![]() |
![]() |
![]() |
Коридор 8 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4142434445 54> |
Author | ||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|||
ЕБОР бара консултанти за „МЖ - Инфраструктура“ – за жал, само од Италија
Сподели со твоите пријатели! Проектот за енергетска ефикасност во управување со ресурсите е финансиран од италијански фонд и затоа се примаат понуди само од италијански консултантски фирми. Буџетот кој стои на располагање изнесува 175 илјади евра. ![]() Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави тендер за консултантски услуги во име на „Македонски железници – Инфраструктура“, а кој се однесува на извршување на подготвителни активности за воспоставување и имплементација на Информатички систем за управување со енергетските ресурси (EMIS). Овој систем ќе биде стратешка алатка која ќе го поддржува организациското реструктуирање на „МЖ – Инфраструктура“ и нејзините севкупни напори за подобрување на перформансите во употребата на ресурси и еколошкиот менаџмент. Задачата на консултантите е да и помогнат на „МЖ – Инфраструктура“ да го имплементира ова во активностите на компанијата и да спроведе асистенција при неопходното градење на капацитетите за да се обезбеди успешна имплементација. Консултантот ќе треба да го дефинира опфатот на EMIS преку пристап по принципот „чекор по чекор“, да подготви временски распоред со рокови за воведување на EMIS, како и да ги утврди потребите во однос на човековите ресурси и институционалните капацитети, да подготви тендерска документација за набавка на EMIS и да ги прегледа договорите во однос на снабдувањето со електрична енергија, да даде препораки за идните договорни стратегии, како и да ја поддржува компанијата во текот на имплементацијата. Работата на консултантите би требало да започне во септември годинава и да трае 19 недели. Буџетот кој стои на располагање за овој договор е 175 илјади евра без ДДВ. Тој ќе биде финансиран од италијанскиот Фонд за централно-европската иницијатива и со оглед на тоа, конкурсот ќе биде ограничен само на консултантски фирми регистрирани во Италија. Овој проект е во рамките на поголем проект, вреден 50,5 милиони евра, кој вклучува доделување на кредит за рехабилитација на железничката линија од Куманово до Бељаковце, во износ од 46,4 милиони евра, за што ЕБОР се уште нема донесено конечно решение. ЕБОР претходно одлучи и да додели кредит од 50 милиони евра на „МЖ-Транспорт“ за купување на патнички возови, товарни вагони и обнова на локомотиви. В.П. http://www.libertas.mk/vest/32391/EBOR-bara-konsultanti-za-MZh---Infrastruktura--za-zhal-samo-od-Italija |
||||
![]() |
||||
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
|||
|
||||
![]() |
||||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|||
Токму и тоа е причината зошто инвестициите на државата во патната инфраструктура не смеат никогаш да запрат! Апсолутно никогаш, дури и во случај се да е изградено мора континуирано да се одржува.
Давање на рок од една декада е многу сериозна работа, не делува воопшто привлечно дури и да е тој рок неопходен и реален. |
||||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||||
![]() |
||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|||
Ја погоди темата што ќе ја имаме на порталот. Инаку нема потреба од многу мудрувања, доволно е секој форумаш да се наврати на почетокот од нишкава и да согледа колку пати најавувањата не се оствариле. Постојано живееме во најави, а кога ќе почне изградбата на пругата кон Бугарија веројатно тоа ќе го прославиме со поставување на ново спомен обележје или огномет како да сме испратиле екипаж во вселената. Ах, приоритети, приоритети! |
||||
![]() |
||||
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
|||
Што е многу многу е до 2020 година, можеби таа година би била прифатлива ако е изграден цел коридор, ама според мене би направиле голема грешка ако во западниот дел од овој коридор не пуштат крак до Охрид (според мапите што ги видов не е предвидена пруга) сепак се работи за најголемото туристичко место во Македонија и би било срамота да не е железнички поврзан...
|
||||
![]() |
||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|||
проблемот со пругата Куманово-Бугарска граница не е колку проценти се изградило,туку што се потрошија сите предвидени 130 милиони марки за целосна изградба на трасата,и дополнителни 50 милиони марки,а проектот се напушти и тоа со официјален став на влада.
да се потсетиме дека тие пари изнесуваат околу 15% од тогашниот буџет на РМ или преведено во сегашни бројки изнесува 400 милиони евра. да се каже дека се потрошени толку пари и дека е нешто направено за мене нема ни смисла ни резон |
||||
![]() |
||||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|||
Сите податоци се земени од документот ЕКОНОМСКА И ФИНАНСИСКА ЕВАЛУАЦИЈА - КОНЕЧНА, физибилити студија за коридорот 8 - Источна делница.
Ги издвојувам најважните факти, затоа што се работи за многу обемна документација. 1) Започнувам со карта на Коридорот 8 и какво поврзување ни овозможува истиот: *Крак кон Бугарија *Крак кон Варна -подкрак кон Мездра (понатаму Видин, преку Дунав мост 2 до Крајова и Тимшоара) -подккрак кон Велико Трново (понатаму Русе, преку Дунав мост 2 до Букурешт, Украина и Русија. -подкрак кон Варна (пристаниште Варна, преку Добрич до пристаниште Констанца) *Крак кон Пловдив -подкрак кон Бургас и неговото пристаниште -подкрак кон Свиленград (понатаму до Истанбул, блискиот и Далечен исток и Азија) *Крак кон Албанија -подкрак кон Драч и неговоро пристаниште (понатаму кон Италија) -подкрак кон Скадар (и понатаму Црна Гора) ![]() 2) Траса на Источната делница на железничката пруга кон Бугарија: ![]() 2А) Тунел под Деве Баир: ![]() Според претходната слика направив една зголемена верзија на тунелот кој треба да ги поврзе двете земји, чија што должина е над 3 километри (влез во Ѓуешево на околу 950 мнв и излез во Македонија крај селото Узем исто така на отприлика 950 мнв), при што неговата должина се распределува прилично еднакво на териториите на двете земји. Трасата помеѓу Узем и Жидилово ги следи изохипсите на планината. 3) Фази во изградбата: ![]() ![]() 4) Проценка на просечниот број на превезени патници дневно по делници, според песимистично, веројатно и оптимистичко сценарио до 2040 година. ![]() ![]() 5) Вкупни инвестиции на трасата, распределени по трите делници: ![]() 6) Инвестиции според градежните ставки: ![]() 7) Инвестициите расчленети по години (како проценти и потоа како апсолутни вредности): ![]() ![]() ![]() Edited by Andrej_LJ - 09-Jul-2012 at 13:24 |
||||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||||
![]() |
||||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|||
Кловер, ептен ти благодарам за информацијава. не да ми промакнало, него јас ништо не сум видел! Запрепастен сум колку многу било изградено во тие години (и пак не разбравме до која година точно се градела активно линијава), целата траса од Бељаковце до Тлминци е трасирана, при што по целата должина има огормен број на започнати тунели, мостови и засеци. Да го оставиш ова вака да трули 20 години си е чист криминал! Толку многу е вложено и направено, а станало и останува гробница на железничкиот транспорт и целата наша економија.
Уште прашања ми се породуваат колку повеќе ја гледам делницава. Зошто се лицитира со точна сума за најтешката и најскапата делница од Кр. Паланка кон Ѓуешево кога за тој отсек има само постои идеен, но не и пресудниот технички проект. Од каде се добива таа колосална сума, кога гледам дека трасата не оди директно до границата, туку пред Деве Баир прави еден U-turn по Жидилово, непосредно пред да навлезе во меѓуграничниот тунел. Дали и во колкава мера е пробиен меѓуграничниот тунел? Сега ќе ги постирам и основните параметри кои ги ископав од студиите! |
||||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
![]() Но сепак се работи за едноколосечна пруга и мене ме интересира со колкава максимална брзина реално може да оперираат возовите на таква пруга, при едно солидно ниво на сообраќај?
42° 6'19.82"N 21°57'51.38"E 42° 5'51.30"N 21°59'52.40"E 42° 5'10.96"N 22° 1'38.76"E 42° 5'15.88"N 22° 2'22.42"E 42° 5'52.66"N 22° 3'30.34"E 42° 7'27.28"N 22° 6'26.24"E
42°10'55.99"N 22°15'8.81"E Edited by Cloverstack - 09-Jul-2012 at 12:46 |
||||
![]() |
||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|||
Јас ќе се повторам од претходно, да градиме пруга со технологија од пред барем 50-60 години е чиста лудост. Железничка инфраструктура кон Бугарија со брзина на возовите од 80 до 120 километри на час не е сериозна работа. Во брзо време ќе се реконструира и надгради патот кон Деве Баир и што ќе правиме тогаш. Повторно возовите ќе бидат поспори во превозот на патници и стока од патниот превоз, а ние всушност ќе имаме нова пруга! Не е логично. И баш ме интересира дали некој друг на ниво на Европа аплицирал за изградба на паневропски коридор со ваква проектна документација.
|
||||
![]() |
||||
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
|||
Ај од кај знаеш дека инвеститорот нема подруги планови. Можда да имаат план да увезуваат руда и од други места и да ја преработуваат топилницата да има поголем капацитет а со тоа се продолжува и економската исплатливост на топилницата. А исто во зависност од светските цени на меаталите можи да се деси период порано да носи руда од друго место него да се копа во рудникот. (раширувајне на ризикот и опции продолжен рок на вракајне на инвистиција). Во мое мислејне железничкиот коридор 8 треба да биде приоритет и пред авотпатот Тет - Охрид. Овие најви за поврзувајне со Бугарија се супер ама роковите се за никаде. До 2020 би требало да се направи цел Коридор 8 за да се задоволи потребата од алтернатива за пристаништа и поевтин побрз превоз на стока и патници. Ево неколку линкови од студите за коридорот 8 кој има време нека чита детали. Edited by Goran - 09-Jul-2012 at 06:17 |
||||
![]() |
||||
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
|||
Е ова богами е за секоја критика, министерот појма нема од математика и кога ќе се изгради целосно пругата дали 2020 или 2022 (во меѓувреме на прес конференцијата кажува нелогични работи дека делницата од Бељаковце до Крива Паланка ќе почне од 2015 и ќе заврши до 2020, а замислете делницата од Крива Паланка до Деве Баир ќе започнела да се гради од 2017... ![]() Кога ќе ми текне дека 20 години отидоа за ништо а и сега најверојатно ќе се изначекаме додека конечно се изгради пругата ми се повраќа од оваа држава ![]() |
||||
![]() |
||||
Galileo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-May-2010 Location: Wien Online Status: Offline Posts: 1549 |
![]() ![]() |
|||
Когато човек ги гледа тези снимки се пита по коя логика всичко е захвърлено и изоставено.?
Наистина нямам думи.... |
||||
![]() |
||||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|||
Сега го анализирав теренот и остатоците од изградбата на линијата од Бељаковци од Кр. Паланка на ГЕ. Имам неколку прашања, силно се надевам некој да ги има и одговорите.
Ако трасата може да се подели на 3 логични делови: -Бељаковци - Ранковце под, односно јужно од патот Е871. Ридски терен и нема никакви видливи остатоци од некаква траса (ниту постоечка ниту недовршена), иако признавам дека има шанси просто да не се видливи на екран. Значи некакви активности изведувани ли се на тој сегмент и ако да, какви? Ранковце - Гиновци - Псача каде пругата го преминува патот Е871 и оди паралелно, но северно од него. Тука трасата навлегува во тешки планини, а точно на овој дел се изградени околу 10 виадукта, бројни засеци и тунели. Трасата е јасно видлива така во рамницата, како и во планините. Псача - Кр.Паланка - Ѓуешево. После Псача пругата како да е пресечена со нож. Повторно истите прашања, дали се има градено било што на тој отсек? Излегува дека во 1994 се зафатиле со изградба најпрво на најтешкиот сегмент, со бројни виадукти и тунели, односно сложни технички решенија (баш централната 1/3 од трасата кон границата), додека останатите 2/3 на исток кон Ѓуешево и запад кон Бељаковци како да не се пипнати. Слики најдени од нет и скринови од ГЕ: ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() WOW всушност колку многу е направено кога ќе види човек. Па ние денеска можеме да сонуваме за ваков размер и темпо на изградба. Во тој контекст, до која година активно се градела линијата (мислам од 94 до 96-97 или?). |
||||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||||
![]() |
||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|||
Се фалиме со реконструкција на пругата кон Бељаковце како да сме се качиле на Марс. Во бивша Југославија оваа пруга си функционираше, имало возови на релација Куманово-Бељаковце, а на почетокот на 90-тите години успеавме да го уништиме овој крак со изградбата на пругата кон Бугарија. Вложувањето во санацијата не е ништо спектакуларно, особено уште ако од сега не се направи координација со МЖ-Транспорт за да сообраќаат возови до Бељаковце. Делот од Куманово до Бељаковце ќе биде нерентабилен, но надеж има за кумановската станица.
Инвестициските бројки и роковите за изградба нема да ги коментирам. На секоја нова прес-конференција се излегува со различни суми, па оттука истите не ги сфаќам за сериозни. |
||||
![]() |
||||
polval ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Feb-2009 Online Status: Offline Posts: 177 |
![]() ![]() |
|||
Брзината на товарните возови е одредена освен со пругата која треба да биде за дадената брзина, брзината за која се направени товарните вагони (ги има за 80-100-120 км/ч) и се разбира доволно моќна локомотива која ќе може сето тоа да го влече.
|
||||
![]() |
||||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|||
@Clover
Добро, се согласувам дека брзина од 100км/час не е болка за умирање, но следниов факт ме буни. Максималната брзината на пругата важи за патничките возови од највисок ранк (IC и меѓународни патнички), а брзината за товарните возови секогаш е пониска барем за 20-40 километри (всушност зошто е тоа така, дали заради самата должина и тежина на возовите?). Затоа сметам дека брзина од 60-80 км/час за товарниот превоз е прениска (доколку мојата претпоставка е точна). Навистина ништо не ги чини барем на некои рамнински и исправени отсеци брзината да ја подигнат до 120-140 километри на час. Се разбира не треба да се заборава дека реалната цена за изведба на теренот може многу да се разликува од индикативната, така што сум оптимист дека би можеле да се заштедат некои 100 милиона евра, кои би се пренамениле за модернизација и електрификација на Скопје-Гостивар на пример. Edited by Andrej_LJ - 08-Jul-2012 at 19:45 |
||||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||||
![]() |
||||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
|||
Ова е малце надвор од темата, ама е ипак поврзано со темата. Во недела како ден, кога реално нема многу информации, најчесто се пуштаат или бомбастични најави, или некој минисер, како во случајов, си прави обичен брифинг на кој кажува нешто што сите го знаеме. Но зошто се прави ова? Се прави од причина во ден кога нема значајни вести, соодветен министер да се пофали со својата работа и да одржи некаков ентузијазам меѓу граѓаните. Особено денес се пушта оваа вест затоа што некако се сака сега да се покаже дека ипак се грижат за инфраструктурата. Ова со роковите проаѓа кај народот, особено што добро е испинувано, а и самиот народ вика, па добро, планини се, тежок терен, не е лош овој рок, битно пак ќе се гради.
Ако некој ја оспорува оваа теза, нека најде начин да биде дел од администрацијата неколку месеци и ќе се увери во ова. Така да ова е само еден пуштен балон, колку да се замара рајата. Не дека нема некад да се изгради пругата, ама штом вака пред 10 новинари ја најавува истата, се гледа несериозноста во намерата. |
||||
23ka.wordpress.com
|
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
Претпоставувам главна придобивка би било тоа што во рамки на проектот Куманово ќе добие железничка станица во самиот град. Сегашната станица е прилично надвор од градот, кај Черкеско село: 42° 7'46.60"N 21°41'5.56"E Со тоа ваљда кракот кон Бељаковце и тие неколку попатни населени места исто така стануваат поинтересни за патнички сообраќај... чисто моја претпоставка. Мада сепак има дефицит на логика кога ќе се погледне големата слика.
Навистина би било пожелно брзината барем на двете релативно полесни делници да биде малку повисока, но не е крај на свет ни вака. Се работи за едноколосечна пруга и пруга која примарно е потребна за товарен сообраќај. Така да брзината е сепак во рамки на прифатливото. Никако не можам да се согласам со тебе дека е подобро да се одложи изградбата на пругава (како да не е веќе премногу одложена) заради 20 km/h или преку сила 40 km/h поголема брзина. Токму спротивно, мислам дека убедливо најважна работа е проектот да се реализира што побргу. Патем, министерот за транспорт изгледа има проблем со основни математички операции:
Како и да е овие рокови се вистинска КАТАСТРОФА! И не само тоа, туку секоја година роковите наново се поместуваат. Истото се случува и со кракот кон Охрид и Албанија. А ако се побараат ветувањата на истиов министер од првите години од неговиот мандат, ќе се види дека токму оваа 2012 требаше да биде завршена пругата кон Бугарија. Еве стигна 2012 ама сега испадна дека требало да чекаме до 2022, уште цели 10 години! И тоа под услов овој пат да се сериозни, а исто така под услов сите активности да се одвиваат совршено, што ретко е случај со вакви проекти. Ваквиот однос кон проектов е апсолутно неприфатлив! |
||||
![]() |
||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|||
многу добро се сеќавам на деведестите кога се започнуваше градбата на пругата кон Бугарија.По тогашните процени Куманово -граница со бугарија требаше да кошта 130 милиони марки,а турците понудија за 300 милиони марки да ги изградат целиот железнички коридор од бугарска до албанска граница и да го електрифицираат,за многу пократок период него самите да го изградевме само кракот кон Бугарија.Плус нудеја да биде вклучена целата градежна механизација во РМ.
Политичките придобивки од вклучувањето на турците во деведесетите во РМ од сегашен аспект ќе беше огромен. се потрошија тие 130 милони и ништо не се направи. единствено се направи штета со неконзервирањето(по кажување на тогашен професор на градежен факултет) а и по негово кажување трасата без да се провери се вкрстува на 8(осум) мсета со гасоводот на ГАМА |
||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4142434445 54> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |