Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#81 Posted: 03-Dec-2009 at 01:26 |
Ете уште еднаш се потврдува дека на Македонија и фали средната алка во организација на децентрализацијата, односно регионите (како што во Грција се оние префектурите Νομαρχειο). Кај нас онаа инфраструктура што би требало да биде менаџирана од регионални институции сега е пола-пола , нешто е под општини, нешто под држава. На пример депонијава е на Гостивар, а региналните патишта ги менаџира државата. Некогаш тука постоеле такви типови децентрализација со окрузи. Сепак у Македонија вакво прашање во ова време е будење стари сенила и отварање пандорина кутија, па и да постоеа такви региони повеќе ќе беа злоупотребени политички одколку што ќе ни завршеа работа. Но во секој случај кога еќе ги немаме регионите би трело и оваа инфраструктура што е по општини да стане државна како не би имало идни ситуации да еден град плаќа на друг за складирање отпад и слично.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#82 Posted: 02-Dec-2009 at 21:57 |
Депонијата Русино се дотерува за отпадот од Тетово |
|
|
Градежните
работи околу уредување на депонијата Русино се интензивираа, меѓутоа
отпадот од Тетово складиран кај железничката станица ќе може да се
премести таму дури за еден месец |
|
|
|
 |
|
Работниците
на тетовското комунално претпријатие почнаа да копаат јами и канали за
да се овозможи одвод на насобрана вода во депонијата, по што ќе може да
се складира отпадот.
- Ископан е одводен канал од една јама, а
се работи на изградба на уште една. Отпадот од дивата депонија во
Тетово би можел да се транспортира за 20-30 дена, во зависност и од
временските услови - вели директорот на ЈКП-Тетово, Асан Љума.
Тој
најави дека е можно отпадот да почне да се преместува и додека трае
уредувањето на депонијата, ако тоа го дозволат Министерството и општина
Гостивар. Директорот апелира до граѓаните на Тетово да се стрпат уште
малку.
- Граѓаните да сфатат дека дивата депонија кај
железничката станица во Тетово е резултат и на политички случувања, но
таа ќе биде отстранета - вели Љума.
Освен за функционалноста
на Русино, треба да се работи и на пристапниот пат. За инвестирање во
оваа депонија, советот на општината Тетово одвои речиси 5 милиони
денари од општинскиот буџет. |
|
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12291028226&id=10&prilog=0&setIzdanie=21852
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#83 Posted: 25-Nov-2009 at 01:23 |
Нови 12 камиони за собирање смет

Градот Скопје ќе купи нови 12 специјални возила за собирање комунален отпад. Одлуката ја донесе Советот на вчерашната седница.
Шест возила ќе бидат со зафатнина од 20 кубни метри, а шест со
зафатнина од 8 кубици. Тие ќе му бидат доделени на јавното претпријатие
„Комунална хигиена“.
Потребата од нови специјални камиони Градот
ја објаснува со тоа што на претпријатието му недостигаат возила, машини
и опрема, со што се доведува во прашање неговото функционирање.
-
Со набавката на 12 специјални комунални возила ќе се придонесе за
подобрување на условите за работа на „Комунална хигиена“ и за
значително подобрување на хигиената во главниот град - сметаат
градските власти.
Дванаесетте камиони ќе чинат вкупно 70
милиони денари, (околу 1,14 милион евра), за што се обезбедени пари од
градскиот буџет за 2009 и за 2010 година.
За набавка на возилата ќе биде распишан јавен повик во согласност со Законот за јавните набавки. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E27AAEC32563F84C9AD913D424CAA23C |
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#84 Posted: 05-Nov-2009 at 16:27 |
Браво потребни се вакви проекти во делот на екологијата и рационално распределување и реобнова на ѓубрето.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#85 Posted: 05-Nov-2009 at 07:20 |
Почна производството на компост

Почна компостирањето на сувите лисја од зелените површини во градот.
Град Скопје и
Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ вчера го промовираа
пилот-проектот за компостирање на лисјата од кои ќе се произведува
ѓубриво.
Во дворот на „Паркови и зеленило“ е ископана
дупка со димензии 30 на 30 метри и длабочина од 1,5 метар, во која ќе
се истураат лисја кои ќе бидат исчистени од другото ѓубре што се собира
од зеленилото, како гранки, хартија и пластика. Собраните лисја по
природен пат ќе скапуваат и ќе се претвораат во квалитетен компост кој
ќе се користи за потребите на претпријатието. Се очекува првите
количини на органското ѓубриво да се добијат за една година.
-
Собраните лисја од зелените површини во градот јавното претпријатие
досега ги депонираше на депонијата Дрисла. Од зелените површини годишно
се собираат по околу 150 тони лисна маса - рече градоначалникот на Град
Скопје, Коце Трајановски.
Тој додаде дека со транспортот на
лисјата на Дрисла претходно се создавале големи трошоци, а со
пилот-проектот за компостирање ќе се произведува квалитетно природно
ѓубриво кое ќе се користи за садниците, цвеќињата, дрворедите...
- Со тоа, годишно, „Паркови и зеленило“ ќе заштеди околу два милиона денари - рече Трајановски.
Тој
најави дека проектот за компостирање понатаму ќе се надградува, а ќе се
покрене и иницијатива за поттикнување на граѓаните што живеат во куќи
да го компостираат зелениот отпад од нивните дворови.
Компостирањето
претставува контролирано биолошко разградување на органските материи во
присуство на кислород и под дејство на микроорганизми, при што се
добива компост - висококвалитетно органско ѓубриво.
Досега
проекти за компостирање во домаќинствата спроведоа општините Илинден,
Гази Баба и Ѓорче Петров. Компостирањето е значаен вид преработка на
отпад, со кој се избегнува мешање на органскиот и на неорганскиот отпад
на депониите. Според „Комунална хигиена“, дури 60 отсто од отпадот на
Дрисла е од органско потекло, што значи дека може да се преработи во
ѓубриво, а остатокот е комунален смет. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EC4ED4908FFB644FB2A9A663FA30E55E |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#86 Posted: 30-Oct-2009 at 15:36 |
 Поопширно
Купени четири камиони за празнење на контејнерите

Идниот месец ќе пристигнат уште две возила, а Градот в година ќе купи уште 12 камиони
Контејнерите за ѓубре од денеска ќе се празнат со четири нови
возила, кои ќе се користат и за подигнување на сметот од кантите од
домаќинствата со зафатнина од 120 и 240 литри. Подновувањето на возниот
парк на ЈП „Комунална хигиена“ вчера го промовираа директорот Златко
Димовски и градоначалникот Коце Трајановски. И двајцата не го криеја
задоволството од набавката на новите возила, бидејќи со нив,
претпријатието автоматски го зајакнува својот капацитет за работа.
Камионите се од марката „ивеко“ со мотор еуро 4 дизел, поседуваат
ГПС-систем, а имаат и помошен систем преку кој исцедокот од сметот ќе
се излева директно преку вентил, што не е случај со старите возила.
Освен пуштените во употреба четири возила, до крајот на ноември се
очекува по улиците да почнат да возат уште два идентични камиона.
Оваа
набавка чини околу 520.000 евра, од кои помалку од половина ги обезбеди
Градот Скопје, а остатокот ќе го отплатува претпријатието на лизинг.
„Со
камионите не само што ќе се зајакне капацитетот на претпријатието, туку
набавката за нас има и економична страна, бидејќи за досега користените
возила имавме големи трошоци за одржување и поправка, со оглед на тоа
дека нивната старост во просек е околу 20 години“, истакна
градоначалникот Трајановски, кој најави дека во текот на идната година
Градот планира да распише тендер за набавка на уште 12 камиони за смет
за „Комунална“ конечно да има соодветен возен парк за извршување на
активностите.
Последен пат возила за потребите на претпријатието се набавени во 2002 година, кога беа купени пет камиони. (Дс.Т.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E6A97F0CA04BC44DA8DE7FF26A3EFE98
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#87 Posted: 29-Oct-2009 at 15:57 |
Четири нови камиони за собирање ѓубре

Скопска “Комунална хигиена“ доби четири нови специјализирани возила за собирање смет.
Возилата имаат зафатнина од 16 кубни метри, со вграден механизам за
подигање и празнење на стандардни контејнери со зафатнина од 1,1 кубик
и типски канти од 120 и 240 литри.
“Новите возила значително ќе ја подобрат работата на ЈП „Комунална
хигиена“. Подготвуваме и тендер за набавка на уште 12 камиони со кои се
надеваме дека ова јавно претпријатие целосно ќе биде опремено. Со
новите камиони ќе се намалат сегашните трошоци на јавното претпријатие
кои се вложуваат во постојани поправки на возилата. Со ова праќаме
јасна порака дека наша намера е ЈП „Комунална хигиена“ успешно да
функционира и оти хигиената во градот е наш приорите“, рекол скопскиот
градоначалник Коце Трајановски на промоцијата на новите камиони.
Цената на едно комунално возило без ДДВ е околу пет милиони денари,
а цената на сите шест возила без ДДВ е околу 32 милиони денари. До
крајот на година треба да бидат набавени уште две возила кои се дел од
истата нарачка. http://netpress.com.mk/vest.asp?id=63525&kategorija=1 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#88 Posted: 14-Oct-2009 at 20:02 |
200 илјади евра за повторно отворање на депонијата „Русино“
14.10.2009 17:05
Инвестиција
од 200 илјади евра го дели Полог од еколошката катастрофа што ми се
заканува. Според претставници од општина Гостивар толку средства се
потребни за да се направат неопходните минимални зафати, за
регионалната депонија „Русино“ повторно да се отвори. „Ќе
треба се ископаат две јами каде што треба да се депонира сметот. Тие би
биле со димензии од пет илјади квадрати. Тие две јами ќе треба се
поврзат со канал за отпадната вода и активирање на бетонската јама за
отпадни води, да се активираат атмосферските канали за атмосферската
вода, да се направи водовод со вода за пиење и техничка вода за гасење
на пожар и да се направи еден резервоар за дезинфекција на возилата“,
изјави Рустем Иљази - ЈКП „Комуналец“ - Гостивар. Во депонијата
се создало езеро од отпадни води. Тоа е директна опасност поради
можноста од загадување на водата за пиење, а со тоа и опасност по
здравјето на граѓаните, велат од општината. „Градоначалникот на
Гостивар д-р Руфи Османи има обврска кон сите граѓани кои го гласале
него да се грижи за нивното здравје“, вели Шпент Капроли - Општина
Гостивар. Половина година „Русино“ е затворена. Толку време во
Полог се собира отпад, а никаде не се изнесува. Најзагрозени досега се
граѓаните на Тетово. Дива депонија со над 13 илјади тони отпад е само на неколку минути од нивните домови. |
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114968
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#89 Posted: 01-Oct-2009 at 15:54 |
Депонијата „Дрисла“ се одвои од „Комунална хигиена“

Целта е да се привлече инвеститор кој ќе воведе нова технологија
„Дрисла“ се одвојува од „Комунална хигиена“ како ново јавно
претпријатие, одлучи вчера Советот на Скопје. Во следните два месеца
новото градско претпријатие треба да добие статут и систематизација.
Целта на одвојувањето, според образложението на градоначалникот Коце
Трајановски е привлекување инвеститор кој ќе воведе нова технологија и
начини на третман и депонирање на отпадот.
На одвојувањето на
„Комунална хигиена“ и „Дрисла“ се спротивставија опозициските партии во
Советот, кои особено забележаа на штурото образложение за потребата од
создавање ново јавно претпријатие. Меѓу другото, се поставија прашања
за распределбата на долгот од околу 240 милиони денари за ДДВ, што
моментно го должи „Комунална“, за новите вработувања кои ќе следуваат
во новото јавно претпријатие, како и за висината на надоместокот кој ќе
треба „Комунална“ во иднина да го плаќа за да го депонира отпадот во
„Дрисла“.
„Нема сеопфатна анализа за оправданоста на
одвојувањето, кое се предлага да се направи само неколку години откако
се споија двете претпријатија за да се спаси ’Комунална хигиена‘“,
истакна советникот Никола Велковски од СДСМ.
Неговата колешка
Софија Куновска истакна дека од Советот се бара да одлучи за важно
прашање врз основа на впечатоци, а Александар Наумовски спореше околу
можноста новото јавно претпријатие да депонира опасен отпад за што ќе
мора да има дозвола од централната власт.
„На ’Комунална
хигиена‘ приоритет секогаш и' е собирањето на сметот, додека во
последните години депонирањето и вистинскиот третман беа во подредена
состојба. Постојат заинтересирани партнери кои сакаат да инвестираат во
овој сегмент, со што депонијата ќе работи по европски и еколошки
стандарди“, се бранеше градоначалникот Трајановски.
Според
локалните власти „Дрисла“ постои дваесетина години и полна е две
третини. Со соодветен третман на отпадот во иднина, кој ќе вклучи
селекција и рециклирање, векот на депонијата ќе биде продолжен. (С.Н.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F29F0D90024EA042987D1234195BA951
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#90 Posted: 29-Sep-2009 at 23:32 |
Ај што депонииве се така сатанизирани па уште државата на централно ниво не одередува локации за таква намена. Сметам дека најдобар начин за вакво нешто е доколку по закон губрето што ќе се складира во една депонија да биде сопственост на општината во која се наоќа депонијата, па така општините да можат да нудат и локации за рецилажни фабрики и концесионери за метан па на тоа да остваруваат профити, пошто вака нема ни една депонија да видиме и ќе се удавиме во ѓубре.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#91 Posted: 29-Sep-2009 at 23:21 |
Идејата за депонија ги подели пелагониските општини

Локалните власти на Новаци и на Могила се заинтересирани за депонија на своја територија
БИТОЛА - Може ли плодната пелагониска рамница да биде локацијата
каде што ќе се гради регионална депонија за девет општини. Пред ваков
предизвик се локалните самоуправи од Битола, Новаци, Могила, Демир
Хисар, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Крушево и Ресен. Сите заедно веќе
неколку месеци ја разгледуваат можноста за управување на цврстиот отпад
во Пелагонискиот плански регион. Студијата за регионална депонија
според европски стандарди ја изработуваат странски експерти. Ако се'
тече според плановите, депонијата во Пелагонија треба да се изгради за
четири-пет години.
Но, идејата за регионална депонија среде
Пелагонија отвори повеќе дилеми: колку ќе ја загади почвата, реките,
подземните води... Еколошките здруженија со реакција дека јавноста
малку е информирана за целиот проект.
Иницијативата за изградба
на депонија потекна од Регионалната развојна агенција на Пелагонија
„Преда“ и Министерството за животна средина со цел да се искористат
парите од ИПА-фондовите за регионален развој.
„Општините ја
прифатија иницијативата и потпишаа меморандум за соработка за
управување со цврстиот отпад. Затоа што сите имаат проблем што сакаат
да го решат во иднина“, изјави Марјана Милевска, извршна директорка на
„Преда“.
Сепак, идејата за изградба на регионална депонија ги подели
пелагониските општини. Додека едни ја прифаќаат, други не го сакаат ѓубриштето од соседите во сопствениот двор.
„На
дел од општините во интерес им е депонијата да се гради на нивна
територија, а некои не го сакаат тоа. На следниот состанок треба да
доставиме предлози. Тоа е долга процедура. Не може за кусо време да се
реши, бидејќи е потребна согласност на општинските совети“, изјави
битолскиот градоначалник Владимир Талески.
Локалните власти на
Новаци и Могила не кријат дека се заинтересирани за депонија на своја
територија. Токму во управувањето со таков објект гледаат напредок за
своите општини. Од можност за отворање нови работни места, преку
подобрување на инфраструктурата и можеби социјални погодности за
локалното население со средства од другите општини. Згора на се', овие
две општини имаат најпогодна местоположба. Тоа го исполнува критериумот
за економската исплатливост во транспорт на сметот.
„Можеби е
храбар потег што се залагам за депонија на наша територија, но тука
гледам други предности“, вели градоначалникот на Новаци, Лазар
Котевски. Тој објаснува дека се работи за депонија според европски
стандарди.
За првиот човек на Општина Могила бенефициите од лоцирањето на депонијата на нивно подрачје е исто како изградба на фабрика.
„Во
таа фабрика ќе се преработува цврст отпад. Ова го кажувам за да се
намали отпорот кај локалното население. Могила пред неколку години беше
предложена како погодно место за депонија. Во прашање е просторот меѓу
селата Вашарејца и Ивањевци. Ако ги исполниме критериумите,
заинтересирани сме за депонија“, нагласува Славко Велевски,
градоначалник на Могила.
Еколошките здруженија од Битола го
следат секој чекор од плановите за изградба регионална депонија во
Пелагонија. Ако изградбата се придржува до европските стандарди, нема
да претставува проблем за животната средина, ниту, пак, за луѓето,
сметаат екологистите. Сепак, го потенцираат проблемот околу
дистанцирањето на јавноста од плановите за депонија.
„Одлуките
се носат во одредени министерства, а не се прашуваат обичните граѓани
кои ќе бидат засегнати од изградба на депонијата. Пристапот треба да
биде поинаков. Тоа значи да се објаснат ефектите, придобивките или
животот во близина на депонијата, се' она што ќе донесе изградбата на
депонијата“, дециден е Нешат Аземовски од „Биосфера“. (А.Б.) http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=70F6F010FD6FA04DB0B1FD6BC4AE90FD
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#92 Posted: 29-Sep-2009 at 20:33 |
„Дрисла“ ќе биде посебно јавно претпријатие
Депонијата „Дрисла“ ќе се оддели од „Комунална хигиена“ во посебно
јавно претпријатие. За идејата на градоначалникот Коце Трајановски, на
следната седница на Советот на Скопје, ќе одлучуваат и градските
советници. Доколку дадат зелено светло ќе се отвори пат за нови
инвестиции во депонијата, сметаат во Градот.
Во „Дрисла“ треба
да влезе нова технологија со која по светски стандарди ќе се обработува
сметот и ќе се произведуваат енергија и горива. Оваа идеја во Градот
Скопје постои одамна, но досега не беше пронајден сериозен партнер.
Сепак, со одделувањето од „Комунална“, смета Трајановски, „Дрисла“ ќе
стане поатрактивна и привлечна за приватен партнер, чие барање ќе биде
приоритет за градоначалникот во наредниот период.
За Градот,
јавното-приватно партнерство е единствена можност во депонијата да
бидат имплементирани светските технологии. Во меѓувреме, најавуваат
градските власти, во „Дрисла“ ќе се реализираат неколку проекти за
покривање на целата депонија, како и за одведување на отпадните води.
Истовремено,
планирано е и проширување на активностите за примарна и секундарна
селекција на отпадот. Моментно само во дел од Скопје се применува
примарна селекција на ПЕТ пластика и хартија. Поради продолжување на
животниот век на депонијата во иднина ќе се селектираат и лимени
предмети, а во „Дрисла“ ќе се одложува само комунален смет. (С.Н.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F7C1F10BFA6EEB4FBBA34E985FF9C60C
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#93 Posted: 26-Sep-2009 at 15:25 |
„Комунална“ ќе се поднови со 6 камиони
Градот Скопје и „Комунална хигиена“ ќе набават шест нови возила за
собирање смет. За таа намена, Градот веќе има одвоени дваесетина
милиони денари, а дел ќе плати и „Комунална хигиена“. Новите камиони би
требало да стигнат до крајот на годината и да им се
приклучат на 12-те возила кои веќе ги поседува претпријатието. (С.Н.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A36E1C9045693943A1C1F86BC7F73BFA
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#94 Posted: 16-Sep-2009 at 17:47 |
Нема договор за локација на идната регионална депонија во југо-источниот дел на Македонија
Нема
договор за локација на идната регионална депонија која ќе опслужува 11
општини во источниот дел од земјава. Секој со своите аргументи,
градоначалниците и директорите на комуналните претпријатија на
денешната работна средба во Штип не попуштија во меѓусебните убедувања
за местото на депонијата.
За други како на пример општина
Пехчево, прашањето е решено. Било каде само не во нивната општина. ќе
се нарушел природниот амбиент кок е магнет за оние кои го сакаат
селскиот туризам.
Како советодаватели, странците потсетија на строгите европски критериуми за работа на депонија од регионален тип.
Не
е важно каде би била депонијата, но многу е важно крајно внимателно да
се менаџира со отпадот, за како не би се почувствувале негативните
еко-последици во природата истакна Елизабет Понсое од Француска
Агенција за енергетика и екологија.
Лани истите општини
изнаоѓаа аргументи за неможноста од лоцирање на регионална депонија кај
нив, но кога европејците им ги предочија економските придобивки
мислењата веднаш се сменија. Профитот од менаџирање со смет проектирано
со можни шест нули е повеќе од примамливо за секој градоначалник.
15.09.2009, 18:03
|
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=53317
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#95 Posted: 19-Aug-2009 at 04:59 |
На „Комунална“ и' се расипаа камионите Во
неколку скопски населби дури десетина дена контејнерите се преполни со
ѓубре, бидејќи ова јавно претпријатие остана само со дваесетина возила за собирање смет

Во неколку скопски населби дури десетина дена контејнерите се
преполни со ѓубре бидејќи Јавното претпријатие „Комунална хигиена“
остана само со дваесетина возила за собирање смет. Некои ѓорчепетровци
залудно апелирале до претпријатието да се собере ѓубрето. Во Општината
Ѓорче Петров велат дека не им е познато зошто ЈП „Комунална хигиена“,
кое е задолжено за подигање на сметот на нивна територија, цела недела
воопшто не поминало во населбата Ѓорче 2.
- Поради големата
акција на сите наши екипи и служби, кои вообичаено работат на контрола
на излетничките места, тие беа ангажирани за чистење смет по населбите.
Не знаеме од кои причини претпријатието цела недела воопшто не го
чистело ѓубрето. На овие температури, со толку смет лесно може да се
рашират зарази. Населбата смрдеше, а ние изнесовме околу седум камиони
ѓубре, вели Момо Николовски, портпарол на Општината.
Од
„Комунална хигиена“ велат дека имаат сериозен проблем со камионите за
собирање ѓубре зашто се стари и по триесетина години. За дел од
камионите, со замена на деловите се' уште има надеж, но тие што се во
функција секако дека не се доволни за да ги задоволат потребите на
градот. На терен одат вкупно 23 возила, заедно со камионетите наменети
за собирање смет од зелените 120-литарски канти, велат од „Комунална
хигиена“.
Градот неодамна одобри набавка на шест нови возила кои
треба да се купат на лизинг. Тие треба да се набават од фирмата „Ресор“
од Ниш, која треба да ја изврши и надградбата. Зошто е застаната
набавката која досега требаше да се случи, не знаеја да објаснат ниту
во претпријатието, ниту во Градот.
- Во април заврши тендерот и
во рок од два месеца требаше да пристигнат возилата, но не знам од кои
причини се' уште не се тука. Сега знам дека се собираат документите што
се потребни за возилата да се купат на лизинг, изјави Катерина Лаова,
портпаролка во „Комунална хигиена“.
И граѓаните од населбата
Ченто негодуваат зашто кантите и контејнерите десетина дена биле
преплавени со ѓубре. Тие велат дека ова лето не е првпат „Комунална“ да
го остава ѓубрето несобрано и повеќе од десет дена. Тие неколкупати со
претставки реагирале до Општината Гази Баба, незадоволни од
ненавремената интервенција на „Комунална хигиена“.
- Имаше
реакција на жителите од улицата Коце Металец, во населбата Железарница,
каде што сметот се собира во канти. Тие се жалеа за тоа дека камионите
на „Комунална хигиена“ не поминуваат според утврдениот термин. Ние како
општина помагаме во рамките на нашите можности. Ги исчистивме дивите
депонии на улицата Јужноморавски бригади во Камник заедно со „Комунална
хигиена“ и ќе асфалтираме џебови на неколку локации на оваа улица, каде
што ќе бидат поставени контејнери, изјави Тони Трајковски,
градоначалник на Општината Гази Баба. Тој објасни дека и нему од
„Комунална хигиена“ му рекле дека немаат доволно камиони и дека тие се
постојано во дефект.
- Сметам дека претпријатието требало
долгорочно да планира обновување на возниот парк, така што набавката на
нови возила би одела постепено, секоја година по неколку. Факт е дека
ова претпријатие долг период не набавило нови возила, истакна
Трајковски. Иста е состојбата и на територијата на општината Кисела
Вода. Општинските власти не се задоволни од работата на „Комунална
хигиена“ и од начинот на одржување на хигиената.
- Повеќе жители
со претставки се обратија до Општината за тоа дека нивните контејнери и
канти се преполни и бараа да се преземат мерки, бидејќи тие не се во
состојба повеќе да ја трпат смрдеата од натрупаното ѓубре. Токму од тие
причини Општината реши да помогне со самостојно собирање, со тоа што на
јавен оглас ја избравме фирмата „Камацо“, која се вклучи во
расчистување на дивите депонии во општината, изјави Марјан Спасески,
портпарол во Општината Кисела Вода.
Портпаролката во „Комунална
хигиена“, Лаова, вели дека со камионите што се во исправна состојба,
веќе почнале да го собираат сметот по улицата Социјалистичка зора во
Ѓорче Петров, а неделава ќе се чисти на улиците Виа Егнација и Црвени
брегови.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F6C3B6A0A921BA428D5E986513342DA5 |
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#96 Posted: 15-Aug-2009 at 13:10 |
SRAMOTA ZA OPSTINA TETOVO ODMA NEKA NAPRAVAT 
Во Тетово се виши планина од смет
Министерот Неџати Јакупи вели дека единствен начин да се реши
проблемот е да се склучи договор меѓу полошките општини и регионалната
депонија да се издаде под концесија, како што направиле повеќе општини
од државава

Тетовските
комуналци се закануваат дека ќе го блокираат автопатот кон Гостивар или
ќе го депонираат собраниот смет покрај наплатните рампи или во
реката Вардар ако во најкус можен рок не се реши проблемот со
регионалната депонија во Русино. Кризата ескалира по одлуката на
гостиварската локална самоуправа да ја затвори регионалната депонија
Русино бидејќи, како што тврдат од таму, била нелегална и не ги
задоволувала потребните стандарди. Министерството за животна средина и
просторно планирање го осуди ваквиот чин и најави казни за ваквата
одлука на општина Гостивар.
Од тетовското комунално
претпријатие велат дека немаат избор. Секојдневно, веќе неколку месеци,
во близина на автобуската и железничката станица во Тетово, депонираат
повеќе од 100 тони смет. Планината од отпад, која секој ден расте, му
се заканува на градот со 80 илјади жители. Жителите на Месната заедница
„Борис Кидрич“, кои живеаат во близина на железничката станица,
стравуваат од ширење на заразни болести. Мачки, кучиња, птици и глодачи
што секојдневно се хранат во депонијата се можни преносители на заразни
болести.Тетовските комуналци велат дека немаат друга алтернативе освен
да го фрлаат сметот кај претоварната станица бидејќи немаат пари да го
носат сметот во Дрисла во Скопје, која од Тетово е оддалечена 70
километри.
- Ќе треба да ставиме клуч на претпријатието и да
ги пратиме работниците дома. Немаме толку пари за да го носиме сметот
во Дрисла. Го известивме министерот Неџати Јакупи дека ни е попречено
користењето на регионалната привремена депонија во Русино, но се' уште
нема реакција од негова страна. Испративме известување до сите
релевантни институции, но нема реакција. Депонијата во Русино може да
ја затвори само Министерството, а не локалната самоуправа како што
направија гостиварци - вели директорот на ЈКП Тетово, Нуредин
Фетаи.Министерот за животна средина Јакупи, вели дека единствен начин
да се реши проблемот е да се склучи меѓуопштински меморандум и
регионалната депонија да се издаде под концесија како што направиле
повеќе општини од државава.
- По заклучок на Комитетот за
отпад, со кој раководи премиерот Никола Груевски, им предлагаме и им
сугерираме на општините регионалните депонии да се издадат под
концесии, а општините, односно јавните комунални претпријатија да
основаат меѓуопштинско јавно комунално претпријатие, кое во понатамошна
постапка со концесионерот ќе склучи јавно приватно партнерство, со кое
ќе овозможиме инвестирање во регионалните депонии и трајно решавање на
проблемот со собирањето, селектирањето и депонирањето на отпадот - рече
Јакупи. Тој овој модел им го сугерира и на општините од Полог. Предлага
општините да склучат меморандум по што Министерството и владата би ги
почнале активностите за концесионирање.
- Во сите други
региони имаме одлична соработка. Имаме склучено неколку меморандуми за
концесионирање. Апелирам до општините во Полог да се вклучат во оваа
постапка. Ова е единствен начин да се реши проблемот со сметот.
Концесионерот што ќе ја земе депонијата ќе има должност да ги расчисти
сите диви депонии - рече Јакупи. Додека градоначланиците од Полог да се
договорат и да седнат на заедничка маса, Тетово е принудено да го
депонира сметот во своето предградие.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=66574BFC554DD149A8DE643107C9913D
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#97 Posted: 16-Jul-2009 at 04:10 |
Канадски инвеститори го сакаат метанот од Дрисла
Странски
инвеститори од Канада и од други земји се заинтересирани за вложување
во депонијата Дрисла за искористување на гасот метан, информира
градоначалникот Коце Трајановски. Но, претходно, рече тој, „Дрисла“
мора да се оддели од „Комунална хигиена“ и да функционира како
самостојно претпријатие, како што беше и до пред шест години.
Точката
за осамостојување на депонијата „Дрисла“ на последната седница на
Советот беше тргната од дневен ред поради дополнителни анализи.
Градоначалникот Трајановски рече дека примарна работа на комуналците е
да собираат ѓубре и притоа да не размислуваат за технолошки вложувања
во депонијата и во неа не гледаат вносен бизнис.
- Цевките за
метан сега во депонијата се затнати, а нема ни селекција на отпадот.
Мора да се вложува во депонијата - изјави градоначалникот.
Дрисла
е единствената санитарна депонија за комунален отпад во Македонија. Се
очекува со осамостојувањето таа да работи поквалитетно, односно подобро
да се организираат собирањето, обработката и депонирањето на цврстиот
комунален отпад.
Со претпријатието ќе раководи Градот, а за
него за почеток од градската каса се одвоени 2.500 евра во денарска
противвредност. Директор на Дрисла ќе биде Бранко Николовски. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1EB6720ECAAD244ABF3027523A49BD7A |
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#98 Posted: 09-Jul-2009 at 14:11 |
 Можеше да биде и оваков наслов
Нови технологии во Македонија
Новата
хидраулична преса, која ја набавија градските власти и јавното
претпријатие „Комунална хигиена“, ќе придонесе за подобра ефикасност на
селекцијата на отпадот, со која ќе се врши балирање на собраната
пластика. | Како може преса да ја подобри селекцијата ??
Катерина Лаова, портпаролката на ЈП „Комунална
хигиена“, вели дека обуката на вработените завршила и веќе било почнато
со работа со машината. | Замислете вест - во МК има обучени оператори на преса за балирање
- Со старата преса се правеа бали од 30
килограми. Таа беше од многу постара технологија. Новата е половна, но
многу пофункционална. Пластиката побрзо ќе се балира и обработената
пластика нема да зафаќа голем простор - истакна Лаова. | Незнам дека има брза и спора хидраулика, со таква разлика ?
Современата
преса е набавена од компанијата „Грин тек“ и е со поголем капацитет и
пософистицирана технологија од сегашната. Со неа ќе се прават бали од
50 килограми, што ќе придонесе за скратување на времето за изработка на
една бала, а ќе се зголеми и количеството на предадената пластика за
понатамошна обработка. Со тоа ќе се зголеми и количеството на собраната
ПЕТ-амбалажа од жичените контејнери и домаќинствата. |
Софистицирана технологија - Преса ??
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#99 Posted: 09-Jul-2009 at 12:29 |
|
Нова преса во рециклажниот двор на „Комунална хигиена“ |
Пресата ќе
придонесе
за поефикасна
и побрза
работа на пластичниот отпад,
истакна Катерина
Лаова, портпаролката на јавното претпријатие
„Комунална
хигиена“ |
|
 |
Новата
хидраулична преса, која ја набавија градските власти и јавното
претпријатие „Комунална хигиена“, ќе придонесе за подобра ефикасност на
селекцијата на отпадот, со која ќе се врши балирање на собраната
пластика.
Катерина Лаова, портпаролката на ЈП „Комунална
хигиена“, вели дека обуката на вработените завршила и веќе било почнато
со работа со машината.
- Со старата преса се правеа бали од 30
килограми. Таа беше од многу постара технологија. Новата е половна, но
многу пофункционална. Пластиката побрзо ќе се балира и обработената
пластика нема да зафаќа голем простор - истакна Лаова.
Современата
преса е набавена од компанијата „Грин тек“ и е со поголем капацитет и
пософистицирана технологија од сегашната. Со неа ќе се прават бали од
50 килограми, што ќе придонесе за скратување на времето за изработка на
една бала, а ќе се зголеми и количеството на предадената пластика за
понатамошна обработка. Со тоа ќе се зголеми и количеството на собраната
ПЕТ-амбалажа од жичените контејнери и домаќинствата. |
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7991040494&id=14&prilog=0&setIzdanie=21733 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#100 Posted: 06-Jul-2009 at 23:39 |
За некоја деценија ќе биде далеку поефтино да се рециклира одколку да се рафинира од нафта, па тогаш и ќе ги откопуваме старите шишиња што сме ги фрлале со децении уназад.
|
 |