![]() |
![]() |
![]() |
Квалитет на воздухот во Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 42> |
Author | ||||
Macedonicus ![]() Senior Member ![]() ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
![]() ![]() |
|||
Има број, пријавете ги.
|
||||
ಠ_ಠ
|
||||
![]() |
||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||
Редовна појава и глетка спроти ПИОМ близу топланата Скопје-Исток,дивата населба од ден на ден е се поголема,никому не му пречи а гуми,најлони и пластика се спалуваат многу често...особено на удар се жителите на Острово каде поголем дел од зградите имаат поглед кон овој дел.
![]() https://www.facebook.com/groups/787942044967923/ |
||||
![]() |
||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||
Се грееме како во среден век, исклучително неефикасно, скапо и токсично (видео)
Скап увоз на струја, уништување на дрвниот фонд на шумите, огромно загадување на воздухот во градовите и дотраена мрежа за снабдување со централно греење се само дел од оценките на Светската банка за затоплувањето на објектите во земјава во текот на зимските месеци. Банката во еден од извештаите за реализација на проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во земјава, предупредува дека загревањето на просториите во зимските месеци се врши првенствено со дрва, кај 64 отсто од објектите и електрична енергија, која го покрива затоплувањето на 25 отсто од севкупниот фонд на згради. На централно греење се затоплуваат само 9 отсто од објектите во Македонија, и тоа само оние што се лоцирани во Скопје. Притоа, Светската банка го оценува парното греење во главниот град како доста старо и со неефикасна мрежа, што само ја засилува оценката за исклучителната енергетска неефикасност на затоплувањето. „Греењето на електрична енергија е многу неефикасно и ги влошува предизвиците за снабдување со електрична енергија, создавајќи потреба од скап увоз на електрична енергија, особено за време на зимската сезона. Големата потрошувачка на нерегулираното огревно дрво е исто така неодржливо и може да доведе до уништување на шумите, што предизвикува неповолни влијанија врз животната средина, економијата и здравството“, се нагласува во извештајот на Светска банка. Податоците на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) велат дека во 2018 година во главниот град имало вкупно 55.553 активни потрошувачи приклучени на трите системи за дистрибуција на топлинска енергија – „Балкан енерџи груп“, АД „ЕСМ – Подружница енергетика“ и „Скопје север“ АД. Бројката на корисници на централното греење во главниот град континуирано расте и е зголемена за над 7.400 во изминативе пет години. Сепак, поради незадоволството на граѓаните од високите цени на парното и бројните исклучувања во периодот од 2011 до 2014 година, централното парно греење во 2018 година успеало да ја достигне единствено веќе постигнатата сума на корисници на парното од 2006 година. Најголем дел од новите корисници што се приклучени во изминативе пет години се бројните нови објекти што се изградија во централните скопски општини. За сметка на ова, податоците од Годишните извештаи на РКЕ покажуваат дека во одредени делови на Скопје, како што се општините Чаир, Бутел и Гази Баба, со години не е изграден ниту еден нов километар на дистрибутивната мрежа за централно греење, при што дистрибуцијата функционира како три одделни системи за топлинска енергија што меѓусебно не се поврзани. Како резултат на ова, цените за затоплување на објектите со централно греење се различни за секоја од трите системи одделно. Од друга страна, во некои населби од скопските општини Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Сарај воопшто не е изградена дистрибутивна мрежа за централно греење. За да се надминат бројните проблеми со затоплувањето на објектите, Градот Скопје пред една и пол година го основаше новото јавно претпријатие „Градски енергетски системи“. Минатата есен поднесоа и барање за лиценца за работа за дистрибуција на топлинска енергија, но до денешен ден ова претпријатие не го започнало своето функционирање во делот на преземање на дистрибутивната мрежа во главниот град. Во меѓувреме, државата планира да преземе мерки за да се зголеми бројот на корисници на централното греење во Скопје. На предлог на Регулаторната комисија за енергетика, во новиот Закон за градење ќе се вметне обврска за инвеститорите на нови објекти да обезбедат приклучок за парно греење, без кој нема да имаат можност да добијат одобрение за градење. Собранието на вчерашната седница го усвои Законот за енергетска ефикасност, во кој се вметнати отежнувачки обврски за граѓаните кои ќе сакаат во иднина да се исклучат од системот за централно греење. Имено, тие ќе мора да достават извештај од енергетска контрола, со кој ќе докажат дека новиот систем за греење или ладење што би го употребувале ќе обезбеди намалување на користењето на примарната енергија, ќе биде еколошки поприфатлив и енергетски поефикасен. Исто така, секој граѓанин за исклучување на системот од парно ќе мора да обезбеди писмена согласност од мнозинството станари во зградата во која живее. https://meta.mk/se-greeme-kako-vo-sreden-vek-iskluchitelno-neefikasno-skapo-i-toksichno-video/ |
||||
![]() |
||||
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
|||
Половина Шара гореше вчера над тетовските села. Кој знае што све горат. Јас лично верувам дека по црни канали на отворени стрништа се носи и отровен медицински и каков се не отпад за горење. А наште несовесни сограѓани за црни пари си прифаќаат и си го горат. Мислам дека време е сите кои навистина се загрижени за воздухот да соберат 1000 дронови во државава и да прават ршум по медиуми и улици со снимки и докази се додека држават не свати дека е нејзина работа да превенира. Се повеќе снимки се објавуваат како најголемиот дел од загадувањето доаѓа од горење на се и сешто.
|
||||
![]() |
||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||
Алармантно аерозагадувањето во Скопје
Грејната сезона сѐ уште не е целосно започната, а Скопје веќе е меѓу најзагадените градови во светот. Утринава околу 10 часот во градот беа измерени 129 микрограми ПМ 10 честици на метар кубен. Претходните два дена, пак на врвот на листата со алармантна загаденост беше Куманово, каде ПМ 10 честиците беа 35 пати над дозволената граница, односно над 1800 микрограми на метар кубен. Локалната власт во Куманово соопшти дека причината за енормната загаденост таму, е болницата која користи мазут во котелот за затоплување. Од Општината известија дека веднаш почнале со аеросолизација, како итна мерка за намалување на загаденоста и алармираа централната власт да издвои средства за целосна гасификација на болницата. Од Министерството за животна средина само кратко известија дека се преземаат мерки, а повеќе информации најавија за утре. Ресорниот министер, пак, вчера порача дека за решавање на проблемот со загадувањето потребно е време и долгорочни мерки. „Постои план, за тоа нема сомнеж, треба сите да бидеме свесни за фактот дека овој проблем не може да се реши со краткорочно, туку со долгорочна стратегија. Сите заедно мора да работиме многу напорно за да го намалиме загадувањето на воздухот, знаеме дека ќе ни биде потребно време, бидејќи повеќе фактори придонесуваат за тоа, греењето на домовите, енергетската ефикасност, какви автомобили користиме за транспорт, како индустријата придонесува и какви мерки и регулативи треба да преземеме. Ќе продолжиме да работиме напорно за да постигнеме резултати“, рече Насер Нуредини- министер за животна средина. Проблемот со загадениот воздух се интензивира во зимкиот период. Минатата година власта донесе интервентни мерки во услови на два последователни дена енормната загаденост- бесплатен градски превоз, двојно поскапи паркинзи, прекин на градежните активности, како и намалено користење на службените возила на државните институции. https://www.alsat-m.tv/mk/алармантно-аерозагадувањето-во-скоп/ |
||||
![]() |
||||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|||
Да, прочистувачи за домакинства но без лимит! Услов 1 по домакинство.
|
||||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||||
![]() |
||||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|||
Владата (или град Скопје) да субвенционира вакви уреди
пречистувачи на воѕдух ![]() Edited by nenad - 15-Sep-2019 at 14:07 |
||||
![]() |
||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||
Поголемите загадувачи ќе плаќаат поскапо со новиот данок за возила
Со новиот данок за моторни возила, при увоз или внес на моторно возило во земјава почнувајќи од 1 ноември годинава, на државата наместо досегашната акциза, ќе треба да ѝ се плаќа данок што ќе се пресметува со формула во која ќе влегуваат просечното количество издувни гасови од возилото изразено во грамови по изминат километар, кубикажата на моторот и вредноста на возилото и, по исклучок, и силината на моторот. Притоа, поголемите загадувачи ќе се оданочуваат на повисоки суми. Со овој закон, данок ќе се плаќа и при увоз или внес на мотоциклите и на четирицикли. Министерството за финансии денеска го објави нацртот на предлог-законот за данок на моторни возила, со кој се предвидува даночните давачки да се плаќаат и за нови и за користени возила што се продаваат во земјава или се увезуваат од странство, и тоа пред нивното прво регистрирање. Тоа до 22 септември ќе побара мислења од засегнати страни, а потоа се очекува како предлог-закон да влезе во законодавната процедура. Колку ќе треба да се плаќа за секое возило, ќе одредува Владата, бидејќи предлог-законот предвидува таа да ги утврдува износите, односно бројките, врз основа на кои ќе се пресметува данокот. Наплата, пак, ќе врши Царината. „Данокот на моторните возила се пресметува врз основа на податокот за износот на просечната емисијата на јаглерод диоксид – CO2 изразен во грам по километар, податокот за износот на 1 грам јаглерод диоксид – CO2 за соодветна категорија во зависност од видот на горивото кое се користи за погон на возилото искажан во денари, податокот за продажната вредност на возилото без вклучен данок на додадена вредност или при увоз податокот за царинската вредност на возилото утврдена согласно царинските прописи и податокот за износот на царината искажани во евра во денарска противредност, како и податокот за износот на процентот од вредноста на возилото за соодветна категорија“, пишува во нацрт-законот објавен на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР). Во него се додава дека данокот на моторните возила се пресметува и врз основа на податокот за зафатнината на моторот искажана во кубни сантиметри – см3, податок за износ на 1 см3 изразен во денари за соодветна категорија и податокот за нивото на емисија на издувните гасови (еуро норма). Од напишаното образложение станува јасно дека возилата што повеќе загадуваат и имаат поголеми мотори, ќе бидат оданочувани со поголеми суми. „…данокот на моторните возила, покрај вредноста на моторните возила ќе се пресметува и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови по километар. Ова, истовремено ќе придонесе и кон увоз и користење на возила со пониска емисија на јаглерд диоксид што значи дека ќе овозможи и намалување на загадувањето на воздухот со цел да се обезбеди здрава животна средина што е основен предуслов за квалитетен живот на граѓаните“, се вели во Извештајот за проценка на влијанието на регулативата за овој закон. Во нацртот се вели и дека возилата кои се произведени пред 35 и повеќе години, а кои согласно одредбите од Законот за возила немаат доделен статус на возило со историска вредност „олдтајмер“, данокот на моторни возила се пресметува и плаќа во паушален износ од 5.000 денари. https://meta.mk/pogolemite-zagaduvachi-ќe-plaќaat-poskapo-so-noviot-danok-za-vozila/ |
||||
![]() |
||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||
Планот си врви, честичките стојат
Планот на Владата за чист воздух донесен минатата зима веќе се реализира и се преземаат мерки за намалување на загадувањето. Сега на прагот на новата сезона за греење граѓаните почнуваат повторно да проверуваат колкаво е загадувањето. Загадување има и во летните месеци, но речиси никој не е толку заинтересиран за да проверува затоа што сонцето ги освојува очите. Прашината крената по улиците која ја има од неисчистени гуми на камиони или издувните гасови на дизел автомобилите секојдневно се тука. Во околината на Скопје и во лето се палат огнови на полињата, а црниот чад се шири насекаде. ПОДАТОЦИТЕ НЕ СЕ ВРАЌААТ Во текот на зимските месеци секојдневно се проверуваат податоците на апликацијата Мој воздух за висината на загадувањето, а таа пракса треба да продолжи и во лето. А, во овие летни месеци, па и многу пред тоа, некои од мерните станици поставени во Скопје не покажуваат податоци колкав е индексот на ПМ 10 и ПМ 2.5 честичките. Со отворање на апликацијата Мој воздух и проверување на висината на загадувањето во Центар со ПМ 2.5 честички се добива одговор дека мерната станица моментално не враќа податоци. Таков е случајот и со одредени мерни станици во Аеродром и Гази Баба. Проблемот со мерните станици е токму во оние делови каде во текот на зимата загадувањето е најголемо. И од Министерството за животна средина и просторно планирање потврдуваат дека некои мерни инструменти не покажуваат податоци. „Моментално во град Скопје во функција се сите мониторинг станици за квалитет на амбиентниот воздух. Мерните инструменти за мерење на O3, CO, SO2 и NO-NO2-NOx од мерните станици Карпош и Центар кои не се во функција треба да се заменат со нови мерни инструменти поради немање резервни делови од производителот. Инструментот за ПМ 10 од Карпош и ПМ 2.5 од Центар се наоѓаат во фаза на тестирање по извршено сервисирање и калибрација. Во моментот се одвива набавка на два нови мерни инструменти за PM 10, наменети за станиците во Гази Баба и Лисиче, која треба да се реализира до крајот на октомври 2019 година. Инструментот за РМ 10/2.5 од мобилната мониторинг станица поставена во Општина Ѓорче Петров е испратена во акредитирана лабораторија за калибрација во Виена, Австрија, во средината на јуни 2019 година и истиот ќе се инсталира по нивно враќање“, одговараат од ресорното министерство. Оттаму додаваат дека во однос на набавката на Автоматскиот анализатор за мерење на суспендирани честички ПМ 10 како и на Систем за прибирање и обработка на податоци (Дата логер, GPRS рутер, софтвер), која ја спроведува МЖСПП, наменет за мерната станица Гази Баба, договорот е потпишан во април годинава, додека крајниот рок на испорака, негова инсталација и пуштање во работен режим треба да се изврши до крајот на август исто така оваа година. Средствата се планирани и одобрени од буџетот на министерството. За мерната станица Лисиче, од МЖСПП велат дека во однос на набавката на Автоматски анализатор за мерење на суспендирани честички ПМ 10 како и на Систем за прибирање и обработка на податоци (Дата логер, GPRS рутер, софтвер), која се спроведува како донација од фабриката ОКТА, евалуацијата на понудите е завршена во средината на јули годинава, додека конечната одлука треба да ја донесе генералниот директор на ОКТА според нивните процедури. Од моментот на донесување на одлука и потпишување на договор, се очекува во рок од 60 дена до 90 дена инструментот да биде испорачан, инсталиран и пуштен во работа, нагласуваат од Министерството. Но, додека сето ова да се реализира Владата на Република Северна Македонија работи на намалување на загадувањето и покрај тоа што за одредени делови од Скопје во овој период нема точни податоци колкаво е загадувањето. Па така изминатиот период постојано се пуштаа јавни повици за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година. Јавните повици беа за енергетска ефикасност, за зелени површини и прочистувачи. На овие јавни повици право на учество имаат општините на територијата на град Скопје, кои имаат високо ниво на аерозагадување, односно висока концентрација на ПМ 10 и ПМ 2,5, согласно податоците од мерните станици на Државниот автоматски мониторинг систем во Република Северна Македонија за 2018 година. Поголемиот дел од мерните станици не работеа и изминатата сезона и тоа повторно тие што се наоѓаат во „критичните“ делови од градот, а сега на јавните повици на Владата токму тие општини имаат право да аплицираат. СУБВЕНЦИИ ИМА, КАЗНИТЕ ДОЦНАТ Планот за чист воздух предвидува преку мерки на Владата да се намали загадувањето на воздухот до 2020 година, и тоа во Скопје за 50 отсто, додека во другите градови да постигне намалување помеѓу 30 и 50 отсто. Планот, како што тврдеше и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, покажува јасно изразена политичка волја за намалување на загадувањето на воздухот. Дури и во планот стои дека спроведувањето на мерките ќе се одвива преку интегриран и координиран пристап, отвореност на Владата и на државните институции за партнерски однос со граѓанските организации, деловните компании и меѓународните организации. Начинот на финансирање на активностите е почетен посебен фонд од 1,5 милион евра, и овие средства се дополнителни, покрај оние што постојат за различни активности на различни министерства поврзани со заштитата на животната средина, во висина од 20 милиони евра. Планот предвидува и комплетна замена на сите 18 мониторинг-станици, зачестени инспекциски контроли, јавни кампањи, законски измени, справување со изворите на загадување и низа други чекори. Во текот на оваа година она за што најмногу скопјани се интересираа беа субвенциите што ги даваше Град Скопје. Градските власти работат на интензивно и системско намалување на загадувањето на воздухот. Градот Скопје го формираше новото јавно претпријатие „Градски енергетски системи АД Скопје“, субвенционираше граѓани кои се греат на печки на дрво и останати течни горива, да набават печки на пелети кои загадуваат далеку помалку, имаше субвенциите за обука на оџачари, како и помош за граѓаните за чистење на оџаци. Исто така, за првпат субвенционираат граѓани за набавка на посовремени уреди за затоплување, во вид на набавка на топлотни пумпи и инвертер клима-уреди. Најново што се планира е доделување на субвенции до 3.000 евра за набавка на нови возила кои се со мотори со „Еко 5“ и „Еко 6“ стандард, а средствата се предвидени од Министерството за економија. После овој двегодишен план за чист воздух, 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на постоечкиот топлински оператор, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади домаќинства ќе ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 домаќинства ќе бидат приклучени на гас, 20 илјади домаќинства ќе користат инвертер клима-уреди, а 2.000 домаќинства од социјално ранливите категории субвенционирано ќе го променат начинот на живеење. После две години ниедно домаќинство нема да се грее на јаглен и нафта. Во индустријата ќе се носи закон за индустриски емисии каде што се дефинираат построги правила во одобрувањето на интегрираните еколошки дозволи и ќе има потранспарентен мониторинг, а до тогаш ќе се зајакнат контролите. Во градежништвото ќе има засилени контроли во градењето и просторот за градење, миење на возила и покривање на товар. Обврска е да се контролира градежниот шут и другиот отпад на објектот што се гради. Но, од сето ова што се презема или е планирано да се направи за намалување на загадувањето досега како да нема повратен позитивен ефект. Ќе чекаме да видиме дали мерните станици ќе проработат за да нè информираат дали ПМ честичките исчезнуваат или се тука и само чекаат да бидат повторно актуелни. Се поставува прашањето дали со реализацијата на јавните повици за енергетска ефикасност, зелени површини, прочистувачи, или со набавката на велосипеди, електрични тротинети, печки на пелети, инвертер клима-уреди, ќе следуваат и идните чекори, како на пример пронаоѓање на загадувачите и нивно казнување. Дали и оваа зима повторно ќе гледаме фотографии од индустриски капацитети од чии оџаци излегува црн чад, како и од домаќинствата кои се греат на секаков отпад. НАЈЛОШО РАНГИРАНИ ВО ЕВРОПА Емисијата на загадувачки супстанци во воздухот потекнува од скоро сите економски и социјални човекови активности: сообраќајот, индустријата, согорувачките и енергетските постројки, домаќинствата, градежните активности, депониите (особено дивите) за отпад и земјоделските активности. Аерозагадувањето е најголемиот причинител на предвремена смртност и зголемен број на заболувања кај луѓето. Тоа е најголемиот ризик од областа на животната средина по здравјето на граѓаните во Европа, каде според податоците на ЕЕА и СЗО е причинител на околу 400.000 прерано изгубени животи. Република Северна Македонија за жал, според најновиот извештај на Европската агенција за животна средина за аерозагадувањето во Европа е најлошо рангирана меѓу сите европски држави, со најзагаден воздух во градовите. Скопје, Битола и Тетово се меѓу 10-те најзагадени градови во Европа во 2017 година. Според најновите анализи на Светската здравствена организација (СЗО), аерозагадувањето е главниот причинител на над 1.300 смртни случаи годишно, и зголемен број на лица со респираторни заболувања. Според анализите на Светска банка, аерозагадувањето ја чини државата околу 2,5 отсто од годишниот БДП за дополнителни средства за здравствени услуги, или 300 милиони евра годишно. Сите извештаи покажуваат дека доаѓа до нагло зголемување на концентрациите за време на грејната сезона, и тоа три до четири пати. Скопје и Тетово на пример, имаат многу денови во годината кои ги надминуваат максимално утврдените средно дневни вредности за ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките. Сите анализи и наоди спроведени досега укажуваат дека греењето е најголемиот загадувач на воздухот и во Скопската Котлина. Ваквите наоди се потврдуваат и во студијата изработена од страна на Финскиот метеоролошки институт во рамките на твининг проектот со МЖСПП каде е пресметано дека дури 90 отсто од вкупните емисии на ПM честичките доаѓаат од загревањето (огревно дрво). Покрај греењето, изворите на загадувањето од другите сектори не се воопшто за занемарување и потценување. Отпадот и дивите депонии, како и нивното палење, потоа индустриските капацитети, градежната експанзија и непочитувањето на правилата за градење, бројните неуредени површини од кои се крева прашина, како и сообраќајот ја надополнуваат комплексноста на предизвикот и ги диверзифицираат причините за загадувањето и го отежнуваат процесот на нивно решавање. https://www.porta3.mk/planot-si-vrvi-chestichkite-stojat/?fbclid=IwAR2Z14SPDPniyX7CEJePVoa6KbUEw4UIC8SMneW2r2xb7PgN9OhLHWS_CsI |
||||
![]() |
||||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|||
Дури ни во најлудите соништа вмро не сонувале како само ќе ги извадат од мртвите и тоа токму нивните противници. Срам. Срам.
Се што кажа е само најави, конкретни мерки каде!? ЌЕ превземеме од бег. ЌЕ прошириме мрежа. ЌЕ купиме електрични автобуси... Субвенции за инвертери, печки на пелети треба да се без лимит во град како скопје! Дури можеа и да донираат по пр.100евра за пелети на оние кои се на дното на оптеството и кои најмногу загадуваат. Што бидна со лепенките за возила? Која друга мерка е превземена!? |
||||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||||
![]() |
||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||
Шилегов: Скопје е во добра стартна позиција со три фундаментални мерки против загадувањето
Топловодната мрежа, гасоводот и новиот систем на јавен транспорт се три фундаментални проекти кои, за жал, главниот град во изминатите три децении ги пропуштил и сега живееме во последиците од таквото пропуштање, изјави градоначалникот Петре Шилегов. Прашан за мерките за чист воздух во пресрет на грејната сезона, скопскиот градоначалник истакна дека овие три мерки се среднорочно решение на проблемот на загадениот воздух зашто, рече, аерозагадувањето не се решава преку ноќ. -Град Скопје ја доби топловодната мрежа и за мене тоа е една од фундаментални мерки, го заокруживме гасоводниот прстен околу градот Скопје, стратегијата за секундарната и терцијарната гасификација се утврдува на државно ниво, но градот инфраструктурно е спремен да влезе во тие циклуси. Во финални преговори сме со Владата и за финансирање на новиот систем на јавен транспорт во нашиот град, рече Шилегов одговарајќи на прашање на прес-конференција посветена на новото издание на фестивалот МОТ. Покрај овие, според него, фундаментални мерки, како четврти важен аспект, рече, треба да се додадат подобрените перформанси на градската инспекција. -Градот е поставен во добра стартна позиција. На 19-ти имаме седница на Советот за градски енергетски системи, со што ќе отвориме формална можност да се јавиме ако апликанти пред Регулаторната комисија за да добиеме лиценца за дистрибуција, а по Нова година за снабдување. Така што, очекувам дека некаде кон крајот на оваа или почетокот на идната година, целосната контрола врз топловодната мрежа ќе ја преземе Град Скопје. Тоа го става градот во позиција да може да креира социјални програми што ќе може да им ги понудиме на граѓаните, за централното затоплување да биде еден од најеколошките и најевтините начини на затоплување на домовите, истакна Шилегов. Во училиштата и градинките на Град Скопје се распределуваат инвентери, а со Владата ќе имаат работни средби за парични средства преку Електрани на Македонија за некои општини вклучително и во Град Скопје. Зборувајќи за загадувањето на воздухот што е главен проблем на Скопје во зима, градоначалникот нагласи и дека треба да се зборува за Скопската Котлина, а не само за Скопје, затоа што, како што рече, нивни анализи покажуваат дека од околните Општини Чучер-Сандево, Сопиште, Петровец, Илинден и Арачиново има сериозен инпут на загадување, а досега тие биле надвор од фокусот на јавноста и стручните лица. Додаде дека инсистира во разговорите со Владата за вложување средства да бидат опфатени и тие општини за да може да се зборува за сеопфатност. https://nezavisen.mk/shilegov-skopje-e-vo-dobra-startna-pozicija-so-tri-fundamentalni-merki-protiv-zagaduvanjeto/ |
||||
![]() |
||||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
|||
Лани се донесе одлука (од страна на еден суд во Хесе) во Франкфурт да се забранат сите дизел возила со понизок стандард од Еуро 5 почнувајќи од февруари 2019, а во септември 2019 да се забранат и Еуро 5 возилата.
Но... административниот суд во Касел (ништо чудно да е под притисок на автомобилската индустрија) одлучи дека Хесе може да ја обжали одлуката, бидејќи се сомневале во нејзината валидност. Се надевам нема да се случи тоа. |
||||
![]() |
||||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|||
Не е Скопје единствениот град кој воведува рестрикции за чуромобили. Западна Европа и подалеку оди, па не гледам дека нивниве мерки ги споредуваат со Холокаустот како кај нас.
Greater Paris to ban old diesel cars from summer 2019 NOVEMBER 12, 2018
https://www.reuters.com/article/us-france-paris-pollution/greater-paris-to-ban-old-diesel-cars-from-summer-2019-idUSKCN1NH2BC London prepares for launch of ultra-low emissions zone 6 Apr 2019
https://www.theguardian.com/uk-news/2019/apr/06/london-prepares-for-launch-of-ultra-low-emissions-zone |
||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||||
![]() |
||||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|||
Не можам да најдам посоодветна тема, а мислам дека не вреди да се отвора посебна за ова, па ќе објавам тука.
Со децении има отров сред излетничко место и никој не знаел?! МЖСПП ИТНО треба да направи мапа на Македонија на која ќе ги прикаже сите потенцијално опасни места, каде што има токсичен (линдан) или запалив (гориво за ракети) отпад или склад, да знаеме на што сме, па да почне да ги чисти. За поздравување се последните активности, ама не знам зошто криеле вакви работи до сега. Линданот од малата депонија на ОХИС ќе се чисти догодина, собрани се 9 милиони долари
https://meta.mk/lindanot-od-malata-deponija-na-ohis-ke-se-chisti-dogodina-sobrani-se-9-milioni-dolari/ Необележана депонија со 8.000 тони канцероген линдан од ОХИС ја труе околината на Драчево
https://meta.mk/neobelezhana-deponija-so-8-000-toni-kantserogen-lindan-od-ohis-ja-true-okolinata-na-drachevo/ И ова НАТО бара да се острани 16 тони опасно гориво од скопска населба
https://faktor.mk/nato-bara-da-se-ostrani-16-toni-opasno-gorivo-od-skopska-naselba Токсичниот линдан од „Охис“ ќе се чисти од три до пет години
https://plusinfo.mk/%D1%82%D0%BE%D0%BA%D1%81%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D0%BD-%D0%BE%D0%B4-%D0%BE%D1%85%D0%B8%D1%81-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D1%87%D0%B8%D1%81/ |
||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||||
![]() |
||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|||
Јас се греам со инвертери, ефектот е одличен, со многу мала потрошувачка одлично го загревам објектот. Не верувам дека системот не би можел да го поднесе ова, сепак зборуваме за локална мерка и на одредени сегменти на населението, веројатно во региони каде топловоди или греење на пелети не се опција.
|
||||
![]() |
||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|||
И јас ја подржувам но сум скептик. Лепење налепници е најмала работа, за таква шминка сме докажани. Спроведувањето на законот/правилото е битното. Возилата со црвени налепници да не возат кога не смеат да возат. Секој ден се соочувам со ситации каде кола ќе помине со 100км/ч покрај полициска патрола или полициска кола ќе се размине во едносмерна улица со кола која вози контра и ништо нема да превземе. Во други земји, патролите веднаш реагираат. Ако нема строга контрола, ова нема да даде никакви ефекти.
|
||||
![]() |
||||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|||
ОДЛИЧНО е тоа што се почнува од некаде макар и декларативно но нема потреба да се забегува со бројки, 50% нема да се намали ни за 10 години.
Но пак ќе речам, на вакво загадување и 10-20 да се смани е одличо. Само нека почнат со нешто. |
||||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||||
![]() |
||||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
|||
Претпоставувам ги вадат бројкиве од сите мерки што се во моментов активни, како на пример и тие еко кредитите од Шпаркасе и Охридска банка, но во секој случај без објавена анализа делуваат како од ракав извадени. Поправете ме ако грешам, ама ми делува како целава работа (топловодна мрежа, гасоводна мрежа, итн.) да е само за намалување на загадувањето во Скопје. И сите бројки за загадувањево во Македонија се базираат на бројките во Скопје, што скоро 100% не соодветствува со ниту еден друг град, бидејќи секој има свои проблеми. Каде се другите загадени градови во целиов муабет како Тетово, Куманово, Кавадарци, Струмица, Охрид, итн.? Зошто за Скопје има повисока цел за намалување на загадувањето во однос на другите градови?
Патем министеров зборува за некои 70.000 домаќинства, а во Македонија има 600.000. Тоа е опфат од 12%, а планираат да го преполоват загадувањето........
|
||||
![]() |
||||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|||
Вака бројкиве одлично звучат, но еве некој нека ме поправи, но јас нигде не видов и издржана анализа за тоа како ќе се постигне, како и поединечни буџети за ова, затоа што 1,5 милиони евра се премалку за ова. Најсмешниот дел ми е инвертер-клими. Што е меркава, ќе им купат клими на луѓето? После тоа, што, кој ќе ја плаќа таа струја? Воедно, ако сите преминеме на струја, нашиот систем ќе се распадне. |
||||
![]() |
||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||
Владата сака за две години да го преполови аерозагадувањето
Владата сака за две години да го преполови аерозагадувањето. Амбициозната цел вчера ја соопшти заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, кој најави дека борбата со загадениот воздух ќе биде стратегиски приоритет на извршната власт. Македонските градови со години се задушуваат од отровен воздух, а во текот на зимските месеци се во врвот на светските листи според концентрациите на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките, а Владата конечно призна дека борбата со аерозагадувањето мора сериозно да се сфати. На последната седница донесена е одлука за утврдување програма за намалување на загадувањето на воздухот, која ќе се спроведува во следните две години. Целите се амбициозно поставени, со оглед на реалната состојба. Како што информираше Макрадули, цел е да го намали загадувањето на воздухот во Скопје до 50 отсто, а во другите градови од 30 до 50 отсто. Тој посочи дека Владата првпат одлучила од буџетот да одвои и строго наменски средства од 1,5 милион евра, кои ќе треба да придонесат за реализација на проекти насочени кон намалување на загадувањето. „Има многу предности во усвојувањето на програмата, јасно изразената политичка волја, подобрувањето на интерсекторската соработка, поставување јасен план како да се намали загадувањето, поканата за партнерски однос со граѓанските организации и компаниите, и посебно буџетски средства исклучиво за оваа намена. Финансирањето е од посебен фонд од 1,5 милион евра, покрај другите средства во висина од 20 милиони евра кои се предвидени во програмите за работа на повеќе министерства. Дел од проектите ќе се финансираат и од странски пари, а планот ќе биде дел донаторска конференција бидејќи веќе има странски финансиски институции кои се јавиле како заинтересирани донатори“, вели Макрадули. Владиниот план за чист воздух предвидува идната година да се набават нови инструменти за сите 18 постоечки мерни станици, со оглед на тоа дека дел од сегашните не работат со месеци. Ќе се користи и технологија за предвидување на состојбата со воздухот во реално време и ќе се прават проекции за следните три дена. Освен категоризацијата на возилата со еколошки налепници и субвенциите за хибридни и електрични возила и за вградувањето системи за автогас, ќе се воведе и зимски режим на сообраќај кога загадувањето е големо. Сообраќајот ќе биде контролиран особено во централното градско подрачје, а на граѓаните ќе им се обезбедат и подобри услови за јавен превоз. Во мерките се предвидуваат и училишни автобуси за учениците и забрана за движење на градежните машини. Дури и на куририте на државните институции ќе им биде забрането да користат возила за достава на пратки кога е загадено. За индустријата Макрадули најави дека најбрзо ќе биде донесен новиот закон за индустриски емисии што ќе предвиди поголем мониторинг и построги правила. „Ќе се става акцент и на зазеленувањето, а позитивниот пример со реката Треска пред вливот во Козјак ќе се искористи и на Вардар, каде што ќе се постават мрежи за собирање на цврстиот отпад. За поголема ефикасност ќе се здружат и државните и општинските инспектори, ќе работат и попладне и за викенди, кога злоупотребите се најголеми. Очекуваме и банките да даваат поволни кредити со ниски камати за купување еколошки грејни тела“, вели Макрадули. Ќе се намалува ДДВ за сметките за парно Една од целите на новата владина стратегија е и привлекување 10.000 нови домаќинства кон системот на парно греење во следните две години. Тоа ќе се направи со намалување на данокот на додадена вредност за испорачана топлинска енергија, кој Макрадули очекува многу брзо да се усвои. „Граѓаните не се виновни што загадуваат, државата треба да им помогне да го надминат тоа. Топловодната мрежа ќе биде проширена, а 20.000 домаќинства ќе ги сменат нееколошките печки на дрва. Дополнително, 15.000 ќе инвестираат во енергетска ефикасност на домовите, 20.000 ќе користат инвертер-клими, а 3.000 ќе бидат приклучени на гасоводната мрежа. Ќе субвенционираме 2.000 социјално загрозени семејства да го сменат начинот на греење“, вели Макрадули и додава дека е убеден е дека овие мерки не се невозможна мисија. Сања Наумовска https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/11/104598/ |
||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 42> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |