![]() |
![]() |
![]() |
Енергетика (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 27> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се разгледува можноста нафтоводот Солун-Скопје повторно да се стави во функција
Премиерот Зоран Заев и помошникот државен секретар за енергетика и ресурси на САД, Франсис Фенон, денеска на заедничката прес-конференција истакнаа дека постои заинтересираност кај грчката компанија „Хеленик петролеум“ за повторно ставање во функција на нафтоводот Солун-Скопје кој е изграден во 2000 година, но не е во функција од 2013 година, кога престана да работи рафинеријата „Окта“. „Разговаравме за повторно ставање во функција на нафтоводот Солун-Скопје. Претстојат преговори со „Хеленик петролеум“ и се надевам на решение. Грчката компанија е заинтересирана да го стави овој капацитет во функција, и да го надгради. На тој начин ќе биде создаден центар и освен овде, со нафтени деривати ќе бидат снабдени и пазарите во регионот,“ рече Заев. Фенон исто така потврди дека дискусиите со грчката страна напредуваат и тие се посветени на соработка и партнерство. Инаку, веќе осма година по ред е стопиран транспортот на сурова нафта преку нафтоводот Солун-Скопје. Нафтоводот Солун-Скопје почна со работа во 2002 година, има должина од околу 213,5 километри и носивост на транспорт од 2,5 милиони тони нафта годишно. Транспортот на суровата нафта се одвиваше од терминалот на „Хеленик Петролеум“ во Солун до терминалот во „Окта“. https://meta.mk/se-razgleduva-mozhnosta-naftovodot-solun-skopje-povtorno-da-se-stavi-vo-funkczija/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
За пет години ќе се знае дали РЕК Битола ќе се затвори
https://alsat.mk/mk/за-пет-години-ќе-се-знае-дали-рек-битола/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Корона кризата ја закочи и реализацијата на Стратегијата за енергетика до 2040 година
Најновата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година ќе почека подобри економски и политички моменти за старт. Ковид кризата која ги закочи економските текови, како и парламентарните избори, го одложија предвидениот термин за прифаќање на едно од трите предложени сценарија (референтно, за умерена транзиција и зелено сценарио). Рокот кога Владата требаше да избере едно од сценаријата и да донесе Програма за реализација во период од 5 години, беше јули годинава, шест месеци од донесувањето на Стратегијата, во месец февруари. Иако засега е неизвесно кога ќе се случи изборот на сценариото, сите досегашни изјави на владини претставници одат во насока дека ќе се прифати „зеленото“ сценарио, кое става акцент на инвестиции и изградба на енергетски постројки од обновливи извори на енергија и напуштање на јагленот како главен енергенс, на кој се базира домашното производство на струја, а со цел заштита на животната околина и воздухот. „Имајќи ја предвид состојбата со кризата од корона вирусот, дел од активностите се пролонгирани. Очекуваме до првиот квартал од 2021 година, Програмата да биде завршена и предложена на Владата за усвојување. Министерството за економија преговараше со Амбасадата на Обединетото Кралство за обезбедување на грант средства за изработка на Програмата, истите се веќе одобрени и избран е тимот кој ќе работи на документот“, изјави за „Мета.мк“ Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции. Тој додава дека последнава Стратегија е првата донесена во земјите членки на Енергетската Заедница која во целост базира на петте столбови на ЕУ кои се однесуваат на енергија и клима (сигурност, солидарност и доверба, целосно интегриран енергетски пазар, климатска акција – декарбонизирање на економијата, истражување, иновации и конкурентност). „Анализите покажаа дека за „зеленото“ сценарио се потребни најголеми вложувања. Но, на долгорочен план, придобивките се најголеми токму од ова сценарио, како од економски аспект, така и во однос на намалување на емисиите на стакленички гасови и на локалното загадување“, вели Битиќи. Според пресметки во Стратегијата, како резултат од „зеленото“ сценарио, може да се отворат најмалку 6.000 домашни работни места, надвор од оние за изградба на големите ХЕЦ, како „Чебрен“ и хидроцентралите на Вардар. Според Битиќи, јасно е дека намалувањето на загадувањето е еден од приоритетите во Стратегијата, според која, во „зеленото“ сценарио во 2040 година емисиите на стакленичките гасови се намалуваат за 61,5 отсто во однос на 2005 година, а истовремено значително расте користењето на обновливи извори на енергија достигнувајќи нивно учество од 45 отсто во бруто финална енергија. Во две од трите сценарија (за умерена транзиција и зелено) се предвидува напуштање на јагленот како енергенс и значителни инвестиции во енергетски постројки на сонце и на ветер. Пресметките се дека за таа цел ќе бидат потребни брзи, капитални инвестиции од 9,4 до 17,5 милијарди евра до 2040 година, зависно од избраното сценарио. Главниот фокус во сите три сценарија е ставен на инвестиции во енергетска ефикасност, по што следат инвестициите во обновливи извори на енергија, што е добра можност за поддршка и финансирање од европски фондови и од меѓународни финансиски институции и донатори, бидејќи тие исто така ја идентификуваат и потенцираат нивната важност. https://meta.mk/korona-krizata-ja-zakochi-i-realizaczijata-na-strategijata-za-energetika-do-2040-godina/ |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Ништо за Белене (и нуклеарна енергија општо) во владината програма.
Нови мали хидроелектрани ќе забранат само во заштитени подрачја и национални паркови, наместо во цела држава, а нема најава и за оцена на влијанието на постојните и оние за кои веќе е планирана изградба, а потоа и нивна ревизија и, по можност, поништување. Се најавуваат повеќе ветерници и фотоволтаици, што е добар почеток, но мора подолгорочна стратегија и уште повеќе и уште подобро истите да се шират. Може и стипендирање на студенти и научници од оваа област, како и повикување на странски експерти од енергетиката, со различни погледи, да дадат предлози за озеленување на македонската енергетика. Владата ветува дека „ќе започне државна енергетска трансформација со која секој наш граѓанин ќе добие можност да биде енергетски производител и, секако, корисник на еколошки чиста и поефтина енергија. За таа цел, предвидуваме посебни, иновативни и високоефективни проекти за соларни термални колектори (ќе бидат опфатени околу 100000 домаќинства во период од четири години, за што од домашниот буџет би биле одвоени околу 30 милиони евра). Оваа мерка ќе придонесе за намалување на емисиите на CO2 во атмосферата за околу 200 000 тони годишно.“ Добра идеја, но мора да им се овозможи на сите субјекти (особено оние во руралните и изолираните средини) и да се постигне вистинска либерализација (со соодветна регулација) и производство на струја од соларни извори кај голем дел од субјектите. Прашање е колку трансфер од само-произведувачки домаќинства може да издржи постојната инфраструктура. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Па најпрвин треба да ни дозволат на нас домаќинствата да имаме право да му продаваме струја на некој од снабдувачите или најдобро МЕПСО (како зелена тарифа), а не да ги ограничуваш домаќинствата. На овој начин и те како може да се дојде до зголемен процент на обновлива енергија.
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Јас прв ли да се изнасмеам?
![]() ![]() ![]() Не сме ние држава која има визија и можности за вакво нешто. Ама...со среќа ![]() |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
До 2024 година над 50 отсто од енергијата од обновливи извори
Новата Влада планира фундаментално да го промени енергетскиот профил на државата со цел да ја подготви за идните предизвици за годините што следат и за таа цел сака енергетскиот сектор да биде одржлив и диверзифициран, со евтина енергија и стабилни извори на понуда, а домашното производство значително да се зголеми. Во својата Програма предвидува до 2024 година над 50 отсто од вкупната инсталирана електрична моќност во државата да биде од обновливи извори на енергија со што за повеќе од 20 отсто ќе се намалат емисиите на штетни гасови од енергетските извори. Во Програмата е предвидено во првите шест месеци од новиот мандат да биде објавен тендер за модернизација и трансформација на ТЕЦ Неготино, во постројка која ќе користи природен гас и ќе обезбеди можности за зголемено земјоделско производство, а се очекува и конечно да почне изградбата на ХЕЦ Чебрен по пат на јавно-приватно партнерство. Владата најавува дека ќе поттикне иновации во фотонапонската технологија и очекува со новите фотоволтаични електрани со инсталирана моќ од 400 мегавати, од кои 100 мегавати се планирани да бидат во ТЕЦ Осломеј, да произведат околу 560 гигават часови електрична енергија или околу 10 отсто од вкупното домашно производство. Планира во наредните четири години да бидат изградени ветерни електрани со моќност од дополнителни 160 мегавати и нови 30 мегавати биогасни електрани, што ќе им бидат понудени на оние инвеститори кои ќе отворат сточарски комбинати или ќе се организираат во задруги. Прочитајте и... Хоти: Утре во Брисел ќе започнат преговорите меѓу Косово и Србија за меѓусебно признавање Планирана е и ревитализација и модернизација на сите три блока во РЕК Битола, со редукција на прашина и десулфуризација, ревитализација и модернизација на Блок 1 за намалување на емисии на азотни оксиди и отворање на можност за употреба на различни типови на гориво, модернизација и санација на разладните кули во РЕК Битола, заради зголемување на нивната ефикасност и замена на азбест цементните материјали со еколошки прифатливи материјали, набавка на помошна механизација за рудниците во РЕК Битола и опрема за дисконтинуиран систем за експлоатација, подготовки за отварање на рудникот Живојно, како и ревитализација на постојните големи хидроелектрани. Воедно Владата планира целосно да ја реконструира преносната електроенерегетска мрежа и да изгради нови далекуводи и на тој начин да го направи МЕПСО регионален преносен електроенергетски центар. Се планира доизградба на 400 киловолтниот интерконективен далекувод Битола – Елбасан и 400 киловолтната трансформаторска станица во Охрид, нов 400 киловолтен далекувод кој ќе се гради до идната електрана Чебрен заедно со 400 киловолтна трансформаторска станица во близина на електраната, како и зајакнување на електроенергетската мрежа во целата држава со нови далекуводи и трасформаторски станици, со цел да се овозможат новите инвестиции во фотоволтаични и ветерни електрани во целата држава. Се планира и целосно завршување на магистралните гасоводи и брз развој на дистрибутивни мрежи за домаќинства, административни, комерцијални и индустриски објекти. Според најавите од Владата, ќе се финализира изградбата на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар со понатаможно продолжување до Кичево. Во консултации со ЗЕЛС ќе се бира најсоодветниот модел за изградба на дистрибутивни мрежи на природен гас. Во Програмата на Владата се најавува и државна енергетска трансформација со која секој граѓанин ќе добие можност да биде енергетски производител и корисник на еколошки чиста и поевтина енергија. За таа цел се предвидуваат посебни, иновативни и високоефективни проекти за соларни термални колектори со кој ќе бидат опфатени околу 100.000 домаќинства во период од четири години. Владата ветува дека ќе воспостави иста цена за топлинска енергија и ангажирана моќност во Скопје за сите потрошувачи по категории приклучени на топлификациската мрежа, независно во која општина и населба живеат или ја остваруваат својата дејност. Преку АД ЕСМ планира да изгради топлификациски систем за Битола, Могила и Новаци, како и да го прошири снабдувањето со топлинска енергија во населбите Чаир, Бутел, Скопје Север, Маџари 2 и Лисиче со проширување на топловодната мрежа. Се планира и целосно завршување на магистралните гасоводи и брз развој на дистрибутивни мрежи за домаќинства, административни, комерцијални и индустриски објекти. Според најавите од Владата, ќе се финализира изградбата на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар со понатаможно продолжување до Кичево. Во консултации со ЗЕЛС ќе се бира најсоодветниот модел за изградба на дистрибутивни мрежи на природен гас. Во Програмата на Владата се најавува и државна енергетска трансформација со која секој граѓанин ќе добие можност да биде енергетски производител и корисник на еколошки чиста и поевтина енергија. За таа цел се предвидуваат посебни, иновативни и високоефективни проекти за соларни термални колектори со кој ќе бидат опфатени околу 100.000 домаќинства во период од четири години. Владата ветува дека ќе воспостави иста цена за топлинска енергија и ангажирана моќност во Скопје за сите потрошувачи по категории приклучени на топлификациската мрежа, независно во која општина и населба живеат или ја остваруваат својата дејност. Преку АД ЕСМ планира да изгради топлификациски систем за Битола, Могила и Новаци, како и да го прошири снабдувањето со топлинска енергија во населбите Чаир, Бутел, Скопје Север, Маџари 2 и Лисиче со проширување на топловодната мрежа. https://www.slobodenpecat.mk/do-2024-godina-nad-50-otsto-od-energijata-od-obnovlivi-izvori/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Дел од новите станови во Скопје без парно - греење само на струја
![]() Клима-уреди или панели (радијатори) на сопствено греење, се еднинствената опција на купувачите на половина од новите станови во Скопје. Токму фактот дека цената на станбениот квадрат ги продава становите е водилката на инвеститорите да нарачуваат згради што ќе бидат проектирани без оџаци и можност за централно греење. Инвеститорите велат дека им е неисплатливо во новите згради да поставуваат радијатори за централно греење. За разлика од кај нас, каде поставувањето оџаци е оставено на воља на инвеститорите, во соседна Србија тоа е уредено со закон. Таму не се поставува прашање дали во зградата има или нема оџаци, туку истата не се дозволува да биде изградена бидејќи инвеститорот нема да добие дозвола за градба ако оџаците не се предвидени во проектот. Освен тоа дека оџаците кај нас, не се задолжителен елемент на една колективна станбена зграда, отстапки има и за задолжително поставување на помошни противпожарни скали за секоја зграда над шест ката. https://skopjeinfo.mk/del-od-novite-stanovi-vo-skopje-bez-parno-greenje-samo-na-struja --------------------------------------------------------- Гледам ова со инвертори и панели стана голем тренд низ градов,скоро сите згради што ги прават низ Кисела Вода,Маџир Маало се на овој принцип.Незнам колку навистина се стоплени станарите на овие згради во споредба со класичното парно.Штета што некои згради ептен близу до конекција со парно избрале инвертор принцип на греење,а чинам треба да се даде стимул што повеќе да се користи класично градско парно за затоплување отколку да се оптоварува системот за снабдување со струја. |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
https://en.wikipedia.org/wiki/Carbon_price]carbon pricing
![]() Двете се некоја под-форма на carbon pricing. Едното за дома со дополнителна такса, другото за надвор меѓународно. Carbon pricing во било која форма е пропадната идеја. Има многу примери зашто не го бива концептот во било која фрома. Мислам дека ќе се копрцаме како човештво во дубиозата и лицемерно ќе го оддржиме системот, ем да имаат сите држави и поединци еколошки идеи како да намалиме употреба на фосилни горива, ем сите истовремено да се прават наудрени и да си бидат комотни во употребата на фосилни горива. И тоа така ќе биде се додека не дојде до недостаток на фосилни гориви и сама да му порасне цената. |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Мислам дека зборуваш за carbon emission trading на меѓудржавно ниво, додека пак постот на stef4o е за carbon tax. Јаглеродниот данок функционира и тоа како во Сингапур (каде Tesla не се смета за зелено возило поради тоа што целата струја во Сингапур доаѓа од необновливи извори) и во Лондон (congestion charge и други финти), барем од местата кои сум ги посетил на подолго. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
.
Edited by гитардемон - 06-Jun-2020 at 15:18 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Јаглеродна такса/поени и такви концепти мислам дека во светов пропаднаа. Таква форма на негативна валута е сосема неодржлива особено што па оние кои најмногу треба да ја спроведат еколошката политика како Кина и Америка, баш тие или не се дел, или не скаат да бидат дел, или едноставно мижат пред загадувачите во сопствените држави во корист на локален економски напредок. Треба супер-совест за такво нешто, а се што како политика се базира на совет едноставно е нефункционално. Пропаднати се овие идеи пред 10тина години. Големите два договора кои последниве две 20-30 години беше успеано да се направат, протоколот од Кјото и Парискиот договор, се ставени во фиока, пропаднати, нератификувани, едноставно треба друг модел да се бара.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Јаглеродната такса е стимулација за брза енергетска трансформација
Еколкошките даноци се еден од ефикасните начини за борба со климатските промени и стимулација за нискојаглероден развој. Тие се закана за сите големи и потенцијални емитирачи на јаглероден диоксид, од старите возила, па сè до големите енергетски и индустриски капацитети кои користат фосилни горива. Данокот на јаглерод се однесува на сите стационарни и мобилни извори на јаглерод. Во Македонија најголемиот извор е енергетскиот сектор, преку термоелектраните на јаглен, но тука влегува и транспортот и загревањето со фосилни горива како нафта, мазут или јаглен. Во светот и кај нас, покрај енергетиката има стопански гранки што исто така се големи извори на јаглероден диоксид, почнувајќи од големите индустриски капацитети, како цеметарите или топилниците, па сè до земјоделските оранжерии, кои исто така многу често користат фосилни горива за загревање. Воведување на данок на јаглерод значи отварање можност за инвестиции за обновливи извори кои ни се многу потребни, смета Елена Николовска од „Еко Свест“. Станува збор за обезбедување финансиски средства не само за обновливи извори, туку и за иновации кон примена на најдобри практики и достапни технологии кон нискојаглероден развој. Иако беше спомната како можност во Стратегијата за енергетика и е планирана како мерка во Националниот план за енергија и клима, сè уште не е започнат процесот на воведување на јаглеродната такса. Ова значи дека нема никаква правна рамка за овој инструмент и не се знае во каков формат ќе биде воведен. Иако зеленото сценарио е финансиски најисплатливо според сите проценки вклучително и Стратешката оценка за влијанијата на Стратегијата за енергетика, сепак, овој инструмент не е директно врзан со имплементација на одредено сценарио, иако значително влијае на брзината на енергетската трансформација. Без разлика кое сценарио ќе го одбереме, мерката данок на јаглерод е потребна за обезбедување одржлив механизам за финансирање на оваа трансформација, а ова е потребно за да ги достигнеме целите од Енергетска Заедница и ЕУ. Колку побрзо ја воведеме, толку побрзо ќе чекориме кон исполнување на тие цели“, вели Николовска. Оваа еколошка давачка е позната во повеќе држави низ Европа и светот, а ја плаќаат производителите на производи поврзани со емисии на јаглероден диоксид, но и потрошувачите, доколку ги купуваат истите. Проценето е дека најразвиените земји емитуваат околку 40 отсто од емисиите, а во Европската Унија во 2017 година биле собрани околку 370 милијарди евра како еколошки даноци. Резултат на тоа е намалување на емисиите на јаглероден диоксид за 22 отсто или 1.240 милијарда тони во периодот од 1990 до 2017 година. Во Министерството за животна средина велат дека сè уште анализираат што би значело воведување на јаглеродна такса за стационирани извори на емисии и начинот на најзиното определување во земјава. „Јаглеродната такса се анализира од аспект на потенцијалот за намалување на емисиите на стакленичките гасови. Анализата ќе покаже кога ќе се воведе и која ќе биде висината на јаглеродната такса, од што ќе зависи до кој степен ќе бидат оптоварени производствените капацитети во Северна Македонија. Стратегијата за енергетика покажа дека доколку висината на јагледодната такса е над 35 евра за тон, тоа би значело затворање или намалување на интензитетот на работа на Термоелектраната Битола. Од друга страна и без воведување на јаглеродната такса не постои економска оправданост Осломеј да продолжи со работа“, велат во Министерството. Оттаму потенцираат дека согласно насоките на Енергетската заедница како и на Европската комисија, средствата собрани од јаглеродната такса може и пожелно е да се користат за зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност како и програми за ранливи потрошувачи кои ќе бидат најпогодени од енергетската транзиција https://meta.mk/jaglerodnata-taksa-e-stimulaczija-za-brza-energetska-transformaczija/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Постари текстови од пред некој месец, кога пропадна и 14-тиот обид да се најде инвеститор. Очигледна е неисплатливоста на проектот и мора да се бара чаре и тоа не баш во овој проект со разни јавно-приватни модели кои не даваат резултат, но барем во финансирање на исплатливи хидроцентрали. Ако не бива со Чебрен, барем државава да понуди некоја друга локација на инвеститори. Затоа што страшно е ова што се случува, поточно не се случува, во Македонија. Немаме една хидроцентрала во изградба, ниту барем во реална опиплива најава. Реално да имаме нешто да очекуваме да биде готово. Предходните години се градеа Света Петка и Козјак, пред тоа долго време беше глуво доба, транзиции, распад системи. Штета е да се враќаме во тоа време со ваква неактивност на темата изградба на хидроцентрали. "Бошков Мост" и "Луково Поле" беа срушени од неодговорни активисти правејќи всушност огромна штета баш заради изгубените непроизведени еколошки KWh е поголема штета, него дали 20 риса ќе се преселеле погоре по планината. Треба да се направи обид, да се најде политичка воља да се дадат на инвеститори од неколку причини: Поисплатливи се, државата не би потрошила сопствени средства него друг би ги финансирал, и еднаш кога ќе се потпише аранжман после веќе лесно е, никој неможе да го минира проектот така лесно. Едноставно би дошле у некоја ситуација како што Општина Аеродром со спорната зграда кај Мајчин Дом ја стави државата во мат ситуација да ако се повлече од идејата тогаш треба да се плати штета, а за тоа секако не би се нашла политичка воља. Да едноставно ја доведеме ситуацијата со дереџе кога цената по државата да продолжи со проектот е поефтина него да го застане. Затоа е одличен алат вака приватното финансирање на вакви проекти. И така аудиториумот и јавниот интерес за овие прашања во Македонија е исклучително мал, слободно може да се истераат тендери, да се потпишат договори. Најчесто кај нас се реагира кога ќе дојде до изведба и ќе се појави булдожер на терен, но тогаш веќе касно би било и никој кусоглед себичен активист неможе веќе да заебе работа.
Edited by user8642 - 06-Jun-2020 at 03:37 |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Во Македонија се сее магла дека може да се ифрли јаглен од употреба, а се земаат држави како пример од средна и северна Европа како пример зашто тамо се случило тоа. Намерно или не, се заборава а се каже дека овие држави имаат удел на нуклеарна енергија колку што Македонија има удел на термо-енергија ~70%, и се заборава да се каже дека Шведска на пример кога влезе во процес на гасење на термо-електрани имаше удел на термо-енергија од само 19%, а не како Македонија 77%, и Шведска имаше длабоко развиена хидро-енергетска мрежа, за разлика од Македонија која главните хидро-потенцијали сеуште ги нема изведено. Ова гасење термо-електрани е wishfull thinking за држави како Македонија. Напротив фокус-от треба да се стави на далечна долгорочна гасификација на термолектраните ако тоа е воопшто рентабилно и возможно, ама туку така дека ќе се изгасат ни на памет.
Edited by user8642 - 22-May-2020 at 13:02 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Зелени економии за одржлива енергетска иднина: ќе го исфрлиме ли јагленот од употреба? (видео)
Транзицијата кон чисти извори на енергија е неопходна, не само за да се остварат енергетските и климатските цели, туку и да се заштити здравјето на луѓето. Преминот кон зелена економија не ја заобиколува ниту Северна Македонија, иако eнергетскиот систем во земјава е речиси целосно зависен од јаглен, што е една од главните причини што имаме најзагаден воздух на глобално ниво. Токму затоа, најновата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, во две од трите сценарија (референтно, за умерена транзиција и зелено сценарио), предвидува напуштање на јагленот како енергенс и инвестиции во енергетски постројки на сонце и на ветер. Фактот дека во Стратегијата се поставени рокови за затворање на термоелектраната на јаглен „Осломеј“, за трансформирање на работата на РЕК „Битола“ до 2025 г., како и јасни цели за зголемување на уделот на енергијата од обновливи извори, за невладиниот сектор е еден од најважните делови во документот. Започнувањето на административните процедури за изградба на 120 мегаватни соларни термоелектрани на местото на ТЕЦ „Осломеј“ е одличен почеток на енергетската транзиција, оценуваат граѓанските организации. Сепак, предупредуваат дека властите мора да ги почитуваат поставените рокови, а Владата да започне со планирање на процесот на праведна транзиција на регионите на термоелектраните и рудниците на лигнит. Ова значи планирање на алтернативен економски развој за тие региони, за да се избегне социјална криза ако поголем број лица останат без работа, но и да се обезбеди понатамошен економски развој кој ќе значи сигурност за идните генерации. https://meta.mk/zeleni-ekonomii-za-odrzhliva-energetska-idnina-kje-go-isfrlime-li-jaglenot-od-upotreba-video/ |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Потпишани договорите за идниот далновод кон Албанија и нова трафостаница во Охрид
МЕПСО ќе инвестира 35 милиони евра во двата проекти за изградба на 400 киловолтен далновод за поврзување на електропреносните системи на Македонија и Албанија и на нова 400/100 киловолтна трансформаторска станица во близина на Охрид. Во владата денес беа потпишани договорите со изведувачите „Енергоинвест“ од Босна и Херцеговина и „Кончар“ од Хрватска. Реализацијата на проектот е од огромно значење за нашата земја, бидејќи со него ќе се стави во функција коридорот за пренос на струја од Бугарија, преку Македонија и Албанија, до Италија. Премиерот Оливер Спасовски во своето обраќање истакна дека со овие инвестиции се подига степенот на стабилноста на електроенергетските системи за подобра продуктивност, што е од интерес за домашните и странските инвеститори кои имаат придонес во растот на економијата. – Регионалното поврзување на електропреносните системи е долгорочен стратешки интерес за секоја држава. Врските со соседите значат електроенергетска стабилност – основа за секоја просперитетна економија. Нашата работа е токму тоа – нагласи генералната директорка на МЕПСО Ева Шуклева. Новиот далновод меѓу Македонија и Албанија ќе се гради од трансформаторската станица „Битола 2“ до трансформаторската станица „Елбасан“. Воедно, проектот за изградба на 400/100 kv трафостаница „Охрид“ ќе обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија на Охридскиот регион. Спроведувањето на проектот е со финансиска поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). https://meta.mk/potpishani-dogovorite-za-idniot-dalnovod-kon-albani%d1%98a-i-nova-trafostanicza-vo-ohrid/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Прашањево веројатно може да се префрли во Енергетика (Општо). Не треба да се споредува инвертер технологија со парно бидејќи тие можат и заедно да функционираат. Она што треба да се споредува е изворот на енергија (струја, гас, дрва) и уште подобра споредба конверторот на таа енергија (печка за дрва vs инвертер клима). Инвертер е само мал дел наменет за моторот на компресорот што го прави таквиот систем на струја енергетски-ефикасен. Така што можеш да инсталираш топлинска пумпа (воздух-вода) со инвертер технологија што можеш да ја поврзиш со подно греење, парно греење и/или фенкојлери. За да се пресмета дали и колку е некој систем ефикасен треба да се земе во предвид квадратурата и поврат на инвестицијата. Или ако се грижите за природата и сакате да ги исфрлите гасот и дрвата, тогаш веројатно не ви треба пресметка за поврат ![]() Едит: Кога велам струја како извор на енергија мислам на користење енергија од соларна/ветерна/хидро/термоелектрана или индивидуален соларен систем наспроти индивидуален приклучок на гас или горење дрва кои се несомнено помалку ефикасни и многу поголеми загадувачи. Инаку се разбира дека струја може да се добие од гас и дрва.
Edited by ironm - 28-Dec-2019 at 11:07 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |