![]() |
![]() |
![]() |
Црна хроника |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 26> |
Author | ||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Откако ги стави камерите на железничките премини, МЖ-Инфраструктура редовно објавува видео-снимки од возачи и пешачи кои ги прекршиле сообраќајните знаци и преминале на преминот пред да наиде воз. Еве линк до неколку видео снимки, само забележете дека сите се направени во речиси исто време и во ист ден, така што може да се претпостави колку ги „почитуваме“ правилата:
http://www.mzi.mk/news-info.php?id=261&&cat=7 |
||
![]() |
||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
|
Немој да ме сфатиш погрешно, ама познат си по форумов дека во голем дел даваш согласност за новите фасади низ Скопје и СК2014 во целина. Е тоа не убива сите денес, зашто они се заљубени у СК2014, као тинејџер коа паѓа на плавуша, за после 3-4 години да сфати колку уствари изгубил и бил наивен. Исто и овие сеа, претерано внимание даваат на СК2014 и маркетингот и не се ни свесни дека државата колабира на секој чекор и дека најголема жртва е обичниот човек. А се додека тие што возат 80/90 преку сила, мускули, роднини, алфи, тепачи и сл нема да бидат казнувани, и додека за градоначалници просечниот граѓанин гласа недоветни личности без три чисти и потпросечно IQ, вакви работи, а за жал и поголеми трагедии ќе бидат се почести. Неделава возејќи се до Битола приметив дека има најмалку 2 НЕОБЕЗБЕДЕНИ И НЕПРЕГЛЕДНИ ПРЕМИНИ, со сосема солиден проток на луѓе и возила. А за тоа се криви сите што избегаа по секоја цена од тие места за да станат директори у Скопје и со тоа да "заврши" нивната одговорност за локалните и мали места. |
||
23ka.wordpress.com
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Најдлабоко сочуство до тебе и целата фамилија. Тажно навистина. Незнам само уште што траба да се случи за сите ние сите комплетно почнувајки од граѓаните па се до институциите обрнеме малку повеќе респект кон безбедноста и да покажеме малку повеќе почит кон човечкиот живот. Ова што се случува со сообраќајот во Македонија не е нормално. И за чудо никој не чуствува потреба да се промени нешто. Во моето село со години веќе автомобилите, камионите, автобусите влегуваат со 80 км / ч и повеќе и за чудо никој досега не нашол потреба да се проговори за проблемот. Веројатно се чека некој да настрада и после да се интервенира. Јас се обидувам со дописи до одговорните ама слабо оди кога нема подршка од другите граѓани. |
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
Сочувство до неговите најблиски. Беа искажани пофални зборови за починатиот како примерен домаќин. Него го уби системот на државата со испревртени приоритети кои не најдоа за потребно тука да се направи еден надвозник зашто преминот е многу опасен и непрегледен. За жал, очекувам состојбата драстично да се влоши по изградбата на Коридор 8 зашто во Куманово ќе се создадат уште два исклучително опасни железнички премини кај дивата населба Османов Рид и ромската маала во населбата Перо Чичо. Во Телеграф напишале "Ударот се случил во близина на кумановското село Ранковце" Прво и прво, ниту Ранковце е кумановско село, ниту низ него поминува пруга. Да не дозволиме да го нарушиме квалитетот на дискусиите постирајќи извештаи од новинари што немаат елементарно ниво на писменост. Edited by phenomenon - 20-Jul-2014 at 23:57 |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
сочуство од мене
да не се створи крива слика дека се работи за некој `бесен моторџија`,човекот се возел на обичен томос,стар со векови ![]() Edited by gjoko - 20-Jul-2014 at 12:38 |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Загинатиот ми е прв братучед
![]() http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/175951-tragedija-vo-kumanovo-voz-udri-vo-motociklist |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
Веројатно Нагоричане, Романовце и Табановце некому му звучи како множина на српски, па тој некој своеволно си ги преведува на македонски.
Edited by гитардемон - 16-Jul-2014 at 18:58 |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
Истото е и со ж.с. ТабановцИ, иако никаде, во ниту еден документ и на ниту една географска или топографска карта не сум сретнал дека селото ТабановцЕ фигурира како ТабановцИ.
Истото важи и за РомановцЕ кое само за Македонските железници е РомановцИ. Еклатантен пример на неписменост! Edited by phenomenon - 06-Jul-2014 at 17:02 |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|
Товарен воз се судри со влекач-сканија вчера попладне на патниот премин Кукуречани, при што нема повредени, но е причинета материјална штета. Железничка незгода се случила вчера во 16,15 часот на железничката пруга од ЖС-Градско кон ЖС-Кукуречани, помеѓу товарен воз бр.5221 (кој сообраќал на релација Градско-Гевгелија) управуван од машиновозачот Д.К.(1968) од Скопје и влекач-Сканија управуван од М.Н.(1980) од Кавадарци. Од незгодата, нема повредени лица, а е причинета материјална штета.Во тек е увидот на лице место. Сообраќајот на тој дел од пругата се уште е во прекин. Инаку селото е КукУричани, Велешко. КукурЕчани е меѓу Битола и Демир Хисар. |
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
Вежбал за новите возови, чисто за да остане во форма:
На 05.07 2014 година околу 19,45 часот на делот од пругата помеѓу ж.с.Куманово и ж.с.Табановцe од страна на лице (овчар кој напасувал стока покрај пругата) извршено е каменување на патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје-Табановце. Од извршеното каменување нема скршено стакло или повредени патници, но била загрозена безбедноста на железничкиот сообраќај. |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Тие „рампи“ што излегуваат од земја се чинат многу делотворни... Во неколку наврати ги спречија возилата да поминат кога обичната рампа се спушташе. Треба вакво нешто и кај нас.
|
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
И таман кога си помисив дека барем во поминување на пруга со затворени рампи сме светски прваци налетав на видеото:
Видеото е поставено до Монголеци и пишува на монголски ни незнам каде се случува. |
||
![]() |
||
Teglarot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 569 |
![]() ![]() |
|
Во држави како нашата, да, тешко е. Во нормални држави не е. |
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
Jaс никако не можам да сватам зошто има вкрстување на исто ниво на прометна улица и пруга, како што се случаите во Маџари и во Ѓорче Петров накај Кондово. Зарем е толку тешко тука да има премостување со надвозник?
|
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
несваќам како не им е мил животот на луѓето.па за нивниот живот се работи а не за `бабино здравје`
|
||
![]() |
||
zookisk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Dec-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
|
![]() Edited by zookisk - 24-May-2014 at 23:04 |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
По шини како на корзо Резултатите од нашето набљудување на три железнички премини во Скопје покажуваат дека голем дел граѓани свесно го ризикуваат својот живот преминувајќи на несоодветно место и во несоодветно време ИСТРАЖУВАЊЕ - СООБРАЌАЈНА КУЛТУРА ПОКРАЈ ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ ПРЕМИНИ Сѐ уште се свежи сеќавањата на последната голема сообраќајна несреќата кога воз удри во полн автобус кој нелегално се обиде да ја заобиколи спуштената рампа на железничкиот премин кај штипското село Сарамзалино, при што беа повредени 32 лица. Вчера, во близина на селото Бардовци, патнички воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје удрил во 36-годишен пешак. Неколку дена претходно, близу Велес повторно се случи блиска средба на воз и автомобил, но за среќа без трагични последици. Овие инциденти ја наметнаа дилемата дали и колку се почитува поставената сигнализација од страна на возачите и другите учесници во сообраќајот, колку се безбедни железничките премини каде што патот се вкрстува со шините. „Нова Македонија“ во текот на целата измината недела следеше што се случува на и околу железничките премини во главниот град. Посетивме три вакви места на територијата на градот, кај Кондово, Хиподром и Маџари, каде што секој ден се задржувавме повеќе од 1 час и го набљудувавме однесување на учесниците во сообраќајот. Во текот на пет дена го набљудувавме однесувањето на пешаците и на возачите на автомобили, мотори и на велосипеди и ги бележевме прекршоците и другите видови ризични однесувања кога е во прашање минувањето на премините или пругите. Ризично однесување Генерален впечаток е дека премините се безбедни. На сите има сигнализација, на дел има рампи, а на дел нема, но главно сите имаат семафори и ѕвона, кои доволно гласно и видливо покажуваат кога на премините поминува воз. Но кога станува збор за почитување на сигнализацијата и сообраќајната култура на граѓаните, е тогаш, приказната е сосема поинаква. Резултатите од нашето истражување покажуваат дека голем дел граѓани свесно го ризикуваат својот живот преминувајќи на несоодветно место и во несоодветно време. Голем е и бројот на оние што минуваат низ железничкиот премин неколку мига пред возот да помине, притоа ризикувајќи го својот и животот на другите. За ефектите од ваквото крајно опасно однесување сведочат неколкуте тешки сообраќајни несреќи што се случија во државава, а во кои имаше и жртви. На овие три локации за пет дена, додека бевме покрај железничките премини, забележавме шеесетина прекршувања на сообраќајните правила и друг вид ризични однесувања на пешаците или на возачите на автомобили. Иако на железничките премини се задржувавме по еден час, половина час пред поминување на возот и половина час по неговото поминување, генерално заклучивме дека голем број минувачи не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи кога се во прашање железничкиот премин и неговата околина. На и околу преминот во Кондово, во текот на петте набљудувани часа, во петте дена, регистриравме 11 лица што ја поминаа пругата надвор од преминот, и тоа кога на пругата не се очекуваше да помине воз. Во истиот временски период додека сигнализацијата укажуваше на тоа дека преминувањето е забрането и се очекува скоро минување на возот, двајца возачи со своите автомобили и еден пешак го поминаа преминот. Ризикот од сигурна смрт беше потиснат од потребата да се побрза и да се стигне неколку минути порано на крајната цел за овие граѓани. Резултатите, пак, на и околу железничкиот премин кај Хиподром, за истото време, исто така се загрижувачки. Таму забележавме 4 преминувања надвор од преминот додека немаше опасност од поминување на воз, додека, пак, кога сигнализацијата покажуваше дека возот се наближува еден пешак го ризикуваше животот и претрча низ преминот. Во Маџари преминувањето надвор од преминот како да е практика, а не исклучок. Во временскиот период на истражувањето, 41 пешак и тројца велосипедисти носејќи ги велосипедите во раце ја поминуваа пругата надвор од легално обележаниот премин. Додека рампите беа спуштени, еден пешак, еден велосипедист и еден возач на мотор ги заобиколија и ја поминаа пругата, ризикувајќи го својот живот, но и животот на другите. Не се почитува сигнализацијата На преминот во близината на селото Кондово нема рампи, но затоа има сигнализација и таа е исправна. На околните бандери се поставени и камери, кои снимаат. При нашата посета на овој железнички премин наидовме на ѓубре што гореше, кое очигледно некој, наместо да го фрли решил да го запали веднаш до пругата. Наидовме и на деца со велосипеди што возат преку него, на стадо овци што слободно беа пуштени да пасат во близината на преминот и пругата, но и на голем број возила и пешаци што преминуваа каде што ќе стигнат. Жителите што живеат во близина велат дека што и да се постави за да предупредува, насочува или забранува, граѓаните сепак ќе се однесуваат како и досега, нецивилизирано и секојдневно прекршувајќи ги сообраќајните правила и прописи. - Во текот на целиот ден поминуваат неколку воза. Но нервозните возачи не можат да чекаат. Гледаат дека возот доаѓа и е близу, но тие сепак поминуваат. За среќа, тука кај нас досега се нема случено несреќа - вели еден од жителите од населбата пред Кондово. Тој додава дека не се само возилата проблем туку дека и пешаците и велосипедистите не ја почитуваат сигнализацијата. - Голем дел од денот преку пругата се поминува кому каде му одговара. Не се чекаат ниту оние десетина минути кога се очекува возот да помине. На голем дел пешаци, велосипедисти и возачи проблем им е да почекаат. Кога на семафорот ќе почне да свети црвено, тие дури и тогаш претрчуваат низ пругата, иако знаат дека е многу ризично. Но кај нас насекаде е така. И по улиците и на железничките премини. Нема сообраќајна и пешачка култура - вели тој. Следниот премин што го посетивме беше оној во близина на Хиподром, каде што, покрај семафорска сигнализација и знаци има и рампи. На другиот премин, во близината на старото кино во Маџари, владееше вистински хаос. На овој премин, поради тоа што улиците се тесни и мали, редовно се создаваше колона од возила кога поминуваше воз. И пешаците и велосипедистите дополнително го отежнуваат сообраќајот на оваа локација. Околните жители велат дека не е само преминот проблем. Проблем е целиот тој потег, затоа што целата пруга поминува меѓу населено место, каде што има голем број жители. Тука постојано претрчуваат деца и возрасни, но и оние најстарите, кои едвај ја преминуваат пругата. Поради потребите на пругата, целиот тој потег е со големи камења, па едвај ја претрчуваат пругата. Иако знаат колку е ризично тоа што го прават, ние посведочивме на четириесетина лица што претрчуваа преку неа, на недозволено место. - Мора да се направи нешто за да се обезбеди овој потег. Цело време претрчуваат преку него. Често се случува некој да падне, па едвај станува затоа што има многу камења. Но не е само пругата. И на преминот се однесуваат исто. Токму во тој момент кога поминува воз, возачите стануваат нервозни, па брзаат да поминат. За среќа, има рампи, па мора да стојат, иако некогаш ги заобиколуваат, особено велосипедистите и оние со мотори. Кај пешаците, пак, рампите не значат ништо. Тие се развртуваат лево-десно и минуваат иако рампата е спуштена, не мислејќи за последиците - вели Катерина Милевска, жителка што секојдневно сведочи на несовесноста на некои граѓани. Само во последните триесетина дена, на локалните, регионалните и магистралните патишта во Македонија загинаа дваесетина граѓани. Најголем број од сообраќајките на магистралните и регионални патишта во Македонија, според полициските анализи, се случиле на неколку патни правци, односно на Тетово-Јажинце, Радовиш-Струмица, Прилеп-Битола и на патот Кавадарци-Росоман. Многу често и многу жртви и повредени има во незгодите кои настануваат на и околу железничките премини и тоа речиси секогаш поради човечки фактор. Голем број лица минуваат низ железничкиот премин неколку мига пред да помине возот,притоа ризикувајќи го својот, но и животот на другите / Фото: Игор Бансколиев Конференција „Поголема улога на општините за побезбеден сообраќај“ Република Македонија како земја со кандидатски статус за полноправно членство во Европската Унија постојано го хармонизира своето со законодавството на Унијата, а во тие рамки и во областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Основната цел е да се применат добрите искуства и практики на ЕУ заради постигнување високи стандарди и минимизирање на сите видови ризици и закани во сообраќајот на патиштата. Ова го истакна вчера претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, на отворањето на дводневната меѓународна конференција за улогата на локалната самоуправа и општините во унапредување на безбедноста на сообраќајот на локалните и регионалните патишта, како нејзин покровител. Организатори се ПРИ (Превентива на меѓународните патишта) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Јуп Гус, претседател на Меѓународната организација за безбедност на сообраќајот на патиштата истакна дека е потребна силна соработка меѓу државната и локалната власт, училиштата, родителите, градоначалниците... Освен безбедна инфраструктура, како што рече, потребно е добро образование во училиштата и добра обука во автошколите. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52214745156&id=9&prilog=0&setIzdanie=23180 |
||
![]() |
||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
PS: Za mene najefikasno resenie e da izgradat nadvoznik ![]() Edited by Denko - 15-May-2014 at 11:09 |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
проблемот е во самата култура која мора да се испочитува, за тоа постојат надлежни органи и казни... за жал има огромна злоупотреба на тие органи па затоа во нашиот сообраќај безбедноста воопшто не е приоритет, туку е на последно место |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Denko според мене решението се две камери и казна од 300 евра и плус одземање возачка за 3 месеци. Зошто ако го сопре рапмпа на овој премин нема да го сопре да вози како дивјак таму каде што нема рампа.
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 26> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |