build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Депонии и комунална механизација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 8>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 04-May-2010 at 07:47

Ѓубрето го обедини југоистокот

Расфрланото ѓубре и смрдеата од депонијата кај струмичкото село Добрашинци се очекува наскоро да бидат минато, бидејќи на тоа место се планира изградба на регионална депонија. Предвидено е тука да се складира отпадот од десет општини во југоисточниот дел на државата. Жителите од селото Добрашинци, кои секојдневно ги чувствуваат последиците од депонијата, знаат дека тука треба да се гради нова, но не знаат како сето тоа ќе функционира. - Од досегашната депонија ја чувствуваме смрдеата секој ден. Знаеме дека ќе се гради нова, но како и на кој начин, не знаеме. Дали повторно ќе има смрдеа и чад или ќе се смени нешто, не знам- вели Симеон Трајков од Добрашинци. Министерот за животна средина и дел од градоначалниците од југоисточниот регион деновиве ја посетија депонијата. Убедени се дека нивниот проект ќе успее. - Сфативме дека нема политика во екологијата. Складирањето на отпадот мора да го решаваме во интерес на граѓаните, бидејќи основна цел на секој градоначалник е да има чиста и здрава животна средина - вели Николчо Чурлинов, градоначалник на Валандово. Министерството за животна средина објави дека почнува првата фаза за претселектирање на најсоодветни кандидати за изградба на депонијата. Тендерот е објавен и на официјалната веб-страница на Европската Унија, со цел да се обезбеди учество на искусни приватни оператори со депонии. - Нашата визија е да имаме чисти градови и населби. Да ги затвориме постојните ѓубришта и да изградиме санитарна регионална депонија што ќе ги им служи на десетте општини од овој регион - рече министерот за животна средина, Неџати Јакупи. Регионалната депонија треба да биде со капацитет од 1,2 милион кубни метри. Ќе се простира на површина од 12 хектари, а нејзината изградба ќе чини 22 милиона евра. Проектот е поддржан од италијанското министерство за животна средина, а планирано е во депонијата да се депонира цврст отпад за период од 25 години.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F1CBF7F0E948BD4EB9EC75988CE2D71A
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 27-Apr-2010 at 11:41

Се бара трајно решение за отпадот во Полог

ТЕТОВО - Тетово и другите осум општини во Полошкиот регион интензивно работат на пронаоѓање трајно решение за справување со отпадот. Во оваа функција се остварените контакти со компании во земјата и во странство за натамошно облагородување на сметот со рециклажа и производство на електрична енергија.

Токму поради актуелноста на проблемот неодамна расправал и Советот на Полошкиот планински регион, при што се разгледувала студијата подготвена од експерти од оваа област. Советот, составен од градоначалниците на сите девет општини во Полошкиот регион, со мали забелешки, ја усвоил студијата и врз основа на тоа наскоро ќе биде распишан меѓународен тендер за давање на депонијата „Русино“ кај Гостивар под концесија, врз принцип на јавно-приватно партнерство.

Фатмир Изаири, претседател на Советот на Полошкиот плански регион и градоначалник на општина Желино, вели дека во сите општини постои интерес за долгорочно решение на прашањето со отпадот. Општините и јавните комунални претпријатија се заинтересирани за акционерско учество со компанијата што ќе ја преземе депонијата „Русино“.

„Завршуваме со подготовките за распишување меѓународен тендер. Тоа најверојатно ќе се случи во првите денови од мај и ќе трае 37 денови. Во тој период очекуваме да се јават заинтересирани фирми од земјата и од странство, пред се', оние со кои веќе е контактирано, а тие се од Италија и од Австрија“, вели Изаири. Според него, инвестицијата на компанијата што ќе го користи отпадот во полошкиот крај ќе изнесува од 30 до 35 милиони евра.

Тетово најсериозно го почувствува проблемот со комунален отпад, кој складиран на дивата депонија кај железничката станица, два месеца се пренесуваше во „Русино“. Граѓаните девет месеци беа изложени на сериозните опасности што може да ги предизвика отпадот. Поради тоа, Советот на Тетово донесе одлука со прецизирани права и обврски во сферата на справувањето со комуналниот отпад. (Г.Е.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=76FA0D4DBEF1BE40B933AA90770CC17D
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 26-Apr-2010 at 13:35

Велес: Се изработува физибилити студија за регионална депонија

26 април 2010, 14:17
Извор: Макфакс
Велес

Општините од Вардарскиот регион ќе стават крај на проблемите со депонирањето на отпадот. Во иднина со него ќе се постапува според нормите на Европската Унија и тој ќе се селектира и рециклира наместо да скапува во земјата.

За таа цел ангажирана е австриска фирма која ќе направи физибилити студија за управување со цврстиот комунален отпад

Веќе се обезбедени 125 илјади евра за изработка на студијата како грант и во наредните шест месеци се очекува таа да биде готова. Истражувањето подразбира решение за собирањето, транспорт и уредување на депонијата.

„Кај вас треба уште многу да се направи. Студијата ќе биде готова за околу шест месеци и според досегашните искуства депонијата треба да чини меѓу 2 до 3 милиони евра за регион со близу 200.000 жители“ вели Сабине Киц од Австриската фирма АСА.

Општините во вардарскиот регион досега, често разговарале за локацијата каде може да се  лоцира депонијата. Според многумина тоа е најтешкиот чекор во целиот проблем.

Местото каде ќе се депонира отпадот треба да ги задоволува економските параметри, но треба да се испита и составот на земјиштето и близината до населените места.

Откако сето тоа ќе биде завршено ќе се пристапи кон распишување на тендер за избор на фирма која ќе стопанисува со депонијата.

„Општините апсолутно немаат толку пари за самите да ја направат и да ја раководат депонијата. Затоа тука е неминовен влез на приватниот капитал како што го имеме во сите области“ вели Горан Петров претседател на советот на вардарскиот плански регион.

Регионална депонија за комунален цврст отпад веќе постои во источниот регион на земјата.

http://www.makfax.com.mk/#105745
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 18-Apr-2010 at 16:12

Депонија по европски терк во источна Македонија

Сузана Тасева Коментари (0)   
18.04.2010 16:44
 

 

Ова е депонијата кај Добрашинци, тука се фрла ѓубрето од струмичкиот регион, тука се хранат и свињите. Отворена и незаштитена таа го загрозува и здравјето на луѓето од околните села.

„Тоа е катастрофа овде за селото, го загадува селото, дими многу“ рече Симеон Трајков, жител на Добрашинци.

Но токму на оваа депонија ќе се гради нова по европски терк. Нејзе и дадоа предност градоначалниците од 10-те општини на југоисточниот плански регион.

„Сфативме дека политика во екологија нема, мораме да ја решаваме во интерес на граѓаните бидејќи основна цел е еколошка здрава средина во која што ќе живеат нашите граѓани“ вели Николчо Чурлиновски, претседател на југоисточен плански регион.

Подготовките се завршени тендерот е објавен.

„Нашата визија е да имаме чисти градови и населби, да ги затвориме постојните таканаречени ѓубришта и да изградиме санитарна регионална депонија, што ќе ги опслужува сите 10 општини од регионот“ изјави Неџати Јакупи, министер за животна средина и просторно планирање.

Регионалната депонија со капацитет од 1 милион и 200 илјади метри кубни, ќе чини 22 милиони евра, а ќе овозможи депонирање на отпад за период од 25 години


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122186
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 16-Apr-2010 at 05:33
Депониите под концесија


Регионалните депонии ќе се издаваат под концесија преку јавно-приватни партнерства со комуналните претпријатија. Ова беше кажано на вчерашната собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, каде што имаше расправа на тема депонии и собирање отпад, преглед на надлежностите на Владата на Р М и на општините, со посебен осврт на регионалната депонија Русино.

Според министерот за живтона средина и просторно планирање, Неџати Јакупи, проблеми со депонирањето има во сите плански региони во земјава. Тој информираше дека Владата донела одлука два региона да се финасираат преку инструментот за предпристапна помош - ИПА, а за останатите да се отпочне постапка за издавање под концесија за финансирање, проектирање, изградба и управување со депониите.
- Депонијата Русино предвидено е да функционира како регионална и да ги опслужува сите општини во полошкиот регион, за чија изградба во согласност со стандардите на ЕУ се потребни околу 12 милиони евра, рече Јакупи. Тој најави дека наредниот месец ќе биде објавен тендер за давање на повеќе депонии под концесија.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FB48EC556B2D3A499CC17A904EBFB4FC
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 29-Mar-2010 at 17:05

Парк ќе никне на дивата депонија

По расчистувањето на најголемата дива депонија во Македонија, која беше сред Тетово, просторот ќе биде дезинфициран, а потоа ќе биде раззеленет со трева и садници

Дрвца и трева ќе бидат засадени на најголемата дива депонија во Македонија, која повеќе од девет месеци беше грда слика среде Тетово и го загрозуваше здравјето на 80.000 жители. Претоварната станица кај железничката станица деновиве е сосема исчистена. По два и пол месеца работа над 20 илјади тони смет се префрлени во регионалната депонија во гостиварско Русино. Бетонското плато каде што се складираше отпадот ќе се дезинфицира со посебни раствори, а земјениот дел ќе се раззелени, најавија од локалната самоуправа. Од ЈКП „Тетово“ истакнуваат дека додека не се најде друго решение, дел од платото пред железничката станица и понатаму ќе се користи како претоварна рампа, но нема да се складира отпад.

- Бидејќи сметот кон Русино смееме да го носиме по 18 часот, мора да го префрламе од помали во поголеми камиони кај претоварната рампа. Но, таму повеќе нема да се складира смет. Покрај ова во тек е огласот за закупување земјиште надвор од градот. Општината сака да купи земја и да изгради претоварна рамка за сметот. На истата локација би се префрлиле и неколку сектори од претпријатието што сега се расфрлани низ градот и работат во различни објекти - рече директорот на ЈКП „Тетово“, Хасан Љума.

По расчистувањето на дивата депонија, која беше најголема во Македонија, градоначалникот на Тетово, Сади Беџети, вети дека грдата слика никогаш повеќе нема да се повтори.

- Сега се чисти, мие и дезинфицира просторот, кој потоа и ќе се раззеленува. Планираме земјениот дел да го засееме со трева и дрвца и никогаш повеќе да не прерасне во депонија - рече Беџети.

СМЕТОТ ПРОБЛЕМ ЗА ЦЕЛ ПОЛОГ

Според планот на Полошкиот плански регион, депонијата во Русино ќе се даде под концесија, а ќе се изгради и фабрика за рециклирање на отпадот. Проектот треба трајно да го реши проблемот со сметот што се собира во деветте полошки општини. Дотогаш општина Тетово треба да инвестира околу 200 илјади евра во Русино. Парите се наменети за одржување и за изградба на инфраструктурата во депонијата.

Гостиварскиот градоначалник, Руфи Османи, не е задоволен од динамиката на реализирањето на преземените обврски, но вели дека има разбирање. Поради временските услови, не било можно да се работи на терен.

- Има уште многу да се работи. Една од најважните работи е да се изгради патот што ќе ја поврзе депонијата со регионалниот пат - вели Османи.

Според членовите на Полошкиот плански регион, не само Тетово, туку сите општини во Полог имаат проблем со справувањето со отпадот. Дел од експертите од Институтот за животна средина на Универзитетот Југоисточна Европа велат дека најдобро решение е да се изградат фабрики за рециклирање на комуналниот смет.

- Ниту една депонија во Македонија не ги задоволува европските стандарди. Ако работите останат како што е екологијата, ќе биде голем проблем при интегрирањето на државава кон ЕУ- децидни се од Институтот за животна средина.

Градоначалниците се договорија да инвестираат околу 330 илјади евра за санација и повторно ставање во употреба на регионалната депонија Русино. Според експертите со овие пари би се изградиле две јами за отпадните води, атмосферска канализација, водовод и резервоари за дезинфекција на камионите како уште и неколку помали зафати.

Претседателот на Полошкиот плански регион и градоначалник на Желино, Фатмир Изаири, вели дека околу 200.000 евра ќе инвестира Тетово, Гостивар ќе вложи околу 90.000, а другите седум рурални општини ќе дадат по 5.000 евра.

ЧИСТА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА

Првите луѓе на деветте полошки општини на последната седница донесоа одлука за интегрирано управување на отпадот.

- Работите во Русино течат според договорот. Донесовме одлука депонијата да се даде под концесија и го задолживме Министерството за животна средина да ја води процедурата. Постапката е во тек, формиравме комисија што ќе го надгледува процесот и ќе го избере најповолниот понудувач. Во телото членуваат пет претставници од општините и по еден од министерствата за животна средина и финансии - рече Изаири.

По информацијата дека претоварната станица е чиста, спортскиот центар живна, ни изјавија неколку жители на оваа населба што ги затекнавме вчера. На стотина метри од претоварната станица, каде што до неодамна имаше планина смет покрај спортскиот центар има две училишта и градинка.

- Сега слободно и без страв можам да го шетам внукот. Порано не се дишеше, сега е многу поарно. Слободно може да се излага, а и прозорец дома да се отвори. Се надевам ова нема да се повтори - рече Мирче Трпески.

Жителите од овој дел на градот бараат грдата слика од пред некој месец да биде минато бидејќи сметот и чадот од депонијата, која катаден гореше, како што велат, се отров за сите без разлика на верска, етничка или политичка определба. Вработените на автобуската и железничката станица, кои се наоѓаат веднаш покрај претоварната станица, велат дека конечно имаат нормални услови за работа.

- Порано кога гореше депонијата, не се седеше на работа. Канцелариите и чекалницата беше полна со чад и смрдеа. Патниците не доаѓаа да чекаат автобуси тука бидејќи беше неподносливо, па се научија да чекаат на излезот од градот ни изјавија вработените на автобуската.

Д-р Џавид Фејзули, специјалист по хигиена и здравствена екологија, вели дека последиците од деветмесечното труење ќе се осетат на подолг рок. Тој очекува да има зголемени заболувања на респираторниот систем кај граѓаните како директна последица од депонијата.

Повеќе од десет години Тетово има проблем со депонирање на сметот. Двапати, лани и во 2006, беше на работ од еколошка катастрофа. За насобраниот смет од пред четири години поранешниот директор на ЈКП, Миљаим Ајдини, беше казнет со парична глоба од 1.000 евра, а ЈКП со 5.000 евра за кривично дело загадување на животната средина и природата.

Тие се осудени од тетовскиот суд бидејќи во периодот од април до декември 2006 година во близина на железничката станица претовараа и складираа смет на импровизирана претоварна рампа. Подоцна таа прерасна во дива депонија. Жителите со протести се обидуваа да го спречат истоварувањето смет бидејќи отпадот секојдневно беше пален, а целиот град обвиен со чад и смрдеа.

Платото пред железничката станица се користи како претоварна рампа од 1995 година. Поради застарената механизација и финансиските проблеми со кои се соочуваше ЈКП, од 2000 до 2007 година сметот беше оставан кај импровизираната рампа.

Од локалната самоуправа ветуваат дека со издавањето на Русино под концесија и изградба на нова претоварна рампа надвор од градот, Тетово веќе нема да има проблеми со сметот.

Илчо Цветаноски

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4F2F7A77318FF64FBBF8E9298D40C8E6
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 03-Mar-2010 at 00:37

Тетовската депонија, конечно, испразнета

Просторот се мие со вода, а комуналците рачно ги собираат малите количества отпад што механизација не успеала сосема да ги исчисти

ТЕТОВО - Жителите на Тетово можат да здивнат. Дивата депонија кај Железничката станица во центарот на градот конечно е испразнета. Илјадници тони смет што се акумулира цели 10 месеци се пренесени во депонијата „Русино“ кај Гостивар. Наместо смрдеа и чад што се ширеа од огромното ѓубриште, тетовци дишат чист воздух.

Акцијата за празнење на депонијата во која беа вклучени транспортери на ЈКП „Тетово“, но и на неколку приватни компании траеше речиси три месеци. Снегот повремено ја попречуваше работата.

„Успеавме да се справиме со сметот. Навистина беше тешко и деликатно, но целото ѓубре е пренесено. Просторот го миеме со вода. Нашите работници истовремено рачно ги собираат и оние мали количини отпад што механизација не успеала сосема да ги исчисти“, изјави вчера Хасан Љума, директор на ЈКП „Тетово“. Тој додава дека големите количини ѓубре влијаеле и врз исправноста на атмосферската канализација што минувала на тој простор, а особено на шахтите што биле затрупани со ѓубре.

Во ЈКП „Тетово“ велат дека по препорака на стручни лица, а, пред се', на лекари, по миењето на просторот кај депонијата ќе се изврши дезинфекција и дератизација.

Ѓубрето што во мали камиончиња секој ден се собира од улиците на Тетово се истовара на мал дел од дивата депонија, а по 18 часот претоварено во големи транспортни средства се пренесува за „Русино“. Директорот Љума тврди дека овој дел натаму ќе биде само претоварна станица и ништо повеќе. (Г.Е.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1E3E0D60F6EACA42937C3E5682F81453

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 24-Feb-2010 at 08:28
Samo da dodadam: pvpk sistem deponijata da bide javno pretprijatie na nekomu odlicno mu odgovara, nekoj vadi profit, a i se vrabotuvaat luge po partiski kluc
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 24-Feb-2010 at 08:24

Moj predlog e deponiite da se dadat na koristenje na vakvi firmi koi gi ima dosta vo evropa. Tie ja imaat potrebnata tehnologija so koja se proizveduva struja, kompost a i otpadot efikasno se odstranuva. Mnogu galama se kreva vo svetot i za gorenjeto na otpadot, iako jas sum i za taa solucija (postojat filteri koi gi sprečuvaat otrovnite gasovi da dojdat vo atmosfera-se razbira skapi se). Ovaa metoda kaoja se koristi vo Drisla i drugite deponii kaj nas so talozenje najmalku mi se dopaga od site.

Da se vratam na koncesiite: drzavata treba da napravi hrabar poteg i da go dade sobiranjeto i skladiranjeto na otpadot mnogu eftino, duri i dzabe, neka go zemat strancite profitot, no gradovite ke bidat cisti. Mozebi skopje ne proizveduva golemi kolicini otpad da bide profitabilno, no blize e Tetovo, Kumanov, Veles, Kosovo....

Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 24-Feb-2010 at 02:29

КСТВ сака да произведува енергија од отпад во Македонијa

Канадската компанија Quantum Solutions Technology Ventures е подготвена брзо да реши проблемот со тетовската депонија, а долгорочно да инвестира 200 милиони долари во производството електрична енергија од отпад во земјава.

Инвеститорите кои се интересираа за Македонија на минатогодишниот бизнис форум во Канада, вчера и денес се во обиколка на институциите и ја претставуваат својата идеја во Владата, кај регулаторите за енергетика и претседателот Иванов.

 
Велат дека ја имаат потребната технологија и пари за да стартуваат веднаш. Владата само треба да рече “да”.
Компанијата работи со патентирана технологија за претворање на секаков вид отпад во електрична енергија во над 30 земји.
 
Со цел да ги исполни еколошките стандарди барани од ЕУ, Македонија нуди бенефицирани откупни цени за производителите на зелена енергија.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/kstv-saka-da-proizveduva-energija-od-otpad-vo-makedonija


Edited by leonid23 - 24-Feb-2010 at 02:30
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 19-Feb-2010 at 21:44

За успешно функционирање на „Дрисла“ 90 милиони денари






 

Јавното претпријатие веќе ја има осмислено програмата од каде да ги набави потребните пари

 
 
%20  
Четири нови возила, односно два булдожери, еден утоварувач и еден камион-кипер со носивост од 15 тони ќе се набават за потребите на новоформираното јавно претпријатие „Дрисла“, реши градскиот совет на последната седница. Советот ја усвои и инвестиционата програма на новото претпријатие, во која е наведено дека со инвестиција од 90.144.000 денари тоа ќе може беспрекорно да функционира. Со реализацијата на оваа програма, претпријатието ќе биде во можност да ги прифати сите количества комунален, како и медицински отпад што се собира во градот, за подобро и правилно негово складирање.

Според пресметките, од потребните 90 милиони денари, предвидено е 36,8 милиони денари да се потрошат за нови градежно-занаетчиски работи, 35 милиони за купување на потребните градежни машини, 5,2 милиони за дополнителни возила, 10,1 милиони за канцелариска опрема и алат, како и 3,1 милиони денари за информатичка опрема.

На седницата се усвоени и Програмата за работа на градската управа за 2010, одлуката за изменување и дополнување на одлуката за организација, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на градската управа, како и Програмата за изработување урбанистички планови за 2010 година.




 Начин на финансирање на ЈП „Дрисла“  во милиони денари
   
 Субвенции од Градската управа  20.000.000
 Сопствени средства  24.294.000
 Дополнителни субвенции од Градската управа  20.000.000
 Градска управа  17.600.000
 Сопствена амортизација  8.250.000
 
 
   
Автор: Б.С.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=219101054436&id=14&prilog=0&setIzdanie=21914
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 04-Feb-2010 at 20:58

Локална кавга за регионалното ѓубре

Битолската општина почна со активности за изградба на регионална депонија во Пелагонискиот регион, каде што собраниот отпад од девет општини ќе се третира според европски стандарди. Општинскиот Совет го направи првиот чекор носејќи одлука за покренување постапка за доделување концесија околу управување со цврстиот отпадот. Ова предизвика бурни реакции кај советниците од опозицијата. Тие обвинија дека процедурата почнува со половична документација, која содржела недоречености и контрадикторности, а дозволува комплетниот бизнис со регионалните депонии да се приватизира.

- Концесионерот на депонијата ќе биде приватник, а се предвидува и приватизација на меѓуопштинското претпријатие, кое ќе управува со депонијата, а во почетокот ќе има мешана сопственост на државата и на локалните самоуправи. Ако целта беше ова претпријатие да го контролира приватникот, тогаш што ќе се случи ако се приватизира, кој кого тука ќе контролира. Комплетниот бизнис со отпадот во Македонија буквално ќе биде во рацете на приватни субјекти. Будно ќе ја следиме целата постапка и ќе реагираме на сите евентуални неправилности - вели Златко Ќурчиев, советник од СДСМ.

Според него, истиот делокруг на работа е предвиден и за концесионерот и за меѓуопштинското претпријатие што ќе се формира.

- Стои дека концесионерот ќе ги управува и ќе ги одржува објектите на депонијата и ќе извршува јавни услуги. Со други зборови, ќе ја управува депонијата. Додека претпријатието би требало да ја преземе одговорноста за регионално интегрирано управување со комуналниот отпад или со други зборови управување со јавната депонија. Ако ова не е дуализам и контрадикција, тогаш не знам што е - додава Ќурчиев.

Советниците изразија сомневање дека новата депонија може да му ја одземе работата на веќе постоечкото Јавно претпријатие „Комуналец“, кое сега го собира отпадот во Битолско.

- Концесионерот ќе го собира отпадот од руралните средини. Ќе одземе дел од дејноста на „Комуналец“, па тоа ќе се сведе на минорно јавно претпријатие. Дека ова не е во ред потврди и директорот на „Комуналец“, кој на состанокот на комисијата на комунална дејност не' убедуваше дека претпријатието може самото да го собира отпадот од руралните средини, а не тоа да го врши приватен концесионер кој таа услуга дебело ќе им ја наплаќа на граѓаните - изјавија советниците.

Претседателот на Советот на Општината, Лилјана Кузмановска, вели дека постапуваат според законите.

- Дискусиите на оваа тема се преуранети зашто ова е само една од фазите што ќе следуваат понатаму, дури и во 2011 година. Согласно Законот за локалната самоуправа се стапи во една нова фаза, во која имаме концесионерство, партнерство и не може да се враќаме назад во времето пред неговото донесување. Елаборатот е на Министерство за животна средина, се однесува на сите општини и ќе имаме многу подобри резултати - изјави Кузмановска.

Депонија во југозападна Македонија се проценува дека ќе чини од 10 до 20 милиони евра, а парите најверојатно ќе се обезбедат од европските фондови.

Жанета Здравковска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5C829E16C3335049BC11B88DEB8323A8
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 25-Jan-2010 at 18:52

Депонија во близина на Охридско Езеро

Јован Митревски, Охрид

Охриѓани се загрижени и прават заложби да ја заштитат околината на Охрид и Охридското Езеро од намерата да се гради депонија во близина на реката Сатеска. Станува збор за исклучиво еколошка средина 30 км северно од Охрид, во близина на селото Арбиново, на патот што води до Охрид.

На површина од само 400 на 400 метри до патот, до новата црква, се планира изградба на депонија за 13 околни општини, вклучувајќи ги Струга и Охрид, за што средства ќе обезбеди Владата на РМ, локалните власти, а најмногу ЕУ преку своите фондови во висина од 30 милиони евра. Имајќи го предвид фактот дека секоја депонија од овој тип, која ќ опфати област од околу 300 илјади жители, е проследена со истекување отпад до 30 литри на ден, кој лесно би можел да дојде во реката Сатеска, која ќе биде на само 100 метри од депонијата, натаму лесно ќе го загадува и Охридското Езеро. Езерото, кое е заштитено од УНЕСКО, сега ќе се загадува со истекување отпад од 13 општини. Навистина не би сакал овој регион и езерото да го снајде случајот со депонијата од Тетово. Апелираме да не се донесе ваква одлука од страна на локалната власт, која патем нетранспарентно се носи без јавна расправа при крајот на јануари 2009 година.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DACE6402F672E44CB4FE4CE8E176D937


Тетовското ѓубре се носи, а депонијата „Русино“ не се уредува

Незадоволните жители од околните села се закануваат со нови блокади

Киро Кипроски


Гостивар - Ѓубрето од тетовската дива депонија од 14 јануари секоја вечер од 18 до 6 часот наутро наредниот ден, според договорот постигнат меѓу гостиварскиот и тетовскиот градоначалник, се депонира во регионалната депонија „Русино”, што се наоѓа во непосредна близина на Гостивар. За овој период околу 10.000 тони без пречка беа донесени во „Русино“. Меѓутоа, како што реагираат жителите, градоначалникот на Општина Тетово, Сади Беџети, не ги исполнил обврските што ги презеде дека за десет дена ќе ја уреди депонијата и ќе создаде минимални услови за складирање на ѓубрето. Овие услови се уште од јуни мината година, кога жителите на околните села Долна и Горна Бањица и на гостиварските приградски населби Фазанерија и Грудајица, го блокираа патот и не дозволија да се носи ѓубрето.

„Општина Тетово не го испочитува договорот за создавање минимални услови на депонијата ’Русино‘ за да може да се користи“, ни изјави Наџи Исмаили, претставник на Општина Гостивар во заедничката комисија за следење на изградбата на депонијата, и додава: „За овој период се поставени само неколку бетонски столбови на оградата на депонијата и беа покриени со чакал неколку ударни дупки на пристапниот пат“.

„Попуштивме, се откажавме од блокадите и дозволивме да се носи тетовскиот отпад во ’Русино‘. Меѓутоа, не отстапуваме од барањата во депонијата да се создадат неопходните технички услови за санитарна депонија и отпадните води да се прочистат или, пак, да се пренасочат подалеку од нивите“, категоричен е Насир Хасипи, претседател на МЗ Долна Бањица.

Претседателот на МЗ на Горна Бањица, Хусеин Абдулхади, се надоврзува и вели дека шест години жителите на десеттина села што се наоѓаат во непосредна близина на депонијата, како и приградските населби Фазанерија и Грудајица, во кои живеат околу 10.000 жители, не по нивна вина биле принудени да дишат загаден воздух, а плодното Бањичко Поле да се загадува со отровните отпади води, поради што биле намалени и приносите.

Бањичани ја очекуваат средбата што деновиве треба да ја одржат гостиварскиот и тетовскиот градоначалник, која ќе биде посветена на (не)исполнувањето на преземените обврски. „По состанокот ќе донесеме одлука кои активности ќе ги преземеме“, категорични се Хасипи и Абдулхади.

На депонијата „Русино“, пак, иако беше пладне, работниците на тетовското комунално претпријатие не работеа и го очекуваа превозот. Поради ниските температури што се спуштаат и до минус 10 Целзиусови степени и поради калливата почва, како што ни рекоа тие, се принудени да ги прекинат работите. Во ноември минатата година, кога започна уредувањето на депонијата (поставување на ограда, копање на две јами и одводни канали), од неразбирливи причини работите беа прекинати, за да продолжат во мошне тешки услови за работа. Затоа, велат жителите, ако тетовскиот градоначалник ги согледаше реалностите со депонирањето на отпадот во депонијата „Русино“, минималните технички услови можеше со помалку средства и поквалитетно да ги извршеше, веднаш по одлуката за забрана за користење на „Русино“, што ја донесе Советот на Општина Гостивар во јуни мината година.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5520C696021EDB41BAB2A8CF3101DA31


Edited by Cloverstack - 25-Jan-2010 at 18:52
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 18-Jan-2010 at 20:50

Се чисти ѓубрето од Тетово

ТЕТОВО - Ѓубрето од дивата депонија кај железничката станица во Тетово веќе четврти ден, од 21 часот до 6 часот, интензивно се пренесува во „Русино“ кај Гостивар. За тоа се ангажирани транспортерите од општината, јавното комунално претпријатие „Тетово“ и неколку приватни фирми. Хасан Љума, директор на ЈКП „Тетово“, вели дека се' се одвива според планот.

„Недоразбирањата се надминати. Жителите на Долна и на Горна Бањица и на Сушица се согласија пренесувањето на отпадот да се одвива ноќе, а паралелно да се работи на депонијата ‘Русино‘. Доколку временските услови бидат поволни како сега, за десетина дена дивата депонија во Тетово ќе биде исчистена од сметот“, ветува Хасан Љума.

Договор за изнесување на ѓубрето од Тетово постигнаа градоначалниците на Тетово и на Гостивар - Сади Беџети и Руфи Османи и министерот за екологија Неџати Јакупи.

На почетокот жителите од околните села го блокираа патот. „Нема да го блокираме транспортот во наредните денови додека не се испразни депонијата во Тетово. Ние истовремено бараме да се создадат услови за нормално функционирање на регионалната депонија“, вели Насир Хасипи, претседател на Месната заедница во Долна Бањица.

За денеска во Гостивар е предвидена нова средба на министерот, двајцата градоначалници и на претставници на советите на месните заедници од трите најблиски села во Русино, заради детализирање на обврските. (Г.Е.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=13CBE3BB8189A4448B5EB260A68CD278
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 12-Jan-2010 at 21:42

Арбиново против изградба на депонија

ОХРИД - Населението на селото Арбиново категорично се противи на плановите на градоначалниците од Југозападниот плански регион за изградба на регионална депонија во атарот на тоа село што се наоѓа во рамки на општината Дебарца. Жителите на Арбиново поведоа петиција преку Интернет против депонија, бидејќи сметаат дека ќе ја загрози животната средина и негативно ќе влијае врз тој еколошко чист регион.

Истовремено, жителите апелираа до градоначалниците на Дебарца и на Охрид да ги поддржат и да застанат против изградбата на регионалната депонија на таа локација.

Според најавите од Министерството за животна средина и просторно планирање, предвидено е во текот на овој месец или наредниот да биде распишан меѓународен тендер за изградба на депонија за Југозападниот плански регион, со што би се решил проблемот со сметот за 13 општини. Изградбата на депонијата, што ќе функционира по принцип на јавно приватно партнерство, ќе чини околу 30 милиони евра. На состанокот на градоначалниците на општините од Југозападниот плански регион одржан на крајот на минатиот месец во Струга, покрај Арбиново, како други можни локации за депонијата беа посочени уште атарите на селата Мали Влај, Малесија, Делогожда и Мешеишта. (МИА)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=32589BBFD2BED641AEE6425FFA198646
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 05-Jan-2010 at 17:46

Вардарскиот регион бара место за депонија

Ќе се бара локација каде да се смести регионалната депонија, која ќе го прибира отпадот од осум општини од Вардарскиот регион. За оваа цел ќе се подготвува физибилити-студија, која е финансирана од австриска ОЕК банка. Таа за оваа цел обезбеди 125.000 евра, откако претходно позитивно одговориле на апликацијата со овој проект.

- Оваа студија, која е регионална, ќе треба да ги посочи можните локации за регионална депонија, како и моделот на управување со неа и со отпадот. Проектот ќе се реализира во првата половина од годинава, во соработка со АСА, реномирана австриска компанија, која работи со управување отпад и со големо искуство во оваа област - изјави Александар Бузалков, директор на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, кој со општина Велес конкурира за овој проект и е прифатен од ОЕК банка.

На овој начин треба да се најде локација каде да се смести отпадот од осум општини и 120.000 жители, кои ги опфаќа овој регион.

- Бидејќи во државата се' уште нема интегрална студија, која би ги одредила потенцијалните локации во Македонија, потребно е ние како локална власт да го решиме овој проблем. Затоа е неопходно стручно мислење, кое ние го обезбедивме преку странска донација за да ја дознаеме можната оптимална локација на оваа регионална депонија за отпад - вели Горан Петров, градоначалник на Велес. (П.П.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EF19D417D7227F43B31411B4BB101FAB
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 29-Dec-2009 at 17:55

Дивите депонии ќе исчезнат по две години

Проблемот со комуналниот отпад во Македонија ќе се решава преку изградба на пет регионални депонии според европски стандарди. Општините од југоисточниот плански регион шансата за регионална депонија ја гледаат во моделот на јавно и приватно партнерство.

- Нашиот регион е во најнапредна фаза во споредба со другите. Сета потребна документација е подготвена и преку моделот на јавно и приватно партнерство сметам дека наскоро ќе почнеме со нејзината изградба - изјави Николчо Чурлинов, градоначалник на Валандово и претседател на координативното тело за Југоисточниот регион.

Од министерството за животна средина најавуваат дека за две години ќе исчезнат дивите депонии.

- По две години нема да имаме неорганизирано собирање на комуналниот отпад и нема да има диви депонии низ целата држава. Со инвестирањето во изградбата на новите пет депонии ќе се решат проблемите со собирањето и складирањето на комуналниот отпад - рече министерот за животна средина, Неџати Јакупи.

Регионалната депонија за десет општини од југоисточна Македонија е во најнапредна фаза. Треба да биде лоцирана на местото на сегашната, кај село Добрашиници, во близина на Струмица. Нејзината изградба ќе чини околу 20 милиони евра. (Р.Т.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=039FFF0A4EBF72469F9CD45088C43A00
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 25-Dec-2009 at 20:56
Еве бидна и ова, сега останува да видиме дали ќе вроди со плод преку приватни инвестиции за третирење на отпадот.

„Дрисла“ се одвои од „Комунална“

За депонирање на ѓубрето во депонијата „Комунална“ ќе плаќа по 680 денари за тон

Сања Наумовска


„Комунална хигиена“ во иднина ќе плаќа за депонирање на ѓубрето во „Дрисла“. Јавното претпријатие и депонијата дефинитивно се одвоија на последната седница на градскиот Совет. Сега, претстојат формирањето на раководни тела на новото јавно претпријатие и систематизацијата од која ќе зависи колку вработени ќе има и дали ќе има нови вработувања.

Двете претпријатија и претходно функционираа одвоено, но се споија во 2003 година токму поради причината „Комунална хигиена“ да ја избегне обврската да плаќа за депонирање на сметот. Сега „Комунална хигиена“ ќе се занимава исклучително со собирање и со транспорт на комунален смет, како и со примарно селектираниот отпад. За депонирање на еден тон ѓубре, од просечно дневно подигнати од 400 до 500 тони, ќе се плаќа по 680 денари.

„Дрисла“, пак, како самостојно јавно претпријатие ќе се обиде да привлече инвестиции заради модернизирање на технолошкиот процес, како и за воведување новини како што е производството на енергија од отпадот, секундарна селекција и друго. Ќе се бараат приватни фирми што ќе бидат заинтересирани да се формира приватно јавно партнерство.

Засега „Дрисла“ ќе функционира со 116 работници и со 19 возила што ќе се преземат од „Комунална хигиена“. Депонијата ќе ја добие и земјата на која се одложува отпадот, како и поголемиот дел од подвижни и од неподвижни работи што се наоѓаат таму.

„Вработените што ќе продолжат со работа во ’Дрисла’ веќе се ангажирани на депонијата, иако еден дел од нив ќе замине и од ’Комунална хигиена’. Ќе им отстапиме и 19 возила, меѓу нив камиони, автобуси, комбиња, патнички автомобили, но и градежни машини и цистерни. Сметаме дека ’Комунална’ ќе продолжи нормално да функционира и понатаму“, вели директорот на „Комунална хигиена“, Ракип Дочи.

Тој објаснува дека претпријатието во иднина ќе има зголемени давачки заради надоместокот за депониран смет, но дел од нив ќе се компензираат со тоа што „Комунална хигиена“ ќе биде ослободена од обврската да се грижи за одржувањето на депонијата, на возилата, како и за платите на работниците што ќе преминат во новото јавно претпријатие.

Иако трошоците ќе се зголемат, сепак, нема да се зголемува таксата за ѓубрарина што ја плаќаат граѓаните, вели Дочи. Но, од „Комунална“ најавуваат дека се подготвува нова методологија за пресметка, со која ќе се напушти моделот за наплатување по квадратен метар. Ќе се разгледаат странски искуства, веројатно од Виена и од други австриски градови. За раководството на „Комунална хигиена“ една од најприфатливите методологии е наплатата по волумен на исфрлен смет.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5158048003558743A9AAFC4F9FEC3112
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 25-Dec-2009 at 00:03

„Паркови“ доби возило за сечење високи гранки

Високите гранки на дрворедите отсега ќе им бидат подостапни за сечење и кроење на екипите на „Паркови и зеленило“. Градот Скопје на претпријатието му додели ново возило со платформа, која може да се подигне на височина од 16 метри.

За возилото од марката „нисан“ Градот потроши 3,7 милиони денари, односно околу 120.000 евра.

- Досега екипите од групата за дрвореди во „Паркови и зеленило“ работеа со само едно возило за поткастрување високи гранки, старо повеќе од 25 години. Тие не успеваа навреме да ги извршат сите решенија за сечење и кастрење на дрвјата. Со оваа донација значително ќе се скрати времето за кастрење на дрвјата - велат во Градот.

Оттаму додаваат дека наредниов период ќе набават уште три камиони за потребите на „Паркови и зеленило“, за што во буџетот за следната година се одвоени 15 милиони денари.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=607647F60995114EA457A3119A3B5A18
НОВА ПЛАТФОРМА ЗА ПОТКАСТРУВАЊЕ ВИСОКИ ГРАНКИ
Градот Скопје на ЈП „Паркови и зеленило“ му додели ново возило – платформа за сечење и поткастрување високи гранки, која значително ќе ја олесни работата на јавното претпријатие.
 
Платформата е од марката Nisan Cup Star и може да се поткрева до 16 метри. За набавка на новото возило Градот Скопје потроши 3,7 милиони денари.
 
Досега, екипите од групата за дрвореди во ЈП „Паркови и зеленило“ работеа со само едно возило за поткастрување високи гранки, старо повеќе од 25 години, и не успеваа навреме да ги извршат сите решенија за сечење и кастрење дрвја издадени од Секторот за комунални работи на Град Скопје. Со оваа донација значително ќе се скрати времето на чекање за сечење на старите, суви, искривени и заболени дрвја во градот, како и за ослободување на семафорите и сообраќајните знаци од гранките во функција на зголемување на безбедноста во сообраќајот.
 
Градот Скопје во наредниов период ќе набави уште три камиони за потребите на ЈП „Паркови и зеленило“. Во Буџетот на Град Скопје за 2010 година за набавка на нови машини за ЈП „Паркови и зеленило“ се одвоени 15 милиони денари.







www.skopje.gov.mk



Edited by lslcrew - 25-Dec-2009 at 00:19
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 03-Dec-2009 at 02:03
Isl.и тоа е  више државна инсфракструктура, општините кај нас се уште се во симбиоза со владата тоа значи дека сметките им се блокирани немаат буџет тогаш со кој пари тие ќе градат депонии ако министерството за животна средина заедно со министерството за транспорт и врски не им изграда депонии тогаш нормално е да очекуваме граѓаните да прават дивии депонии, ова што се случува во Тетово е стварно безобразно од општината,Тетово со број на жители речиси 70.000 или цела околина околку 110.000 жители да нема споствена депониа,ако ги земеме и бројот на жители во Гостивар заедно со околината околу 80.000 тоа се вкупно 190.000 жители да се служат со една депониа, тука мене ми мириса на некој криминал сакаат да привлечат пари од владата а притоа дел од тие пари околку (40%) да направат некоја импровизирана депонија што ќе нема да постои,а дел од парите да ги земат за себе, зашто во моментов Тетово нема ни скршен денар.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.145 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.