![]() |
![]() |
![]() |
Интернет и телекомуникации |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 28> |
Author | |
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Во Македонија на 100 жители има 108 мобилни телефони
Најголем број мобилни телефони во регионот имаат Црногорците, каде што на 100 жители има 178 претплатници, а по нив следат Хрватите со 113 претплатници на 100 жители, покажуваат податоците од глобалниот индекс на конкурентност на Светскиот економски форум. На овој начин Црногорците се најдоа во друштво со Русите, Финците и Австријците, кои најмногу користат мобилни. Македонија и Албанија се наоѓаат на трето место со по 108 претплатници на 100 жители, додека најмал број корисници на мобилни телефони е забележан во Србија и БиХ, каде што има значителен број на граѓани кои немаат мобилен телефон. Србија има 93 корисници на 100 жители, а БиХ – 89. Ако се погледне пошироко на Балканот, мобилните телефони најмногу ги користат Бугарите, каде што има 146 претплатници на 100 жители. Најголем број на мобилни телефони во светот се користат во Хонгконг, каде што има 228 претплатници на 100 жители. http://www.utrinski.mk/?ItemID=2C166DDC0F1F6F488EF6456D1EA7C50D |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
не ми се верува дека ќе ги намалат цените.ќе дадат поповолни пакети со повеќе минути разговор и повеќе пораки,и тоа е тоа
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Цените на мобилната телефонија ќе паднат за најмалку 50 отсто
Агенцијата за електронски комуникации го подготвува известувањето до трите мобилни оператори за намалување на цените за интерконекција, што би требало да повлече и намалени цени за мобилната телефонија и за сите други услуги што ги нудат операторите. Ова ќе значи дека цените на СМС-пораките и на телефонските разговори веќе од наредниот месец најверојатно ќе бидат намалени за околу 50 отсто. Со оваа препорака од АЕК, се очекува дека разговорите во мобилната телефонија меѓу трите оператори ќе се изедначени, односно цените на повик кон која било мрежа ќе бидат исти. После ова се очекува уште поголема борба меѓу операторите во освојување на пазарот со разни пакети и комбинации од бесплатни разговори, СМС-пораки и интернет за пониски цени од сегашните. http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/cenite-na-mobilnata-telefonija-kje-padnat-za-najmalku-50-otsto |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Danndy ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 410 |
![]() ![]() |
Кога најбрзо може да се очекува? ![]() Т-Мобајл, Оне, па Вип по некоја логика. |
|
Traveling.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Операторите ќе добијат одобренија за фреквенции за 4Г
Трите мобилни оператори ќе добијат одобренија за користење радиофреквенции од четвртата генерација на мобилни комуникациски услуги. По уплатата на еднократниот надоместок во висина од 10,3 милиони евра, операторите ќе добијат одобренија за користење радиофреквенции со кои ќе можат да обезбедат услуги од четвртата генерација на мобилна телефонија. Компаниите беа избрани на денешното јавно наддавање во Агенцијата за електронски комуникации. Со доделувањето на фреквенции од 4Г, Агенцијата очекува поголеми брзини на мобилниот широкопојасен интернет, пониски цени, поголема иновација, нови инвестиции и подобра покриеност. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2E8890AC809A3F4CA46FEFFDD1290323 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Danndy ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 410 |
![]() ![]() |
Е сеа што треба? МакОне? ВипМак? Т-Македоници? Мислам која е потребата од името и „целната група“, кое впрочем делува дискриминарчки.
Верувам дека со услугите и со стандардот што ќе ги понудиме ќе ги разбудиме од сонот. Ќе настојуваме да ги донесат услугите и продуктите што им ги даваат на корисниците во Германија, Австрија и во Словенија, притоа третирајќи ги Македонците како европски граѓани – рече Адриан Хоџа Како виртуелен оператор кој ќе ги користи мрежите на Оне, што мисли истиов Адриан Хоџа дека ќе понуди? 4Г интернет? Подобар квалитет од постоечкиот на Оне? Кој им ги спрема говорите стварно не знам, ама многу жално. |
|
Traveling.
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Мизерија.
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Мислам дека ова од маркетиншки аспект е одлично, само уште поголема работа ќе завршеле со некое име на операторот како „смрт за каури фон„ „голема албанија фон„ или така нешто подобро звучи а и таргет муштериите мислам дека повеќе се палат на поагресивен маркетиншки пристап вака некако многу млитаво звучи.
Edited by kultuzin - 01-Jul-2013 at 17:31 |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Ајде честито, па следните пет оператори да се викаат Туркфон, Влахфон, Србфон, Ромафон и Боснафон.
„Албафон“ - нов мобилен оператор Ќе почне да работи од следниот месец, а целна група се македонските Албанци ![]() 01/07/2013 - 17:25 „Албафон“ - нов мобилен оператор Ќе почне да работи од следниот месец, а целна група се македонските Албанци Роберт Орданоски, Адриан Хоџа (Фото: Утрински весник) „Албафон“ е новиот, четврти мобилен оператор во Македонија. Ќе почне да работи од август како виртуелен мобилен оператор, ќе ги користи мрежата и антените на „Оне“. Префиксот за повикување ќе биде 073. Целна група се граѓаните во Македонија од албанско етничко потекло. - Сметам дека сите три оператори во земјава се дел од европски компании што во матичните држави даваат услуги и сервиси на многу повисоко ниво. Тоа е практика и во другите индустрии – светски брендови кога ќе дојдат да работат во друга држава, ги спуштаат стандардите. Верувам дека со услугите и со стандардот што ќе ги понудиме ќе ги разбудиме од сонот. Ќе настојуваме да ги донесат услугите и продуктите што им ги даваат на корисниците во Германија, Австрија и во Словенија, притоа третирајќи ги Македонците како европски граѓани – рече Адриан Хоџа, извршен директор и претседател на Бордот на директори. Агенцијата за електронски комуникации му додели милион броја на „Албафон“ за да работи на македонскиот пазар. (Телеграф.мк/МИА) |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
иако не сеработи за инфраструктурен нити било каков објект,сепак е вредно да се напомене оваа инормација
ОД 1 ОКТОМВРИ 2012 Единствена претплата од 6,5 евра во фиксната телефонија АЕК му наложи на Македонски телеком висината на месечната претплата да биде еднаква, како за резиденцијалните, така и за деловните корисници, бидејќи иста услуга им се обезбедува и на едните и на другите Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) по препорака на Европската комисија му предложи на Македонски телеком да ја изедначи месечната претплата за фиксна телефонија што им ја наплатува на своите корисници, односно и домаќинствата и фирмите да плаќаат по 399 денари. Тоа ќе претставува двојно намалување на претплатата на бизнис-корисниците, која сега изнесува 699 денари и ќе почне да се применува од 1 октомври 2012 година. Барањето за изедначување на претплатата произлезе од анализата на пазарите за резиденцијални и за деловни корисници на фиксната телефонија во земјава, што ја направи АЕК, и во основа покажа дека иста услуга им се обезбедува и на едните и на другите и затоа и цената треба да биде иста. Ова е прв пат од приватизацијата на Телекомот во 2001 година до денес едно регулаторно тело во земјава да влијае на цените на месечната телефонска претплата што ги наплаќа најголемиот фиксен оператор, а кој како доминантен оператор е под контрола на АЕК. Од Агенцијата немаат надлежност да влијаат или да побараат корекции на цените на услугите или на месечната претплата на другите оператори што нудат фиксна телефонија во земјава (ОНЕ или кабелските), бидејќи не се оператори со значителна пазарна моќ во тој сегмент, но очекуваат дека и тие ќе ги коригираат цените на месечната претплата. Во изминатиот период познато е дрка покрај фирмите и граѓаните реагираа дека премногу е скапа месечната претплата за фиксен телефон, поради што бараа таа или да се укине или да може да се користи за одредена минутажа на телефонски разговори. Од АЕК објаснуваат дека нема потреба да се интервенира кај месечната претплата за граѓаните, бидејќи пазарот е либерализиран и може да се води конкурентска трка за корисници со различните цени што ги нудат операторите. -Висината на претплатата операторот ја утврдува врз основа на трошоците што ги има за поврзување и за одржување на телекомуникациската мрежа. И секаде во регионот и во Европа операторите наплатуваат месечна претплата, бидејќи имаат такви трошоци - истакнуваат од АЕК. Најскапа месечна претплата за фиксна телефонија се плаќа во Хрватска - 10,1 евро, во Косово таа е 8 евра, Турција - 7, Македонија - 6,5 евра, Црна Гора - 6, Босна - 4,9, Србија - 2,6, додека најевтина е месечната претплата во Албанија 2,3 евра. (С.Бл.) Нема купување СИМ припејд картичка без лична карта Агенцијата за електронски комуникации наложи од 15 октомври 2012 година да биде идентификуван имателот на секој припејд телефонски број во мобилната телефонија земјава. Според директорот на АЕК, Роберт Орданоски, секој продавач на СИМ картичка од кој било мобилен оператор ќе мора да побара од купувачот лична карта за да го евидентира матичниот број на носителот на телефонскиот број. Ова, вели Орданоски, се прави за да се елиминираат непријатните ситуации што се прават на граѓаните од одредени несовесни лица кои ги вознемируваат по телефон, а за нив нема никакви податоци во базата на операторите, бидејќи СИМ припејд картичка може да се купи како што се купуваат, на пример цигари. СМС за известување во погранична зона АЕК воведе уште една новина за заштита на корисниците на мобилната телефонија. Имено, операторите се задолжуваат со СМС да го известат корисникот дека кога се наоѓаат во погранична зона нивниот телефон е приклучен на странска мрежа (иако се во Македонија), поради што сите разговори ќе им бидат тарифирани како да се во роаминг. -Ако операторот не ве извести со СМС дека сте приклучени на странска мрежа, тогаш не сте должни да му платите за разговорите што сте ги воделе како да сте во роаминг. Ако сепак ви побараат од операторот да платите, можете да се пожалите во АЕК и ние тоа ќе го провериме - вели Роберт Орданоски, директор во АЕК. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6FF892978C72354D81FDDBF764BE7985 Edited by gjoko - 23-Sep-2012 at 22:23 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
4G технологија кај нас
![]() |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=93F73B639F705949BC55CC88660E75ED |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Да споделам една интересна статистика на која наидов разлистувајќи низ публикациите на ДЗС:
![]() |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Новиот, четврти, оператор ќе се вика Alo Telekom
Набрзо во Македонија ќе започне со работа новиот мобилен оператор со име Alo Telekom, зад кој стои компанијата WTI Macedonia. По една година интензивни подготовки и преговори, WTI објавува дека потпишале договор со ОНЕ, што му овозможува на WTI да ги лансира мобилните услуги во многу блиска иднина. Инаку, WTI Macedonia е ќерка-компанија на WTI international Holding BV и WTI Group компаниите во сопственост на групација Boekhoorn. http://www.telefoni.com.mk/news-1706-noviot-cetvrti-operator-ke-se-vika-Alo-Telekom.html |
|
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
Цел Капиштец и најголем дел од Центар (Градски Ѕид, Дебар маало) веќе речиси 2 години се покриени со оптика на Телеком.
|
|
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Карпош е веќе една година готов, јас веќе користам оптички интернет од телеком
Edited by stratus - 31-Jan-2012 at 02:06 |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
![]() Имплементација на проектот Fiber to home кој започна во 2009. Сум видел згради во Капиштец каде ова е веќе завршено. Во октомври 2011 започна и модернизација на мрежата, како капитална инвестиција на Телекомот од 14 милиони евра. Можам да потврдам дека мрежата е модернизирана во Кисела Вода. |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
во Кичево засега се опфаќа централното градско подрачје,некои банки, и слично.се работи уште од есенеска
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Луѓе, незнам по другиве општини ама во Аеродром, Т-Home, почна да спроведува оптички кабли и да поставува приклучоци до секој стан.
|
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Виртуелниот оператор ВТИ почнува со работа на македонскиот пазар
![]() Првиот виртуелен мобилен оператор ВТИ Македонија почнува со работа на македонскиот телекомуникациски пазар, откако постигна договор за пристап на мобилна мрежа и давање услуги со операторот ОНЕ. - Услугите во мобилната телефонија ќе почнат во текот на следните неколку недели (како пробен период), со делење „сим“ картички со префикс 073 на неколку стотини граѓани. Комерцијалните услуги во доменот на фиксната телефонија и интернет услугите ќе почнат во јануари 2012, соопшти денеска ВТИ Македонија. Од виртуелниот оператор информираат дека ќе го искористат периодот што следи за натамошно унапредување на компанијата, за прием, инсталација и тестирање на мрежната опрема и на системот за грижа на корисници. - Поминуваме низ период полн со предизвици, но убеден сум дека ВТИ Македонија ќе стане значаен играч во целиот спектар на телефонски услуги. Во моментот имаме голем број на сериозни преговори како со домашни, така и со странски оператори од кои се очекуваат значајни објави во следните неколку месеци, изјави Олутојин Гбадамоси, кој е новоназначениот генерален директор на ВТИ Македонија. Најновиот учесник во македонскиот телекомуникациски пазар најавува дека ќе им овозможи на македонските граѓани преку новите мобилни сервиси со префикс 073 иновативни и достапни решенија што ќе обезбедат целосна покриеност дома и достапност насекаде низ светот. http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=C8DDDA84EAAACD4C96A5A7C658568574 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 28> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |