![]() |
![]() |
![]() |
Базени и водени паркови |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 20> |
Author | |
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
Слободно прошетај низ Куманово да видиш каков криминал се работи со договор помеѓу градоначалникот и локалните градежни компании, а таму СДСМ е на власт скоро од ослободувањето на Куманово. Од една страна никнуваат албански ориентални касаби без никаков сенс за естетика, а од другата македонска страна се градат згради без никакво планско уредување во тесни улици прилепени до куќи. Во градот скоро не можеш да се разминеш од тесните неурбанизирани улици, затоа што секој градел како ќе му се присонило. Страшно, и тоа со амин од градоначалникот кој кумановци велат дека многу дебело се нафатил со бизнисот. Во Куманово нема ниту една урбана и пропорционално изградена населба. Често одам во Визиана и Етно село, па имам прилика да го разгледам градот. Еден од најлошо уредените градови во Македонија. Плус, при влегување во градот се приметуваат 4-5 новоизградени џамии коишто никнаа последните 10 години. Edited by Kid_A - 14-Nov-2015 at 14:04 |
|
![]() |
|
Bojan10 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 21-Jun-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Еве, да се види дека не го критикувам само СК2014, базенот во Куманово се гледа дака го проектирале оперирани од дизајн комуњари.
А бе, обичен паралелопипед да направеја, ко фабричкиве хали со алукобонд, немаше толку гадно да изгледа. Ми се повраќа од бедотијата на македонските архитекти. Еден архитект нема во државава, еден. Каква грозотија човече, па ако немаш пари, и го градиш сам, не ти помага држава, мора ли да биде ужас невиден до сега. |
|
Од чаламот си патиме!
|
|
![]() |
|
buco55 ![]() Newbiе ![]() Joined: 20-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 12 |
![]() ![]() |
Има некоја посебна причина зошто базенот не е проектиран со стандардни олимписки димензии од 50 м наспроти 33 како што е сега?
http://www.build.mk/?p=47188 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Pocna da se gradi bazenot vo Ohrid. Na linkot ima i vizualizacija na bazenot.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=83257 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
Edited by zabegan - 19-Oct-2015 at 14:12 |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
ja_licno ![]() Senior Member ![]() Joined: 11-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 110 |
![]() ![]() |
Kaко не се работи,за 5 години толку.На СК за 5 год. личен опис му се смени тука една карабина неможе да се изгради.
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
види види, и во Куманови нешто се работело... само дизајнов лелемајко...
|
|
![]() |
|
ja_licno ![]() Senior Member ![]() Joined: 11-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 110 |
![]() ![]() |
![]() Да не ти се веруе. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Кумановчани наскоро ќе го добијат новиот затворен базен
Привршуваат изведбените активности за изградба на новиот затворен базен во Куманово. Спортскиот објект во изминативе месеци беше целосно покриен, комплетирано е неговото фасадно уредување, а периодов привршува и внатрешното уредување. Најдоцна за неколку месеци, кумановчани ќе може да го користат спортскиот комплекс со површина од 4.000 метри квадратни. Општина Куманово од локалниот буџет инвестираше 2,2 милиони евра за изградба на затворениот базен, а градежно – занаетчиските работи ги изведува скопската фирма „Д.С. Галаб“. ![]() ![]() ![]() Со реализација на проектот, граѓаните во вториот по големина град во земјава конечно ќе добијат затворен базен. Комплексот се состои од затворен зимски базен, отворен летен базен и спа – центар. На дополнителна површина од 1.600 метри квадратни се планирани комерцијални содржини, за кои Општина Куманово ќе најде наемател, или пак, концесионер. Поради фактот што Општината го гради базенот со сопствени финансиски средства, неговата реализација се одвиваше во неколку фази. Изградбата на затворениот базен започна во ноември 2011 година. http://www.build.mk/?p=46553 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Во септември треба да почне изградбата на затворен базен во Охрид
![]() Кон крајот на летото, односно почетокот на септември ќе почне изградбата на затворен базен во Охрид, информира денеска директорот на Агнцијата за млади и спорт Марјан Спасески. По посетата на учесниците на Летниот училиштен спортски камп – Охрид 2015, одговарајќи на новинарски прашања тој појасни дека во тек е тендерската постапка која АМС веќе ја распиша и очекува до крајот на август да имаме избрано најповолен понудувач и надзорен орган за изградба на базенот. Затворениот базен, според Спасески, ќе се простира на површина од 15.000 метри квадратни. - Базенот ќе биде со ватерполо димензии, со капацитет од над 500 седишта и можност сите млади спортисти кои сакаат да се занимаваат со пливање и сите водени спортови, но и граѓаните кои ќе сакаат рекреативно да спортуваат во зимскиот период ќе може тоа да го прават во затворенот пливачки базен. Новиот пливачки базен треба да ги реинкарнира спортовите по кои овој крај, охридско – струшкиот беше препознатлив, а тоа се ватерполо и пливањето, изјави Спасески. http://emagazin.mk/vesti/vest/10308 |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Февруари.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Битола бара инвеститор за аква парк
Битолското јавно претпријатие „Стрежево“ е во потрага по заинтересирани инвеститори за изградба на аква парк и други содржини за спорт и рекреација во населбата Довлеџик. Огласот за пројавување на интерес за реализација на овој спортско – рекреативен комплекс е објавен во текот на денешниот ден, додека приватните компании треба да ги достават своите пријави за интерес најдоцна до 20 фебруари. Јавното претпријатие ќе ја оценува сериозноста на заинтересираните партнери врз основа на доставениот бизнис план и инвестициона програма, по што ќе следува и натамошната постапка за доделување на договорот за воспоставување на јавно – приватно партнерство. Ј.П. „Стрежево“ досега има изработено идеен проект за планираниот аква парк, а минатото лето беше изработена и физибилити – студија од страна на „Поинт Про Консалтинг“, во која е констатирано дека остварувањето идејата е исплатлива инвестиција. Новиот рекреативен капацитет во Битола би се простирал на површина од 5.000 метри квадратни, на локацијата на постоечкиот спортско – рекреативен центар „Довлеџик“. Аква паркот ќе се гради во близина на сегашниот голем базен и истиот би се состоел од три тобогани со два пропратни базени, детски базен, базен со бранови, мрзлива река, кафе бар со лежалки, чадори и маси, како и пункт за информации, реквизити и за прва помош, тушеви, гардероби и тоалети. На годишно ниво аква паркот би можел да прими околу 80.000 посетители. http://www.build.mk/?p=42889 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
ЕКСКЛУЗИВНО: Во Охрид ќе се гради Аквапарк и луксузен хотел со 400 соби!
Објавено на 21 септември 2014, 10:52 Турската компанија Фибула, која го реновираше хотелот Изгрев за Zase.mk потврдија дека веќе откупиле простор на охридското крајбрежје во Охрид и таму многу скоро ќе почнат со изградба на Аквапарк, но и на нов луксузен хотел со над 400 соби. Аквапаркот ќе биде граден по примерот на оној кој е дел од реновираниот хотел Изгрев, но поради просторот ќе биде малку помал. Хотелот ќе биде ултра луксузен, а во него покрај гости од Македонија очекуваат да доаѓаат гости од регионот, од Турција, но и од западноевропските земји, кои веќе ги посетуваат нивните хотели во Анталија, Турција. Подготовката на теренот неофицијално треба да започне во 2015-та година http://zase.mk/ekskluzivno-vo-ohrid-ke-se-gradi-akvapark-i-luksuzen-hotel-so-400-sobi/ Мислам дека ова е одлична работа што требаше одамна да му се случи на Охрид, нека го направат што побрзо ![]() Edited by mr bombastic - 22-Sep-2014 at 19:23 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Кои содржини бе.Има 2 тобогани(спејс бол и бумеранг) т.е тие што се спушташ со гума(иначе тешко да најдеш слободна) и толку.Ќе се пуштиш 2-3 пати, пошто има ненормална гужва и на двата.Кај виножитото нема многу гужва.Па на секој има пауза по пола саат за да јадат спасувачите и поминал денот и си ги лупнал 300+100 денари за алка.
И нели и лани беше таа бројка околу 30.000.Видоа не штима нешто па ајде за наредна година нови содржини. Edited by jyvation - 05-Sep-2014 at 08:03 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
ЛЕТОВО ИЗБРОЈАНИ 30.000 ПОСЕТИТЕЛИ
Дождот не го попречи аквапаркот да има топ сезона 4 септември 2014 - 15:13 Заврши втората сезона во градскиот аквапарк во склоп на СЦ "Борис Трајковски", а како што соопшти директорот на водениот парк, бројката од 30.000 посетители е знак дека сезоната може да се оцени како повеќе од успешна ![]() Скопскиот аквапарк ги затвори вратите за посетителите за оваа година. Летово забавниот воден парк ја работеше својата втора сезона во склоп на спортскиот центар "Борис Трајковски", а и покрај врнежливото време кое преовладуваше изминативе месеци, единствениот аквапарк во градов имал одлична сезона.</p><p>За три месеци, колку што работеше, аквапаркот го посетиле повеќе од 30.000 гости. Како што се увери и екипата на ВЕЧЕР, која летово неколкупати го посети забавниот парк и направи анкета со посетителите, во него имаше голем број гости од странство, а ретко кој од нив имаше забелешка на содржините или организацијата.</p><p>Новиот директор на аквапаркот, Златко Перински, посочи дека е задоволен од работата на забавниот парк и најави дополнителни содржина за наредното лето.</p><p>- Втората година во градскиот аквапарк помина и подобро од она што очекувавме. Иако, реално, летото не беше баш со високи температури и вистински жешки денови, сепак, граѓаните ја одбраа оваа локација. Со самото отворање на единствениот воден забавен парк во градов скопјани освен што добија нова забава, имаа можност и да уживаат во содржините кои се во склоп на овој објект. Сезоната ја започнавме во јуни и до 3 септември имавме повеќе од 30.000 посетители. Тоа е бројка која ја покажува актуелноста на оваа летна локација, која им е омилена на сите генерации - изјави директорот на СЦ "Борис Трајковски", Златко Перински ![]() Иако овој забавен парк се уште е релативно нов, поради својата уникатност добро им е познат на сите граѓани од Македонија, но и од околните држави, кои некогаш доаѓаат во Скопје само поради забавата која им се нуди на оваа локација.</p><p>На површина од 12.000 метри квадратни скопскиот аквапарк содржи 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, три кафе-барови, санитарни јазли, соблекувални и прва помош.</p><p>За наредната сезона се најавуваат нови интересни содржини кои ќе ја зголемат понудата на оваа летна локација, а дотогаш на сите ќе им бидат достапни останатите услуги од спортскиот центар "Борис Трајковски", кои можат да ги користат во текот на целата година. http://vecer.mk/skopska/dozhdot-ne-go-poprechi-akvaparkot-da-ima-top-sezona |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
И ШТИП ЌЕ ДОБИЕ АКВАПАРК
Во првата половина од годинава локалната штипска самоуправа изработи, а Советот на Општината го усвои новиот детален урбанистички план во кој најинтересните нови содржини се на десниот и на левиот брег од реката Брегалница. На десната страна од речното корито, на просторот каде што денес се наоѓа Градскиот базен и старите хали во кои е сместена механизацијата на ЈП „Стипон“, со новиот детален урбанистички план е предвидена изградба на голем аквапарк, хотел и катна гаража. Аквапаркот кој долго време се најавува во Штип е нешто што најмногу ги интригира штипјани. Се работи за еден прилично голем простор за кој штипската проектантска куќа „Атриум“ изработи архитектонско-урбанистички проект. Дознаваме дека за изградба на аквапаркот имало сериозен инвеститор кој својот интерес веќе го најавил кај локалната власт, но не е напуштена ниту можноста овој атрактивен проект да биде реализиран по пат на јавно приватно партнерство. Во источниот дел на Македонија аквапарк има само во Пробиштип поради што процените се дека секој вложен денар во еден ваков проект ќе биде повеќе од исплатлив. http://www.utrinski.mk/?ItemID=DD7AD854AE29A84BB99E1301A2CA56D1 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
"На големо" се работи на проектот за затворен базен у Охрид. Според сегашниот план кој е при крај, објектот ќе биде на неколку нивоа, со базен со олимписки димензии, спа и сл. Кога истиот ќе започне со изградба е статус кво.
|
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
I sto e tuka podnoveno? Plockite i prostorot okolu bazenot mi izgledat vo originalna verzija!?
Edited by Denko - 08-Jun-2014 at 21:35 |
|
![]() |
|
fusion ![]() Newbiе ![]() Joined: 17-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 12 |
![]() ![]() |
Sto se sluci so bazenot vo Kumanovo?
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 20> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |