Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#101 Posted: 09-Feb-2010 at 23:20 |
Пронајден фосил од палеориба од пред 2 до 5 милиони години
НУ Завод и музеј - Битола вчера презентираше два артефакти од
пред два до пет милиони години што биле пронајдени при ископините во
РЕК Битола. - Првиот артефакт, фосил, е пронајден во површинскиот
коп Суводол и е со плиоцентска старост. Фосилот кој припаѓа на класата
риби, е со висок степен на сочуваност на градбените структури, посочи
Љупчо Петревски, главен инженер-геолог во РЕК Битола, при вчерашното
примопредавање на пронајдокот во НУ Завод и Музеј - Битола.
Според геолозите од РЕК Битола фосилите од фауна се многу ретки, но
не е исклучена можноста да бидат пронајдени и други риби од времето на
плиоцентското езеро или артефакти лушпи од школки какви што вчера, исто
така, му беа предадени на Музејот. Пред неколку години во ископините на
РЕК Битола беа пронајдени заби од праисториското животно мастадон, кои
сега се изложени во трајната поставка на НУ Завод и музеј - Битола.
http://vecer.com.mk/?ItemID=3ED070D7F094BF45BA7CF4612B0B4D24 |
 МИА-фото
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#102 Posted: 11-Jan-2010 at 17:30 |
НА ЛОКАЛИТЕТОТ ГАБАВСКИ РИД НА ВЛЕЗОТ ВО ОХРИД
Се разоткрива тврдината на Филип Втори Македонски
На
излезот од Охрид, од правец на Струга, на локалитетот Габавски Рид од
март ќе започне интензивно разоткривање на тврдината која се смета дека
е изградена во времето на Филип Втори Македонски. Средства се
обезбедени, а овој зафат е влезен во 18-те културно-историски
локалитети кои годинава ќе ги финансира Министерството за култура. "На
Габавски Рид работиме веќе втора година, но интензивните археолошки
истражувања ќе ги започнеме во март или во април. Сметаме дека таму има
значајни археолошки вредности кои ќе ги реставрираме, конзервираме, а
потоа и ќе ги презентираме. Оваа фаза треба да започне до крајот на
годинава или на почетокот на 2011 година. Според проектот кој е
изработен, до тврдината од подножјето на ридот ќе се стигнува со
жичарница, која ќе биде посебна атракција за посетителите на Охрид и на
овој археолошки локалитет", вели директорот на Управата за заштита на
културното наследство Паско Кузман. Според Кузман, претпоставка е
дека кога на овој простор некаде во 358 година пред новата ера
поминувал Филип Втори Македонски, дал заповед токму на Габавски Рид да
се изгради силна тврдина. Големиот војсководец не одлучил да гради
тврдина на охридскиот рид каде што сега е Самуиловата крепост туку
токму на Габавскиот Рид, бидејќи сметал дека стратешки оваа локација
била подобра.Тврдината била изградена во негово време, а поради
огромните камени блокови кои се користеле во градбата, го добила името
Киклопски ѕидини.
http://vest.com.mk/?ItemID=C1D81E4CA51DD34B82B1B972BFA45A5C |
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#103 Posted: 09-Jan-2010 at 18:19 |
Црква од 6 век во тетовскиот „Стар манастир“
(14.06.2008)
 На
локалитетот Лешочко Кале започнуваат археолошки истражувања на стар
манастирски комплекс од пред повеќе векови. Истрагите што ги иницираше
Музејот на тетовски крај, а се реализираат преку Националниот
конзерваторски центар, финансирани од Министерството за култура, се
насочуваат кон објекти што во 14 век претставувале епископски центар,
но истовремено црквата на свети Атанасиј која сѐ
уште опстојува, ќе се утврдува дали била градена на стар црковен објект
од 6 век. Подготовките за почеток на археолошките истражувања веќе се
завршени, па според најавите од Националниот конзерваторски центар
наскоро ќе започнат. Годинава се планирани сондажни истражувања кои ќе
траат околу еден месец. Во наредни фази кои според проектот би се
одвивале од наредната година, ќе се пристапи кон конзервација. На овој
комплекс забележани биле и поранешни истражувања во два-три наврати, а
тогашните и сегашните наоди ќе послужат за поставување сонди до самата
здравица, заради заштита и создавање услови на некогаш подигнатите
објекти.
Со
организираните археолошки истражувања ќе се стави крај и на беснеењето
на дивите копачи од кои една група откриени минатата година, им беше
судено и им беа изречени затворски казни .
Манастирскиот
комплекс „Стар манастир“ се смета за еден од најстарите сакрални
објекти за кого први записи се пронајдени во 1326 година. Јеромонахот
Јоаникиј како единствен ктитор најнапред ја подигнал манастирската
црква со пари, што ги обезбедил продавајќи го целиот имот на својот
татко. Црквата била подигната на стари темели и градба од 6
век, што е потврдено со пронаосот, на кој на десниот ѕид до неодамна
биле видливи фреските. Во двориштето Јоаникиј изградил и конаци, келии
и други објекти, а манастирот на свети
Атанасиј останал седиште на Полошката епископија како управен, духовен
и културен центар на 14 век под јурисдикција на Охридската Архиепископија.
Создадени биле услови за живот на монаси и членови на манастирското
братство, но и како место каде се школувале свештеници. Манастирскиот
комплекс под разни влијанија неколку пати бил разурнуван, а најмногу
последици имал во наездата на турските башибозуци во 1689 година. Први
ископини биле вршени во 1927 година, кога биле откриени остатоци од
разурнатата црква, три саркофази од кои еден бил на јеромонахот
Јоаникиј, осамен гроб, две гробници и други објекти.
Од
фрескоживописот очигледни биле делови на свети маченици, свети војници
како и фреската насловена како „Угостувањето на праведниот Аврам“, но и
делумни истраги биле вршени во 1981 година. Меѓутоа,
очигледно е дека целиот простор бил оставен и запуштен, објектите
оштетувани и од луѓе, но и од забот на времето, а свое влијание
извршиле и дивите копачи кои во потрага по закопаното благо, нанеле
огромни штети на просторот.
Ovoa e stara vest neznam dali ja ima na forumot, ako ja ima izbrišete ja.
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#104 Posted: 09-Jan-2010 at 06:34 |
На Плаошник откриени 1.500 квадратни метри мозаици

Никола Упевче, академски сликар, конзерватор и реставратор
Плаошник би го вброил меѓу најзначајните и најатрактивните локалитети на оваа територија
Симон Илиески
Археолшките ископувања на Плаошник беа големо искуство за младиот
академски сликар,конзерватор и реставратор Никола Упевче, кој се
определи да му се посвети на мозаикот, да ја почувствува возбудата на
откривањето и потоа грижливо да го реставрира и да го врати на местото
каде што бил со векови?
Во текот на деветгодишните археолошки
истражувања на локалитетот Плаошник, во Охрид беа извршени систематски
археолошки истражувања кои дадоа исклучителни резултати по обемот и
квалитетот на откриените остатоци од претходните култури, како на
движни археолошки наоди така и за докомплетирање на сликата за
ранохристијанскиот и античкиот период (богат со мозаични декоративни
површини). Претставува особен предизвик и чест, овие културни остатоци
квалитетно да се документираат, конзервираат, реставрираат и
презентираат пред пошироката публика и стручната јавност. Во минатите
години се извршија третмани над околу 1500м2 мозаични површини, а дел
од нив веќе можат и да се видат.
Што е најзначајното нешто што го пронајдовте на Плаошник и каде би го лоцирале во вкупните археолошки вредности во Македонија?
Од
досегашните наоди тешко и неблагодарно би било да се одвои некој од нив
зошто секој фрагмент или секоја зачувана целина со своите особености
преставува непроценливо богатство и алка од културниот континуитет, кој
со генерации оставал траги во овој богат реон. Траги на културни
остатоци и симболи на престиж, како и траги на деструкција и уништување
на се она што било дотогаш, за одново, дури некогаш со истиот материјал
да се обноват, преосмислат и одново да се изградат.
Охрид,
не случајно е најден на листата на УНЕСКО, како светско културно и
природно наследство, признание но воедно и нешто што бара нега, грижа и
неприкосновено зачувување и презентација.
Секако,
Плаошник би го вброил меѓу најзначајните и најатрактивните локалитети
на оваа територија, заради својата природна поставеност, богатството на
наоди, а овде би требало да се истакне и една интересна ситуација,
досега за прв пат сретната не само на територијата на Република
Македонија туку и во светот, каде што по отстранувањето на мозаичниот
под од анексот на ранохристијанската поликонхална базилика, се наиде на
комплетно зачувана бања со ѕидови висински зачувани до 3м и одлично
зачуван монохромен мозаичен под работен во стилот на добро познатите
бањи од Херкуланум и Помпеи.
Мора да се признае
дека Никола Упевче е еден од ретките, кој она што неколку години го
работи, го презентира по меѓународни собири. Што всушност е промоција
на македонското културно наследство?
Во текот на 2008
година учествував во работата на X Конгрес на Интернационалниот Комитет
за Конзервација на Мозаик во Палермо, Сицилија, Италија; на кој се
претставив со „Конзерваторско реставраторските третмани на крстилницата
’Четири рајски реки‘ и „Можностите за унапредување и обука на
конзерватори од југоисточна Европа“. А минатата 2009 година во Равена,
Италија, на конгресот Ravenna Musiva настапив со „Презентација на
мозаичните површини на повеќеслојниот локалитет Плаошник, Охрид,
Република Македонија“ со посебен осврт на ситуацијата од погоре
споменатиот анекс и бања. Истите се публикуванини во аналите на овие
собири.
Учеството на меѓународни собири,
посветени на мозаиците и нивната конзервација се место за размена на
искуства и осознавање на современи и ефикасни техники. Лесно ли е тие
да се применат на нашите простори?
Покрај повеќето
обуки, работата во Атељето за реставрација на антички мозаик во Арл,
Франција, учеството на повеќе семинари, работилници и други собири во
републиката и странство се стекнав со значајни искуства и пријателства.
Реставрацијата, иако се однесува на материјали и технологии кои се
употребувале во минатото доживува несомнен процвет последниве
дваесетина години, со примена на современи софтверски решенија, високо
прецизни алати и продукти кои значително ја подобруваат документацијата
и состојбата на културните добра. Стекнатите искуства се применуваат и
кај нас. Моментално се привршува работата на еден интересен мозаик, од
село Октиси, со површина од 16 м2 поставен на девет подвижни
алуминиумски панели, истиот сега, е добро заштитен и е подготвен да
биде презентиран на разни тематски изложби во земјава и странство.
Каде би ги лоцирале македонските искуства во споредба со другите земји, особено оние од подрачјето на Медитеранот?
Целокупниот
Медитеран или реонот околу Средоземното море изобилува со остатоци и
градби од антиката, богато декорани со мозаични подови и ѕидови,
фрески, штукатури, натписи, рељефи и скулптури, разни движни наоди од
секојдневниот живот... се ова претставува убава можност и поле за
размена на искуства, соработка и обука на идните заштитари.
Југословенските искуства на македонска почва, последните педесетина
години се доста значајни и забележителни, со примената на технологиите
на Милорад Медиќ, во областа на мозаикот, чистењето на фреските од
Богородица Перивлептос од Здравко Блажиќ, смелите подвизи на архитектот
Борис Чипан и соработката со врвни италијански експерти, Институтот за
земјотресно инженерство, како и многу други интервенции ги
претставуваат пионерските дострели во ова поле. Со осамостојувањето на
Република Македонија, а особено последниве десеттина години се извршија
доста смели зафати и на огромни површини. Истите се препознаени од
повеќе ценети светски експерти.
Многумина
упатени во оваа област велат дека на пронаоѓањето на археолошки
предмети во јавноста им се посветува многу поголемо внимание отколку на
мозаиците?
Секое едно нешто, кога се исполнува и е, го
заслужува вниманието на внимателните сетила. Во времето на транзиција и
заматувањето на вистинските вредности и дострели, само внимателните
можат да ги препознаат, да се воодушевуваат и да ги истражуваат
вредностите.
Споредбено со другите земји, дали
македонските заводи за заштита на културните споменици и дирекциите за
заштита на културното наследство имаат доволно стручни кадри и дали има
позитивна атмосфера за постојано ангажирање на млади стручни кадри?
Секако
дека има! Најважно од се е да се сака, да се истрае, да се истражува,
да се соработува и дели, а и да се поддржува. Ова е прекрасна прилика
за нашата земја и убаво поле за натамошни соработки и истражувања.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=27A46D3EC64B00449BC4C53089372A77 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#105 Posted: 06-Dec-2009 at 23:41 |

Уништен археолошкиот локалитет Градиште кај Граиште, Демир Хисарско
И по три месеци откако беше опустошен археолошкиот локалитет Граиште кај Демир Хисар не се знае кој ја направи штетата која е ненадоместлива – обвинуваат археолозите кои ја открија веста за уништувањето на културното богатство, а која канал пет прв ја објави.
“Иако беше ветувано надлежните институции ниту преземаат одговорност, ниту се гонат сторителите, ниту се опоравуваат штетите”– пишува во својот блог археологот Василка Димитровска.
Две третини од локалитетот беа уништени. Багерот кои копаше ров за заземјување на антени за мобилните оператори зад себе остави расфрлани парчиња керамика и садови. Комплетно беше уништено и обзидувањето.
Тогаш археолозите молеа брзо да се реагира за да се сопре понатамошното уништување локалитетот кој потекнува од раноантичко време и да се казнат сторителите.
- Според наодите во антиката се наоѓал градот Брианион споменат од римски историчари и географот Страбон. Пронајдените археолошки предмети се во музеите во Битола и Прилеп
Канал 5 и пред три месеци ги постави прашањата зошто е дозволено со механизација да се уништи културно добро? Кој ја издал и потпишал дозволата која значела деструкција на градиште? Се префрлуваше вината од локалната власта на градежната фирма. Едните тврдеа дека не дале дозвола, другите дека ги имаат потребните документи. Од управата за заштита на културно наследство тврдеа дека ќе биде поднесена кривична пријава. Археолозите тврдат дека епилог од ветувањата се уште нема.
Ова не е прв пат небрежноста на институциите да загрозува археолошки локалитети. При поставувањето на цевководот за „Злетовица“ инвеститорот оштети неколку локалитети. Подоцна археолошките ископувања на еден од нив познат како Грнчарица го дадoa првиот скелетен остаток од раниот неолит наречен Славе. Овој пат археолошките остатоци ја немаа таа среќа. Неповратно се загубени информациите кои ги содржел – пишува Димитровска во својот блог.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=55878
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#106 Posted: 20-Nov-2009 at 16:48 |
Откриени чевли од 2 век

Покрај
чевлите и дрвените садови стари 18 века, во гробницата во Конче се
пронајдени и садови и други предмети од бронза, стакло и од керамика и
еден чифт налани
Два чифта женски кожени чевли од римско време открија археолозите
завчера истражувајќи гробница на археолошкиот локалитет Грајнов Дол,
оддалечен два-три километри од селото Конче во истоимената општина.
Археолозите од штипскиот Завод и музеј и нивните колеги од другите
градови, што учествуваат во истражувањето, велат дека гробницата,
според првичниот увид, најверојатно потекнува од 2 век. Покрај чевлите
и дрвените садови стари 18 века, во гробницата се пронајдени и садови и
други предмети од бронза, стакло и од керамика и еден чифт налани.
Научниците пронајдоа и тоалетно ковчеже, обвиткано со бронзено
синџирче, во кое има три мали шишиња. Археолозите претпоставуваат дека
во гробницата била погребана жена, најверојатно тогашна
великодостојничка.
- Откриените садови од дрво од овој период
се најверојатно први во Македонија, можеби и на Балканот. Дрвото е
органски материјал и тешко опстојува подолг период. Ете, имавме среќа.
Ретки се и чевлите кои се вонредно убаво изработени, со повеќе
декорации и за тоа време со многу високо технологија. Веројатно биле
многу модерни и скапи. Колку што знам, од овој период во земјава досега
се пронајдени само еден чифт обувки и тоа сандали, при ископувањето на
западната некропола на Стоби во 1992 година - изјави раководителот на
проектот, Трајче Нацев, археолог од штипскиот Завод и музеј.
Лани
во подножјето на истиот локалитет беше откриена вредна ритуална
погребна кочија. Годинава археолозите продолжија да го истражуваат
наоѓалиштето. Ископувањата почнаа пред еден и пол месец. По ископани
повеќе од 900 кубни метри земја, археолозите завчера стигнаа до
вредното откритие. Станува збор за специфична катна гробница со ѕидана
основа од непечени тули.
- Копавме 45 дена и почнавме да губиме
надеж. Сосема на крајот наидовме на овој вистински мал археолошки
бисер. Секој археолог би посакал ваков наод барем еднаш во својот
живот. Содржината на гробницата ги надмина сите наши очекувања - рече
струмичкиот археолог Ване П. Секулов.
Археолозите завчера
попладне почнаа да ги вадат вредните предмети од гробницата. Тие се
предадени на конзервација. Истражувачите вчера ги вадеа и коските на
покојничката, кои ќе бидат однесени на антрополошка анализа. Теренот на
археолошкиот локалитет кај Конче деноноќно е обезбедуван.
-
Ова е значајно археолошко откритие од 2 век, со многу ексклузивни
наоди. Затоа и ние сме многу често присутни овде, уште од ланското
ископување на ритуалната кочија. Во соработка со МВР ги презедовме сите
безбедносни мерки за заштита на локалитетот - истакна археологот
Звонимир Николовски, инспектор за заштита во Управата за заштита на
културното наследство. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=840776CC5D5AD6408E907B5143C324F8 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#107 Posted: 27-Sep-2009 at 22:30 |
Кај Зрзе откриени црква-базилика од 5. и гроб на маченик од 4. век
Црква-базилика
од 5. век и гроб на анонимен маченик од 4. век се новите откритија во
истражувањата кај манастирот "Свето Преображение" - Зрзе што викендот
беа презентирани во јавноста.
Според археологот Бранко Ристески, кој ги води археолошките
истражувања, тие ги потврдуваат фактите дека не само што под манастирот
имало монашки живот од 9 век паралелно со Охридската школа, туку и дека
според новите наоди христијанството на овие простори постоело уште од 4
век, со официјалното негово признавање како религија. Откриената
базилика во периодите по 5 век била надградувана - посебно од 9. до 15.
век. Моштите на анонимен маченик - локален светец од 4. век лежат во
гробницата во основата на црквата,.
Според археологот и раководител на веќе двегодишните истражувања
Бранко Ристески, со најновите наоди се зацврстуваат досегашните
навестувања дека кај манастирот Зрзе имало епископско седиште.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C52E1A25E1901746891871449D6CEB3A |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#108 Posted: 15-Sep-2009 at 17:42 |
Откриени мермерни глави во Стибера
 Две
женски глави од мермер, садови и епиграфи пронајдоа археолозите на
локалитетот Стибера кај Прилеп. Артефактите сведочат дека луѓето во
античкиот град живееле во текот на целиот 4 век. Според археолозите, со тоа се поместува животот во градот, кој траел шест века.
-
Во одводен канал откривме две мермерни глави на жени, високи 31,
односно 23 сантиметри. Наодите потврдуваат дека Стибера бил економски
моќен град, во кој жените имале значајно место - вели археологот
Лилјана Кепеска.
При ископувањата е откриен поголем објект со
полукружна апсида од римскиот период, поврзана со почитувањето на
култот на императорот. Тој се користел во втората половина на 4 век.
Најдени се четири фрагменти од мермерни плочи со натписи (епиграфи).
Тие го потврдуваат значењето на Стибера во рамките на провинцијата
Македонија. (Љ.М.) |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6D490E6EA3A2364F8638BB21AF9782ED
Пронајдени фигурини, камени алатки и коски, керамика...
Артефакти
карактеристични за периодот на енеолитот, и тоа керамика со врежување и
графитно сликање, фигурини, камени алатки и коски, се пронајдени на
археолошкиот локалитет "Св. Атанасиј" недалеку од селото Спанчево.
Ова е резултат на сондажните истражувања започнати минатата година,
кога на овој локалитет беше пронајдена фигура на машка глава од
периодот на енеолитот, редок археолошки предмет во овој дел на
Македонија, па и пошироко.
Според изјавата на археологот Илинка Атанасова, во изминатите
триесетина дена се работеше на два сектора - северен и јужен, со цел да
се определат просторните рамки на наоѓалиштето кај Спанчево.
Во северниот сектор се отворени две сонди во продолжение на
минатогодишните. Во јужниот сектор е откриен еден култен објект, кој е
отворен во кружна основа со дијаметар од 18 метри од кој засега е
откриен надворешниот простор на неговата јужна половина. Аналогни такви
објекти во најблиското опкружување се откриени во кумановскиот регион
на локалитетите Пелинце и Татиќев Камен.
Годинешните истражувања на локалитетот "Св. Атанасиј" се финансиски
поддржани од Министерството за култура, додека целокупната реализација
на проектот е на Музејскиот оддел при Јавната општинска установа
библиотека "Искра" од Кочани. |
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A9A43B95775F9241A459B067DDCAB054
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#109 Posted: 12-Sep-2009 at 15:14 |
ЗНАЧАЈНИ ОТКРИТИЈА ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО НА СТАРИОТ ГРАД Црква откриена на штипски Исар
Кулата на јужниот бедем на средновековниот град-тврдина се наоѓа под антенскиот столб на Македонската телевизија, па археолозите ќе имаат големи маки при истражувањето
 Средновековната тврдина на централното возвишение над Штип, Исар, ќе се осветли за да се гледа од сите делови на градот
Стара црква, внатрешна кула за која досега не се знаело, јужната
одбранбена кула на тврдината, керамика од доцноантичкиот до
раноосманлискиот период и влез во тврдината открија археолозите
истражувајќи го средновековниот град-тврдина Исар кај Штип. Пронајдено
е ретко оружје: стрели, железни стрели и разни видови ѓулиња, меѓу кои
и за катапулти со кои луѓето ја бранеле тврдината.
Археолошките
истражувања на Исар, како дел од средновековниот град Штип, почнаа во
средината на август. За оваа акција Владата одвои 3 милиони денари.
Првата фаза од истражувањата ќе трае до декември. Археолозите напролет
ќе продолжат со ископувањата.
Целта е да се дооткријат
неистражените делови на тврдината. Потоа ќе биде изработен проект за
реконструкција и конзервација, по што средновековната тврдина што се
протега на 16.600 квадратни метри на централното возвишение над Штип,
Исар, ќе се осветли за да се гледа од сите делови на градот.
ИЗГРАДЕН ВРЗ АНТИЧКИОТ АСТИБО
На истражувањата работат 10 археолози и 70 работници.
-
Резултатите од првите два месеца од истражувањето ги надминаа нашите
очекувања. Веќе ги откривме трасите на сите ѕидови, со кои од сите
четири страни била опколена тврдината. За централната внатрешна кула не
знаевме дека постои. Таа, всушност, ја делела тврдината на два дела. Не
знаевме ни дека под тврдината има црква. Според првичниот увид, таа
веројатно е изградена веднаш по освојувањето на тврдината од
османлиите.
Но, ќе продолжиме со истражувањата и на црквата и на гробовите околу
неа, па наскоро попрецизно ќе го утврдиме периодот на нејзината
изградба. Пронајденото ретко оружје и керамиката од пред османлискиот,
но и од доцноантичкиот период потврдуваат за континуитетот на
цивилизациите на овој простор кај средновековниот град Штип, изграден
врз темелите на античкиот Астибо и на византискиот Скипион - вели
раководителот на проектот, Звонко Белдедовски, археолог во Заводот и
музеј во Штип.
Интересно е што кулата на јужниот одбранбен
бедем на градот-тврдина е откриена точно под антенскиот столб на
Македонската телевизија, па археолозите ќе имаат сериозни проблеми во
истражувањето. На Исарот има и други антенски столбови, кои ќе мора да
се дислоцираат, ако градот-тврдина ја добие планираната функција и
изглед.
ОТКРИЕН ТАЕН ТУНЕЛ
Во втората
фаза од истражувањето ќе се вршат ископувања на другите делови од
утврдениот град, кои ќе бидат многу полесни, бидејќи поголемиот дел од
работата е завршен. Археолозите ќе го лоцираат и дооткријат тунелот што
води од речното корито на Брегалница кај Ново Село до врвот на
тврдината. Според легендите и записите на патописецот Евлија Челебија,
османлиите околу 1385 година, по долга опсада, успеале преку тој тунел
да го освојат градот. Наводно тогаш Турците случајно виделе како од
тунелот излегуваат патки, но и неколку бранители на градот. Го
искористиле тоа за да го освојат градот. Во 1986 година, при изградбата
на градскиот колектор, градежната механизација открила дел од тунелот.
По
досегашните, археолозите се надеваат и на нови откритија во и околу
средината на Исарот. Ако работите се одвиваат според планот и ако се
обезбедат дополнителни средства за реконструкцијата и конзервацијата,
средновековниот Штип ќе блесне над денешниот до крајот на 2011 година.
Љупчо Шатевски http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=CED83C019E26CD4DBAAFE9FA41F04223&arc=1
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#110 Posted: 07-Sep-2009 at 11:56 |
Базилика, откриена на Зрзе, доказ за раното христијанство |
Ранохристијанска
трикорабна базилика со крстилница, со две етапи на живот - првата од 5
до 6 век, втората од 9 до 15 век, е откриена при годинашните археолошки
истражувања во манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во Зрзе |
|
 |
Базиликата
е паралелен објект на монашкиот комплекс откриен минатата година. Се
наоѓа на стотина метри северно од манастирот. Нејзиното откривање фрла
нова светлина врз почетоците на христијанството во Македонија.
-
Базиликата е комплетно истражена. Во неа се откриени камени пластики,
натпис што датира од 487 или 512 година, кој допрва ќе се дешифрира.
Има и гробници со повеќе гробови од 5 до 6 век и од 9 до 15 век, во кои
се пронајдени повеќе движни наоди со делови од облека - раскажува
археологот Бранислав Ристески, раководител на обемните истражувања на
локалитетот Зрзе.Овие нови податоци, вели Ристески, покажуваат дека
монашката населба, откриена со ланските истражувања, се базира на
ранохристијански корени.
- Со новите факти се поместуваат
податоците за почетоците на христијанството на овие простори. Мислевме
дека се проширило подоцна, но сега со факти се потврдува дека
почетоците се од 5 век - вели Ристески.
Тој посочува дека годинава целосно е доистражена јужната половина од карпата.
-
Откривме десетина нови испосници и уште една монашка црква, која според
наодите датирала од 9 до 15 век. Со тоа практично е заокружен целиот
монашки комплекс. Се потврдува дека Зрзе како локалитет има универзални
вредности од аспект на историјата на религијата и на културата во
пошироки рамки - објаснува археологот Ристески.
Во досегашните
истражувања се откриени педесетина монашки ќелии на седум нивоа, црква
со значаен натпис и други движни наоди, важни од археолошки, историски
и културен аспект.
Манастирскиот комплекс Зрзе се наоѓа на 25
километри од Прилеп, под планината Даутица, на плато од кое пука поглед
низ Пелагониската рамнина. „Свето Преображение“ е седиште на епископот
хераклејски Климент, кој вели дека тука живееле луѓе со високоразвиена
монашка свест.
- Зрзе содржи регионална и универзална
димензија. Се радувам што со истражувањата таа димензија станува
видлива. Како монашка заедница во 21 век сме достојни на она што ни е
оставено во наследство, кое како културен слој полека си доаѓа на
виделина - вели епископот Климент. |
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=979941521&id=16&prilog=0&setIzdanie=21782 |
|
 |
igorius
Senior Member
Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
|
Quote Reply
#111 Posted: 02-Sep-2009 at 14:33 |
НА СТРУМИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ЦАРЕВИ КУЛИ - СЕ ИСТРАЖУВААТ СЕДУМ ИЛЈАДИ АРХЕОЛОШКИ ГОДИНИДосегашните истражувањата на локалитетот Цареви кули над Струмица ги
надминаа очекувањата на археолозите. Меѓу другото, откриени се
интересни наоди и елементи од периодот на владеењето на Филип Втори
Македонски. Пронајдени се монети со неговиот лик, амфори, садови,
кантароси, накит, фрагменти од сликани вазни, црнофиносувана керамика,
фигури од малоазиски тип и друго, што укажува на фактот дека
струмичката твдина била населена кон крајот на четвртиот век пред
нашата ера.
Во рамките на програмата финансирана од Министерството за култура,
Регионалниот завод за заштита на спомениците на културата и Музеј од
Струмица и годинава интензивно работеше на овој локалитет,
продолжувајќи го континуитетот од минатогодишните археолошки ископувања.
- Откривме прекрасен материјал од крајот на петтиот и од четвртиот век,
попрецизно од македонско-хеленистичкиот период, датиран со монети на
Филип Втори. Исто така, дефиниран е и доцноантичкиот бедем на оваа
тврдина, при што се откриени и две кули од тој период, изјави
археологот Зоран Рујак, раководител на овој истражувачки проект.
Според него, сите досегашни наоди, заедно со праисториската населба,
недвосмислено укажуваат дека на овој локалитет опстојувале разни
цивилизации во еден растеглив временски период - од праисторијата до
средниот век, односно во период од околу седум илјади години.
|
 |
igorius
Senior Member
Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
|
Quote Reply
#112 Posted: 02-Sep-2009 at 14:30 |
БИЛАЗОРА БИЛА ГЛАВЕН ШТИТ НА МАКЕДОНИЈА Многу години очекувавме откривање и
дефинитивно потврдување на локацијата на Билазора, еден од најголемите
градови во пајонско-македонското време. По двегодишни систематски
археолошки истражувања, сега, конечно, со сигурност може да соопштиме
дека Билазора, главниот штит на Македонија од тоа време, била овде, на
локалитетот Градиште, кај село Кнежје, на четири километри од Свети
Николе.
Ова на презентацијата на резултатите од двегодишните ископувања на
локалитетот Градиште, го истакна раководителот на проектот, археологот
Стефан Данев. Истражувањата биле со поддршка од 500.000 денари од
Владата, а значителна помош даде и Американската фондација за
археолошки и историски истражувања од Тексас, преку која во
истражувањето во Кнежје се вклучени и триесетина археолози, студенти и
професори од десетина земји, кои со голем интерес и возбуда работат на
овој проект.
- Античката Билазора имала одлична геостратегиска положба, поради што
пет века била главен браник на пајонската и на македонската држава на
север и важен административен центар. Материјалните докази што ги
откривме сведочат за една многу богата историја меѓу овие вредни ѕидови
што траела од 7 до 2 век пр.н.е., односно од 167 година пр.н.е., кога
градот бил разурнат, по што и на овие простори дошло време на римската
империја - рече Данев. Во истражувањата на импозантниот град, за кој се
претпоставува дека се протега на површина од 20 хектари, досега се
откриени ѕидовите на бедемот на акрополата, одбранбени кули, влезната
порта, градскиот плоштад, храм, вреден движен материјал.
На презентацијата присуствуваше и пензионираниот долгогодишен професор
на катедрата за археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, д-р
Иван Микулчиќ, кој пред три децении прв ја објавил предлог-тезата за
местоположбата на Билазора на локалитетот Градиште кај Свети Николе.
- Мило ми е што сега се потврдија тие претпоставки. Уште тогаш дојдов
до заклучок дека ова е најголемата утврдена населба во тој период на
подрачјето на некогашната Пајонија, за која грчкиот историчар Полибиј
запишал дека се вика Билазора и оти тоа бил најголемиот пајонски град
изграден на идеално место за одбрана на Пајонија, а подоцна и на
Македонија, од упадите на Дарданите од Скопско-кумановскиот регион.
Пајонците со време сосема се зближиле со Македонците, а во 217 година
пр.н.е. македонскиот крал Филип Петти ја вклучил Пајонија во својата
држава. Значи, Пајонците, кои долго биле самостојни, на крајот се
претопиле во големата македонска држава и станале најсеверно македонско
племе. Своевремено некои европски историчари претпоставуваа дека
Билазора веројатно треба да се бара кај Велес, но истражувањето јасно
покажа дека тоа не е точно - објаснува д-р Микулчиќ. Бидејќи се работи
за големо откритие, археолозите се категорични дека истражувањата на
Билазора мора да продолжат и тоа со зголемен интензитет, за што ќе
бараат поголема поддршка од Владата и од Министерството за култура.
- Овој локалитет, како еден од приоритетните, се' уште не е влезен во
капиталната програма на Владата. Но, верувам дека тоа ќе се случи уште
во следната година, со што ќе се добијат повеќе пари за истражување.
Колегите-археолози ја погодија вистинската позиција, вистинското место
што возбудува и убеден сум дека овде наскоро ќе доаѓаат многу туристи
за да ја видат најсеверната одбранбена точка на Македонија - изјави
Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство
на Македонија.
Кралевите ги крунисувале во Брегалница
Според археолозите, Пајонците своите кралеви ги крунисувале во реката
Астибо, денешна Брегалница, во близина на нејзинот влез во Аксиос
(Вардар). Потоа церемонијата продолжувала во Билазора.
По пропаѓањето на Билазора, на триесетина километри од неа никнал
градот Астибо, денешен Штип. Реката Астибо подоцна била преименувана во
Брегалница, најверојатно според тогашниот антички град - Баргала.
|
 |
igorius
Senior Member
Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
|
Quote Reply
#113 Posted: 02-Sep-2009 at 14:29 |
ОТКРИЕНА ГРОБНИЦА ОД 5 ВЕК ПРЕД ХРИСТАГробница со артефакти со непроценлива
вредност, меѓу кои и исклучителни златни примероци на накит од 5 век
пред. н.е. беше откриена во саботата во Охрид, како дел од веќе
пронајдените седумнаесет гробови, до кои археолошките тимови стигнаа со
истражување на просторот од Горна порта до црквата „Света Богородица
Перивлепта“. И оваа гробница. како и најголем дел од споменатите
гробови, датира од македонско - хеленистичкиот период, од кога
потекнува и познатата Златна маска, откриена во близина на
истражуваниот простор, во 2002 година.
Директорот на Управата за заштита на културното наследство. Паско
Кузман, на денот на откривањето му ја покажа гробницата на самото место
на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, а утредента информираше
дека во неа со богати гробни прилози била погребана млада жена,
благородничка. Археолозите откриле дека нејзиното лице било маскирано
со златна фолија на местото на нејзините очи, на устата како и со еден
златен пикторал на местото каде се наоѓало срцето. Ваквиот начин на
маскирање со златните предмети се смета за прв таков пример во
археологијата на Балканот. Во гробот се пронајдени и други украсни
предмети со симболично значење, меѓу кои и златен колан и долга златна
лента. Во новооткриената гробница на младата благородничка се откриени
и украсни предмети од килибар, кои, според Кузман, нудат нови сознанија
за трговијата со северните земји во петтиот век пред н.ера.
Најновото археолошко откритие во Охрид, Министерката за култура
Елизабета Канческа - Милевска го посочува како потврда на идентитетот,
историјата и културата, најавувајќи дека и во иднина Владата и
Министерството ќе продолжат со поддршка на истражување на археолошките
локалитети и со заштитата на културното наследство.
|
 |
igorius
Senior Member
Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
|
Quote Reply
#114 Posted: 02-Sep-2009 at 14:29 |
НА БАЛТЕПЕ – РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛЕТНИОТ КОНАКТрпезаријата од летниот конак на Абдул Рахман
паша, на археолошкиот локалитет Балтепе - тетовското кале, ќе биде
реставрирана и конзервирана. Според директорот на Националниот
конзерваторски центар, Бехиџудин Шехапи, целта е овој монументален
објект од 18 век да биде заштитен, со што градот ќе добие атрактивен
објект за туристите. Тврдината ја сочинуваат повеќе објекти: сарај,
трпезарија, касарна, конак, стражарница, затвор и подземен тунел.
Активностите ќе траат во наредната половина година, а ќе бидат
потрошени 18 милиони денари. Објектот ќе биде адаптиран во музејски
изложбен простор. Кон крајот на годинава или идната ќе продолжат и
археолошките истражувања.
|
 |
igorius
Senior Member
Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
|
Quote Reply
#115 Posted: 02-Sep-2009 at 14:27 |
ОТКРИЕН ТАЈНИОТ ТУНЕЛ ПРЕКУ КОЈ ТУРЦИТЕ ГО ОСВОИЛЕ ШТИП Археолозите го
потврдија најраскажуваното народно предание во Штип и Штипско,
легендата за освојување на градот преку таен тунел под Исарот, за кој
во 17 век пишувал и турскиот патописец Евлија Челебија. Истражувачите
од штипскиот Завод и музеј деновиве открија 30 метри од тунелот што
води од реката Брегалница до врвот на утврдениот град на Исарот,
возвишение што е на 150 метри над нивото од реката.
- Ретко кога една легенда може да се докаже. Оваа, дефинитивно, се
покажа точна. Тајниот тунел, кој служел за воени цели и за носење вода
од Брегалница во тврдините е висок од два до 2,5 метра и широк од 1,5
до два метра. Има и проширувања, кои служат како одморалишта, како и
мали вентилациски отвори. Во првите триесетина метри што ги откривме,
откопавме и 32, одлично исклесани скалила, кои водат кон врвот на
Исарот. Според керамиката и другите предмети што ги најдовме, тунелот
најверојатно е граден во античкиот, а е користен и приспособуван и во
средновековниот период - вели Ѕвонко Белдедовски, археолог во штипскиот
Завод и музеј.
ЛЕГЕНДАРНИОТ ТУНЕЛ
Тунелот под Исарот одамна беше негова преокупација. Отворот на тајниот
тунел во коритото на Брегалница од страната на Ново Село случајно беше
откопан при поставувањето колекторска мрежа на периферијата од градот
во 1986 година. Тогаш Белдедовски запиша дека има големи шанси тоа да е
легендарниот тунел. Но, предупреди и дека мора да се извршат археолошки
ископувања, бидејќи било можно да се работи за некоја стара рударска
јама. За жал, тогаш тунелот беше затворен.
Археолошките истражувања што почнаа пред месец и половина сега
потврдија дека се работи за тунелот опишан во легендата. Преку него,
Османлиите го освоиле утврдениот град околу 1385 година. Члебија пишува
дека голема војска на султанот Мурат Први долго, безуспешно ја држела
под опсада и се обидувала да ја освои тврдината. Еден ден Турците
забележале како под тврдината од речното корито излегуваат патки, а
потоа и неколкумина бранители на градот. Заробените бранители ја
откриле тајната на тунелот, па Турците лесно го освоиле добро
утврдениот град.
ИСТРАЖУВАЊАТА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ
Археолошките истражувања на тврдината Исар, изградена како дел од
средновековниот град Штип, врз темелите на античкиот Астибо и на
византискиот Стипион, почнаа лани. За нив Владата издвои три милиони
денари. Лани, во првата фаза, се истражуваше највисокиот акрополен дел
од цитаделата. Археолозите открија стара црква, внатрешна кула (за која
дотогаш не се знаеше), две цистерни за вода, јужната одбрамбена кула и
керамика од доцноантичкиот до раноосманлискиот период. Истражувачите
пронајдоа и ретко оружје - железни стрели, ѓулиња и катапулти, со кои
била бранета тврдината. Втората фаза од ископувањата во која се
вклучени десетина стручњаци и стотина работници, почна пред 1,5 месец и
ќе трае до крајот на јули. Покрај тунелот, археолозите ја открија
старата црква „Свети Власие“, керамика, накит и добро сочуван мермерен
капител во коринтски стил.
Заводот и музеј планира да продолжат истражувањата. Целта е да се
изврши конзервација и реконструкција на тврдината, која до крајот на
2011 година треба да биде осветлена. Така Исарот, гордоста на Штип, ќе
блесне над градот. Тајниот тунел, особено ако целосно биде истражен, ќе
биде посебна мамка за туристите.
- Ќе продолжиме да работиме и да истражуваме. Тунелот е долг неколку
стотици метри. Поради повеќевековната ерозија на земјиштето, тешко ќе
биде целиот да се пробие. Но, вреди да се проба за вакво интересно и
вредно откритие - истакнува Белдедовски.
Edited by igorius - 02-Sep-2009 at 14:32
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#116 Posted: 11-Aug-2009 at 04:29 |
Во Црквиште се санираат штети од дивите копања
 Локалитетот Црквиште, с. Мородвис, Кочанско
Од локалитетот во с. Мородвис, кој е на европската листа на културно наследство, однесени се и значајни парчиња
Катерина Богоева
Археолошкиот локалитет Црквиште, во кочанското село Мородвис, кој
досега повеќе пати, особено во 2003 и 2004 година, беше изложен на
големи насилни оштетувања од страна на дивите копачи, деновиве повторно
е во фокусот на интерес на археолозите од Музејот на Македонија. Со
финансиски средства од 250.000 денари, археолошкиот тим кој го чинат и
млади археолози, предводен од кустосот - советник Кирил Трајковски,
работи на санирање на штетите на овој споменик на културата кој има
висока вредност и е вброен во македонската листа на Регионалната
програма за културното и природното наследство на Југоисточна Европа.
„Во
завршна фаза се започнатите хемиски и физички анализи, кои се потребни
за понатамошната, планирана конзервација, санација и реконструкција на
една од четирите цркви. Иако овој црковен комплекс ги исполнува сите
критериуми за влегување на европската листа за заштита на културните
вредности, тој сеуште се соочува со нерешени имотноправни проблеми, но
и со проблеми за негова целосна безбедност“, вели Трајковски.
Напоменува
дека годинава на археолозите од Македонија, но и од три соседни земји,
ќе им бидат пренесувани искуствата за примена на недеструктивни методи
во археолошките истражувања, кои не се користат во земјава. Планирани
се и аероархеолошки испитувања во функција на дигитална компарација со
досега добиените резултати.
 Дел од впечатливата камена пластика
Како истражувач на доцноантичкиот и средновековен археолошки
локалитет од 1980 година, Кирил Трајковски посочува дека историјата на
градската населба почнува во 4 век, продолжува во петтиот, кога е
изградена ранохристијанската базилика и гробницата. На крајот на 9 век,
на веќе срушената црква била изградена нова, поврзана со Брегалничката
мисија, за во 11 век да стане епископски, владички центар, кој во
следниот век ќе биде и разрушен. Кон крајот на 13 век, е подигната
нова, скромна, помала, но со многу оригинален план, четврта црква.
Најголема штета досега претрпела гробницата, а од црквите во изминатите
10 години биле однесени и многу примероци на камена пластика.
„Се'
е документирано, се надевам дека во иднина однесените вредности ќе може
да ги ставиме на Интернет и да бараме да се вратат назад“, вели тој.
За
најатрактивен архитектонски споменик на локалитетот Црквиште се смета
епископската базиликална црква, седиштето на епископијата Мородвис,
чија внатрешност била организирана и украсена во духот на 11 век, со
доградби и преправки во следните два века.
Поради потврдените
високи вредности, како и што стои во направената проценка за влез во
Регионалната програма за културното и природното наследство на
Југоисточна Европа, се очекува да пополни дел од синџирот археолошки
локалитети што се од интерес на туристите, како и на студентите
/професионалци и да поттикне скромна економска подршка на генерално
сиромашната земјоделска општина.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=61DC680EC395714E95266BBFBDBF9374 |
|
 |
igorius
Senior Member
Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
|
Quote Reply
#117 Posted: 07-Aug-2009 at 14:49 |
еве им нов сајт на археолозиве наши...не знам некако лошо ми изгледа мене лично али ете да го евидентираме
http://www.mav.mk
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#118 Posted: 05-Aug-2009 at 22:06 |
Ќе се истражуваат Латински гробишта и Кале
Во
септември археолозите ќе ги продолжат минатогодишните ископувања на
локалитетот Кале кај селото Згрополци. Стручњаците веруваат дека во
овој локалитет, кој е од македонско-хелинистичкиот период и кој се
наоѓа на десетина километри од античкиот град Стоби, ќе откријат
поголем број непознатици за животот и културата на жителите кои живееле
во него
Археолози
од Народниот музеј од Велес и оваа година ќе ги продолжат ископувањата
во античките локалитети "Латински гробишта", недалеку од селото Раштани
и "Кале" во близина на селото Згрополци.
На локалитетот Латински гробишта археолозите ќе вршат ископувања на
станбен објект, кој што во 2006 година, случајно беше откриен, при
извршување на градежни работи на новите велешки градски гробишта.
Локалитетот, според раководителот на проектот, археологот Анита
Василкова Мидоска, е од древниот антички период. Во наредните
триесетина денови тројца археолози и петнаесет работници планираат да
извршат целосно истражување на објектот, да ја откријат неговата намена
и секако да пронајдат предмети и накит со што ќе можат да ја заокружат
целината и хронологијата на овој локалитет во кој се уште се кријат
многу тајни.
"При ископувањата во 2006 година откривме 21 гробница со
инхуминирани покојници со ориентација запад-исток, што е ретко и што го
нема во други локалитети. Во гробовите не пронајдовме никаков накит или
предмети што јасно ни кажува дека локалитетот е од доцниот антички
период", ни рече археологот Василкова.
По завршувањето на истражувањата на овој локалитет во текот на
септември археолозите од Народниот музеј од Велес ќе ги продолжат
минатогодишните ископувања во локалитетот Кале кај селото Згрополци.
Стручњаците веруваат дека во овој локалитет, кој е од
македонско-хелинистичкиот период и кој се наоѓа на десетина километри
од античкиот град Стоби, ќе откријат поголем број непознатици за
животот и културата на жителите кои живееле во него. Средствата за
продолжување на истражувањата во локалитетот Латински гробишта ги
обезбеди општина Велес, додека Министерството за култура за локалитетот
Кале обезбеди финансиски средства во висина од 100.000 денари.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=11DACECE3B24F746A0FADD052A04A763 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#119 Posted: 04-Aug-2009 at 02:00 |
Билазора била главен штит на Македонија
Античката Билазора имала одлична геостратегиска положба, поради што пет века била главен браник на пајонската и на македонската држава на север и важен административен центар

Многу години очекувавме откривање и дефинитивно потврдување на
локацијата на Билазора, еден од најголемите градови во
пајонско-македонското време. По двегодишни систематски археолошки
истражувања, сега, конечно, со сигурност може да соопштиме дека
Билазора, главниот штит на Македонија од тоа време, била овде, на
локалитетот Градиште, кај село Кнежје, на четири километри од Свети
Николе.
Ова на презентацијата на резултатите од двегодишните
ископувања на локалитетот Градиште, го истакна раководителот на
проектот, археологот Стефан Данев. Истражувањата биле со поддршка од
500.000 денари од Владата, а значителна помош даде и Американската
фондација за археолошки и историски истражувања од Тексас, преку која
во истражувањето во Кнежје се вклучени и триесетина археолози, студенти
и професори од десетина земји, кои со голем интерес и возбуда работат
на овој проект.
- Античката Билазора имала одлична
геостратегиска положба, поради што пет века била главен браник на
пајонската и на македонската држава на север и важен административен
центар. Материјалните докази што ги откривме сведочат за една многу
богата историја меѓу овие вредни ѕидови што траела од 7 до 2 век
пр.н.е., односно од 167 година пр.н.е., кога градот бил разурнат, по
што и на овие простори дошло време на римската империја - рече Данев.
Во истражувањата на импозантниот град, за кој се претпоставува дека се
протега на површина од 20 хектари, досега се откриени ѕидовите на
бедемот на акрополата, одбранбени кули, влезната порта, градскиот
плоштад, храм, вреден движен материјал.
На презентацијата
присуствуваше и пензионираниот долгогодишен професор на катедрата за
археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, д-р Иван Микулчиќ, кој
пред три децении прв ја објавил предлог-тезата за местоположбата на
Билазора на локалитетот Градиште кај Свети Николе.
- Мило ми е
што сега се потврдија тие претпоставки. Уште тогаш дојдов до заклучок
дека ова е најголемата утврдена населба во тој период на подрачјето на
некогашната Пајонија, за која грчкиот историчар Полибиј запишал дека се
вика Билазора и оти тоа бил најголемиот пајонски град изграден на
идеално место за одбрана на Пајонија, а подоцна и на Македонија, од
упадите на Дарданите од Скопско-кумановскиот регион. Пајонците со време
сосема се зближиле со Македонците, а во 217 година пр.н.е. македонскиот
крал Филип Петти ја вклучил Пајонија во својата држава. Значи,
Пајонците, кои долго биле самостојни, на крајот се претопиле во
големата македонска држава и станале најсеверно македонско племе.
Своевремено некои европски историчари претпоставуваа дека Билазора
веројатно треба да се бара кај Велес, но истражувањето јасно покажа
дека тоа не е точно - објаснува д-р Микулчиќ. Бидејќи се работи за
големо откритие, археолозите се категорични дека истражувањата на
Билазора мора да продолжат и тоа со зголемен интензитет, за што ќе
бараат поголема поддршка од Владата и од Министерството за култура.
-
Овој локалитет, како еден од приоритетните, се' уште не е влезен во
капиталната програма на Владата. Но, верувам дека тоа ќе се случи уште
во следната година, со што ќе се добијат повеќе пари за истражување.
Колегите-археолози ја погодија вистинската позиција, вистинското место
што возбудува и убеден сум дека овде наскоро ќе доаѓаат многу туристи
за да ја видат најсеверната одбранбена точка на Македонија - изјави
Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство
на Македонија.
Кралевите ги крунисувале во Брегалница
Според археолозите, Пајонците своите кралеви ги крунисувале во
реката Астибо, денешна Брегалница, во близина на нејзинот влез во
Аксиос (Вардар). Потоа церемонијата продолжувала во Билазора.
По
пропаѓањето на Билазора, на триесетина километри од неа никнал градот
Астибо, денешен Штип. Реката Астибо подоцна била преименувана во
Брегалница, најверојатно според тогашниот антички град - Баргала.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B74B15DFB9ECEB4DBC67CF5F9ECFA0F1 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#120 Posted: 31-Jul-2009 at 19:08 |
Ново е-списание „Македонски археолошки вести“ |
Управата
за заштита на културното наследство во соработка со Институтот за
општествени и хуманистички истражувања Евро-Балкан ќе го издава
електронското списание „Македонски археолошки вести“ на веб-страниците
www.mav.mk и на www.man.mk |
|
 |
Првиот
број на списанието, кое ќе биде достапно од 2 август, содржи текстови и
ексклузивни фотографии за најновото археолошко откритие од Горна Порта
во Охрид, како и наоди од Исар Марвинци, Стоби и од археолошките
локалитети Била Зора, Хераклеја Линкестис и Скопската тврдина.
Списанието
ќе има функција да ги запознае македонската и светската јавност со
резултатите од археолошките истражувања што се преземаат на
територијата на Македонија.
- Македонскиот археолошки весник
еднаш месечно ќе ги презентира, афирмира и промовира карактеристиките
на позначајните наоди откриени на различни археолошки локалитети, кои
хронолошки припаѓаат на историските епохи од праисторијата до
доцносредновековниот период. Дел од мисијата на списанието ќе биде да
ја приближи македонската археолошка наука до меѓународната стручна и
поширока јавност – велат од Управата за заштита на културното
наследство. |
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=73191013337&id=16&prilog=0&setIzdanie=21752 |
|
 |