Oсвен приватната 45-ка што вози до Ченто, онаа од „новите“ Саноси која има електронски дисплеј со линијата и дестинациите, додека бев Скопје видов и една четворка на ЈСП од Саносите што ги купија за 50 години ЈСП со такви дисплеи. Дали некој знае нешто повеќе за ова? Бидејќи беше излепен автобусот со реклами за Алфа Банка си викам да не е некоја донација од алфа банка за да биде повпечатлив автобусот, или? Сигурно сте ја виделе низ Скопје.
P.S. Нели автобусите што сакаа да ги увезат приватниците мораше да бидат со минимум три врати, па тогаш се прашувам како може ЈСП да вози автобус со две врати (кој е меѓуградски BTW, и според распоредот на седиштата и според изгледот) на линијата 52 или 58, не се сеќавам, кој го видов да поминува пред Holiday Inn. Двојни аршини. Изгледаше некако вака:
Панелите што покажуваат
за колку време на автобуската станица ќе пристигне автобусот се во
функција. Конечно и скопјани сега може да се информираат колку време ќе
треба да чекаат на станиците до следниот. Директорот на јавното
сообраќајно претпријатие „Скопје“, Мишо Николов, вели дека во план е
поставување и на нови
- Еден панел чини 4.000 евра, ние поставивме десет, бидејќи
немаме доволно пари за повеќе. Во план е бројот на панели да се зголеми
кога ќе почне поставувањето на унифицираните автобуски станици. Тогаш
фирмите што ќе се рекламираат таму ќе имаат обврска на постават по еден
панел - вели Николов.
Инцидент со автобус на ЈСП мина без поголеми последици
Автобус на ЈСП вчера искористи билборд на тротоар за да застане. Возилото најверојатно не успеало да закочи навреме на семафорите на булеварот Свети Климент Охридски, па се качило на тротоар и со горниот десен дел удрило во големото рекламно пано што му се нашло на патот. За среќа инцидентот помина без поголеми последици.
Пет евра по патник од
Скопје до "Александар Велики"
Трансферот
на патниците до аеродромот се врши час и половина порано, со поаѓање од
пред претставништвото на Адрија" во центарот на Скопје. Во обратна
насока комби-превозот се врши веднаш по завршувањето на пасошката и
царинската контрола над патниците и багажот
Словенечкиот авиопревозник Адрија ервејс" им излегува во
пресрет на своите патници кои немаат превоз до скопскиот аеродром
"Александар Велики". Од вчера компанијата воведе комби-превоз до и од
Александар Велики" и тоа за секој од своите летови кон и од нашата
земја. Како што вели Момир Рафајлоски, директор на претставништвото на
Адрија ервејс" во Скопје, ваквиот комби-превоз компанијата го организира
за секој од вкупно 14-те летови, колку што ги има кон и од нашиот
главен град. - Адрија ервејс" има секој ден по два лета на релација
Љубљана-Скопје и обратно, со полетувања од скопскиот аеродром рано
наутро во 5,30 и попладне во 15,50 часот. Притоа, трансферот на
патниците до аеродромот се врши час и половина порано, со поаѓање од
пред претставништвото на Адрија" во центарот на Скопје. Во обратна
насока комби-превозот се врши веднаш по завршувањето на пасошката и
царинската контрола над патниците и нивниот багаж - велат од
претставништвото на Адрија ервејс".
Со ваквиот превоз е опфатен и вечерниот лет на словенечкиот
авиопревозник, чијшто прв авион пристигнува на Александар Велики" во
1,15 по полноќ. Рафајлоски посочува дека патниците мора однапред да си
резервираат комби-трансфер, чија цена е пет евра, во денарска
противредност, по патник.
Овој потег на словенечкиот авиопревозник се очекува да го следат и
другите авиокомпании што оперираат на "Александар Велики". Таквото нешто
до пред извесно време беше незамисливо, при што авиопатниците беа
препуштени самите на себе и на сопствената организација на превоз до и
од скопскиот аеродром. И тоа со свои возила или со такси, при што
владее(ше) и невиден хаос со таксистите, кои набиваа превисоки цени на
своите услуги и ги дереа патниците (за неупатените ја дигаа цената и до
25 евра), што, пак, за многумина од нив, кои прв пат беа во земјава
создаваше многу грда слика, што ја носеа со себе како една од главните
импресии од посетата на Македонија.
За воведувањето организиран превоз на авиопатниците до и од
Александар Велики", со воспоставување редовна автобуска линија, неодамна
расправаше и донесе заклучок и Советот на Град Скопје. Неговата
иницијатива за конечно разрешување на ова прашање ја прифати и Јавното
сообраќајно претпријатие Скопје", а во реализацијата на оваа
долгогодишна идеја и замисла се вклучува и концесионерот и нов
сопственик на македонските аеродроми - турски ТАВ. Скопје е една од
ретките, ако не и единствена метропола, која со години нема редовна
автобуска линија до своето авиопристаниште. Секаде во светот аеродромите
се поврзани со редовни автобуски, железнички, трамвајски или
тролејбуски линии, па патувањето е брзо, едноставно и што е најважно, во
најголем број случаи и евтино. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=8BCF46C955990743BEAB69B5A56C5E14
Не сум многу воодушевен од дисплеите бидејќи се премали, ама ајде нема врска. Се надевам дека кога ќе се постават нови автобуски постојки ќе има на нив информации за тоа кои автобуси застануваат на постојката, па така ќе нема потреба од такви информации на дисплејот како што вика lsl.
Originally posted by lsl
Како системот добива информација за еден автобус кон која последна станица е упатен. Дали е тоа должност на возачот да го мести на секоја последна или според движењето системот сам одредува. Пред се мислам дали може да настане евентуална грешка еден автобус да иде кон одредена последна станица, а системот погрешно да го толкува дека се движи кон спротивната последна и всушност да се добие некаква информација дека автобусот вози рикверц. Како се спречени ваквите програмски колизии.
Рачно се мести на крајот тоа, се стиска едно копче за ресетирање на информациите, а воедно каде што има и аудио најава на постојките во автобусот, се ресетира и тоа и ги кажува постојките за обратниот правец.
Евентуално при измена на трасата, да речеме поради затворена улица, дали привремената употреба на други автобуски станици ќе се евидентира и прикажува?
Апаратот пресметува според оддалеченоста на автобусот. Ако вози по некоја друга улица тој ден, и ако биде оддалечен 20 минути од постојката, ќе си пишува 20 минути, без разлика што нема ни да застане таму. Освен ако не го исклучи возачот gps-от, но сепак не верувам дека возачот може рачно да го исклучи тоа.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Втора работа е колку е можна интерконекција на ваквите системи. Дали ќе може утре да се врзат и евентуални системи на приватни превозници со овој систем на ЈСП. Или па евентуално истиов тип веќе не е достапен на пазарот, ќе треба да не набават од друг производител.
Убеден сум дека компатибилноста нема да биде никаков проблем во било каква комбинација.
Originally posted by lslcrew
Дали има латиница наизменично со кирилицата?
Не
Originally posted by lslcrew
Како се пресметува времето што се покажува? Дали е динамична променлива или е статична бројка израчуната според просечна брзина и оддалеченост од станицата.
Неколку работи ми останаа неразјаснети со овие панелите.
Прво треба на панелите освен автобусите што доаѓаат, време, датум и слично, треба да го има и името на автобуската на која што се наоѓа панелот, да речеме за евентуално странец кога ќе дојде и има мапа да види на која автобуска е, или па вакви мапи да има на сите автобуски и со посебни покрупни точки да биде нзначено на која автобуска се наоѓа.
Втора работа е колку е можна интерконекција на ваквите системи. Дали ќе може утре да се врзат и евентуални системи на приватни превозници со овој систем на ЈСП. Или па евентуално истиов тип веќе не е достапен на пазарот, ќе треба да не набават од друг производител.
Дали има латиница наизменично со кирилицата?
Како се пресметува времето што се покажува? Дали е динамична променлива или е статична бројка израчуната според просечна брзина и оддалеченост од станицата.
Како системот добива информација за еден автобус кон која последна станица е упатен. Дали е тоа должност на возачот да го мести на секоја последна или според движењето системот сам одредува. Пред се мислам дали може да настане евентуална грешка еден автобус да иде кон одредена последна станица, а системот погрешно да го толкува дека се движи кон спротивната последна и всушност да се добие некаква информација дека автобусот вози рикверц. Како се спречени ваквите програмски колизии.
Евентуално при измена на трасата, да речеме поради затворена улица, дали привремената употреба на други автобуски станици ќе се евидентира и прикажува?
YouTube од пред некое време така работи. Кога ќе го качиш видеото за неколку секунди може да се гледа со слаб квалитет само за да не биде недостапно. Кога ќе се процесира ќе се покаже квалитетот. Порано неможеше воопшто да се гледа неколку минути после качување. Така да ништо страшно ќе се оправи само за неколку минути.
П.С. Мислам дека ова е првата видео вест. За жал, јутуб страшно го намали квалитетот, а и незнаев дека волку слабо ќе се гледа на компјутер. Во живо знаците се читливи и си ја вршат фунцијата. Башка точни!
Edited by La Linea - 30-Mar-2010 at 23:44
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Многу млади не се ни обиделе да се поврзат на „Фејсбук“ или на „Месинџер“ додека се возат во автобус
Снежана Калабакова
Нема голем интерес кај младите скопјани да користат Интернет во автобус. И по две седмици откако ЈСП пробно воведе бесплатен Интернет во еден автобус на линијата број „5“, ретко некој се обидел да ја искористи ваквата нова придобивка. Ова ни го потврдија неколку ученици и студенти, додека екипата на „Утрински“ се провози со „Интернет-автобусот“. Чудно е дека за новината не знаеја и некои возачи, и тоа од линијата број „5“, која сообраќа од Ново Лисиче до Дексион.
На младите, се чини, ни на крај памет не им е да пратат и-мејл или да се „закачат“ на „Фејсбук“ додека се возат во автобус. Студентите сметаат дека не е потребен Интернет во стари автобуси и оти ваквата новина прилега во нови возила за кои скопјани се' уште сонуваат. Повозрасните, пак, сметаат дека веројатно, нема некој со лаптоп да сурфа во преполн автобус, зошто тој сигурно не користи градски превоз, а од друга страна, ниту оној што има модерен и скап телефон сигурно нема да се занимава со пребарување на Интернет во моментот додека е во автобус. Граѓаните велат дека кога се патува со градскиот превоз, мора да се води сметка за крадците што ги има речиси во секој автобус, како и навреме да се дојде до вратата за излез, а не да се мисли на Интернет.
Но, информациите што досега ги имаат во ЈСП говорат дека младите, сепак, се заинтересирани за сурфање во автобус.
„За инсталирањето на еден рутер во автобусот број ’5‘ засега ништо не плаќаме, бидејќи фирмата ’Неотел‘ за возврат бесплатно се рекламира. Претпријатието се' уште го испитува мислењето на скопјани, а првичните анализи на пилот-проектот велат дека младите користат Интернет додека се возат во автобус“, вели Билјана Јанкуловска, одговорна за информирање во ЈСП.
Петар Маневски, возач на „Интернет-петката“ тврди дека привилегијата за сурфање во автобус најмногу ја користат младите. Вели ги гледа дека го користат Интернетот со мобилните телефони, а со лаптоп уште не видел.
„Не користам Интернет додека одам на работа, бидејќи се возам на кратки релации, ниту, пак, сум слушнала некои од моите пријатели и блиски да користеле“, вели скопјанката Јулија Крстевска.
И Наташа Конева, исто така, не се заинтересирала да користи Интернет во автобус, а не знае ниту за нечие искуство.
„Можеби е интересно кога ќе се чуе дека во автобус има Интернет. За новината прочитав во весник. Толкав метеж е во автобус што нема можност да се користи лаптоп ниту, пак, мобилен, особено затоа што се возиме на кратки релации. Сметам дека нема потреба од такво нешто“, ни рече студентката Мирјана Кралевска.
Воислав Здравковски, студен на Правен факултет мисли дека не е потребен Интернет во автобусите, туку подобри услови во нив. Петар Србиновски, пак, ученик во ОУ „Димитар Миладинов“ веднаш се обиде да се поврзе на Интернет, но се разочара што телефонот не му овозможи конекција. Група ученици од гимназијата „Орце Николов“ и од АСУЦ „Боро Петрушевски велат оти чуле на телевизија дека во „5“ има бесплатен Интернет, но не се обиделе да се конектираат ниту, пак, некој од друштвото го сторил тоа.
САЈБЕР-ПИЛОТ ПРОЕКТ ЗА БЕСПЛАТЕН ИНТЕРНЕТ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ
Фејсбук и скајп во петка на ЈСП
Патниците на автобусот со број 5 на ЈСП од Дексион до Ново Лисиче можат да се "закачат" на Фејсбук, скајп, месинџер или на некоја друга социјална мрежа додека се возат. Потребно е само да носат лаптоп, пософистицирани мобилни телефони и-поди или МП3-плеери. Во моментов, бесплатен интернет има само во едно возило (694) кое што е означено со лепенка дека има ваерлес рутер, а од Јавното сообраќајно препријатие велат дека станува збор за пилот-проект кој ќе се спроведува во следните два месеца по што ќе се направат анализи колку се користи интернетот во автобус. Од резултатите ќе зависи дали ваерлес рутери ќе добијат сите линии. - Пилот-проектот почнавме да го реализираме со помош на Нео ком. Тој е замислен да опфати повеќе линии, особено возилата кои се во добра кондиција, но дали тоа навистина ќе се оствари ќе се знае по анализите што ќе ги направиме. Се разбира бесплатниот интернет најмногу ќе им прилега на новите автобуси кои очекуваме да почнат да пристигнуваат од јуни, вели генералниот директор на ЈСП, Мишо Николов. Тој најави дека промоцијата на пилот-проектот ќе се случи идната недела заедно со промовирањето на новиот изглед на интернет-страницата на препријатието, која важи за една од најпосетуваните во Македонија.
На оваа новина најмногу и се израдуваа младите. Иако се уште не се доволно информирани за ВФ-новината, тие велат дека со сурфањето возењето нема да им биде досадно како досега. Дел од повозрасните, пак велат дека тоа е луксуз и сугерираат да се посвети поголемо внимание на хигиената и на редовноста на автобусите.
И додека одговорните од ЈСП планираат да воведат Интернет на некои автобуски линии, како да не забележале дека некои автобуси изгледаат како штотуку да доживеале сообраќајна незгода, во која возилото загубило половина покрив
Во годинешната
инвестициска програма
на ЈСП по грешка стои дека пречките пак ќе се поставуваат по должината на булеварите,
но до тоа нема да дојде, бидејќи меѓниците само дополнително прават метеж во
сообраќајот
Жолтите
пречки што треба да го одвојуваат јавниот од другиот превоз по
должината на булеварите, по грешка се најдоа и во инвестициската
програма на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за годинава.
Неделчо Крстевски, портпарол на градската управа, вели дека пречките
нема да се поставуваат, бидејќи тие повеќе му пречат на сообраќајот
отколку што го олеснуваат.
- Во годинешната инвестициска
програма на ЈСП е направена ненамерна техничка грешка. Во неа стои дека
пречките пак ќе се поставуваат на булеварите, но до тоа нема да дојде,
бидејќи овие меѓници се покажа дека само дополнително го попречуваат
сообраќајот и правата метеж - вели Крстевски.
Советникот
Драган Давчевски за Програмата вели дека треба побрзо да се реализира,
за да се заштити градот од евентуални загадувања.
- Програмата
е позитивна, не е преамбициозна и е остварлива. Таа треба побрзо да се
реализира, особено тоа што се планира комбиниран систем на гориво за
автобусите. Добро е и тоа што дел од автобусите наместо на нафта, ќе
возат на природен гас. Сметам дека треба да се преадаптираат постарите
возила. Од една страна ќе им се продолжи работниот век, а од друга
страна, помалку ќе загадуваат - вели Давчевски.
Директорот на
ЈСП „Скопје“, Мишо Николов, најави дека годинава во претпријатието ќе
се вработат 62 лица, од кои 52 ќе ги пополнат местата на пензионерите.
Во наредните три години се планира моторите на 80 автобуси да се
преадаптираат наместо нафта да користат плин, да се постават уште 90
информативни панели, да се воведе системот на електронска наплата. Во
план е реконструкција на двете постојни хали во базите во Автокоманда и
во Ѓорче Петров, кои се изградени во 1947 и 1960 година.
Советникот Зоран Шапуриќ смета дека претпријатието треба повеќе да поведе сметка за нерентабилните линии.
-
Пред некое време се укина линијата број „72“, сега жителите на Усје
немаат никаков автобус до градот. Сметам дека оваа линија треба
повторно да профункционира, макар и пробно иако не е рентабилна - вели
Шапуриќ.
Според програмата, парите потребни за реализација на
проектите треба да дојдат од три извори - сопствени, од градската
управа и од Владата.
Предвидено е Владата да даде пари за
купување 302 нови автобуси, како и за половни автобуси со старосна
граница помеѓу пет и 10 години до крајот на 2012 година. За
преадаптација на моторите се предвидени 98,2 милиони денари. А за
проектот „Ренесанс“ со кој е предвидено вградување уред за користење
гас во 12 возила и воведување на системот за информирање на патниците
за реалното време на пристигнување на возилата, 13,8 милиони денари.
Владата
и градската управа заедно треба да ги финансираат проектите за
реконструкција на постојните хали, тежок 60 милиони денари, вградување
опрема за автоматска локација во 250 автобуси, како и поставување 90
информативни табли за што се потребни 50,9 милиони денари. Набавка на
современ алат за одржување на возилата, сервисни возила за оперативни
интервенции, уреди за прифаќање на издувните гасови од халите, како и
за реконструкција и комплетирање на работилницата за поправка на возила
со мотор на природен гас и дијагностика се другите проекти што ќе ги
финансираат Владата и градската управа со 84 милиони денари.
Со
сопствени средства ЈСП ќе го воведува електронскиот систем за јавни
набавки, архивирање документи и електронско банкарство. Од својот џеб
ЈСП ќе даде и за купување четири лесни патнички возила, за
осовременување на пумпните станици, поставување нови билетарници, како
и рекаросирање на 30 автобуси. За реализација на овие проекти
претпријатието ќе одвои околу 35 милиони денари.
Сега сфатив што на македонски уствари значи „мини-бус“. Тоа значи комбе за разнесување патници до зафрлени места, а не автобуси какви што ви покажав погоре.
Да, моменталната флота минибуси на ЈСП се состои од комбиња IVECO
Градските власти втор пат распишаа набавка на систем за електронска наплата и систем за автоматско следење на автобусите, при што бараат понудената опрема да биде последниот крик на техниката
Градот Скопје распиша нов јавен повик за набавка, инсталирање и одржување систем за автоматска локација на автобуси и систем за интелигентна наплата на
автобуски билети во возилата на ЈСП. Системот ќе биде инсталиран во 300 возила и ќе биде пософистициран од тој што беше предмет на претходниот повик.
- Технички се бара опремата да биде последен крик на техниката, нешто што во моментов е најдобро на пазарот. Ќе има подобри компјутери, сервер и подобар комуникациски систем. Не купуваме застарени системи - вели Јани Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во Градот.
Во огласот е посочено дека оваа опрема мора да биде компатибилна со опремата што веќе е инсталирана во приватните автобуси на „Слобода превоз“ и „Мак експрес“.
- Оваа набавка треба да биде прв чекор кон воспоставување единствен тарифен систем, односно една картичка да важи и во ЈСП и во приватните автобуси. Според процените на претпријатијата што го вовеле овој систем, прометот им се зголемува за 20-30 отсато - вели Мишо Николов, директор на ЈСП.
Критериум за доделување договор за јавна набавка ќе биде економски најповолната понуда. Цената ќе се бодува со 65, а квалитетот со 15 бода. Економскиот оператор во последните три години треба да има остварено вкупен приход од најмалку 1,5 милион евра за извршена испорака и монтажа на бараните системи. Тој треба да има извршено и испорака и монтажа на најмалку еден систем во вредност не помала од 500.000 евра. Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор е тој да има склучено договори за испорака и монтажа на системите во најмалку два града на територија на Европа или Азија, да е во функција во последните три години и да се однесува на најмалку 400 автобуси. Оној што ќе ја добие набавката ќе биде должен во првата година да основа овластен сервисен центар, кој ќе врши сервисирање на системот и да има сертификат ИСО за гаранција на квалитет.
Понудите може да се достават најдоцна до 29 април.
Според Николов, со воведување на електронската наплата ќе се намали готовината кај возачите, ќе се намали времето на стоење на постојките и ќе се добие поголема контрола на прометот. Со системот за автоматската локација на возилата ќе може да се има потполн увид во движењето на сите автобуси во однос на возниот ред.
Досега беше распишан еден јавен повик за електронска наплата и за автоматско следење на автобусите, но поранешниот градоначалник Трифун Костовски не потпиша договор. За реализирање на проектот тогаш Градот имаше предвидено 24 милиони денари или 400.000 евра.
Приватните превозници воведоа електронски картички и читачи во септември 2008 година, но системот не се користи во сите автобуси.
Сега сфатив што на македонски уствари значи „мини-бус“. Тоа значи комбе за разнесување патници до зафрлени места, а не автобуси какви што ви покажав погоре.
Иако тоа не мора да биде лошо во секој случај, и може да изгледа како Мercedes Sprinter на сликите подолу, нешто ми кажува дека ќе одиме на најефтината варијанта.
MERCEDES SPRINTER
А јас искрено кога веќе сакаат комбе, а не мини-бус, би го одбрал ова:
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum