build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 567
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 02-Apr-2011 at 11:25

Ги нема фабриките во штипската зона

Градежните работи се прекинати пред два месеца, а оперативците и машините се повлечени

Иван Бојаџиски


ШТИП - Индустриската зона „Три Чешми“, во близина на Штип, зјае празна. Таму не се гради ништо. Само едно лице се грижи за безбедноста на две бараки, еден трактор и една постара машина за товарење. Како што стојат работите на терен, не постојат ама баш никакви шанси во догледно време да се отворат десет илјади работни места во 50 фабрики кои оптимистички беа најавени пред една година. Наместо свечено отворање на зоната кое како што на 27 март 2010 вети премиерот Никола Груевски при поставувањето на камен-темелникот, сите работи во зоната се прекинати.

Според нашите информации, изградбата на зоната, која дел од министрите при свечениот почеток на работите ја окарактеризираа како најголема во државата, поголема дури и од „Бунарџик“ кај Скопје, е стопирана поради недостиг од финансиски средства. Не е познато дали некогаш ќе продолжи нејзиното уредување. Не можевме да добиеме објаснување од официјално мест, бидејќи во Дирекцијата за технолошки индустриски зони телефоните останаа глуви.

„Пред два месеца заминаа машините, а со нив и оперативците што работеа на пробивање на патот низ зоната. Се' е пусто. Само одвреме-навреме минуваат стада овци преку правливиот пат на оваа локација“, велат луѓе кои во близина на зоната работеа на нивите.

Само да потсетиме дека изградбата на штипската зона лани беше помпезно најавена, а за предностите говореа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски и тогашниот директор на Дирекцијата за зони, Марјан Јованов.

„Првата фаза опфаќа изградба на главна сообраќајница од 2,2 километра, водоводна инсталација и канализација за атмосферски и фекални води. Сиве овие работи ќе бидат изградени за една година, а во овој потфат Владата вложува седум милиони евра“, најави Груевски минатиот март. Пешевски пак охрабрувачки вети дека Македонија на странските инвеститори им нуди најповолни услови за градба во зоните и најниски даноци во Европа. „Цврсто веруваме дека голем број компании ќе покажат интерес и ќе градат фабрики во оваа зона“, потенцира вицепремиерот. Дека зоната во Штип и другите ќе дадат силен импулс за развој на регионите во државата уверуваше и Марјан Јованов, поранешниот директор на Дирекцијата за технолошки развојни зони. „Во Македонија ќе изградиме 11 индустриски зони во 11 града“, прецизира Јованов, набројувајќи ги онаа во близина на Тетово, Кичево, Радовиш.

Дали зоната кај Штип е само Потемкиново село што треба(ше) да создаде привид дека и на истокот од државата оваа Влада инвестира во економскиот просперитет? Како што се одвиваа работите, во стилот тргни-застани, но и од моменталната ситуација, произлегува дека е можно да има вистина во таквите (о)зборувања. Во овој регион се' погласно се говори дека Владата ќе ја „откачи“ зоната, а дека ќе направи нешто со огромниот потенцијал готов простор во некогашниот текстилен гигант „Македонка“. Ова место е на само еден километар од зоната и ја има целата инфраструктура, од железница, преку сопствен водовод, до квалитетно енергетско напојување.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9BE5BD85DB8934419236987EC1B932B5
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 01-Apr-2010 at 02:42
Првите години кога почнаа да се воведуваат економските зони слушавме дека не треба да се воведуваат зашто биле бадијала и биле сосема ислишни, па после тоа дојде и аргумент дека држава без излез на море е апсурдно да градела вакви зони и така се редеа аргументи. А сите знаеме дека во било која развиена држава во околината на градот има едно чудо мали стопански објекти и средно стопанство што е основен столб на сите економии и општества. Дека е скоро и најдинамична и најликвидна економија ваквите средни стопанства. Знаеме дека средните претпријатие се основа за средна класа во Македонија која што ја нема, збришана е. И за сопствениците и за вработените. Скоро сите, цело општество акламативно констатураме дека во нормални држави прво се градела инфраструктурата па потоа се продавео земјиштето и за стопански објекти и за населби и скоро сите се сложуваме дека тоа е добар принцип на работа. И сега кога и државата и општините се трудат да обезбедат барем по едно вакво место каде што однапред ќе можат логистички да ја поддржат економијата, повторно доаѓаме до истат дебата што ја водевме пред десетина и повеќе години и исто толку и повеќе време сме скоро сите свесни и се сложуваме дека прво треба да се направат вакви локации каде прво инфраструктурата ќе биде доведена за да може одма да се стартува со изградба на објекти. А економските зони се токму тоа, без разлика дали сега или за две години ќе се градат тука објекти.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 31-Mar-2010 at 23:19
Ќе биде ли зоната во Штип ново Потемкиново село

Текстилот е доминантна стопанска гранка во источниот дел на земјата

Иван Бојаџиски


ШTИП - Технолошко-индустриската развојна зона „Штип“, со локации за педесетина фабрики ќе биде рај за инвеститори или ново Потемкиново село, како што тврди опозицијата? Оваа дилема ќе биде решена по само една година, период што го означи премиерот Никола Груевски како конечен датум за изградба на инфраструктурата. Дотогаш може само да се претпоставува каква индустрија ќе развива штипската индустриска зона и колку работни места ќе бидат отворени.

Откако Груевски го најави владиниот проект остана нејасно колку нови работни места ќе се отворат. Бројките што се соопштија за индустриската зона некако не се совпаднаа. И додека директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Марјан Јованов рече дека ќе се вработат 15.000 лица, Никола Груевски најави отворање на 10.000 работни места. Стана јасно дека првиот човек на овие зони и премиерот не се искоординирале пред да дојдат на свеченоста во Штип, па оттаму остана да виси разликата од 5.000 вработувања.

Иако многумина критичари на власта имаат став дека Груевски гради нестварни објекти со цел да создава илузија на премиер посветен на економијата, факт е дека индустриската зона „Штип“ има повеќе од поволна локација. Таа се протега на 200 хектари, на локација покрај магистрален пат и железница, во непосредна близина на карго-аеродромот, чија изградба би требало да почне дури по десет години. Блиску локацијата е и новата 400-мегаватна трафостаница, која енергетски ги поврзува Србија, Македонија и Бугарија, а во непосредна близина е и цевководот што ја носи водата од регионалниот хидросистем „Злетовица“ кон Штип и Свети Николе. Значи, од аспект на ресурсите што ги нуди локацијата, неспорни се позитивните аспекти.

Меѓутоа, енигма е како да се пронајдат педесетина, главно, странски инвеститори, кои ќе решат дел од својот капитал да вложат во нови индустриски капацитети кај Штип. Самата индустриска зона (ќе) има регионален карактер и според најавата на Груевски, треба да ги мотивира и компаниите од регионот.

Сепак, економската слика на регионот не дава надеж дека работите ќе се одвиваат во една таква насока. Имено, во Штип како регионален центар и во источниот дел на Македонија доминантна стопанска гранка е текстилот. На овој простор има и развиени аграрни компании, има и рудници. Од поголемите капацитети што не се од текстилот, тука е фабриката за акумулатори „Весна сап“, а сосема мала е застапеноста на металската индустрија. Всушност, овој регион од памтивек живее од текстилот, рударството и од земјоделство. Она што не оди во прилог на индустриската зона како мотив за во неа да градат и домашни инвеститори е фактот дека сите познати стопански субјекти имаат свој деловен простор за долгорочни потреби.

Во овој регион постојат и огромни простори - хали, кои стојат празни од времето на транзицијата. Во „Македонка“ има стотина илјади квадратни метри покриен, а неискористен простор, во пробиштипската фабрика за акумулатори уште 50.000 квадратни метри се неангажирани. Всушност, порано се правеше стратегија токму „Македонка“, која ги има сите ресурси и во чиј фабрички круг има и железничка линија, со своите над 250.000 квадратни метри покриен простор - хали да биде новата индустриска регионална зона. Но, таа идеја не се оствари, па сега, покрај празни хали, ќе никнуваат нови.                                                                                                                                                         http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FE44D8338FF28B40B8D764D47FED25C1  

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 26-Mar-2010 at 04:09
Камен темелник за слободната зона во Штип

За утре е најавено поставување на камен темелник за Технолошката индустриска развојна зона Штип. ТИРЗ Штип е со површина од 206 хектари и е најголема од предвидените слободни економски зони во Македонија. Се наоѓа северозападно од градот, кај локалитетот „Три Чешми“, веднаш до клучката на излезот од Штип кон Велес, Кочани и Радовиш. Во границите на зоната покрај производство и услуги се предвидени и површини за комерцијални и деловни единици,  јавни установи, зеленило и спорт и рекреација.

Со церемонијата на која ќе присуствува и премиерот Никола Груевски се обележува почетокот на првата фаза од изградбата на инфраструктурата на ТИРЗ Штип. Со нејзе е опфатена изградба на главна сообраќајница долга 2,2 километри, атмосферска канализација, водоводна и канализациона мрежа. Вкупната инвестиција за првата фаза ќе изнесува околу 7 милиони евра. Во втора фаза ќе биде разработена преостанатата инфраструктура.

При посетата на Штип, премиерот ќе ја пушти во употреба и новата спортска сала во населбата Сењак, која ќе биде предадена на користење на Универзитетот „Гоце Делчев“. Таму се планира и изградба на затворен базен и на објектите на новиот студентски дом.


ТИРЗ Штип:





http://www.build.com.mk/?p=2540
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 25-Oct-2007 at 03:37
Зоната во Штип

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 567

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.160 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.