во текот на зимата. Поради близината со градот и овдешните хотели, на Галичица нема потреба од изградба на сместувачки капацитети. Единствено со изградба на соодветна инфраструктура, во Охрид туристи ќе има преку цела година. „Нам на Гличица не ни требаат градби како што се хотели и одморалишта, такви објекти имаме на крајбрежјето и истите ќе можат да се користат за сместување на туристите. На планина ќе треба да се изградат само неколку монтажни објекти, во кои ќе бидат сместени неколку простории за преслекување и угостителски објект, каде што ќе можат туристите да се напијат чај или да ручаат. Тука треба сите институции да настапиме. Интерес и на државата е да се направи на Галичица зимско рекреативен центар“, додава Петрески. “Галичица е доста интересна. Но, има еден проблем бидеќи Галичица е Национален парк. Сите желби и интерси доаѓаат во директен судир бидејќи тоа е специфично подрачје. Мислам дека во догледно време нема да се најде некој соодветен инвеститор.Таму интересно е за забава рекреација и скијање. Но, патот е лош, нема жичарница, така што Галичица не може да оди напред“, смета Јонче Трајковски сопственик на агнеција за недвижности. Португалската компанија ‘Аквапура’, која требаше да ја гради елитната туристичка наслеба во Отешево, најави дека ќе инвестира и во изградба на ски центар на Галичица, но за сега нема ништо од најавеното. Од министерството за економија пак, пред извесно време беше најавено дека државата има намера да ја реактивира Галичица, да се обноват скијачките центри и да се отвори можност за гостите од Преспа и од Охрид со организиран превоз да го посетуваат местото. За сега ниту од тоа нема ништо. Во делот кај Отешево пред три децении почнаа активности за поставување на ски лифт. Но, од таквите желби остана само железото. Автор: М.Т.Извор: АлСат-М http://prespana.com.mk/prespa/turizam/1157-zicarnica-galicica.html Edited by Goran - 27-Mar-2012 at 01:49 |
|
![]() |
|
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
Реалност или пуста желба, ски центар на Галичица20 Јануари 2012. Објавено во Охрид
|
|
![]() |
|
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
Предходно дебитирана тема во други нишки.
Сега и официално стигна до влада. Ако мислите дека не е содветно место за оваа тема преферлетеја не сум сигурен дека има нишка за овај проект. Државата ќе ја поддржи иницијативата за изградба на ски центар на Галичица
Владата ќе ја поддржи иницијативата на Хотелската асоцијација на Македонија -ХОТАМ за изградба на скијачки центар на планината Галичица. ![]() Според проектот за изградба на зимски туристички центар изготвен во 2006 година, почетната инвестиција изнесува 2,8 милиони евра, со која се предвидува изградба на прифатен скијачки центар со потребната инфраструктура, како и три монтажни ресторани. Владата го задолжило Министерствиото за економија заедно со ХОТАМ да ги разгледа можностите за реализација на проектот, кој според проценките на експертите ќе ја продолжи туристичката сезона во Охрид за повеќе од два месеца. Дополнителен адут за изградба на ски центар на Галичица која располага со голем природен потенцијал, е и близината на аеродромот „Св. Апостол Павле“. Во среда во Охрид ќе се одржи состанок на членовите на ХОТАМ, на кој ќе се разговара за проектот за изградба на ски центар на Галичица. На планината Галичица во 70-те години од минатиот век постоеше стар сместувачки капацитет со околу 120 легла. Во тој период беа поставени два ски лифтови и беше изградена ски-патеката на која во викенди имаше и до илјада посетители. Кон крајот на седумдесетите години тогашните власти го одобриле Основниот урбанистички план за изградба на Спортско-рекреативен центар на Галичица, но иницијативата замре поради еден немил настан кога изгоре бараката на феријалниот сојуз. Кон падините на Галичица каде е предвидено да се гради ски центарот води стар пат изграден во средината од минатиот век кој со децении не се одржува во зима. OhridNews 26.03.2012 18:46 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 234 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |