Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#81 Posted: 21-Jun-2010 at 17:34 |
Добро што е па сега ова??? Нели во цела држава се стопирани започнатите археолошки истражувања поради кратење на средства, а ваму се почнува ново
Почнаа археолошките истражувања
на локалитетот Баба |
|
|
Прилепскиот Завод и музеј почна со годинашните археолошки
истражувања на локалитетот Баба, зад Маркови кули |
|
|
|
 |
|
Отворена е нова сонда над платото, северно од претходните две
ископувања. Истражувањата се вршат со цел да се потврдат досегашните
сознанија дека локалитетот Баба датира од енеолитот, македонско-римскиот
период до византискиот.
- Првпат годинава отворивме сонда со
која ќе се истражува дел од одбранбениот ѕид на утврдувањето, кое се
претпоставува дека имало воен карактер - вели археологот Душко
Темелкоски, раководител на проектот.
Министерството за култура,
за истражувањата одвои 200 илјади денари. Локалитетот Баба е откриен
пред десетина години.
- Во досегашните две кампањи за ископување
откривме два типа на градби, една од македонски период - втор век
п.н.е. и една од рановизантиски период, односно од 6 век. Пронајдовме и
уникатен рановизантиски железен крст од шестиот век, малтешка варијанта,
досега непозната појава на македонските простори, кој е со големина од
14 сантиметри и должина на краците од 11 сантиметри - објаснува
Темелкоски. |
|
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62110105549&id=16&prilog=0&setIzdanie=22013
Edited by Cloverstack - 21-Jun-2010 at 17:34
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#82 Posted: 10-Jun-2010 at 16:04 |
Дома > Македонија |
< name="txtBaraj" id="txtBaraj" size="30" maxlength="70" ="text"> < ="if ofPage_ClientValidate == '' Page_ClientValidate''; " name="ctl04" value="Барај" style="font-family: Verdana; font-size: 10px; font-weight: bold;" ="submit"> |
 |
Американски грант за истражување на
локалитетот Стоби
10.06.2010 16:23
 | Филип Рикер |
| |
Во Македонија културата е жива и се развива. Најголем
дел од тоа се одвива без поддршката на амбасадите и министерствата. Имате
земја со разнолики култури и мислам дека треба да бидете горди на тој
факт, рече американскиот амбасадор Филип Рикер вчера на забавата во чест
на Македонската Филхармонија. „Друга област која ја прославуваме
е и чувањето на културното наследство. Синоќа ги пречекавме добитниците
на наградите за наследство. Нив ги додели американскиот фонд за
сочувување на културата, во присуство на претседателот Иванов. Беше
доделена најголем грант за црквата Перивлепта во Охрид. Тоа е всушност
најголемата грант доделена во Европа од програмата на Стејт
департментот. Многу сме горди на тоа. Сакам да објавам дека,
благодарение на одличната соработка со културните организации во
Македонија и вредните наоѓалишта во земјата, нашата амбасада, ќе додели
уште еден грант за сочувување на културата. Ќе го поддржиме проектот за
сочувување на раните византиски фрески од базиликата во Стоби“, изјави
Рикер. Голем број музичари, уметници, министерката Канчева
Милевска, директори на културни институции се дружеа во градината на
резиденцијата на амбасадорот Рикер. Македонската филхармонија чиј
што верни проследувачи се амбасадорот и неговата сопруга, својата
сезона ја завршува во среда со традиционалниот мултимедијален спектакл
„Види музика, слушни слика, добиј книга“. „Благодарност за
амбасадорот Рикер кој е голем пријател, голем фан на оркестарот на
Македонската филхармонија, наш пријател, слободно можам да кажам, кој се
дружи во текот на целата сезона со нашиот оркестар, бидејќи е очигледно
е најчест посетител на нашите концерти“, вели Маја Чаначевиќ. Директорката
на филхармонија му заблагодари на амбасадорот Рикер и му подари слика
од Мирослав Масин. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124115
|
 |
Buliwyf
Senior Member
Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
|
Quote Reply
#83 Posted: 04-Jun-2010 at 11:51 |
Во струшко Ташмаруништа откриени вредни предмети од 6 и 7 век п.н.е
04.06.2010 - 09:15
При археолошки ископувања во некропола која потекнува од 6 и 7 век пред нашата ера во струшкото село Ташмаруништа пронајдени се гробни прилози, копја, белегзии и керамички предмети на припадници на војничкиот сталеж од архајскиот период.
Според Сашо Цветкоски, директорот на Националната установа „Др. Никола Незлобински“ од Струга, карактеристично за овој период бил начинот на погребување, со т.н. тумоли односно радијално поставување на камења врз претходно погребан покојник.
Тој информира дека ова е доказ за континуирано постоење на цивилизации на овие простори почнувајќи од хеленизмот, римскиот и ранохристијанскиот период.
Струшкото село Ташмаруништа е познато и по вредните црковни храмови како што се црквата Св. Архангел Михаел стара повеќе од 150 години и Ранохристијанската базилика Света Мартинија.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#84 Posted: 04-Jun-2010 at 03:11 |
Не се разбирам во археологија, но се си мислам дека единствена логика прави да се изберат приоритетни локации за истражување (и во размер со реалните ресурси кои стојат на располагање), да се истражуваат темелно, и кога некаде процесот ќе заврши локалитетот да се конзервира и заштити. А да се раскопаат 200 локалитети па да се баталат на пола пат, тоа е крајно несериозно и неодговорно. Претпоставувам дивите копачи сега тријат раце - еден куп локалитети баш им ги припремија за да улетаат и да направат 'ршум
|
 |
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#85 Posted: 03-Jun-2010 at 08:03 |
Запрени ископувањата на речиси сите археолошки локалитети
Мишко Иванов
02.06.2010 19:22
Со работа запираат речиси сите археолошки локалитети во земјата. Првиот човек на управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман денеска во изјава за А1 потврди дека во буџетот веќе нема пари за оваа намена.
Ископувањата кои особено се засилија во последните години и кои за многумина беа потрага по потврда на античките корени, засега ќе се одвиваат само на три локалитети: на скопската тврдина Кале, ќе се работи и на Плаошник, а ќе се работи и на музејот на вода во Охрид. Сепак и ова ќе трае само до крајот на месецов.
Се прекинува работата на сите археолошки локалитети во Македонија. Државата нема повеќе пари да ги финансира проектите. Единствено сега ќе се работи само на три локалитети: Скопската тврдина Кале, Плаошник и Музејот на вода во Охрид.
Ова за А1 го потврди и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, кој рече „дека ова се прави поради тешката финансиска ситуација во која се наоѓа државата и тоа претставувало мерка за справување со економската криза“. Археолозите на локалитетите, како на пример Стибера кај Прилеп, кои денеска го расчистуваа теренот, биле известени дека работите се прекинуваат се до ребалансот на буџетот, од што ќе зависел понатамошниот тек на работите.
„Тие прекини на работите беа и очекувани затоа што ние сме поврзани со средства од буџетот на Република Македонија и нашите почетоци и завршувања се врзани со средствата од буџетот. И сега дали ќе продолжат работите или не ќе зависи од ребалансот на буџетот“, изјави Лилјана Кепеска, Раководител на истражувањата „Стибера“ Прилеп.
Паско Кузман
Инаку според извори на А1 се уште доцни исплатата на парите за работниците на локалитетите за месец април. Парите за март беа исплатени по сторијата на А1 за Трајче Ристов од селото Смоквица, кој беше избркан од работа бидејќи јавно проговори за доцнењето на исплатата на парите.
Археолозите велат дека веќе ги доставиле списоците за плати и се надеваат дека работниците ќе ги добијат парите во најскоро време.
Беспарицата за луѓето кои работат на археолошките локалитети, А1 ја регистрираше уште пред две недели. Како што видовме и во прилогот. Еве ги изјавите на копачите во Марвинци.
„Ми викаат да си одам, да не доаѓам воопшто на работа и тоа само заради тоа што викнав телевизија да снима да покажеме за финансиските средства. Поминаа два месеца изработени се уште нема пари, а плус тоа кога бараме пари они викаат работете за доброто на Македонија“, Трајче Ристов.
„Купуваат споменици од 6 милиони евра, нека дојде овде премиерот Груевски да види, ај што не даваат пари па не ви дадоа ни на вас да снимате горе, како горе да се прави нуклеарна бомба, а не народ што копа коски за дневница од 400 денари“, Драган Петровиќ.
Но, не е овој единствениот економски проблем со кој се соочува Македонија. Иако, властите најавија дека земјата е излезена од рецесија, сепак последиците од кризата како допрва да почнуваат да се чувствуваат.
Пари според информациите нема и за породилно боледување веќе неколку месеци. Минатата недела опозицијата обвини дека 32 милиони евра не се исплатени на компаниите за поврат на ДДВ, а државата според обвинувањата должи и на градежните компании.
Како и од што ќе скуси државата, останува да се види со ребалансот на буџетот, кој веќе се подготвува и во собрание треба да влезе за една недела.
„Нашата ориентација е ниеден проект да не биде целосно прекинат, туку да видиме кај има согласно динамиката на досегашна реализација на прогресот во реализацијата каде има простор да се промени динамиката и средствата да се распределат дел оваа година дел следната“, изјави Зоран Ставрески.
Експертската јавност сугерираше дека буџетот треба да се скуси меѓу 70 и 100 милиони евра. Очигледно прва жртва на ребалансот се археолошките ископувања.
|
Извор
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#86 Posted: 01-Jun-2010 at 18:35 |
На Таор
пронајдени шлемови од петтиот и шести век
Зошто
Македонија и по деценија од пронаоѓањето се уште срамежливо го крие
местото каде бил роден последниот римски и првиот византиски владетел -
Јустинијан. Освен реткото споменување по историските учебници, уште по
ретко скопски Таор се промовира како туристички локалитет.
Во десетте години интензивни археолошки истражувања почвата оддаде
јавни градби но и приватни куќи, бедеми, помали археолошки наоди. А
минатата седмица откриени се и три значајни шлемови и елементи од воена
опрема.
- Мошне се ретки на Балканот такви шлемови што датираат од петтиот и
шестиот век се откриени два во Србија и во Бугарија. Севкупно такви
шлемови од целото римско царство има дваесетина – вели Киро Ристов –
раководител на истражувањето.
И додека Македонија мирува српски „Нин“ веќе ја објави сторијата
како не Таор туку Јустинијана прима е родното место на Јустинијан.
- За тоа не информира неговиот биограф Прокопиус Таурисиус во
близина на Бадеријана. Проверката лежи само во спротивставување на
ставовите – рече Ристов.
Доцната античка населба веќе го добива својот лик. Работно ја
нарекуваат куќата на рибарот – во неа пронајдено е цело депо на јадици.
Најмалата од еден сантиметар, харпуни. Другата куќа ја нарекуваат куќата
на свештеникот . Во неа се криеле два крста и кандило. Откриени помеѓу
1200 и 1300 ситни археолошки наоди меѓу кои копја, стрели, прстенчиња,
обетки, брошови.
Христена Антовска Јованчева
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=61157
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#87 Posted: 30-May-2010 at 01:58 |
ВО АРХЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА НА ТЕТОВСКОТО КАЛЕ
Откриени три подземни тунели кон Тетово
Три тунели, подземни ходници кои ги поврзувале, како и покриен и летен сарај - ова се само дел од објектите кои се откриени со археолошките истражувања на ридот Балтепе над Тетово, на кој Абдурахман-паша ја изградил монументалната тврдина - Калето, во периодот на турското владеење. Во археолошките ископувања, започнати во 2008 година, кои ќе се вршат до 2012 година со учество на археолози од Македонија и од Косово, откриени се значајни наоди. Според раководителот на проектот Љуљета Абази, инаку виш кустос во Музејот на тетовскиот крај, најголемото изненадување било откривањето два објекта, еден до друг, во средишниот дел на Балтепе, во непосредна близина на црквата "Свети Атанасиј". Утврдено е дека трите подземни тунели ги градел Абдурахман - паша околу 1820 година. Откриени се нивните излези од Калето - едниот води удолу, сè до градот, а другите два кон селото Лавце и реката Пена.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#88 Posted: 25-May-2010 at 20:37 |
Се интензивираат
археолошките истражувања во Хераклеја
Битола, 25 мај 2010 (МИА) - Стручни
тимови на НУ Завод и Музеј-Битола и логистика со повеќе од 300 лица,
продолжија со интензивните археолошки истражувања и ископувања во
античкиот локалитет „Хераклека Линкестис“.
- Во моментов се работи во делот околу амфитеатарот,
кај јужниот бедем и уште на неколку пунктови. Се обработуваат движните
материјали и се изработуваат елаборати за конзервирање на археолошките
наоди, посочи Зоран Николовски, директор на НУ Завод и Музеј-Битола.
Експертите од оваа национална установа очекуваат
годинава да биде завршен објектот гимназион и да биде истражен
театарскиот плоштад http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=74163097&lId=1&pmId=505
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#89 Posted: 25-May-2010 at 18:20 |
Кокино апликант за УНЕСКО |
|
|
Група археолози овој месец интензивно работат на процесот на
конзервација на камените ѕидови, кои ја опкружуваат мегалитската
опсерваторија Кокино која се подготвува да стане споменик на светското
културно наследство на УНЕСКО |
|
|
|
 |
|
- Кокино освен по астрономските маркери, ќе биде препознатливо и
по оградата на светиот простор - вели Јовица Станковски, директор на
кумановскиот музеј.
Инаку, овој локалитет е исклучително богат
со предмети од бронзеното време, разни фигурини, мелници за жито,
керамични садови. Дел од пронајдените јагленосани парчиња се испраќаат
на испитување во институтот во Стара Загора во Бугарија, каде што со
методот ц-14 може да се допрецизира годината на нивното потекло.
Кокино
се смета за еден од најинтересните локалитети во Европа, бидејќи
станува збор за праисториска опсерваторија со најголем број маркери, кои
на луѓето од тоа време им помагале во сметањето на времето и во
изработката на календари.
Мегалитската опсерваторија која датира
од 1800 година п.н.е. беше откриена во 2001 година, а во 2002 се
започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово. |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=525101020131&id=16&prilog=0&setIzdanie=21990
Edited by Cloverstack - 25-May-2010 at 18:20
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#90 Posted: 25-May-2010 at 15:35 |
Откриена
вековната тајна, античкиот град Равен-лулката на словенската азбука?!
Дали во
нивите кои се на само стотина метри од штипското село Крупиште, се наоѓа
долго бараниот град, односно епископијата каде според историчарите,
солунските брака ја напишале Азбуката. Археолозите од штипскиот музеј
оптимисти.
Се смета дека и Кирил, неговиот брат, тука ги напишал 32-те букви од
азбуката, тврди во своите претпоставки археологот од штипскиот музеј
м-р Миланчо Миленковски.
Ископините од темели на цркви современици на светите Кирил и
Методиј, како и вградените симболи во сегашните храмови кои биле дел од
урнатите цркви за археолозите се непобитен аргумент.
Надежта кај нив дополнително се подгрева со зачестените жалби на
крупиштани за маката во орање на земјата.
„На 20 до 30 сантиметри од земјата излегуваат камења и тоа големи,
па често ги кршиме плуговите. Воопшто многу е тешко за орање“- се жали
Блашка Трајчева, од Крупиште.
Во нивата на 60г. Блашка освен жито, се изродија и темелите на така
наречената Црвена црква, една од можните храмови каде според
археолозите, светите словенски брака ја напишале азбуката.
Претпоставка е дека на неполн половина метар под плодната почва се
кријат темели на 10 до 13 цркви, како и вечните почивалишта на пет од 15
свети тивериополски маченици.
Кога доаѓа тука св.Климент за епископ, тука се пренесени пет од 15
те струмички маченици и со истражувањата од 1985-86 та година, од страна
на академик Блага Алексова, токму тука е утврдено местото каде треба да
наоѓаат гробовите на мачениците, но и останатите аргументи и артефакти
за дејноста на светите словенски просветители“- вели за Канал 5, м-р
Миленковски.
На 200 хектари крупишки ораници, старите записи сведочат за
интензивен живот во првите столетија од доаѓањето на Словените. За жал
како што често само нам ни се случува, немањето пари е главната пречка
за откривање на вековната тајна, дали градот на Кирил и Методиј бил тука
или не. Равен името на мистичниот град е еднаков на равенката без
непознати. Ископувања ќе има кога ќе има и пари.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=60833
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#91 Posted: 11-May-2010 at 23:04 |
Ќуп со злато откриен на скопското Кале

Златните монети се од 13 век од никејскиот цар Јован III Дука, а има и венецијански сребреници
Катерина Богоева
Ќуп со 46 византиски златни монети ковани околу 1250 година од никејскиот цар Јован III Дука и 77 сребрени монети ковани од различни венецијански владетели во периодот од втората половина на 13 век, заклучно со 1280 година, е откриено во изминатите неколку дена на тврдината Кале, во рамките на тековните археолошки истражувања раководени од археологот, Драги Митревски.
„Тоа е периодот во кој откриеното богатството било и закопано, а неговото откривање е од големо значење, бидејќи го илустрира последниот период на животот во византискиот град, урнат со доаѓањето на Србите, по што ќе следува период на интензивна градежна активност од нивна страна на овој, и во просторот на скопската околина. Во тој мирен период за Скопје се изградени и најрепрезентативните градби,чии остатоци сега ги откриваме со истражувањата што продолжуваат да се реализираат на ударниот просторот, под познатата бина на Калето.

Годинава го дозаокружуваме претходно парцијално истражуваниот простор, ги дооткриваме остатоците од градби што веруваме дека ќе бидат интересни за натамошна конзервација и реставрација. Очекуваме да се појават убави градби кои на Калето му го даваат неговото административно, политичко и културно значење во средновековниот период, од 10 до 15 век, во времето на владеењето на царот Самоил до доаѓањето на Турците. Со новите откритија добиваме појасна слика за тоа што во тој период се случувало тука, се откриваат и остатоци од царскиот дворец почнувајќи од времето на царот Милутин, но и други градби подигнати за време на српското владеење до 1392 година“, ни изјави вчера Митревски.
Годинешните истражувања течат веќе трет месец, а заедно ги реализираат Институтот за Историја на уметност со археологија при Филозофскиот факултетот во Скопје и Музејот на град Скопје.
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#92 Posted: 05-May-2010 at 22:03 |
На Балтепе се копа во историјата

Педесетина работници се ангажирани на ископувањата и археолошките истражувања на Тетовското кале, каде што независно од овој проект се врши и обнова на црквата „Св. Атанасиј“, која беше оштетена во конфликтот од 2001 година
Тетовското кале деновиве личи на големо градилиште на кое се работи на секој агол. Од пред некој ден продолжија археолошките истражувања на тврдината, а паралелно се вршат и градежните работи на црквата „Св. Атанасиј“ на Балтепе. Двете активности, истражувањето на тврдината од османлиски период и санацијата на црквата не се поврзани, но се одвиваат паралелно. Археолошките и конзерваторските зафати се дел од проектот на Министерството за култура за истражување на локалитетот. Активностите започнаа во 2008, а ќе траат до 2012 година. Тука од пред некој ден, по неколкумесечна пауза, повторно се истражува. Сега се работи и на црквата на која се обновува нејзината надворешност, а се санираат скалите и ѕидовите, кои беа оштетени во војната од 2001 година.
Според раководителот на проектот за истражување на археолошкиот локалитет Тетовско кале на Балтепе, Љулјета Абази, оваа година приоритет ќе им се даде на археолошките истражувања.
- Годинава имаме три милиони денари за работа. Ќе се концентрираме на откривање на објектите кои се под земја, сондажни истражувања за да видиме дали има траги од постари, предосманлиски, културни остатоци и на ископување на гробовите што се наоѓаат во околината на тврдината - рече Абази. На археолошките истражувања се ангажирани педесетина работници. Дел од стручниот тим е од Косово, тројца археолози и еден конзерватор. На локалитетот ќе се работи до крајот на јуни.
Стручниот соработник Ирена Колиштркоска-Настева, од Музејот на Македонија, која е вклучена во проектот, вели дека на калето му се случила хаварија од негрижа изминативе 200 години.
- Калето е изградено во периодот кога османлиската архитектура била во најголем подем. Од него може многу да се научи за тој период. По целосната конзервација и реставрација, калето би требало да прерасне во туристичка атракција - рече Колиштркоска-Настева.
Тврдината е од 18 век и ја сочинуваат повеќе објекти, главно со војничка намена, сарај, трпезарија, касарна, конак, стражарница, затвор, подземен тунел. Дел од објектите целосно се покриени со земја. Лани откако беше откопана трпезаријата, таа беше реставрирана. Се планира да прерасне во изложбена просторија или угостителски објект.
Од пред некој ден почнаа и работите на црквата „Св. Атанасиј“. Црковниот одбор со помош од неколку донатори започна да ја реновира црквата, која се наоѓа во внатрешноста на тврдината и која беше запоставена.
- Потребно е да се уреди и внатрешноста. Многу икони се оштетени, уништен е фрескоживописот. Ако има донатори, ние ќе продолжиме и понатаму да работиме. Сега се ангажирани седум лица и сите работиме без надомест. Од 2001 година досега имало околу пет кражби - рече Трпе Ѓорѓевски, домар на црквата.
Таа е изградена во 1922 година врз темелите на црква од 13 век.
Калето е изградено во 1820 година од Абдурахман-паша како стратегиски објект, но никогаш не било вселено. Со него се врзани неколку легенди. Во истиот момент кога турската војска дошла по Абдурахман-паша и го протерала во Истанбул, до калето дотекла и водата од водоводот што го направил пашата. Во таа пригода тој рекол: „Ти, водо, дојде, а јас отидов“. Исто така се верува дека еден од трите тунели за бегство од калето води директно до центарот на градот во непосредна близина на старото медицинско училиште. Другите водат до блиското село Лавце и до горниот дел од Тетово во близина на реката Пена.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#93 Posted: 01-May-2010 at 22:10 |
За кое кале се работи? Ме збунува ова ДЗС од Битола. Ќе направам една мала дигресија, ме потсети ова со бомбиве. Пред некоја година имаше некои археолошки истражувања на тетовското кале и бе пронајдени некои бомби од војната 2001-ва, па ми дојде на памет една изјава од Паско, "пронајдено е оружје од почетокот на третиот милениум од нашата ера".
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#94 Posted: 01-May-2010 at 20:52 |
Во ископините на Кале најдени бомби од Втората светска војна
Археолошките екипи кои работат на локалитетот на тврдината Кале, при ископувањата пронашле рачна бомба и околу илјада парчиња боеви куршуми од различен калибар од Втората светска војна.
Во атарот на село Далбеговци, општина Новаци, се пронајдени, како што наведува ЦУК, три неексплодирани средства.
За настанот е известена Дирекцијата за заштита и спасување во Битола, од каде се преземени мерки за нивно безбедно складирање.
вау, колку е раскопано калево
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#95 Posted: 28-Apr-2010 at 07:05 |
Почнаа
истражувањата на локалитетот „Баргала“
Штип, 27 април 2010 (МИА) -
Археолозите од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип
денеска почнаа со истражувањата на локалитетот „Баргала“.
Директорот на ЗЗС и Музеј на град Штип, Зоран
Читкушев информира дека археолозите продолжуваат со истржувањата на овој
локалитет каде што застанале минатата година.
- Со средствата од Министерството за култура,
археолозите продолжуваат на потегот на североисточниот бедем, влезот и
базиликата од петиот и шестиот век, изјави Читкушев.
Тој изрази надеж дека истражувањата на археолозите на
локалитетот „Баргала“ и оваа година ќе бидат успешни. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=73429985&lId=1&pmId=501
|
 |
Buliwyf
Senior Member
Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
|
Quote Reply
#96 Posted: 24-Apr-2010 at 16:22 |
На „Цареви кули“ пронајден накит со ликот на Александар Македонски
Сузана Тасева
Археолозите ги збогатија историските страници на Струмица. Ламба со претстава на Александар Македонски е пронајдена во некрополата на јужниот рид на локалитетот Цареви Кули, која потекнува од доцно античкиот период.
„Засега е уникатен ваков примерок не сум видел на другите места, претпоставувам дека се работи за наод односно сад за ламба која што е од работилницата во Солун или можеби во соседството“, рече Зоран Рујак, археолог.
Покрај ламбите е пронајден и вреден златен накит, обетки и прстени.
„Кој што укажуваат на тоа дека дека во 2 век п.н.е. Струмица односно најверојатно тогашен Астраион, бил развиен трговски центар, дека имало богата популација и дека комуницирал со работилниците во Солун и со градовите во соседството“, додаде Рујак.
На Цареви Кули кој е еден од поголемите археолошки локалитети во Македонија, интензивно се истражува од 2007 година, а дотогаш тој беше мета на дивите копачи.
Edited by Buliwyf - 24-Apr-2010 at 16:26
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#97 Posted: 16-Apr-2010 at 17:27 |
Дел од скулптура од
рано римскиот период пронајдена на локалитетот Стоби
Велес, 16 април 2010 (МИА) -
Одлично зачувана мермерна глава, дел од скулптура од рано римскиот
период и мало торзо се пронајдени денеска на локалитетот Стоби, кој го
посети премиерот Никола Груевски придружуван од министерката за култура
Елизабета Канческа-Милевска и директорот на Управата за заштита на
културното наследство Паско Кузман.
Според Силвана Блажевска, директор на Националната
установа Стоби, станува збор за склуптура со која според
карактеристиките, обично се претставувале императори и видни граѓани од
првиот и вториот век од новата ера, а била дел од храм, кој
бил ограбуван по неговото разурнување уште во античкиот период.
- Сводот во едната просторија имаше дупка. Кога ја
најдовме руската копејка од 1863 на едно од подните нивоа си рековме за
жал храмот е ограбен и тоа повеќе пати меѓутоа среќа е што тие не
стигнале до првото подно ниво каде се наоѓаат склуптурите. Очекуваме за
една недела да го рачистиме подното ниво и да видиме за што се работи,
рече Блажевска.
Министерката Канческа-Милевска истакна дека вкупно
180 милиони денари изнесува буџетот за годинашниве активности на 20
археолошки локалитети кои се наоѓаат на приоритетната листа на Управата
за заштита на културното наследство.
Таа посочи дека од особено значење е што овој
локалитет на кој работите оваа сезона почнаа пред три недели, прерасна
во Национална установа со што се овозможува државата во континуитет да
се грижи за него, а не еднократно додека траат истражувањата.
- Многу е важно што овој локалитет прерасна во
Национална установа со вработени чиј број понатаму ќе се зголемува, а се
со цел тој да биде достапен и како туристичка атракција и за промоција
на културното наследство, рече Канческа-Милевска.
Според Кузман, за разлика од минатата година кога
работеа 700 лица, на локалитетот Стоби годинава се ангажирани 400 лица
од кои 65-члена стручна екипа.
- Интензивно се фокусираме на локалитетот во
истражувачка смисла да го завршиме што побрзо, а за конзерваторските и
другите работи ќе треба подолго време и покрај тоа што во овој момент
работиме и конзерваторски проекти, рече Кузман посочувајќи дека
издвоените средства од буџетот за археолошките истражувања ќе бидат
доволни. ва/рп/16:27
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=73153208&lId=1&pmId=505
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#98 Posted: 09-Apr-2010 at 23:06 |
Штипските археолози почнаа со
истражување на тврдината Исар

Археолозите од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип
почнаа со археолошките истражувања на тврдината Исар.
Директорот
на Заводот за заштита на спомениците и Музеј на град Штип Зоран
Читкушев истакна дека истражувањата ќе се одвиваат во наредните два и
пол месеци.
„На тврдината Исар ќе се работи на три пункта - на
акрополот, тунелот и на црквата ’Св. Власие‘. Со овие истражувања
очекуваме да направиме и активности за изготвување на проект за
конзервација на тврдината“, рече Читкушев.
Тој додава дека во
акцијата, што е финансирана од Министерството за култура и од Управата
за заштита на културно наследство, се вклучени 10 археолози и 40
теренски работници. Штипските археолози за половина месец ќе почнат и со
истражувањата на локалитетот Баргала. „На овој локалитет ќе се работи
меѓу бедемот и градската базилика, потоа североисточниот бедем заедно со
влезот, исто така, ќе работиме и на конзервација“, вели Читкушев.
Во
тек се и истражувања на археолошкиот локалитет во селото Радање. (К.Р.) http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=01ECC2C934B2D748968C03C867C674D9
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#99 Posted: 02-Apr-2010 at 23:39 |
МАКЕДОНИЈА НАСПРОТИ ДИГИТАЛИЗИРАНАТА СВЕТСКА ПРАКТИКА ВО ОТКРИВАЊЕ НА ПОДЗЕМНИТЕ СЛОЕВИСо мотики до археолошкото благо
Кате Антевска
Интензивните археолошките ископувања, кои се во ек во земјава последниве години, се прават со примитивни алатки - мотики, копачи, мерни лента, компаси и детектори за железо, кои одамна не се употребуваат за ваков вид истражувања во развиените земји, велат нашите археолози. Нивните колеги низ светот се служат со геоскенери, односно дигитални апарати што помагаат во лесно откривање подземна архитектура, керамиката, железо и други неподвижни наоди. Археолозите велат дека се потпираат на старите алатки бидејќи тие се најсигурни, иако со нив работата е макотрпна и трае подолго, но дека многу би им помогнале и современи технолошки помагала, кои се идеални за случаите кога треба да се лоцира дотогаш непознато археолошко наоѓалиште, на пример. А, во Македонија има многу неистражени локалитети, регистрирани се илјадници наоѓалишта, кои допрва треба да се истражуваат, да се обележат нивните граници и структура. - Немаме апарати за брза идентификација на локалитетите, а кај нас има наоѓалишта во огромен број и од различни епохи. Во моментов јас истражувам на сто локалитети, каде што претпоставувам дека има стари градови, а тоа го правам со лента и со детектор за метал, што ми одзема многу време. Да имав геоскенер многу брзо ќе ги лоцирав границите на локалитетот, положбата на евентуалната архитектура и друго - вели археологот Виктор Лилчиќ, соопштувајќи дека деновиве открил град со потекло од 4 до 6 век во селото Држант, Радовиш, токму со стари алатки. Во светот е одамна доминантен моделот на таканаречената недеструктивна археологија, односно испитување на теренот со специјални машини. Се користат геоскенери, уреди со чијашто помош се регистрираат контурите од стара архитектура во длабочина од половина метар. Со нивна помош дигитално се документира вертикалниот и хоризонталниот план на теренот, се исцртува релјефот, а со тоа археолозите лесно одредуваат што треба да се истражува. Во употреба се и ГПС-уреди и геоексплорери, кои имаат слична намена. - Апсолутно ни требаат современи технолошки помагала, најмногу во првичните истражувања на едно наоѓалиште. Така побрзо би дознале каква е архитектурата на теренот. Така се штеди и време. Меѓутоа, на крајот пак мора да се истражува по стариот начин. Наодите се откриваат со мотики, се документираат, се цртаат, се зема примерок од земјата - вели Зоран Рујак, раководител на ископувањата на локалитетот Цареви кули во Струмица, каде што е во тек истражување на некропола.
Модерната опрема е скапа за нас
Археологот Паско Кузман и неговите колеги се согласуваат дека е убаво културните институции да се подноват со современи машини за ископување, но нагласуваат дека се скапи за наши услови. Нивните цени се движат од 10 до 15 илјади евра, а искуствата велат дека се прилично несигурни во лоцирање на археолошките наоди. - Планираме да купиме геоскенер од некоја од западноевропските земји, но претходно сакаме да испробаме како работи. Не можеме да ризикуваме да дадеме пари, а да немаме никаква добивка од тоа - вели Кузман.
Предностите и маните на геоскенерот
Геоскениерите се ефикасни во брзо лоцирање археолошки локалитет, но на места каде што е веќе познат распоредот на објекти тие се речиси непотребни, велат археолозите. Геоскенерот може да открие културно наследство во длабочина од неколку сантиметри, кое потекнува од една историска епоха, додека другите културни слоеви, кои како што се оди во длабочина се се постари, остануваат непрепознаени. За македонската почва, пак, е познато дека крие повеќе културни слоеви од различни епохи, понекогаш од параисторија до денес, што, според археолозите, дефинитивно бара класични методи на откривање - со стари алатки. - Класичните методи на истражување се најсигурни. Што ќе ни е геоскенер за истражување на некрополата на Исар Марвинци, на пример, кога се знае до каде се простира таа. Некои романтичари, кои по професија не се археолози, а кои ја љубат археологијата, имаат купено вакви машини мислејќи дека со нив ќе откријат злато или други богатства. Се сеќавам дека еден таков ентузијаст одеше од место на место со мисла дека ќе открие вредно богатство, но место, тоа, најде железна прачка - вели Паско Кузман.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#100 Posted: 09-Mar-2010 at 12:53 |
СЕ ПОДГОТВУВА ТЕРЕНОТ НА ИСАР МАРВИНЦИ, ХЕРАКЛЕЈА, СТОБИ
Нови големи археолошки ископувања
Кате Антевска
Обемни
археолошки истражувања ќе почнат од следната недела на наоѓалиштата низ
цела Македонија. На списокот се и капиталните археолошки зафати во Исар
Марвинци, Хераклеја, Стоби, скопско Кале и на Зрзе. Од Управата за
заштита на културното наследство велат дека оваа година од буџетот на
Владата се издвоени најмногу пари за оваа сфера, по 15 до 20 милиони
денари за секое од големите наоѓалишта, односно речиси 350.000 евра по
локалитет. - Ова е највисока сума досега одвоена за ископувања на еден
археолошки локалитет - вели Паско Кузман, додавајќи дека речиси три
милиони денари се резервирани за помалите наоѓалишта. Археолозите во
помал обем ќе истражуваат и на Цареви кули во Струмица, на островот
Голем Град во Преспа, на локалитетите Големо Градиште во Неготино,
Тумба Маџари во Скопје, Баба и Трештна Стена во Прилеп, потоа во
Кнежевски манастир во Кичевско, а ќе се засилат и конзерваторските и
реставраторските зафати на Горна Порта во Охрид, на бедемите од
Баргала, на Вардарски Рид и на други места. Очекувањата на експертите
од годинешната археолошка акција се големи, а зафатот, судејќи според
обемноста на најавените проекти, веројатно ќе биде во центарот на
културните случувања, впрочем како и во минатите години на интензивни
археолошки истражувања. Златко Видевски, раководителот на ископувањата
на локалитетот Исар Марвинци, каде што лани беа пронајдени најмногу
предмети со високо уметничко значење, очекува слични резултати и оваа
година. - Ископувања ќе се прават на три некрополи на површина од
28.000 квадратни метри. Некрополите се од рана антика, од римско време
и од праисторискиот период. Таму лани наидовме на навистина вредни
наоди, како црвенофигуралните и црнофигуралните фазни, потоа златниот
накит, многу бронзени апликации со претстави на божества и друго.
Годинава ќе се прави доистражување на гробниците, па очекуваме богати
прилози - вели Видевски. Тој објаснува на Исар Марвинци најмногу ќе се
ископува во раноантичката некропола бидејќи токму таму се открија
највредните парчиња со потекло од 1 до 6 век пр. н. е, каков златниот
накит. Гробните прилози од тоа време, вели тој, се прилично богати и
укажуваат на богат статус на луѓето што се погребувале. Инаку, на Исар
Марвинци ќе работи стручна екипа од 50 луѓе и 500 работници, студенти и
други соработници. Ланските пронајдоци на Хераклеја, пак, ја урнаа
старата теорија за потеклото на ова наоѓалиште, која вели дека тоа
датира од 2 век пр. н. е. Една монета со ликот на Касандер, војсководец
и пријател на Александар Трети Македонски, што беше најдена во јужниот
бедем на локалитетот, покажа дека Хераклеја живеела и во 4 век пр. н.
е, во времето на Александар Македонски, велат археолозите. - Ќе
истражуваме таму каде што застанавме: во новата базилика, во
Гимназионот и на театарскиот плоштад од македонско хеленистичкиот
период. Никогаш не се знае што кријат подолните слоеви од овие објекти
- вели Аница Георгиева, раководителката на ископувањата на Хераклеја
Линкестис. Предизвикот да се истражува Хераклеја е голем, коментира
таа, токму поради тоа што лани се утврдило дека ова наоѓалиште живеело
и во период од 7 до 9 век, факт кој беше непознат во науката. http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1962&ArticleID=135780 |
|
 |