![]() |
![]() |
![]() |
✔ Aquaduct Residence - касарна Илинден |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 234 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Today we signed the agreement with Mr. Imer Selman to build the residential building in Skopje 40000 m2 thanks for the trust given to our company D-L investments and Timi investors, may God help us
![]() ![]() Незнам каде е ова поточно локациски?(од фб) |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Нова населба ќе никне кај касарната „Илинден“ на Зајчев Рид
![]() Како една од повеќето алтернативи за оваа намена е искористување на локацијата кај касарната „Илинден“, каде има 168.000 квадратни метри бруто површина за домување. За овој потег, на 28 ноември 2018 година веќе е донесен еден ДУП – Север, Североисток за Градска четврт 03, блок 4, каде сите советници (од СДСМ и ВМРО со коалицијата) гласаа за овој ДУП. Од Општина Карпош додаваат дека за оваа намена, во тек е изработка и на друг ДУП, а обезбедена е и потребната документација за изградба во тој дел. Овде ќе се изгради и соодветна инфраструктура (сообраќајници, канализација и сл.), а предвидени се и згради, образовни и културни установи, деловни објекти, маркети, аптеки, градинка, училиште, факултет и слично Во делот кај касарната „Илинден“, на Зајчев Рид ќе никне нова населба. Предвидени се: згради, дом на културата, градинка, училиште, факултет, деловни објекти, аптеки, маркети итн. Ова како што велат од Општина Карпош ќе биде дел од нивните заложби да се пренасочат градежните активности кон периферниот дел. Тоа е всушност и визијата на самиот градоначалник Стефан Богоев, но и визијата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, градот Скопје да се развива и шири на север, а како погодна локација за тоа се зема токму Зајчев Рид, поточно просторот кај касарната „Илинден“. – Како една од повеќето алтернативи за оваа намена е искористување на локацијата кај касарната „Илинден“, каде има 168.000 квадратни метри бруто површина за домување. За овој потег, на 28 ноември 2018 година веќе е донесен еден ДУП – Север, Северо-Исток за Градска четврт 03, блок 4 (на 28 ноември 2018 год.) каде што сите советници (од СДСМ и ВМРО со коалицијата) гласаа за овој ДУП – информираат од Општина Карпош. Оттаму додаваат дека за оваа намена, во тек е изработка и на друг ДУП, а според Богоев обезбедена е и потребната документација за изградба во тој дел. – За тука ќе изградиме и соодветна инфраструктура (сообраќајници, канализација и сл.), а предвидени се и згради, образовни и културни установи, деловни објекти, маркети, аптеки, градинка, училиште, факултет и слично – информираат од Општина Карпош. Како што потенцираат оттаму, повеќе инвеститори веќе пројавиле интерес за градба во овој дел. – Основната интенција е да се дисперзира притисокот од градење во централното урбано јадро и рамномерно да се урбанизира и овој реон од Карпош – потенцираат од локалната самоуправа. Според Богоев, секако е невозможно, целосно да запрат градежните активности на територија на општината, но затоа, смета дека е возможно и нужно да се постават нови насоки за развој на општината и да се овозможи хуманизација на јавниот простор. Од општината посочуваат дека пред неколку години, Карпош важел за една од скопските општини која била најпогодена од агресивната и непланска урбанизација. – Доаѓањето на Стефан Богоев на позицијата градоначалник на Општина Карпош, меѓу другото значеше и пресврт во однос на пристапот кон урбанистичкото планирање и запирање на негативниот тренд на т.н. „таргетирана урбанизација“. За тоа говори и фактот дека, голем дел од иницијативите за оспорување на одредени ДУП-ови ги поддржа и Општина Карпош, со приложување на конкретни докази до Уставниот суд. Како резултат на таа соработка, досега имаме пет укинати ДУП-ови во урбаното јадро на Карпош – информираат од Општина Карпош и додаваат дека освен тоа, заштитени се делови од Карпош кои биле под директна закана да прераснат во нови станбени комплекси. Toa e просторот кај спортската сала „Партизан“ за која општината се избори да прејде во владение на општината. Овој простор останува со намена Д3 –(спорт и рекреација) и оваа година ќе започне реконструкција на објектот. – Заедно со карпошани го одбранивме паркот на улица „Букурешка“ во Тафталиџе 1, каде што претходното раководство планираше изградба на станбен комплекс. Исто така, во Тафталиџе избришавме и две маркици за згради од државно земјиште и истите ќе бидат зеленило – набројуваат општинските власти. https://www.vecer.press/нова-населба-ќе-никне-кај-касарната/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 234 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |