![]() |
![]() |
![]() |
Ветерници |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 11> |
Author | |
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Обично сум против вакви тенденции држава да гради се, но Чинговски дава логично објаснување. Треба да се бара модели да се избегнат такви работи и да може капитал приватен да влезе.
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Македонија има атлас на ветрови стар дури шест години
Државата сака монопол на ветерницитеКатерина Попоска![]() Иако
до 2020 година Македонија мора 12% од произведената енергија да ја
добие од ветар, ветерните електрани засега се само проект на хартија.
Дека состојбата на терен ќе оди тешко, доказ е непостоењето квалитетна и
детална студија - Атлас на ветрови. Последната датира од 2005 година и е
само прелиминарна. Но, како пречка се појавуваат и законите и
амбицијата на државата да има ексклузивно право во производство на
електрична енергија од ветар. |
|
![]() |
|
Мартин ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Jan-2009 Online Status: Offline Posts: 366 |
![]() ![]() |
Edited by Мартин - 20-Apr-2011 at 16:46 |
|
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
Студијата е подолга, го издвоив само делот кој што на нас, од форумски аспект ни е битен. Сакам да потенцирам дека 105 GWh на електрична енергија годишно само од овој парк, воопшто не е занемарлива бројка. При тоа за не заборавиме, се работи за обновлив вид на енергија со минимално влијание врз животната средина.
|
|
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
|
![]() |
|
theMac3donian ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2010 Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
ИЗВОР Edited by theMac3donian - 18-Apr-2011 at 04:45 |
|
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
|
|
![]() |
|
theMac3donian ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2010 Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
Не сум експерт, но секој што бил во Богданци знае дека местото е #1 во ветер.
![]() ---надополнето--- За Ветерниците од страницата на ЕЛЕМ На страна 1/10 пишува „Последната Физибилити Студија ја проценува локацијата Богданци како локација со потенцијал за инсталирање на капацитет од 45 MW“ „Со Проектот се предвидува производство на приближно 105 GWh на електрична енергија годишно“ „30 ветерни турбини“ Координати: север: 41o13’45.1“ исток: 22o33’39.4“ Почеток на Проектот: Крај на 2011 Завршување на Проектот: До крајот на 2014 ... Мислам дека во самиот документ ги има сите други потребни информации. Едно што не ми беше јасно е ова: „ Без проектната активност, еквивалентната електрична енергија која ќе се произведе ќе биде снабдена од термоелектраната Неготино што би резултитрало во штетни GHG емисии. Факторот на емисија на националната мрежа е проценет на 0.91 tCO2e по произведен MWh. Покрај тоа, предложениот проект ќе придонесе за намалувањето на Македонската зависност од увозна електрична енергија“ Дали ЕЛЕМ кажува дека со овие ветерници ќе поништи потребата од употреба на Неготино (мазут)? Зарем толку многу струја ќе произведуваат? Edited by theMac3donian - 14-Apr-2011 at 04:21 |
|
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
|
|
![]() |
|
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
Кога сме веќе толку големи увозници на енергенси за транспорт, дали постои стратегија како да се надмине прво и основно разликата од тие 1bn kWh да биде од домашно производство, а второ и домашното производство да биде од домашни извори (не со увезен гас, јаглен итн., туку со локални ресурси)?
Ова мислам дека треба да биде број 1 приоритет, со оглед на се поголемата енергетска криза и луди цени на енергетскиот пазар што се предвидуваат за во иднина. |
|
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
![]() |
|
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
Одличен проект.
Дали некој има податок колку струја произведуваме локално, а колку увезуваме во моментов? |
|
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
А што се случи со долгонајавуваниот проект на Шпанците во Штипско за поставување на ветерници? Дали некој има инфо?
Инаку сега гледав на сајтот на ЕЛЕМ, вкупната моќност на овој парки ќе биде отприлика како и моќноста на хидроцентралата Св. Петка (Матка 2). Не е којзнае што, но не е ни лошо и што е најважно за поздрав е бидејќи е обновливо, без согорување фосилни горива. Се надевам ќе повлечат нога за уште многу вакви проекти.
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
decki ne sakam da zvucam ...kako so vikaat partiski orientiran ama sekogas koga se nablizuvaat izbori imaame iljadnici vakvi najavi i poveke ne veruvam vo vakvi najavi
Канадската дијаспора сака да инвестира 34 милиони евра во ветернициКанадската компанија Трилиум Холдинг сака да инвестира 34 милиони евра во изградба на ветерници во Македонија. ![]() Претставниците на компанијата на чие чело е македонски иселеник преку партнерство со фирма од земјава планираат да изградат 27 ветерници во близината на Богданци. Изминатиот период го испитуваат потенцијалот на ветерот во југоисточна Македонија. Регионот веќе важи како еден од најпогодните за производство на електрична енергија од ветер и инвестиции во него веќе најавија и други компании. - Нашиот интерес е заради поволностите и поддршката што ги нуди државата, но и барањата на ЕУ секоја земја да произведува обновлива енергија во извесен процент, што ја прави оваа дестинација актрактивна. Инвестиција од 34 милиони евра е значајна како сума, а ќе го подобри енергетскиот капацитет на земјата и ќе вработи македонски стручњаци - вели Васко Пастенаров, претставник на Трилиум Холдинг. Трилиум Холдинг направиле првичен контакт со Агенцијата за странски инвестиции и за енергетика, а проектот го презентираат и пред инвеститори кои би вложиле дополнителен капитал. Очекуваат потребните дозволи за изградба и вклучување во енергетскиот систем на земјава да ги добијат во текот на 2012-та, по што би влегле во следната фаза на инвестицијата. Покрај ветерниците заинтересирани се и за изградба на мали хидроцентрали. Трилиум Пауер во Канада инвестира во најголемиот ветерен парк на слатки води на континтентот на Северна Америка. Ќе гради 800 ветерници на езерото Онтарио кои треба да заменат неколку електрани на јаглен кои се пред затворање. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/kanadskata-dijaspora-saka-da-investira-34-milioni-evra-vo-veternici |
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
До крајот на летото Инвал ќе ги има сите документи за да отпочне со конструкција на ветерници во Штип
Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов денес оствари средба со претставници на шпанската фирма Инвал. Како што е познато, шпанската компанија „Инвал грин енерџи“ учествува во проект за фарма на ветерници во непосредна близина на Штип. Пред извесно време беше потпишан заеднички договор за формирање на конзорциум меѓу најголемиот производител на електрична енергија во Јужна Кореја КОСЕП, компанијата “Самсунг хеви инсустрис“ и Инвал-Македонија. Во содејство со Министерството за транспорт и врски и формираната фирма ќерка „Инвал Македонија“, шпанците почнаа со етапна реализација на проектот кој според нивна проценка тежи 240 милиони евра. Денешната средба беше со цел да се добијат информации околу текот на проектот како и да се разгледаат можностите за меѓуопштинска соработка со Кореја. Професор од Барцелона Ју кој беше во делегацијата и кој еден вид на посредник помеѓу фирмите кои го сочинуваат конзорциумот изјави дека би било добро да се разменат искуства:
-Знаете дека Кореја е високо-технолошки развиена земја. Ние не сме овде само да направиме бизнис, туку и да размениме исксуства, да ги пренесеме во вашата земја, не кое било поле со цел продлабочување на соработката – изјави Ју. Градоначалникот Алексов изјави дека е задоволен од досегашната соработка со претставниците на Инвал како и можноста за црпење искуства од Кореја: - Се надевам дека ќе најдеме начин да ја продлабочиме соработката бидејќи ние имаме потреба од размена на искуства. Овој разговор треба да помогне во изнаоѓањето на можни начини на соработка. Што се однесува до проектот ветерници, тој се одвива успешно а формирањето на конзорциумот со подршка на Владата е јасен факт дека наскоро ветерниците ќе се градат во Штип. Претставникот на Инвал-Македонија, Џорди Молинаро изјави дека проектот за фарма на ветерници оваа година ќе има практичен старт:
- Вчера претставници на Самсунг беа во Скопје а имаа разговори со една силна меѓународна финансиска институција за обезбедување на финансиски средства за овој проект со ветерници. До крајот на летото,до септември, се надеваме дека ќе ја комплетираме целата документација со што би почнале со практична реализација односно конструкција на полето на ветерници – додаде Молинаро. Како што е познато, околу Штип на три
локации ќе се инсталираат 66 ветерници со вкупен капацитет од 198
мегавати. Годишно ќе произведуваат половина милион гигават-часови, која
според пресметките на Шпанците е еднаква на годишна потрошувачка на
струја на 115 илјади домаќинства. Овој начин на производство на струја
значително штеди во емитување на т.н. „стаклени штетни гасови“ во
атмосферата. Годишно во воздухот ќе има помалку 155 тони вакви гасови а
според најавите за Штип е предвидено вработување на 50-тина лица. ![]() ![]() ![]() http://www.stip.gov.mk |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Gradinarot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Aug-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 369 |
![]() ![]() |
bravo
|
|
..... .......
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
До крајот на 2012 година 66 ветерници
![]() -Доколку се обезбедат сите дозволи до крајот на годината, веќе од 2011 во Штип може да се почне со поставување на првите две од предвидените 4 типа на ветерници. Тие заеднички би биле со моќ од 100 мегавати, а вкупната инвестиција би чинела околу 140 милиони евра. Ветерниците би биле ставени во погон до крајот на 2012 година.-рече Џорди Молинер-Маријано претставник на Инвал групацијата, на средбата кај градоначалникот Зоран Алексов на која, покрај претставници на Инвал Македонија, присуствуваа околу 10-тина експерти од областа на обновливата енергија и претставници на странски фирми. Главна тема на разговор беше проектот фарма на ветерници во Штип, потоа планот за негова поддршка, како и потенцијалот за искористување на работната сила. Џорди Молинер-Маријано изјави дека сите институции во Македонија имаат позитивен пристап и прават се што е во нивните напори за да обезбедат конструкција на поле на ветерници во Штип. Стеван Пулејковски од „Инвал Македонија“, фирма која е формирана за македонскиот пазар од шпанската компанија „Инвал“ изјави дека се чека на издавањето на последниот документ за да можат конечно да отпочнат со работа на терен. -Станува збор за динамичка студија што ја изработува Агенцијата за енергетика, по што ќе добиеме овластување за страт на инсталирањето на ветерниците. Оваа студија заеднички со метеролошките мерења е од суштинско значење за практичната работа.Се планираат четири полиња со вкупно 66 ветерници, секоја со моќност од три мегавати. Тоа ќе значи дека секое поле на ветерници, користејќи ја енергијата на ветерот, ќе дава по околу 50 мегават-часови електрична енергија - изјави Пулејковски http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2231&Itemid=125 |
|
![]() |
|
Accipiter ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 21-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Daj boze da barem edna firma konecno dojdi i pocni da investira. Vo posledni 3 god. bea mnogu najavi deka ke se izgradat vetro parkovi ama do sega nisto konkretno
|
|
http://energetskaefikasnost.co.cc
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Во Гевгелија стартуваа подготовките за изградба на електрана на ветер13.05.2010 | автор: Сител
![]() Со одобрувањето на урбанистичкиот проект за “Ветропаркот Гевгелија-Југ“ од страна на Министерството за транспорт и врски и објавениот оглас за давање под закуп на државно земјиште за изградба на ветерници на подрачјето на општина Гевгелија се подготвува теренот за изградба на нова електрана на ветер.
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
http://www.build.com.mk/?p=3293 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 11> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |