![]() |
![]() |
![]() |
Сончев Град |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 15> |
Author | |||||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||||||
Хорор на Водно
Горан Адамовски „Забранет пристап - минирање“, пишува на таблите закачени на дрвја во месноста Марково Крувче на Водно. За секој случај и работниците што го градат патот кон Сончевград ќе ве предупредат да се оддалечите на пристојно растојание. Честите посетители на скопскиот рид велат дека најпрво се слушаат алармите за тревога кои ѕвонат пет минути. Вознемирувачки звуци. Потоа се слуша силен татнеж. Се кршат карпите што се на пат кон Сончевград во Сопиште. Околу три илјади жители на новата елитна населба ќе имаат можност од центарот до периферијата на градот да стигнат за помалку од десет минути. За таа цел се удира во белите дробови на градот. Водно е на колена. Од Сопиште, Водно е на дофат од раката. До Марково Крувче има околу седум-осум минути пеш. До пред некое време беше уживање да се оди по тој дел. Секаде зеленило и мртва тишина. Долу градот мирно дише. Не се слуша ништо долу, се гледаат само високите згради и чадот од фабриките. Воздухот горе и долу не одат во иста реченица. Дури и во лето, горе е подносливо. А во вечерните часови е свежо дури и во најтоплите денови. Пат немаше. Имаше изгазени патеки за пешаци. Покрај грмушки. Планинарите, посетителите и жителите на Сопиште со тага се сеќаваат на овие слики. Нив повеќе ги нема. Ќе останат само да се прераскажуваат меѓу генерации. Денеска, тој дел на Водно повеќе наликува на каменолом. Малите патеки за пешаците веќе ги нема. Отсечени се. Сега има патишта за тешка механизација. Камиони, багери, машини. Пробиени се, по слободна процена, повеќе од еден километар. Повеќе од еден километар исечено зеленило. Каде што се дишеше најчисто сега не може да се мине ако не се стави блуза преку уста. Облаци од прашина. Се гази во земја во којашто се пропаѓа како во жива кал. Некаде и до половина метар. А кога ќе помине камион покрај вас, што се случува на секоја минута - готово, останавте без воздух. „Одете побргу, ама да знаете дека наскоро минираме. Подобро да не се враќате до крајот на работното време“, предупредуваат работниците. Градежните работи се изведуваат секој ден до кај 15 часот. И во саботите. Во неделите се одмора. „Порано беше уживање да се разбудиш во тишина, да го испиеш утринското кафе, да потсредиш дома или во дворот. Сега механизација се слуша по цел ден, а пред очи само облаци од прашина се гледаат“, коментираат жителите на Сопиште. Покрај главниот пат, по удолнината се ископани уште неколку споредни „патчиња“, кои служат за фрлање на камењата и на шутот. Ако сте помислиле дека ќе го заобиколите пробиениот пат - сте се излажале. Мора по него. Друг избор нема. Механизацијата, всушност, кружи околу Марково Крувче и треба да се спои со патот кај „Панорама“, на другата страна од Водно. Иако, на прв поглед се чини дека е многу поедноставно да се направи директна линија, сепак, тоа е неизводливо затоа што треба да се удри во сржта на ридот - на Средно Водно. Над Марково Крувче се познатите Маркови Кули - градба што го идентификува Скопје со Јустинијана Прима. Патот за Сончевград практично ќе кружи околу нив. Оттаму води трим-патеката до Средно Водно. Конечно, зеленило и свеж воздух. Околу два километра, еден час шетање во тишина. И дрвја. Покрај патеката, која, главно, е по рамен пат, се поставени летниковци и клупи за вежбање. Тие што ќе ги затекнете по пат се вистински љубители на природата. Дошле пеш, таму нема жичарници или автомобили. И затоа од нив најдобро ќе ја почувствувате загриженоста на тоа што му се случува на Водно сега. „Триесетина години се качувам на Водно барем двапати неделно. Љубовта кон природата сакам да му ја пренесам и на внукот, па го земам со мене. Ова што се случува во последниве години е страшно. Водно секогаш било шанса за почивка, а сега станува Луна-парк. Каде се видело да се пробива ридот којшто му дава кислород на градот за да се изгради пат за да се скуси патот на тие што се способни да платат да живеат во таква елитна населба каква што се зборува дека ќе биде“, реагира еден повозрасен скопјанец. Сечата на дрвјата на Водно има неколку поглавја. Виртуелното село зад „Св. Пантелејмон“ во Нерези, соголувањето два хектара шума за модерна жичарница до врвот Крстовар, веќе се познат случај. Непријатно изненадување за планинарите е егзодусот на стари дрвја во близина на одморалиштето во средина од патеката меѓу Средно Водно и крстот. „Ги исекоа летоска, наводно, заради потребите на дистрибутерите на струја. Ама, како до пред неколку месеци функционираше се', а сега не чинело? Цели редови нема“, се жалат планинарите. Тие што не биле одамна на Водно ќе се изненадат и кога ќе се качат најгоре, на највисокото место во Скопје. Не од оградениот простор каде што ќе се гради новата зграда на АЕК, туку од обидот да се направи простор за возила на шумската патека кон Матка. Велосипедистите велат дека и тоа било направено летоска. Фрлен е чакал, „малку“ простор е земен од планината, доволно да се спои со земјениот пат. Според најавите на властите, регионалниот пат до населбата Сончевград во општина Сопиште со предвидените приклучоци ќе биде долг 4,4 километри. Патот ќе води од улицата „Водњанска“, покрај бивша „Панорама“, по сртот на Водно, преку Марково Kрувче се' до Сопиште. Неговата изградба ќе чини 6,7 милиони евра, а активностите треба да завршат за 18 месеци. Со изградбата на населбата и на патот се очекува проток на 700-1.000 возила. Сончевград ќе се простира на 58 хектари, кои ги купи турскиот „Џеваир холдинг“ за околу 2 милиона евра. Одобрението за градба на патот го даде Министерството за транспорт, а во јули беа „удрени“ првите лопати. Цените на земјиштето во Сопиште скокаат веќе десетина година. Ако во почетокот на овој век еден квадратен метар можеше да се купи за три или четири евра, сега таа бројка е зголемена и до петнаесет пати. Се очекува врвот да биде достигнат следниот период. http://www.utrinski.mk/?ItemID=64832F20E10A5B4CB71C6C80DE781E79 |
|||||||
![]() |
|||||||
KraFT ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||
Конечно, на скоро пробиен пат излезе подетален текст кој се осврнува на екологијата и авторот успеал да ја „прикрпи“ трасата. Патот до Сончевград ја „делка“ Парк-шумата „Водно“ - Најавите упатуваат коловоз од улицата „Водњанска“, покрај бивша „Панорама”, по сртот на Водно, преку Марково Kрувче се' до Сопиште. - Делницата почнува од одвојувањето кај третата серпентина од постојаниот пат Скопје – Водно. - Продолжува и се поврзува со населбата Сончевград и завршува на врската со регионален пат Р2134 со кружен тек во општината Сопиште. - Попатно кон овој пат на соодветни места се обезбедени два приклучока со новата населба и тоа кон улица ’Ц’ и улица ’Д’ дефинирани со сообраќајната мрежа на населбата Сончевград. - Коловозот е со ширина од 5,90 метри (две сообраќајни ленти од по 2,95 метри)“, вели Оливера Вранеш од ЈП за државни патишта и потенцира дека трасата на регионалниот пат во еден дел поминува низ шумата (во Кисела Вода и Сопиште), за што имале и елаборат за заштита на животната средина ... КраФТ Edited by KraFT - 24-Oct-2013 at 17:16 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Напролет во Сончев Град ќе се удрат првите темели
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8213177464&id=14&prilog=0&setIzdanie=22944 |
|||||||
![]() |
|||||||
KraFT ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||
Не. Ниту пак изведувачот даде одговор. А новинарите кога одат на сечење лети, само голтање плескавици ги интересира. К |
|||||||
![]() |
|||||||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
||||||
Ова го пишувало во „Дневник“ на 11 јули:
„Се расчистува трасата, која ќе води до поранешниот хотел „Панорама“, каде што новиот пат ќе се спои со улицата Тодор Александров (поранешна „Салвадор Алјенде“) токму кај Институтот за земјотресно инженерство. Патот ќе почне од Сопиште и ќе минува низ Говрлево, ќе се прекачи преку Водно во делот што ~ припаѓа на Kисела Вода и ќе се спои со постојниот пат кон Средно Водно кај ИЗИИС.“ линк Тоа со Говрлево е глупост, но останатите информации се битни. Би можел ли некој да ја исцрта можната траса? Поназад во нишкава има информации за тоа од каде ќе почнува во Сопиште и должината на патот. |
|||||||
![]() |
|||||||
The Man ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 135 |
![]() ![]() |
||||||
![]() |
|||||||
![]() |
|||||||
maci ![]() Newbiе ![]() Joined: 09-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 14 |
![]() ![]() |
||||||
ako mozes stavi link da ja vidam.porano ja imam gledano no sega nemozam da ja najdam.
|
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||
Вила Кортопела е една специфична куќа во Сопиште што отскокнува со дизајнот...
http://farm3.staticflickr.com/2596/3708644202_bbfac30ec9_o.jpg Ја знаат сите од тој реон, а има привлечено доста медиумско внимание па ја знаат и луѓе пошироко. Плус сме ја дискутирале и на форумов, затоа ми дојде природно да ја спомнам како референтна точка бидејќи со пробивање на трасата е почнато токму над нејзе. Еве координати од објектот: 41°57'29.01"N 21°25'48.28"E |
|||||||
![]() |
|||||||
WNBARCH ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 15-Apr-2011 Online Status: Offline Posts: 86 |
![]() ![]() |
||||||
Што е Вила Кротопела?
|
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||
![]() На градилиште нема, а не сум сретнал ни на нет... ![]() Засега од ситуацијата на терен исто така не може да се заклучи каде ќе поминува патот во оној реон кој е најзначаен од аспект на трасата (пошумените предели на северната страна на Водно). Патот моментално е горе-долу пробиен околу 500 метри - почнувајќи некаде над Вила Кортопела (41°57'31.40"N 21°25'47.12"E), па во правец кон североисток до оваа точка (41°57'45.40"N 21°25'59.38"E). Но со оглед на најавената должина (4,7 километри), за жал е практично сигурно дека нема да има некаков поголем тунел или премостување и дека трасата ќе се вијуга по падините на Водно... и се разбира дека ќе се исече многу шума и дека со таквиот тип на пат на мала врата ќе се отворат можности за уште поголема инвазија на градби кон парк-шумата. На вести денеска слушнав дека за време на лопатарењето, јали премиерот јали некој од неговата свита баш се пофалил дека со патов ќе се отвори можност за изградба на куќи. И очигледно оваа држава има пари за се друго, освен за асална инфраструктура. ![]() Крај на светот ли ќе беше ако инвестираа одговорно и го направеа патов со тунел, како што си беше планирано уште од времето? Всушност со цена од 6,7 милиони евра, сигурно не се многу далеку од финансиската конструкција за изградба на таков пат. Енивеј еве ја веста од порталот
http://www.build.mk/?p=27211 |
|||||||
![]() |
|||||||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
||||||
Има обележано на мапа каде точно ќе поминува улицата?
|
|||||||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Груевски: Во Сопиште, по Сончев Град ќе се градат и други три слични блока22/07/2013 // Пред 3 часа // ИНФРАСТРУКТУРА // Коментирај ![]() Лопатите се „удрени“ – почна да се гради патот до Сончев Град. Со изградбата на регионалниот пат што старуваше денеска се отвора можност покрај населбата Сончев Град, да се изградат и други три слични блока, изјави премиерот Никола Груевски, кој заедно со министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески, градоначалникот на Сопшите Стефче Трпковски и директорот на Агенцијата за патишта Љупчо Георгиевски присуствуваа на официјалниот старт на градежните работи. Владата очекува дека турските инвеститори од Џеваир Холдинг, идната година ќе почнат со изгрдба на елитната населба. Регионалниот пат ќе ја поврзува населбата Сончев Град, што доправа треба да се гради, со Центар и Сопиште. Според проектот, патот ќе има вкупна должината од 4,4 километри, со две коловозни ленти од по три метри, четири крака и банкини од по еден метар од двете страни. Се предвидува изградбата да биде завршена за 18 месеци. Вкупната инвестиција ќе чини 6,7 милиони евра, а парите се обезбедени од Буџетот. Изградбата на патот до населбата е обврска на државата, дедека самата населба треба да ја гради турската компанија Џеваир Холдинг.
Реализацијата на сите овие проекти има за цел подобрување на транспортната инфраструкутра како основа за повисок животен стандард, поголема безбедност на сообраќајот, но и привлекување странски инвеститори, изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески посочувајќи дека со изградбата на овој пат пополека, но сигурно почнува изградбата на инфраструктурата неопходна за населбата Сончев Град.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски рече дека со изградбата на овој пат ќе се обезбеди подобра комуникација на општината Сопиште со градот Скопје. Градоначалникот на општина Сопиште, Стефче Трпковски рече дека изградбата на регионалниот пат покрај директното поврзување со општина Центар ќе овозможи и поголем локален економски равој, како и подобрување на стандардот на граѓаните. Турски претставници на инвеститорот – на средба со жителите на Патишка река? Фактор, минатата недела веќе објави дека градежната машинерија е на
терен, а работниците со багерите и камионите ја копаат трасата каде ќе
биде патот што Сончев град ќе го спои со централното градско подрачје. Иако, обврска на општината е да донесе водовод до Сончев град, сепак според неофицијалните информации на Фактор, претставници на турскиот инвеститор пред извесно време ги посетиле жителите на Патишка река. Целта на посетата била да ги убедат да не прават проблеми околу водоводот што оттаму треба да се донесе до Сончев град. Според сознанијата на Фактор, разговорите меѓу жителите на Патишка река и турските претставници поминале оптимистички и голема е веројатноста дека заедничко решение е на повидок. Водоводот беше и еден од клучните спорови поради што овој мега-проект досега беше заглавен само на хартија. Жителите на Патишка река изминативе години не дозволуваа да отпочне изградбата на водоводот и да стигне до Сончев град. Го блокираа поставувањето на цевките. Целата ситуација ескалираше кога, сега веќе поранешниот градоначалник на општина Сопиште се обиде со полициска асистенција да го реши спорот што го има со жителите. Кордони полицајци беа испратени во Патишка река. Додека полицијата обезбедуваше – багерите работеа. Се копаа канали, се поставуваа цевки за вода. Но потоа проектот повторно запре. Водоводот не се изгради, општината се задолжи со милионски суми за полициската асистенција, а подоцна тогашните инвеститори од Израел си замина и се откажаа од проектот поради повеќето пречки на кои наидоа во реализацијата на проектот. Следуваше нов тендер за продажба на локацијата за изградба на елитната населба на јужните падини на Водно. Земјиштето го купи турската Џеваир Холдинг. Дали тие ќе успеат да го реализираат овој проект кој неколкупати пропаѓа останува да се види. Сегашниот градоначалник на општина Сопиште, пред да стапи на функцијата, во екот на изборната кампања во интервју за Фактор посочи дека е оптимист и оти очекува да се најде решение за спорот со жителите од Патишка река, кои не ја даваат водата. „Имаше одредени несакани настани, но тие се веќе во минатото и затоа јас Ве уверувам дека во комуникација и соработка со жителите од Патишка Река ќе се обидеме да најдеме прифатливо решение, кое ќе биде во интерес на сите. На еден поинаков и искрен начин ќе се обидеме да го решиме недоразбирањето, со разговор и слушање на сите страни и аргумети што ги имаат засегнатите, изјави градоначалникот Трпковски пред три месеци за Фактор. http://faktor.mk/archives/60365?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=gruevski-vo-sopishte-po-sonchev-grad-kje-se-gradat-i-drugi-tri-slichni-bloka |
|||||||
![]() |
|||||||
KraFT ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||
ИНформација за почетокот на градбата на патот, со нафрлени информцаии.
Вести „Денеска официјално почнува изградбата на регионалниот пат за населбата Сончев град, што ќе биде одбележано со прес-конференција на локацијата. Отворањето на градежните работи ќе почне во селото Сопиште, на околу 2,5 километри од последното стојалиште на автобусот број 24, каде што се наоѓа градилиштето на објектот на градежната компанија „Гранит“.“ К Edited by KraFT - 22-Jul-2013 at 12:27 |
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||
А знае ли некој каде е точно сликата со багерите?
|
|||||||
![]() |
|||||||
KraFT ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||
И сеуште не ја знаеме точната траса
![]() Камоли нешто подолго и подалеку да беше ... Разни верзии: " Инаку, кон крајот на месецов и почетокот на наредниот треба да почне изградбата на патот до Сончевиот град, кој ќе води од улицата Водњанска, покрај "Панорама", сртот на Водно, преку Марково Kрувче се до Сопиште". Новиот патен правец до Сончев Град треба да биде во должина од 2,5 километри. Патот треба да биде изграден со коловозна конструкција од две ленти со ширина од по 3 метри.“ Дневник “Се расчистува трасата, која ќе води до поранешниот хотел „Панорама“, каде што новиот пат ќе се спои со улицата Тодор Александров (поранешна „Салвадор Алјенде“) токму кај Институтот за земјотресно инженерство. Патот ќе почне од Сопиште и ќе минува низ Говрлево, ќе се прекачи преку Водно (?!) во делот што припаѓа на Kисела Вода и ќе се спои со постојниот пат кон Средно Водно кај ИЗИИС. Улицата ќе биде долга четири километри ..... две коловозни ленти широки по 2,75 метри. Се очекува црвената лента да се пресече по 18 месеци, назима .... ![]() Edited by KraFT - 12-Jul-2013 at 02:19 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Почна изградбата на патот до Сончев град1/07/2013 // Пред 10 минути // ИНФРАСТРУКТУРА // Коментирај
Стартуваше изградбата на патот што води до населбата Сончев град, лоцирана на јужните падини на Водно. Градежната машинерија е на терен. Работниците веќе два дена со багерите и камионите ја копаат трасата каде ќе биде патот што Сончев град ќе го спои со централното градско подрачје. Почетокот на работите старуваше од населбата Сопиште. Локацијата е означена со црвена лента, поставени се и табли за забранет пристап, како и монтажни објекти за чуварите кои ќе ги обезбедуваат машините и опремата со кои ќе се работи. Дека на терен стартуваат градежните активности потврдува и градоначалникот на Сопиште, Стефче Трпковски. „Патот за Сончев град откако се позиционира ќе почне со изградба. Гранит носи градежни машини. Во соработка со министерството за транспорт и врски, ЈП Водовод, ЕВН-Македонија и општина Сопиште се подготвуваат и другите проекти поврзани со проектот Сончев град“, вели Трпковски за Фактор. Градежната компанија Гранит, пред три месеци склучи додоговор со Јавното претпријатие за државни патишта за изградба на патот за Сончев град. Договорот е вреден 6,7 милиони евра. Според договорот што тогаш Гранит го објави, патот треба да биде завршен во рок од 18 месеци, односно изградбата терба да биде финализирана во септември 2014 година. Според првично планираниот проект, новиот патен правец до Сончев Град треба да биде во должина од 2,5 километри. Патот треба да биде изграден со коловозна конструкција од две ленти со ширина од по 3 метри. Изградбата на регионалниот пат, со кој населбата Сончев град треба да
добие дирекна врска со метрополата, е обврска на државата, додека пак
населбата ја гради турската компанија Џеваир Холдинг, која ги гради
висококатниците во Аеродром. Турски претставници на инвеститорот – на средба со жителите на Патишка река? Иако, обврска на општината е да донесе водовод до Сончев град, сепак според неофицијалните информации на Фактор, претставници на турскиот инвеститор пред извесно време ги посетиле жителите на Патишка река. Целта на посетата била да ги убедат да не прават проблеми околу водоводот што оттаму треба да се донесе до Сончев град. Според сознанијата на Фактор, разговорите меѓу жителите на Патишка река и турските претставници поминале оптимистички и голема е веројатноста дека заедничко решение е на повидок. Водоводот беше и еден од клучните спорови поради што овој мега-проект досега беше заглавен само на хартија. Жителите на Патишка река изминативе години не дозволуваа да отпочне изградбата на водоводот и да стигне до Сончев град. Го блокираа поставувањето на цевките. Целата ситуација ескалираше кога, сега веќе поранешниот градоначалник на општина Сопиште се обиде со полициска асистенција да го реши спорот што го има со жителите. Кордони полицајци беа испратени во Патишка река. Додека полицијата обезбедуваше – багерите работеа. Се копаа канали, се поставуваа цевки за вода. Но потоа проектот повторно запре. Водоводот не се изгради, општината се задолжи со милионски суми за полициската асистенција, а подоцна тогашните инвеститори од Израел си замина и се откажаа од проектот поради повеќето пречки на кои наидоа во реализацијата на проектот. Следуваше нов тендер за продажба на локацијата за изградба на елитната населба на јужните падини на Водно. Земјиштето го купи турската Џеваир Холдинг. Дали тие ќе успеат да го реализираат овој проект кој неколкупати пропаѓа останува да се види. Сегашниот градоначалник на општина Сопиште, пред да стапи на функцијата, во екот на изборната кампања во интервју за Фактор посочи дека е оптимист и оти очекува да се најде решение за спорот со жителите од Патишка река, кои не ја даваат водата. „Имаше одредени несакани настани, но тие се веќе во минатото и затоа јас Ве уверувам дека во комуникација и соработка со жителите од Патишка Река ќе се обидеме да најдеме прифатливо решение, кое ќе биде во интерес на сите. На еден поинаков и искрен начин ќе се обидеме да го решиме недоразбирањето, со разговор и слушање на сите страни и аргумети што ги имаат засегнатите, изјави градоначалникот Трпковски пред три месеци за Фактор. http://faktor.mk/archives/57389 |
|||||||
![]() |
|||||||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
||||||
Денес нешто се шушкаше кај мене на работа дека водоводот е во тек на градба ,инвеститорот ја запнал работата, но ова се само зборувања од луѓе кој поседуваат имот таму но ретко одат значи ништо не е сигурно.
|
|||||||
![]() |
|||||||
utre ![]() Newbiе ![]() Joined: 21-Feb-2013 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||
|
|||||||
![]() |
|||||||
KraFT ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||
Има ли некој информација дали изведбата на патот е почната? (Или кога ќе започне?)
И што се случува со водоводот од „Патишка река?“. Стопирано, одложено или? К Edited by KraFT - 29-May-2013 at 19:34 |
|||||||
![]() |
|||||||
KraFT ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||
Може ли некој набрзина да ја исцрта трасава? К ______________________________________________________________ Извор, ДНЕВНИК . http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=E7DB699DDE76AE4190BFAD741867A67B Датум: 19.03.2013 НАРЕДНИОТ МЕСЕЦ ПОЧНУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА Се спрема патот кон Сончев град Новата сообраќајница, чија изградба ќе заврши за 18 месеци, ќе води од улицата Водњанска, покрај „Панорама“, сртот на Водно, преку Марково Kрувче с` до Сопиште Kон крајот на месецов и почетокот на наредниот треба да почне изградбата на патот до Сончевиот град, кој ќе води од улицата Водњанска, покрај „Панорама“, сртот на Водно, преку Марково Kрувче с` до Сопиште. Станува збор за регионален пат со должина од 3,8 километри, кој ќе го гради Јавното претпријатие за државни патишта, информира градоначалникот на Општина Сопиште, Јован Ѓорѓијоски. Изведувач е компанијата „Гранит“, со која јавното претпријатие за државни патишта склучи договор во висина од околу 6,7 милиони евра. Според договорот, активностите на терен треба да завршат за 18 месеци, најдоцна до септември 2014 година. Што се однесува до населбата Сончев град, нејзината реализација, како што информира Ѓорѓијоски, се очекува да почне до крајот на годинава. Населбата се простира на 85 хектари. Инвеститор е турската фирма „Џеваир холдинг“, која го купи земјиштето лани во декември за околу 2 милиона евра. Должна е во рок од 6 години да изгради минимум 10 отсто од она што е планирано со архитектонско-урбанистичкиот проект. - Тоа значи дека треба да бидат изградени 61 отсто од куќите и 9 отсто од зградите. Но, јас се надевам дека ќе бидат изградени околу 60 бидејќи е логично инвеститорот да сака што побргу да изгради за да продаде - смета градоначалникот. (А.П.)ДНЕВНИК.1 ______________________________________________________________ ПС Дали ова е врз истата траса? Извор, РЕГИОНИ.МК http://regioni.mk/?p=2719 Датум: 06.10.2012 Рекреативна трим патека на Водно Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денес ја промовираше новата трим патека „Скопје“, што се протега на потегот од Средно Водно до локалитетот Марково Крувче, во должината од 2.140 метри и широчина 2,2 метри. Оваа должина од трим патеката е реализација на првата фаза, додека втората фаза, од Марково Крувче до населбата Припор, ќе биде завршена до средината на 2013 година. Edited by KraFT - 20-Mar-2013 at 07:48 |
|||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 15> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |