![]() |
![]() |
![]() |
Коридор 8 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 54> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Градбата на пругата дел Куманово – Деве Баир трае веќе 27 години
![]() Железничкиот коридор број 8 за функционирање низ нашата држава бара ремонт иреконструкција на постојните делови и градба на делот Бељаковци – Деве Баир и Кичево -Ќафасан. Железничкиот сообраќај е дел од копнениот сообраќај кој се одликува со голем капацитет на превоз на стоки на големи растојанија. Железничкиот сообраќај во принцип е независен од временските услови, а особено е економичен на долги релации и масовен транспорт на стоки. Правецот Ќафасан – Кичево – Куманово – Деве Баир датира уште од римскиот период. Од главниот правец „Via Egnatia“ од Валона, Албанија се одделува крак во насока Охрид – Кичево – Скопје, кој преку Деве Баир стигнува до Филипополис (Пловдив). Постојат податоци од пред повеќе од 150 години, од 19 април 1869 година, кога овој правец прв пат е обележан. Пругата Куманово – Бељаковци – Деве Баир е градена во текот на Втората светска војна, а делот Куманово – Бељаковци конечно е пуштен во сообраќај во 1956 година. СОЗРЕВАЊЕ НА ИДЕЈАТА ЗА КОРИДОРОТ 8 Грчкото ембарго од почетокот на деведесеттите години ја блокираше економијата во Македонија. Тоа се одрази со прекин на снабдувањето преку Грција, особено со енергенси и ресурси за нормално работење на стопанството. Во тој период се транспортираше околу 1,4 милиони тони сурова нафта и деривати како и руда, концентрат, фосфати, старо железо и друго во вкупна количина од околу 2 милиони тони на годишно ниво. Но, исто така беше оневозможен и извозот на Р Македонија преку Солун, а во исто време транзитната стока за Европа ги заобиколуваше патиштата на нашата земја. Од ваквата состојба покрај стопанството беше погодена во голема мера и железницата. Незавидната состојба доведе до созревање на идејата за коридорот 8 Исток - Запад. На Паневропската конференција на министрите за транспорт одржана 14 – 16 март 1994 година на Крит, конечно беше усвоен коридорот Исток – Запад зацртан како меѓународен транспортен коридор Јадран – Скопје – Црно Море. Во Македонски железници (МЖ) по налог на државата беше оформен Сектор за градба на нови пруги со значителен број на инженерски и друг технички кадар кој имаше за задача да ја извршува улогата на инвеститор со ангажман и одговорност во сите делови на проектот. Во такви услови МЖ, односно Секторот за градба на нови пруги се зафати за исклучително сериозна работа, градба на капиталниот проект „железничка пруга Куманово – Бељаковци – Крива Паланка – Деве Баир“. Најнапред беше повлечена на генералштабна карта можната траса на пругата. Со оглед што до Бељаковци постоеше каква-таква пруга, тој дел остана на своето место. Од Бељаковци кон Крива Паланка и Деве Баир трасата се движи на десната страна од Крива Река, но многу повисоко напуштајќи ја некогашната траса која е во долината на Крива Река. Некаде околу 77. километар трасата ја преминува Крива Река и се упатува кон граничниот тунел под Деве Баир. ![]() За градба на пругата беа ангажирани пет организации: 1. МЖ Ремонт на пруги – дел Куманово – Бељаковци 30 км долен и горен строј со целосна реконструкција на трасата 2. Бетон 8,6 км нова пруга и 6 мостови 3. Маврово 6,6 км, 9 мостови и 5 тунели 4. Гранит 11,2 км, 10 мостови и 4 тунели 5. Пелагонија 17,5 км, 26 мостови и 14 тунели и ангажирана фабриката „Карпош“ за производство на прагови МП 94 МЖ. Делот Крива Паланка – Деве Баир не беше дефиниран. Сите ангажирани организации сериозно ја сфатија доверената работа со вредност од 170 милиони долари, извршија припремни работи и во 1994 година отпочнаа со работа. Во тој период градежните организации немајќи друг вид на работа посветено работеа на земјани работи, ископ и насип на материјал, бетонски работи, мостови и работа на тунели. За период од 20 месеци физичкиот обем беше околу 38 %, при што беше пробиен тунелот бр.1 – 585 м и уште неколку помали. Во овој период заостануваа мостовите. На делот Куманово – Бељаковци беа извршени земјани работи од околу 150.000 м3 за санација на постојниот труп на пругата и беше положен колосек во должина од 18,5 км, по кој сообраќаа работни возови и возови за дотур на материјал. Долниот строј беше изработен во должина од 25 км. Должината на железничката пруга Деве Баир – Скопје – Кичево – Ќафасан изнесува 296 км од кои 147 км е постоечка пруга од кои 32 км е електрифициран дел. Делот Куманово – Бељаковци – Деве Баир со должина од 86 км е во фаза на градба повеќе од 27 години, започната во 1994 година. Делот Кичево – Ќафасан во должина од 63 км е во фаза изработена техничка документација. Надолжниот профил на пругата е крајно неповолен од аспект на влечата на возовите, кој претставува дисконтинуитет од падови и угорнини кои се движат во рамките на 15 о/оо. Карактеристични се четири висински точки: тунел Деве Баир кота 946, км 416 + 685 превој кота 428, тунел Буковиќ кота 758 и превојот Пресека. Најниски точки на пругата се Шупли Камен кота 291 и Маџари кота 235. Дополнителен ограничувачки фактор е и делот Куманово – Маџари во должина од 32 км кој е заеднички дел на коридорите 8 и 10. За да има оправданост градбата на една железничка пруга, треба да се утврди нејзиното економско, локално и транзитно значење. НЕ ПОСТОИ ВАЛИДЕН ПОДАТОК ЗА ВИДОТ И ЗА КОЛИЧИНАТА НА СТОКА КОЈА БИ ПОМИНУВАЛА ПО ПРУГАТА Пругата Деве Баир – Скопје – Кичево – Ќафасан нема локално значење освен во одредена мера за патничкиот сообраќај. Во нашата држава со оглед на кратките растојанија, внатрешниот локален сообраќај се одвива главно преку друмскиот транспорт. Транзитниот товарен сообраќај кој би се одвивал на оваа пруга е од непозната големина, а овој податок е исклучително важен од економски аспект за градба на пругата. Разбирливо, логиката на бизнисот е профитабилна работа. Македонската, бугарската и албанската економија се мали и не е за очекување дека токму железничкиот сообраќај ќе биде значаен. Евентуално може да се смета на транзитниот сообраќај кој би поминувал по оваа пруга и тоа помеѓу Русија, Турција и Блискиот Исток од една страна кон јужна Европа пред сè кон Италија, јужна Франција и Шпанија. И покрај изработените неколку студии не постои валиден податок за видот и за количината на стока која би поминувала по пругата. Од друга страна пак количината и видот на стока е најзначаен фактор за очекуваните сообраќајни приходи и за економската оправданост за градбата на пругата. ![]() НАЈВАЖНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРУГАТА Тежината и брзината на возовите се најважни карактеристики на пругата со која се одредува искористената сила на влечната локомотива, а со тоа и пропусната моќ на пругата. Најголема тежина на возот се смета онаа, која како најголема тежина може да ја влече локомотивата со сигурност. Меродавен за одредување на пропусната моќ на пругата е делот Гостивар – Зајас во должина од 22,3 км и меродавен отпор 23 daN/t. Пропусна моќ на пругата е парови на возови кои можат да поминат низ еден сектор (меѓустанично растојание) за 24 часа. Од табелата е видливо дека тежината на возот е во корелација со брзината. Колку е поголема брзината на возот толку е помала влечната сила на локомотивата, а со тоа и тежината на возот. Од табелата јасно се гледа дека електровлечата EL 461 е доминантна над дизел-електричната DEL 661. Анализата покажува дека сè додека не се електрифицира пругата, сообраќајот ќе се одвива со DEL 661 која може со сигурност да превезе 640 t со брзина V =25 km/h. ![]() При анализата земени во обзир беа и случаите: двојна влеча, односот на тежина на возот со време на поаѓање, како и вкрстување на возови во попатни станици. Во сите случаи најповолна варијанта е DEL 661 со превезување 640 t за време на патување од Гостивар до Зајас за 54 минути. Врз база на извршените анализи пропусната моќ на пругата изнесува 20 пара возови за период од 24 часа. И тоа два пара експресни возови, два пара патнички и 16 пара товарни возови. Со оглед на тоа што сопствената тежина на вагоните изнесува околу 35 % од вкупната тежина на возот, но и ако се земат предвид празни и товарени вагони во еден и друг правец, максималната тежина на корисниот товар би изнесувала не повеќе од 350 t. Со тоа годишниот превоз би изнесувал околу три милиони тони стока. Спроведувајќи ја истата анализа за евентуално електрифицирана пруга, влечната локомотива EL 461 би повлекла воз со тежина од 870 t со брзина од 50 км/час за време од 27 минути на делот Гостивар – Зајас во должина од 22,3 км. За електрифицирана пруга пропусната моќ на пругата ќе биде 24 пара возови за време од 24 часа, односно 20 пара товарни возови. Во ваков случај ќе бидат превезени 6,2 – 6,5 милиони тони стока на годишно ниво. ПРУГАТА ЕКОНОМСКИ НЕРЕНТАБИЛНА Економистите велат, за секое евро вложено во инфраструктурата се враќаат четири. Експертите по економија својата теза нека ја докажат на градбите на инфраструктурните објекти, автопатиштата, а посебно за пругата Деве Баир – Скопје – Ќафасан. Градбата на пругата дел Куманово – Деве Баир трае веќе 27 години, но не се гледа крајот. Делот пак, Кичево – Ќафасан е во фаза изготвена техничка документација. На делот Куманово – Деве Баир работено е во два наврати 1994 – 2002 и 2014 – 2020 година и потрошени се повеќе од 220 милиони евра или ревалоризирани се 340 милиони евра. Вкупната сума за градба на целата пруга Деве Баир – Ќафасан официјално не е позната, меѓутоа претставници на власта манипулираат со суми, за делот Куманово – Деве Баир, 500 милиони евра, а за делот Кичево – Ќафасан, 540 милиони евра. Споменатите суми се практично градежни работи кои не содржат електрификација и сигнализација на пругата. Делот на пругата Ѓорче Петров – Гостивар – Кичево во должина од 103 км со ширина на планум 5,40 м, кој е стар 50 години и истиот е потребно да се реконструира. Поразително е и дека од вкупната должина 296 км, електрифицирана е само 32 км пруга. За реконструкција на делот Ѓорче Петров – Кичево и за електрификација на останатите 264 км ќе бидат потребни најмалку 400 милиони евра. Практично за градба на неполни 150 км пруга Куманово – Деве Баир 86 км и Кичево – Ќафасан 63 км ќе бидат потрошени 1,8 милијарди евра, односно некаде 14 милиони евра за еден километар!! А ќе има годишен приход од околу 30 милиони евра сè до електрификација на пругата, чија реализација се очекува во 2050 година. Во ваков случај економските експерти со својата теза да докажат колку евра ќе се загубат за вложено едно евро во градбата на пругата. Реалната цена на еден километар пруга, споредувајќи со инфраструктурни објекти во околината е околу 4 – 5 милиони евра/км. Секоја сума поголема од наведените е економски неоправдана, а прашање е дали и оваа е издржана, ниту пак нашата економија и општество можат да ја поднесат. За да бидат постигнати овие суми потребно е да бидат исполнети неколку услови: - најнапред треба да се знае титуларот инвеститор со полни права, ингеренции и обврски; - потребен е стручен кадар со многу знаење и искуство, оперативен и консултантски; - горниот строј со шина тип 60 е непотребен за овој проект, брзината и товарите се ограничени. Типот 60 на горен строј се применува за брзини поголеми од 120 км/час и истиот е поскап за 25 – 30 % од стандардниот тип со шина 49. - Градбата на пругата треба да се сведе на минимален рок (секоја година на градба, продолжен рок ја зголемува цената 5 %, инфлација и камати на кредити, 5 години рок на градење 30 % поскап објект). - Трасата да се подели на два или на три дела, а градбата на горниот строј да биде посебен дел и да биде доверен на градба на специјализирана компанија. - Постојат и други нешта кои влијаат на цената на пругата како видот и типот на механизација, набавка на материјал од горен строј, надзор над работите, парцијален учинок и генералната динамика. Целата пруга изградена на ваков начин чија крајна вредност би изнесувала 750 – 850 милиони евра повторно економски ќе биде нерентабилна. Товарните возови кои се единствени кои го носат приходот, растојанието од 300 км ќе го поминуваат за повеќе од седум часа и ќе бидат потребни голем број на влечни средства за скромен превоз на стока поради исклучително неповолниот надолжен профил. Дури и при електрифицирана пруга каде би имало значителен превоз на стока 6,2 – 6,5 милиони тони годишно не би бил рентабилен превозот заради ангажманот на голем број влечни средства. Општо гледано пругата Деве Баир – Скопје – Ќафасан нема позитивни атрибути: – Поради карактеристика на надолжниот профил ограничен е превозот на стока со значителен ангажман на влечни средства, поради значителните падови од 15 о/оо и поголеми ограничена е брзината од услов на кочење. Кај патничкиот сообраќај во станица Скопје потребно е промена на локомотива поради промена на насока. Пругата ќе има само една позитивна страна. Ќе биде дел од паневропските коридори и ќе нè поврзува со соседните земји. Во Европа не постои држава која железнички не е поврзана со соседите. И на крајот само уште две-три реченици за ова што е напишано да стане појасно, но и за споредба. Каков апсурд, кај нас нема автопат кој чини помалку од 10 милиони евра/км и се градат и по 10 години. Автопатот во соседна Србија, Ниш – Димитровград 87 км во исклучително тежок терен чини вкупно 468 милиони евра или 5,4 милиони евра/км, завршен за две и пол години и на објектот работеа 120 машини. Во Србија се гради двоколосечна брза пруга за 200 км/час Белград – Нови Сад 75 км, изграден е делот Стара Пазова – Нови Сад 50 км. Вкупната сума за градба на пругата е 850 милиони евра или 11,3 милиони евра /км односно 5,65 милиони евра/км колосек, 2 х 75 = 150 км, електрифицирана со полна сигнализација и додатна опрема за брзи пруги. Пругата Солун – Скопје е изградена за две и пол години од февруари 1971 до август 1973 година во должина од 243 км. За сè она каде што нема доволно знаење, потребни се многу повеќе пари! https://www.porta3.mk/gradbata-na-prugata-del-kumanovo-deve-bair-trae-vekje-27-godini/ |
|
![]() |
|
WolfLeader ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
![]() ![]() |
Nasata vlada misli deka EU ne prati sto se slucuva i sto pravat kaj nas i deka nemaat nisto cepnato koga stanuva zbor za infrastruktura , i mislat deka ako nie tuka plakjame patarini a vozime po uzasni patista i deka vo EU toa ke pomine taka , ama za zal ne minuva , i toa eve im go pleskaat vo lice ama djabe e muva ne gi laze ...nie sme suti ofci i kjutime ama EU go gleda toa i gleda deka ustvari vladata ne napravila nisto i ne postignala nikakvi napredoci , a vamu se tapkame u gradi sakame da odime u EU , bugarija i romania se izdutnaa togas vlegoa nekako so mizerni infrastukturi , slabi ekonomii i mito i korupcija u sekoe kjose , ama sea toa ne minuva , i EU moze samo da a sonuvame vaka kako so sme trgnati
|
|
![]() |
|
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
Земја без перфектен железнички систем а е толку мала, не е нормална земја. Толку.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
EK: Да се дозволи влез на приватни компании во железничкиот превоз и да се забрза изградбата на Коридорот 8
Во областа на транспортот и трансевропските транспортни мрежи, земјава е умерено подготвена, при што ограничен напредок е постигнат во изминатата година, оценува Европската Комисија во најновиот Извештај за реформскиот напредок на Северна Македонија за 2021 година. Критиките од минатогодишниот извештај се провлекуваат и годинава во однос на конкретни теми од транспортот. Па така, Европската Комисија бара да се имплементираат реформи во железничкиот сектор, така што ќе се отвори пазарот за влез на нови компании што ќе може да сообраќаат по нашите пруги. Либерализацијата во делот на железничкиот превоз е барање на ЕУ и од минатите години, а монополот во моментов го држи државната компанија Железници на РСМ-Транспорт. Ограничен напредок е направен и во изготвувањето на акциски план што ќе ја надополни Националната транспортна стратегија 2018-2030 година, а не е воспоставено ниту независно тело за истражување на железничките несреќи. Во делот на Интелигентните транспортни системи, и во најновиот Извештај се бара усвојување на легислативата на ЕУ и вложување на напори за да се донесе стратешка рамка за имплементација на Интелигентните транспортни системи (ИТС). Досега е имплементиран единствено на автопатската делница Демир Капија-Смоквица, а допрва треба да се воспостави ваквиот систем долж целиот автопат на Коридор 10. Во делот на заедничките железнички гранични премини, Европската Комисија забележува дека договорот со Грција и понатаму е непотпишан, додека она што е потпишано со Косово не вродило со отворање на еден ваков премин кај Блаце-Елез Хан. Најдиректна критика во Извештајот за реформскиот напредок за 2021 година е даден во однос на изградбата на пругата кон Бугарија. Се бара под итно да се подобри имплементацијата на работите на железничкиот Коридор 8. „Дополнителни и итни напори се неопходни за да се забрза напредокот во сите фази на железничкиот коридор и другите приоритетни секции на мрежата како во делот на железницата, така и во делот на патиштата“, се наведува во Извештајот на ЕК. Европската Комисија наведува и дека не е постигнат напредок во усвојувањето на петгодишен план за одржување на патиштата и железничката инфраструктура. За ваквите критики во делот на транспортот и трансевропските коридори, Мета.мк минатата недела побара став и од Владата на РСМ, но до денешен ден не добивме одговори на поставените прашања од наша страна. https://meta.mk/ek-da-se-dozvoli-vlez-na-privatni-kompanii-vo-zheleznichkiot-prevoz-i-da-se-zabrza-izgradbata-na-koridorot-8/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ЗАВРШЕН, А СЕГА СЕ ПЛАНИРА РОК ДО 2030 ГОДИНА Колку ќе чинат новите планови на Скопје, Софија и на Тирана за Kоридорoт 8?
Министрите за транспорт на С Македонија, Бугарија и на Албанија, Благој Бочварски, Христо Алексиев и Белинда Балаку денеска во Софија, потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на Коридорот 8. Документот одредува јасни датуми за развој на трите земји и нивните активности на Коридорот 8. По потпишувањето на Меморандумот, министерот Бочварски изјави дека земјава е силно посветено на изградба на инфраструктурните проекти и оти во шестгодишната стратегија на Владата, земјата ветила 2,7 милијарди евра во нејзиниот развој, јави дописникот на МИА од Софија. Планирано е да се инвестираат 200 милиони евра во првиот квартал од 2022 година за изградба на железничката мрежа на Коридорот 8 кон Бугарија. Владата на Северна Македонија обезбеди средства за првите две делници, а останува да бидат обезбедени и за третата од Крива Паланка до Деве Баер, која ќе чини 400 милиони евра. За изградба на експресниот пат од Куманово до Деве Баир во правец кон Бугарија се обезбедени 90 милиони евра. Бочварски предвидува целата траса на Коридорот 8 на територијата на земјава да биде изградена до 2030 година, а веројатно и порано. Има подготвен проект за железничкиот дел од Кичево до границата со Албанија, но се бараат можности да се најдат средства. Кракот на Северна Македонија кон Албанија е 70 километри. Бугарскиот министер за транспорт Алексиев исто така предвидува дека до 2030 година Коридорот 8 ќе биде готов. Тој најави дека Бугарија следната недела ќе го започне тендерот за изградба на железничката делница помеѓу Перник и Радомир, а во 2022 година другата делница од Радомир до Ѓуешево, за која веќе има технички проект. Според првичните проценки, овој дел ќе чини 200 милиони евра. Бугарија работи заедно со С Македонија и на граничниот тунел. Албанија, како што рече министерката за транспорт и енергија Балаку, работи напорно на изградба на пат до границата со С Македонија, како и на специјално пристаниште за Коридорот 8. Тројцата министри, на Бугарија, С Македонија и Албанија, се согласија дека Коридорот 8 има стратешко значење не само за нивните економии, туку и за подобра поврзаност на Балканот со Западна Европа, Црното Море и други партнери во Европа. https://plusinfo.mk/trebashe-da-bide-zavrshen-a-sega-se-planira-rok-do-2030-godina-kolku-e-chinat-novite-planovi-na-skop-e-sofi-a-i-na-tirana-za-koridorot-8/ |
|
![]() |
|
FiLo ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 148 |
![]() ![]() |
30 години се потпишуваат договори, се земаат кредити, се фрлаат лопати за овој коридор 8.
Just saying.... |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ПАДНА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА АМА ЗА КОРИДОРОТ 8 Владата во Софија потпиша дека ќе соработуваме
Акцент во документот е ставен на инвестициски проекти со голема вредност за Балканот и за мерки за градење на врски меѓу трите земји, вклучувајќи проекти на териториите на секоја од нив. Бугарската техничка влада денеска го одобри Меморандумот за разбирање помеѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија за соработка во изградба на инфраструктура долж Коридорот 8, соопшти владината Прес-служба. Како што јави дописникот на МИА од Софија, главната цел на стратешкиот документ е да се потврди „волјата и подготвеноста на трите земји за долгорочно планирање и координиран развој на врските меѓу Јадранското и Црното Море“. Акцент во документот е ставен на инвестициски проекти со голема вредност за Балканот и за мерки за градење на врски меѓу трите земји, вклучувајќи проекти на териториите на секоја од нив. https://plusinfo.mk/padna-dogovor-so-bugari-a-ama-za-koridorot-8-vladata-vo-sofi-a-potpisha-deka-e-sorabotuvame/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Бугарски железници: До 2027 година ќе патуваме со воз помеѓу Софија и Скопје
До 2027 година ќе патуваме со воз помеѓу Софија и Скопје, а по 2030 година ќе можеме да одиме на море во Албанија, бидејќи транспортниот коридор бр. Осум ќе биде изграден, им рече на новинарите Красимир Папукчииски, генерален директор на државната бугарска компанија Железничка инфраструктура, јави БТА. Денеска за првпат се одржа средба на високо ниво со претставници на Националното железничко инфраструктурно претпријатие на Бугарија, Македонски железници – Инфраструктура и Албански железници, на која се разгледуваше изградбата на транспортниот коридор бр.Осум Во него учествуваа Красимир Папукчииски, генерален директор на ДП НКЖИ, Хари Локвенец, генерален директор на Македонски железници и Ани Дирмиши, извршен директор на Албански железници. Потпишан е договор за соработка за формирање на заедничка група. Бугарија има таква група со Република Северна Македонија што работи на проектот за тунелот Девебаир. Станува збор за паневропски коридор што ќе ги исполнува европските услови за да може да го користат сите оператори на железничката инфраструктура, а во Бугарија има 12 такви оператори, рече Папукчииски. Приватни превозници се очекува да се појават и во Република Северна Македонија и Албанија. Според него, активностите долж коридорот се прилично напреднале, останува да разговараме за дел помеѓу РСМ и Албанија во близина на Охридското Езеро, каде УНЕСКО не дозволува изградба. Маршрутата се очекува да биде расчистена следниот месец, а во септември ќе има нов состанок на трите железнички организации во Албанија на кои ќе се работи на техничките спецификации на К-8. Должината на транспортниот коридор Осум е околу 500 километри. „Бугарскиот дел е Софија – Перник, Радомир – Гуешево, каде веќе сме со конечен развој на делницата Радомир – Гуешево, со краен рок до 2027 година. Тогаш делот од Северна Македонија до Бугарија треба да биде готов. На нашата територија треба да се изградат 101 километар. Северна Македонија има изведувачи од Скопје до Крива Паланка. Тунелот кај Девебаир ќе се гради заеднички од двете страни“, повтори Красимир Папукчииски. Изградени се околу 150 километри железничка врска во трите земји. РСМ и Албанија обезбедија заеми за проектот, а Бугарија смета на финансирање од ЕУ. https://www.vecer.press/бугарски-железници-до-2027-година-ќе-пату/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во ноември ќе се потпише договорот со компанијата што ќе ја гради пругата Куманово-Крива Паланка
Постапката за избор на градежна фирма што ќе ја гради пругата Куманово-Крива Паланка на железничкиот Коридор 8 треба да се заврши до ноември годинава. Претквалификациската фаза заврши изминатава пролет, а во наредниот период тендерската документација ќе им биде доставена на претселектираните фирми, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Компаниите ќе имаат рок од 90 дена за да ги подготват техничките и финансиските понуди. „Се очекува до ноември 2021 година, постапката за избор на изведувач да биде завршена и склучен договор со избраниот изведувач. Градежните работи се очекува да започнат во почетокот на 2022 година“, велат од Министерството за транспорт и врски. Доградбата на пругата долга 64,8 километри меѓу Куманово и Крива Паланка ќе трае 24 месеци. Воедно, за третата фаза од проектот за изградба на пругата кон Бугарија, за железничката траса од Крива Паланка до Деве Баир, се очекува најдоцна до декември годинава да се добие одговор од Управниот одбор на Инвестициската рамка на Западен Балкан (ВБИФ) во однос на веќе испратената апликација од нашата страна за добивање на неповратни средства од 150 милиони евра. Доколку одговорот од ВБИФ биде позитивен, со грантот ќе бидеме на чекор до заокружување на финансиската конструкција за изградба на пругата од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, за која земјава веќе има обезбедено средства од 60 милиони евра. Третата фаза од пругата кон Бугарија ќе чини 330 милиони евра, додека проектираните 24 километри е предвидено да се изградат во временски период од 36 месеци. Тендерот за избор на изведувач за првите две фази од пругата меѓу Куманово и Крива Паланка беше распишан кон средината на јануари годинава. Тендерот за избор на изведувач на пругата Бељаковце-Крива Паланка следи откако минатата година германската компанија „Вибе“ еднострано го раскина договорот за изведба на првата фаза на пругата Куманово-Бељаковце, по што Владата се одлучи да го поништи огласот и за пронаоѓање на изведувач за втората фаза Бељаковце-Крива Паланка. https://meta.mk/vo-noemvri-ke-se-potpishe-dogovorot-so-kompanijata-shto-ke-ja-gradi-prugata-kumanovo-kriva-palanka/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Љубчо Георгиевски многу жесто се појавува од сенка со некои многу паметни идеи за македонската политичка сцена, пред времето му идеите! Така и за ова изјави, нека се исприватизира железницата во секој поглед, нека се доделат концесии за неви правици така и за овој, па Бугарија ако толку гледа на ова како геополитички значајно нека го гради по дампинг услови преку фирм-ќерка/ бизинимесни како и да сака. Зашто за нас ова прашање е колку ни треба!
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Локвенец: Создадени предуслови во 2026 година да се заврши проектот за пругата кон Бугарија
Хари Локвенец, директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, вели дека се создадени сите предуслови 2026 година да биде конечна рамка за завршување на проектот за изградба на пругата кон Бугарија Ги имаме, како што рече во гостување на ТВ Сител, сите предуслови, тргнувајќи од документацијата, обезбедувањето на средствата и последно, но според него најважно, и волјата и поддршката од сите страни што се вклучени во овој процес. -Влезени сме во втората фаза на тендерската постапка за првите две фази од Куманово до Бељаковце и Бељаковце до Крива Паланка, финансирани од страна на WBIF и на ЕБОР.. Од друга страна третата делница е најкратка всушност со должина од 24 километри, но во истовреме е најскапа заради теренот и заради потребата на тие 24 километри да има 24 тунели и 50 моста. Во фаза сме на подготовка на тендерската документација за да почне таа процедура. Очекуваме дека во рамки на предвидувањата и најавите од страна на мојот бугарски колега Папукчиски каде бугарската страна би ја завршила својата делница од Софија до македонската граница до крајот на 2027, мислам дека ние со нашите планови за завршување на целата работа до крајот на 2026 година ќе ги исполниме сите предуслови и успешно ќе го завршиме не сакам да речам конечно, меѓутоа дефинитивно овој важен инфраструктурен проект, рече Локвенец. https://nezavisen.mk/lokvenec-sozdadeni-preduslovi-vo-2026-godina-da-se-zavrshi-proektot-za-prugata-kon-bugarija/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Тема на денот: Има ли надеж за железничката пруга кон Бугарија?
https://sitel.com.mk/tema-na-denot-ima-li-nadezh-za-zheleznichkata-pruga-kon-bugarija |
|
![]() |
|
carver91 ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Mar-2015 Online Status: Offline Posts: 166 |
![]() ![]() |
Za izgradnju moderne željeznice s obje strane granice potrebna je cijela decenija i milijardu i po evra.
https://balkans.aljazeera.net/videos/2021/6/28/s-makedonija-gradi-novi-put-ka-bugarskoj |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
http://web.uni-plovdiv.bg/vedrin/details/large/K-34-090-4.jpg http://www.pollitecon.com/html/reprints/assets/Detailed_Topographical_Map_of_Macedonia_And_Surrounds_Elbasan Region.jpg Edited by phenomenon - 18-Apr-2021 at 14:41 |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Дали некој има мапи од планираната пруга Кичево - Струга?
Како што слушам во план им било да пуштат крак и до Охрид. Низ која траса одела таа стара пруга кон Охрид, и зошто ја имаат отстрането? Од каде би можело да поминува пруга Кичево - Охрид - Струга па граница со Албанија? Зошто UNESCO сега сакаат еден голем тунел да се направи??? |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
До јули е планирано да се избере изведувач за довршување на пругата Куманово-Крива Паланка
Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ го очекува од Европската банка за обнова и развој евалуацискиот извештај, по што од следната недела се очекува отпочне втората фаза од меѓународниот тендер за довршување на пругата Куманово-Крива Паланка, во која селектираните компании ќе ги достават тендерските понуди за изведба на пругата долга 64,8 километри. На крајот од јуни или почетокот на јули годинава, планирано е да се избере најповолната понуда за изградба на двете фази од проектот за железничко поврзување со Бугарија, по што би се склучил договорот и во август би можеле да започнат градежните работи. За ова денеска информираше директорот на ЈП за железничка инфраструктура, Хари Локвенец, кој посочи дека на целокупната траса од Куманово до Деве Баир треба да се изведат 100 мостови и 40 тунели. Притоа, третата фаза од Крива Паланка до Деве Баир е најтешка за изведба и ќе чини најмногу – вкупно 405 милиони евра. Сепак, директорот Локвенец посочи дека, земјава покрај подигнатите кредити за завршување на железничкото поврзување со Бугарија, во изминативе години има добиено и неповратни грантови од 68 милиони евра за втората фаза од пругата меѓу Бељаковце и Крива Паланка, како и 60 милиони евра за изведба на третата етапа од Крива Паланка до Деве Баир. Хари Локвенец денеска информираше дека на 26 февруари годинава успешно е аплицирано до Инвестициската рамка за Западен балкан (ВБИФ) на ЕУ, од каде се очекуваат рекордни 182 милиони евра неповратни средства за заокружување на финансиската конструкција за третата делница од Крива Паланка до Деве Баир. Тој се надева дека земјава ќе добие позитивен одговор од ВБИФ за овие средства, а донесувањето на одлуката се очекува за јуни годинава. Инаку, новиот тендер за изведба на двете првични фази (Куманово-Бељаковце и Бељаковце-Крива Паланка) од изградбата на пругата кон Бугарија беше објавен на почетокот на јануари годинава. На претквалификационата фаза од тендерот беа доставени вкупно 20 апликации од меѓународни конзорциуми. https://meta.mk/do-juli-e-planirano-da-se-izbere-izveduvach-za-dovrshuvane-na-prugata-kumanovo-kriva-palanka/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Од ВБИФ очекуваме грант од 150 милиони евра за изградба на третата фаза од пругата кон Бугарија
Владата на вчерашната седница ја разгледа Информацијата за доделување на грант преку 25-от повик за техничка помош и 6-от повик за инвестициски грант за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Република Бугарија, со укажување до Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ да ја достави апликацијата за овој грант до Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (ВБИФ). ЈП за железничка инфраструктура за третата фаза од изградбата на пругата кон Бугарија од ВБИФ аплицира за неповратни средства од 150 милиони евра, кои ќе бидат надополнување на веќе обезбедените 60 милиони евра неповратни средства од ИПА 2 Програмата на ЕУ, информираше денеска владиниот портпарол Душко Арсовски. „Со овој грант значително ќе се забрза процесот на довршување на железничката пруга помеѓу Северна Македонија и Бугарија, како дел од обврските на нашата земја во развојот на Паневропскиот коридор 8, а со добивање на инвестицискиот грант ќе се дополни финансиската конструкција за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Бугарија, со што ќе се намали задолженоста на Република Северна Македонија“, информираат од Владата. Третата фаза од капиталниот проект предвидува изградба на железничка делница со должина од 24 километри, за чија реализација ќе бидат неопходни 330 милиони евра. Станува збор за најсложената фаза од железничкото поврзување со Бугарија, каде најголем дел од трасата ќе минува низ тунели и мостови, а самото гранично поврзување меѓу двете земји ќе биде решено со тунел. Директорот на ЈП за железничка инфраструктура Хари Локвенец неодамна во интервју за МИА информираше дека во моментов за третата фаза во фаза на изработка на одобрување е инфраструктурниот проект, паралелно на ова е и одобрувањето на основниот проект, а се изработува и проектната документација за распишување на меѓународниот тендер за избор на изведувач и за надзор над работите. Воедно, портпаролот Душко Арсовски денеска информираше дека е завршена претквалификациската фаза за изградба на првата и втората фаза од пругата кон Бугарија, на потегот од Куманово до Крива Паланка. На претквалификационата фаза од тендерот за изградба на пругата Куманово-Крива Паланка биле доставени 20 апликации од меѓународни конзорциуми. Европската банка за обнова и развој ги евалуира фирмите што влегоа во втората, квалификациска фаза. Во следниот период од три месеци, ќе следи доставувањето на финалните понуди од компаниите кои влегоа во втората фаза, по што ќе се избере најповолен понудувач и ќе почне изведбата на градежните работи. https://meta.mk/od-vbif-ochekuvame-grant-od-150-milioni-evra-za-izgradba-na-tretata-faza-od-prugata-kon-bugarija/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
На тендерот за изградба на пругата Куманово-Крива Паланка се пријавиле 20 конзорциуми
На претквалификационата фаза од тендерот за изградба на пругата Куманово-Крива Паланка биле доставени 20 апликации од меѓународни конзорциуми, изјави за МИА директорот на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ, Хари Локвенец. Осум од доставените апликации биле за изведба на делницата Куманово-Бељаковце, додека 12 за изградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка. Крајниот рок за доставување на апликациите од заинтересираните компании и конзорциуми беше 15 февруари. Во втората фаза од тендерот објавен од Европската банка за обнова и развој, следува квалификационата фаза во која компаниите ќе ги достават тендерските понуди за изведба на пругата долга 64,8 километри. Најпрво, до крајот на месецов ќе треба да се комплетира листата на конзорциуми кои ги исполнуваат условите пропишани во тендерот, по што истите ќе бидат поканети да ги достават понудите за тоа колку ќе чини изградбата на двете железнички делници. Локвенец во изјавата за МИА информира дека периодот на доставување на финалните понуди ќе трае три месеци, по што ќе следува изборот на најповолен понудувач и почетокот на градежните работи. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ веќе информираа дека целокупната постапка за избор на изведувач на работите би требало да трае до 9 месеци, односно најдоцна наесен. Според објавениот тендер на ЕБОР, целокупната вредност на проектот за изведба на оваа пруга на Коридорот 8 и консултантските услуги ќе чини 151.670.000 евра. Рокот за изведба на пругата Куманово-Крива Паланка е 36 месеци, односно пругата треба да биде завршена најдоцна до есента 2024 година. Распишувањето на новиот тендер за избор на изведувач на пругата Бељаковце-Крива Паланка следи откако минатата година германската компанија „Вибе“ еднострано го раскина договорот за изведба на првата фаза на пругата Куманово-Бељаковце, по што Владата се одлучи да го поништи огласот и за пронаоѓање на изведувач за втората фаза Бељаковце-Крива Паланка. За да се забрза имплементацијата на проектот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија, владата во октомври 2020 се одлучи двете дотогашни фази да ги спои во еден тендер. https://meta.mk/na-tenderot-za-izgradba-na-prugata-kumanovo-kriva-palanka-se-prijavile-20-konzorcziumi/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 54> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |