![]() |
![]() |
![]() |
Коридор 8 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4243444546 54> |
Author | |||||||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
||||||
Значи не ми е јасно која е целта да се започне прво со реконструкција на постоечката пруга Куманово-Бељаковце, кога истата не води до никаде и без да се изгради конекцијата до Бугарија, практично нема да се употребува (со исклучок можеби на еден локален воз дневно на таа релација). Второ не ми е јасно зошто толку долги рокови за реализација, т.е. роковите од 3-4 години се сосема нормални за изградба на пруги со висока брзина и двојни колосеци. Она што најмногу загрижува и разочарува е фактот што главните дејности на пругата кон Бугарија повторно (за пореден, стоти пат) се одлагаат за 5 години, со што тежеста и одговорноста се префрлува на некој следен министер/влада, која повторно може да го направи истото и така во недоглед (како што практично сме сведоци последниве 20 години). Па зарем мора да се чека уште 3 години за започнување на изградбата на делот кон Кр. Паланка, при постоечки проект и завршен голем дел од работата?!? Потоа зарем 5 години ќе им треба да се заврши еден проект од 15 км. од Кр. Паланка до Ѓуешево? Плус не ми се верува дека тие 300 и кусур милиони евра ќе ги сносиме само ние, туку и Бугарија, затоа што треба да се гради заеднички меѓуграничен тунел!
Да ги сумирам најавите на министерот: *Куманово-Бељаковце: 2013-2017 година (46,6 милиони евра) *Бељаковце-Кр.Паланка: 2015-2020 година (145 милиони евра) *Кр.Паланка-Ѓуешево(БГ): 2017-2022 година (332 милиони евра) ВКУПНО: 10 години, 523 милиони евра или просечно по смешните 52 милиона евра! За крај пак сакам да го нагласам следниот мој впечаток. Се работи за симулирање на дејност и посветеност во изградбата на базичната инфраструктура. Да беа сериозни, роковите ќе беа дупло скратени, при што конечното пуштање на пругата комотно би можело да биде 2017-2018 година. Мора да се нагласи дека точно конекцијата кон Бугарија ја прави оваа пруга толку важна, додека ефектите од поврзувањето на градче како Кр.Паланка со железницата на земјата се тотално минимални! Затоа треба да се започне работа прво од најтешката делница, бидејќи ако имаме железница до кр.Паланка истата нема да служи скоро никому во следните неколку години, се до изградбата на конекцијата кон БДЖ. И уште едно прашање: јасни ли се техничките параметри на постоечкиот проект (до Кр.Паланка), каков е проектот за рехабилитација на постоечката пруга до Бељаковце и какви ќе бидат критериумите за изработка на проектот од Кр.Паланка до Ѓуешево? Ако не се вградени брзини од 120 км/час (исклучок може да биде Кр.Паланка-Ѓуешево, заради тешкиот терен и кратката делница може брзината комотно да падне на 80 км/час) и ако пругата не е електрифицирана, поарно да не го прават проектов 10 години! Нека го баталат за подобри времиња, како и се останато а важно во оваа држава! Затоа мислам дека треба актуелизација и модернизација на сите проекти, за да не бидеме приморани да ја реконструираме пругата чекана 100 години, по само 5 години експлоатација. Во секој случај текстов отвора повеќе прашања, отколку што дава одговори и јасно ја покажува изгубеноста, незнаењето и немањето јасна стратешка визија на нашите власти! Edited by Andrej_LJ - 08-Jul-2012 at 15:07 |
|||||||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||||||
![]() |
|||||||
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
||||||
извор: http://evesti.mk/2012/07/08/izgradbata-na-zeleznickiot-koridor-8-zapocnuva-na-prolet/ |
|||||||
![]() |
|||||||
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
||||||
Турски Курум Холдинг нов сопственик на рудникот Тајмиште
Турската компанија Курум Холдинг ќе биде новиот газда на рудникот Тајмиште. Турците на тендерот понудиле 2 милиони евра за концесија на рудникот и изградба на фабрика за преработка на железната руда, еден од главните услови што ги побара државата. Ако зделката се склучи, Тајмиште ќе биде најголемиот рудник за железо во Југоисточна Европа. ![]() - Како што најавија инвеститорите во првите четири до пет години ќе инвестираат околу 100 милиони евра и ќе вработат олку 500 вработени, но да почекаме тоа да го соопштат Турците на потпишување на договорот, изјави Ваљон Сарачини- министер за економија. |
|||||||
![]() |
|||||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||||||
Јас сум повеќе заинтересиран дали најавата за отворање на рудникот Тајмиште повторно ќе ја оживее индустриската пруга од Зајас до Тајмиште и особено онаа од Скопје до Кичево, која освен за патничките возови е мртва за товарниот сообраќај, особено по Тетово.
|
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
таму каде има топилница во близина на рудникот нема потреба од железница.добро би било ама нема толкава потреба.готовиот производ е процентуално многу помал него ли рудата која се ваѓа(неколку проценти)
|
|||||||
![]() |
|||||||
mladen_s ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
![]() ![]() |
||||||
Само што видов дека веќе сте дискутирале, на самиот почеток на нишката.. Добро, останува фактот дека ваквото поврзување би ни овозможило „резервен“ пристап до Солун, но можеби е веќе предоцна.. Или не?
Воедно, дали рудникот Бучим има потреба за железничко поврзување? Edited by mladen_s - 22-May-2012 at 21:25 |
|||||||
![]() |
|||||||
mladen_s ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
![]() ![]() |
||||||
Не знам дали се водела веќе таква дискусија, но ме интересира мислењето на другите форумаши за тоа дали би било исплатливо поврзување со Бугарија преку изградба на пруга Струмица - Ново Село - Петрич? До Струмица би се стигнало или преку Валандово или преку Штип (плус така би настанало и поврзување на рудникот Бучим). Теренот претежно изгледа поволен, но сепак има некои тешки делници - не знам што тоа точно значи во однос на трасата (Бугарскиот дел е најмал проблем)..
Секако, ова е доста задоцнето, со оглед на тоа што големи средства се веќе вложени во другиот правец. Исто така, поврзувањето е доста заобиколно, посебно во однос на Бургас, но сепак подобро од ништо. Но, во последните неколку години би значело и лесно надминување на грчките блокади при штрајкови, затоа што истите не се однесуваа на премините кон Бугарија.. Edited by mladen_s - 22-May-2012 at 17:57 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Пругата планирана уште во турско време, прашање е дали ќе се заврши до 2022 година
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=5312847167&id=9&prilog=0&setIzdanie=22570 |
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
ДРЖАВАТА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖУВА КАЈ ЕБОР Пругата кон Бугарија станува реалност
Европската банка за обнова и развој ја започна комуникацијата со Министерството за финансии, што е дел од постапката за добивање заем од 48 милиони денари. Се очекува заемот да биде одобрен на состанокот на Бордот на директори најавен во јуни, по што следат преговори меѓу банката и Министерството за финансии, вели министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески ![]() -Европската банка за обнова и развој ја започна комуникацијата со Министерството за финансии, што е дел од постапката за добивање заем од 48 милиони денари. Се очекува заемот да биде одобрен на состанокот на Бордот на директори најавен во јуни, по што следат преговори меѓу банката и Министерството за финансии. Очекуваме дека најкасно во третиот квартал од 2012 година законот за задолжување ќе биде испратен во Собранието, а потоа следува постапка за ангажирање градежна компанија - рече Јанакиески на собраниската седница одговарајќи на прашањето на пратеникот Јордан Пачков. Министерот укажа дека во однос на делот на пругата од Бељаковце до границата со Бугарија, Министерството за транспорт и врски во соработка со стратешкиот координатор го има посочено овој проект како приоритет во ИПА компонентата за идниот период. -Дополнително е испратен и допис до Европската инвестициска банка и до ЕБОР за поддршка на Република Македонија во овој проект бидејќи овие две финансиски институции се заинтересирани да го финансираат како стратешки интерес на Македонија. Ќе биде испратено и писмо од министрите од Македонија и од Бугарија до Европската комисија да го поддржи овој проект, за да може средствата од 67 милиони евра да се насочат за изградба на оваа делница - изјави Јанакиески. Според студијата изработена од српска фирма, за доизградба на пругата до бугарска граница остануваат 88 километри за што ќе бидат потребни 475 милиони евра. Пругата кон Бугарија е од клучно значење за развојот на македонската економија, па оттаму задолжувањето ќе биде исплатливо за земјава. ![]() Инаку, за комплетирање на железничкиот дел од Коридорот 8 е потребна изградба на нова пруга кон Албанија при што веќе има обезбедено дел од парите од ИПА фондовите. За железничкото поврзување со западниот сосед ангажиран е консултант кој треба да даде нови проценки. Македонските стопанственици подолго време бараат од Владата да инвестира во железницата, зашто за превезување на стоките преку камиони, осудени се да плаќаат многу поскапо, отколку со воз. Коридорот 8 е особено значаен за компаниите од металуршката индустрија, зашто железничкиот транспорт е нивната единствена опција. (С.Бл.) вечер |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
EBRD Mulls 48.2 Mln Euro Loan for Railway Section Upgrade Project in Macedonia3.4.2012 17:24:00 | Author/Source www.seenews.com SKOPJE (Macedonia), April 3 (SeeNews) – The European Bank for Reconstruction and Development said it is considering a 48.2 million euro ($64.2 million) loan to finance the upgrade of a railway section in eastern Macedonia. The total cost of the project is 60.7 million euro, the international lender said in a statement last week. http://limun.hr/en/main.aspx?id=803396&Page=1 |
|||||||
![]() |
|||||||
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
||||||
Делниците во Македониja и Албаниja не са со мегународно значение, заштото не са разработувани, финансиране от ЕУ има - eдин вариант е како држава членка да плати само 20% от целиот проект, а вториот е посредством европската банка за развоj,коja може да даде заем со ниска камата. Еве веке има дадени 44 милиона евро за реконсктруциja и доизградба на првиот дел. http://www.publics.bg/bg/news/7442/%D0%95%D0%91%D0%92%D0%A0_%D0%BE%D1%82%D0%BF%D1%83%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%BC_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%8F_%D0%B7%D0%B0_%D0%B6_%D0%BF_%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%8F%D1%82%D0%B0_%D0%A1%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%8F-%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D0%B5.html |
|||||||
![]() |
|||||||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
||||||
потполно се согласувам со Галилео, јас веќе подолго време велам дека Коридорот 8 нема шанси да се реализира. Мислам на меѓународната димензија. Бугарија тоа што го средува нејзиниот дел е поклопување со другите коридори како како и внатрешно поврзување. делницата низ Македонија и Албанија нема меѓународно значење, а со тоа нема ни поволно финасирање од ЕУ. Ако ние сами сакаме да го финасираме во ред, но тоа ќе биде преголемо финансиско оптоварување, јас мислам дека не е мудро во сегашнава ситуација, евентуално би можело од домашни извори да се продолжи пругата до Бугарија, и тоа е тоа. За автопатско решение нема шанси (а ни потреба).
Друга дилема мене лично ми е, Коридорот 4. Гледам дека Бугарија повеќе инсистира на него, додека К10 не се потенцира, иако ми е некако поприроден. Тие два правци се доста конкурентни, некако се преблизу еден до друг и не верувам дека двата ќе бидат финасиски профитабилни. |
|||||||
![]() |
|||||||
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
||||||
Извини,но ти ни информираш,дека Бугариja дава приоритет на коридор 8 на само неjна териториja.Дали Бугариja има можност да форсира коридор 8 на македонска или на албанска териториja??? Според мен това си е работа на Македониja и на Албаниja. А това во болд, дали не е дел от Коридор 8? - Абсолутно това е дел от коридор 8 (да не кажам половината от целиот коридор). Еве автопатот треба да е готов до краja на 2012 година, голем дел от пругата ке се реновира до 2013. Ке остане до 2020 да се изгради скоростен пат до границата и да се реновира пругата до Гуешево. Во железничкиот дел Бугариja е наполно готова и возове можат да се движат(тука зборуваме за реконструкциja и поголема скорост веке),а со патниот - останува само от Перник до граничниот премин да се изгради скоростен пат (ако не се лажам около 100 км). |
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
мое мислење е дека со пропаста на проектот со пругата со Бугарија сите премиери(ама сите по список) имаат фобија од започнување на големи инфраструктурни проекти.дали од страв од неочекувани моменти,скапа инвестиција или дуваат на кисело млеко после попарување со млеко незнам,ама така ми се чини некако
|
|||||||
![]() |
|||||||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||||||
+1 @Zabegan.... Сепак се три... имаме железничка врска до Косово... |
|||||||
![]() |
|||||||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||||||
да не настрануваме со дискусијата, битно што и покрај тоа што сме имале средства и услови, не сме ја граделе инфраструктурата и најверојатно чекаме времиња кога ќе биде тотално неисплатлива и заобиколена, како и сите други проекти битни за државава...
практично, не е ни битно на какви проекти се изгубиле средства, срамота е тоа што не е направен ниеден метар пруга, за време доволно долго да се нааправи цела една мрежа на коридори во држава толку мала како Македонија... уште посрамота е што меѓународно сме поврзани само со две соседни држави, од вкупно пет, што во повеќе случаи досега се покажа како погубно |
|||||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||||||
![]() |
|||||||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
||||||
Тоа се е точно... само крајната реченица треба да гласи: за нечиј туѓ џеб! Кога ќе ми текне дека тортата на Археолошкиот музеј вреди над 30 милиони евра и дека со нив можеше да се купат неколку патнички гарнитури, да се финансира градбата на пруга кон Бугарија цела година (што потоа ќе се користи 100 години), да се изгради автопат кон Охрид од околу 15 километри... ме фаќа неопислив гнев!
|
|||||||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||||||
![]() |
|||||||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
||||||
Една проста математика. Во 2008 да го почнеа проектов, со околу 30-тина милиони буџетски и 30-тина милиони позајмени пари, до 2016 ќе бевме веќе поврзани со Бугарија... СК 2014 уништи све, за нечиј туѓ ќејф! |
|||||||
![]() |
|||||||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
||||||
Лион - Торино за два часа, Скопје - Софија нема пруга
![]() Презадолженоста и финансиската криза не ги спречуваат европските земји да инвестираат во нова железничка инфраструктура, а најдобар показател за тоа се договорите што ги потпишаа Франција и Италија за изградба на брза пруга Лион - Торино, како и за брзата пруга од Норвешка до Шведска, врска што потоа под Балтичко Море треба со тунел да продолжи кон Германија. Овие амбициозни инвестиции се планираат во време кога сé уште е неизвесен опстанокот на еврото како валута и кога не се знае каква ќе биде судбината на европската економија. Иако инвестициите во инфраструктурата се веќе испробан рецепт за придвижување на една економија, во изминативе дваесет години кај нас речиси нема инвестиции во железничкиот сектор. Македонија и понатаму е една од ретките европски земји што немаат железничко поврзување со две соседни држави (Бугарија и Албанија). Македонските возови тапкаат во место Додека европските земји се обидуваат со нови инвестиции во брзи пруги да го намалат времетраењето на патување од една до друга држава за неколку часа, во Македонија инвестициите во железницата тапкаат во место речиси дваесет години. Различни владејачки гарнитури ветуваа изградба на пруга кон Бугарија и кон Албанија, како и осовременување на постојната пруга од Коридорот 10. Но пруга кон овие две држави сé уште нема, а доволно е едно возење со македонските возови по Коридорот 10 за човек да се врати во времето на Втората светска војна. И сегашнава влада повеќепати декларира посветеност во развојот на железничката инфраструктура, но и по шест години нема видливи резултати од ваквите заложби. Според првичните најави на Владата, изградбата на нова пруга од Бељаковце - Крива Паланка до Деве Баир, граница со Република Бугарија, во должина од 60 километри, дел од Коридорот 8, требаше веќе да биде почната, за потоа почетокот на изградбата да се одложи за годинава. Така е предвидено и во националната програма за железничка инфраструктура 2011-2013 година. Сепак, сите реални показатели упатуваат дека ваквите прогнози нема да се остварат. За оваа делница сега се работат студија за оправданост и студија за влијание врз животната средина со социјална студија, а потребно ќе биде да се изработи и посебен проект за делницата Бељаковце - Крива Паланка. Дополнително, за изградбата треба да се обезбедат околу 450 милиони евра од меѓународните финансиски институции, а засега нема никаква најава за ваков заем. Слична е состојбата со најавената изградба на нова пруга од Кичево до Лин, граница со Република Албанија во должина од 70 километри, исто така дел од Коридорот 8. Според информациите од Владата, за овој проект има изработено студија за оправданост, идеен проект и студија за влијание врз животната средина за целата делница, а за завршување е потребно да се комплетира техничката документација и да се реализира изградбата. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2212916521&id=9&prilog=0&setIzdanie=22495 |
|||||||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Бугарите пресреќни за најавeната изградба на пругата до македонско-бугарската граница![]() „Бугарија и Македонија конечно ќе имаат железничка врска,“ „Македонија ќе гради железница до бугарската граница“ – овие и редица други наслови осамнаа денес во бугарскиот печат по вчерашната изјава на министерот за транспорт, Миле Јанакиески, во која се вели дека реконструкцијата на железницата ќе започне во 2013 година. - Сите истражувања се направени... Проектот е координиран со Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој – рече вчера Јанакиески. Бугарскиот печат вели дека двете соседни земји не се поврзани со железница, што е невообичаена околност „која воглавно се однесува на комплицираните односи меѓу Бугарија и Србија во 20-иот век“ Тие додаваат и дека Македонија била третирана како „јаболко на раздорот.“ Минатата година во бугарските медиуми осамна и теза дека во Македонија се градела пруга кон Бугарија само кога земјава во минатото била под бугарска окупација и кога бугарската војска ќе ги земела работите во свои раце и ќе изградела по некоја делница. Од друга страна, пак, во земјава изминатите години се појавија анализи во кои се тврдеше дека немањето на пруга кон Бугарија ја чини Македонија околу 50 милиони долари годишно. http://www.plusinfo.mk/vest/24930/Bugarite-presrekjni-za-najavenata-izgradba-na-prugata-do-makedonsko-bugarskata-granica |
|||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4243444546 54> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |