build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбани велосипедски патеки - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 345
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 18-Dec-2015 at 17:29
Сето она што е поврзано со градските патеки за велосипеди во Скопје предлагам да го објавуваме во оваа нишка. Исто така, предлагам тука да ги посочуваме сите урбани пречки со кои се соочуваат велосипедистите во Скопје, како велосипедските паркинзи.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 31-Oct-2015 at 16:48
ПРОМОВИРАНА РЕКОНСТРУИРАНАТА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА НА БУЛЕВАРОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ



Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски, денеска /31.10.2015 година/ ја промовираа реконструираната велосипедска патека по должината на булеварот Александар Македонски, на потегот од подземниот премин кај хотелот „Континентал“ до влезот во пунктот на ЈСП во Автокоманда.



- Градот Скопје интензивно работи на реализација на проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“. Денеска ја промовираме реконструираната велосипедска патека по должината на булеварот Александар Македонски, на потегот од подземниот премин кај хотелот „Континентал“ до влезот во пунктот на ЈСП во Автокоманда, што е дел од рутата 1 од овој проект. Во текот на изминатиов месец, пешачката и велосипедска патека по должината на булеварот Александар Македонски беше целосно реконструирана на должина од 1.040 метри, беше отстранет стариот и оштетен асфалт, беа поставени нови рабници и нов асфалтен слој. Пешачката патека е широка 4 метри, а велосипедската патека – 2,5 метри. Означена е и хоризонталната и вертикалната сигнализација. На реконструкција на пешачката и велосипедска патека на булеварот Александар Македонски, на потегот од подземниот премин кај хотелот „Континентал“ до влезот во пунктот на ЈСП во Автокоманда, работеа екипите на ЈП „Улици и патишта“, а Градот Скопје за овој зафат потроши околу 8,6 милиони денари – рече градоначалникот Коце Трајановски.



За да се овозможи непречено движење на велосипедистите, екипите на Град Скопје ја реконструираа и пешачката и велосипедска патека по должината на улицата Беласица, на потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до кружниот тек кај хотелот „Континентал“, од страната на скопското сајмиште, на должина од 260 метри, а кај хотелот „Континентал“ е изградена нова велосипедска патека долга 50 метри. Со овој зафат, велосипедистите добија можност за непрекинато движење по должината на булеварот Александар Македонски и по улицата Беласица по уредена велосипедска патека.



- Во наредниве денови продолжуваме со активностите за изградба и обнова на велосипедските патеки од рутата 1. Ќе се работи на булеварот Александар Македонски, на потегот од базата на ЈСП во Автокоманда до клучката „Естекада“, на булеварот Илинден, на потегот од улицата Љубљанска до булеварот 8.Септември, на булеварот Илинден, на потегот од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до фонтаната во Градскиот парк, на улицата Беласица, од страната на паркингот и по должината на булеварот Гоце Делчев, од страната на населбата Крњево. На терен работат 3 градежни компании, а градежните работи на патеките од рутата 1 очекуваме да завршат до крајот на годинава. Потоа ќе продолжиме да работиме и на преостанатите три рути од проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“. Сакам да потсетам дека со проектот за унапредување на велосипедскиот сообраќај „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“ во градот ќе се оформат четири главни велосипедски рути, и тоа: РУТА 1 - Гази Баба-Центар-Карпош, РУТА 2 - Аеродром-Центар-Карпош-Ѓорче Петров, РУТА 3 - Кисела Вода - Центар – Карпош, РУТА 4 - Бутел-Чаир-Центар, како и седум конектори што ќе ги поврзуваат патеките од рутите. Со овој проект до 2017 година ќе се реконструираат вкупно 51 километар велосипедски патеки. Апелирам до граѓаните што повеќе да користат велосипед во своето движење низ градот и да ги користат обновените велосипедски патеки – нагласи денеска градоначалникот Трајановски.



Досега во Скопје се реконструирани следниве велосипедски патеки:

- на булеварот Кузман Јосифовски – Питу, на потегот од НБРМ до Транспортен центар;

- на булеварот Гоце Делчев, на потегот од МРТВ до факултетскиот комплекс;

- на булеварот Крсте Мисирков, на потегот од Адвокатската улица до кеј „Димитар Влахов“;

- на булеварот Александар Македонски, на потегот од бараките на Општина Гази Баба до Шумарскиот факултет, лева страна;

- на булеварот Александар Македонски, на потегот од улицата 16. Македонска бригада до клучката „Естекада“, лева страна;

- на булеварот Ѓорче Петров, на потегот од булеварот Македонска војска до мостот за Сарај, лева страна;

- на булеварот Крсте Мисирков, на потегот од ТЦ „Мавровка“ до клучката кај Бит-пазар, од страната на пазарот.

http://skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=8582&mid=482&tabId=1
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 345

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.594 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.