![]() |
![]() |
![]() |
Интернет и телекомуникации |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 28> |
Author | |
VirginAtlantic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jun-2009 Location: Софиjа Online Status: Offline Posts: 254 |
![]() ![]() |
Jас сум на пакет со дигитална телевизиjа од 140 канали, 16 HD канали, 50 Mbps интернет и телефон - вкупно за 44 лева /1380 денара/.
Интересно, во Бугариjа Blizoo често са критикувани и немаат добар углед, но jас лично сум задоволен од нивните услуги. Голем недостаток за мене е липсата на TV1000, Viasat Explorer и Viasat History. И канали од поранешните Jугославски републики, но тие не се нудат во Бугариjа. ![]() |
|
![]() |
|
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
Jas koristam paket na blizoo vo Bugarija,za 13 leva(400 den) imam kablovska 80 kanali,neogranicen internet brzina:15 Mbps i domasen telfon(bez pretplata) so 75 besplatni minuti kon site mrezi.
|
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
![]() |
|
Forensic ![]() Newbiе ![]() Joined: 13-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
I was wondering why it took them so long. They rebranded the Bulgarian CableTel to Blizoo almost a year ago if I am correct. Anyway, my parents pay for Blizoo's digital package, but are too cheap to pay up for the HD channels.
![]() |
|
![]() |
|
Superman ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 154 |
![]() ![]() |
Забрането е од торрент да се симнуваат, ако си платиш на одредени сајтови дозволено е, а никаде во текстот не пишува пиратски филм.
|
|
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
браво за новитетите,иначе филмови е забрането да се симнуваат,па за реклама нека користат поинаков вид на споредба
|
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Одлична вест која ќе ја засили конкуренцијата на пазарот на телекомункациски услуги:
Кејблтел се ребрендираше во Blizoo ![]() “Близу" е компанија во сопственост на шведскиот приватен инвеститорски фонд , која е присутна во Македонија како резултат на ребрендирањето на “Кејблтел“ ДООЕЛ Скопје кој постои од мај 2007. Во изминатите две години, компанијата направи капитални инвестиции во развојот на капацитетите на својата мрежа: 4,2 милиони евра (во 2010) и 3,2 милиони евра во 2011 (до ноември). Планираните инвестиции за следната, 2012 година, се околу 3,5 милиони евра, со што ќе си обезбеди лидерска позиција во областа на сите свои услуги. Технологијата што го овозможува ова е хибридно-оптички коаксијална (HFC) врз основа на системот оптички кабел, на максимално растојание од 300 метри од крајниот корисник и, оттука, со поврзување преку коаксијален кабел до крајниот корисник. Со тоа овозможуваме квалитетна аналогна и дигитална телевизија, најбрз и неограничен интернет-пристап и квалитетна дигитална фиксна телефонија. Во својата понуда, за првпат на македонскиот пазар, “Близу" воведува најголем број HD канали. За почеток тоа се седум канали: (Eurosport HD, ESPN HD, MTV live HD, Food Network HD, Viasat Natyre HD/ History HD, PLanet HD и Penthouse HD), со тенденција за постојано зголемување на нивниот број. Дигиталната платформа со која располага овој оператор поддржува најголем број кристално чисти канали (120) што се пренесуваат без компресија на сигналот, што не’ прави единствени на македонскиот пазар со таков квалитет на пренос. Новата генерација на дигитална телевизија којашто „Близу“ ја промовира на пазарот вклучува: нова услуга - EPG (електронски програмски водич), со можност за пребарување на содржината.Понатаму, до почетокот на декември, ќе стартуваме и можност за снимање и паузирање на ТВ програмата. Оптичкиот интернет на “Близу“ нуди интернет-услуги со најголема download - брзина во Македонија, без ограничувања во транферот на податоци. Брзината од 50 Mbps (мегабити во секунда) значи дека времето што е потребно за симнување филм со стандарна резолуција ќе биде пократко од пет минути. Во однос на фиксната телефонија, оптичката телефонија на “Близу“ претставува сосема нов концепт при користењето на оваа домашна услуга: без претплата, без наплата за приклучок и со бесплатни разговори во мрежата на “Близу“. http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=94488&kategorija=2 http://web.blizoo.mk/index.html |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Карлос Слим во март на конференција во Охрид!Ивана Колева![]() Најбогатиот човек во светот, Мексиканецот Карлос Слим Хелу, кој “тежи“ над 74 милијарди долари, во март ќе дојде во Охрид, дознава ексклузивно “Капитал“. Според нашите информации, мексиканскиот телекомуникациски магнат ќе дојде во Македонија на 26 март 2012 година, а причината за посетата е петтиот состанок на Широкопојасната комисија за дигитален развој (Broadband Commission for digital development) во Охрид. Со Слим ќе дојдат уште 60 членови на Комисијата - главни извршни директори на меѓународни компании (Гугл, Интел, Алкател-Луцент, Ериксон, Циско, Мајкрософт, Телефоника...), индустриски и политички лидери, претставници на влади, меѓународни агенции, академии...
Иницијативата Македонија да биде домаќин на овој состанок доаѓа од министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, кој како владин претставник е член на Широкопојасната комисија. “Капитал“ дознава дека од Комисијата веќе е испратено писмо до кабинетот на премиерот Никола Груевски за да се договорат деталите за престојот на Слим во земјава. Широкопојасната комисија за дигитален развој ја формираа ITU (Меѓународната унија за телекомуникации) и UNESCO како одговор на повикот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, да се засилат напорите за исполнување на Милениумските цели за развој . Основана е во мај 2010 година. Нејзините главни заложби се да ја зголеми важноста на пристапот до широкопојасен Интернет во меѓународната политичка агенда. Комисијата цврсто верува дека Интернетот е клучен фактор за забрзување на остварувањето на милениумските цели до 2015 година. Таа дефинира практични начини како земјите во сите фази од развојот да го постигнат ова во соработка со приватниот сектор. На последниот состанок на Комисијата, кој се одржа во октомври во Женева, присуствуваа над 250 владини и бизнис-лидери од целиот свет. Тие разменија мислења за предизвиците и можностите за идното градење на широкопојасниот Интернет и поставија четири цели на кои треба да одговорат земјите. Во фокусот на состанокот беше постигнувањето универзална широкопојасна политика, која е адекватно достапна и овозможува поврзување на домаќинствата преку Интернет. Предвидувањата беа дека до 2015 година околу 40% од домаќинствата во земјите во развој и над 60% од вкупното светско население ќе има Интернет. За значењето на активностите на Широкопојасната комисија говори фактот што во неа членува моќна заедница. Во претседателството се Паул Кагаме од Руанда и Карлос Слим Хелу од Мексико, д-р Хамадоун Туре од Мали и Ирина Болкова, претставник на УНЕСКО. Кој е Карлос Слим? |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=92659&kategorija=2
Капитална инвестиција за модернизација на мрежата на Македонски Телеком
04.
10.2011 - 12:59:51
![]() Македонски Телеком започнува со проект за модернизација на мрежата
со воведување нова мултимедијална платформа од следната генерација
базирана на Интернет Протокол.
“Во наредните години најголемите инвестиции ќе бидат насочени кон
модернизација на мрежите за уште повеќе да се зајакне нивниот капацитет.
Оваа инвестиција е само почеток на планот за инвестиции од 170 милиони
евра во наредните години, од кои 150 милиони се во фиксната мрежа“, рече
Даниел Сас, главен извршен директор на Телеком.
Со оваа платформа ќе се овозможи воведување на нови мултимедијални
услуги со врвен квалитет и иновативни начини за користење на
неограничени можности што ги нуди интернетот.
Со оваа капитална инвестиција од 14 милиони евра, Македонија ќе
биде првата земја во Југоисточна Европа која ќе има мрежа целосно
базирана на Интернет Протокол.
Модернизацијата на мрежата, започнува во октомври и се планира да
биде целосно имплементирана до крајот на 2013 година. процесот ќе се
одвива етапно и во региони.
Во првата фаза ќе бидат опфатени регионите Скопје (Центар и Кисела вода), Гевгелија, Тетово и Велес.
Интегрираниот уред ќе се дава на бесплатно користење, а
инсталирањето ќе го вршат технички лица и во просек ќе трае само 15
минути , за што корисниците ќе бидат навремено известени од контакт
центарот.
На уредот ќе се приклучуваат сите комуникациски уреди кои може да
се користат дома, домашен телефон, Мax TV, компјутер, лап топ, смартфон,
како и сите нови типови телевизори, веб камери, интернет радија итн.
По повод започнувањето на проектот, а во согласност со
стратегијата на Македонски Телеком за корпоративна одговорност,
најдобрите 10 студенти од Факултетот за електротехника и информациски
технологии и од Факултетот за информатички науки и компјутерско
инженерство, добија една година бесплатно користење на 3 Маx пакетите.
![]() Во иднина сите вакви домашни уреди ќе можат да се управуваат или контролираат преку интернет.
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
WTI стартува со работа од 1 јануариСпоред информации од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), виртуелниот оператор WTI треба да почне со нудење услуги во мобилната телефонија од 1 јануари 2012 година, а за кратко време потоа и во фиксната телефонија. “Компанијата не е должна да го испочитува тој рок, но се надеваме дека на овој датум, кој е најавен од компанијата, ќе почнат со работа“, велат од АЕК. Од WTI досега имаше неколку најави за старт. Неофицијално, стартувањето се одлагаше поради тешките преговори со постоечките мобилни оператори, чиишто мрежи треба да ги користи овој виртуелен оператор. Деновиве WTI во дневните весници објави неколку огласи за вработување, во кои се бараат најразлични профили на работници. WTI Македонија треба да понуди фиксна и мобилна телефонија, и повици преку Интернет. На пазарот треба да настапи под брендот “Ало“, а веќе му се доделени 100.000 броеви за обезбедување телефонски услуги oд АЕК. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/74178/wti_startuva_so_rabota_od_1_januari.aspx?iId=2373 |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
АЕК распиша конкурс за 4Г-телефонија
![]() Се очекува мобилните оператори да почнат да работат на оваа напредна мрежа, која е нов стандард и на светско ниво и овозможува многу побрз пристап до интернет, во втората половина на 2014 година Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска ќе распише јавен повик за доделување фреквенција за нудење услуги од четвртата генерација мобилна телефонија (4Г). Се очекува мобилните оператори да почнат да работат на оваа напредна мрежа, која е нов стандард и на светско ниво и овозможува многу побрз пристап до интернет, во втората половина на 2014 година. Исто така, се забрзува постапката за пренесување на телефонскиот број од еден на друг оператор. Од понеделник, број во мобилната телефонија ќе се пренесува за еден ден, во фиксната за два дена, а надоместокот што корисниците го плаќаат за услугата се лимитира на 230 денари. Веќе е воведен звучниот сигнал кој го информира повикувачот дека бројот што го бара го сменил операторот без да го промени префиксот. Досега постапката за пренесување на број траеше со месеци, а според евиденцијата на АЕК, дури 70 отсто од обидите на граѓаните завршуваа неуспешно. - Воопшто не сме задоволни од досега пренесените 60.000 броеви од воведувањето на услугата во 2008 година. Како цел си поставивме пет проценти од два милиони корисници да го менуваат операторот соодветно на сопствениот буџет и потребите во телефонијата, а да си го задржат стариот број- појасни Орданоски. Новина е и тоа што АЕК ќе ги одобрува претплатничките договори меѓу операторите и корисниците, обврска што ја немаше досега. Со тоа ќе нема случаи за автоматско продолжување договори од операторите во случај корисникот да не забележи оти тој истекува. - Целта е да се склучуваат транспарентни и јасни договори во кои детално ќе бидат прецизирани сите општи услови за цените, тарифите и параметрите за квалитет, рокот за плаќање и сл. На овој начин ќе бидат избегнати можните злоупотреби и оштетувања на граѓаните како корисници на услуги. Нема да дозволиме ниту еден граѓанин да претрпи штета, поради нејасни и нетранспарентни претплатнички договори - вели директорот на Агенцијата. Се скратуваат и роковите за решавање и одговор по приговорите за крајните корисници ако не се задоволни од операторите. Процедурата за одговор и решавање приговор од досегашните 53 дена е скратена на 23 дена. Крајната цел на АЕК е тоа да се сведе на 11 дена. - Граѓаните може да дадат приговор за каква било причина ако сметаат дека операторите ги оштетиле финансиски или технички. Во секое време нашите служби ќе излезат на терен и ако констатираат прекршување на договорот операторот ќе биде санкциониран соодветно, првин со предупредување, а потоа со казни кои се доста сериозни и се движат до седум проценти од годишниот приход на операторот - наведе првиот човек на АЕК. Според Орданоски, СМС-пораките не поевтинија од јуни годинава, иако тоа беше најавено, бидејќи овој пазар с` уште не е дефиниран и во европски рамки. - Започнавме пионерска работа. Меѓу првите во Европа, користејќи комплексна методологија која бара детални и опсежни анализи, се обидуваме да ја постигнеме оптималната цена за СМС-пораките. Само три држави во Европа имаат дефинирано пазар на СМС: Франција, Данска и Полска, ние сме четврта земја, но с` уште ниту една од тие земји не почнала да го регулира тој пазар. Овој проект е во напредна фаза, но за да заврши целосната имплементација на овој вид на регулација потребно е ова прашање да добие европска рамка - вели Орданоски. Од почетокот на месецов, АЕК ги намали големопродажни цени за терминација во мобилната телефонија со што се очекува да има значајно влијание во формирањето на малопродажните цени, наменети за крајните корисници. Нова најава за старт на виртурелниот оператор Виртуелниот оператор ВТИ, по пробивањето на предвидениот рок, на последната средба со Орданоски најавил старт на услуги во фиксната телефонија на крајот на месецов или на почетокот на следниот, а во мобилната телефонија во декември. ВТИ по нотификацијата од АЕК во октомври лани зеде броеви со префикси 073 300, кои имаат важност од три години, но уште не се активирани. - Имаме постојани состаноци на кои инсистираме што поскоро да почнат со работа затоа што, во спротивно, ќе бидеме принудени да преземе мерки. Три години може да ги користат броевите, но има ставка со која можеме да реагираме ако не ги исполнат условите со добиената нотификација - подвлече Орданоски. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B4BE7691928DA94EAF56D6FBE3E74F74 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Бесплатен интернет во парковите во Аеродром
![]() Општина Аеродром во соработка со „Македонски телеком“ од вчера им овозможи на своите жители од своите мобилни телефони и лаптопи да се приклучат на бесплатен интернет во локалните паркови „Јане Сандански“ и „Тоше Проески“. Од Општината веруваат дека со поставувањето на оптичката инфраструктура, аеродромци во секое време ќе можат да добијат брз, бесплатен и квалитетен безжичен интернет на овие две јавни места. „Со реализацијата на проектот ’Бесплатен интернет’, кој им овозможува на граѓаните постојано да сурфаат на интернет и на разни социјални мрежи, Аеродром го задржува епитетот на една од најурбаните општини“, рече на вчерашната промоција на проектот градоначалникот Ивица Коневски и најави наскоро воведување бесплатен интернет и во другите паркови, пред се', во новите „Аеродром“ и „Паркот на езерата“, откако ќе бидат предадени во употреба. (Б.Ш.) http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=DF2DE935E3D1F340BCB9BF81427BFE4D |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Де бе не се нервирај.
![]() |
|
![]() |
|
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
Добро брат не знам зошто ми објаснуваш кога ми е јасно. Ја зборев за една работа ти ме поправаш со трета и тоа е тоа. Ја зборам преку што се пренесува звучниот сигнал, ти ми збориш каде се регулира тоа. Ги знам и процедурите и каналите и мрежните делови и кој што прави, ја отупевме и ме направи ко да не знам што да зборам. Зошто би ја продолжувал дискусијава. И башка имаше право миракуликс.
|
|
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
StreetStruck не ме сваќаш што сакам да ти кажам. Ѕвонењето, оној познат звук од долги последователни тонови доаѓа од исто место до мрежата од каде што доаѓа и гласот на соговорникот. Ѕвонењето е дел од разговорот, а во некои држави и се тарифира зашто се користи канал. Е сега наместо ѕвонење, прво ќе се слушнат три кратки тонови и после тоа ќе следи ѕвонењето. Дури и во Vip мислам дека има можност да платиш наместо класично ѕвонење, кога те бараат на луѓето да им пушта песна што ти ќе ја одбереш. Сите канали и физички и логички што ги набројавме и јас и ти предходно се после точката во мрежата каде е битно дали корисник доаѓа од мигриран број или не. Миграцијата е регулирана некаде тамо во Core каде си комуницираат они со надворешната база на пренесени броеви, кај нас тоа е во Seavus, и после преку пристапната мрежа и сите овие канали воспоставуваат врска со корисникот. Кога ќе пројдат сите лоцирања, автентикација и чуда и кога ќе пројде целата гужва во рамки на TCH, односно кога ќе воспостави гласовна комуникација тогаш добиваш гласовен сигнал за бирање мигриран број.
Edited by lslcrew - 30-Aug-2011 at 17:53 |
|
![]() |
|
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
Значи малку усул, не сите имаат завршено Телекомуникации на електро за да го разберат погорниот дијалог.
|
|
![]() |
|
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
Ја не реков ни дека пристапната мрежа праи нешто или па јадрената. Ова спаѓа во логички канали, поточно сигнализациски (или контролни како сакаш) кои се мапираат во доделениот, односно во физичкиот канал. Ја не напишав која мрежа има контакт или прави разлика едноставно кажав како се пренесува информацијата, односно звучниот сигнал. Исто е како Paging Channel (PCH), Notification Channel (NCH) и другите.
Нормално дека во рамките на доделениот канал се одвива тоа. Во овој случај може да се дефинира нов контролен канал кој е плус тие 9-10 кои се веќе дефинирани или па да се искористи некој од старите (веќе дефинирани). И пак ќе кажам не знам што ме сфати но за секоја ваква функција си има посебни канали (виртуелни-за да ме сфатат другите) кои се имплементираат во рамките на физичкиот канал. И на крај нормално дека не се користи SACCH, бидејќи тој е за hendover обично, а за SDCCH не знам дали треба да бидеш толку сигурен. И што има врска во кој мрежен дел се решава ова кога информацијата мора да стигне до тебе, што е тука спорно. Ти кажуваш кој процесира, ја кажував по што се пренесува. ![]() ![]() ![]() |
|
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Како бе сигнализациски канал. Кога ќе ти додели TCH тогаш во рамки на доделениот ти праќа звучен сигнал и ти продолжува разговорот. Од аспект на пристапна мрежа нема никакви модификации. Не се користи ни SDCCH или SACCH. Ова се решава во рамки на Core Network каде се работи со корисници и каде се разликуваат кој од кој оператор доаѓа, од roaiming е или не е. Пристапна мрежа нема контакт и нема потреба да ги разликува овие работи.
![]() Edited by lslcrew - 30-Aug-2011 at 01:30 |
|
![]() |
|
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
Ок сето тоа, но сепак потребен е звучниот сигнал бидејќи треба да знаеш дали си се поврзал со друг оператор бидејќи и покрај тоа што би имало единствена цена според твојов предлог, таа сепак би била повисока во однос на цената која важи за разговори во својата (сопствената) мрежа. Значи звучниот сигнал е многу културно решение, а и елегантно за да знаеш во секој момент дали треба да платиш повеќе. Многу поштено решение, поготово што не е нешто комплицирано, потребен е само плус уште еден сигнализациски канал или пак истото може да се имплементира во веќе постоечките сигнализациски канали. |
|
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Обично операторите имаат фиксни цена од сопствениот кој друготе мрежи. Е сега таа интерконекција физички е изведена со еден ефтин линк меѓу дват аоператора, ама денеска интерконекцијата е златната жица од каде се црпе профит, неколку компании стратегијата ја базираат на тоа профитите да доаѓаат од интерконекција, на пример бесплатни разговори во сопствената мрежа. А цената на интерконекција државата може да ја ограничи со максимална граница, само тоа ќе се одрази на други услуги. Такво решение за да се намалт тие цени треба да се донесе, само да не биде еднострано од аец лупнато на маса за собирање поени, а после за операторите неостварливо ни физички ни финансиски. Како што се собраа на маса за многу проблеми нека се соберат и за овој. Еве во последно време има и некој нов модел за формирање цени што мораат да го применат сите телекомуникациски компании па ќе видиме што се опфаќа.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 28> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |