![]() |
![]() |
![]() |
Коридор 8 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 54> |
Author | |
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() Од албанска страна нема никакви градежни активности, така што оваа паника не ми е сосем јасна. Пред некој месец објавив во нишката за железници од соседството еден одличен документарец за состојбата со железницата во Албанија во продукција на Дојче Веле. Албанија е моментално слепо црево, единствена функционална железничка линија е Тирана-Драч, така што џабе ние би брзале кога пругата би завршила на Мак-Алб граница. Патем, гледам дека линкот е неважечки, го најдов истото видео на шпански јазик https://www.youtube.com/watch?v=P_6Ipi8gR8A |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Порталб: Изградбата на пругата кон Албанија се одолговлекува со години
Од 2017 година постои проект за изградба на железничката линија од Кичево до граничниот премин со Албанија, Ќафасан, но изградбата на оваа пруга останува неостварено ветување. Железничкото поврзување ќе овозможи економски придобивки за двете земји, бидејќи Албанија добива можност да се поврзе со железничка линија со Бугарија, додека Северна Македонија ќе има можност да се поврзе со пристаништето Драч, што ќе го олесни транспортот на стоки, пишува Порталб.мк. Изградбата на железничката пруга што ќе ја поврзе Северна Македонија со Албанија се одолговлекува со години. Проектот за изградба на ова пруга беше финализиран во ноември 2017 година, а освен изјавите на официјалните лица дека изградбата на оваа пруга ќе биде нивен приоритет, на теренот пак, нема конкретни работи. Со цел да се зголеми економската и инфраструктурната соработка, железничката делница Северна Македонија – Албанија се смета за стратешка инвестиција со регионално влијание. Европската унија со сума од 7,7 милиони евра го финансираше составувањето на проектот кој предвидува изградба на железничка инфраструктура во должина од 63 километри. Железничката делница што треба да се гради од Кичево преку Струга до граничниот премин со Албанија, Ќафасан, предвидено е да чини над 500 милиони евра. Во делот од Кичево до Струга, покрај пругата, треба да се изградат 49 мостови и 13 тунели. По должината на делницата треба да има две главни и две помали станици. Случувања од 2017 година 09 февруари 2018 година – На состанокот одржан во Скопје, директорите на двете железнички претпријатија Ирфан Асани и Ани Дурмиши изјавија дека изградбата на Коридорот 8 по железничката линија Кичево-Лин е приоритет на Владата на Албанија и на Македонија. На оваа средба беше заклучено дека до 2023 година ќе биде ставена во функција железничката линија Македонија-Албанија. 22 ноември 2018 година – За време на официјалната посета во Скопје, претседателот на Албанија Илир Мета се сретна со премиерот на Македонија, Зоран Заев. Претседателот Мета и премиерот Заев ги споделија истите ставови во однос на потребата и важноста од зголемување на економската и инфраструктурната соработка со конкретни проекти како што е оној на „Коридорот 8“. Тие ја оценија изградбата на железничката делница меѓу двете земји како стратешки важна инвестиција за целиот регион. 16 октомври 2020 година – На средбата меѓу заменик министерот за инфраструктура и енергетика, Артан Шкрели и неговиот колега во Северна Македонија, Беким Реџепи, беше потенцирана големата потреба за изградба на оваа пруга и нејзината стратешка важност. Истиот став го изразија и директорите на двете железнички претпријатија Фестим Халили и Ани Дурмиши. „За нас изградбата на железничката делница во правец на Албанија е приоритет, затоа верувам дека сега е вистинското време да имаме заеднички договор бидејќи од нас бараат и финансиските институции кои ја финансираат изградбата на преостанатиот дел од коридорот“ изјави Фестим Халили, поранешен директор на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Што ја спречи изградбата на оваа пруга? Пред извесно време, во изјава за телевизија Алсат, сега веќе поранешниот директор на железничката компанија Фестим Халили, објави дека изградбата на пругата меѓу Северна Македонија и Албанија три години е заложник на споровите во рамките на владината коалиција СДСМ и ДУИ. Друга причина зошто железничката делница РСМ-Албанија остана во ќорсокак е погрешниот избор на рутата каде треба да помине трасата на оваа пруга. Проектот од 2017 година предвидуваше дел од пругата да поминува покрај Охридското Езеро, на што остро се спротивстави УНЕСКО. УНЕСКО предупреди дека Охридското езеро може да се најде на списокот на загрозено светско природно наследства доколку на неговиот брег се гради железничка инфраструктура. УНЕСКО, со цел да се избегне оштетувањето на Охридското езеро од железничката инфраструктура, предложи железничката рута да помине низ алтернативен тунел од Струга до албанскиот град Прењас, под планината Јабланица. Кога се очекува да започне изградбата на пругата? Владата на Северна Македонија минатата есен одлучи да даде зелено светло на овој проект и го обврза Министерството за финансии да достави барање до меѓународните финансиски институции и до билатералните кредитори да ги обезбеди потребните средства за финансирање на изградбата на оваа пруга. Нашата редакција се обрати до Министерството за финансии со прашањето: Дали ова Министерство започна да работи на обезбедувањето на потребните средства за изградба на оваа железничка линија и колку може да трае обезбедувањето на сумата од 500 милиони евра? По електронски пат испративме прашање до Канцеларијата за односи со јавност на ова министерство, но не добивме никаква потврда или каков било одговор на нашето прашање. По неколку телефонски повици до канцеларијата за ПР, ни беше кажано дека одговорот го подготвуваат релевантните сектори, но досега немаме никаква информација. (Нашата редакција ќе ги ажурира податоците ако имаме одговор од оваа институција). Од Кичево до граничниот премин Ќафасан, изградбата на пругата треба да започне од нула. Во моментов во овој регион се работи само на изградба на автопатот Кичево-Охрид. Властите проценуваат дека ќе бидат потребни најмалку четири години за да се изгради ваков инфраструктурен проект. Кое е економското значење на овој проект? Институтот „Фајнанс тинк“ проценува дека јавните инвестиции во транспортната инфраструктура од 2 до 3 отсто од БДП (бруто домашен производ) годишно, придонесуваат за поголема стапка на раст на БДП од 0,5 процентни поени годишно. Значи, се зема предвид ефектот врз економијата од изградбата на тие патишта, железници и друга транспортна инфраструктура, а потоа и ефектите што ги има добрата инфраструктура врз поврзаноста на деловниот сектор, што значи зголемување на продуктивниот и конкурентскиот капацитет на економијата. „Конкретната важност на Коридорот 8 е во регионалното поврзување исток-запад, особено патното и железничкото поврзување со Албанија, кое е недоволно развиено од двете страни на границата. Инвестирањето во железничкиот коридор ќе обезбеди побрзо и поефикасно користење на придобивките од заедничката економска зона на Западен Балкан, без оглед на обликот на тоа подрачје. Дури и ако не одиме понатаму, членството во ЦЕФТА на обете земји може да се искористи и подобри само со подобра инфраструктура за поврзување, а во таа смисла придобивките за двете економии несомнено ќе бидат значителни за стапките на раст на БДП и подобрување на конкурентноста на бизнисот”, изјавуваат од „Фајнанс тинк“. Што претставува Коридорот 8? Пан-европскиот Коридор 8 е еден од 10-те паневропски транспортни коридори, којшто го поврзува Јадранското со Црното море. Овој коридор поминува низ Албанија, РСМ и Бугарија. Коридорот 8 има должина од 1.220 до 1.350 километри. Овој коридор има големо економско значење за сите земји каде поминува бидејќи овозможува лесен транспорт на стока. Инаку, кога станува збор за овој проект, во најновиот извештај, УНЕСКО бара државните претпријатија да се координираат меѓусебно за важните инфраструктурни проекти што минуваат низ заштитеното подрачје во регионот на Охрид-Струга и да бараат опција преку една рута да поминат железницата, автопатот, гасоводот и електричната линија во правец на Албанија. Извештајот се однесува на тоа дали се исполнети условите Охрид и Охридското езеро да бидат вклучени во списокот на загрозено светско природно и културно наследство. УНЕСКО оди понатаму со барањата во врска со пругата кон Албанија, чија рута е планирано да биде од Кичево преку Струга до Лин. УНЕСКО бара да им се достави сеопфатна компаративна студија со алтернативна траса за железничката пруга на Коридорот 8, вклучително и оние што не поминуваат долж Охридското езеро и особено не ја вклучуваат трасата избрана преку Радожда до Лин. Во исто време, УНЕСКО бара да им се достави ажурираната документација за железничкиот проект, како и детална мапа што ќе ги вклучува линиите по кои ќе поминува пругата, како и сите можни патишта во струшкиот регион. https://meta.mk/portalb-izgradbata-na-prugata-kon-albanija-se-odolgovlekuva-so-godini |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() За приградски железнички линии зборував, го надополнив постот. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Абе КиселаВода градска населба е, па попладневниот и викенд возниот ред на ЈСП е на 40мин, ти сакаш меѓуградски.
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Мислам дека е поважно да се развие сообраќајот кон Тетово и Гостивар, Кичево и не е толку важно во оваа равенка.
Мора да има приградски железнички линии на секои 40-тина минути помеѓу Скопје, Тетово, Велес и Куманово. Тоа секако подразбира поголема активност на полицијата и инспекторатите, конфискација на тие нелегални минибуси и такси возила кои функционираат меѓу градовите. Edited by гитардемон - 12-Jan-2021 at 19:12 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Готова пред-физибилити студијата за пругата Скопје-Кичево и најдолгиот тунел на Балканот
Ангажираните консултанти минатиот месец до Министерството за транспорт и врски го доставија целиот сет од пред-физибилити студијата за пругата Скопје-Кичево на Коридорот 8 во финална верзија која е одобрена од сите инволвирани страни. Станува збор за првиот документ од низата што ќе следат во функција на зголемување на брзината и подобрување на безбедноста на оваа железничка делница во согласност со стандардите на ЕУ. Документот е подготвен со средства од Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) на ЕУ. „Пред-физибилити студијата дава осврт на состојбата на пругата во овој момент, земајќи ги во анализа сите објекти што се наоѓаат по трасата, од мостови, тунели, згради, уреди за сигнализација и други објекти. Исто така, дава опции за идно подобрување на целата инфраструктура“, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Пругата од скопската населба Ѓорче Петров до Кичево е со должина од 102,6 километри и е изградена во 60-тите години на минатиот век, а пуштена е во употреба во периодот 1968-1969 година. На овој импозантен проект од времето на Југославија се наоѓа и најдолгиот тунел на Балканскиот Полуостров – тунелот „Буковиќ“ долг над 7 километри (7.062 метри) и највисокиот железнички вијадукт во земјава – Србиновски мост, и двата лоцирани на пругата меѓу Гостивар и Кичево. По изготвувањето на пред-физибилити студијата, треба да следи изработка на детална студија за изводливост на проектот за реконструкција на пругата Скопје-Кичево, со анализа на трошоци и придобивки, како и студија за влијание на проектот врз животната средина. Дополнителни средства ќе бидат потребни и за подготовка на идејниот и основниот проект. Последен пат оваа железничка линија беше реконструирана неколку години по воениот конфликт во 2001 година во земјава, кога беше оспособена за одвивање сообраќај. Официјално, максималната брзина на движење на возовите е 100 километри на час меѓу Скопје и Гостивар, како и 80 километри на час во делот меѓу Гостивар и Кичево. Сепак, поради недоволните средства за одржување и природните непогоди, брзините на движење на одредени нејзини делови се помали. Покрај обновата на самата пруга, недостасуваат и современи сигнални уреди, како и електрификација на едноколосечната пруга, како би можело во иднина да се оствари железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија преку нејзино продолжување во правец кон албанскиот град Лин. Пругата Скопје-Кичево денеска е со потпросечна искористеност на нејзините капацитети, со функционирање на само еден пар патнички возови дневно меѓу двата града. Податоците за возните километри пак во товарниот сообраќај за третиот квартал од 2020 година, покажуваат дека само 1 отсто од нив се реализирале на пругата Ѓорче Петров-Кичево, се наведува во Кварталниот извештај на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ. https://meta.mk/gotova-pred-fizibiliti-studijata-za-prugata-skopje-kichevo-i-najdolgiot-tunel-na-balkanot/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Објавен новиот тендер за довршување на изградбата на пругата Куманово-Крива Паланка
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) деновиве го објави тендерот за избор на најповолен изведувач за довршување на изградбата на пругата Куманово-Крива Паланка. Двете претходни фази на изведба (Куманово-Бељаковце и Бељаковце-Крива Паланка) се споени во еден тендер, а од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ веќе информираа дека целокупната постапка за избор на изведувач би требало да трае до 9 месеци. Постапката за избор на изведувач на пругата долга 64,8 километри ќе се спроведе во две фази: претквалификација и квалификација. Претквалификационата фаза ќе трае до 5 февруари и во оваа фаза заинтересираните градежни компании ќе имаат можност да ги достават своите понуди. Од фирмите што ќе влезат во втората фаза од тендерската постапка, ќе се избере најповолниот понудувач. Идната градежна компанија што ќе биде избрана да ја гради пругата Куманово-Крива Паланка ќе треба да ја постави и сигналната и телекомуникациската инфраструктура на делот од Куманово до Бељаковце. Во објавениот тендер се наведува дека рокот за изведба на работите е 36 месеци. За избор на нова компанија што ќе го врши надзорот над работите ќе биде објавена тендерска постапка во првиот квартал од годинава. Воедно, поставувањето на сигналната и телекомуникациската инфраструктура од Бељаковце до Крива Паланка ќе се спроведе преку дополнителен тендер планиран за распишување на почетокот од 2023 година. Според објавениот тендер на ЕБОР, целокупната вредност на проектот за изведба на оваа пруга на Коридорот 8 и консултантските услуги ќе чинат 151.670.000 евра. Распишувањето на новиот тендер за избор на изведувач на пругата Бељаковце-Крива Паланка следи откако минатата година германската компанија „Вибе“ еднострано го раскина договорот за изведба на првата фаза на пругата Куманово-Бељаковце, по што Владата се одлучи да го поништи огласот и за пронаоѓање на изведувач за втората фаза Бељаковце-Крива Паланка. За да се забрза имплементацијата на проектот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија, владата во октомври 2020 се одлучи двете дотогашни фази да ги спои во еден тендер. Во меѓувреме, извршната власт до февруари годинава планира да аплицира за нови грантови на повикот за Инвестициската рамка за Западен Балкан во кои ќе биде опфатена пругата кон Бугарија. Во моментов, недостигаат финансиски средства за третата фаза од капиталниот проект, за изградба на пругата од Крива Паланка до Деве Баир. За најсложената секција досега се обезбедени 60 милиони евра преку ИПА 2 инструментот на ЕУ, додека од Министерството за транспорт и врски информираат дека интерес за учество во третата фаза веќе изразиле Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка. https://meta.mk/objaven-noviot-tender-za-dovrshuvanje-na-izgradbata-na-prugata-kumanovo-kriva-palanka/ |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Никаква активност нема таму, не гледам потреба од трошење милијарда и кусур за пруга која нема никаква исплатливост. Исто ко тунелот под Водно, никаков развој не би донела. Проблем е тоа што во 2020 „градат“ пругиче од 100km/h наместо 180 или 200. Источниот регион може да се поврзе со Бугарија со пруги од 80/100km/h од Чешиново до Ранковце и Кочани до Благоевград. Сегментот од Чешиново до планираната пруга кај Кетеново е ~41km, Кочани до граница е ~51km, граница-Благоевград ~27km, во реалноста нешто повеќе поради свиоците (особено од македонска страна зашто не цртав детално). ![]() |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
FiLo ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 148 |
![]() ![]() |
Моја прогноза е дека оваа пруга 99% никогаш и нема да се изгради.
30 години наназад се што се прави е само сликање на делот Куманово-Бељаковце и само тој дел нешто се реновира, никако да се дореновира. |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Очигледно си го видел теренот и сфаќаш дека треба тунел, ама дали си видел дека моменталниот каков и да е пат поминува низ самиот рудник „Саса“, а од другата страна „Тораница“, односно низ самите јаловински езера.
Инаку, зафатов би чинел гарант минимум милијарда евра, што нели првин треба да се види оправданоста на се, дури и да живееш во Норвешка и парите да ти доаѓаат сами. |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Дали можеби Македонија ја утна работата со избор на трасата за пругата за Коридор 8. Ако се разгледаат 3 можни опции, јасно се гледа дека врската Кочани-ДевеБаир е далеку попаметна.
- Прво, оваа врска е за 20тина километри помалку отколку што треба да се гради оваа избраната преку Куманово. наместо ~65км ќе требаше само ~45км да се гради од Македонска страна. - Второ, далечината Скопје - Софија не е нешто многу поразлична преку оваа траса или преку Куманово. - Трето, пругата се надоврзува на главниот железнички јазел во Велес во Македонија и од тука полесно се надоврзува на пругата кон Прилеп и Битола како дел од коридорот 10д, а можност и да се врзе во иднина Битола-Охрид. - Четврто, геостратешка зависност. Неможе Куманово кој е град на 10км од граница со држава која е во воена блискост со сосема друг воен-блок-сојуз да биде јазел на меѓународно железничко поврзување со две соседни земји. - Петто, железничко поврзување на два рудника со железница, Тораница и Саса, и нивно директно зголемување на конкурентноста преку отворање нови можности за транспорт. - Шесто, се отвора можноста за конечно патно поврзување на КриваПаланка со Каменица и заокружување на источен патен прстен. Мислам на пробивање на заеднички делен семафорски регулиран железничко-патен тунел. И тоа не е измишлотина, него е пракса од Франција и Америка. (види слика подоле) Tunnel de Montets vo Francija, Downtown Seattle Transit Tunnel, Mount Washington Transit Tunnel, Anton Anderson Memorial Tunnel (Alaska). Ова е прифатливо како привремено решение до пробивање на втора цефка, па дури е погодно и како трајно решение. - Седмо, многу поголеми градови, и пред се градови од истокот кои имаат поблиски економски и демографки врски со Бугарија, се ставаат на линијата на пругата. Замислете линија освен Скопје-Софија, да има и Битола-Софија, што да не. Наместо само Куманово кој нема некои посебни врски со Бугарија, секако и Крива Паланка од помалите, имавме можност ние на трасата ќе ги ставевме Велес, Штип, Свети Николе, Кочани, Прилеп, Битола. Не дека е пројден возот за ваква врска, секогаш е опција да се направи, ама мислам дека денес со лошиот избор на траса ние несвесно живееме еден рецидив од времето кога Ѕинго сакаше да го стави Кратово на мапата и дури не сме ни свесни која опција ја имаме преку Кочани, пред нос, а не ја гледаме ни двете држави. Ова е златно време да се извлече некоја пара од ЕУ за ваков проект. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by user8642 - 11-Dec-2020 at 01:25 |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Да ги викнат господа господа Стефан и Неофит на помош? 76 години се гради пругава, а згора на тоа во 2020 ја прават едноколосечна со vmax од 80 (или 100?) km/h. Па на Марс ќе испратат туристи пред пругава да бидне.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Поништен тендерот за изградба на пругата Бељаковце-Крива Паланка, ќе се распишува нов
Владата се одлучи да го поништи тендерот за избор на изведувач за изградба на втората фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Северна Македонија и Бугарија. За изградба на пругата долга 34 километри меѓу Бељаковце и Крива Паланка од Коридорот 8 ќе се распишува трет по ред тендер за пронаоѓање на најповолен понудувач, но овој пат ќе се бара градежна компанија што ќе ја заврши целата траса од Куманово до Крива Паланка, односно во пакет ќе се тендерира првата и втората фаза од проектот. „Владата на Република Северна Македонија на Седницата одржана нa 4.10.2020 година, ја зема во предвид ново настаната состојба што се појави во реализација на изградбата на пругата на Коридор 8, фаза 1 Куманово-Бељаковце поради еднострано раскинување на Договорот со изведувачот. Заради огромното значење на изградба на Коридор 8, како и потребата од ефикасност во изградбата на пругата, се одлучи да се поништи тековната постапка за избор на Изведувач за изградба на фаза 2, Бељаковце-Крива Паланка и повторно да се реобјави јавниот повик со тоа во јавниот повик се прецизира изградба на Фаза 1 и Фаза 2, односно планирана изградба на двете фази од еден ист изведувач“, велат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Инаку, изградбата на пругата меѓу Бељаковце и Крива Паланка претставува втор по големина инфраструктурен проект во моментов во земјава, со проектирана вредност од 147 милиони евра. До крајот на годинава, требаше да се избере изведувач за втората фаза од изградбата на пругата кон Бугарија и градежните работи да отпочнат на терен. Првиот тендер за избор на изведувач беше распишан кон крајот на мај 2016 година, но истиот пропадна. Кон средината на 2018 година, беше распишан вториот по ред тендер за пругата Бељаковце-Крива Паланка, постапката стигна до втората фаза во која влегоа осум компании со своите понуди, но владата се одлучи да го поништи меѓународниот тендер. Од Министерството за транспорт и врски велат дека во моментов надзорниот орган интензивно работи на правење на пресек во колкав обем е реализиран договорот за изградба на делницата Куманово-Бељаковце. Откако ова ќе се прецизира, ќе се дефинираат новите количини на работи кои преостануваат да се сработат. Потоа, ќе следи подготовка на тендерската документација, која треба да се координира во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). По одобрување од ЕБОР, веднаш ќе се објави јавниот повик за двете фази што ќе треба да се градат во пакет од Куманово до Крива Паланка. Европската комисија (ЕК) пак во најновиот Извештај за напредокот на нашата земја на патот кон ЕУ упати критики за доцнењето на изведбата на железничкиот Коридор 8, за кој самата ЕУ обезбеди неповратни средства за земјава за реализација на втората и на третата фаза од проектот во висина од околу 130 милиони евра. „Изградбата на железничкиот Коридор 8 кон Бугарија се соочува со значителни доцнења со завршени само 28 отсто. Ова ќе има сериозни последици за отворање на последниот дел од коридорот „Ориент/Источен-Медитеран“. Потребен е сериозен напор за да се забрза напредокот во сите фази на овој коридор“, се нотира во Извештајот на ЕК. https://meta.mk/ponishten-tenderot-za-izgradba-na-prugata-beljakovcze-kriva-palanka-kje-se-raspishuva-nov/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
https://tv21.tv/mk/od-kichevo-do-lin-albanija-so-voz-proekt-vreden-426-milioni-evra/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе има ли пруга од Кичево до Албанија? – Владата даде зелено светло, МЖ-инфраструктура бара пари
https://tv21.tv/mk/ke-ima-li-pruga-od-kichevo-do-albanija-vladata-dade-zeleno-svetlo-mzh-infrastruktura-bara-pari/ |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Исто и трите километри до Скопскиот аеродром во котлина се направени
![]() ![]() |
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Да, да, ја направија до Бељаковце, сега ќе ја прават и до Албанија. Кај и да е, до 2100-та ќе ја изградат.
|
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Повторно се актуелизира изградбата на пруга кон Албанија
https://alsat-m.tv/mk/повторно-се-актуелизира-изградбата-н/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Пругата наречена надеж
https://irl.mk/prugata-narechena-nadezh/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 54> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |