![]() |
![]() |
![]() |
Коридор 8 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 54> |
Author | ||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Пругата Кичево – Струга ќе се гради, владата ќе бара кредитори
Владата ја усвои и Информацијата со која ја одобри апликацијата за тековни проекти на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници за финансирање преку грантови за техничка помош на Инвестицискиот фонд за Западен Балкан. Владата го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства во износ од 426 милиони евра за финансирање на првата фаза од проектот делница Кичево – Струга, како и грант средства за техничка помош на овој проект. Владата ја усвои и Информацијата со која ја одобри апликацијата за тековни проекти на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници за финансирање преку грантови за техничка помош на Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF), сопшти владината прес-служба. http://plusinfo.mk/prugata-kichevo-struga-e-se-gradi-vladata-e-bara-kreditori/ |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Државата и германската „Вибе“ преку арбитража ќе го решаваат спорот со недоградената пруга Куманово-Бељаковце
Спорот меѓу државата и германската компанија „Вибе“ околу недоградената пруга Куманово-Бељаковце ќе се решава пред меѓународен суд. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска најави дека преку арбитража ќе се решава прекинот со изградба откако фирмата-изведувач „Вибе“ на 29 мај годинава го известила Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ дека бара раскинување на договорот за изведба на пругата долга 30,8 километри. Министерот Бочварски изјави дека ќе се почека одлуката од арбитражата во однос на раскинатиот договор, но и појасни дека ќе се оди со распишување на нов тендер за довршување на изградбата на оваа железничка делница во 2021 година. Тој појасни дека нискиот степен на реализација на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски, којшто заклучно со август изнесува 31,6 отсто, е резултат токму на потфрлувањата што се случуваат на Коридорот 8 за железничко поврзување со Бугарија. Со претстојниот ребаланс на државниот буџет, најмногу кратења на средства ќе има токму во делот на железничкиот Коридор 8, бидејќи средствата не можат да се реализираат поради тоа што досегашниот изведувач го раскина договорот за пругата Куманово-Бељаковце. Министерот Благој Бочварски изјави дека е недозволиво пругата кон Бугарија да се гради две и пол децении, како и дека не смееме во иднина да дозволиме да ни се случат слични работи како што е застојот со изградбата на пругата Куманово-Бељаковце. Во делот на развојот на железничката инфраструктура, тој потенцираше дека во неговиот четиригодишен мандат ќе започне со реализација на втората и третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија, односно изградбата на железничките делници Бељаковце-Крива Паланка и Крива Паланка-Деве Баир. Инаку, „Мета.мк“ веќе две недели чека одговор од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ за тоа до каде е стигната тендерската постапка за избор на изведувач што треба да ја гради делницата од Бељаковце до Крива Паланка, како втора фаза од пругата кон Бугарија. Вториот по ред тендер беше распишан во 2018 година, а требаше токму до есенва да се избере градежната компанија што ќе ја гради делницата долга 33,9 километри. Меѓународниот тендер е стигнат до втората фаза од изборот на најповолен понудувач, при што за изведба на проектот вреден над 140 милиони евра се борат осум компании. Покрај тоа што од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура како инвеститор молчат за поставените прашања, од Министерството за транспорт и врски за потрага по било какви информации во однос на резултатите од тендерската постапка упатуваат токму до инвеститорот. Пругата Бељаковце-Крива Паланка треба да биде завршена со изградба во рок од 48 месеци од воведувањето во работа на идниот изведувач. „Мета.мк“ со месеци наназад го следи процесот на изведба на железничкиот Коридор 8 во земјава, а месецов објави и детално објаснување за причините на застојот и до каде е стигнато со изградба на пругата Куманово-Бељаковце. https://meta.mk/drzhavata-i-germanskata-vibe-preku-arbitrazha-kje-go-reshavaat-sporot-so-nedogradenata-pruga-kumanovo-beljakovcze/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Ребалансот на буџетот ќе ги скрати парите за пругата кон Бугарија
Ќе бидат пренаменети парите за изградба на пругата Куманово Бељаковце. Овој проект е стопиран, изведувачот се повлече од трасата и парите за негова реализација стојат непотрошени. Според министерот за транспорт, Благој Бочварски, тоа е причината за слабата реализација на капиталнте инвестиции во Министертсвто за транспорт и врски. За осум месеци реализацијата изнесува само 32%. Сумата која со буџетот беше предвидена за работа на оваа делница од Коридорот 8 сега ќе биде скратена со ребалансот. „За Куманово Бељаковце ќе има нова постапка и очекуваме дека догодина ќе продолжи изградбата. Овој проект се гради веќе 25 години и тоа е недозволиво. Ако сакаме да бидеме држава, вакви работи не треба да ни се случуваат во иднина“, вели Бочварски. Државата за овој случај покрена постапка против изведувачот пред меѓународна арбитража. https://sitel.com.mk/rebalansot-na-budzhetot-kje-gi-skrati-parite-za-prugata-kon-bugarija |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Во железничка инфраструктура Коридорот 8 да биде приоритетен на листата за реализација
Владата ветува и дека ќе се ангажира за подобрување на квалитетот на железничката инфраструктура преку натамошните инвестиции во изградбата на пругата Куманово-Бељаковце-Крива Паланка-Деве Баир, продолжување на ремонтот на Ногаевци-Неготино, заедничка гранична железничка станица Табановце. Се планира изработка на проектна техничка документација за електрифиција на пругата Скопје–Скопје Север–Ѓорче Петров–Волково-Блаце и заеднички железнички граничен премин со Република Косово и за нова пруга Миладиновци-аеродром Петровец, изработка на целосна техничка документација Кичево-Охрид-Струга и Кичево до Лин, Албанија, подготовка на проектна техничка документација за реконструкција, рехабилитација на железничката пруга Скопје – Кичево како дел од Коридорот 8, изработка на пилот-проект за кракот Зелениково – Драчево – Лисиче – Пинтија – 11 Октомври – Скопје Патничка. Професорот на Катедрата за железници на Градежниот факултет при УКИМ, д-р Златко Зафировски, за МИА изјави дека е од голема важност Коридорот 8 да биде приоритетен на листата за реализација. Во минатото, вели Зафировски, железничкиот транспорт имаше доминантна монополска улога во однос на другите видови транспорт. Железничкиот транспорт се уште располага со многу поголеми превозни капацитети. РС Македонија нема излез на море, па стоките и во внатрешниот и во надворешниот транспорт се превезуваат во најголем дел со железничкиот транспорт. Нашата држава како центар на Балканот има голема улога во меѓународниот транспорт (особено на стока), кој е предусловен со постоењето на добра транспортна инфраструктура, укажува професор Зафировски. Железничкиот коридор 8 е еден од десетте паневропски коридори кои поминуваат и низ територијата на РС Македонија. Трасата започнува од пристаништата Бари и Бриндизи во Италија и поминува низ Албанија, РС Македонија и Република Бугарија, сукцесивно поврзувајќи ги градовите: Бари / Бриндизи – Драч / Валона (Јадранско Море) – Тирана – Скопје – Софија – Пловдив – Бургас – Варна (Црно море). Оттука, потенцира Зафировски, од голема важност е овој коридор да биде приоритетен на листата за реализација. Проектната документација е готова за цел Коридор 8, па како резултат на тоа, веќе е распишан тендер за изградба на втората делница кон Р. Бугарија, а по неа би требало да следи и за третата делница, согласно најавената стратегија за реализација на проекти од железничката инфраструктутра. -Проектната документација од Кичево до Лин, исто така е завршена на ниво на Основен проект. Но за почеток на реализација, веројатно ќе се почека да заврши изградбата на автопатот Кичево – Охрид, па потоа би се одело на стартување на реализација. Не помалку е важно да се направи целосна реконструкција на делницата Скопје – Тетово – Гостивар – Кичево, инаку се губи смислата на инвестицијата на делницата од Кичево до Струга (Охрид), објаснува професор Зафировски. Како што дополнува, неопходно е да се направи физибилити студија за поврзувањето на Меѓународниот Аеродром Скопје со железничката и автобуската станица во Скопје. Постојниот автобуски превоз до аеродромот не е ни оддалеку доволен, а ваква иницијатива смета дека секако би била поддржана и од ТАВ и од Владата. -Железничкиот транспорт има значајна улога во секоја национална економија. Една држава е економски јака само ако има добра транспортна инфраструктура.Ја поддржувам секоја програма за реализација на проекти поврзани со железничката инфраструктура. Сакам да потенцирам дека ние како професионалци и експерти на Градежниот факултет при Катедрата за железници, постојано ги следиме и новите трендови во оваа област, и во секое време стоиме на располагање за секаков вид на консултации и соработка во врска со модернизација на железниците кај нас, за конечно да имаме железничка пруга налик на европските, изјави за МИА Зафировски. Во областа на воздухопловниот сообраќај, пак, според плановите на Владата, ќе се креира нова, функционална и одржлива национална стратегија за негов развој. По завршување на ковид кризата, се ветува дека ќе бидат воведени нови дестинации за зголемување на бројот на летовите, пораст на бројот на патниците, зголемување на нивото на безбедноста и овозможување на ефикасен, уреден, безбеден и еколошки одржлив воздухопловен транспортен систем достапен под еднакви услови за сите. https://www.24.mk/details/izgradba-no-i-redovno-odrzhuvanje-na-patishtata-so-voveduvanje-novi-tekhnologii |
||
![]() |
||
WolfLeader ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
![]() ![]() |
|
Ima dosta nadezni proekti , ama ovoj proetk nema nikogas da se izgradi !!!
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://meta.mk/i-po-sedum-godini-izgradba-ne-se-znae-koga-kje-pomine-prviot-voz-po-prugata-kumanovo-beljakovcze-multimedija/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
И по седум години изградба, не се знае кога ќе помине првиот воз по пругата Куманово-Бељаковце (мултимедија)
Со многу помпезност и пред бројни телевизиски камери, на 2 март 2014 година беше поставен камен-темелник за реконструкција на пругата Куманово-Бељаковце како прва фаза од проектот за изградба на пругата кон Бугарија. Почетокот на оспособувањето на пругата долга 30,8 километри го означи тогашниот премиер Никола Груевски, кој не пропушти да спомене многу амбициозни планови за развојот на железничката инфраструктура во земјава. – Ако се земат предвид и другите проекти кои ги реализиравме, кои се во фаза на реализација или кои ќе се работат во следните неколку години, сумата за инвестиции во железничката инфраструктура се приближува кон 1,5 милијарда евра – ќе рече Никола Груевски на 2 март 2014 година. Од тогаш до денеска, се сменија владите на Никола Груевски и техничката на Емил Димитриев, по што дојде првата влада на Зоран Заев, техничката на Оливер Спасовски и сегашната, втора по ред влада на Заев, но пругата Куманово-Бељаковце не се изгради. Инвестициите од 1,5 милијарда евра во железничката инфраструктура од денешна перспектива изгледаат само како невкусен виц. До каде е изградбата на првата фаза на пругата кон Бугарија? Досегашниот изведувач на пругата Куманово-Бељаковце ја започнал изведбата на сите работи кои биле предвидени со овој проект, но од сите тие работи може да се констатира дека ништо не е целосно комплетирано. Поголемиот дел од земјаните работи, цевастите и плочестите пропусти како на главната траса на идната пруга, така и на многуте пристапни локални патишта се завршени. Сепак, треба да се довршат и заштитите на косините како и голем дел од каналите за одводнување. Горниот строј на пругата (застор, прагови и шини) е поставен на околу 6 километри од главната траса, информираат за „Мета.мк“ од „ЕПТИСА Македонија“. Тие се задолжени за надзорот над градежните работи на пругата и се дел од мултинационалната шпанска компанија „ЕПТИСА“, која е специјализирана во работењето на вакви проекти. Објектите од долниот строј (темели и столбови) се изведени на поголемиот дел од надвозниците, подвозниците и мостовите. Изработени се, но не се монтирани носачите за сите надвозници, а останува да се изведат носачите за подвозниците и за мостот на реката Пчиња, како и комплетно да се заврши горниот строј на поголем дел од објектите. Единствениот тунел кој беше дел од овој проект е завршен. Објектите од високоградба, станични згради, магацин, простории за сигнализација и телекомуникација се завршени до фаза на затворена карабина. – Согласно извештаите за напредок коишто се доставуваат до нас како работодавач од страна на надзорниот инженер, реализирани се 55 отсто од физичките работи на терен. Изведувачот има започнато со сите градежни работи предвидени со проектот, меѓутоа тие не се целосно комплетирани – информираат за „Мета.мк“ од инвеститорот Јавното претпријатие Железници на РСМ-Инфраструктура за моменталната фаза на изградба во која се наоѓа пругата Куманово-Бељаковце. Германската компанија „Вибе“ како досегашен изведувач на пругата на 29 мај 2020 година достави известување до инвеститорот за раскинување на договорот, со што изведбата на овој инфраструктурен проект запре, а механизацијата и материјалот од градилиштата е повлечен. По ваквиот расплет на работите, надзорот над градежните работи во моментов го изработува пресекот на завршените работи, по што ќе следи изработка на нова тендерска документација и распишување на тендер за избор на нов изведувач што ќе ја доврши изградбата на пругата. – Во овој критичен период за целиот проект сите напори на Надзорот се насочени кон завршување на активностите и исполнување на обврските кои следат во ситуација на прекинување на договорот за градежни работи – велат од „ЕПТИСА Македонија“. Од компанијата која го врши надзорот над изградбата на пругата Куманово-Бељаковце појаснуваат дека договорениот рок за реализација на овој проект е пробиен во два наврати. Првиот рок за изградба на пругата бил 15 септември 2017 година, кога изведувачот (германската компанија „Вибе“) поднел барање за продолжување на рокот за изградба до 20 февруари 2020 година и побарување на надомест на штета, врз основа на одредени причини кои довеле до доцнење на градежните работи. – Главниот проблем настана кога поради непредвидени (дополнителни) работи, беше потребна дополнителна експропријација, за што беше потребно и дополнително време. Ова беше една од причините поради кои рокот за изградба беше продолжен до 20.02.2020 – објаснуваат од „ЕПТИСА Македонија“. Надзорот вели дека договорните страни летото 2018 година влегле во преговори за продолжување на рокот за градба. – Надзорот ја направи својата проценка, заснована врз принципите дискутирани и преговарани од договорните страни со цел изнаоѓање компромисно и заемно прифатливо решение и поставување на нова договорна основа за успешно завршување на Проектот преку потпишување на анекс на договорот за градежни работи со нов рок 20 февруари 2020 и надомест на штета (33,93 проценти од износот кој бил побаран од изведувачот) – појаснуваат тие. Од „ЕПТИСА Македонија“ информираат дека пред истекот на вториот рок, изведувачот на пругата на 20.12.2019 година доставил ново побарување за продолжување на рокот за завршување на градежните работи до 06.04.2021 и ново побарување за надомeст на штета. Надзорот го анализирал новото побарување на страна на изведувачот, и утврдил дека изведувачот не успеал да демонстрира и докаже дека има право на продолжување на времето за завршување на градежните работи до 06 април 2021 година и право на обесштетување, со што побарувањето било одбиено како неосновано согласно договорот. – При изградба на пругата се јави потреба да се изведат непредвидени и дополнителни работи во функција на завршување на истата, со што се зголеми и обемот на работа. Од друга страна, изведувачот не беше во можност, поради недостаток на ресурси (механизација и персонал), да ги изведе работите во разумен реално можен рок – објаснуваат од надзорот. Од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура ги потврдуваат ваквите информации, дополнувајќи дека најважен момент што влијаел на успешната и навремена имплементација на договорот за градежни работи бил слабиот технички и човечки капацитет на изведувачот и неговата недоволна ангажираност во реализацијата на градежните активности на терен согласно предвидената динамика. – Потребата да се изведат непредвидени и дополнителни работи кои се наметнуваат во текот на градбата при досегашната изградба на оваа железничка траса се однесуваа генерално на грешки во техничката документација што беа успешно коригирани и решени со анекс кон договорот за градежни работи, заштитни и безбедносни мерки за населението што живее во близина на градилиштето, дополнителни заштитни мерки на археолошките наоѓалишта итн. – велат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура. Мета.мк“ го побара и официјалниот став од спротивната страна, од компанијата „Вибе“, до чие седиште во Германија во четири наврати испративме прашања преку електронска пошта за да добиеме одговор за нивните причини за раскинување на договорот и повлекување од изградбата на проектот. Првиот мејл го испративме на 19 јуни, а последниот на 23 јули, но на ниту еден од нив не добивме одговори на поставените прашања. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ потенцираат дека Владата на РСМ и нивното министерство очекуваат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура во најкраток можен рок да ги подготви сите документи потребни за објавување на нова постапка за избор на изведувач и надзор на пругата Куманово-Бељаковце. Од јавното претпријатие како инвеститор во проектот велат дека изградбата на првата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија ќе продолжи догодина. – Имајќи ги предвид процедурите и вообичаените временски рамки поврзани со меѓународните повици за избор на изведувач, продолжувањето на изградбата на пругата Куманово-Бељаковце се очекува да започне во текот на 2021 година – информираат од ЈП Железници на РСМ-Инфраструктура. Нема проблеми во втората и третата фаза од пругата кон Бугарија И додека работите запнаа околу завршувањето на првичната фаза од капиталниот проект за пругата кон Бугарија, во моментов течат роковите за избор на изведувач што ќе ја гради делницата од Бељаковце до Крива Паланка во должина од 33,9 километри. Во втората фаза од меѓународниот тендер, Европската банка за обнова и развој избра осум компании, кои влегоа во трката за избор на изведувач на пругата до Крива Паланка. Доколку постапката за избор на изведувач се заврши без проблеми, изградбата на пругата Бељаковце-Крива Паланка би започнала кон крајот на оваа или на почетокот на 2021 година. Прекинот на градежните работи на првата фаза делница Куманово-Бељаковце сè до избор на нов изведувач нема да влијае на започнувањето на работите на втората фаза делница Бељаковце-Крива Паланка. Работите може да се одвиваат паралелно на двете железнички делници со првичен фокус на изградба на структури на втората фаза – објаснуваат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура. Во однос на изградбата на третата и најкомплексна делница од 23,4 километри од пругата кон Бугарија, во моментов таа се наоѓа во фаза на изработка на тендерска документација за избор на изведувач и надзор. Пругата од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир ќе чини над 350 милиони евра, а досега се обезбедени 60 милиони евра неповратни средства од Европската унија. Завршена е и изработката на проектната документација за изградба на третата фаза. Економскиот раст страда од ненавремена изградба на капиталните проекти Наспроти убеденоста на државните власти дека проектот за изградба на пругата кон Бугарија непречено се реализира и е во привремен застој единствено првата фаза, експертите се залагаат за оценка на ефективноста на позајмените средства за овој зафат. – Самото позајмување не е проблем, меѓутоа средствата треба да се користат рационално и продуктивно, создавајќи претпоставки дека поради тие инвестиции економијата во иднина ќе расте побрзо и ќе создава предуслови за полесна отплата на долговите. Оттука, оценките дека некои средства сме ги позајмиле ефтино не држат вода, ако тие средства останале „заглавени“ како во случајот со пругата кон Бугарија – објаснуваат за „Мета.мк“ од „Фајнанс тинк“. Пресметките на „Фајнанс тинк“ укажуваат дека инвестиции во тврдата инфраструктура – пред сè патната и железничката – во обем од околу 5 отсто од БДП, имаат потенцијал да ја зголемат стапката на раст на економијата до 1 процентен поен, при што ако се зголеми и ефикасноста на извршувањето на инвестициите (побрзо се надминуваат тесните грла, се прави подобра приоритизација итн.), тогаш овој ефект може и да се зголеми. – Конкретно пругата кон Бугарија е значаен сегмент од Коридорот 8, кој го поврзува Јадранското со Црното море. Неговата економска значајност е голема, не само за поврзувањето на земјите низ кои тој поминува, туку и за полесна трговска конекција на овие земји со остатокот од светот. Во таа смисла, инвестицијата во железничкото поврзување како дел од Коридорот 8 веројатно има и поголем мултипликативен ефект за Македонија споредено со останатите патни и железнички инвестиции – велат од „Фајнанс тинк“. Но, не само за целиот Коридор 8 или за пругата кон Бугарија, дури и завршувањето единствено на пругата Куманово-Бељаковце би можело да придонесе за развој на железничкиот превоз во кумановскиот регион. Општина Куманово е најголема локална самоуправа во земјава со над 100.000 жители, која е оддалечена околу 40 километри од главниот град. Во оваа општина се спојуваат Коридорите 8 и 10 и со ваквата лоцираност, доградбата на Коридор 8 може да донесе брз економски развој на Куманово и подобар живот за неговите жители. Наспроти ова, актуелните податоци покажуваат минорно искористување на железничкиот транспорт во кумановскиот регион. Пругата Куманово-Бељаковце била функционална до почетокот на 90-тите години на минатиот век. Во моментов, патничкиот железнички сообраќај во Куманово го користат само околу 3.000 патници годишно, иако според сите европски стандарди, овој град би можел да биде поврзан со Скопје со градско-приградска железница. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2018 година биле превезени само 48.971 тони стока со воз од кумановската железничка станица. Главната причина за исклучително ниската искористеност на железницата е фактот што постојната железничка станица во Куманово се наоѓа на 4 километри надвор од градот, во Черкеско село. Кога би се завршила изградбата на делницата Куманово-Бељаковце, пругата би минувала на помалку од еден километар од центарот на Куманово. Со завршена прва фаза од проектот за пругата кон Бугарија, Куманово би добил дополнителна, втора железничка станица во градот (Куманово-ново), како и две нови стојалишта кај селото Лопате и во населбата Перо Чичо. Новата пруга која го заобиколува градот од северната страна би можела да обезбеди многу повеќе патници со воз во меѓуградскиот сообраќај меѓу Скопје и Куманово, како и развој на индустриска зона во Куманово. И покрај овие реални бенефиции што би ги добил градот, засега нема конкретен рок кога би можело да се очекува да помине првиот воз по пругата Куманово-Бељаковце, а уште помалку се знае која година истиот би можел да стигне до македонско-бугарската граница. https://meta.mk/i-po-sedum-godini-izgradba-ne-se-znae-koga-kje-pomine-prviot-voz-po-prugata-kumanovo-beljakovcze-multimedija/ |
||
![]() |
||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|
добро ако МЖ ќути, може ли некој да стигне до абер од изведувачите Џе Је Запело, сигурно не е до подизведувачот, сигурно не е до ЕБОР, сигурно не е Виебе, а може не е ни до властите, но ќе се тужеле, таман една деценија да се изначека Народ на правно пеглање, кое додека не заврши прашање е дали воопшто и ќе продолжат работите!? веројатно ќе следи нов тендер, но по кој основ сакаат и требаат да тужат нашите, колку знам позиција по позиција ги исплаќаат изведувачите!?
|
||
![]() |
||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|
си помислив да не имаат како компанија финансиски проблеми, но не најдов каде котираат на гемански берзи та да се сконта некако од таму ова, сепак кога ќе се спореди гореизнесениот процент на изграденост од 50% со претпоставувам вкупниот исплатен дел од кредитот наведен во пост #954, излегува дека поетнтата на Amynta пост погоре овој си е на место, иако може да е збор за новинарски лапсус та да не е прецизно наведено колку вкупно до сега им е исплатено на Wiebe од 40-те милиони може консултантов од линков да пушти срце и да обелодени кој е проблемот, но дефакто уште одма кога се завлечкале германците требало да се реагира, наместо сега по судови да се влечка државата, но изгледа ко фирма се завлечкани и со реконструкцијата на K10 ~ 2012 [1] ~ 2019 [2] та не е за чудење кај и како заглаиле на К8 иако првава етапа од трасата не треба да е тешка за изведба!? има ли некој Чоек што бил на терен да сподели абер од прва рака каде штекала и заштекала работа? ех излегвит најубо со Кинези да си бркаме дилои, прашање е само квалитетот каков би бил, но се покажа пр. кај скопската обиколница дека не квалитет ами проект промашуваат европеите!
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Надзорот прави пресек на сработеното, пругата Куманово-Бељаковце ќе продолжи да се гради догодина
Откако германската компанија „Вибе“ како изведувач се одлучи да го раскине договорот за изградба на пругата Куманово-Бељаковце, надзорот над градежните работи на овој проект започна активности за изготвување на пресек на завршените работи. Досега се реализирани 55 отсто од физичките работи за изведба на пругата на терен, а по изготвувањето на пресекот, ќе биде изработена тендерска документација и ќе се распише нов тендер за избор на изведувач во согласност со правилата на Европската банка за обнова и развој, информираат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на РСМ. Од претпријатието посочуваат дека надзорниот инжинер има валиден договор со нив и интензивно работи во моментов на изготвување на пресекот на она што досега е сработено од германската компанија „Вибе“. – Имајќи ги предвид процедурите и вообичаените временски рамки поврзани со меѓународните повици за избор на изведувач, продолжувањето на изградбата на пругата Куманово-Бељаковце се очекува да започне во текот на 2021 година – информираат од ЈП за железничка инфраструктура на РСМ. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ велат дека Владата очекува од јавното претпријатие во најкраток временски рок да ги подготви сите документи потребни за објавување на нова постапка за избор на изведувач и надзор. „Мета.мк“ повеќе од еден месец во четири наврати испрати електронска пошта со прашања за барање за објаснување на причините за повлекување од проектот до централата на компанијата „Вибе“ во Германија, но не добивме никаков одговор од досегашниот изведувач на пругата. Од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура велат дека прекинот на градежните работи на првата фаза од изградбата на железничкото поврзување со Бугарија нема да влијае на започнувањето на работите на втората фаза за изградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка. Тие сметаат дека градежните работи можат да се одвиваат паралелно на двете железнички делници во наредниот период, со првичен фокус на изградба на структурите на втората фаза. Во тек е тендерот за избор на најповолен изведувач што ќе ја гради железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Изградбата на пругата од Куманово до Бељаковце е стопирана откако на 29 мај годинава изведувачот „Вибе“ доставил известување за раскинување на договорот за изведба на овој проект. Од јавното претпријатие како инвеститор во проектот за „Мета.мк“ тогаш изјавија дека изведувачот и претходно поради слабиот човечки и технички капацитет и недоволната ангажираност на терен, со забавена динамика ги изведувал работите на терен. Пругата Куманово-Бељаковце со својата должина од 30,8 километри е прва фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија. Оваа делница треба да обезбеди зголемен обем на превоз на патници и стоки со возови од кумановскиот регион, додека во следните две фази од проектот, со пруга треба да се поврзат Кратово и Крива Паланка, додека Македонија со заеднички тунел кај граничниот премин Деве Баир треба конечно железнички да се поврзе со нашиот источен сосед. https://meta.mk/nadzorot-pravi-presek-na-srabotenoto-prugata-kumanovo-beljakovcze-kje-prodolzhi-da-se-gradi-dogodina/ |
||
![]() |
||
AmyntA ![]() Groupie ![]() Joined: 07-Nov-2011 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 91 |
![]() ![]() |
|
Причините не може да бидат ем непознати, ем наведени во раскинот на договорот. Ваа невласт е безобразна и манипулативна. Според мене, раскинот е поради неплаќање на изведеното во договорениот рок. Затоа и не ги објавуваат причините.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Над 2,2 милиони евра годинава се префрлени од државата до Железници за изградба на пругата Куманово-Бељаковце
Министерството за транспорт и врски на ЈП за Железници на РСМ-Инфраструктура од јануари до јуни годинава му префрлило над 2,2 милиони евра од кредот на ЕБОР за изградба на пругата Куманово-Бељаковце, покажуваат податоците објавени на open.finance.gov.mk. Од кредитот во висина од 46,2 милиони евра што земјава го подигна во 2012 година, само во првото полугодие од државата на јавното претпријатие му се легнати шест транши за изградба на пругата долга 30,8 километри. Станува збор за една четвртина од вкупните средства кои ЈП за Железници на РСМ-Инфраструктура треба годинава да ги добие за изградба на овој проект (околу 9 милиони евра), а кои се вметнати како сума во Ревидираниот бизнис план на ЈП ЖРСМ-Инфраструктура за 2020 година. И додека Министерството за транспорт и врски непречено ги исплаќало средствата кон инвеститорот за изведба на оваа железничка делница, останува нејасно зошто изведувачот на 29 мај годинава доставил известување за раскинување на договорот за изградба на пругата Куманово-Бељаковце. „Мета.мк“ испрати прашања до централата на досегашниот изведувач „Вибе“ во Германија за овој проект, но до објавување на овој текст не добивме одговор за причините поради кои се одлучиле да го раскинат договорот за завршување на првата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија. Информација пристигна единствено од ЈП за Железници на РСМ-Инфраструктура, кои потврдија дека ќе мора да се распише нов тендер за избор на изведувач на пругата Куманово-Бељаковце. Со раскинувањето на договорот, германската компанија „Вибе“ ја запрела изградбата на пругата, додека подизведувачите ја повлекоа механизацијата и материјалот од градилиштата. Од јавното претпријатие како инвеститор во проектот за „Мета.мк“ изјавија дека изведувачот поради слабиот човечки и технички капацитет и недоволната ангажираност на терен, со забавена динамика ги изведувал работите. Сепак, „Вибе“ засега не ги објавува јавно причините поради кои се откажал од договорот за изведба на пругата. Со неславниот епилог со досегашниот изведувач, нашата земја ќе треба повторно да објави меѓународен тендер за избор на изведувач на пругата Куманово-Бељаковце, кој заедно со спроведувањето на неколкумесечната тендерска постапка, ќе значи и дефинитивно одложување на завршувањето на пругата Куманово-Бељаковце за 2021 година, иако проектот првично беше ветуван дека ќе биде готов до 2016 година. https://meta.mk/nad-22-milioni-evra-godinava-se-prefrleni-od-drzhavata-do-zhelezniczi-za-izgradba-na-prugata-kumanovo-beljakovcze/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ВЛАДАТА ЌЕ ЈА ТУЖИ ГЕРМАНСКАТА ФИРМА ШТО ЈА ПРЕКИНА ИЗГРАДБАТА НА ПРУГАТА КУМАНОВО-БЕЉАКОВЦЕ
Владата ќе ја тужи германската фирма „Вибе“, затоа што еднострано ја прекинала соработката со ЈП „Македонски железници-инфраструктура“ и се повлекла од изградбата на железничката пруга Куманoво-Бељаковце, дел од Коридорот 8 кон Бугарија. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, вели дека од причини познати само на изведувачот, тој се повлекол од градилиштето. „Причините коишто се наведуваат за нас се крајно неприфатливи и затоа на вчерашната седница на Влада зазедовме став да ги преземеме сите мерки во делот на ангажирање на адвокати, меѓутоа и сите други потреби околу банкарски гаранции. Сите аргументи се на наша страна. Со меморандумот којшто е потпишан во април месец, требаше тие да ја завршат пругата на крајот на февруари, така да нашите очекувања спорот ние како држава да го добиеме“ изјави денеска Сугарески, кој заедно со премиерот Оливер Спасовски беа на увид на рехабилитација на магистралниот пат Куманово- Страцин. Министерот додаде дека се преземени сите мерки да продолжи динамиката на изградба на преостанатите 55 проценти со цел пругата што побрзо да биде завршена, бидејќи во моментот се евалуираат понудите и за втората делница, од Бељаковце до Крива Паланка. Изградбата на железничката пругата Куманово – Бељаковце,запре минатата недела откако фирмата ја повлече механизацијата и си го собра материјалот од градилиштата во близина на Куманово и Шупли Камен. Работниците тогаш изјавија дека од почетокот на месецот ништо не се работи на терен, а тие попусто доаѓаат на работа. Притоа, кажаа дека немаат земено плата два ипол месеци, а останале и без здравствено осигурување. Изградбата на пругата започна во 2014 година. Првата делница Куманово – Бељаковце е во должина од 30 километри и чини околу 40 милиони евра. Втората траса Бељаковце- Крива Паланка 140 милиони евра, од кои 68 милиони евра се грант, третата делница Крива Паланка – граничен премин Бугарија изнесува 405 милиони евра, од кои 60,8 милиони евра се грант од ИПА. Целата делница од Куманово до Бугарија ќе чини над 580 милиони евра. С.НИКОЛИЌ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vladata-ke-ja-tuzhi-germanskata-firma-shto-ja-prekina-izgradbata-na-prugata-kumanovo-belakovtse/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Прекина изградбата на пругата Куманово-Бељаковце, ќе има тендер за нов изведувач
Сопрена е изградбата на пругата Куманово-Бељаковце на барање на германскиот изведувач „Вибе“, информираат од ЈП Железници на РСМ-Инфраструктура. Државата ќе мора да бара нов изведувач за довршување на првата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија, како и изготвувач на нова техничка документација за железничката делница долга 30,8 километри. Од ЈП ЖРСМ Инфраструктура во изјава за „Мета.мк“ велат дека изведувачот на 29.05.2020 година доставил до нив известување за раскинување на договорот, со што и официјално запрела изградбата на пругата, додека фирмите подизведувачи ја повлекле механизацијата и материјалот од градилиштата. Градежни работници кои изминатиов период работеле на изведба на пругата Куманово-Бељаковце за неколку медиуми вчера изјавија дека е запрена изградбата на првата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија. Тие се жалат дека два месеца не земале плата и останале без здравствено осигурување, иако нивните договори за работа истекуваат на крајот на август. – ЈП ЖРСМ како Работодавач ги врши редовно плаќањата на Изведувачот, за платите на нивните работници обратете се кај Изведувачот – е краткиот одговор од јавното претпријатие за состојбата со надоместоците за ангажираните градежни работници. Тие тврдат дека со ваквиот расплет на настаните и одлуката на изведувачот да го раскине договорот, ЈП ЖРСМ Инфраструктура во соработка со владата ќе ги преземат „сите неопходни законски дозволени дејствија за заштита на своите права“. Од јавното претпријатие тврдат дека германската компанија „Вибе“ имала рок до септември 2017 година да ја заврши изградбата на пругата од Куманово до Бељаковце, а поради пробивањето на рокот за изградба поради проблемите што се појавиле при изведбата, бил потпишан Анекс на договорот за продолжување на времето за завршување на работите до 20 февруари 2020 година. Од ЈП ЖРСМ Инфраструктура тврдат дека изведувачот успеал да реализира само 54 отсто од вкупниот обем на работите. Изградбата на пругата Куманово-Бељаковце започна во март 2014 година, со првично ветување на тогашната влада дека проектот ќе биде изведен во рок од две години. Во меѓувреме, пуштањето во функција на железничката пруга Куманово-Бељаковце се одложува неколку пати по ред. Германската компанија „Вибе“ досега не излегла во јавноста со официјално соопштение за причините поради кои се одлучи да го раскине договорот за изградба на железничката делница. Пругата Куманово-Бељаковце е исклучително важна за Куманово, бидејќи со нејзината изведба ќе се добие нова железничка станица и стојалишта во неколку населени места, со кои на жителите на Куманово ќе им се овозможи подостапен патнички железнички сообраќај кон Скопје. https://meta.mk/prekinata-izgradbata-na-prugata-kumanovo-beljakovcze-od-zhelezniczi-molk-za-prichinata/ |
||
![]() |
||
WolfLeader ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
![]() ![]() |
|
Ne deka ne mi bese jasno , ama aj si vikam moze ke se iznenadime pa da ne zboruvame na prazno ,da bidime optimisti de , ama usvari ne sme pogresile , ke bese svetsko cudo da prugata se gradese bez problem ..... |
||
![]() |
||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
![]() Jas so godini zboram deka nema nisto od taa pruga dodeka nema politicka volja od dvete strani. |
||
![]() |
||
WolfLeader ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
![]() ![]() |
|
Ovaa pruga nema da bide izgradena vo narednite 10 godini !!!
|
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Имало активност/најави на пругава за време на СФРЈ? Ако да тогаш од 1943 градиме 60km пруга и никако да ја изградиме.
Edited by Staro Skopje - 18-Jun-2020 at 22:17 |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
Дури има потенцијал да ја надмине и Коронациската Улица во времетраење. |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Шпанската теленовела наречена „Пруга кон Бугарија“ продолжува
![]() |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 54> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |