![]() |
![]() |
![]() |
Бул. Љубљанска (+ Мост од Карпош 4 кон Злокуќани) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 8> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
На крајот на улицата „Љубљанска“ до улицата „Скупи“ лани во август почна да се гради нов мост преку вардар. Со доаѓањето на функција на Данела Арсовска градежните работи беа стопирани и како што рече таа, ниту мостот на „Љубљанска“ ни мостот на булевар „АСНОМ“ не може да се градат бидејќи на трасата имало нерешени имотно-правни работи за кои било потребно години да се разрешат.
![]() https://nezavisen.mk/mandatot-na-arsovska-niz-fotografii-glavnite-proekti-stojat-kako-pred-edna-godina/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Пола Вардар е заграден со насип, се работеше денеска:
![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Leo ![]() Groupie ![]() Joined: 02-Mar-2022 Online Status: Offline Posts: 99 |
![]() ![]() |
|
многу споро оди се ова...
еве кога сме повикани прв пат а ќе не викаат пак затоа што имам дедо починат од повиканите и во тек е оставинска постапка. https://ibb.co/W3CKfKp Edited by Leo - 04-Aug-2022 at 08:33 |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖИ СО ГРАДБА НА МОСТОТ НА ЉУБЉАНСКА, ЗА КОЈ АРСОВСКА РЕЧЕ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ ОТИ ИМА МНОГУ ИМОТНО-ПРАВНИ СПОРОВИ
![]() Град Скопје продолжи со изградбата на мостот од улицата Љубљанска до улицата Скупи, кој лани во август почна да го гради ексградоначалникот Петре Шилегов. Со доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска градежните работи беа стопирани и како што рече таа, ниту мостот на Љубљанска ни мостот на булевар АСНОМ не може да се градат бидејќи на трасата имало нерешени имотно-правни работи за кои било потребно години да се разрешат. Од оваа изјава на Арсовска поминаа 6 месеци, а сега од нејзиниот кабинет тврдат дека сите имотно-правни односи се разрешени и продложена е градбата на мостот преку Вардар. „Завршени се најголем дел од имотно-правните работи и изведувачот е воведен во градба. Трипартитниот договор кој беше потишан со изведувачот, Влада и Град Скопје го анексиравме затоа што не беше во согласност со Законот за градба односно немаше предмер на изведувачките работи“, велат од Град Скопје. Откако се почнати градежните работи поголем дел од кејот во овој дел е затворен со бетонски тараби. Засега оставен е само мал простор за минување на велосипедската патека. Велосипедистите почнаа да потпишуваат петиција на социјалните мрежи на која бараат од градските власти да не се затвора целосно кејот затоа што ќе биде спречено движењето. Мостот на Љубљанска почна да се гради лани во август со пари кои Град Скопје ги доби од Владата од програмата на ТАВ. На поставувањето на камен темелникот беше кажано дека ќе биде готов за 18 месеци со што ќе го забрза и олесни движењето на сообраќајот во овој дел од градот. Мостот ќе има 4 коловозни ленти, вклучувајќи и пешачки и велосипедски патеки од двете страни. Чини 6 милиони евра. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-prodolzhi-so-gradba-na-mostot-na-lublanska-za-koj-arsovska-reche-deka-ne-mozhe-da-se-pravi-oti-ima-mnogu-imotno-pravni-sporovi/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
|
Друже ако сакаш да урлаш и да лаеш имаш нешто што се вика „Твитер“, не лечи фрустрации тука. |
||
And something, somewhere was lost in 1938...
|
||
![]() |
||
Aowek ![]() Groupie ![]() Joined: 22-Sep-2021 Online Status: Offline Posts: 53 |
![]() ![]() |
|
Место на последна 5ка да направеа мост да ги поврзеа Маџари и Аеродром далеку подобра опција беше него ова..
|
||
![]() |
||
Phiko ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Aug-2020 Online Status: Offline Posts: 209 |
![]() ![]() |
|
Да му е страв на човек на постира нешто на форумов, на готовс се партискиве ботови. |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
Phiko ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Aug-2020 Online Status: Offline Posts: 209 |
![]() ![]() |
|
Денешни, затворен е скоро целосно десниот брег, пренасочени се пешаците, сеуште е отворена велосипедската патека, и има насип во Вардар во средината на коритото.
Не видов никаква машинерија. ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
![]() и не е решението вечно да останеме во камено доба само затоа што општините не сакаат да извршуваат основни обврски |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
FiLo ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 148 |
![]() ![]() |
|
Камениот мост стои затоа што нема сообраќај преку него. Да имаше сообраќај како во минатото, одамна ќе беше паднат. Памтам уште на времето кога имаше метална ограда, на многу места беше пропаднат. Edited by FiLo - 06-Jun-2022 at 18:41 |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Скопје има едно негативно искуство со мостот Гоце Делчев, кој колку и да изгледа нешто минималистички, сепак треба постојано на неколку години да биде интервенирано врз него, и тоа создава проблеми за овака не-организирано општество. Решенијата треба да си се само-одржливи, односно за нас само камени мост, ете така да претерам.
![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Мост на улица „Љубљанска“ преку реката Вардар
ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА ИЗГРАДБАТА Мостовите, несомнено, се сметаат за едно од највпечатливите градителски дела. Синоним за градежното конструкторство. Плод на исконска творечка возбуда, сериозно инженерско знаење, продуховена вљубеност во струката. Индикатори за визионерството на владетелите, интелектуалната и технолошка моќ на народите, зрелоста на градовите, сериозноста на државите, развојот на цивилизациите. Симбол на човековиот непокор пред исправените препреки. Победа на поврзувањето над раздвојувањето. Проектирањето на мостот на ул. ,,Љубљанска“ преку реката Вардар во Скопје претставуваше предизвик за креирање нешто ново, за поместување од деструктивната повторливост, за поттикнување на градителската самодоверба. Секој исчекор, колку и да е тој скромен, создава верба во дијалектиката на човековото битие, негува љубов кон творењето, иницира надеж за нови достигнувања. 1. ЛОКАЦИЈА И ОБЈЕКТ Мостот на ул. ,,Љубљанска“ преку реката Вардар во Скопје претставува дел од проектот за поврзување на булеварот „Илинден“ со улица „Словенечка“ во Општина Карпош (сл. 1). Инвеститор е Градот Скопје, а носител на проектот фирмата ГЕИНГ ДОО Скопје. ![]() ![]() Мајор коритото на реката Вардар го сочинуваат две пешачки патеки од по 22 m и минор корито од околу 50 m (сл. 2). За негово премостување без средни столбови можна е примена на класично гредно решение, за кое во случајот нема доволна слободна висина, или пак лачна конструкција која, за вакви распони би имала голема стрела над коловозот. Оттука, како супериорно решение се наметнува конструкција обесена на коси кабли. Имајќи ја предвид конфигурацијата на препреката во пределот на мостот, можни се две варијантни решенија за ваков вид на систем. Едното е со два распони и еден повисок пилон, а другото со три распони и два пониски пилони. Со оглед на тоа што повисок пилон, а оттаму и пострмни кабли можат да ја ограничат визурата, како конечно решение е избрана конструкција преку три полиња (27,5 + 56 + 27,5 m) со два пониски пилони и коси кабли. Вкупната должина на мостот е 111 m, а ширината 24,1 m (сл. 3,4). На него се сместени 4 сообраќајни ленти со по 3 m ширина, по две пешачки и велосипедски патеки од 4 m, две парапетни греди за анкерување на пешачкиот ограден систем и 2 x 1,75 m за сместување на пилоните и одбојната New Jersey ограда. 1.1. Конструктивни елементи Горниот строј на мостот претставува монолитна, „обесена“ на паралелно поставени 32 коси кабли, гредна скара составена од два претходно напрегнати главни носачи, армиранобетонски напречни носачи и коловозна плоча. Главните носачи се со константна висина од 2 m (L/28). Нивниот напречен пресек е со трапезна форма со ширина на долниот раб од 2,5 m, а горе на спојот со коловозната плоча 2,8 m (сл. 5). Поставени се на осовинско растојание од 14,5 m. ![]() Средните напречни носачи се со правоаголен пресек од 0,60/1,80 m, поставени на меѓусебно растојание од 4,0 m. Со главните носачи се сечат под агол од 75˚ (сл. 3). Двата напречни носачи над средните столбови се со поголеми димензии, односно од 1,5/1,8 m. Коловозната плоча е со константна дебелина од 30 cm. На дел од крајните полиња таа се зголемува на 1,8 m (сл. 6) со што се избегнува појава на негативни реакции во крајните потпори во сите фази на градење и експлоатација. Конзолните испусти имаат распон од 3,10 m, а нивната дебелина се движи од 22 cm кај парапетните греди до 50 cm на местото на вклештувањето во главните носачи. Косите кабли се распоредени во две паралелни рамнини, при што пилоните кои се монолитно поврзани со главните носачи (сл. 5, 7), позиционирани се над секое лежиште поставено на средните потпори. Проектирани се како армиранобетонски со напречен пресек од 1,0/3,0 m и вкупна висина од 12,6 m од коловозот. Поради ограничената ширина на напречниот пресек, анкерувањето на каблите е овозможено преку т.н. седла (девијатори). Висината на пилоните до седлото на последниот кабел изнесува 9,63 m (L/H = 5,8). Двата поединечни пилони во напречен правец се поврзани со портални атхезионо претходно напрегнати прости греди (3,0/0,25 – 0,5 m). Кабелскиот систем го сочинуваат вкупно 32 меѓусебно паралелни коси кабли, по 8 на секој пилон. Тие, поминувајќи континуирано преку седлата во пилоните, анкерувани се од двете страни во горниот строј на местата каде што главните носачи се спојуваат со напречните. Деталот на котвите и анкерувањето на каблите во пилонот и главниот носач е прикажан на сл. 6. Усвоениот тип на кабли има трослојна антикорозивна заштита која е од големо значење за трајноста на ваквиот систем. Секое јаже во составот на еден кабел е галванизирано, а врз него директно се екструдира надворешна бариера од полиетиленска обвивка со висока густина (HDPE) исполнета со парафински восок. Кабелот, составен од вака заштитени јажиња, се поставува во индивидуални HDPE-надворешни заштитни цевки. Дополнително, на долниот дел од каблите предвидени се и антивандалски цевки. Зглобната врска помеѓу горниот и долниот строј е обезбедена преку подвижни и неподвижни лончести лежишта. Над средните столбови поставени се вкупно четири неподвижни, а над крајните, четири надолжно подвижни лежишта. Распоредот на подвижноста на лежиштата е произлезен од димензионирањето на долниот строј за дејство на хоризонталните сили. Нивната поврзаност со горниот и долниот строј е преку челични анкери. Долниот строј на мостот се состои од два крајни и два средни столбови поставени паралелно со коритото на реката Вардар. Крајните столбови, кои истовремено играат улога и на надколова греда, имаат константна дебелина од 2,6 m поради релативно малата висина (4,1 m). Проектирани се без крилни ѕидови. Средните столбови се со квадратен напречен пресек, кој заради хидраулички и естетски причини е заротиран за 45˚ во однос на надолжната оска на мостот. Секој среден столб е составен од два поединечни столбови со димензии 2,5/2,5 m (сл. 5). Нивната висина од горниот раб на надколовата плоча до долниот раб на лежиштето изнесува 6,80 m. На горните 50 cm предвидено е проширување на напречниот пресек за по 15 cm од сите страни кое е неопходно за обезбедување потребен простор за сместување хидраулични преси при замена на лежиштата. ![]() ![]() ![]() 3. НУМЕРИЧКИ МОДЕЛ Комплетната статичка и динамичка анализа на мостот е извршена согласно еврокодовите, со употреба на софтверот SOFiSTiК. За димензионирање на конструкцијата, направен е просторен модел во кој сите конструктивни елементи со исклучок на коловозната плоча се моделирани со линиски (beam) конечни елементи (сл. 11). Главните носачи се моделирани со Т-напречен пресек и го вклучуваат ефективниот дел од коловозната плоча во надолжен правец. Земена е предвид промената на ефективната ширина по должина на носачите согласно EN 1992-1-1 [5]. Бидејќи еден дел од плочата веќе е вклучен во фланшата на главните носачи, на тие делови површинските (shell) елементи со коишто е моделирана коловозната плоча се дефинирани без сопствена тежина ( ). За да не дојде до дуплирање на крутоста на плочата во надолжен правец, површинските елементи имаат аксијална и крутост на свиткување само во напречен правец. Напречните носачи се моделирани со линиски елементи со правоаголен напречен пресек. На местата каде што тие влегуваат во главните носачи, моделирани се без сопствена тежина. За надворешните кабли користени се линиски (cable) елементи коишто примаат само аксијални сили. Лончестите лежишта преку кои горниот строј зглобно се ослонува на долниот, се моделирани со федери („spring“ елементи) со соодветна крутост. Во моделот внатрешните кабли за претходно напрегање се вклучени преку еден резултантен кабел со синусоидна траса. Елементите се поделени по групи во зависност од фазите на градење во коишто се активираат. За конструкции со коси кабли коишто се изведуваат монолитно на класична скела, од особена важност е да се симулира одвојувањето на конструкцијата од скелата и постепеното активирање на сопствената тежина при фазното затегнување на каблите. Во анализата тоа е симулирано преку нелинеарни федери поставени под целата површина на горниот строј коишто се во можност да примат само сили на притисок. Со цел да се симулира деформабилен столб, во моделот се вклучени и коловите и нивната интеракција со почвата. За таа цел, моделирани се хоризонтални и вертикални федери по периметарот на коловите, како и федер на долната основа. Крутоста на федерите е определена со помош на софтверот GEO-5. ![]() Повеќе на линков https://www.porta3.mk/most-na-ulica-ljubljanska-preku-rekata-vardar/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Влатко ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
|
Се дури градски мајки и татковци се тешки партијаши така ќе биде најверојатно.
|
||
![]() |
||
Vasilij ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 339 |
![]() ![]() |
|
Мислам дека истото прашање ќе си го поставвуваме и на крајот на мандатот на "менаџерката"
|
||
![]() |
||
Влатко ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
|
Има нешто ново околу мостов?
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Го заградија тука скорз кејот со бетонски тараби или сеуште не?
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Ѓубре злобно!
Edited by user8642 - 19-Dec-2021 at 14:31 |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Мислам дека е грешна информација, само неколку објекта беа на трасата, 4-5. Ова изгледа како да се помешале со булеварот низ Ќерамидница.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Таа посочи дека слична е состојбата со мостот во Карпош и пробивање на улицата „Љубљанска„.
– Таму има 70 моменти, само 36 се на Република Македонија и останатите се во приватна сопственост и тие исто така ќе треба допрва да се регулираат значи таму правата не се разрешение. https://www.vecer.press/мостот-во-аеродром-сега-завршува-во-не/ |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 8> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |