![]() |
![]() |
![]() |
Комплекс факултети на УКИМ |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 9> |
Author | |
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Туѓото тело во кампусот на УКИМ премолчено и забрзано се гради. И за викенд има работници на терен, очигледно дека на некому му е важно да се завршат грдосииве што побрзо:
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Еве некоја постара фотка од октомври,инаку веќе се излезени над земја
![]() |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
нешто што мислам дека не сме го регистрирале на форумов, од студио BMA... патем студиово има учествувано на голем дел од конкурсиве во Скопје, меѓу кои за Филхармонијата, Театар центар, Универзална сала, а и за објектот на ФИНКИ што го има малце поназад во нишкава
http://besianmehmeti.com/skopje-think-belt/ ![]() |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Denes pominav ottuka,imaat iskopano golema dupka no nema nekoi poznacajni aktivnosti,izveduvac mislam e Beton Stip.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Академик Марко Мушич: Никој ме нема известено за двата нови факултети во кампусот на УКИМ
Во функција на добивање сеопфатни и детални информации во однос на изградбата на двете „барокни“ згради во кампусот на скопскиот Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, редакцијата на „Билд“ стапи во контакт со словенечкиот архитект и академик Марко Мушич, автор на изворното идејно решение за Универзитетскиот кампус изграден во 1974 година. Одговорите на поставените прашања ги објавуваме интегрално, со превод на македонски јазик: Две нови згради ќе бидат лоцирани во постоечкиот парк пред зградата на Ректоратот во кампусот на УКИМ. Кое е вашето лично мислење во однос на проектот со кој се градат два нови објекти во Универзитетскиот центар во Скопје? #Во просторот што го наведувате како локација за новите факултетски згради, значи во просторот на западната страна на ректоратот (која гледа кон центарот на градот), во првонаградениот проект и во сите фази на проектирање се предвидени програми и објекти за студентски културен центар. Тоа се Aula Magna, голема универзална повеќенаменска дворана за сите видови на приредби, помали сали, сали за музички, драмски, експериментални и други активности, изложбени простори за ликовно творештво, дизајн итн., како и сите неопходни пропратни простории за подготовка и изведба на програмата и за посетителите на тоа Универзитетско културно средиште. Тоа се програми, односно згради, воглавно лоцирани на јужната страна на централниот, квадратно оформен Академски плоштад. Плоштадот на западната страна започнува од старата бања како објект од културното наследство, а на источната страна завршува со зградата на Ректоратот. На северната страна на Академскиот плоштад се наоѓаат дополнителни програми и објекти за друштвени и пропратни содржини, кои на студентите и вработените од образовните институции во Универзитетскиот комплекс им овозможуваат сè што е потребно за пријатен живот и работа; значи програми кои на академските аспекти на образованието, воспитанието и научната работа им ја додаваат својата вредност и цена. Треба секако да се нагласи дека сите сегменти од програмата во контекст на Академскиот плоштад се воедно наменети и отворени кон градот. Поради тоа, Академскиот плоштад со јавните програми за култура, разонода, творештво, итн. е лоциран помеѓу центарот на градот и внатрешниот комплекс на кампусот со Филозофскиот, Економскиот и Правниот факултет. Овие факултети (и нивните придружни програми) се распоредени околу Агората, универзитетскиот плоштад. Објектот на Ректоратот, кој слично на портал е издигнат над главната променада, надолжна оска, претставува премин од градот и јавните содржини на Академскиот плоштад (на западната страна од Ректоратот) во клаузурата на комплексот факултети, придружните институти и итн., кои се распоредени околу универзитетскиот плоштад (Агора) и изградени на источната страна на Ректоратот. Од сето ова е јасно дека лоцирањето на наставни содржини предвидени во внатрешниот комплекс на Универзитетскиот кампус (значи на источната страна на Ректоратот) и во влезното подрачје на Академскиот плоштад (на западната страна на Ректоратот, односно кон центарот на градот), предвиден за јавни културни и пропратни содржини, е несфатливо за мене како што е и неприфатливо за почитувањето на основниот концепт на Универзитетскиот центар „Св. Кирил и Методиј“. Низ долгиот професионален пат по кој поминав, сè повеќе сум уверен дека е најважно да се почитуваат основните концепти на големите комплексни, испреплетени и комплицирани целини. Тоа е она што е потребно да се почитува во сите фази низ времето. Тоа се потпорните точки кои обезбедуваат чистина во мислата, идејата и концептот, и единствено ја гарантираат смислата и успехот на сите понатамошни идни визии, интервенции и реализации. Ако се наруши основниот концепт, се распаѓа смислата, квалитетот, вредноста, употребливоста и јасноста на целовитиот организам. Жал ми е што одговорните лица никогаш не сметале за корисно, па дури и за потребно, да ме исконтактираат и консултираат како оригинален автор на комплексот и поединечните згради. Не толку поради мене лично, и цивилизираниот, етички и коректен однос во однос на моето дело и трудот на бројните одлични тимови и поединци со кои сме го конципирале и реализирале Универзитетскиот комплекс. Жал ми е првенствено поради сите оние што во тој комплекс се посветуваат на врвна научна и креативна работа, како и на хуманите и хуманистичките цели на академско образование. Со таквите, по мое мислење, непромислени и воедно арогантни активности, се уништува не само тоа што било направено и што постои. Се уништуваат сите јасни и отворени можности за иднината, која сè уште претставува значаен, пресуден фактор во просторното и архитектонското планирање и проектирање. 2. Дали некој ве исконтактира од македонското Министерство за образование и наука или од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во врска со овој проект? Во 2006 година добив барање за да се одрекнам од авторските права за Универзитетскиот центар во Скопје, и со тоа да дадам согласност за изградба на Италијанскиот медиа центар во позадината на Филозофскиот факултет, објект проектиран од друг архитект. На тоа барање одговорив со реакција дека не се одрекнувам од авторските права и не давам согласност за изведба по проектот на друг архитект. Официјално протестно писмо против таа постапка и барање што е против етичките и моралните кодекси и авторски права упати Претседателството на Словенечката академија на науките и уметностите (САНУ) до Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). На моја иницијатива, во 2006 година се состанав со тогашниот Ректор на скопскиот универзитет. Ректорот ми предложи да испратам писмо до сите декани на факултетите што се вклучени во Универзитетскиот центар, во кое ќе ја изразам мојата спремност за соработка при доградбата и обновата на тие објекти. Основна цел на разговорот беше почитувањето на моите авторски права и вклучување во процесите на подготовка, проектирање и изведба на идните згради во Универзитетскиот центар. Резултати од сите овие активности немаше. И покрај наведениот протест и непотпишаниот документ на авторот за согласноста со другиот проект, објектот беше изграден. Уште повеќе, дознав дека негов проектант е професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. 3. Дали бевте вклучени на некое ниво од процесот на донесување одлуки, пред или за време на архитектонскиот Конкурс? Како одговор на вашето прашање, нагласувам дека никој од одговорните лица, како од Министерството за образование и наука, така и од Универзитетот во Скопје, никогаш не ме исконтактирале во врска со актуелниот проект за изградба на идните факултети во подрачјето на Универзитетскиот центар во Скопје. За идната изградба во Универзитетскиот комплекс дознав од вашето писмо. Мојот единствен, за жал, неуспешен контакт со Ректорот и неговите соработници, кој беше остварен на моја иницијатива и со поткрепа од МАНУ, веќе го споменав. Од тогаш па сè до денес, а исто така и пред 2006 година, никој никогаш ме нема исконтактирано, ниту пак има побарано мислење и соработка како оригинален автор. Мојот став е сосема идентичен со оној што веќе еднаш, на средбата по сопствена иницијатива, му го нагласив на Ректорот во 2006 година. Тоа значи дека би било нормално и етички, па дури поволно и корисно, да се вклучи изворниот автор во понатамошните процеси на уредување, проектирање и изградба, односно авторот на првонаградениот проект за урбанистичко и просторно решение и архитектура на изградените објекти. Во ова и понатаму верувам. Не се работи за мојот личен интерес. Станува збор за многу позначајна тема. Станува збор за почитување на континуитетот и традицијата на просторното творештво, тема која е пресудна за идентитетот на еден народ, неговото наследство и култура. Тема која била присутна во сите епохи на минатото, и која воедно е уште позначајна во денешниот глобален свет. Во ситуација во која еден по друг се губат идентитетите на малите народи и средини. Следствено на ова, неопходно е идентитетот не само да се чува, туку и да се зацврстува. Само преку националниот идентитет може успешно да се спротивставите на интересите и намерите на другите народи и цивилизации, кои се засноваат на аргументите на моќта и големината. ![]() Бојан Блажевски bojan.blazevski@build.mk http://www.build.mk/?p=47955 Edited by Cloverstack - 21-Apr-2016 at 21:32 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
за нас само цигла и малтер... други материјали никако |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Затоа може да функционира на -50 во Шведска?
![]() |
|
![]() |
|
Bojan10 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 21-Jun-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
За вкусови не се расправа, ама мене ова не ми се допаѓа.
Ваков стакларник во Македонија не може да функционира на +50 степени Целзиусови. Можеби просторот е добро организирани, практичен и мотивирачки за студентите, ама ако е различен од барок не мора да значи дека е добар.. |
|
Од чаламот си патиме!
|
|
![]() |
|
Petar Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Sep-2014 Online Status: Offline Posts: 271 |
![]() ![]() |
Фантастично. |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Остај. Не знат шо е убаво. |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
http://kajgana.com/vaka-kje-izgleda-noviot-univerzitet-vo-shvedska
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Затоа што на голем дел од младите животна желба им е да имаат автомобил па штом наполнат 18 купуваат. Ама не е проблем тоа. Проблем е што во непосредна близина на најоптоварените раскрсници во градот се додаваат нови објекти кои генерираат сообраќај: административни згради/министерства, факултети... Но тоа е зошто немаме сериозна студија за развој на сообраќај па се гради кај се најде празен простор. А простор во Скопската котлина има на претек.
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
А зошто има толку автомобили не ми е јасно стварно. |
|
![]() |
|
Petar Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Sep-2014 Online Status: Offline Posts: 271 |
![]() ![]() |
Логиката е надмината работа. Тука се пари во прашање.
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
4 години студирав таму, место за паркинг нема. На тоа додај хаос од 10.000+ студенти. А сега додај уште 2.000 и сигурно уште 300 автомобили.
Не мора се да биде на куп во центар! Отворете GoogleEarth и видете колкаво е Скопје, има место на претек. А факултет за фискултура не е пологично да биде опкружено со парк, терени, сали... |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Petar Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Sep-2014 Online Status: Offline Posts: 271 |
![]() ![]() |
![]() Пустошот кој остана по денот на дрвото. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ДОЖИВУВА КОЛАПС
Георги Константиновски Во 1974 година Универзитетскиот комплекс во Скопје беше предаден во употреба. Тој беше изграден според првонаградениот конкурсен труд на словенечкиот архитект Марко Мушиќ. Со своите раситнети габарити подредени кон сите страни на светот, беспрекорно ја спроведе девизата на архитектонската наука за приспособување на проектираните објекти кон постојната инфраструктура изразена од приземни и нискокатни објекти во стариот дел на градот Скопје. По реализацијата на проектот, овој комплекс се појави речиси во сите стручни архитектонски списанија во светот како достојно архитектонско дело коешто на Скопје му ја подигна репутацијата како град на современата светска архитектура и со која, сосема нормално, градот се здоби со епитетот - град на модерната архитектура! Пред само три години се појави на словенечки јазик и книгата посветена токму на овој Универзитетски кампус составен од Филозофскиот, Правниот и Економскиот факултети, како и од објектот на Ректоратот, како составен дел на општата просторна архитектонска композиција. Овие објекти во духот на местото и локацијата се распостилаат во централната зона на една кружна интерна колска сообраќајница којашто периферно ги опслужува сите факултети, како и со посебен влезен дел за студентите со соодветен паркинг, како блиска и непосредна врска со сите факултети. И така овој универзитетски комплекс живееше низа години во амбиент достоен за работа и образование на младите луѓе жедни за наука. Условите за работа на наставниот персонал, како и на студентите беа од корен променети во позитивна насока во однос на поранешните кои се одвиваа во објекти кои не одговараа на потребите на времето. Околината на сите објекти во овој комплекс беше облагородена со парковски зелени и цветни површини неопходни за нормалниот живот на корисниците. Во 2008 година започна деградацијата на архитектурата на целиот комплекс. Како современ објект во духот на светските дострели во модерната архитектура, се започна со покривање на рамните покривни површини со лимени закосени „капи“ против прокиснување, со што се направи првиот чекор кон неговата деградација. Авторот на овој комплекс (сега претседател на Словенечката академија на науките и уметностите) веднаш реагираше поради промената на физиономијата на сите објекти. (За да биде ова посликовито прикажано, тоа е речиси исто како кога на главата на една девојка со прекрасно средена коса ќе и' поставите војнички шлем!) Но на неговата реакција не му беше удостоено да добие каков било одговор! Во 2015 година започна фронтален напад на целиот универзитетски комплекс со сечење на високите дрва, со цел да се подготви теренот за изградба на два нови факултети! Управата на Ректоратот на чело со ректорот не само што не најдоа за сходно да го спречат овој незаконски упад и вандалски чин, туку не се ни погрижија да го изнесат или оправдаат пред јавноста. За да биде сликата поцелосна, за овие два објекти проектите беа претходно изработени и подготвени за изведба!? Со цел Македонија да се претстави пред светската цивилизација на 21 век, како земја којашто чекори паралелно со современите дострели на архитектурата, со овие два објекта проектирани во квазибарокен стил, кој во најмала рака претставува краен примитивизам и навреда за државата, нашата земја се фрла на опашката на светската цивилизација! Заслепеноста за пари, како и комплетната духовна и морална заостанатост на творците на овие објекти коишто си дозволуваат во еден комплекс како бисер на современата светска архитектура да вметнат туѓо тело во здравиот организам не е ништо друго освен злосторничко дело од најтежок степен! (Авторот е архитект) http://www.utrinski.mk/?ItemID=2385A3E504DCFC4CA19FBE428DD3936F |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Од facebook
Добивме информација од пензиониран Професор од Природно-математичкиот факултет при УКИМ, која вели: „За информација на граѓаните и студентите на УКИМ можам да им соопштам дека Факултет за информатички науки е веќе почнат да се гради во рамките на просторот на Природно-математичкиот факултет зад Институтот за Хемија под брдото Гази Баба уште во времето на покојниот претседател Борис Трајковски 2002 год. Темели за идниот (за жал "небарокен") факултет се поставени. Изградена е карабината на првиот спрат. Председателот Борис Трајковски 2002 год. лично пресече лента за почеток на изградба на Факултет за информатички науки. А зошто проектот се стопира и не се реализа не се дозна. Единствено ме чуди што мојот бивш студент по биологија сегашниот ректор Велимир дозволил изградба на нов таков објект кога добри 15 години одејќи од ПМФ-Скопје, поточно Институтот за биологија кој е на брдото (каде дипломира, магистрира и докторира), до Ветеринарниот факултет и обратно неминовно поминувал покрај таа започната па недовршена градба. Ако граѓаните и студентите на УКИМ сакаат да се уверат дека таква градба веќе била почната нека отидат до хотелот КОНТИНЕНТАЛ, нека ја поминат улицата преку подземниот пешачки премин. Потоа зад ОПШТИНАТА ГАЗИ БАБА нека продолжат до Институтот за хемија и зад него во подножјето на Гази Баба ќе ја видат карабината на несудениот Факултет за информатички науки. Зошто да се трошат нови пари за нов факултет со ист наслов кога еден таков е веќе започнат да се гради“. Спомената градба навистина постои, како што можете да забележите од приложените фотографии преземени од Google Maps. Зошто изградбата на овој објект е стопирана, односно кое е објаснувањето? Дополнително, зошто не продолжи изградбата на овој веќе-постоечки објект туку се предвидува целосно нов? ![]() ![]() ![]() |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 9> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |