build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Служби за тревожење и спасување

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 11-Aug-2016 at 03:50

08.08.2016 - Владата незаконски ги погреба загинатите од невремето

Владиниот Кризен штаб кој е единствениот надлежен за менаџирање на сите кои помагаат со елементарната криза во скопскиот регион, успеа во само еден ден да стори 21 кривично дело, што одобрил телата на сите загинати да бидат закопани без соодветен документ за причината за смртта, што само по себе е престап, велат правниците кои ги консултиравме.

Во ваков случај, Јавното обвинителство нема надлежност да издаде наредба бидејќи не станува збор за смрт која настанала како последица на некое кривично дело или насилство, велат соговорниците. Тврдат дека апсолутно незаконски е да се погреба човек без обдукција, без документ за смрт кој го издаваат патолози. Нагласуваат дека еден ден ќе мора некој да одговара за оваа незаконска одлука.

Истражните полициски екипи, кои ги пронашле телата на сите 21 загинат во трагедијата, велат дека биле просто збунети кога добиле наредба сите починати да ги пренесат во капелите од градските гробишта „Бутел“. Полицајците на своите претпоставени им пренеле за наредбата, но сите биле збунети и ги послушале „шефовите“ од Кризниот штаб.

Непознавањето на законот и правилата, посебно во Кризна состојба доведе до низа незаконитости, велат за Плусинфо од Институтот за судска медицина. Од таму велат дека не само домашните, туку и меѓународните правила налагаат морална обдукција, но за жал, овој пат тоа не се случило.

– Четири стручни тимови чекаа на готовс да започнат обдукциски протокол, но нас сите не заборавија. Ги однеле починатите и им ги дале на семејствата. Мора да се знае од што тие луѓе починале, не може така на своја рака да се прави нешто. Некој се ставил над законот – велат од Институтот.

Иако денеска е ден на жалост, во погодениот регион нема ниту основни услови за живот, а уште помалку за погребни церемонии. Гробиштата во најпогоденото село Стајковци се под вода. Слично е и во Арачиново.

Трагедијата да биде поголема никој во земјава не знае каде и како починале сите 21 загинат. Од МВР велат дека Центарот за управување со кризи (ЦУК) знае. Од ЦУК тврдат дека тие од вчера не се надлежни за никаква информација за трагедијата и за секој одговор надлежна е Владата на Република Македонија. Во Владата пак денеска молк.

Фактите велат дека во завчерашното невреме загинаа дедото и внукот Бајрам Мустафа (роден 1949 г.) и Енес Мустафа (роден 2014 г.) од Ченто. Катерина Митрова (родена 1933 г.) од Ченто. Славка Илиќ (родена 1956 г.) од Ченто и Томислав Илиќ (роден 1950 г.) од населбата Економија. Ѓилмез Мухареми (родена 1940 г.) од Ченто, исто како и Мурат Саити (роден 1957 г.). Загинаа и Марина Велиновска (родена 1977 г.) и Јован Велиновски од Крива Паланка, Земрије Синани (родена 1985 г.) од Ченто, Наде Илиевска (родена 1955 г.) од Стајковци, Блага Јовевска (родена 1941 г.) од село Смилковци, Фуркан Фејзулаху (роден 1987 г.) од Ченто, Мирко Митковски (роден 1949 г.) и Сашо Митковски (роден 1971 г.) од село Црешево како и Ќазим Исени (роден 1933 г.) од Ченто, Љубица Димчевска (родена 1935 г.) од Црешево, Убавка Јовевска (родена 1965 г.) од село Стајковци, Жаклина Божиновска (родена 1973 г.) од Куманово и Достана Димитриевска (родена 1974 г.) од Тетово.

http://www.ohridsky.com/2016/владата-незаконски-ги-погреба-загина/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 11-Aug-2016 at 03:43



Кризен Штаб во основното училиште Свети Кирил и Методиј - абер при крај од видеово

Originally posted by beTon


...

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 11-Aug-2016 at 03:36
дали жртвите на поплавата имаат официјален центар каде да се обратат за помош во моментов? нешто во форма на пункт? камп?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 11-Aug-2016 at 03:12

за чудење е, да Уште пред 7 години речиси на денешен ден сме биле судбински предупредени, а и истовремено и година претходно имало аномалии [1] ние ко по обичај уживај шефе средено е! неверно е како и при даден куршлус уште при пуштањето на обиколницата не се упалил црвен аларм за и да се преиспита цел проект, што прават службите, урбанистите, па и професорите по факултетите, за што земаат плата, чекаат ли само ко мулиња некој од власта да ги спотера па да реагираат, навистина од летаргија и неодговорност сите ќе испоцркаме, просто на сите нивоа живееме од ден за ден, и ајде тоа бар да живееме како заедница а не себично гледајки си го само својот интерес, а во кои околности и Светец да имаме за премиер или претседател чинам пак бадијала, нам системот во глобала ни е успан, она или имаш акал а немаш никакви рефлекси, или саде само рефлекси а ич акал ко што беше во екс-ју социјализмот

инаку овој дел кај Стајковци го градеше ГП Гранит - фуснота 1 горе
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=84&PID=44874#44874

12.08.2009 - Проблеми на неразвозената обиколница

На делницата што ја градеше „Терна“ дошло до слегнување на насипот кај Стопански Двор

Неколку месеци откако беше пуштена во сообраќај, на делницата од
Оризари до Сарај од обиколницата на Скопје се јави проблем. На делот од
автопатот околу главниот град, што го градеше грчката фирма "Терна",
дојде до слегнување на насипот кај Стопански Двор. Проблемот се појавил
пред повеќе од половина година, што значи само по четири месеци откако
овој дел од обиколницата официјално беше предаден во употреба.

Иако,за среќа, нема никакви поголеми последици за учесниците во сообраќајот, бидејќи недостатокот бил забележан навреме, сепак, неоспорен е фактот дека толку голем и важен проект доживеа непријатност многу брзо откако профункционира.

Како што дознава „Утрински весник“, без поголема врева веднаш е интервенирано, така што санацијата веќе е при
крај.

Наспроти обидите да се минимизира случајот, настојувањето да се
убеди јавноста дека аномалиите се појавиле во гарантниот рок и без
пречки ќе се санираат, како и одбивањето отворено да се говори за тоа,
внесуваат сомнежи околу сериозноста на проблемот. Некои
градежни работници неофицијално велат дека проблемот настанал поради
лошо извршеното фундирање, но дека главна причина најверојатно е фактот
што не се оставени специјални отвори во ѕидот, таканаречени барбакани,
низ кои би истекувала водата. Поради ваквиот пропуст, бидејќи нема каде
да истекува, водата што се слева кон насипот врши притисок врз ѕидот,
поради што дошло до слегнување на насипот.

Наспроти тоа, други
стручни лица тврдат дека воопшто не може да се зборува за нечиј пропуст
или вина за настанатиот проблем. Според нив, станува збор за вода што
доаѓа од горниот дел и се слева во рамнината кај потпорниот ѕид.
Бидејќи, како што објаснуваат експертите, темелењето е правено на цврст
камен материјал (лапор), не е можно точно да се предвиди од каде и во
колкава количина ќе дојде водата, бидејќи се' до пробивањето на трасата
воопшто и ја немало на тоа место. Набрзо по предавањето во употреба на
обиколницата се забележани пропаѓање на коловозот на една страна и
појава на одредени деформации, по што веднаш е интервенирано. Нашите
соговорници велат дека населението од околните места, најверојатно, ја
пренасочило водата за наводнување на своите обработливи површини, па
така таа сега се слева кон трасата и прави проблеми.
Поради тоа,
направена е длабока дренажа покрај ѕидот што ќе ја прифати водата.

„На насипот не се направени барбакани, бидејќи такво нешто не предвидел
проектот, а доколку и би постоеле, можеби би направиле поголеми
проблеми. Во случајов, објективно нема проблеми, се' е во гарантниот
рок, така што 'Терна' ќе го реши проблемот“
, изјави Димитар Тасевски од
Агенцијата за државни патишта. Проблемот што се јави на
обиколницата на Скопје, колку и да е мал или да претставува нормална
појава во тек на гарантниот рок на еден објект, сепак, остава
непријатен впечаток дека работата можеби не била доволно квалитетно
сработена.

http://utrinski.mk/?ItemID=E91F3AD588AA6649B6663AEA46155459




Edited by beTon - 11-Aug-2016 at 03:21
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 11-Aug-2016 at 02:33

Благодарност и секоја чест и за волонтерите освен службите кои во видеото погоре се посочени дека се 1000 души вкупно, да имаше готов проект таа бројка за еден ден ќе кренеше и нов испустен канал на обиколницата, пак ќе повторам како можело сето ова да е испуштено во физибилити студијата или пак подоцна при проектот, кои се експерти и врз база на чии анализи ставиле потпис за дренажата на истата, сепак Фала Богу и цела среќа што власта смогна сили и ја крена обиколницата после децении, навистина според експериментот од видево за цунамито не може ни да се претпостави колкав број на жртви би имало ако бранот од булачанска река удрел директно во с.Стајковци
10.08.2016 - Специјалните сили го пребаруваат секој милиметар во подрачјата зафатени од елементарната непогода

Во вода, кал, под возила, планини од шут, уште од рани зори, специјалците Тигри го пребаруваат реонот околу Смиљковското езеро, ја бараат 16 месечната Елиф, девојчето кое семејството во понеделникот попладнето го пријави во полиција дека исчезнало, во поплавата. Тигрите вчера цел ден го пребарувале каналот, останале на терен до полноќ. Членови од семејството на Елиф, им кажале дека кобната вечер, детето во колата било со татко и кога водениот бран ги зафатил на обиколница, според нивното кажување детето било исфрлено во каналот. Но, освен кал и нечиста вода нуркачите од тигар во каналот не нашле ништо.



Министерот Чавков во изјава за Алфа, вели дека екипите на терен работат со специјална опрема и возила го пребаруваат секој метар на потегот Камник – Смиљковско езеро.

-Уште на почетокот, додека траеше невремето, сите полициски сили беа ангажирани особено специјалните единици со специјални возила и според моите информации успеале да спасат доста животи. Додека траеше невремето и непосредно по невремето, нашиот фокус беше кон пребарување на теренот, спасување лица и пронаоѓање починати лица – вели министерот Митко Чавков.

Од вчера бројот на загинатите во поплавите достигна до 22 лица, последната жртва, 12 годишниот Иван, во понеделникот беше пријавена во полиција дека бил исчезнат и дека мртов го нашол татко му. Министерот објасни дека оперативниот штаб на МВР е отворен и дека во местата каде има прогласено кризна состојба специјалците се уште вршат претреси на теренот и пребарувања.

-Ние како МВР интензивно работиме на претраги на просторот. На терен сме во постојана комуникација со граќани, со лица кои биле затекнати, додека траела непогодата на обиколницата и населените места сме во постојана комуникација имаме отворени линииза пријава на исчезнати лица, не би требало да се шпекулира со бројот на жртвите објаснува Чавков.

Министерот ја координира работата на подрачјето на Смиљковци, Црешево, Булачани, и Раштански пат, денеска на терен се ангажирани 35 припадници на ПЕП, 55 на АРМ, како и над 20 лица од приватни фирми. 60 припадници на специјалната единица денеска овде се ангажирани за патрола и потрага. Освен човечка сила има и механизација.

http://denesen.mk/web/?p=452143

ко за иронија од бондстил америте немаат пратено ни медицински тим, можеа преведувачи да пратат ако немаат што друго
10.08.2016 - Руски спасувачи доаѓаат да помогнат во Македонија

„Тим од 20 спасувачи од руско-српскиот хуманитарен центар во Ниш пристигнаа во Македонија за да помогнат во расчистувањето по поплавите во најтешко погодените подрачја“, ја пренесува ТАСС изјавата од руската амбасада во Македонија.

Според информациите на агенцијата, спасувачите доаѓаат со опрема и пумпи за испумпување вода.



http://denesen.mk/web/?p=452122



Edited by beTon - 11-Aug-2016 at 02:34
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 11-Aug-2016 at 01:02

најконцизно објаснување до сега во емисијата Ноќен Експрес на Канал77 од 24м10с почнува интервјуто со проф. Александар Трендафилов шумарски факултет и проф. Ивица Милевски од институтот за географија

претходно конечно да чујам и нечие административно извинување Коце Трајановски на 23м10с


27м17с - главната поента на проф. Трендафилов за некогашните градски оделенија за регулирање поројни водотеци, ако не друго нека ги доедуцираат рамковните за оваа проблематика, бар да се растрчуваат и споредуваат добра-пракса за истата проблематика во регионот и светот

1ч7м - препорака за релокација на галиите од Вардар за евентуално истите при налет на поројна поплава да не ги блокираат мостовите а со тоа и да се поплави цело Скопје

и на проф. Милевски поентите му се на место
35м10с - немаме абер за просторната дистрибуција за врнежи во скопско заради недостаток од мерни станици

57м - институционална аљкавост околу ИПА програми за тревожење на населението околу климатските промени, во овој контекст паметно е и категоризирање на непогодите по боја

1ч10м - и при 20/30мм односно и мала количина врнежи ко во 2010 повторно овој реон од скопско поле страдаше

но нема да се согласам со констатацијата дека народ реагира свесно на прогнозите на УХМР кога се најавуваат Поројни Врнежи кои се до сега ми делуваше како појак дожд, особено ко градски заглавен, но претпоставувам исто и оние жители на приградските населби или оние од селата немаат кон ваквата констатација стравопочит, а затоа и логично е да се воведе тоа америчкиот систем за обележување на опасностите по бои со оглед дека така и делуваат далеку по предострожно него како збор, мислам затоа и реагирав така поназад кога велам србите за Јужна Србија издале портокалов аларм додека нашите опуштено не предупредиле, а всушност во право е проф. Милевски кога вели дека од четвртокот па се до саботата попладне најавувале поројни дождови она што на запад го велат heavy rain а кои предизвикуваат молсквачни поплави односно flash floods ... ововј дел од видеото веројатно е исечен а беше некаде на почеток од интервјуто со Милевски што одеше на радио

http://www.gov.ph/how-to-make-sense-of-pagasas-color-coded-warning-signals/

https://en.wikipedia.org/wiki/Severe_weather_terminology_(United_States)#Media_distribution

https://en.wikipedia.org/wiki/Specific_Area_Message_Encoding#cite_ref-NWS_21-0


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 10-Aug-2016 at 20:07

...

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 10-Aug-2016 at 17:17

од друга страна треба претпазливост и околу првичните проценки за обиколницата, можеби да не била таа штетите да биле и далеку поголеми, видете ја на 30тата минута од видеово симулацијата за 2м удар од цунами
PBS Nova: Surviving The Tsunami

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 10-Aug-2016 at 16:55



нема што да споредуваме тие се свесни за опасноста, кај нас бидејки вакво нешто не е вообичаена појава, па и не знаеме како да се однесуваме, кај нив дури и опуштено ги предупредуваат туристите како да се однесуваат при тајфуни в летната сезона

од сите поуки посочени на линкот мислам оваа е најбитна
Avoid using a vehicle, especially in the dark, as it is difficult to see flooded areas and it is often too late once you enter them. Kindly note that your insurance is, for the most part, unlikely to cover the loss of your vehicle due to flooding.
...
http://japaninfoswap.com/typhoon-preparedness-in-japan/




Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2691
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 10-Aug-2016 at 16:37
Originally posted by beTon




инаку ова е невреме од лани, а споредбата на Балкан со Јапонија ни од блиску не е возможна, кај нив вакви катастрофални појави има секоја година, заради што нивната организација односно превенција и интервенција се максимално наштимани, споредете колку жртви имале пред еден век од тајфуните [1][2] а колку имаат денеска, можеби токму од нив треба да почнеме да купуваме искуства, иако веќе од поодамна имаме одредена соработка преку ЦУК но соработка е едно а имплементирање стандарди сосем друго

[1] https://en.wikipedia.org/wiki/Tropical_Storm_Etau_(2015)#Japan



Record rains fell across many areas in eastern Japan, with more than 12 in (300 mm) reported in much of eastern Honshu. The JMA director, Takuya Deshimaru, called the event "unprecedented". The heaviest rains fell across Tochigi Prefecture where 668 mm (26.3 in) was observed in Nikkō, including 551 mm (21.7 in) in 24 hours. Kanuma saw 444 mm (17.5 in) during 24 hours, more than double its previous record. Farther north in Sendai, 350 mm (14 in) of rain was observed. Toba, Mie saw 75.5 mm (2.97 in) in an hour.

И спореди:

Record-breaking rains fell across Ibaraki and Tochigi prefectures, triggering destructive floods. Evacuation orders were issued to approximately 2.8 million people. Levee breaches took place along multiple rivers, most notably the Kinugawa which subsequently inundated the city of Jōsō.
Eight people were killed across eastern Japan and agricultural, forestry, and fishery damage amounted to ¥11.7 billion (US$97.8 million).
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 10-Aug-2016 at 16:32

не треба многу филозофии треба анализи и превенција

Guidance on Flash Flood Management - http://www.preventionweb.net/files/2710_APFMCEESynthesisweb.pdf
Some methods of flood control have been practiced since ancient times.[1] These methods include planting vegetation to retain extra water, terracing hillsides to slow flow downhill, and the construction of floodways (man-made channels to divert floodwater).[1] Other techniques include the construction of levees, lakes, dams, reservoirs,[1] retention ponds to hold extra water during times of flooding.
...
https://en.wikipedia.org/wiki/Flood_control#cite_ref-M_1-2


Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2691
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 10-Aug-2016 at 16:28
Originally posted by beTon


ОВА Е СЛИКА ОД АВТОПАТ ВО ЈАПОНИЈА ПО ПОПЛАВА: „Пи*ка му матер на Шинзо Абе“ би рекле СДСМ наместо да се солидаризираат и да помогнат!

Сите вие “експерти” што пишувате како патиштата не се соодветно направени и слични констатаци, ова е Јапонија една од најразвиените технолошки земји во светот, ...
http://infomax.mk/wp/ова-е-слика-од-автопат-во-јапонија-по-по/



Дали авторот поплавата во Скопје предизвикана пред сè од неодговорност, која се состои од уништување на шуми, несоодветна канализација, несоодветно реагирање, некупување потребан опрема за вакви кризни ситуации и сл., ја споредува со катастрофата која ја погоди Јапонија на 11 Март 2011, каде се случи земјотрес од 9 степени моментна магнитуда и цунами кое достигна до 40 метри висина, со бранови кои навлегоа и до 10 километри во внатрешноста на копното?

https://en.wikipedia.org/wiki/2011_Tōhoku_earthquake_and_tsunami
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 10-Aug-2016 at 16:23



инаку ова е невреме од лани, а споредбата на Балкан со Јапонија ни од блиску не е возможна, кај нив вакви катастрофални појави има секоја година, заради што нивната организација односно превенција и интервенција се максимално наштимани, споредете колку жртви имале пред еден век од тајфуните [1][2] а колку имаат денеска, можеби токму од нив треба да почнеме да купуваме искуства, иако веќе од поодамна имаме одредена соработка преку ЦУК но соработка е едно а имплементирање стандарди сосем друго

[1] https://en.wikipedia.org/wiki/Tropical_Storm_Etau_(2015)#Japan





Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2691
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 10-Aug-2016 at 16:05
Originally posted by beTon


не би сакал да звучам како агитпроп на власта, но навистина претерано е од секоја несреќа опозицијата да се излетува да собира политички поени, но во случајов иако индивидуално се распламтија сепак колективно прикочија и се сетија дека моментално бранување на јавноста е бескорисно, пр. тоа закажаниот протест го свртија во изложба [1] а наместо кавга почнаа да бркаат помош

и да треба да се анализираат грешките и да се бараат пропустите, но уште одма да се мерат мускули тоа е дегутантно во вакви околности, овие пак од позиција да не се пократки на супер-левичарските медиуми веднаш им плескаат одговор преку екстра-десничарските гласила, иако за волја на вистината и те како написов ја релативизира скопскава катастрофа, но дали тоа има смисла уште одма да се користи како опрвадување, просто секоја жртва и секоја штета има своја тежина а знаејки дека можело да се превенира та и уште повеќе, оправдување нема, бдејки така грешките во недоглед ќе се редат
[quote]09.08.2016 - ОВА Е СЛИКА ОД АВТОПАТ ВО ЈАПОНИЈА ПО ПОПЛАВА: „Пи*ка му матер на Шинзо Абе“ би рекле СДСМ наместо да се солидаризираат и да помогнат!



Jaпонците автопатот погоден од земјотрес и цунами го поправија за само шест дена!

http://www.dailymail.co.uk/news/article-1369307/Japan-tsunami-earthquake-Road-repaired-SIX-days-destroyed.html
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 10-Aug-2016 at 15:33

не би сакал да звучам како агитпроп на власта, но навистина претерано е од секоја несреќа опозицијата да се излетува да собира политички поени, но во случајов иако индивидуално се распламтија сепак колективно прикочија и се сетија дека моментално бранување на јавноста е бескорисно, пр. тоа закажаниот протест го свртија во изложба [1] а наместо кавга почнаа да бркаат помош

и да треба да се анализираат грешките и да се бараат пропустите, но уште одма да се мерат мускули тоа е дегутантно во вакви околности, овие пак од позиција да не се пократки на супер-левичарските медиуми веднаш им плескаат одговор преку екстра-десничарските гласила, иако за волја на вистината и те како написов ја релативизира скопскава катастрофа, но дали тоа има смисла уште одма да се користи како опрвадување, просто секоја жртва и секоја штета има своја тежина а знаејки дека можело да се превенира та и уште повеќе, оправдување нема, бдејки така грешките во недоглед ќе се редат
09.08.2016 - ОВА Е СЛИКА ОД АВТОПАТ ВО ЈАПОНИЈА ПО ПОПЛАВА: „Пи*ка му матер на Шинзо Абе“ би рекле СДСМ наместо да се солидаризираат и да помогнат!

Сите вие “експерти” што пишувате како патиштата не се соодветно направени и слични констатаци, ова е Јапонија една од најразвиените технолошки земји во светот, се вели во еден од коментарите на социјалните мрежи, откако дел од опозициските новинари и активисти ја залопутребуваат големата природна катастрофа за политички цели.

-И овде како и таму против природата не се може…..а вие пак да бидете “експерти”. Највероjатно многу слабо читате дневни светски весници. И место да се солидаризирате вие бистрите политика. Срамота, стои во коментарот.







http://infomax.mk/wp/ова-е-слика-од-автопат-во-јапонија-по-по/

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 10-Aug-2016 at 14:41

сателитска снимка од коперникус [1][2]

на крајот од линков висока резолуција од Skopje: Delineation Map

http://emergency.copernicus.eu/mapping/list-of-components/EMSR174



Edited by beTon - 10-Aug-2016 at 15:00
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 10-Aug-2016 at 13:15


според картата горе тоа двометарскиот бран во с.Стајковци веројатно бил заради обиколницата која немајки содветен испустен канал, доколку и на таква конфигурација може да се направи без да се пренасочи Страшка (булачанска) река, преку истата ја втиснал водата нагло кон Стајковци, веројатно ефектот нема да бил толку разорен ако тој пролаз бил затворен доколку анализите посочиле на ваква можност, впрочем врнежите не се толку невозможно големи колку што комбинацијата на фактори допринесе за катастрофа
одговорноста е кај сите, но пред се кај државата и од тоа нема бегање, но дали сето ова ќе ги опамети институциите тоа незнам, истите или ќе гледаат да премолчат што може да се премолчи, иако и во очи поројот но и сега само штама и молк, бар да се извинеа некако ... зар сакате повторно да не закачи некоја изневерена честитка, не ми е јасно како неможат надлежните да сватат дека мора сите карти да ги отворат бар меѓусебно, а тука е и опозицијата која инсистира на заминување, ало ако вас ви заминал мозокот на другите не, се додека сте спремни да продадете идентитетот народ нема ни на сон да ве гласа па макар илјада поплави и земјотреси удриле, спуштете топка и сите седнете бар експертски во отворен дијалог, за и да понудите решенија и да најдете нзс, во спротивно се комплет бардовци на лечење, или поубаво демирхисар околниот планински воздух поубаво ќе ви дојде!



08.08.2016 - Булачани пресечено на половина со наноси

Огромно свлечиште го отсече половина од селото Булачани, а никој од надлежните во општина Гази Баба не доаѓа да помогне, реагираат од месната заедница на ова село. Свлечиштето настанало како последица на страшното невреме што овој регион го зафати во саботата.

- Околу 500 тони земја се истури на патот, половина село е отсечено, не може да се помине никако. Не дај боже да треба да се транспортира болен или брза помош да помине. Бандерите се испопаѓани, половина село нема струја, а од ЕВН дојдоа само да видат каква е ситуацијата и толку. Од општината Гази Баба баравме да се пратат багери да го расчистат земјиштето, а оттаму само велат дека имаат поприоритетни проблеми – вели Драги Трајковски, заменик претседател во месната заедница Стајковци.

Локалниот водовод сами го прочистиле, па водата може да се пие. Најголема штета жителите имаат по нивите, додека куќите не се многу оштетени.

Трајков раскажува дека ова што сега се случило во овие села, се случило и пред 50 – 60 години.

- Главниот проблем е што коритото на Страшка река не е регулирано. Таа се формира од водите што се симнуваат по стрмните падини на Скопска Црна Гора. Кога ќе надојде оваа река прави пустош, затоа наместо да се прават споменици требало ова да се направи – вели Трајковски.

http://www.plusinfo.mk/vest/81381/bulacani-preseceno-na-polovina-so-nanosi-zitelite-baraat-pomosh


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 10-Aug-2016 at 12:13

ако поројниов дожд со два метра вода направи ваква катастрофа за еден миг в скопско поле, колкава би била штетата доколку 4 пати поголем бран гргне од Матка кон Скопје штетите и жртвите може да бидат огромни, а во тој случај обиколницата дополнително ќе одмогне, можеби решение е нивото на езерото да се држи секогаш на пола за ризикот да биде и помал
Aleksandar Kostovski · Head of Department во Ministry of Agriculture, Forestry and Water Economy
Во текстот има детална анализа на причините за волкава штета. Треба да се акцентира на тоа дека вододерината од сливното подрачје на Булачани е Црешево е прекината и искористена за земјоделско производсво и попречено со автопат. Потоа продолжува во една улица во Стајковци. Можеби автопатот дел ја амортизирал водата, за сметка на возилата и жртвите на него. Приметувам и нанос на слама. Значи на нивите по жетвата сламат е оставена, поради незаитересираност на земјоделсците и во форма на арматура предизвикала поголема штета.

10.08.2016 - Детална анализа на УХМР: Како и зошто настанаа невремето и поплавата во скопско

Последната поплава што го поплави северисточниот дел на Скопје и неговата околина е типична поројна поплава.</p>

Ваквиот вид поплави се јавуваат по поројни и интензивни врнежи со кратко време на траење од 15 минути, еден час до најмногу шест часа, пишува во деталната анализа за невремето во скопско на УХМР, која Ви ја пренесуваме во целост.

Обично поројните врнежи количински големи, паѓаат на мала сливна површина и во зависност од орографијата, падот и подлогата на теренот, брзо истекуваат низводно. Водонепропусната подлога или почва заситена со влага допринесува овој процес да биде забрзан.

Кај поплавите на големите реки траењето на поплавите е од еден до три дена, луѓето имаат повеќе време да се алармираат и да се засолнат од надојдената вода. Кај поројните поплави водата копа, руши и носи се пред себе и мала е можноста за реакција.

Во светски рамки е утврдено дека најголем број од жртвите при поплавите се јавуваат како последица на поројните поплави, а 50 проценти од жртвите се деца кои немаат време и искуство да се справат со надојдените поројни води.

Можеби изгледа неверојатно, но гледано во светски рамки просечно, дневно има 14 жртви од поројните поплави, 7 од нив се деца.

Голем процент на жртви се возачи и патници во моторни возила, кои сакајќи да поминат одреден пат поплавен со вода, често страдаат однесени од водата. Брзата вода веќе со длабочина од дваесет cm може да предизвика губење на контрола над возилото.

Што се случи?

Врнежите што паднаа во Скопје и скопско беа со различен интензитет и тоа на Зајчев Рид беа измерени 95 l/m2, на станицата во Газибаба 107 l/m2, а во скопски Петровец само 5 l/m2 за 24 часа.

Анализираните податоци од омбрографот на Зајчев Рид покажаа дека врнежите започнале во 17:00 часот и до 19:45 (2:45часа) беа наврнале 45 l/m2, за да продолжат уште поинтензивно во период од 1 час со количина од 46 l/m2(скоро 1 l/m2на 1 минута), во следните часови до 1:30 по полноќ наврнаа дополнителни 4 l/m2.

Од сливот на р.Булачанска (р.Црешовска) и Раштанска која со своите помали притоки предизвикаа излевања во северо-источниот дел на Скопје и скопско нема други податоци за врнежи, но знаејќи дека на повисоките надморски висини врнежите количински се пообилни, може да претпоставиме дека во овој дел на Скопска Црна Гора паднале врнежи со вредности над 100 l/m2, па и повеќе.



На слика 1 се дадени сателитски снимки кои покажуваат дека cb cluster-и се развивале над Скопје, тоа е MCC (mesoscale convective complex) - облаци кои предизвикуваат многу јаки врнежи.

Според нашите анализи појавените врнежи беа со ретка појава на повторување, т.е појавување еднаш во 1000 години.

Орографијата на Скопска Црна Гора е таква да веригата на оваа планина се простира од македонско-косовската граница на запад од каде во правец на исток се простира се до атарот на с.Љуботен и Љубанци од каде се спушта во правец на југоисток се до с.Арачиново.



Обликот на планината е таков, што облаците кои од шарпланинскиот масив се движеле кон Скопје, едноставно биле запрени од веригата на Скопска Црна Гора, при што во ек на интензивни врнежи, на двапати паѓаат количини поголеми од 50 l/m2 (најверојатно и многу повеќе, но неможе да се потврди без измерени податоци).

Оваа дополнителна количина на вода, која паѓа на веќе влажна почва, почва која е заситена со влага и неможе да ги апсорбира новите количини на пороен дожд, брзо започнува да истекува низводно по падините и голините, по суводолиците и водотеците во правец на Скопско Поле.

Груба проценка е дека во сливот на р.Раштанска (Раштански Поток) и р.Булачанска (р.Црешовска) (Слика2), при оваа непогода има паднато повеќе од 5 милиони m3 вода, вода доволна да се наполни двапати Езеро Матка.

Скопска Црна Гора во овој дел е пуста, главно со слаба нискостеблеста вегетација, суводолиците и водотеците се без заштитни поројни прагови и нема ништо каде оваа огромна количина на вода би се сопрела или забавила.

Тука е големата површина со земјоделско земјиште кое има пад во правец на с.Смиљково и Смиљковско Езеро.
Први на удар биле најблиските куќи во населбите до водотеците и суводолиците на крајот од стрмнината и тоа с.Црешово, с.Смиљково, Винче, Страчинци и покрај обиколницата кај с.Смиљково Слика 3 и Карта на сливот.

Надоле веќе водите ги напуштаат суводолиците и водотеците и по најкраток можен пат се упатуваат кон Стајковци, но поради немање доволно водопропусни отвори под автопатот (обиколницата), директно на повеќе места прелеваат и прават хаос на автопатот (Слика 4), носејќи возила и патници низводно во правец на с.Стајковци и населба Ченто, а потоа поминува низ с.Стајковци и н.Ченто, каде дополнително покрај материјална штета предизвикуваат дополнителни човечки загуби.

Дел од водите се влеваат во ободниот канал во правец на с.Арачиново, но дел продолжил кон с.Инџиково со дополнителни штети.

Дали постои некаква заштита од излевања и зошто ни се случува ова

Патиштата во шумите и планините ги сечат подземните текови и предизвикуваат рано излегување на површина на подземните води.

Потребни се здрави и густу шуми, и одржување на патната инфраструктира со ретензионен систем подржан со одржубван каналски систем, кој ќе спречи директно истекување низводно по патиштата.
Во делот на Скопско Поле под падините на СЦГ, постојат неколку канали кои би требало да ја собираат водата и преку ободниот канал кој започнува од н.Ченто да го олеснат истекувањето на водите низводно кон р.Вардар.
При вакви екстремни води, овие канали се немоќни. Самите канали имаат свои аномалии, било гледано од технички или одржувачки аспект, но секако при правилна работа и функционирање би ги ублажиле загубите.

Проблемите кои ги покажа обиколницата е очигледно голем минус на целиот проект и потребна е ревизија за да се утврди каде и колкави пропусти за одведување на вода таа треба да има.

Ако се погледне возводно према планината реално (Слика 6) не постојат големи усеци од природни водотеци или суводолици, но тоа незначи дека во минатото ги немало.

Најверојатно од негрижа или со цел добивање повеќе обработливо земјиште сите овие природни канали и усеци се ископачени и изорани. Повторно ни се случува исто, човекот со своите деланија предизвикува дополнителни штети наместо да врши ублажување на последиците.
Надвор од населените места се гради и се уништува природниот слој на земјата без да се размислува на водата и нејзиниот пат.
Наместо водата од врнежите по природен пат да се впие во земјата и нормално подземно да истече, водата спуштајќи се по падините и голините во самиот планински дел се слева по земјените патишта и направената патна инфраструктура без заштитни атмосферски канали кои би ги задржале водите во горните делови на сливот и директно истекува низводно каде се неможни било какви заштити.

Шутот и сметот се голем проблем, а со тоа и засипаните корита повторно човечки фактор. Од околните свлечишта земјата директно се исфрла во речните усеци и на тој начин се затрпуваат коритата и нивната водопропусност.

Точно е дека долг период водите беа со мали протечни количини, но тоа незначи дека во минатото немало поголеми води и дека тие нема да се повторат.

Засипаните корита со нанос, бујната вегетација, неисчистените профили кај мостовите, фрлањето на ѓубре во реките од страна на луѓето, нерешениот проблем со собирање и складирање на отпадот - ова е и дел од причините за локалните поплави во изминативе години.
Со основање на локални комунални организации кои редовно би го собирале сметот и би го скалдирала на соодветни локации комунално одобрени, отпадот веќе нема да прави проблем во коритата.

Дали можеше да се спречи оваа катастрофа

Не, ама можеше да се ублажи. Како? Со нормално одржување на каналските системи и речната мрежа, со чисти и слободни профили за истекување на водите, со изградба на ретензиони простори, но и со рана најава и аларм.

Најавата ја прави УХМР, а алармот (Центарот за управување со кризи (ЦУК). За рана најава УХМР се служи со светски познатите и признаени модели, но дополнително за потврда на овие модели потребен е јак мониторинг систем на водите и врнежите (хидрометеоролошкиот мониторинг).

УХМР најави поројни врнежи, но овојпат прогностичките модели потфрлија и не дадоа прогноза со екстремни величини.
Овие облаци кои предизвикува јаки врнежи во скопско не беа опфатени со ALADIN прогностичкиот модел.
Иако УХМР прави крајни напори да одржи нормален мониторинг, сепак веќе години наназад функционирањето на хидрометеоролошката служба во РМ е доведена на многу ниско ниво.



Секоја година буџетот е се помал и помал, се отплаќаат старите долгови за комуналии, нема средства за одржување на станиците, нема сретства за нова опрема за мерење за нови станици.

При секое заминување во пензија нема вработување за пополнување на работното место, по секоја поплава се ветуваат нови вработувања, но за жал ништо од тоа. Потребно е активирање на нови технологии, но потребно е одржување на целиот мониторинг систем.
Дел од овој систем се состои и од набљудувачи за мерење на ниво на вода и паднати врнежи, тоа се обични граѓани ангажирани од УХМР да вршат мерење на овие податоци и за тоа земаат минимална финансиска надокнада, оваа надокнада не е сменета 20 години.
Доколку сакаме добри податоци од терен треба покачување на оваа надокнада и обезбедување средства во буџетот на УХМР. Во РМ постојат околу 100 дождомерни станици и 65 хидролошки станици, а за споредба во развиените земји има преку 1000 станици соодветно на нашата површина.

Човечките загуби во оваа поплава се ненадокнадливи и можеби не е момент за кажување на нашите слабости, но по секоја поплава се кажуваат препораки и се посочуваат слабостите, сепак за жал многу малку се прави.

Во населените места во Скопје и скопско, има зачестена појава на Урбани Поплави, водата од врнежите паѓа на бетонските урбани површини и брзо излегува на улица каде заезерува одредени површини, или пак преку канализација ги плави подрумите или пак брзо истекува во водотеците каде брзо го покачува водостојот на водотеците.

Некогашните зелени површини, каде земјата ја впивала водата, сега се претворени во бетон или на место на некогашните зелени дворови сега има изградено подземни гаражи и подруми.
На овој начин се прекинува природниот процес на впивање на дождовната вода во почвата, при што гледано подолгорочно се предизвикува неприродно спуштање на нивото на подземните води.
Овој процес води до слегнување на земјиштето, што пак дополнително би довело до дестабилизација на темелите на куќите и зградите.

Со евентуална појава на земјотреси би се предизвикале поголеми разрушувања.

Големиот урбанистички бран што веќе извесно време се одвива во Македонија не оди во прилог на заштита на луѓето од поројни поплави или било какви други непогоди, напротив, придонесува овие непогоди по зачестено да ни се случуваат.

Зачестена е појава на свлечишта и плавења во подрумите. Потребна е забрана и контрола на тоа дали некој ја користи каналската мрежа за одведување на атмосферски води, потребна е ревизија на урбанистичките планови.
Сепак има решенија за ублажување на последиците од овие урбани поплави, но треба вклучување на хидрологијата во сите урбанистички планови.

Изработил: М-р Васко Стојов дипл.град.инж.-хидролог, Раководител на одделение при УХМР

http://emagazin.mk/vesti/vest/24747


Edited by beTon - 10-Aug-2016 at 12:45
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 10-Aug-2016 at 09:50

Originally posted by beTon

Опасноста од поплавите е зголемена и со тоа што во непосредна близина на градот се изградени брани. Пресметано е дека ако се урне браната на Матка би се создал разорен бран висок шест метри, кој би се движел со брзина од 33,4 километри на час. Најзагрозени би биле селата покрај реката Треска во општината Сарај. Во документот што го изработил градот се вели дека за да се обезбеди поголема заштита треба да се направи систем за надгледување на браната и за брза евакуација на населението при евентуална катастрофа.


еве и сублимат од тактичката вежба за теоретски поплави од Матка од 2008, но ко што се гледа изостанати се разни параметри, односно ова е некој минимум на варијабили и тактики, каде е тука Водно и клизиштата, каде е евентуален безбедносен ризик итн.

http://mail.cuk.gov.mk/index.php?content=159

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 10-Aug-2016 at 09:05



интересна е забелешката на адмиралот Домазет од четвртата фуснота доле - "Istog su trenutka trebali osnovati stožer, jer obrana od poplave je vrlo slična vojnoj operaciji" - а доколку вака гледаат надлежните па и населението на природните катастрофи односно потенцијалните бури како можност за непогода, тогај дефинитивно и постојано ќе имаат решение
Originally posted by +Protagorist

no javna tajna e deka Zagreb ja zrtvuval Slavonija za da ne bide zbrishan Belgrad [4][5]


но што ако врне три четири дена со таков интензитет ко во случајот со циклонот Тамара, дефинтивно треба уште одма да се евакуира цело скопско поле, а за таа маса народ уште одма да се има план каде и како ќе се згрижи, среќа обиколницата ја кренаа та како насип го штити Скопје од порои на соголената СЦГ, но што ако прелее ез. Козјак а потем попушти и Матка 1 со оглед дека уште од 30тите во минатиот век не е наново ојачана [1][2] а доколку е тоа случај никаде не е јавно афирмирано, но постојат и други варијанти како сеизмички ризик или терористички поздрав, затоа ко што вели Мирка пловен Вардар односно проектот вардарска долина треба да ни е императив во кризните агенди од поплави, иако истиот е мач со две оштрици заради евентуални еко-искушенија [1] реално јавноста иако е сведок, сепак не е ни свесна кои се' опасности ја демнат скопската котлина, a ко за иронија грото се напикуваат во континуитет сред неа, да била толку уба за живот уште во минатото ќе станела центар на балканот, но тоа никогаш не било случај а таков примат кај нас имале односно добиле Солун и Битола   

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.352 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.