Воздухопловство (општо) |
Post Reply | Page <1 345 |
Author | ||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #81 Posted: 17-May-2013 at 18:30 | |
Избегнат судир на патнички авиони на потегот помеѓу Прилеп и Кичево
Петок, 17 Мај 2013 19:10 На 7 ми мај годинава била избегната голема авионска несреќа над македонското небо, јави телевизија Алфа. Пилотите на два патнички авиона имале наредба да не ја менуваат предвидената рута, а авионите на компаниите Изиџет и Шамрок Ерлајнс избегнале судар само благодарение на авионските уреди кои сигнализираат опасност од приближување на друг авион. Имено, за овој инцидент по барање на двете компании Еуроконтрол започна истрага. Како што соопшти телевизијата, авионите се наоѓале на потегот помеѓу Прилеп и Кичево на 800 метри оддалеченост, што се смета за многу критично. Од Агенцијата за цивилно воздухопловство за Алфа потврдија дека нивни инспектори го истражуваат случајот. Оттаму само кусо одговорија дека се работи на утврдување на причините, по што ќе се преземат натамошни активности. Паралелно бил формиран тим и во Македонска навигација, каде исто така во тек била интерна истрага околу инцидентот. Според процедурата, комплетниот записник од истрагата ќе треба да биде испратен до националниот комитет надлежен за испитување на инциденти. Статистиката покажува дека по катастрофата од 2002 кога над Швајцарија се судрија руски патнички авион и карго на комапнијата ДХЛ, во светски рамки се регистрирани уште десетина слични инциденти кои за среќа минале без човечки жртви. http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/116124-Izbegnat-sudir-na-patnicki-avioni-na-potegot-pomegu-Prilep-i-Kicevo |
||
Obedineta Makedonija
Senior Member Joined: 23-Aug-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 1742 |
Quote Reply #82 Posted: 21-Jan-2013 at 00:51 | |
|
||
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
|
||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #83 Posted: 09-Oct-2012 at 22:15 | |
|
||
Obedineta Makedonija
Senior Member Joined: 23-Aug-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 1742 |
Quote Reply #84 Posted: 23-Apr-2012 at 18:07 | |
Во прилепската фабрика „Микросам“ за кратко време ќе започнат да се произведуваат делови за нов руски, комерцијален авион, кој што би требало да биде изработен до 2014 година... Досегашниот менаџмент на фабриката објави дека руска фирма ќе ја купи производната технологија на „Микросам“ и со неа ќе ги произведе крилјата на новиот авион. Компанијата исто така е и во преговори да извезува ваква технологија и за други авиокомпании, меѓу кои „ „Наша цел е да влеземе во авионската индустрија. Засега произведуваме автоматски машини за производство на крилата на авионот. Во иднина, наш предизвик ќе биде производство на роботи за креирање на труп на авионот“, изјави Самоил Самак, потпретседател на Управниот одбор на „Микросам“. Во новата зделка склучена од „Микросам“ се вклучени и испораки на машини за производство на резервоари за гас за индискиот пазар. Според изјавата на директорот за продажба на„Микросам“,Димитар Богдановски, во почетокот на идниот месец, за Германија ќе бидат натоварени 24 камиони со машини за производство на плинските боци, кај нивниот тамошен партнер во овој проект и потоа тие ќе патуваат за крајниот потрошувач, Индија. „Наскоро ќе склучиме вакви договори за Русија, Бразил, Кина и Јужна Америка“, рече Богдановски. Менаџментот не сакаше да открие колку чини инвестицијата во новата производна линија, но наведе дека во неа вложиле неколку милиони евра. Според нив, цената на оваа технологија на пазарот чини од 6 до 20 милиони евра. Тие најавуваат дека до крајот на годината ќе биде изградена нова хала за производство и монтажа и за таа цел дополнително ќе бидат вработени 20 нови инженери и работници. Во моментов, во „Микросам“ работат 80 работници.
Врати се на прва страна. |
||
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
|
||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #85 Posted: 23-Apr-2012 at 14:04 | |
Македонија потенцијален член на Данубе воздухопловниот блок
Македонија ќе добие покана да стане член на Данубе ФАБ
(Функционален воздушен блок) проектот со што ќе се создаде заеднички
воздушен простор, што е дел од еден поголем проект на Европската Унија.
Романија и Бугарија, земји кои треба да го основаат овој авиоблок,
размислуваат да упатат покани и до Молдавија, Србија, Црна Гора и
Македонија, објавува романскиот интернет портал Романиа-инсајдер.Романија и Бугарија веќе го потпишаа договорот за креирање на заеднички воздушен простор во декември лани. Ова е дел од ЕУ проектот за Единствено европско небо стартуван во 2004-та година. Проектот предвидува создавање на блокови од воздушни простори меѓу соседните држави, со што се предвидува драстично намалување на трошоците од два до три милијарди евра. Данубе ФАБ е петти од планираните девет европски воздушни блокови. http://tocka.com.mk/1/65077/makedonija-potencijalen-clen-na-danube-vozduhoplovniot-blok |
||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #86 Posted: 05-Mar-2012 at 14:37 | |
http://www.flightradar24.com/
|
||
Obedineta Makedonija
Senior Member Joined: 23-Aug-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 1742 |
Quote Reply #87 Posted: 13-Feb-2012 at 00:46 | |
Уште поголем број пилоти отколку досега ќе бидат изложени на ризик да заспијат во текот на летот поради умор и истоштеност, како резултатот од новиот обврзувачки законски предлог на ЕУ, предудпреди Шведското пилотско здружение.Законскиот предлог е поднесен и покрај предупредувањата изнесни од страна на синдикатот Шведско пилотско друштво, дека на околу 50 отсто од пилотите им се случило да заспијат во пилотската кабината на авионот и дека 70 отсто од нив реагирале несоодветно поради премореност. Европската агенција за безбедност во воздухополвството (ЕАСА) сепак донесе одлука уште повеќе да го зголеми работното време на пилотите на 16 часови при доцнења. Овој предлог веќе предизвика вознемиреност и кај други пилотски синдикални организации во Европа, кои тврдат дека токму при доцнењата пилотите се веќе во фаза на измореност. - Опасна премореност настапува веќе по 14 часови работа, покажуваат независни медицински студии кои ги нарачала ЕАСА. Тоа што ЕАСА сепак сака да го зголеми работното време на 16 часови заслужува внимание, вели Гунар Мандал, претседател на Шведското пилотско друштво во интервју за весникот „Дагенс нихетер“. Деновиве во шведските медиуми беше актуелизирано уште едно предупредување во врска со нискобуџетната авиокомпанија „Рајанеар“. Повеќемина пилоти на оваа авиокомпанија предупредија дека напорните работни услови на „Рајанеар“ можат да претставуваат опасност за безбедноста на воздушниот сообраќај. Законскиот предлог на ЕАСА ќе биде обврзувачки за сите земји-членки на ЕУ, доколку биде усвоен во Европарламентот. |
||
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
|
||
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #88 Posted: 12-Feb-2012 at 00:51 | |
Точно... на тој дел можат да се движат авиони, и при полетување и при слетување... разликата е што на тој дел не смее да се случи првиот допир со пистата при слетување, бидејќи се ослободува голем притисок и енергија, за што овој дел од пистата не во можност да ја издржи.... а бидејќи авионот не слетал на тој дел, туку тука само застанал тоа значи дека нема никаков проблем или нешто невообичаено, спорно... еве две видеа кои ги најдов на кое е прикажно користењето на продолжениот дел од пистата при полетување...
|
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #89 Posted: 11-Feb-2012 at 23:54 | |
Со оглед на тоа што на скопскиот аеродром поради ветрот најчесто се слетува во правец од југ кон север, а продолжетокот на пистата е на јужната страна и не е потполно функционален (објаснување за ова има во цитатот од подолу), во случајов најверојатно продолжетокот на пистата не играл никаква улога.
|
||
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #90 Posted: 11-Feb-2012 at 10:17 | |
Авион на чешката компанија ЧСА принудно слета на Скопскиот аеродром
Печати ГОЛЕМИНА НА БУКВИТЕ 11.02.2012 Изутрината авион на релација Прага, Скопје, а во кој се наоѓал и министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и известувачот за Македонија во европарламентот Ричард Ховит принудно слетал на аеродромот „Александар Велики,,. Откако авионот на чешката компанија ЧСА Боинг 737-700 над скопскиот аеродром кружеше околу 40 минути, капетанот соопшти дека авионот има мал технички проблем, односно дека еден од деловите на крилата кои служат за кочење не работи, па ќе мора принудно да слета. Екипажот потоа ги обучил патниците за принудно слетување. Се наведува дека капетанот го запрел авионот скоро на крајот на пистата која неодамна беше продолжена. Околу пистата беа распоредени противпожарни и возила за брза помош. http://www.time.mk/read/0ce7c6fcc1/5bd6f4fb63/index.html Интересно е што авионот застанал на крајот на неодамна продолжената писта. |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #91 Posted: 15-Nov-2011 at 12:52 | |
|
||
Post Reply | Page <1 345 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |