![]() |
![]() |
![]() |
Енергетика (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 27> |
Author | |
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Држава со толку многу сонце и ветер да има енергетска криза... е до толку се неспособни...
Каде ни се фотоволтаиците и ветерниците... |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Неизвесно е дали ќе се обезбеди јаглен за РЕК Битола
МЕПСО потврдува дека земјава поради недостигот на домашно производство - продолжува да влече струја од меѓународните мрежи и да ниже милионски долгови, за што стигнала и нова петта опомена од Европа. Оттаму велат дека сепак количината е помала овие денови, откога во функција е ставен и вториот блок на РЕК Битола, а и температурите се повисоки. Остануваат на ставот дека мерки се неопходни, бидејќи според нив набавката на јаглен нема во целост да ја ублажи кризата. А, утре истекува рокот за набавка на 900 илјади тони јаглен, кои се потребни да се стави во функција и третиот блок на РЕК Битола. Колку фирми и од кои земји имаат доставено понуди, информација нема. Од ЕСМ велат дека понудите ќе се отвораат до крајот на неделава. Претходно Комисијата за енергетика предводена од министерот за економија Крешник Бектеши најави дека доколку и овој тендер пропадне, повторно ќе се состанат да одлучат што понатаму, не ја исклучија можноста за набавка на струја, а и можни рестрикции. А, во услови кога Европа ја тресе енергетска криза и цените на берзата не мируваат, она што засега е сигурно е дека сметките за струја за домаќинствата ќе останат исти до Нова Година, за понатаму никој не гарантира. Во моментов цента на струјата на берзите е 180 евра за мегават. https://kanal5.com.mk/neizvesno-e-dali-kje-se-obezbedi-jaglen-za-rek-bitola/a501280 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Celoto sranje vo energetikata pocna od vremeto na grujo od 2010 ta i prodilzuva do den denes,interesna situacija e sto aktuelnava vlast bese opozicija sekoja nedela kritikuvase za sostojbata vo elem i odkako dojdoa na vlast samo go prodolzija toj trend apsolutno nisto ne se smeni a cehot ke go plakame site
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Опомени до МЕПСО од Европа, немаме струја, можни се рестрикции
Влегуваме во енергетска криза. Двојно повеќе трошиме електрична енергија, отколку што произведуваме. За дневните потреби без најава земаме струја од европската мрежа. За ваквиот ненајавен упад во европската мрежа МЕПСО досега добила четири предупредувања од центарот во Швајцарија. Досега за само еден месец веќе должиме околу 15 милиони евра, велат одговорните од МЕПСО и додаваат дека рестрикциите ќе бидат неопходни, а и зголемувањето на цената на струјата. Директорот на МЕПСО објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го направила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарт во Швајцарија каде што се прават пресметките. Македонија е во лоша енергетска ситуација и ги трпи последиците од проблемите на меѓународниот пазар. Владата одлучи да набави јаглен за РЕК Битола и за ТЕЦ Неготино, но тендерот за најголемиот производител во државата, РЕК Битола пропадна. Сања Божиновска енергетски експерт за Фактор изјави дека состојбата со термо блоковите во РЕК е катастрофална. „Блокот 3 е надвор од функција. Блокот 2 нема јаглен за работа и работи со максимална потрошувачка на мазут и малку јаглен со половина моќност на граница на технички минимум. Блок 1 е исклучен од погон поради тоа што нема јаглен и енормна потрошувачка на мазут со максимум од сите осум мазутни бренери и така се трошат 16 тони мазут на час и оптеретување од 120 MW. На 11 октомври е исклучен од погон затоа што технолошкиот процес не дозволува таков режим на работа. Термо блоковите не се квалитетно ремонтирани, котлите не се довршија со модернизацијата, десулфуризацијата не е направена, ниту еден проект за подобрување и одржување на опремата и заштита на животната средина не се реализира. Состојба вообичаена во последните 5 години, каде што имаме повеќе хавариски ситуации, отколку нормален производствен процес“, рече таа. https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/opomeni-do-mepso-od-evropa-nemame-struja-mozhni-se-restrikcii |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Ова е се поради гасењето на нуклеарните електрани заради глупост. Заради потклекнување пред фанатичните испади на екологистите што незнаат што е кило-ват, а што кило-ват-час.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Македонија се мобилизира против струјниот удар
Енергетска криза „ги тресе“ Европа и Балканот Драматичниот раст на цените на енергентите низ Европа, дополнет и со недостиг од енергенти, ја тресе цела Европа, а проблемот се проширува и веќе се чувстува и кај нас. Брзиот неколкукратен раст на цената на струјата на светските берзи и пишувањето на медиумите низ светот дека се заканува голема енергетска криза предизвикаа загриженост и во Македонија. Деновиве првиот човек на Стопанската комора на Македонија алармира дека сѐ повеќе компании се соочуваат со проблеми со снабдувањето енергија, поради што се бараат решенија. Претходно Регулаторната комисија за енергетика одлучи да поведе постапка за одземање лиценци за компании снабдувачки што не ги почитуваат договорите кон клиентите. Компаниите што сами се снабдуваат со енергија на слободниот пазар алармираа дека од почетокот на кризата во Европа снабдувачите почнале да им ги откажуваат договорите, поради што останале без договорените количества струја. Во потрага по решенија за надминување на кризата, Стопанската комора на Северна Македонија одржа работна средба, на која учествуваа претседателот на Комората, Бранко Азески, претседателот на Владата, Зоран Заев, и претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. – По опсежната дискусија и размена на мислења, јасно беше дека кризата е реалност и дека ќе потрае подолг период и ќе бара решенија што ќе имаат и долгорочен и краткорочен карактер. За таа цел, мора да се изврши мобилизација на сите учесници во овој процес, затоа што тоа е од круцијален карактер за егзистирање и развој на македонската економија. На сите тие чинители паѓа голема одговорност, да ја менаџираат ситуацијата на највисоко професионално ниво и во согласност со веќе изграденото мислење на светските авторитети од оваа област дека времето на евтината енергија полека привршува и дека ќе мора сите да ја прифатиме новата реалност – соопштуваат од Комората по средбата. Притоа било договорено СКСМ да го сублимира мислењето на компаниите, РКЕ во рамките на надлежностите најенергично да ги санкционира сите снабдувачи што неосновано, непрофесионално и бесправно ги откажуваат веќе склучените договори со компаниите, а Владата да најде начин да им помогне на компаниите во рамките на можностите. – Одлуката за интервентен увоз на јаглен за нашите електроцентрали со кои ќе се издигне на максимално ниво домашното производство ја поздравуваме и се повикуваат компаниите да учествуваат на овој јавен повик, кој ќе овозможи нивна работа подолг период и поевтина електрична енергија и за нив и за домаќинствата. Се разговараше и за други модалитети што ќе бидат предмет на расправата в петок, на средбата на засегнатите компании и надлежните институции, како можноста државата преку ЕСМ да обезбеди поголемо количество струја со пониска цена, продолжување на процесот на инвестирање во обновливите извори на енергија итн. Состојбата со гасот се очекува да биде стабилна до крајот на годината, а преговорите за наредната година ќе започнат кон крајот на овој месец – посочија од СКСМ. Економистите укажуваат дека прелевањето на енергетската ценовна криза кај нас може да биде голем удар и за компаниите и за граѓаните, особено за посиромашните слоеви, кои и сега имаат тешкотии во намирувањето на основните потреби. – Поради директивите на пазарот на електрична енергија, наметнати од ЕУ на кандидатите членки, меѓу кои и Македонија, поголем дел од фирмите во земјата под објаснување дека ќе добиваат поевтина енергија сами се снабдуваат со неа, и во такви услови во нивното снабдување има флуктуација на цената во зависност од светските трендови, кои во овој период се во нагорна линија и трендови што се очекува во следниот период да се засилат. Иако овие промени периодов не ги чувствуваат граѓаните, туку само фирмите, загрижува што со растот на цените на енергентите ќе се зголемуваат и трошоците на компаниите. Поради тоа, прашање на денови е кога ќе почнат да се зголемуваат и цените на производите, а поскапувањето на струјата може да се одрази и врз егзистенцијата на фирмите, па може да се случи некои од нив и да пропаднат – укажува економскиот експерт Здравко Савески. Професорот посочи дека растот на цените на енергијата ќе го подгрее инфлаторниот ефект, кој подоцна може да се пренесе и на граѓаните. – Раст на цените на енергентите ќе поттикне инфлација и раст на сите цени и на горивата. Сумирано, нас нѐ очекува сериозен удар за граѓаните, особено за посиромашните категории – дециден е Савески. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, вели дека сега не гледа причина за поскапување на електричната енергија за домаќинствата, иако цената на светските берзи се зголеми на 140 до 150 евра за мегават-час, и порачува дека актуелната цена ќе остане најмалку до крајот на декември. – Граѓаните треба да бидат мирни, зашто АД ЕСМ го покрива пазарот во целост и ги обезбедува потребните количества електрична енергија за универзалниот снабдувач по цена од 36 евра за мегават-час – изјави Бислимоски. Тој нагласи дека цената на електричната енергија секогаш се утврдува во јуни и важи најмалку до крајот на декември, а потоа се распишува нов тендер за набавка на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар. За зголемувањето на цената на електричната енергија на светските берзи, Бислимоски смета дека е инцидентно и резултат на повеќе фактори, меѓу кои и шпекулации што влијаат и врз домашниот пазар. Универзитетскиот професор Антон Чаушевски посочува дека е сосема очекувано во следниот период да растат цените на струјата и гасот и во нашата земја, бидејќи зависат од светската берза на енергенти, а тоа ќе се одрази и врз преостанатите добра и услуги. – Зголемени цени на енергентите, секако, ќе предизвикаат и зголемување на цените на сите добра и услуги, што веќе е евидентно. Обично со зимата растат и цените, меѓутоа оваа година тој пораст се случи многу порано, уште на почетокот на септември, што е секако неочекувано и за индустриските потрошувачи, а и за населението, особено за енергетските компании – вели Чаушевски од ФЕИТ. Професорот посочи дека интервентниот увоз на јаглен нема да биде доволен за задоволување на домашните потреби, но потенцира дека ќе ја ублажи енергетската криза и ќе ја намали потребата од увоз на електрична енергија. – Ова е добро решение како привремена мерка. Секако, треба да се мисли долгорочно, изградба на нови енергетски производствени капацитети и одржување на постојните. Цените на енергентите на светските берзи се менуваат многу динамично, а изградбата на одреден производствен капацитет бара и време и високи инвестиции. Тука треба да биде подготвен енергетскиот сектор да реагира брзо и навремено со технички капацитети. Секако дека базната енергија не може да се замени со технологии на ОИЕ во енергетскиот систем. Кризата е последица од многу фактори. Според мои сознанија, една од причините е гасење на термоенергетските капацитети на јаглен во Европа и нуклеарните централи заради производство на зелена енергија. Друг фактор е зголемена цена на емисиите на јаглероден диоксид. Трет фактор е изразено сува хидролошка година, каде што производството на хидроцентралите е на најниско ниво. И секако економскиот фактор, зголемена побарувачка од страна на потрошувачите. Со доаѓање на зимата, придонесот од фотоволтаичните централи драстично се намалува, а ветерната енергија е со силна динамична и непредвидлива природа – објаснува Чаушевски. По апелите на бизнисмените и на претседателот на Комората, Азески, дека цената на струјата ќе нѐ „здрма“ и нас, беше вклучен алармот дека Македонија, како и Европа и регионот, може да се соочи со недостиг од струја и драстичен раст на цените. За да им излезе во пресрет на компаниите, Владата најави интервентен увоз на јаглен и вклучување на третиот блок на РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“. Со РЕК „Битола“ и „Осломеј“ ќе се зацврсти електроенергетскиот систем Од Владата посочуваат дека нема потреба граѓаните да стравуваат, бидејќи количествата електрична енергија се обезбедени во целост од страна на Електрани на Македонија (АД ЕСМ), и тоа по цена од 36 евра за мегават-час. – Во моментот цените се четири до пет пати повисоки од таа цена, ова е само показател дека Владата направила добра процена, воведувајќи го универзалниот снабдувач, кој ги штити домаќинствата и малите потрошувачи. Нашата држава не може да влијае на случувањата на светските берзи, но правиме напори преку АД ЕСМ и зголемувањето на производството да обезбедиме дополнителни количества електрична енергија, кои ќе го амортизираат можното нагло зголемување на цените на компаниите – нагласуваат од Владата, додавајќи дека внимателно ја следат состојбата и во регионот и во Европа, па во зависност од тоа како ќе се развива, ќе следуваат соодветни чекори и мерки во иднина. Оттаму истакнуваат дека Стопанската комора искажала загриженост од растот на цените на електричната енергија на регионалните берзи и побарала од Владата да се преземат мерки за да се обезбеди поевтина домашна електрична енергија преку АД ЕСМ, односно со зголемување на производството на државната енергетска компанија, со цел да се заштитат стопанството и стопанските субјекти. – АД ЕСМ моментално ги задоволува потребите на универзалниот снабдувач ЕВН „Хоум“ за снабдување на домаќинствата. Со новите насоки, АД ЕСМ, како гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија, планира дополнително производство од декември 2021 до април 2022 година, за што вчера објави меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на третиот блок во РЕК „Битола“ и за продолжување на работењето на РЕК „Осломеј“. Со оваа произведена енергија ќе го зацврстиме електроенергетскиот систем, додека дополнителните количества, односно вишоци, АД ЕСМ ќе ги продаде на слободниот пазар и со тоа ќе оствари приход за компанијата и за државата – објаснуваат од Владата. Зошто сметките може да пораснат оваа зима ![]() ![]() Цените на природниот гас се во постојан раст во Европа, откако земјите почнаа да се отвораат по „рестрикциите“ воведени поради ковид-19, со што се поттикна енергетската криза, која најверојатно ќе влијае на сметките на потрошувачите оваа зима. Цената деновиве е шест пати повисока од онаа што беше минатата година овој период во Европа и продолжува да се зголемува, при што очекувањата се дека кризата најверојатно нема да попушти пред пролетта. Владите се обидуваат да издадат субвенции и да ги намалат даноците во обид да ги заштитат потрошувачите. Цената на природниот гас е шест пати повисока од минатата година и околу четири пати повисока од изминатата пролет. Тоа се должи на зголемувањето на побарувачката на глобално ниво, бидејќи земјите ги рестартираат своите економии и излегуваат од рестрикции. По долгата зима минатата година, и конкуренцијата од земјите од Источна Азија за гас влијаеше на зголемувањето на цените. Исто така, има проблеми што се поврзани со снабдувањето, со одржувањето и поради намалените инвестиции. Податоците покажуваат дека во Европа од април има постојан раст на цената на гасот, кој поскапуваше дури и во летните месеци, но веќе од средината на септември цените почнуваат нагло да се зголемуваат. Цената на гасот ја одредува и цената на електричната енергија, бидејќи над една петтина од електричната енергија во Европа доаѓа од природен гас. ЕУ во голема мера зависи од увозот на природен гас, бидејќи се намалува домашното производство. ЕУ мораше да увезе речиси 90 отсто од природниот гас надвор од блокот во 2019 година. Русија е најголемиот извозник на природен гас во блокот, претставувајќи 43,4 отсто од увозот надвор од Европската Унија во 2020 година, следена од Норвешка. Има многу прашања меѓу аналитичарите за снабдувањето со гас што доаѓа од Русија оваа година и дали земјата задржа дополнителен гас за да го принуди отворањето на новозавршениот гасовод Северен тек 2. Една од грижите во Европската Унија оваа година е складирањето природен гас, кое е помало од минатата година. Минатиот октомври беше околу 95 отсто, во моментов е околу 75 отсто, откако акциите се намалија по долгата зима. – Не сме добро подготвени да ја поминеме зимата со грејниот систем, па токму тоа е загриженоста што ги зголемува цените. Операторите, пазарите очекуваат да има шанси да се случи недостиг во снабдувањето во зима и затоа цените растат сега – изјави Симоне Таљапјетра, висок соработник на експертската група „Брегел“ од Брисел. Порастот на цените на природниот гас ја зголеми инфлацијата и во 19-те земји што ја сочинуваат еврозоната, според новообјавените податоци на Евростат. Инфлацијата од 3,4 отсто е највисока во последните 13 години во земјите од еврозоната поради инфлацијата од 17,4 отсто во енергетскиот сектор. Тоа е зголемување од инфлацијата од -8,2 отсто во истиот сектор лани во септември. Природниот гас е второто најпотрошено гориво во 27-те земји-членки на ЕУ, по нафтата и нафтените деривати. Иако потрошувачката е намалена во споредба со 2008 година, таа останува голем извор на енергија. Некои експерти тврдат дека дел од проблемот е зависноста од фосилни горива и дека транзицијата кон повеќе обновливи извори ќе помогне да се реши проблемот. Но јавната побарувачка за фосилни горива исто така ќе мора да се приспособи на новиот систем, кој содржи повеќе обновливи извори. ![]() https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/македонија-се-мобилизира-против-стру/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Нов струен удар за компаниите? Снабдувачите откажуваат договори, цените на берзи надминаа 100 евра за мегавтачас!
Надлежните државни институции мора брзо да им понудат гума за спас и да им укажат на компаниите дека е голем ризикот цената на струјата можеби уште од октомври да ги зголеми цените на нивните производи и услуги. Мечката заигра во нашиот двор. Короната доби голем конкурент. Ударот врз економијата ќе биде голем и може да ја отвори инфлаторната спирала затоа што цената на берзите не се спушта под 100 евра за мегаватчас, а претстои зима! Македонскиот пазар на електрична енергија е пред колапс! Компании за снабдување струја од почетокот на август откажуваат договори на свои потрошувачи и не им испорачуваат електрична енергија. Образложението е дека цените на струјата на регионалните берзи вртоглаво растат и дека тие не можат да купуваат струја со загуба. Односно да ја купуваат по цени за мегаватчас кои надминуваат 100 евра, а да ја донесат во земјава и продаваат по договорени цени од 60, 70 или 80 евра за мегаватчас. Компаниите снабдувачи не сакаат свесно да влегуваат во загуби од стотици илјади евра. Поедноставно им е да платат пенал, казна или да им реализираат банкарска гаранција. Нашиот слободен пазар на струја веќе се соочува со изразени кусоци во понудата на електрична енергија. Домашниот државен производител ЕСМ не може да излезе во пресрет затоа што има грижи и приоритет да ги снабди домаќинствата особено сега во пресрет на претстојните изборни циклуси. ЕСМ просто со ваква очајна хидролошка состојба и недоводлни количества јаглен не може да произведе доволно вишоци и да ги продаде на слободниот пазар. Моментално најсилен е ударот врз МЕПСО затоа што националниот систем оператор мора да обезбеди стабилен и доверлив систем, солидни напопски прилики и стандардна фреквенција за непречено и доверливо снабдување на сите потрошувачи во системот. МЕПСО кусоците во системот ќе мора да ги покрива од сопствените количества наменети за системски услуги и балансирање на системот. Или во крајна линија да влече струја од соседството и свесно да оди во дебаланс на регионално ниво за да ја надополни енергијата што снабдувачите не ја испорачуваат. Во крајна линија постои ризик МЕПСО да создаде значајна загуба која во крајна линија идната година може да ја крене цената на неговата регулирана услуга за пренос на струја што во крајна линија ќе ја платат сите потрошувачи директно или индиректно. Регулаторот реагира навремено, но неговите овластувања се мали Надлежната Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) реагира навреме, по навремените укажувања на МЕПСО за новонастаниот проблем, и во рамки на своите надлежности веќе покрена постапки кои ги објасни нејзиниот претседател Марко Бислимоски. Веќе се изрекуваат мерки, се создава „црна листа“ на снабдувачи, ќе следат прекрошни мерки и изрекување забрани за вршење дејности со одземање на лиценци за снабдување. За жал РКЕ не може да им забрани на некои снабдувачи доколку решат струјата што можеби ја закупиле за 60 евра да ја продадат по цена од 110 или повеќе евра, а некој свој клиент да го извисат затоа што неговата струја за која требало да наплатат на пример 70 евра ќе ја продадат за 100 или 110 евра во зависност од моментот и нуждата на клиентот. Тоа е оставено на нивниот деловен морал и етика. Оваа глобална енергетска криза , за жал иако најавена, ја дочекавме неподготвени. Со исклучок на МЕПСО и на РКЕ другите надлежни државни органи и стопанските комори веројатно уште не се свесни за тоа дека нашата национална економија е изложена на висок и немерлив ризик од ценовни шокови на енергенсот – електрична енергија која е значаен импакт фактор во цената на производите и услугите кои ги пласираат во земјава или во извоз. https://faktor.mk/nov-struen-udar-za-kompaniite-snabduvachite-otkazuvaat-dogovori-cenite-na-berzi-nadminaa-100-evra-za-megavtachas |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() https://www.facebook.com/photo/?fbid=336577007861433&set=a.217916909727444 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
The construction of a 400/110 kV transformer station in Ohrid has begun, which begins the realization of the 400 kV Monastery (North Macedonia) transmission line - Elbasan (Albania), as part of Corridor 8.
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/MinisterKreshnikBekteshi |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ДАЛЕКУВОДОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА
![]() Во близина на Охрид денеска почна изградбата на новата 400/110-киловолтна трансформаторска станица, дел од далекувод за поврзување на електропреносните системи на Македонија и на Албанија. Со поставувањето на камен-темелникот на овој капитален објект почнува и реализацијата на интерконективниот далекувод за пренос на електрична енергија меѓу Бугарија, Македонија, Албанија и Италија. Како што кажа премиерот Зоран Заев, проектот за 400-киловолтна интерконекција Северна Македонија – Албанија на македонска територија е составен од изградба на 400-киловолтен далекувод од трансформаторска станица Битола 2 до македонско-албанската граница во должина од 97,4 километри, изградба на 400/1100трансформаторска станица во Охридскиот Регион, како и изградба на 400-киловолтно далекуводно поле во трансформаторска станица Битола 2. „Со изградбата на 400/110-киловолтната трансформаторска станица, во Охридско-Струшкиот Регион, која со влез и излез ќе биде поврзана на новиот 400-киловолтен интерконективен далекувод Битола- Елбасан, се реализира капитална инвестиција која ќе овозможи сигурен и доверлив пренос на електричната енергија, градење добрососедски односи, поврзување за нови инвестиции, вработувања, повисок економски стандард, а со тоа и севкупен економски просперитет“, рече премиерот Зоран Заев на поставувањето на камен-темелникот во близина на село Мешеишта. Заминик-министерот за енергија и индустрија на Албанија Илир Бејта рече дека овој коридор ќе овозможи еден поширок пазар и поголем развој на рагионот во однос на енергетиката. Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, со овој проект се обезбедува квалитетно и непрекинато снабдување со електрична енергија на стопанството, се надминуваат проблемите и се подобрува мрежата во југозападниот дел од државата. Инвестицијата, која е дел од електоенергетскиот Коридор 8, е во вредност од 50 милиони евра. Станува збор за најголемата инвестиција во преносната електроенергетска мрежа во нашата земја која, согласно утврдената динамика, се очекува да биде завршена во 2023 година. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochna-izgradbata-na-dalekuvodot-za-energetsko-povrzuvane-na-makedonija-i-albanija/ Edited by stef4o - 29-Aug-2021 at 13:17 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Почнува изградбата на 400-киловолтниот далновод Битола – Елбасан
Со поставување камен темелник денеска во близина на Охрид ќе биде означен почетокот на изградбата на 400 – киловолтниот далновод Битола (Северна Македонија) – Елбасан (Албанија), како дел од Коридорот 8. Како што соопшти владината прес-служба, на почетокот на изградба на овој капитален објект ќе се обрати премиерот Зоран Заев, а обраќања ќе имаат и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за економија Крешник Бектеши, заменик-министерот за енергија и индустрија на Албанија Илир Бејта, генералниот директор на Електропреносниот систем оператор на Албанија, Скерди Дренова, како и Куштрим Рамадани, генерален директор на АД МЕПСО. На настанот, кој е во организација на АД МЕПСО, предвидени се и обраќања на претставници на Делегација на ЕУ, како и на Европската банка за обнова и развој. Реализацијата на оваа инвестиција во полна функција ќе го ставен електроенергетскиот коридор исток – запад што значи транзит на струја од Бугарија, преку Северна Македонија и Албанија до Италија, посочуваат од Владата. https://alsat.mk/mk/pochnuva-izgradbata-na-400-kilovoltniot-dalnovod-bitola-elbasan/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Фотонапонските електрани и лани најбројни како нови објекти, малите хидроелектрани со најголема моќност [инфографик]
![]() За производството на електрична енергија од сонцето и водата како обновливи извори на енергија (ОИЕ) и понатаму постои најголем интерес во земјава, споредено со останатите извори на „зелена енергија“. Како и изминатите години, бројот на нови енергетски објекти лани бил најголем кај фотонапонските електрани, додека малите хидроелектрани што биле изградени имаат поголема моќност за производство на струја, покажуваат податоците на Агенцијата за енергетија и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Според Регистарот на електроцентрали за производство на електрична енергија од ОИЕ, во земјава има 168 фотоволтаични електрани, 98 мали хидроелектрани, 3 биогасни електрани и по 1 ветерен парк и електрана на биомаса. Сепак, овие податоци ажурирани од Агенцијата за енергетика на 20 април годинава покажуваат дека малите хидроелектрани имаат најголема моќност, а поради нивната големина и произведуваат најмногу мегават-часови електрична енергија. Инсталираната моќност на малите хидроелектрани, заклучно со крајот на април, е 88,88 мегавати, по што следи ветерниот парк во Богданци со инсталирана моќност од 36,8 мегавати. Иако најбројни како објекти, фотоволтаичните електрани имаат моќност од само 23,83 мегавати. Биогасните електрани во земјава имаат инсталирана моќност од 7 мегавати, додека единствената електрана на биомаса е со моќност од 0,6 мегавати. Податоците на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги покажуваат дека лани во електроенергетскиот систем на земјава биле приклучени нови производители на електрична енергија со инсталиран капацитет од 14,8 мегавати. „Најголем дел од новите електроцентрали се или фотонапонски електроцентрали, со вкупен инсталиран капацитет од 7 MW, или мали хидроелектроцентрали, со вкупен инсталиран капацитет од 7,8 MW“, се наведува во Годишниот извештај за работењето на РКЕ во 2020 година. Во 2020 година, во земјава започнале со работа 38 нови електроцентрали кои користат обновливи извори на енергија. Од нив, 6 биле хидроелектрани, додека 32 фотонапонски електроцентрали. „Како и кај малите хидроелектроцентрали така и кај фотонапонските електроцентрали доминира бројот на повластени производители“, се наведува во Годишниот извештај на РКЕ во однос на тоа по кои цени овие објекти ја продаваат произведената електрична енергија. Повластената тарифа, како мерка за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, беше воведена во 2007 година, додека првите електроцентрали кои произведената електрична енергија ја продаваат по повластени тарифи започнаа со работа во земјава во 2010 година. Од РКЕ во Годишниот извештај за 2020 година наведуваат дека кај производството на електрична енергија од хидроелектроцентрали и ветерни електроцентрали, трошоците за поддршка во просек се пониски по единица произведена електрична енергија во споредба со трошоците за поддршка кај фотонапонските електроцентрали и термоелектроцентралите на биогас. Воедно, податоците за минатата година, споредбено со 2019 година, покажуваат пораст на производството на електрична енергија од сите видови на електроцентрали, освен термоелектроцентралата на биомаса, којашто немала производство во 2020 година. https://meta.mk/fotonaponskite-elektrani-i-lani-najbrojni-kako-novi-objekti-malite-hidroelektrani-so-najgolema-mokjnost-infografik/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Пуштен во употреба новиот 400/110 киловолтен трансформатор „Битола 2“, се подготвува терен за далноводот кон Албанија
Премиерот Зоран Заев денеска го пушти во употреба новиот 400/110 киловолтен трансформатор во трансформаторската станица „Битола 2“. Станува збор за сопствена инвестиција на АД МЕПСО во висина од 2,4 милиони евра. „Инвестициите во енергетската мрежа се од голема важност за целиот електроенергетски систем и имаат директно влијае на пристапот и стабилноста во снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата од овој регион, за малите претпријатија како и за големите индустриски капацитети“, рече премиерот Зоран Заев. Тој подвлече дека задоволството е уште поголемо што континуирано се инвестира во енергетскиот сектор во земјава. „Од оваа трафостаница тргнува интерконективниот далекувод кој ја поврзува земјава со Грција, а токму тука, со проширување на последното поле во трафостаницата се подготвува теренот за изградба на интерконекцијата со Албанија, преку далекуводот Битола-Елбасан“, изјави Заев на денешниот настан на кој заедно со Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и Куштрим Рамадани, генерален директор на АД МЕПСО ги истакнаа придобивките од инвестицијата за целиот електроенергетски систем. Министерот Бочварски рече дека инвестициите во електро преносниот систем што ги реализираме се само доказ на нашите стратешки одлуки во зајакнување на електро-енергетскиот сектор во Република Северна Македонија. „Оваа инвестиција е од огромно значење не само за Битола и Пелагонискиот Регион, туку и за нас како држава и за цел енергетски сектор. Оттука испраќаме јасна порака до сите сегашни и идни инвеститори. Со модернизацијата на оваа Трафостаница, сега нудиме стабилно и редовно снабдување со електрична енергија, a тоа е одговор на нивните потреби”, изјави Бочварски и додаде дека вкупните инвестиции на АД МЕПСО надминуваат 100 милиони евра во сите сегменти од реконструкција и модернизација на трафостаниците до изградба на нови далекуводи. Директорот на АД МЕПСО, Рамадани истакна дека новиот 400/110 киловолтен трансформатор се поставува на местото на стариот кој беше во функција од далечната 1982 година. „Постапката за набавка на новиот трансформатор започна во 2019. Трансформаторот пристигна во февруари, стручните екипи на производителот го монтираа и тој досега беше во пробна работа. Овој 235 тонски електроенергетски елемент е произведен од Колектор-ЕТРА од Словенија“, рече Рамадани. https://meta.mk/pushten-noviot-400-110-kilovolten-transformator-bitola-2-se-podgotvuva-teren-za-dalnovodot-kon-albanija/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() https://www.facebook.com/bochvarskiblagoj |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Инвестиции и зголемено производство на енергија од обновливи извори, приоритети во енергетиката до 2023
Зголемено количество на енергијата произведена од обновливи извори на енергија (ОИЕ), нови инвестиции и подобрување на енергетската ефикасност остануваат едни од главните цели на енергетската политика во наредниот период. Енергетскиот сектор во РСМ треба да обезбеди: доверливо, сигурно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија и со горива, забрзан економски развој и зголемена грижа и заштита на околината. Овие клучни цели треба да се остварат преку одржлив развој, намалување на зависноста од увозот и диверзификација на горивата. Ова се посочува во делот за планираните реформи на пазарот за енергија, дадени во Нацрт-програмата за економски мерки за периодот 2021-2023 година, што ја донесе Министерството за финансии и ја усвои Владата на вчерашната седница, а која содржи 20 планирани реформски мерки за сите клучни сектори во државата. До крајот на оваа година се очекува учеството на ОИЕ во финалната потрошувачка на енергија да изнесува до 23,9 отсто, според Акциониот план за ОИЕ на Министерството за економија, а до 2025 да достигне до 25 отсто. Во однос на зеленото сценарио во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, учеството на ОИЕ во финалната потрошувачка до 2030 година треба да биде 38 отсто. Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика, уделот на ОИЕ во финалната потрошувачка во 2018 година е 18,2 отсто, а во 2019 година 16,8 отсто, при што намалувањето се должи на неповолните хидролошки услови и помалото производство на електрична енергија од хидроцентралите. Вкупниот инсталиран капацитет на производители на енергија од ОИЕ во државава во 2019 година изнесувал 766,37 мегавати, а најголемо е учеството на малите и големите хидроцентрали, 598,08 мегавати, додека најмало е на електраните кои работат на биомаса, 0,60 мегавати. За проекти во ОИЕ на локално ниво во наредните три години се планира да се потрошат по околу 2 милиони евра годишно, од кои дел ќе бидат буџетски средства. „Користењето на обновливата енергија нуди важни придобивки за економскиот развој, локалните самоуправи собираат данок на имот, приход и други плаќања од сопствениците на проектите за обновлива енергија. Овие приходи можат да помогнат во поддршката на виталните јавни услуги, особено во руралните заедници. Проценетите трошоци за активностите за спроведување на оваа мерка се околу 2.087.000 евра за 2021 година, од кои 1.225.000 евра се буџетски средства, а остатокот е техничка помош од донатори. Додека во 2023 година овие средства се планирани да изнесуваат 1,7 милиони евра само од буџетски извори“, се посочува во Нацрт-програмата. Според веќе потпишаните 35 договори, годинава треба да се инсталираат фотоволтаични централи во земјава со вкупна моќност од 62 мегавати и тие треба да бидат во функција до 2023 година. Владата планира годинава да продолжи со оваа мерка, со објавување на нови јавни повици за дополнителни инсталирани капацитети од фотонапонски централи. Според Нацрт-програмата, инвестициите во ОИЕ се неопходни за намалување на емисиите на стакленички гасови. „Во РСМ емисиите, како сооднос со БДП, се петпати поголеми од просекот во ЕУ, и потребни се значителни инвестиции за нивно намалување до 2040 година. Лигнитот е одговорен за 70 отсто од сите емисии на CO2. Тешката индустрија (железо и челик, обработка на руда и цемент), слабо изолираните градби и неефикасните уреди како и малиот процент на употреба на ОИ во домаќинствата придонесуваат за висока емисија на стакленички гасови“, се констатира во документот. Затоа, потребни се дополнителни инвестиции за зголемување на капацитетите од ОИЕ и за постигнување на целите за енергетска ефикасност. Истовремено, експанзијата на обновливите извори ветува и можност за нови работни позиции и ја намалува зависноста од увоз на енергија. https://meta.mk/investiczii-i-zgolemeno-proizvodstvo-na-energija-od-obnovlivi-izvori-prioriteti-vo-energetikata-do-2023/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Влада: Нафтоводот Солун-Скопје да биде достапен за сите увозници, цената да ја одредува РКЕ
Нафтоводот да може да го користат сите увозници на дизел гориво, а цената за користење да ја формира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Ова е решението што го предлага Владата во однос на реактивирање на нафтоводот, кој веќе осум години не е во функција. Владата на 24-тата седница ја разгледала информацијата за улогата на трговското друштво „Нафтовод“ ДООЕЛ Скопје во својство на малцински акционер во претпријатието за нафтени цевоводи Солун-Скопје, „Вардакс“ АД. „Истовремено, Владата заклучи да се има предвид мислењето на Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, со укажување решението во однос на барањето на мнозинскиот акционер да се стави во функција на нафтоводот со цел истиот да пренесува нафтен дериват- дизел потребно е да се побара во рамките на Енергетската заедница.Поточно, истото да биде во рамки на третиот пакет европски директиви за енергетика каде за кој било инфраструктурен проект од енергетиката треба да важи начелото за конкурентност, при што секој активен транспортер (увозник) на дизел гориво треба да има пристап до истиот инфраструктурен објект. Воедно, неопходно е да се утврди дека Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија ќе ја пресметува и објавува цената за користење на нафтоводот како инфраструктурен објект“, пишува во записникот од владината седница. „Мета“ веќе пишуваше дека нашата земја е една од ретките која на својата територија има нафтовод што не го користи. Во 2013 година беше стопиран транспортот на сурова нафта преку нафтоводот Солун – Скопје. „Хеленик Петролеум“ преку нејзината компанијата „ЕЛПЕТ Балканики“ е мнозински сопственик на рафинеријата „Окта“ и сопственик на 80 отсто од капиталот во грчко-македонската компанија „Вардакс“, која стопанисува со нафтоводот. Останатите 20 отсто од нафтоводот се во сопственост на нашата земја. Грците во текот на 2016 година во времето на минатата владејачка структура предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ најавија дека нафтоводот е исчистен од остатоците од сурова нафта и дека е приспособен за транспорт на дизел гориво. Тие ја обвинија тогашната Влада дека не дава дозвола за пуштање на употреба на нафтоводот иако тоа би било корисно за македонските граѓани и економијата бидејќи би се обезбедил сигурен и квалитетен транспорт на дизел, кој е убедливо најупотребувано гориво во нашата земја. Премиерот Зоран Заев во октомври, годинава информира дека се во тек преговори околу пуштање на нафтоводот. „Преговараме со ОКТА за пуштање на нафтоводот, а под кои околности, ќе се договориме. Како држава, изразуваме и желба за учество со акции во гасоводот од Александрополис, не само на компаниите“, рече Заев. Нафтоводот почна со работа во 2002 година, има должина од околу 213,5 километри и носивост на транспорт од 2,5 милиони тони нафта годишно. Транспортот на суровата нафта се одвиваше од терминалот на „Хеленик Петролеум“ лоциран во индустрискиот комплекс во Солун до терминалот во „Окта“. Во 2012 година преку нафтоводот беа увезени 259.355 тони сурова нафта, односно за 62,18 отсто помалку количини на сурова нафта во однос на увезените количини во 2011 година. Кога почна со работа нафтоводот, транспортираните количини беа неколкукратно поголеми. https://meta.mk/vlada-naftovodot-solun-skopje-da-bide-dostapen-za-site-uvozniczi-czenata-da-ja-odreduva-rke/ |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Првиот блок од РЕК Битола ќе се затвори во наредните години 16.10.2020
Edited by Staro Skopje - 26-Oct-2020 at 22:42 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |