build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Технички Речник

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 11-Jun-2009 at 20:32
Фала на инфо медо Thumbs%20Up. Туку потсети ме дали можеше да се направи нешто ала конзола на пример со некои греди со препусти? Имаше ли нешто такво или сум побркал?

--о----------о--
   |             |
   |             |
   |             |
   |             |

Исто дали оној герберов носач имаше некои такви варијанти? Знам дека тој имаше решеткаста структура одоздола но се некако ми се врти во глава дека и таму имаше некакви препусти?
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 11-Jun-2009 at 11:03
pbanks, наполно си во право за објаснувањето. Уште би додал дека конзола претставува статички определен конструктивен систем, кој може да се реши со условите за рамнотежа на силите, SumaX=0, SumaY=0 и SumaM=0.
Најчести примери за конзоли од праксата се:
  • тераси, балкони
  • делови од мостови
  • настрешници
  • антенски или други столбови (пр. за семафори и сл.)
  • елементи за покривање на стадиони (Филип II на пример има конзолни испусти за покривот на Јужна, а и Северна наскоро)
  • кранови за подигнување товар
  • крила на авиони...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 09-Jun-2009 at 18:06
Originally posted by La Linea

Хмм, конзоли и те како сме работеле статика, ама мислев дека би имало различно значење во архитектурата. Ова во архитектурата би дошло нешто како универзален термин за се што е издадено и виси (балкони и сл)?


bas me zbuni tvoeto prasanje bidejki i jas pretpostavuvav deka konzoli ste rabotele kaj tebe na fax . Kolku sto mene me sluzi memorijata konzola e toa sto go objasniv vo prethodniot post od konstruktiven aspekt. E sea povtorno ako dobro me sluzi memorijata ne mora sekoj izdatok da bide konzola postojat nacini i od drugi konstruktivni elementi da se izvedat nekoi kombinacii od ovoj tip.

No najdobro neka objasnata arhitektite ili pak uste podobro nekoi od gradeznicite koi se sunjaat na forumo


Edited by pbanks - 09-Jun-2009 at 18:07
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 09-Jun-2009 at 17:57
Хмм, конзоли и те како сме работеле статика, ама мислев дека би имало различно значење во архитектурата. Ова во архитектурата би дошло нешто како универзален термин за се што е издадено и виси (балкони и сл)?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 09-Jun-2009 at 17:52


Terminot na angliski e Cantilever. Najprosto kazano se raboti za delovi od konstrukcijata koi se 'izdadeni' i koi se vkruteni samo od ednata strana. Prost primer za toa se balkonite no konzolite imaat i mnogu "pograndiozna" primena.

http://en.wikipedia.org/wiki/Cantilever


Edited by pbanks - 09-Jun-2009 at 17:54
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 09-Jun-2009 at 17:48
.....подоцна кога и повеќе навлегов во архитектурата, сфатив колку и самиот објект е архитектонски издржан, има големи конзолни испуштања, големи стаклени површини, големи сали и голема тераса, што не ми е јасно зошто телциве (идни конобари) не ја искористија за забавата, туку им требаше да се исцепаат...и не можам да не кажам дека изборот на бојата на фасадата е тотален промашај и заедно со неколку детали, како чадорите и клупите пред објектот м....


Dave Gahan, во  #117 го спомнуваш овој термин „конзолни испуштања“ и навистина ме заинтересира што значи, па ако можеш појасни ми го...
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 31-May-2009 at 02:30
        

 111.   ХРАМ  Црква, Црковна градба за Богослужение. постојат два основни вида на Црковни градби првиот е базиликален, (правоаголен план) типичен за ранохристијанскиот период, а вториот e типичен за средновизантискиот период (централен план) односно Цркви со централен план кои може да бидат во основа (впишан крст во квадрат quincunx) крстообразни или кружни (конхални, ротондални).

Потоа просторно Црквите (најчесто базиликалните) се делат попречно: на едно или трокорабни градби т.е. еднобродни или тробродни.

Црквите се делат и според хиерархија и функција, односно катедрална или епископска-соборна, католикон или манастирска, пештерна или анахоретска, парохиска или градска(селска, маалска) и параклис или помала-помошна Црква.   

Естетски најголем акцент во Православниот Храм е ставен на внатрешното устројство (од подот па се до кубето ), но и на надворешноста, која е едноставна и е резултат на внатрешните сводови и апсиди, кои се и основа за скалесто оформените кровови и калкани, чија симболика (и внатрешно но повеќе надворешно) е скалесто искачување кон Царството Небесно. ѕидоите се најчесто во техника од клесан камен, украсени со геометриски орнаменти од керамопластика, истите можат да бидат изведени во  повеќе техники.    

(етимолошки има две претпоставки: првата од храна т.е. од прото-словенски хранимй – заштитува, чува [1] - xranimŭ guard ), и втората од црковно-словенски  хоромъ - хор

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 31-May-2009 at 01:20

 100.   ТРИКОНХОС  Име за црковна градба со основа во форма на тролист, која ја сочинуваат три полукружни апсиди со полукалоти, три конхи. Се јавува во 6 век кога кај тетраконхата западната конха се отстранува, поради негативното својство на западот - страната каде сонцето „умира„ и од каде што доаѓа ноќната темнина.   [1] [2] [3] [4]

 101.   ТРИФОРА  (види и бифора или мено) Прозор поделен со две столбчиња на три дела. Најчесто изведуван  во време на ренесансниот период.   [1] [2] [3] [4] [5] [6] [7]

 102.   ТРОН  (види и катедра) Престол. Апсидален Престол. Симболично тоа е Божјиот Престол каде во името на Господ Исус Христос за време на Светата Литургија имаат право да седнат само Христијански Епископи (во случај на Архиерејска Литургија правото го има само Архиепескопот или Патријархот, кој е најголем помеѓу еднаквите по чин). Кратко најнапред Престолите биле дрвени а подоцна најчесто од камен, но повторно се јавуваат дрвените Престоли во средниот век, но, со поизразени резбани мотиви него кај каменот  (коине: ϑρονοσ - столица, седиште)   [1] [2] [3] [4]

 103.   ТРПЕЗА  (види и олтар или проскомидија или протезис) Престол на Чесната Трпеза, Олтарна Света Трпеза.   [1] [2] [3]

 104.   ФЕНЕСТЕЛА  – Мал прозорец на Светите Кивоти  (саркофазите [1] [2], гробовите или гробниците) за одавање на почести на реликвиите на Светителите   [1] [2] [3] [4] [5] [6] [7] [8]

 105.   ФИАЛА  – Полусверен сад за вода во атриумот кај базиликите, некаде и со симболика на вода за прочистување, неретко покриен и со балдахин.  се користела и за осветување на вода.   (лат.: phiala)   [1] [2] [3] [4] [5]

 106.  ФЛОРАЛНИ УКРАСИ  – (види и меандар или симболи - вегетабилни)  Декорација со мотиви од преплетени билки.   [1] [2] [3] [4]

 107.  ФЛОС  – (види и капител)  Цветот во центарот на абаковата плоча кај коринтските столбови.   [1] [2]

 108.   ФРЕСКА  (види и бордура и симболи) Живопис изведен на свеж малтер.   [1] [2] [3] [4] [5] [6] [7] [8] [9] [10]

 109.   ФОТИСТЕРИЈ  (види и писцина или фиала) Крстилница, посебна просторија кај Базиликите во која се врши Фотиго -просветлување на огласениот катихумен во Осветена Вода (коине: φωτιςω – свети, просветлува) Светата Тајна се извршува во писцина или кантарос   [1]

 110.   ХОНЕФТИРИОН  – Мала додатна просторија, надворешно од  храмот или како дел од ѓакониконот каде биле миени Светите Садови.



Edited by beTon - 01-Jun-2009 at 01:20
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 31-May-2009 at 00:10

90.  ТЕСЕРА  – Мозаична камена или стаклена коцка   [1] [2] [3]

91.  ТЕСТУДО  – Кај базиликата свововидниот покрив над централниот кораб. [1] [2] кој кај трансептот преминува во крстовиден свод  потоа се јавуваат и арки на сводот кои се задржуваат кај западноевропските Црковни градби и истите подоцна се изведуваат со декоративни ребра во различни форми по сводот [1], типизирајќи повеќе ралични видови на заподноевропски сводови како разгранети (лепеза), ѕвездасти, ребрасти, мрежасти, палмовидни или (ќелијски)кристални сводови , сите карактеристични за по романичниот период  т.е.  карактеристични за готиката и ренесансата   [1]   (лат.: testudo - желка)

92. ТЕТРАКОНХОС  – Централен тип на раноХристијанска градба, комбинација во планот на квадрат со широки полукружни апсиди, на секоја страна од наосот; Градба составена од четири конхи, се јавува во втората половина на 5 век, симболизира соединување на кругот на сверата со секоја страна од наосот, т.е. спој на Небото и земјата. Од тука потекнува и идејата за „Впишан Крст во Правоаголен План„ Во 6. век западната конха се отстранува, поради негативното својство на западот - страната каде сонцето „умира„ и од каде што доаѓа ноќната темнина, така и се појавува Триконхосот.   [1] [2] [3] [4]                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                   

93.  ТИМПАНОН  (види пелта или лунета ) Вдлабнато или само врамено полукружно поле над врата и прозор,  кое обично е украсено со рељеф, мозаик или фреска.  (коине: τύμπανον )   [1] [2] [3] [4]

94.  ТИСИАСТИРИОН  – исто што и Трпеза. (коине: ϑυσιαστήριον )

95.  ТРАВЕЈ  – Основна просторна единица на Црква со правоаголна или квадратна форма, секција која ја формираат попречни греди , пр. Трокорабна Црква е составена од  централен брод и два странични травеи или бочни кораби. Ова е име и за сводното поле кое е омеѓено со лонгитудинални и трансверзални куполи.

96.  ТРАНЗЕНА  – Перфорирано украсена правоаголна камена плоча, монтирана воглавно на прозорците или во олтарните прегради.   [1]

97.  ТРАНСЕПТ   Страничен, попречен брод на Црква положен под прав агол по надолжниот брод, кој на основата на базиликалниот Храм му дава изглед на Крст; Попречен кораб во Базилика, оформен со отворањето на ѕидовите на ѓаконикот северно и проскомидијата јужно од презвитериумот, со идеја за оформување на крстовиден базиликален план.   [1]

98.  ТРИБЕЛОН  (види и портал) Троделен влез, премин од нартексот во централниот кораб или во наосот на еднокорабните Цркви; конструкција од три арки носени врз две колони (симболика на Света Троица).   [1] [2]

99.  ТРИБУНА   (види амвон или аналој или бема ) Трибина, пулпитум, апсидална трибина со поткрената платформа. Апсидалната платформа е повисока од подот на презвитеријалната бема, со идејата за искачување на Христијаните кон Светлината (ad lucem)   [1]



Edited by beTon - 01-Jun-2009 at 00:10
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 30-May-2009 at 23:00

80.  СКИТ   Мал Манастир во кој живејат Испосници, обично мало братство.   (коине: σκῦτος - сокрива)

81.  СПОЛИЈА  – Секундарно извадени архитектонски (столб, врата, плоча, ...) или градежни материјали (камен блок, керамика, ...) повторно употребени во некоја подоцнежна градба.   [1] [2]

82.  СТАВРИОН  – види Крст (коине : σταυροσ - исправен, праведен)

83.  СТИБАДИУМ  – Место за одмарање во полукруг, кај базиликите тоа е полукружна клупа или кпенести седишта во апсидата.   (коине: στιβάδιον од στιβάς - гранка [1] )  Исто што и Субселиум , камена клупа во полукруг во апсидата наменета за свештенството; долно седиште долж апсидалниот ѕид од спротива или од страните на Тронот ((катедрата) кој е горно или високо седиште)   [1]

84.  СТОЛБ  (види и импост или колонада или колонета или мено или пиластер ) Вертикален конструктивен елемент во архитектурата, носач на кружен пресек кој слободно стои, а функцијата му е да го пренесе товарот од кров, греда или лак, на друга површина или на тлото, а може да има и исклучиво декоративна улога; Класичниот столб е дел од архитектонскиот поредок во класичната архитектура кој е составен од капител(глава) тело(оска) и калат(база)   [1] [2] [3] [4] [5] [6]

85.  СУБСЕЛИИ  – Долни седишта, поставени латерално од Епископскиот Трон, долж апсидални ниши, на овие банкини-клупи седеле Презвитерите (асистентите свештеници) во името на Светите Апостоли, заради што и цел овој простор бил наречен Презвитериум. Кај помалите базилики еден ред кај поголемите се оформувале полукружно повеќе редови (лат.: subselliaкоине: ϑρονοι δευϑεροι)   [1] [2] [3] [4]

86.  СУПЕДАНЕУМ  – Мала клупа, постоље за нозете пред Тронот, исто што и скабилум

87.  СФЕРА  – Полос, Небесна сфера; елементите на сферата во раноХристијанската базилика се гледаат на повеќе места: Долната земната полусфера ја гледаме пр. во фиалите во атриумот, некои типови на писцилници на Крстилниците, некои сталаци на амвоните, исто Кадилниците, потоа во Светите Садови: сите пехари (Каликс, Путир) Патени, Лажицата итн. Горната Небесна полусфера ја гледаме кај Куполата на Црквата, во линија над презвитериумот или центарот на наосот, и делумно во апсидалната полукалота, додека кај базиликите и во балдахините над амвонот и Олтарната Трпеза.  (коине: σφαιρα - топка)   [1] [2] [3] [4] [5] [6]

88.  ТАМБУР   Цилиндричен или октогонален ѕид на кубето (кој ја носи куполата) кој се вметнува помеѓу пандантифот и калотата, за да кубето (калотата), однадвор  се постави повисоко и за да (на тој тамбур) можат да се отворат прозори за осветљување на внатрашноста на храмот.   [1] [2] [3] [4] [5] [6]

89.  ТЕМПЛОН  види Иконостас.



Edited by beTon - 31-May-2009 at 23:00
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 30-May-2009 at 22:23

70.  ПУЛПИТУМ  (види амвон или аналој) Певница, од каде се чита Светото Евангелие   

71.  РОЗЕТА  – Кружен орнамент во форма на цвет, кружен простор со декоративен испуст од изрезбана камена плоча, тркалезен прозор со различни украси.   [1]

72. РОТОНДА  – Мала градба (Црква) со кружна основа, со купола.

73.  СВОД   (види апсида или калота или kупола) Конструктивен дел изѕидан по крива линија над една просторија, со потпирач на нејзините ѕидови; може да биде полузаоблен,  заоблен, крстест итд.   [1] 

74.  СЕПТУМ  – Септумска ограда, или колонада во наосот ги раздвојува зоните на централниот брод (патеката на Господ Исус Христос) од северниот и јужниот [ кораб  en.wikipedia.org/wiki/Aisle#Architecture ] (животната патека на жената и мажот)   (лат.: septum)   [1] [2]

75.  СИМБОЛИ  – Символи, метафори со преносно значење за изразување на Христијанските идеи и доблести чија цел е доближување до или објаснување на Православната есхатологија [1] , кои во раноХристијанството се посилно застапени во орнаментиката на сите видови Христијанска уметност, од архитектурата, преку фрескосликарството ,  мозаиците и резбата, па се до писанијата [1]   (коине.: συμβάλλω - придонесува до, доведува до)   [1] [2] [3] [4] [5]

Геометриски Символи   [1] [2]    

-        Крст  + Симбол на човековата егзистенција, на победата на Животот над смртта, симболика на Распетието, Воскресението и Вознесението на Господ Исус Христос со  што се отвори повторно Небесата за човекот

-        Квадрат  – Земната плоча

-        Круг  – Царството Небесно

-        Пелта  – Орнамент со полукружни крлушки (борова шишарка); изгрејсонце, бројни изгрејсонца, Воскресение

-        Плетенка  – Живот, јаже на животот, чест мотив на меанадар во раноХристијанската Црква [1]

-        Ромб  – Симболично порта за повторно раѓање, женскиот принцип на раѓањето

-        Свастика  – Тетраграматон, Симболична претстава на за вечното сонце, стар симбол на на вечното сончево патување

Вегетабилни символи      

-        Бршлен  – Живот

-        Винова лоза  – Живот

-        Крстовидна листеста розета  – Рај

-        Лилјан  – Господ Исус Христос, стебло на животот во Рајот

-        Стебло на животот  – Рај

-        Цвет  – розета, Рај

Фигурални символи на животни [1]

-        Гулаб  – Љубов

-        Гулабица  – Духот Божји кој лебди над водите, душа на праведникот

-        Елен  – Разгранети рогови, дрво на животот;плодност, растење и повторен живот; зооморфен симбол на душата на верникот; брзина и скокови; повик, Господ Исус Христос ги призива душите

-        Зајак  – Плодност, непрекинлива обнова на животот

-        Јагне  – Слика на Господ Исус Христос невина непорочна жртва

-        Квачка со пилиња  – Раскрилената Ранохристијанска Црква на своите Верници

-        Кошута, срна - Душа, невина душа

-        Паун  – Сончевиот круг симбол на бесмртноста; опашот ѕвездено небо. Неподмитлива душа и човековата психичка двојност. Јавачка птица, со стотина очи, симбол на вечно блаженство и средба на душата со Бог лице влице

-        Лав  – Помазаникот Божји, Сонце, Правда и моќ - Господ Исус Христос

-        Орел  – Вознесение, кралство, духовно обновуваање...

-        Феникс  – Нескршлива желба за преживување, Воскресение, победа на Животот над смртта; предзнак на сончевата светлина

-        воден коњ-хипопотам  – бехемот, демонот на водите

-        змија  - подземен зол демон, ѓавол

-        јарец - ѓавол, сатана, демон, грешник

-        скорпија - смрт, поретко користен симбол

Морски психопомпи

-        Делфин  – земни води, Господ Исус Христос Спасител

-        Риба  – земни води, Господ Исус Христос Спасител, Христијанските души

Фигурални символи, предмети

-        Арка  – Небесен свод

-        Кантарос  – Извор, стебло на Животот

-        Котва  – Душа, стабилизирање на душата на Христијанинот

-        Канелиран столб  – Искачување кон Небото   [1] [2]       

-        Канелура  – Надолжни жлебови, канали со полукружен профил. Симболика на канали по кои патуваат Христијанските души кон небесните води, по најдиректна аналогија со апсидалната ниша како најголем, централен канал.

76.  СИМЕТРИЧНА СЛИКА  – Според Стариот Завет, книгата на постанокот, Господ наредил: Нека има Свод среде Водата и тој да разделува вода од вода! Така Бог ја одвои водата од под Сводот, од водата над Сводот. Тоа биле значи основните елементи од античкиот и потоа раноХристијанскиот Космос. Според тоа верување, се што се наоѓа долу под сводот: земјата, морињата, океаните итн., претставува копија, симетрична слика на горниот, Небесен Свет, со единствена разлика: долу постои смртниот живот, а горе Вечниот Живот.

77.  СИНТРОНОИ  – (nave stacidia) Горно место; Полукружни степенасто оформени заеднички седишта, лево и десно од Светата Трпеза т.е. презвитериумот - во апсидите кај певниците. (коине: συνϑρονοι – заеднички седишта)   [1] [2]

78.  СКЕВОФИЛАКИОН  – Име за Ѓакониконот, просторија за чување на Свештеничките одежди (облеки). (коине: ςκευοφιλακιον - место, просторија за чување)

79.  СОЛЕА  Средишен простор на храмот лоциран под централното кубе.  (коине: σολυμ солум Престол) место во Храмот каде има право да седи великодостојник, кај раноХристијанските базилики тука бил сместен и хорот, тогаш солеата имала исто како и кај презвитериумот ниска ограда со плочи или како што денес е ограден Олтарот во римоКатоличките Цркви со [1] балустри била поткрената за една скала во наосот   [1] [2]        



Edited by beTon - 31-May-2009 at 22:23
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 30-May-2009 at 21:22

60.  ПИЛАСТЕР  – Столб кој стои до (на) самиот ѕид или со едниот дел од својата дебелина е вграден во ѕидот; полустолб; внатрешен или надворешен ѕиден потпор, кој служи и како растоварување на сводовите. (итал.: pilaster)   [1]  наместо основа во фрома на калат база како кај класичниот столб, пиластрите во подножјето најчесто ги носи  цокле , и пиластрите можат да имаат потпорна функција, но исто така можат да служат како декоративен елемент.   [1] [2] [3] [4] [5] [6] [7] [8]

61. ПИРГ  – Кула, видиковец. се користеле и како камбанарии (коине: πυργος - одбрамбена кула, етимолошки - високо)   [1] [2] [3] [4] [5]

62.  ПИСЦИНА  (види и крине или фотистериј) Базен за потопување при Покрстувањето лоциран во крстилницата во раноХристијанските базилики, тоа е мал базен најчесто во кружна или крстовидна форма, катихуменот се потопува во оваа вода три пати, по што тој преку прочистувањето постанува достоен за Светата Тајна Крштевање. Тоа е симболично почетна гаранција дека доколку доследно ги почитува Седумте Свети Христијански Тајни, ќе успее да дојде до Божјата Светлина до вечниот живот на Небото. Писцината треба да има две скалила со по три степеника, едно влез другото излез за Крстениот катихумен  (лат.: piscis - коине: κολυμβηϑρα)   [1] [2] [3] [4]

63.  ПЛУТЕЈ  – Плоча, дел од презвитеријалната преграда, која кај раноХристијанската Црква е наместо олтарот и претставува ниска ограда околу Христовиот Гроб околу Олтарот.   [1] [2] [3] [4]

64.  ПОЛИЕЛЕЈ   Поликандило, украсен прстен од дрво или бронза кој виси под кубето и служи за свеќи и кандила. (коине: πολυελαιον - полиелион - поголем елеј(маслиново масло)) исто означува и дел од Богослужбите т.е. 134 и 135 псалм на празничните утрински Богослужби   [1] 

65.  ПОРТАЛ  (види и трибелон) Архитектонски обработен влез на Цркви, дворови, градини и други градби. Најчесто тоа е рамка од греда(линтел) и два столба, може да носи и лунета или корниз, а може да има и повеќе столбови. На средновековните Цркви главниот влез е украсен со пластични претстави со билни, геометриски, зооморфни и антропоморфни мотиви.   (лат.: porta од коине: πόρος )   [1] [2] [3] [4] [5]

66.  ПРЕЗВИТЕРИУМ  – Олтар, Светилиште, кај раноХристијанската Црква правоаголен простор на источниот дел од наосот, одделен со презвитеријална (олтарна) преграда позната како темпло името го добива по Свештениците – Презвитери т.е.нивното место во Храмот - Олтарот  (коине: πρεσβύτερος)   [1] [2]   

67. ПРИПРАТА   Пронаос односно Нартекс; Предворје на Црквата.   (коине: περιπατος - до патот)   Исто се среќава и како Перистил т.е. двор оформен со четири портика(стои)(пери-стили-ум ; наоколу поставени столбови.  (коине: περίστυλον - полустолб)

68.  ПРОСКОМИДИЈА  (види и ѓаконикон или пастофорија или протеза) Протезис, Жртвеник; Посебен, најчесто вдлабнат простор во северниот дел на олтарот, кој служи за подготовка на Светите Дарови, лебот и виното за Причест; анекс-пастофорија (доѕидана просторија); масата за подготовка на Светите Дарови за чинот на Евхаритија на Литургијата која уште се нарекува и протеза, кај базиликите и средновековните византиски Цркви се јавува и како засебна просторија во северниот дел од олтарната апсида или северната олтарна апсида во продолжение на северниот бочен кораб   (коине: προϑεσις изложување, положување)

69.  ПРОТЕЗИС   (види проскомидија или пастофорија) Најпрво маса - протеза, во нартексот, десно од влезот, за одложување на даровите, Лебот и Винито. Подоцна посебна просторија северно од нартексот, се смета дека во 6. век заради скратување на Процесијата Голем Вход, просториите ѓаконикон и проскомидија биле преместени на источната страна на базиликите. 



Edited by beTon - 31-May-2009 at 21:22
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 30-May-2009 at 20:21

50.  НАОС   Главен, централен дел на внатрешноста на Храмот. Навис, брод, кораб, лаѓа, овој простор символизира кораб на Христијанското спасение кон Вечниот Живот во Небесната Рајска Градина, со кој управуваат Седумте Христијански Тајни (сакраменти).   (коине: ναός - храм, брод на животот)   [1]

51.  НАРТЕКС  (види и ендо и ексонартекс или припрата) Предпростор внатрешен западен влез на Црква, предворје – предверие на наосот; тесно, квадратно предворје кое води во главниот брод на Црквата; Припрата; Тесна и долга просторија во која престојуваат огласените (катихумени). Често во нартексот се наоѓаат скалите за горната галерија во која се влегува во двете галерии надстраничните кораби.  (коине: ναρϑηξ)  кај раноХристијанските базилики тоа е атриум, отворено предворје.   [1]

52.  НИША  (види апсида или конха или лунета (разлика во етимологијата на името)) Помала апсида, првенствено се однесува на полукружниот апсидален ѕид, но и на полукружна вдлабнатина во ѕид над прозор или врата - лунета  (фр.: niche - гнездо)

53.  ОЛТАР  (види и апсида или презвитериум) Светилиште, презвитериум, простор каде се извршуваат литургиските обреди; Олтарот симболично е премин кон Рај, и се наоѓа на Исток,  затоа и главната порта на иконостасот се нарекува исто така „Порта на Рајот„ (Рајски - Царски Двери); кај раноХристијанските базилики е составен од презвитериум(предворје на рајската градина) и олтарна апсида(рајска градина, канал преку кој Господ Исус Христос се вознесува кон Царството Небесно (симболично куполата)), додека денес презвитериумот изостанува, и единствено презвитеријално место е Светиот Олтар. Презвитериумот бил на бема (за скала повисока платформа од централниот кораб),  додека Олтарот, како и денес,  е подигнат на апсидалната платформа (која е уште повисока од бемата за една, три или повеќе скали);  во Олтарот централно место завзема Чесната Трпеза која ја претставува масата од последната вечера (Тајната Вечера) на Господ Исус Христос и Светите Апостоли, на неа се осветуваат Светите Дарови (Причесната), Лебот и Виното (Телото и Крвта Господови), главниот литургиски обред по кој се исполнува Светата Тајна на Евхаристијата, причестување на Правоверните Христијани. Формата на горната плоча на трпезата од раноХристијанските базилики па се до денес се сретнува во повеќи облици како сигма (полукружна форма, заоблена на источната, а правоаголна на западната страна),  четвртаста, кружна или правоаголно-саркофагоидна. Како дел од самиот Олтар се издвојуваат два простора или простории: северно е проскомидијата а јужно ѓакониконот.   (лат.: altus - високо)   [1] [2] [3]

54.  ПАНДАНТИВ  Триаголен сегмент од сфера; Сверен триаголник над сите четири агли во квадратен простор, служи за да се овозможи премин во кружната основа на кубето, или тамбурот на кубето.  [1]  може да биде и одреден сегмент со полукалота доколку арките се повнатрешно поставени во однос на кубето или тамбурот на кубето - конкавна ниша   (анг.: pendentive)   [1] [2] [3] [4]

55.  ПАРАКЛИС  – Капела присоединета на Црквата или вклопена в неа; има посебна намена (пр. служи како крстилница, за помали или поусрдни Молитви и Богослужби) ; исто што и Капела или Ораториум (коине: παράκλις од (παρακ - exhorted) - потикнува, по усрдно)

56.  ПАСТОФОРИЈА  (види ѓаконикон или проскомидија) Во раноХристијанските и византиските Цркви заедничко име за преѕидани простории на олтарската апсида. Ѓакониконот и Проскомидијата се Пастофории (пастофорија). Тие се симетрично поставени во Олтарот т.е. олтарните апсиди на страничните кораби, кои завршуваат во Светиот Олтар. Пастофориите претежно се јавуваат кај византиските базилики   (коине: παστός - додатно и φόρος - носи)

57. ПЕВНИЦА  – Може да биде и во бочните апсиди, а може да биде и крената на столб или на самиот ѕид т.е. Пулпитум или Аналој.   [1] [2] [3]

58.  ПЕЛТА  – Декоративен орнамент во вид на полукружен штит, над портите и прозорите кој за разлика од лунетата   (коине: πέλτη - полуотворен штит за копје на фалангата)   [1] [2] [3]

59.  ПЕРИСТЕРИОН  – Име за воздушниот простор под балдахинот,  до Олтарната Трпеза, тука од балдахинот висел сребрен или златен гулаб – символ на Светиот Дух кој слегува од Небото, денес се среќава и ноево јајце. (коине: περιστέριόν - гулаб)



Edited by beTon - 31-May-2009 at 20:21
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 30-May-2009 at 19:20

40. КРСТ + Симбол на Христовото Распетие и Воскресение

Христијански Симбол на Победата над смртта, Симбол на Спасението, Смирението и Слободата кои произлегуваат од Верата во Господ Исус Христос ... Крстот Христов е учењето Христово ... Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот Крст и да оди по мене (Матеја 16, 24) значи да се победат гревовните болести т.е. страсти, како и личните страдања на земниот живот, преку Верата во Христа, за да станеме способни (низ борба со искушенијата) за благочестиви подвизи, исполнувајќи го Новиот Завет кој ни го даде Господ (Законот На Љубовта) [1]

Како главен симбол Крстот се користи во Боголужбите но и во секојдневието преку изобразувањето на Крстот од секој Верник оделно (преку крстењето) со што најнапред се молиме во себе, но воедно и преку таквата објавена молитва се заштитуваме од неволји, со изобразувањето на Крстниот Знак во име на Света Троица Христијаните всушност (се) Благословуваат!

Христовиот Крст
е најраспространет и најпочитуван симбол во светот, а се прифаќа како таков по официјализирањето на Христијанството од страна на Свети Константин Велики кој воедно и прв го употребува во четвртиот век, и со чија помош успева најнапред да се спаси, а потоа и да стане најпочитуваниот владетел во цел византиски свет [1][2] и од тогаш наваму

Крстот е неодминлив Христијански симбол во Христијанската еклисиологија и Христијанската уметност [1]

 

низ вековите постојат разни интерпретации и форми на Крстот како симбол, пример дека е спој на вертикалното и хоризонталното во животот т.е. небесното и земното, односно преку прифаќањето на Бога и смирувањето пред него се смируваме и со светот и луѓето во истиот! или пример во неолитот кај нас кукастиот Крст (Винчанските записи) како симбол на постојаност на овие две есхатологии или како симбол на вечното циклично сончево патување...

Како попознати форми на Крстот низ историјата се јавуваат Христограм или Ставрограм за името на Господ Исус Христос или познат уште како Константинов Крст кој го прими овој симбол од Бога
Crux Apostolus
Crux Coronata Крст во венец
Crux Coptica Коптски Крст
Crux Commisa Крст со подог вертикален крак или познат како латински Крст
Crux Decussata или познат и како Свети Андрев Крст
Crux Gammata Свастика или познат како кукаст Крст
Crux Gemina Архиепископски Крст, Патријаршиски Крст
Crux Gestatoria Крст што се носи<
Crux Immisa Крст со подолг долен крак познат и како латински Крст
Crux Orthodoxa Православен Крст или познат како византиски Крст или руски Крст
Crux Quadrata Крст со еднакви краци или познат како грчки Крст
Crux Simplex Еден крак
41. КУПОЛА (види свод или сфера) cвод од камен или форма на полутопка. Може да биде изградена над кружна или квадратнa основa, што диктира и различен конструктивен склоп. Се состои од тамбур, кубичен појас и калота во зависност од концепцијата на градбата. Тип на свод,  со символика на Небесниот свод. (итал.: cuppula)


42. ЛИНТЕЛ (види архитрав)


43. ЛУНЕТА  Вдлабнато полукружно поле или окно над поралите и прозор, често украcено со рељеф или фреска. Класичната тријаголна форма на лунетата е фронтон т.е. попознат како термин кој се употребува и за опис на одреден вид на ѕид или баџа

44. ЛУТЕР (види комплувиј) Када, базен среде атриумот. првенствено кај римскиот атриум простор за собирање на дождовницата. кај раноХристијанскиот атриум, лутерот го заменуваат, фиалата или кринето, првенствено со симболика за прочистување пред влезот во наосот (зона на посветен Христијански живот)


45. МАТРОНЕУМ  – Матроникион, Просторот на северниот исто како и северната галерија на емпората наменет за женските Христијански Верници.

46. МАНАСТИР – Општежителство, организирана монашка заедница.  (коине: μοναστήριον - монастирион > μοναχος - монахос > оној кој живее сам, μονος - сам)

47. МЕАНДАР – Врамена шара, околу порта или прозор на архиволт или на хоризонтална трака на фасада, најчесто во бар (бас) рељеф (коине: мɛανδρος

48. МЕЛОД – Певница, псалтирница μελδία – мелодиа - складен

49. МЕНО – Двоен прозорски столбец, компониран од база, двоен столбец и импост.


Edited by beTon - 18-Apr-2017 at 12:58
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 30-May-2009 at 18:19

30.  КОЛОНАДА  (види и столб) Низа од столбови помеѓу централниот брод и страничните крила, кои носат архитрав,  по 6 век се заменуваат со аркади т.е. ѕидани столпци со арки, период кога почнува масовно да се применува сферата  и кругот како неизоставна симболика на Христијанството преку куполи, сводови, арки, ниши   (лат.: columna - столб)   [1] [2] [3] [4]           

31.  КОЛОНЕТА  (види и мено) Столбче, столбец помеѓу деловите на дупли прозори на порталите, на ивиците на тамбурот кубето и апсидите.   [1] [2] [3]

32.  КОМПЛУВИЈ  Квадратен отвор над атриумот кај раноХристијанските базилики  низ кој влегува светлина или врне дожд. Спротивно доле е имплувиј.   [1] [2]

33.  КОНЗОЛА   Камен испуст на фасада на градба која го зафаќа од доле и го носи горниот дел; најчесто потпирач на лак или фигура.   (фр.: console)   [1] [2] [3] [4] [5]

34.  КОНТРАФОР  – Надворешен ѕиден потпор кај базиликите, за растоварување на притисикот од сводовите.   (анг.: countereffort)   [1] [2] [3]            

35.  КОНХА  (види и апсида или ниша (разлика во етимологијата на името)) Полускалесто оформен покрив на апсидалните ниши, школка,  претежно се однесува на полукалотата(полукупола) на апсидите; Полукружна ниша полукружно надградена со полукалота - полукупола. Зона за премин, влез во небесните води; Кружна статична ниша, обично конхите-нишите носат или монофора или бифора   (коине: κόγχη - школка, ниша )   [1] 

36.  КОРДОНСКИ ВЕНЕЦ  Венец од различен профил кој хоризонтално ја дели фасадата.   (фр. cordon - гајтан, врвка)   [1]      

37.  КОРНИЗ  Стреа, Издадени декорации врз первазот чија намена е да ја одбиваат дождовницата, кај не'класичните градби  попознат како симс   [1] [2]

38.  КРИНЕ  – (види фиала) Извор, име за кружно оформен бунар за вода среде атриумот   (коине: κρηνη - извор)   [1] [2]

39.  КРИПТА  – Подземна засводена просторија под Црква или капела во која се погребуваат заслужни личности.   (коине: κρυπτη - скриена)   [1] [2] [3]         



Edited by beTon - 31-May-2009 at 18:19
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 30-May-2009 at 17:18

20.  ИМПОСТ  – (види и капител или колонета или мено) Во архитектурата на раноХристијанските базилики посебен сегмент помеѓу капителот и лакот, или столбот и сводот, во форма на порабена пирамида монтирана обратно,  со што сводот добива поширока подлога,   (лат.: imponere - седло, грбка)   [1] [2] [3] иста намена како и абакусот [4] во класичната арх., единствено што подоцна во византиската сакралната арх. наместо плоча има форма на превртена пирамида  т.е. ромб [5]  

21.  ИНТЕРКОЛУМНИЈА  – Интеркаларен, простор помеѓу два столба. Граници: долу стилобат, бочно по една колона, горе "трансцедентална арка"; растојание помеѓу два столба.   (лат.: intercolumnar )

22.  КАЛАТ  – (види и капител или столб) Кошница, термин користен за поголемиот долен дел на коринтски капител во форма на кошница.   [1] Спротивен елемент на коринтскиот столб е специфичната коринтска основа-подножјето на столбот  [2] [3] [4] [5]           

23.  КАЛОТА  – (види и апсида или купола или свера или свод)  Ниско засводен дел, округло засводена таваница, кубе без тамбур...   (итал.: calotte)   [1]

24.  КАПИТЕЛ  – (види и импост  или калат или столб) Врв на столб заоблен и украсен на различни начини, во завист од стилското разбирање и времето кога столбот е изработен.   [1] [2] [3]              

25.  КАТЕДРА  (види и солеа или трон) Престол, Епископска  столица (со рачки и подножје (амвон, скабилум, супеданум)) во дното на апсидата, на нејзе од името на Света Троица седи поглаварот на Црквата, (коине: καϑεδρα - седиште)

26.  КАТОЛИКОН  (види и Манастир или Храм) Катедрален, Соборен, Главен Храм во Манастирите; Црква со централен план „крст во квадрат„ но со изразено голем централен простор во наосот; Исто може да се однесува и на наосот, главниот брод во Црквата   [1]

27.  КЛАВУС  – (види и арка) Клин, финалниот-последниот камен во арката.   [1] [2]

28.  КЕЛА  – (види и манастир или скит) Молитвено престојувалиште на аскет (анахорет) ;  Ќелија, пештера, мала просторија. Кела трихола или триконха, просторија со три полукружни, пресводени ниши. Исто се однесувало и на централниот дел на наосот. (лат.: cella а етимологијата е од caelum - небо, рај)   [1]    

29.  КЕРАМОПЛАСТИКА  – Техника на декоративно ѕидање со тули (коине: κεραμοπλαστικος) во комбинација со Ашлар ; покрај  керамопластика се среќаваат и  штуко  декорации   [1] [2] [3] [4] [5] [6] [7] [8] [9] [10] [11]         



Edited by beTon - 31-May-2009 at 17:18
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 30-May-2009 at 16:17

10.  БЕМА  (види и амвон) Апсидална платформа; Поткрената платформа на презвутериумот, обично за еден или повеќе степеника; преградено место за Свештеници, особено за Владичкиот Трон   (коине: βημα – степеник, возвишување )   [1]

11.  БИФОРА  (види и мено или трифора) Дводелен прозор; два полукружно оформени отвори, разделени со мено,   (лат.: biforate  ваквите лачни базиликални прозорци можеле да бидат и монофори , трифори , квадрифори итн.   [1] [2] [3] [4] [5] [6]

12.  БОРДУРА  – (види и фреска)  Декоративна лента. перваз, лента, венец, пораб, рамка, обично во боја, која ја раздвојува композицијата, односно сцените, во фреско-живописаните храмови.   (фр.: bordure)   [1] [2] [3] [4] [5] [6]

13.  ДЕАМБУЛАТОРИУМ  – (види и олтар или прзвитериум) Простор, ходник, за опколување на Олтарот.   [1]

14.  ЃАКОНИКон  (види скевофилакион или пастофорија или проскомидија) Јужен дел на олтарскиот простор во кој се чуваат одредени црковни предмети;  вдлабнување во ѕидот или засебна просторија на десната страна од Светиот Престол - Олтарот, во која се чуваат Светите Садови, одеждите на Свештенството. Првобитно маса а подоцна просторија, кај раноХристијанската базилика лоциран во нартексот, а покасно во презвитериумот т.е. Светиот Олтар каде во северната апсидална ниша е проскомидијата а паралелно во јужната апсидална ниша е ѓакониконот. (коине: διακονικον - служи, прислужува) просторија за Божјите слуги - Свештените лица.

15.  ЕКСОНАРТЕКС  (види и ендонартекс или нартекс ) Егзонартекс, Надворешна припрата, надворешен страничен нартекс, долга и тесна просторија со иста форма како нартексот, може да биде и негово предворје.   (коине: έξω ναρϑηξ - пред нартекс, надворешен нартекс)   [1]

16.  ЕМПОРА  – Галерија, галерии, балкони на спрат, над бочните кораби од наосот или над нартексот, денес најчесто простор за хор.   (коине: εμπορα)   [1] [2] [3] [4]

17.  ЕНДОНАРТЕКС  – (види и ексонартекс или нартекс) Внатрешен нартекс, странична припрата, страничен влез во главниот брод- наосот; анекс, доѕидани простории.

18.  ЕПИСТИЛ  – Исто што и архитрав, греда што се монтира - епи, врз, стилос столбот (столбовите на колонадата);   (коине: επιστολις - столб)

19.  ИКОНОСТАС  – Олтарна рамка за Икони; Преграда во храмот помеѓу Олтарот и Наосот т.е. помеѓу просторот за Свештеници и Верници. Првобитните иконостаси биле камени и во форма на ниски олтарски прегради (темплон), а подоцна високи и дрвени. најчесто украсени со резбани мотиви и сцени;   (коине: εἰκών - икона и στάσις - стабилен)   [1] [2] [3]   



Edited by beTon - 31-May-2009 at 16:17
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 30-May-2009 at 15:16
во контекст на нишката Православна Духоносна Архитектура еве и арх. речник кој покрива терминологија за архитектурата на раноХристијанските и средновековните Црковни Храмови карактеристични за ова поднебје.
 
речникот е составен од термини извадени од повеќе книги и веб страни, кои се покриени со македонски дефиниции, аналогно во насловот линкувани и со нивната англиска верзија (најчесто со статии од википедија), воедно покриена е и етимологијата на зборовите.
термините на крајот од дефинициите се претставени и со графички прикази (цртеж и слика) или дообјаснувања, кои се линкувани во фусноти.
 
се надевам дека интерактивниов речник квалитетно ќе ја надополни ова специфична тема, но и целосно ќе го пополни вакумот за истата кој постои на македонскиот интернет простор.
сите забелешки и дополнувања се добредојдени! добро е да се надоврзат слични интерактивни речници и од останатите области кои ги покрива овој форум, за сетне да дотераме до еден темелен и интерактивен технички речник!
 

 1.    АМВОН  (види и аналој или певница) Издигнат простор, пред Олтарот помеѓу иконостасот и солеата, најчесто во полукружен или кружен план, на кој се извршува дел од Богослужбата односно Литургиските читања (каде се поставува аналојот и се чита Светото Евангелие , исто (од) тука се читаат Ктениите, Молитвите и Помените, и од тука Свештеникот ги објавува Проповедите и Отпустот на Литургијата); 

Амвонот симболички го претставува каменот кој Архангел Гаврил го тргна од Христовиот гроб, а  технички тоа е пулпитум (говорница) во средиштето на централниот кораб, најчесто кружна или полукружна платформа до која се доаѓа низ еден или два реда скалила   (коине: άμβων од άμβαινειν - искачување, издигнување, вознесување), во раноХристијанската базилика но и денес оваа платформа може да е покриена со Балдахин  [1] [2]      

 2.    АНАЛОЈ  – или Аналогион  со функција на амвон, преклоплив или фиксен сталак на кој стои Светото Евангелие за време на Богослужбата при неговото читање-поење како и читањето на неделната евангелска перикопа од посланијата на апостолите.

Исто служи и како сталак за Сетите Икони.  [1] [2] [3] [4] [5]

 3.    АПСИДА  – (види конха или ниша (разлика во етимологијата на името))  Дел од храмот, полукружен простор засводен со полукупола;

Претежно се однесува и на конхата и нишата заедно, апсидата е полукружна ниша со симболика на каналот низ кој се раѓа сонцето (источна апсида) и низ кој заоѓа сонцето (западна апсида), покрај олтарска (источна апсида), постојат и певнички апсиди (јужна и северна);   (коине: αψιζ - апси од глаголот апто: допира, прикачува, прилепува - да се допре, досегне точката на изгрејсонцето)   [1] [2] [3]              

 4.    АРКА  – Лак, полукружно пресводен премин кој го символизира небесниот свод; Исто ковчегот во кој старозаветниот Ное се спасува од потопот;

Во раноХристијанската Црква сад во кој се чувале Евхаристијата, реликвиите и други скапоцености;   (лат.: arca - чува, ковчег, сандук)   [1] [2] [3] [4] [5] [6] постојат и декоративни слепи арки [7]  

 5.    АРКАДА  – Низа лакови на столбови, поврзани во една целина;

Редица на ѕидани столпци помеѓу централниот брод и страничните крила во наосот на базиликата. Во базиликата се јавува зачестено од втората половина на 6. век., исто се јавуваат и како слепи аркади [1]   (лат.: arcade)   [2]

 6.    АРХИВОЛТА  – Надворешна, челна, декоративно обработена површина на еден лак;

Арка помеѓу столбовите или столпниците на колонадите или аркадите во наосот на базиликата,   (итал.: archivolto - лак на свод)   [1] [2] [3] [4]           

 7.    АРХИТРАВ  – Епистил, хоризонтална камена или дрвена греда која лежи над некој отвор на ѕид или над столбовите;

Греда која ги поврзува и лежи во продолжение помеѓу антите врз колоните во колонадите,   (од коине: ἄρχω - архи, прва и лат.: trabs - греда)   [1]

 8.    БАЗИЛИКА  (види и Храм) Црковна градба со правоаголна основа, најчесто поделена на бродови; 

Име за ранохристијанска Црква со лонгитудална форма, терминот доаѓа од идејата за царување, владетелот на земјата во својата дворана суди и пресудува, а Бог односно Исус  Христос  како Цар Над Царевите  (ИС.Хс. василеи од коине: βαϲιλει) суди и пресудува на Небото.   [1] [2] [3]

РаноХристијанската базилика е составена од:

а. Предворје на западната страна, воглавно компонирано од два дела: атриум и нартекс т.е. ексонартекс и нартекс  

б. Главен брод или Наос кој завршува со полукружна апсида. Просторно најчесто е троделен т.е. централен кораб  и два странични кораби на кои се оформувани дополнителни продолженија кои завршуваат со ниши. Наосот и овие продолженија формираат трансепт (крстовиден план наречен попречен септум или трансептум) Наосот носи засводен кров на две води, а доколку има трансепт, корвот е крстовиден (види и тестудо)     

 9.    БАЛДАХИН  – (види и сфера) Кибориум (цибориум) е конструкција со покрив над Олтарот или амвонот, четири столба носат најчесто полукалота - симболично Небесниот свод;

Мала купола или крстест свод врз четири најчесто канелирани столба;   (итал.: baldachino - коине: κιβωριον)   [1] [2] [3]       



Edited by beTon - 15-Mar-2010 at 00:21
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 26-May-2009 at 15:17
Владимир еве еден скромен толковник на железнички поими, качен на страната на Катедрата за Железници при Градежен Факултет... http://kz.gf.ukim.edu.mk/index.php?option=com_docman&task=doc_download&gid=38&Itemid=5
доколку не ти е мака, не се многу, овие се најосновните, па ако можеш не е лошо да пуштиш соодветен македонски превод на термините и дефинициите за истите!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 10-Feb-2009 at 11:29

Клики мислам дека ја имаш видено нишкава, во спротивно еве и официјално оваа е отворена најмногу заради и за тебе Smile така да повели сите недоумици тука постирајги наместо за секоја да отвораш нова нишка! патем прво консултирај некој лексикон на нет како оној на идивиди, па доколку таму не најдеш одговор или пак не ти е доволно јасно тогаш веќе слободно барај помош!

Originally posted by kliki

Дали некој знае што би можело да биде визура во архитектурата. Не е ли тоа видно поле или некаков катастарски документ?

Фала многу,

КЛИКИ
од лексиконот на идивиди:   

Визура (лат. videre види eng. "to view") - Поглед, видно поле, се што може да се види со окото

во архитектурата сеопфатен поглед на објектот или проектот неговите контурите, пример "со салонска визура" - со салонски изглед, или "визура на град" - ликот на градот.  постои и геодетска визурна линија односно линија по која преку тедулитот се маркираат коти на терен. инаку постоела и слична сценографска терминологија односно "Сценографска Архитектура  т.н. Визурна Архитектура"...  

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.273 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.