![]() |
![]() |
![]() |
Ветерници |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 11> |
Author | |||
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
||
Ако 'не се исплатливи' тогаш зошто ги има насекаде во светот!?
|
|||
![]() |
|||
Еден Дечко ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2013 Online Status: Offline Posts: 277 |
![]() ![]() |
||
Ако статистиката стои така навистина штета, но јас сепак неможам да ги сокријам симпатиите за овој проект. Можеби и не е исплатлив, но некако ме радува неговата успешна реализација, најверојатно затоа што е првиот проект од таков тип кај нас.
|
|||
![]() |
|||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
||
Ефтината струја само на сон е 2 денари за кв/ч исто како што скапата е 4 денари , не се залажувајте ,додајте 33 % за активна моќност и 18% ддв на тоа и уште незнам колку давачки и реалната цена ќе ви испадне 7-10 денари за кв/ч.
Кога се работи за големопродажни цени мислам дека Урбан е во право и разликата не е мала, значи државата пак ќе троши неколку милиони за субвенции на таа струја. Исплатливоста на овој проект најверојатно ќе биде никогаш или после 30 години. |
|||
![]() |
|||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
||
@Ljubopitko
На Интернет наидов на податок дека цената за одржување на ветерните турбини изнесува 1,5%-2% од нивната вредност годишно кај новите типови. Според песимистичкото сценарио (2%) то би изнесувало 1.100.000 Евра годишно, само трошоци за одржување. Понатака тука се и останати оперативни трошоци од типот на вработени, обезбедување и сл кои ти ги споменуваш, а не треба да се занемарат и загубите кои се случуваат во енергетскиот систем додека таа струја од Богданци да дојде до крајниот потрошувач (околу 7% во Америка, кај нас веројатно повеќе http://www.eia.gov/tools/faqs/faq.cfm?id=105&t=3 ). Цена од 2 денари неможе да се калкулира, бидејќи тоа е цената која ние како крајни потрошувачи (граѓаните ја плаќаме). Тука помеѓу производствената цена, транспортните трошоци (МЕПСО) и загубите и заработката на крајниот дистрибутер ЕВН има и тоа како влијателна разлика. Треба да се земе и во предвид дека просечниот животен век на турбините е околу 20 години, значи инвестицијата треба да се врати претходно. Секако инвестицијата после 20 години нема да биде во целиот износ од почетната бидејќи се менуваат генераторот, перките и запчаниците. Па така и пресметките базирани на 10% загуба во преносот и 30% провизија (ЕВН, МЕПСО) како и векот на инвестицијата (55 милони евра во 20 години се 2,75 милиони евра годишно) излегува Годишни трошоци: 1. Одржување на ветерниците (2% од 55М): 1.100.000 ЕУР 2. Останати оперативни трошоци (ги зимам твоите претпоставки): 300.000 ЕУР 3. Амортизација на инвестицијата (20 години): 2.750.000 ЕУР ВКУПНО: 4.150.000 ЕУР Приходи: 1. Произведена количина сосе загуби во дристибуција 90ГВч или 90.000.000 КВч, по претпоставена цена 30% пониска од малопродажната евтина 1,54денари: 2.272.131 ЕУР Значи според овие пресметки, државата ќе треба да ја субвенционира струјата. Да не бидам погрешно сфатен, се радувам за првиот ветерен парк, и сметам дека треба да субвенционира државата во обновливи извори, но како што и Ненад има неколку пати нагласено, ова е за богати држави. Еве и од каде ги цитирам податоците: http://www.windmeasurementinternational.com/wind-turbines/om-turbines.php Edited by UrbanFreak - 13-Mar-2014 at 15:49 |
|||
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
|||
![]() |
|||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
||
Само едно прашање дали анвистина ценат аќе биде 2 денара? да не е неколкупати поголема? никаде не видов дали ќе треба цената да се субвенционира како што е случај насекаде по светот.
|
|||
![]() |
|||
Ljubopitko ![]() Newbiе ![]() Joined: 24-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
еве јас да пробам една математика, вака лаичи.
кој се разбира нека ме поправи. велат ке произведува 100 gigawatt hours = 100 000 000 kilowatt hours продажна цена на 1 kwh во ефтина тарифа е 2,03 ден 100000000 х 2,03 = 203 000 000 ден или 3.290113,00 евра незнам колку би биле трошоци за оджување, еве да се 300.000 евра за година значи 55 милиона / 3 = 18,33 , нека бидат и 20години ( ако се наплака само во ефтина тарифа) што мислам не е лошо , имаки предвид дека да ги нема ветениците тие 100 GWh секако ке треба да ги увеземе и платиме на некој во странство. |
|||
![]() |
|||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
||
Убаво ќе видиме како ќе придонесуваат во енергетскиот систем и колку време ќе им биде потребно да се исплатат.
|
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
http://www.build.mk/?p=33479 |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
![]() Уште малку до стартот на „жетвата“ на ветер во Богданци ![]() Паркот на ветерни електрани „Богданци“ влегува во својата финална фаза од изградбата. На терен веќе се подигнати и целосно комплетирани сите 16 ветерници, а наскоро овој капацитет ќе биде подготвен да влезе во пробно производство на електрична енергија. ![]() Вкупната тежина на сите компоненти што сочинуваат една ветерница надминува 330 тони. При транспортот во по три камиони се распоредени перките за ветерницата и сегментите за столбот, во еден камион се пренесува гондолата, во еден наглавокот, а во два се распоредени помали парчиња. Најголема тежина има гондолата во која се наоѓа генераторот и овој товар тежи 85 тони. Возилото со кое се превезува наглавокот што претставува компонента која ги спојува перките тежи 28 тони. Трите камиони што ги транспортираат перките се долги преку 50 метри, а секој носи товар од по 12 тони, а оние што се натоварени со сегментите за столб тежат по 50 до 60 тони. ![]() Турбините, производство на Сименс - Данска се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2.3 MW. Висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. ![]() Целосно веќе е завршена изведбатата на потребната инфаструктура и придружни објекти за ветропаркот. Изградена е патна инфраструктура, приклучен далековод, командна зграда и 20/110KV трафостаница. Проектот „Богданци“ предвидува изградба на 16 ветерни електрани кои се очекува да испорачуваат околу 100 GWh природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинствата на 60.000 граѓани на Република Македонија. Истовремено тие ќе ја зголемат инстралирана моќност на АД ЕЛЕМ за 36,8 MW. Со овој проект ќе се зголеми и учеството на обновливите извори во производството на АД ЕЛЕМ. ![]() Во овој проект вреден 55.5 милиони евра, заемот од Владата на Сојузна Република Германија преку КФВ банката изнесува 47.9 милиони евра, додека 7.6 милиони евра веќе обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства. ![]() Да се надеваме дека во блиска иднина значително ќе се зголеми удделот на енергија добиена од обновливи извори во нашиот енергетски систем. http://meteopro.mk/?p=5&i=idt-526 Edited by Џоле - 08-Mar-2014 at 11:25 |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
||
![]() http://meteopro.mk/?p=5&i=idt-526 |
|||
![]() |
|||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
||
Каква врска има тоа со ветропаркот?
Проблемот е што тие сами по себе не может да бидат профитабилни, не се никаде во светот, дури ни во Германија кај што е струјата далеку псокапа од нашата. Некој на МЕПСО ќе мора да му ги покрие губитоците. Тој договор мора да е направен до сега бидејќи не верувам дека сами тргнале во оваа инвестиција без да ја знаат конечната цена. Или пресметале дека загубите се далеку помали од вкупниот профит па нема да ги погоди многу. А кредитот ќе го врати државата, како и обично. |
|||
![]() |
|||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
||
Не си ме сфатил, токму и јас тоа велам дека во претпријатија како ЈСП е можно да се случува парите да доаѓаат од не знам ти која институција или директно од државата, додека кај МЕПСО, кој е профитабилен, не верувам дека е тој случајот.
|
|||
![]() |
|||
Obedineta Makedonija ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Aug-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 1744 |
![]() ![]() |
||
Другар кај ЈСП си ја утнал работата, ниту П од профитност нема кај нив - незнам од кај ти е шпекулацијата дека ЈСП е профитна, меѓутоа ЈСП е едно од најнепрофитабилните јавни претпријатија - кое град Скопје секоја година го субвенционира надвор од предвидениот буџет со плус од 5 до 6 милиони евра !!! |
|||
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
|
|||
![]() |
|||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
||
Тоа е точно за фирми што се како ЈСП, ама ЕЛЕМ и МЕПСО се меѓу ретките претпријатија кои остваруваат добивка во работењето секоја година, така да во нивни случај станува збор за нивен трошок. Мене пак прашањето ми е друго, дали трошоците за фасадата МЕПСО ќе си ги вклучи во цената која ја побарува од Регулаторна комисија, кога поднесуваат извештаи. |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
|
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
Bojan10 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 21-Jun-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
||
Па да, за ветерница ќе ти дадат пари од ЕБОР, да не ќе ти дадат за гасна централа.
50% од времето ако се вртат јас сум задоволен. Ич не сакам ветерници, скапи се, не се вртат, безвезни се. РЕК не работи со полн капацитет, опаѓа капацитетот секоја година, а и векот колку што разбрав му е уште 20тина години, а ние трошиме милиони на ветерници. |
|||
Од чаламот си патиме!
|
|||
![]() |
|||
Еден Дечко ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2013 Online Status: Offline Posts: 277 |
![]() ![]() |
||
Убаво изгледаат, би било одлично кога во летниот период некој би се досетил да направи некоја добра тура пејсажни фотографии, штознам на зајдисонце. Од естетски аспек на нас ни се секако интересни со оглед на тоа дека до сега не сме имале ваков тип на проекти.
|
|||
![]() |
|||
marko.kostoff ![]() Senior Member ![]() Joined: 10-Oct-2013 Online Status: Offline Posts: 104 |
![]() ![]() |
||
![]() Edited by marko.kostoff - 29-Jan-2014 at 20:08 |
|||
![]() |
|||
Еден Дечко ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2013 Online Status: Offline Posts: 277 |
![]() ![]() |
||
Честитки и од мене за успешната реализација на проектот.
![]() |
|||
![]() |
|||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
||
знам дека водам изгубена битка, но да не остане без коментар (иако испаѓам дежурен критичар за оваа тема).
Се е кажано во текстот горе освен еден податок -КОЛКУ ќе чини еден КвЧ? и кој ќе ја плати разликата? Дали ЕВН/ЕЛЕМ, буџетот на РМ, домаќинствата или индустријата (иако не верувам бидејќи количеството на струја е релативно мало па нема да има влијание во вкупната маса)? Додека е само овој ветро парк нема да има големи проблеми (барем се надевам), имаме неколку ветерници колку за имиџ, но ДА НЕ СЕ ГРАДАТ други!!! Џабе ќе се потрошат големи пари-а и тие се од кредит што е посебна тема, тие пари ќе отидат во Сименс и слични, ќе ќарат и пар лоби групи а струјата ќе биде прескапа! За Македонија, барем додека сме на ова економско ниво, само јагленот е опција |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 11> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |