![]() |
![]() |
![]() |
ТИРЗ Штип |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4567> |
Author | |
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Ѓоко, и ти самиот во некој друг дел од форумов коментираше дека не сакаш вести со ЌЕ.Ете нека е ова одговор на постираното.
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Ова не се позитивни вести, ова не е ништо, ако е потпишан договор или ако е започната изградбата, тогаш и би требало да биде вест. Колку лица дошле во земјава и кажале дека ќе градат во земјава, па на крајот ништо не излегло од тоа.
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
позитивните вести очигледно никој ни го постира,ни ги коментира
Хрватски Кумал ќе отворел погон во Штип ![]() Хрватската компанија Кумал ќе гради погон за производство на термо изолациски материјали во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип, изјави директорката на компанијата Александра Лалиќ по денешната средба во Владата со премиерот Никола Груевски. Инвестицијата е вредна седум милиони евра и се очекува таа да донесе 50 директни и 100-тина индиректни вработувања. Се планирана изградбата на погонот да почне во пролет идната година. http://www.makdenes.org/content/news/25136482.html Edited by gjoko - 14-Oct-2013 at 17:38 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Огромна е оваа зона. Возев на неколку пати покрај и навистина се наоѓа на одлично место. Ајде да се надеваме дека некогаш ќе се случи и карго аеродромот со што уште повеќе ќе се зголеми атрактивноста иако со планираниот автопат Миладиновци Штип мислам дека изградбата на ваков аеродром навистина е доведен во прашање.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
ОТВОРЕНА СЛОБОДНАТА ИНДУСТРИСКА ЗОНА ВО ШТИП
Од Дирекцијата за технолошко развојни индустриски зони (ТИРЗ) велат
дека официјалниот старт на производството е планиран за две до три
недели зависно од динамиката на завршување на финалните активности со
воспоставување на производните линии во фабриката. Новата фабрика која инвеститорот ја изгради во слободната зона се
простира на површина од 12.500 квадратни метри, а се очекува во неа да
работат вкупно 1.400 лица. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D9A3DECFDE4FC0498EF00E1984EBC8FF |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Овие слики се од средината на август месец
ова е парцелата на џонсон контролс ![]() еве ја целата зона ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Изградбата на „Џонсон контролс“ кај Штип почнува во јуни Фабриката се очекува да почне со производство во мај следната година, изградбата ќе чини 6,5 милиони евра, а ќе има работа за 1.427 работници Иван Бојаџиски |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Излегоа првите производи од Џонсон Контролс во ШтипОд машините на Џонсон Контролс во халата на неговата втора фабрика во Македонија, лоцирана во некогашна штипска Македонка, деновиве произведен е првиот комплет сет навлаки за автомобилски седишта наменети за познати светски компании производители на автомобили. ![]()
Првиот
контингент е пробно производство. За него менаџерскиот тим денеска пред
камерата на Канал 5 не ги штедеше комплиментите за квалитетот на
сработеното од ново примените работници.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=8616126.01.2012, 11:12
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Стигнаа првите машини за фабриката на Џонсон Контролс во Штип30 машини, е првиот пристигнат контингент од планираните 300, на кои по нова година Џонсон Контролс, во реновираните хали од бивша штипска Македонка, поточно некогашен Политекс, ќе стартува со пробно производство на автомобилски навлаки за седишта. ![]()
Стив Мерил, проект менаџерот на штипскиот погон на Џонсон Контролс, објаснува зошто е потребно толку време за почеток. |
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Поставен камен темелник за новата фабрика на Џонсон Контролс
18 Октомври 2011 Свечено беше поставен камен-темелник на нова фабрика за производство на навлаки за автомобилски седишта на американската компанијата Џонсон Контролс во Штип. Настанот се оддржа на Технолошко-индустриската развојна зона Штип. Покрај претставниците на „Џонсон контролс“ на церемонијката присуствуваа Премиерот Никола Греувски и Амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс. Фабриката се оечкува да биде изградена до септември 2010 година. Во неа се планирани 1400 вработувања. Во меѓувреме, „Џонсон контролс“ ќе започне со работа во кругот на поранешниот комбинат Македонока, каде интензивно се уредува работен простор за 40-тина вработени. Овој погон треба да биде завршен до крајот на октомври. Американскиот автомобилски гигант најави дека ќе инвестира 20 милиони евра во новиот капацитет кој ќе произведува тапацир за автомобилски седишта за европскиот пазар. „Џонсон Контролс" е првата компанија која изгради фабрика во Бунарџик. ![]() ![]() ![]() ![]() http://www.stip.gov.mk |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
build.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
![]() ![]() |
http://www.build.mk/?p=10121 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Почнува изградбата на фабриката на „Џонсон контролс“ кај Штип Американската компанија „Џонсон контролс“ почнува со изградба на втората фабрика во Македонија, инвестиција вредна 20 милиони евра. Камен темелникот ќе биде поставен денеска во Технолошко-индустриската зона кај Штип.Во фабриката ќе се произведува тапацир за автомобилски седишта. Ќе отвори нови 1.400 работни места. Огласот за ангажирање на вработените беше објавен во септември, а се бараа стручни лица во процесот, како инженери за шиење, за кроење, инженери за компјутерски потпомогнато дизајнирање, тим лидери на производна линија, електромеханичари, ревизори за квалитет, проект асистен, како и искусни оператори за шиење. Се очекува фабриката да почне со работа за една година. Договорите за реализација на оваа инвестиција на „Џонсон контролс“, кој веќе работи на ТИРЗ - Скопје, беа потпишани во септември годинава. Според премиерот Никола Груевски, инвестицијата ќе биде сериозна контрибуција и придонес за македонската економија, а одлуката за изградба на фабриката е потврда за добрите услови за бизнис во Македонија. http://www.vest.com.mk/?ItemID=7EC54EA1163DE64B898F1BB80B68892D |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
„Џонсон контролс“ во Штип ќе стартува со четириесетина работници Иван Бојаџиски |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Џонсон контролс ќе го заживее ШтипВикторија Милановска![]() Уште додека не беше официјализиран, влезот на Џонсон kонтролс во Штип ја раздрма бизнис-климата во градот. Новата фабрика ќе ја намали невработеноста во Штипско, но и ќе ја подобри бизнис-климата во регионот. Сопствениците на најголемите штипски конфекции се во паника. Тврдат дека не можат да им ја зголемат платата на вработените за да ги задржат на работа За една година во Штип ќе никне нова фабрика на Џонсон контролс, поголема од постоечката во Бунарџик, вредна околу 20 милиони евра. Владата и американската автомобилска компанија пред два дена официјализираа дека во недоизградената технолошко-индустриска зона во Штип ќе се гради фабрика за производство на автомобилски седишта. Проектниот менаџер на Џонсон контролс во Македонија, Стивен Мелеманс, истакна дека покрај тоа што новата фабрика ќе вработи 1.427 луѓе, секој вработен ќе добие и соодветна обука. “Новата фабрика во Штип, која треба да почне со работа следната година ова време, ќе им служи и на нашите европски клиенти. Паралелно со градежните активности кои ќе стартуваат кон средината на октомври ќе почнеме со едукација на новите вработени. Ја избравме Македонија затоа што вашата земја е многу конкурентна, како и поради нашето позитивно искуство и поддршката што ја добивме од владините институции во анализата за новата инвестиција“, рече Мелеманс. За премиерот Груевски оваа инвестиција во Штип ќе ја раздвижи целокупната економија. “Има една мисла од Шекспир која вели дека кога несреќата доаѓа, доаѓа во бранови. Но, со оглед на тоа што во Македонија за месец ипол дојде да инвестира четврта глобална мултинационална компанија, се чини дека и среќата доаѓа во бранови. Оваа фабрика ќе даде сериозен придонес во нашата економија. За мене е посебно важно што една компанија втор пат одлучува да инвестира во Македонија. Тоа значи дека е задоволна од условите и од комуникацијата со Владата. Меѓународните инвеститори кои размислуваат за некоја инвестиција сигурно ќе го забележат тоа“, рече Груевски. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции пак, Виктор Мизо, вели дека новата фабрика на американската автомобилска компанија ќе биде поголема од постоечката во Бунарџик. Сепак, овие две фабрики нема да имаат исти привилегии. “Новата фабрика ќе биде поголема од првата и по површина и по број на вработени, но нема да ги добие истите услови како Џонсон контролс во Бунарџик, бидејќи тогаш имавме слободни економски зони, а сега важи Законот за технолошко-индустриски развојни зони“, објаснува Мизо, иако не објасни под кои услови Џонсон контролс влегува во штипската зона. Штипската бизнис-клима раздрмана: работниците се радуваат, бизнисмените негодуваат!Уште додека не беше официјализиран влезот на американскиот Џонсон контролс во Штип бизнис-климата во градот почна да се бранува. Едни се среќни што оваа инвестиција ќе ја намали невработеноста, но дел од сопствениците на конфекциите се плашат да не им заминат вработените. Директорката на Агенцијата за вработување на Штип, Снежана Маролова, тврди дека Штип нема доволно работна сила. “Не може новата фабрика да се потпре на работници само од Штип, туку ќе мора да акумулира работна сила и од околните градови. Дефинитивно имаме дефицит од квалификуван кадар. На пример, Џонсон контролс бара работнички, а поголем дел од пријавените невработени се мажи. Покрај тоа, на нашите списоци доминираат возрасни лица, а секој работодавец бара млади луѓе“, вели Маролова. Таа потенцира дека неопходно е да заживее средното текстилно училиште во Штип. Градоначалникот на Штип пак, Зоран Алексов, не се согласува дека Штип не може да ја задоволи побарувачката за работници на новата фабрика, но признава дека тоа ќе значи и главоболка за постојните фабрики. “Оваа инвестиција ќе ја заживее економската зона во Штип, ќе ја подобри бизнис-климата и ќе ја намали невработеноста во градот. Сметам дека, генерално, во градот има доволно работна сила, но знам и дека многу конфекциски работници кои работат за екстремно ниски плати ќе ги напуштат погоните и ќе се вработат во Џонсон контролс. Ќе се појави една ситуација во која постојните конфекции ќе мора да ги покачат платите за да не останат без вработени“, вели Алексов за “Капитал“. Сопствениците на најголемите штипски конфекции се во паника. Велат дека не можат да издвојат иста плата како странските компании затоа што имаат поголеми давачки од нив. “Многу од колегите стравуваат дека ќе останат без вработени поради влезот на таа компанија. Како и да е, ако се реализира таа инвестиција, Штип нема да може да понуди доволно работна сила. Едноставно, нe ставаат во нерамноправна позиција со странските компаниии затоа што ги ослободуваат од многу давачки и нормално дека на тој начин се отвора простор за повисока плата. Ние не можеме да зголемуваме плати“, вели Стојан Коцев, сопственик на текстилната компанија Грација. Џонсон контролс четири години работи во Македонија. Со фабрика лоцирана во индустриската зона Бунарџик, тоа е првата поголема странска инвестиција во земјава. За да ги привлече во Македонија тогаш Владата се обврза да го финансира Џонсон контролс со 4,5 милиони евра за изградба на фабриката и за тренинг на вработените. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/73127/dzhonson_kontrols_kje_go_zazhivee_shtip.aspx?iId=2333 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
за информацијата од погорниот пост можеби се работи за Џ.Контролс:
Нова фабрика на Џонсон Контролс во Македонија Бизнис | 2. септември 2011 - 12:08 „Џонсон контролс“ почнува со реализација на втората инвестиција во земјата од околу 20 милиони евра. ![]() Договорите треба да се потпишат за две до три недели, а изградбата на фабриката лоцирана во Технолошко индустриската зона кај Штип да почне со изградба на средината на наредниот месец. Според премиерот Никола Груевски, кој денеска имаше средба со менаџерот на проектот во Македонија Стивен Мејлеманс, ова е потврда за добрите услови за бизнис со оглед на тоа што компанијата Џонсон контролс одлучува да инвестира по вторпат во земјава. - Оваа инвестиција ќе даде поттик за македонската економија, истакна премиерот. Мајлеманс рече дека Македонија е избрана за бизнис дестинација, бидејќи таа е конкурентна поради нивното позитивно постојно корпоративно искуство и пред се поради поддршката и професионалноста што ја добиле од институциите. Фабриката е наменета за тапацир за автомобилски седишта. Ќе отвори нови 1.400 работни места, а се очекува да почне со работа за една година. Ќе служи за нивните европски клиенти. http://press24.mk/story/biznis/nova-fabrika-na-dzonson-kontrols-vo-makedonija |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Компанија од САД ќе гради фабрика во Штип!![]() Автомобилска компанија од САД ќе гради фабрика во економската зона во Штип, откриваат доброупатени извори за “Капитал“. Инвеститорите најавија дека ќе отворат многу нови работни места, велат изворите, потенцирајќи дека токму тоа е причината поради која се одлучиле да инвестираат во Штип, наместо во Скопје. “Кога имаат дилема за локацијата за инвеститорите пресудна е цената на работната сила. Исто така, ако фабриката има производство кое не бара додадена вредност од техничка обработка, погодно е да се инвестира во другите градови“, објаснува нашот извор. Покрај оваа инвестиција, за која преговорите веќе се во завршна фаза, во игра се и неколку компании од Азија, кои пројавиле интерес за штипската зона. Познавачите велат дека голем дел од светските компании кои имале производство во арапските земји по случувањата во Египет и Либија ги стагнирале тамошните бизниси. Поради тоа, планираат дел од производството да пренесат во Романија, Молдавија, Србија и Македонија. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/73049/kompanija_od_sad_kje_gradi_fabrika_vo_shtip!.aspx?iId=2332 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Џонсон контролс ќе гради фабрика во зоната во Штип![]() Светскиот автомобилски гигант Џонсон контролс, во октомври ќе почне со изградба на нова фабрика за производство на седишта и навлаки за седишта за возила. Како што дознава “Капитал“, одлуката веќе е донесена само се чека да се прецизираат уште неколку технички детали за Владата да ја објави втората инвестиција на оваа американската компанија во Македонија. Според извори на “Капитал“, претставници на Џонсон контролс минатата недела се сретнале со претставници на Владата и ги прецизирале деталите за изградбата на новата фабрика. Менаџерите ја посетиле и индустриската зона во Штип, каде што на самото место имале средби со неколку архитектонски и градежни компании, со кои се консултирале за градежните активности кои ќе следат. Како што дознаваме, втората фабрика на Џонсон контролс ќе се гради во индустриската зона во Штип, а погоните треба да се изградат за една година. Се најавуваат и 1.500 нови вработувања. Новата фабрика ќе се простира на 12.000 метри површина. Новата фабрика на Џонсон контролс во Штип ја најави и премиерот Никола Груевски на поставувањето на камен-темелникот на фармацевтската фабрика Продис во Бунарџик. Тој најави дека инвестиции се очекуваат и во слободните економски зони во Штип и во Тетово, но не ги кажа имињата на компаниите. “За Штип се заинтересирани две крупни компании и веќе се пред одлука за инвестирање“, изјави Груевски. Џонсон
контролс четири години работи во Македонија. Со фабрика лоцирана во
индустриската зона Бунарџик е првата поголема странска инвестиција во
земјава. За да ги привлече во Македонија, тогаш Владата се обврза да го
финансира Џонсон контролс со 4,5 милиони евра за изградба на фабриката и
за тренинг на вработените. Новата фабрика која треба да се гради во
Штип ќе биде првиот капацитет што ќе се изгради во штипската економска
зона. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Во Штип ќе никне фабрика или Потемкиново село? Неофицијално се најавува дека ќе гради „Џонсон контролс“ во зоната во Штип, која е без инфраструктура, надлежните го тврдат спротивното Иван Бојаџиски |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4567> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |