![]() |
![]() |
![]() |
Електрични возила |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 234 |
Author | |
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
И јас мислам дека во услови кога јавниот превоз (и голем дел од железничкиот) не е електрифициран, далеку сме од приватни возила на струја. Сепак би било супер кога следната нарачка за ЈСП Скопје (и доколку се формира некое друго ЈСП во друг град во Македонија), да се избере хибрид, колку сака бил поскап (докажавме дека парите не се проблем). Сепак, морам да признам дека Nissan Leaf ми е фасцинантен.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Моментално покрај се друго во државата мислам дека е најмалку потребно да се занимаваме со електрични возила. Електричните возила сеуште на глобално ниво се во развој и моментално има само еден сериски модел Nissan Leaf. Под инфраструктура за електрично возило се смета приклучоци за 24V на бензиските, но најчесто сопствениците на ваквите возила ги напојуваат дома (преку ноќ). Моментално има во развој (од Renault) систем на заменливи батерии на одредени пунктови. Се на се електричните возила се уште не се доволно развиени, најчесто поради малиот век на траење и високата цена на батеријата која достигнува и до половина од вредноста на автомобилот. За нивното користење се разговара во најразвиените држави, а не кај нас. Во последните години за нивно купување има одредени субвенции, ослободување или намален данок, но само ви Калифорнија и неколку скандинавски држави. Ќе треба најмалку една деценија со оглед на политичките случувања и техничкиот развој на овие возила за да може да се разговара за нивна масовност.
Но што може кај нас да се направи? Исклучиво само да се размислува за воведување на некакво електрифицирање на јавниот транспорт (трамваи, хибридни или електрични автобуси, хибридни такси возила...), во најмала рака намален данок или ослободување за купување на хибридно или електрично возило. Но сепак за тоа е сеуште прерано. За споредба Во македонија е задолжителна еуро1 нормата за издувни гасови која е вовдена 1990 во Германија каде од 2014 ќе биде задолжителна еуро6 нормата. Има премногу проблеми во сообраќајот, видот на транспортни средства во МК но нив не ги гледам во немањето на никаков закон во врска со електричните возила. |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Јас сум особено заинтересиран зошто во Македонија сеуште никому не му текнува дека треба да се вложи барем малку во создавање на потребната инфраструктура за електричните возила, како и пробно да се набават вакви возила, барем од страна на Машинскиот факултет или некои слични научни институции кои ќе ја покренат свеста кај граѓаните.
|
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Овој дел не го споменав но е интегрален дел од тоа нафтено лоби. Таксите од горива се мелем за напумпаните бирократии ширум светот. |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
добрите познавачи на нафтените состојби во светот тврдат дека не само 21век туку и најмалку 22 век ќе биде век на нафта и деровати на нафта.муабетите за исцрпување на нафтата за 20-30 години немаат смисла,ако се знае дека секојдневно се наоѓаат наоѓалишта со големи количини на нафта,на пример кај Бразил се пронајдени наоѓалишта слични на тие од Саудиска Арабаија.треба само време и пари да се експлоатираат.
иначе хит во светот а и кај нас(во народот) се таканаречените `водородни` ќелии каде се става дестилирана вода во сад,и во нејзе се ставаат електроди кои преку реле земаат струја од алтернаторот и преку процес на електролиза се добива смеса од идеална комбинација водорот-кислород,која преку обично црево се носи во усисна грана каде се троши заедно со бензинот. поентата е дел од бензинот да се замени со водоророт,па така заштедата може да биде 40% па се до америчките модели до 80-90% каде се додаваат 2 или 3 алтернатори за добивање на дополнителна струја. во светот официјално овој принцип никој не го официјализира,нормално штитејќи го нафтеното лоби ,и бранејќи го полнењето на буџетот од таксите од горивата. во Кичево веќе се возат неколку вакви возила кои лично го знам,и луѓето се задоволни. опасноста од пожар или експлозија се сведени на минимум,бидејќи во секој момент количината на смеса што се произведува,клиповите ја усисуваат во моторот.во ќелијата неможе да остане вишок на смеса http://www.youtube.com/watch?v=Q0--U4sWdnc&feature=related |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
![]() Јас мислам дека светското нафтено лоби се бори против било која алтернатива. Едноставно, тоа е огромен бизнис, најголемите светски фирми се токму нафтени и тие не сакаат да се откажат од својот енергетски монопол кој е загарантиран сигурно за следниве 40-50 години. |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Електричните возила ќе доминираат на патиштата оној момент кога нивните батерии ќе бидат што е можно полесни, што е можно побезопасни од гледна точка на можност за експлозија и од гледна точка на можност за труење со било какви метали, и кога ќе почнат сами да се полнат преку соларна енергија или било каков друг бесплатен и обновлив извор на соларна енергија. А кога сме кај теориите на заговор, pbanks, повеќе држи водата дека алкохолните горива се жртва на светското нафтено лоби отколку електричните возила. Додека во САД, 44-от и актуелен претседател Барак Обама, го промовира Шевролет Волтот, неговиот претходник, 43-от претседател Џорџ Буш даваше субвенции за производство на хидрогенско гориво, во Јужна Америка, нафтата во главно се извезува, не поради моќта на светското нафтено лоби, туку бидејќи на латиноамериканците воопшто не им се потребни фосилните горива, тие користат алкохолни горива добиени врз база на етил алкохол и други алкохолни екстракти, од наједноставна причина бидејќи Јужна Америка е богата со шеќерна трска од која се добиваат алкохолни екстракти, поради што ем поевтино, ем поеколошки и поздраво, ем поквалитетно им е на латиноамериканците да користат алкохолни горива отколку фосилни горива. А производството на алкохолни горива и не е баш некоја филозофија, можеме и кај нас во Македонија да ги произведуваме, моторите на некои автомобили како старото Сузуки Марути, доаѓаат однапред подготвени за да работат и на нафтен погон и на алкохолен погон, но ОКТА не се занимава со производство на чисти фосилни горива, а уште помалку би се заинтересирала за производство на еколошки алкохолни горива, поради што со години се врши еколошки геноцид во Миладиновци, Бујковци и останатите околни села на ОКТА, која пред се, ги негува своите интереси за профит, а еколошките горива како алкохолните, се во целост спротивни на интересите на ОКТА за профит. Така е кај нас во Македонија, а во САД очигледно нема ама баш никаков интерес за преминување од фосилни горива кон алкохолни горива и во вакви околности, повеќе држи вода теоријата дека светското нафтено лоби се бори против еколошките алкохолни горива отколку против електричните и хибридните автомобили. Edited by Dexter26 - 18-Jun-2012 at 10:26 |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
![]() Не сум љубител на конспиративни теории, но во случајов сум апсолутно убеден дека нафтеното светско лоби е единствената објективна пречка овие возила да не доминираат на патиштата веќе денеска. Од ова што го наведуваш, единствен проблем е автономијата но верувам дека кога овие возила би отишле 'mainstream' и би се нормализирала цената, кога производителите би биле далеку помотивирани на тој начин да вложуваат во R&D а не да ги третираат овие возила како експериментални, работите многу побрзо би дошле на место. |
|
![]() |
|
Falcon ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 17-Jun-2012 Location: Canada Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Ова не е толку нова област, но не сум забележал дека е разработена на форумов. Ќе ви ја кажам состојбата во Канада. Моментално на пазарот се нудат овие возила:
1. Nissan Leaf http://www.nissan.ca/LEAF/ 2. Chevrolet Volt http://www.chevrolet.com/volt-electric-car/ 3. Ford Focus Electric http://www.ford.com/electric/focuselectric/2012/ 4. Mitsubishi iMiEV http://www.mitsubishi-motors.ca/en/i-miev/ Предностите ви се добро познати: занемарлива потрошувачка, нула издувни гасови, бешумност во работата и др. Трошокот за полнење на батериите на овие возила е еквивалентно на 2-3л/100км потрошувачка на бензин. Автономијата е 100-150км меѓу две полнења. Едно полнење трае од 7 часа на обичен електричен приклучок до половина час на специјализиран ДЦ приклучок. Стратегијата во провинцијата кај што живеам, Онтарио, Канада, е 5% од автомобилите да бидат електрични до 2020 година. На тоа се работи преку субвенции за првите 10.000 купувачи до C$8500 за цената да стане што е можно подостапна за обичните купувачи. Исто така се гради инфраструктура за полнење во близина на поголемите автопати, со цел да се зголеми автономијата и овие возила да се користат и надвор од градот. Што мислите која е иднината на електричните возила? Дали може еден ден да доминираат на патиштата? Edited by Falcon - 18-Jun-2012 at 04:58 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 234 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |