![]() |
![]() |
![]() |
Битолски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 18> |
Author | |
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
тоа ми е поентата,ама позадината е сосема од друг вид
|
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Кружниот тек кај Кеопс е сосема непотребен. Поарно нека биде 50 метра потаму како на сликата, улици кои се далеку пофреквентни отколку онаа кај кеопс.
![]() |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
За кај Кеопс не ми се верува дека тоа е проблемот што го кажува градоначалникот,но тоа веќе не е тема за овој форум
|
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Се асфалтира кружниот тек кај Веро
Денес екипата на јавното претпријатие Нискоградба и општина Битола започнаа да го асфалтираат кружниот тек кај Веро на улицата Васко Карангелевски и улицата Партизанска. Со цел безбедно и ефективно извршување на работите денес оваа улица од страната на болницата беше затворена за сообраќај. Покрај кружниот тек кај Веро, неодамна градоначалникот Талески најави дека ќе се гради уште еден кружен тек на оваа улица поточно кај трговскиот центар Кеопс што според Талески би требало да ја зголеми претпазливоста на возачите и да ја намали брзината на возилата, бидејќи во близина има детска градинка и училиште. Кружниот тек кај Веро се правеше подолг временски период бидејќи како што изјави градоначалникот се поставувале нови кабли од ЕВН кои што оделе под земја, а биле и поставени нови шахти од ЈП Водовод . Со кружните текови ќе се зголеми безбедноста, а на кружните текови ќе се постават содржини значајни за културно-историското минато на Битола, рече неодамна битолскиот градоначалник Владимир Талески. Што се однесува до кружниот тек на Црн мост неодамна Талески со објаснување дека ќе бил пуштен во употреба за брзо време, а стариот мост кај Црн мост ќе бил затворен за употреба на возила, и ќе се правело пешачки патеки. Од досегашното искуство според познавачите на ситуацијата се покажало дека кружните текови се од големо значење, намален е бројот на семафори, сообраќајот се одвива брзо и безбедно и повеќе ги нема тие редици и гужви што претходно претставуваа честа слика низ сообраќајниците во градот. |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Нектариј Битолски се асфалтира
![]() Улицата Нектариј Битолски или поранешна Жикица Јованович Шпанац денес беше асфалтирана . Целата инвестицијата на овој инфраструктурен зафат изнесува 9 милиони денари -Од денес во Битола започнува уште една интензивна градежна сезона во која ќе бидат преасфалтирани најмалку 25 улици. Со денешните активности се заокружува уште еден проект вреден 9 000 000,00 денари. На оваа улица беше променета канализационата мрежа и завршено тампонирањето, а во тек е асфалтирање, изјави д-р Владимир Талески градоначалник на општина Битола Оваа улица е од големо значење за жителите а и за сите оние кои секојдневно го посетуваат пазарот во Битола, вели првиот човек на ЈП Нискоградба Битола -Претходната година направивме канализација која ја изведува ЈП Нискоградба, а за асфалтирањето е задолжен Гранит. Направена е 290 метри канализација, 280 метри е коловозот а со бехатон ќе бидат направени двете пешачки патеки, изјави Кире Крстевски директор на ЈП Нискоградба Талевски вели дека со овие градежни активности ќе ја надминат бројката од 100 улици што ја ветија за нивниот 4 годишен мандат .
|
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Нови инфраструктурни активности во БитолаНова улица во вредност од 10.5 милиони денари е новиот инфраструктурен проект на општина Битола во урбан блок 18. Реализацијата на проектот ќе ги задоволи барањата на грааѓните од овој дел во градот. Станува збор за нова улица која ќе биде паралелна со ул. Железничка во урбаниот блок бр. 18. Канализацијата е веќе инсталирана и денеска се започна со активности за инсталирање на водоводна мрежа што се неопходни за планираните идни градежни активности во овој блок. „Овој дел е урбанизиран и можам да кажам дека е завршена канализацијата во вредност од 1 100 000 ден. во моментов поставуваме водоводна мрежа и се разбира штом се заврши ова, продолжуваме со градежни активности - изјави градоначалникот д-р Владимир Талески .“ Вредноста на целиот проект изнесува 10,5 милиони денари. Со оглед на тоа што просторот во овој блок веќе е урбанизиран и се очекуваат интензивни градежни активности оправданоста за изградбата оваа улица е дотолку поголема. И овој струклтурен зафат е во рамките на барањата на граѓаните на општина Битола. ![]() |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Асфалтирање на улиците Кукуш и Јабланица
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Се асфалтира улица Буковски мост
![]() Денеска завршува асфалтирањето на улицата Буковски мост во Буковска населба. Новиот коловоз е во должина од 550 метри, а вкупната вредност на проектот кој вклучува и промена на водоводната мрежа изнесува 3 583 929 денари. Неодамна завршена е пешачката патека која води до населбата во должина од 350 метри и вредност од 150 000,00, како и осветлувањето на населбата во вредност од 6 400 000. Во изминатиот период во оваа населба реализирани се повеќе проекти. ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Дали Црн мост ќе го обели образот на власта во Битола
![]() Опозициските советници се сомневаат дека има грешки во изведбата на објектот, бидејќи е изграден на повисоко ниво од спојот со булеварот „1 Мај“ Битола - Битолската локална власт гради нов мост на реката Драгор, веднаш до познатиот Црн мост. Новиот Црн мост е еден од ветените предизборни проекти на градоначалникот Владимир Талески, капиталната инвестиција финансирана од градската каса. Додека битолчани коментираат оти со голо око се забележува дека мостот е изграден повисоко од спојот со булеварот „1 Мај“, за опозициската ЛДП, пак, тој личи на постамент за споменик. Отворајќи дилеми за погрешна изведба на мостот, ЛДП прашува дали е точно дека Општината чека мислење од релевантна институција од Виена, Австрија, за тоа како да се справи со проблемот. На обвинувањата на опозицијата Талески првично возврати дека изведбата е според проектот и како што се потпишани договорите со фирмите изведувачи. Но, само неколку дена подоцна кажа дека се појавил проблем надвор од мостот поради нивелација на патната инфраструктура со самиот мост, односно дека е неопходна дополнителна интервенција. Талески појаснува дека новиот мост е всушност, кружен тек кој 70 проценти е над речното корито и 30 проценти се поврзува со постојната патна инфраструктура. „Тој е завршен пред неколку месеци, меѓутоа, по сугестија на инженерите правиме приспособување на висинските разлики околу мостот. Бидејќи теренот е нерамен има потреба од нивелација на просторот, така што, убеден сум дека со потребната динамика и договорите што се потпишани тоа ќе биде завршено во догледно време“, рече Талески. ![]() Изградбата на новиот Црн мост во Битола почна годинава и уште не е завршена, иако првично се најавуваше дека тој ќе биде пуштен во употреба на 1 септември. Финансиската конструкција за проектот е околу 36 милиони денари, а од буџетот за 2013 година се предвидени 25 милиони денари. Опозицијата изрази сомнеж дека локалната власт во Битола ќе може да го изгради мостот според сите стандарди. Дали фирмите избрани на тендерот досега имаат изградено барем еден мост, кој ќе одговара за евентуалните пропусти, се главно дилемите на опозиционерите. „Дали на ова место се гради мост или постамент за нов споменик, бидејќи како што гледате оваа градба е повисока од околните улици кои треба да ги поврзува? Дали е точно дека погрешната изведба е причината за да прекине работата на објектот кој требаше да биде пуштен во употреба на 1 септември? Дали е вистина дека и Градежниот институт од Скопје кренал раце од проектот и ја одбил ревизијата за него, а документацијата за испитување била испратена во соодветен институт во Виена?“, праша Горан Милевски, еден од потпретседателите на ЛДП. Според него, остануваат отворени и други прашања, особено тоа дали приспособувањето на висинските разлики меѓу мостот и околните улици ќе значи и повеќе пари од првично предвидените за изградба. „Дали ова ќе продуцира непотребно 30-отстотно зголемување на трошоците за завршување на проектот? Кој ќе го плати тоа? Кој ќе ја понесе одговорноста за потенцијалните грешки, кој ќе одговара за потрошените средства, за ревизиите, за доцнењето, дали некој ќе плати пенали и казни?“, праша Милевски. На последната седница на Советот на Битола и коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, партијата ПОДЕМ на советнички прашања побара одговор од Талески до каде е изградбата на мостот. Тој, пак, откако потврди дека ќе се прави нивелација на просторот најави дека по тој зафат ќе се постави оградата и осветлувањето на мостот, иако тој недовршен веќе се користи за сообраќај. „Мостот не само што ќе биде убав за очи, туку ќе биде и едно убаво современо решение потребно за нашите граѓани. Тој ќе биде само за возачите, а ќе се интервенира на стариот мост кој ќе претставува безбедна пешачка зона“, рече Талески. http://www.utrinski.mk/?ItemID=5C7E0E31A35ABB46BAC60EA25C5D2C22 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Се асфалтира улица Караорман
![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/media/set/?set=a.595305063838188.1073742150.455666064468756&type=3 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Асфалт на улицата Максим Горки
Асфалтирана улицата Максим Горки која долго време чекаше на преасфалтирање. Нејзините жители претходно имале проблеми со канализацијата и водоводната мрежа.
По барање на жителите интервенираме, дел од жителите имаа проблем со канализацијата, интервениравме дополнително, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник. Градоначалникот вели дека на оваа улица нема да биде потребно повторно да се интервенира уште долго време. -Имаме два краци кои имаат проблеми со притисокот на вода, уште нив ќе ги решиме, вели Талески.Општината продолжува и во наредниот период со активностите. |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Среда, 02 Октомври 2013 19:26
Улицата „Прогрес“ во Битола за прв пат ќе добие асфалт.Таму денес започнаа градежните активности кои што ќе резултираат со решавање на проблемите на сите жители од оваа улица. Со реконструкцијата која се реализира по барање на жителите од урбаната заедница Димо Хаџи Поповски, мештаните ќе добијат значително подобри инфраструктурни услови. Покрај оваа интервенција во изминатиот период во населбата Боримечка интервенирано е на повеќе локации. -Во овој дел од нашата општина интервениравме изминатите години на подземната инфраструктура и асфалтирањето. Во изминатиот период интервениравме на улицата Индустриска, на дел од улица Солунска, на ул.Бистра, сега сме на улица Прогрес. Интервенцијата е со вкупна должина од околу 350 метри, а вредноста е 3 315 499 денари. На терен во разговор со мештаните договоривме уште два чикмаци кои со проектот не се предвидени. Истите не беа предвидени поради одредени проблеми со имотно – правните односи. Тоа е сега надминато, а улицата ќе биде целосно асфалтирана, вклучувајќи ги и тие чикмаци. Градежната сезона во општина Битола е во полн ек, а до крајот очекувам дека предвидената бројка од 25 улици за првата година од оваа локална самоуправа ќе биде надминат, изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески. |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Васко Карангелевски со три кружни тека
Среда, 18 Септември 2013 18:28
![]() Денеска започнаа активностите на планираниот втор кружен тек на улицата Васко Каранглевески се отстрануваа семаформите и се подговотвуваше теренот. „Ќе изградиме кружент тек овде на ова место значи кај крстосницата кај Веро Новиот пазар и населбата Нова Битола и уште еден кај влезот за хотел Битола кој ќе биде наменет за намалување на брзината на возилата." вели д-р Владимир Талески градоначалник на Битола. Кон асвалтирање ќе се пристапи според Талески веднаш штом се завршат тампонирањата во Кравари, Цапари, Трново Магарево, овој дел на Васко Карангелевски, во Логовради, Кукуречни и другите отпочнати градежни работи.Граѓаните задоволни што ветеното се исполнувало. ![]() „ Многу сме задоволни од општината и оваа локална власт кои го реализираат овој проект."„ Има и други проекти како патеката кај Сезам, потоа улицата од Новата пошта до Сезам и мислам ова место ќе стане поубаво за живеење ветеното се исполнува."- велат жители од Нова Битола На оваа улица немало потреба од интервенција со подземан инфраструктура со што оваа есен сите работи ќе ги завршеле. ![]() „ Нов проект кој ќе има за цел нови содржини ан секој кружен тек од културното историското богатство дел од приказната на нашата Битола." додаде Талески Градоначалникот упати апел до креативците дека уште од сега може да даваат предлози која содржина би ја содржеле кружните текови. http://www.tera.mk/2013091870428/aktuel/vasko-karangelevski-so-tri-kruzhni-teka |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Два кружни тека на Васко КарангелевскиПродолжуваат градежните активности на повеќе локации во општина Битола. Покрај градежните зафати на повеќе улици во градот, се реализираат предвидените проекти за подобрување на инфраструктурните услови и во руралните средини. Покрај на четирите улици во селото Кукуречани, на патот Трново – Магарево, деновиве интензивно се работеше и на десет краци во с. Бистрица. Но Талевски вели дека тука не застануваат. „ Сега некаде сме на половина на оваа градежна сезона и чекаме Гранит да ги отвори своите програми и конечно во Битола да влеземе со поголема интервенција. Меѓу останатото покрај овие неколку села , имаме многу голема интервенција од минатата сезона која што остана нереализирана"- изјави Д-р Владимир Талески градоначалник на Општина Битола Во текот на својот мандат градоначалникот Талески покрај 4 те кружни текови кои што ги направи со најава за уште два „ Тоа е улицата Васко Карангелевски , кокај што има еден кружен тек на едниот крај , но ќе има уште два кружни тека и целата улица ќе се преасвалтира" Улицата Васко Карангелевски е една од најфрекфрентните улици во градот. Нaјчести грешки на возачите се неприлагодена брзина, првенство на минување, но и пешаците не ги почитуваат сообраќајните правила. Со двата кружни тека, сите се надеваат дека дека ќе се надминат овие проблеми. http://www.tera.mk/2013091370194/aktuel/dva-kruzhni-teka-na-vasko-karangelevski Edited by Danielbtmk - 13-Sep-2013 at 19:52 |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Нов асфалт за неколку улици во Битола
Среда, 21 Август 2013 17:44
![]() Деновиве во тек е подготовката за асфалтирање на улицата „Столарска", а ќе се асфалтира од кружниот тек кај Безистенот до стаклената зграда. Во саботата беше асфалтирана и улицата „Тошо Даскало". -Едната е во вредност од над 3 милиони денари, а другата околу 2 милиони денари. Оваа градежна сезона планираме да биде една од најактивните, изјави м-р Владимир Талески, градоначалник на Битола. Градежната сезона ќе биде искористена максимално. -Убеден сум дека ветената бројка ќе ја заокружиме целосно и Битола ќе биде побогата за голем број инфраструктурни содржини. Планираме и за следната година, ќе одиме во фази колку што имаме финансиски средства, изјави Талески. Општината моментално работи на патот Трново-Магарево, се подготвува за асфалтирање, а планирано е и да се уредува просторот пред црквата во Трново. Се работи на коловозот кај Буковски мост, а улицата „Мирче и Танче Живкови" се подготвува за асфалтирање. http://www.tera.mk/2013082169080/aktuel/nov-asfalt-za-nekolku-ulici-vo-bitola |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Се работи на влезот на Буковски ливади
Четврток, 01 Август 2013 17:59
Инфраструктурните ангажмани на општина Битола и денеска продолжуваат односно се селат во населбата Буковски ливади каде се интевренираше на улицата и водоводната мрежа. „ Овде ја уредуваме улицата во должина некаде околу 500 метар водоводна мрежа а асавалтирањето ќе биде до првата раскрсница кон Буково и населбата."- вели м-р Владимир Талески Жителите од населбата задоволни од сорботката со општината и локалната самоуправа. „ Според планот на месната заедница овде во Буковски ливади еден од приоритетите ни беше влезот и наидовме на разбирање кај локалната самоуправа.Имаме и други потреби во населбата какао што е дворот на училиштетот бидејќи во есенскиот и зимскиот период од дождовите децата се прскаат и валакаат."- вели жител на населбата „ И на најстарата улица и дојде денот да биде напрванеа бидејќи оваа населба беше како отсечена сега се уредува и ќе заличи и голема благодарност до градоначалникот што ни излезе во пресрет." „ Јас во оваа населба живеам 50 години и знам како изгледаше улицата предходно и сум многу балгодарен и задоволен што сега истатата инфраструктурно се уредува."- велат жители на населбата Градоначалникот Талески најави дека после 12 август ќе почне изградбата на најавениот нов кружен тек на крстосницата на улиците Партизанска и Васко Карангелевски кај ВЕРО, и ќе се дозаврши делот на улицата Никола Тесла од кај стакелната до Уредот. http://www.tera.mk/2013080168201/aktuel/se-raboti-na-vlezot-na-bukovski-livadi |
|
![]() |
|
shule ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Да, изгледа дека е до тоа. Според ГИС кој е достапен преку страната на општината, сега таа улица се вика Виенска, но ако се повика план на градот, се гледа дека била 29-ти Ноември. Требаше некој да се најде да го поправи градоначалникот. А и луѓето кои внесуваат на гугл мапс се доста ажурни, што е за пофалба.
![]() |
|
![]() |
|
jonny ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 12-Oct-2009 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Сега брзо ги сменаа имињата на еден куп улици, така да најверојатно некој веќе ги поправил на Google maps. Гледам дека и мојата улица (порано Иван Милутиновиќ) е веќе преименувана во Филип II Македонски.
p.s. мал трол |
|
![]() |
|
shule ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
На гугл мапс улицата „29-ти Ноември“ е означена како „Виенска“, а некои субјекти како на пример српскиот конзулат во адресата ја наведуваат „29 Ноември“. Дали е ова грешка во внесување на името на гугл мапс, или пак улицата е преименувана, а тоа се уште не е ажурирано? Во тој случај, градоначалникот не знае за преименувањето?
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 18> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |