build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 567
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 31-Mar-2010 at 23:19
Ќе биде ли зоната во Штип ново Потемкиново село

Текстилот е доминантна стопанска гранка во источниот дел на земјата

Иван Бојаџиски


ШTИП - Технолошко-индустриската развојна зона „Штип“, со локации за педесетина фабрики ќе биде рај за инвеститори или ново Потемкиново село, како што тврди опозицијата? Оваа дилема ќе биде решена по само една година, период што го означи премиерот Никола Груевски како конечен датум за изградба на инфраструктурата. Дотогаш може само да се претпоставува каква индустрија ќе развива штипската индустриска зона и колку работни места ќе бидат отворени.

Откако Груевски го најави владиниот проект остана нејасно колку нови работни места ќе се отворат. Бројките што се соопштија за индустриската зона некако не се совпаднаа. И додека директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Марјан Јованов рече дека ќе се вработат 15.000 лица, Никола Груевски најави отворање на 10.000 работни места. Стана јасно дека првиот човек на овие зони и премиерот не се искоординирале пред да дојдат на свеченоста во Штип, па оттаму остана да виси разликата од 5.000 вработувања.

Иако многумина критичари на власта имаат став дека Груевски гради нестварни објекти со цел да создава илузија на премиер посветен на економијата, факт е дека индустриската зона „Штип“ има повеќе од поволна локација. Таа се протега на 200 хектари, на локација покрај магистрален пат и железница, во непосредна близина на карго-аеродромот, чија изградба би требало да почне дури по десет години. Блиску локацијата е и новата 400-мегаватна трафостаница, која енергетски ги поврзува Србија, Македонија и Бугарија, а во непосредна близина е и цевководот што ја носи водата од регионалниот хидросистем „Злетовица“ кон Штип и Свети Николе. Значи, од аспект на ресурсите што ги нуди локацијата, неспорни се позитивните аспекти.

Меѓутоа, енигма е како да се пронајдат педесетина, главно, странски инвеститори, кои ќе решат дел од својот капитал да вложат во нови индустриски капацитети кај Штип. Самата индустриска зона (ќе) има регионален карактер и според најавата на Груевски, треба да ги мотивира и компаниите од регионот.

Сепак, економската слика на регионот не дава надеж дека работите ќе се одвиваат во една таква насока. Имено, во Штип како регионален центар и во источниот дел на Македонија доминантна стопанска гранка е текстилот. На овој простор има и развиени аграрни компании, има и рудници. Од поголемите капацитети што не се од текстилот, тука е фабриката за акумулатори „Весна сап“, а сосема мала е застапеноста на металската индустрија. Всушност, овој регион од памтивек живее од текстилот, рударството и од земјоделство. Она што не оди во прилог на индустриската зона како мотив за во неа да градат и домашни инвеститори е фактот дека сите познати стопански субјекти имаат свој деловен простор за долгорочни потреби.

Во овој регион постојат и огромни простори - хали, кои стојат празни од времето на транзицијата. Во „Македонка“ има стотина илјади квадратни метри покриен, а неискористен простор, во пробиштипската фабрика за акумулатори уште 50.000 квадратни метри се неангажирани. Всушност, порано се правеше стратегија токму „Македонка“, која ги има сите ресурси и во чиј фабрички круг има и железничка линија, со своите над 250.000 квадратни метри покриен простор - хали да биде новата индустриска регионална зона. Но, таа идеја не се оствари, па сега, покрај празни хали, ќе никнуваат нови.                                                                                                                                                         http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FE44D8338FF28B40B8D764D47FED25C1  

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 26-Mar-2010 at 04:09
Камен темелник за слободната зона во Штип

За утре е најавено поставување на камен темелник за Технолошката индустриска развојна зона Штип. ТИРЗ Штип е со површина од 206 хектари и е најголема од предвидените слободни економски зони во Македонија. Се наоѓа северозападно од градот, кај локалитетот „Три Чешми“, веднаш до клучката на излезот од Штип кон Велес, Кочани и Радовиш. Во границите на зоната покрај производство и услуги се предвидени и површини за комерцијални и деловни единици,  јавни установи, зеленило и спорт и рекреација.

Со церемонијата на која ќе присуствува и премиерот Никола Груевски се обележува почетокот на првата фаза од изградбата на инфраструктурата на ТИРЗ Штип. Со нејзе е опфатена изградба на главна сообраќајница долга 2,2 километри, атмосферска канализација, водоводна и канализациона мрежа. Вкупната инвестиција за првата фаза ќе изнесува околу 7 милиони евра. Во втора фаза ќе биде разработена преостанатата инфраструктура.

При посетата на Штип, премиерот ќе ја пушти во употреба и новата спортска сала во населбата Сењак, која ќе биде предадена на користење на Универзитетот „Гоце Делчев“. Таму се планира и изградба на затворен базен и на објектите на новиот студентски дом.


ТИРЗ Штип:





http://www.build.com.mk/?p=2540
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 25-Oct-2007 at 03:37
Зоната во Штип

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 567

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.