build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Комплекс факултети на УКИМ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 13-Nov-2015 at 03:21
Originally posted by King

Очигледно имаш многу изострени чувства, штом од десетици објекти и уште толку фасади ти најде една локва и половина метар квадратен излуштена фасада како круцијални докази за неквалитет. Ако одиме и ѕиркаме по зградите секако дека ќе пронајдеш уште некоја незакована шајка, ама недоволно за да подмирисне, а камо ли да замириса на неквалитет. Мене оваа целата работа ми смрди на нешто друго.
значи и да паѓаа елементи од фасадиве, ти ќе речеше дека не е ништо страшно...
исто како што не ти е страшно тоа што цела задна фасада на АЕК е утната... на проеклетиот лажен столб што се гледа на фотографииве, му фали парче онму каде што се допираше со балконот на комерцијална, оној што го искасапија за да може да дише АЕК, која буквално се допираше со објектот, што е доста опасно и без земјотреси и ветрови... тоа ти е исто како мост кога се почнува од две страни, да ја утнат спојката меѓу платформите за пола метар... не е ништо страшно нели? no big deal... фак инжињеринг енд планинг
и сето тоа зато што мораа да напикаат објект онаму ни каде што со најголема фантазија не може да се замисли, и еден таков комплициран зафат да го дадат на најнеписмените луѓе кои ќе креираат фасада по нарачка, и тоа само од страната на кејот, која ќе се гледа и слика, и со тоа најбитното е завршено нели? а другото не е битно, затоа што објект постои за фасадите да му ги сликаат, а не за тоа да биде безбедна и функционална работна средина и добро да биде осмислен како целина со сите нишани
ако целта беше тоа, боље да креневте еден голем театарски параван пред објектот на комерцијална и со тоа маките и фрустрациите поради кои досега очигледно навечер не можевте мирно да спиете, ќе ви беа завршени

Edited by zabegan - 13-Nov-2015 at 05:07
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 12-Nov-2015 at 00:27
Гипсов мене ми делува многу квалитетно.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 10-Nov-2015 at 01:54
Originally posted by phenomenon

Соседното Крњево на идниве барокни згради во кампусот факултети, во каков архитектонски стил е изградено?
алелуја, токму ова сакав и јас да го искоментирам

не сум загрижен веќе за тоа како изгледаат објектите низ градов, како ќе изгледа УКИМ и што ќе се гради кај него (тие грижи одамна отидоа јабана), загрижен сум за фактот што новата грандиозна зграда на ФИНКИ, е буквално опколена со едно огромно, неконтролирано, од господ забаталено гето...
...и сега тоа највеќе ме боли, што живеам во средина со извитоперени идеали и потреби каде ваквиот тип на урбанизам во сред град е нормална и прифатлива појава во 21-ви век...

Edited by zabegan - 10-Nov-2015 at 01:58
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 09-Nov-2015 at 19:05
Очигледно имаш многу изострени чувства, штом од десетици објекти и уште толку фасади ти најде една локва и половина метар квадратен излуштена фасада како круцијални докази за неквалитет. Ако одиме и ѕиркаме по зградите секако дека ќе пронајдеш уште некоја незакована шајка, ама недоволно за да подмирисне, а камо ли да замириса на неквалитет. Мене оваа целата работа ми смрди на нешто друго.
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 09-Nov-2015 at 17:18
Може да не е и за тоа, ама може да послужи за тоа, мислам за развој на високото образование.
Како да ти кажам, еве и Дахау си има функција и денес, таму ги сместуваат мигрантите пред да одлучат што со нив.

Не сум јас толку патетичен по тоа прашање. Не ми е гајле дали е диктатура или не, дали е либерална џунгла или не, би можел да живеам во диктатура, ама да има квалитет. Еехеј, во какви диктатури какво образование и какви ликови имаат изникнато.
Проблемот е во тоа што кога ќе пројдам покрај МНТ да кажеме, смрди на неквалитет, го нема тој премиум филинг. Ваљда знаат архитектите дека и употребените завршни материјали имаат улога во финалната оценка за објектот, не само барокните текстури.
Груевски го изеде неквалитетот. Ќе го плукаат највише заради неквалитетни кадри. Еве и да одлучил на погрешна локација да се смести некоја зграда што е глупо ама ајде, зошто таа не би изгледала добро?! Па најголем дел од големите барокни, неокласични зданија низ Европа се правени по државен налог и во тешки диктатури. Ама биле ангажирани најјаките архитекти, а не наши партиски деца.
И кога ќе си отиде Груевски, никој разумен нема да може да каже дека е направен квалитетен проект, добра зграда. Ма да, мене некои ми се доста интересни. Обвинителство и финансова ми е фаворит, со мали исправки.

На ФИНКИ му треба зграда, му треба опрема, по чиј и да е налог, и каде и да се направи ќе може да се плука само од архитектонска гледна точка, и тоа кец у кец, зашто ништо немаат направено до сега како што треба, и логично е дека ни ова нема да биде како што треба, ама ќе си врши работа.

ЕДИТ: Имаше некои прашуваа како тоа се чувствувал неквалитетот. Еве:


Или кога ќе шљапнеш во милионски вир:


Или кога ќе ги погледнеш рамките на прозорците, или фиктивните столбови горе


Edited by Bojan10 - 09-Nov-2015 at 17:29
Од чаламот си патиме!
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2691
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 09-Nov-2015 at 17:07
Соседното Крњево на идниве барокни згради во кампусот факултети, во каков архитектонски стил е изградено?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 09-Nov-2015 at 17:04
Originally posted by BOJAN

Како да ви објаснам. Причината зошто се градат „барокни“ згради во кампусот факултети не е за т.н. развој на високото образование итн. итн. Локации за градење на образовни институции може да најдат во Скопје, а особено на местото на веќе постоечките зданија во Карпош 2. Да не заборавиме, тука има бараки на Факултет за драмски уметности, кој наскоро се сели во новата зграда покрај Вардар. Башка, барем уште две парцели може да се формираат на оваа локација.

Причината поради која се градат „барокни“ згради во факултетскиот кампус е покажување на тоталитарна моќ, комбинирана со испрден балкански менталитет. Премиерот сака да покаже дека ја воспоставил контролата и врз УКИМ, и тоа сака да го направи на еден едноставен начин, така што ќе си насади објекти во кампусот. Никаква филозофија за архитектура нема тука.


Boki epten si vlezen vo film.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 09-Nov-2015 at 16:33
Како да ви објаснам. Причината зошто се градат „барокни“ згради во кампусот факултети не е за т.н. развој на високото образование итн. итн. Локации за градење на образовни институции може да најдат во Скопје, а особено на местото на веќе постоечките зданија во Карпош 2. Да не заборавиме, тука има бараки на Факултет за драмски уметности, кој наскоро се сели во новата зграда покрај Вардар. Башка, барем уште две парцели може да се формираат на оваа локација.

Причината поради која се градат „барокни“ згради во факултетскиот кампус е покажување на тоталитарна моќ, комбинирана со испрден балкански менталитет. Премиерот сака да покаже дека ја воспоставил контролата и врз УКИМ, и тоа сака да го направи на еден едноставен начин, така што ќе си насади објекти во кампусот. Никаква филозофија за архитектура нема тука.
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 09-Nov-2015 at 14:53
Може и нема лошо да испадне тоа Бундестагот ама не му е тука место. Све и да се вклопува со комплексот и да е во тек со денешните светски градежни стилови и тенденции, тука да ставиш ФИНКИ е ко финансова полиција до опера и балет.

За жал, земјиштето меѓу техничките факултети и Илинденска го продадоа за згради.
Иначе, перфект место за станче кој сака да си земе. Близу зоолошка, близу градски парк, стадион, арена Борис Трајковски, близу има оснобвни и средни училишта, по Илинденска си за минутка у центар,..., ама тука требаше да се направи зграда за ФИНКИ, нешто може и домување за студенти.

Edited by Bojan10 - 09-Nov-2015 at 14:53
Од чаламот си патиме!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 09-Nov-2015 at 13:26
Конечно некој да реагира. По година дена од почетокот на целосната постапка за избор на овие чудовишта во комплексот факултети, конечно некој архитект да се одважи и да реагира. За многу од овие работи што професорот Константиновски ги пишува во својата статија веќе сме реагирале, но добро е сега веќе има и експертско видување на оваа тема.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 09-Nov-2015 at 10:43
БАРОКЕН УПАД ВО УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ КОМПЛЕКС

Георги Константиновски
(Авторот е архитект)


Не сум доволно умен како да ја наречам таа земја којашто не ги почитува законите на културните придобивки од современата наука, техника и технологија. Јасно е дека токму таква земја е далеку од современиот свет и дека е подобро да се дефинира како земја на беден народ кој дозволува да биде раководен од примитивни политичари коишто ја туркаат сопствената земја на најниското цивилизациско скалило за сметка на сопственото богатење! Ете тоа е точната констатација за реалната состојба на нашата земја-македонска, во којашто без милост се девалвира културата, нашето минато, а со тоа и нашата иднина!

Читам дека нов објект на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ќе се гради во комплексот на универзитетскиот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Веќе подолго време слушам дека во овој универзитетски комплекс се граделе два нови објекти, но никако не можев да поверувам дека такво нешто може да се случи без согласност на авторот на овој универзитетски комплекс! За запознавање на читателите, автор на овој комплекс е словенечкиот архитект Марко Мушич, потпретседател на Словенечката академија на науките и уметностите (САЗУ) од Љубљана. Архитект со светско реноме.

Во 2013 година се појави на виделина книгата „Универзитетно средишче в Скопју“, опширна студија за овој комплекс на 140 стр. од авторот на ова статија во издание на Словенечката академија на науките и уметностите (САЗУ) и во соработка со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Книгата е отпечатена само на словенечки јазик, а поради немање доволно средства не е отпечатена на македонски јазик. Од овој податок произлегува дека Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кој е тесно поврзан со МАНУ, ја имал предвид целокупната состојба со содржината и обемот на комплексот! Исто така Ректоратот бил добро запознаен и со авторот на овој комплекс!



Се прашувам:

1. Дали раководството на Ректоратот на чело со ректорот не знаело за авторството на објектите и на севкупното урбанистичко решение на овој комплекс? Ако не знаеле, тогаш БРАВО! А, ако знаеле, веројатно мислеле дека Македонија е земја во којашто секој може да прави што сака, не почитувајќи ги авторските права и законите кои владеат во една нормална држава. Ред би било ако сакаме да бидеме дел од Европа, прво што требало да направат одговорните е да го повикаат авторот на овој универзитетски комплекс и со него да се договорат за намерите на Ректоратот! Авторството на едно архитектонско или уметничко дело не застарува, ниту пак познава граници! Поради појаснување, тоа е многу слично ако на портретот на Мона Лиза од Леонардо да Винчи и' нацртате мустаќи и речете дека вие сте авторот на „Мона Лиза“!

2. Кој ја дава таа дозвола за овие нелегално отпочнати два објекти да бидат проектирани во „барок“. Во статијата на „Утрински весник“ е дадена сликата на новиот објект на ФИНКИ. Поморничава архитектура од овој прикажан објект сметам дека не постои на нашава планета. Срамота за македонската архитектура, срамота за оние што го нарачале овој проект, срамота за архитектот-автор на ова (не)дело, кој не поседува елементарна архитектонска култура! Овој архитект се споменува како автор на повеќе објекти кои ги проектира во стилот „барок“ и којшто има и реализирани објекти коишто се срам не само за целокупниот архитектонски сталеж, туку и за целата држава! Парите што ги зема за проектите не можат да ја покријат неговата лузна која ќе остане како црно петно засекогаш!

Повеќе од јасно е дека не треба повеќе да се молчи! Доста беше понижување! Му советувам нему како и на оние блиски до него да се запрашаат во кој век живеат? Да се запрашаат дали со тоа што го прават денес ја изразуваат својата почит и благодарност кон своите професори. Ги советувам и наредбодавците да престанат да ги арчат безмилосно парите на овој народ. Македонија стана земја за исмејување за сите оние коишто доаѓаат да ги видат архитектонските „дострели“ - се' што е изградено во централната зона на Скопје во овие 5-6 години е срам за целокупниот македонски народ!

во остатокот од текстот има и за други објекти на Скопје 2014

http://www.utrinski.mk/?ItemID=472BB789CC66604B80CBBBA0C9E1CBAC
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 12-Sep-2015 at 16:00
Добро ни дојде на форумов.
За сè има вторпат
Back to Top
balcannibal View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Sep-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote balcannibal Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 12-Sep-2015 at 10:36
Здраво на сите, одамна го читам форумов. Одличен, темелен, интелигентен, креативен, критички настроен, здраворазумен. Конечно решив да се вклучам. Кога ќе можам ќе бидам дел од дискусиите. Сега сакав да постирам текст. За „барокизацијата“ на кампусот УКИМ сумирано на едно место:



ГОСПОДИНОТ „БАРОК“ ЧУКА НА ПОРТИТЕ ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ КАМПУС

Договорот „нарасна“ на 16,8 милиони евра: понудата на „Бетон Штип“ најпогодна за барокните факултети во УКИМ

Продолжуваат сагата и контроверзиите поврзани со изградбата на двата „барокни“ факултети што ќе никнат во зеленилото во универзитетскиот кампус „Св. Кирил и Методиј“. Фирмата „Бетон Штип“ дала најниска понуда за изведба на ФИНКИ И Факултетот за физичко образование, а договорот со Министерството за образование (МОН) од предвидените 13,6 „нарасна“ на близу 16,8 милиони евра, тендер за кој ВМРО-НП пред само две недели тврдеше дека наводно е наместен.

Милионските суми за новите домови на двете високообразовни институции можеби немаше да кренат толкава врева и реакции низ јавноста доколку не владееше толкав молк од надлежните од ресорот на министерот Абдилаќим Адеми. Инвеститорот (МОН) досега целиот процес за изградбата на двата факултети во склоп на УКИМ го водеше во тајност, со штури информации.

Целиот процес беше неодамна „размрдан“ и со тврдењата на ВМРО-народна партија дека нетранспарентно и незаконски била спроведена тендерската постапка при изборот на изведувачот. Обвинија дека фирмата што понудила најдобри услови и најниска цена, незаконски била предвреме елиминирана со образложение што целосно е спротивно со одредбите од Законот за јавни набавки.

„Сето ова е направено со цел да се спречи учеството на лицитацијата и заради најповолно понудени услови да не го попречи изборот на однапред утврдениот победник на тендерот“, соопштија од ВМРО-НП.

ВМРО-народна партија укажуваше дека се пробиени сите законски рокови за обврската на спроведувачот на тендерот да ги извести понудувачите и јавноста, која фирма е избрана за изведувач, под кои услови и што е најважно, по која цена ќе се градат објектите.

„Изградбата на факултети претставува општ јавен интерес на граѓаните на Република Македонија и тие имаат право да знаат кој, како и во колкава мера ги троши нивните пари. Зачудени сме што ваквата нетранспарентна практика при спроведувањето на тендерските постапки продолжува од страна на владејачката структура, кога се знае дека во изминатиов период реакциите од јавноста и од меѓународната заедница беа жестоко критички, насочени токму за нетранспарентно спроведување на тендерите. Исто така, беше посочено дека пристрасното одлучување е жариште што отвора простор за понатамошни коруптивни дејства, со кое се загрозува правниот систем во државата“, соопшти ВМРО-народна партија.

Но ВМРО-НП изминативе две недели не се појави пак да образложи кои се другите заинтересирани фирми и дали е точна шпекулацијата дека фирма блиска до лидерот Љубчо Георгиевски му конкурирала на „Бетон Штип“. Само „пуштија водичка“.

Бирото за јавни набавки објави дека „Бетон Штип“ на електронска аукција поднела понуда со најниска цена - 366.898.030 денари за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а 664.950.500 денари за подигнување нов објект на факултетот ФИНКИ со подземни гаражи и партерно уредување при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во „превод“ - тоа се вкупно 16.763.633 евра, што е за 3 милиони повеќе од првично проценетата вредност на МОН.

На сајтот на Бирото за јавни набавки пишува дека датумот за одлука е 30 јули, а во огласот за јавното отворање на понудите на градежни фирми како датум стои 6 јули, на 11. кат во зградата каде што е сместено МОН (бивша НИП Нова Македонија). Меѓутоа, до МКД.мк не стигна одговор од ресорот за образование да кажат колку понуди стигнале, од кои фирми, што е следно во постапката, дали има датум кога би почнале да се градат факултетите... Не вратија ниту дали има официјален записник од јавното отворање на понудите, чија обрска, пак, е во рацете на посебната Комисија за јавно наддавање (согласно со Законот за јавните набавки).

Она што јавноста моментално единствено може да го дознае преку Јавни набавки е „Конечната одлука за оваа постапка ќе ја донесе одговорното лице, за што ќе бидете дополнително информирани“. И толку.

Не е тајна дека фирмата „Бетон Штип“ е блиска до бизнисменот Јордан Камчев. Односно „Орка Холдинг АД“ на Камчев заедно со „Ексико ДООЕЛ“ и уште неколку компании е акционер во „АД Бетон Штип“. За „Ексико“, чија сопственост завршува во Швајцарија, БИРН истражуваше кој се крие зад оваа компанија што се јавува како купувач на вредно земјиште на Водно, а НоваТВ претходно објави дека е акционер во „Евробалкан хотелс ДОО“, фирма што подоцна го менува називот во „Хотел Ибис ДОО“. Тоа е фирмата што близу плоштадот „Македонија“ (на улица „Орце Николов“) го градеше хотелот „Ибис“.

За „Бетон Штип“ на нивната страница стои дека ги имаат изградено Музејот на ВМРО-ДПМНЕ и Македонска борба, Меморијалниот центар на холкаустот и Народниот театар. Исто така и објектот на Инвест-банка, катната гаража „Макоил“ зад Универзитетска библиотека, хотел-казиното „Фламинго“ во Гевгелија... „Бетон Штип“ во проектот „Скопје 2014“ како изведувач учествува и во МЕПСО, зградата на Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј и партерното уредување кај МНР. За потребите на „Скопје 2014“ досега „Бетон Штип“ добила 34.343.706 евра.

Проблемот е што досега изградбата на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование се одвиваше во мрак, тајно и со неколку одлуки што повлекоа реакции. Двата високообразовни објекти се предвидени на простор од 11.238 квадратни метри, поточно ќе никнат покрај булеварот „Гоце Делчев“, наспроти „Мавровка“, во зеленилото на УКИМ.

Градот Скопје за да придонесе во реализацијата на проектите и нивната изградба, оцени, а потоа и донесе одлука инвеститорот да биде ослободен за 60 отсто од надоместоците за уредувањето на земјиштето, по што МОН ќе може да извади Одобрение за градба. Градот му прости на министерството 59.733.220 денари, или близу милион евра.

Она што најмногу го привлече вниманието на јавноста, а внесе револт кај архитектонската фела, беше конкурсот за избор на идејно решение на двата факултети. На конкурсот за изгледот на Факултетот за физичко образование беа доставени 10, а за ФИНКИ - 7 труда. И за двата беа избрани делата на Жарко Чаушевски, кој поради претходните барокни решенија во духот на „Скопје 2014“ доби „титула“ на „владин архитект“. Имено, Чаушевски и неговото студио „Архитектоника“ се автори на барокната зграда на „Водовод“, барокниот ГТЦ, фасада на Владата, новата Административна зграда на Државното станбено претпријатие што се гради покрај МОБ... Исто така, голем број од „барокните“ фасади на зградите (само од предна страна, задната остана запуштена) низ скопското централното подрачје се реконструирани токму по идејно решение на Жарко Чаушевски.

И по повеќе месеци од објавувањето на резултатите од конкурсот, ресорното министерство молчеше околу организирањето на целокупната постапка за проектната документација за идните згради на факултетите. Службите од МОН не беа расположени да ја споделат одлуката на жирито во која се образложува изборот на победничкиот авторски труд од Конкурсот.

Засега не се организираше соодветна изложба, што е нормално за поразвиените земји, каде што пошироката јавност би се запознала со визијата на сите 17 вклучени труда за факултетите од кампусот на УКИМ, особено што се работи за објекти од исклучително јавно значење. Нема ниту информации дали воопшто МОН контактирала со авторот на универзитетскиот комплекс, словенечкиот архитект и академик Марко Мушич, со оглед на тоа што двата факултети ќе влезат во постојниот архитектонски и изворен концепт на УКИМ.

За несоодветниот Конкурс за објектите во УКИМ прв јавно реагираше Дејан Ивановски, дел од студиото „Архитектри“ и член на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Тој појасни дека во барањата за конкурсот во ниту еден момент не бил споменат архитектонскиот стил барок. Па, со тоа, помислиле дека е логично во рамките на Универзитетот, како независна институција, да биде распишан и независен конкурс.

„Цртавме 30 дена, надевајќи се дека конечно дојде време да нацртаме зграда со која ќе се гордееме. Но згрешивме. Во тимот работеа и млади луѓе, патем одлично одговорни личности, кои се надеваа на некаква награда за својот сработен труд , признание за тоа што заедно со своите постари колеги одлучиле дека на самото место треба да застане современа зграда што ќе биде репрезент на младите луѓе што утре ќе се борат за своите права“, рече Ивановски.

Архитектот потенцираше дека работеле на зграда што со своите карактеристики ќе одговара на местото и на контекстот во кој е поставена, почитувајќи ја изворната идеја. Гледале примери од локации што им биле референтен пример, главно од Европа, како географска одредница.

„Потоа, легално, во рокот што беше предвиден од комисијата (во која нема ниеден проектант, баш ниеден) добивме одговор дека победник на легалниот конкурс во кој вистински, веруваме за последен пат, победил некојси Жарко Чаушевски. Не на едниот, на двата победил човекот! Истиот оној што ја поправи зградата на Владата, истиот оној што сака да го промени и ГТЦ...“, рече претходно Ивановски.

Проф. д-р Влатко Коробар од Архитектонскиот факултет, пак, во текст за Окно се осврна на просторот и автономијата на Универзитетот. Потенцираше дека Универзитетскиот сенат по предлог на ректорот, со мнозинство гласови одлучил од Владата да побара средства за изградба на објект за потребите на Универзитетот, без прецизна намена и програма за објектот и без потребните детали вообичаени за ваква одлука. Иако имало барања за тоа, одлуката останала неусловена, односно не било утврдено под кои услови би се искористиле евентуално доделените средства. Така, на крајот на оваа авантура, сепак, како што рече, нема да се добијат средства за изградба на објекти, туку изградени објекти.

„По неколку месеци од одлуката, предлагачот немаше одговор како универзитетскиот орган одлучил во комплексот на објекти за општествени науки да се изградат токму објекти за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, иако веќе беше завршен конкурсот за избор на идејно архитектонско решение за објектите распишан од МОН, а според медиумите, членови на оценувачката комисија биле и деканите на овие факултети. Вообичаено, процедурата беше нетранспарентна, без увид на јавноста во пристигнатите и наградените трудови. Во духот на ’остваруваме’ пред неколку дена беше објавен јавен повик за избор на изведувач на двата објекта. По ова следува изградба на објектите.

Така се најдовме во ситуација Универзитетот да добие два нови објекта без притоа да е позната процедурата низ која Универзитетот ја реализирал својата автономија во управувањето и самостојно одлучувал за изградба на објектите. Што е овде спорно? Сè! Од почетната одлука за барање средства за изградба на објект до последниот чин на избор на изведувач. Во целиот процес не е почитувана ниту автономијата во одлучувањето, ниту универзитетскиот простор. Учесници во тој упад во неповредливоста на универзитетскиот простор овој пат не се органите за безбедност, туку парадоксално, тоа се самите органи на универзитетот и неговите единици што си го суспендираа правото самостојно да одлучуваат.

Упадот на две згради во кампусот на Универзитетот без автономна одлука на универзитетските органи е фактичка повреда на универзитетскиот простор. Згора на тоа - две грди згради. Иако е некоректно да се суди за објектите само врз основа на два објавени прикази на фасадите, тие слики и обемната евиденција распослана низ центарот на Скопје од истиот автор и во слична процедура, ни дава право да судиме и врз основа на толку штури информации“, напиша Коробар.

Бојан Шашевски


http://www.mkd.mk/makedonija/dogovorot-narasna-na-168-milioni-evra-ponudata-na-beton-shtip-najpogodna-za-baroknite





Edited by balcannibal - 12-Sep-2015 at 10:38
„Некои луѓе никогаш не полудуваат. Којзнае колку ужасен живот живеат“
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 09-Sep-2015 at 21:26


Какви добри современи решенија се понудија, и пак ќе се изберат најретроградните.
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 09-Sep-2015 at 16:53
Од алсат м


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 01-Jun-2015 at 12:33
Интересен текст во врска со предложените нови згради на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје:

Просторот и автономијата на универзитетот

Влатко П. Коробар

Автономијата на универзитетот, покрај академската слобода и автономијата во управувањето, ја вклучува и неповредливоста на универзитетскиот простор. Ова е запишано во Законот за високото образование и во Статутот на УКИМ. Законот утврдува дека просторот на универзитетот е неповредлив. Затоа полицијата и другите државни органи на безбедност не можат, без согласност на ректорот, да влегуваат во овој простор, освен за спречување на извршување кривично дело. Статутот на УКИМ е уште попрецизен. Неповредливиот простор на универзитетот ги опфаќа објектите и земјиштето во кое се сместени и во кое се остварува дејноста на единиците и ректоратот. Иако неповредливоста на универзитетскиот простор првенствено се сфаќа како неможност на државните органи за безбедност да влегуваат во универзитетскиот простор без посебна дозвола, изминативе месеци сме сведоци на една посебна форма на нарушување на неповредливоста на универзитетскиот простор.

Пред неколку месеци Универзитетскиот сенат на предлог на Ректорот, со мнозинство гласови одлучи од Владата да побара средства за изградба на објект за потребите на Универзитетот, без прецизна намена и програма за објектот и без потребните детали вообичаени за ваква одлука. Иако имаше барања за тоа, одлуката остана неусловена, односно не беше утврдено под кои услови би се искористиле евентуално доделените средства. Така, на крајот на оваа авантура, сепак, нема да се добијат средства за изградба на објекти, туку изградени објекти.

По неколку месеци од одлуката, предлагачот немаше одговор кој универзитетски орган одлучил во комплексот на објекти за општествени науки да се изградат токму објекти за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, иако веќе беше завршен конкурсот за избор на идејно архитектонско решение за објектите распишан од Министерството за образование и наука, а според медиумите, членови на оценувачката комисија биле и деканите на овие факултети. Вообичаено, процедурата беше нетранспарентна, без увид на јавноста во пристигнатите и наградените трудови. Во духот на „остваруваме“ пред неколку дена беше објавен јавен повик за избор на изведувач на двата објекта. По ова следи изградба на објектите.

Така се најдовме во ситуација Универзитетот да добие два нови објекта без притоа да е позната процедурата низ која Универзитетот ја реализирал својата автономија во управувањето и самостојно одлучувал за изградба на објектите. Што е овде спорно? Сè! Од почетната одлука за барање средства за изградба на објект до последниот чин на избор на изведувач. Во целиот процес не е почитувана ниту автономијата во одлучувањето, ниту универзитетскиот простор. Учесници во тој упад во неповредливоста на универзитетскиот простор, овој пат не се органите за безбедност, туку парадоксално тоа се самите органи на универзитетот и неговите единици кои си го суспендираа правото самостојно да одлучуваат.

Упадот на две згради во кампусот на Универзитетот без автономна одлука на универзитетските органи е фактичка повреда на универзитетскиот простор. Згора на тоа - две грди згради. Иако е некоректно да се суди за објектите само врз основа на два објавени приказа на фасадите, тие слики и обемната евиденција распослана низ центарот на Скопје од истиот автор и во слична процедура, ни дава за право да судиме и врз основа на толку штури информации.

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, кој по природата на академските содржини поврзани со него е свртен кон иднината, ќе биде сместен во зграда која наликува како да е правена во третата деценија на минатиот век, а не во втората деценија на 21-от век. Која е пораката што овој објект ја испраќа? Како треба да се чита ова апсурдно архитектонско здание? Иако во својот архитектонски јазик објектот пелтечи, тој прецизно ја испраќа пораката за нашата дезориентација и некритичност и за неможноста да се избориме самостојно да одлучуваме за работи кои се еклатантно универзитетски домен.

Уште поневеројатна е ситуацијата со објектот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Веројатно Факултетот се специјализира исклучиво за спортови во сала, зашто во рамките на универзитетскиот комплекс ниту има ниту може да се обезбедат спортски терени на отворено. Еден колега од овој факултет ме убедуваше дека овде ќе се одржувал само теоретскиот дел од наставата, а ни самиот не веруваше во убедливоста на објаснението. Факултет за спорт без спортски терени е како факултет за хемија без лаборатории или факултет за ликовни уметности без ателјеа.

Кога големите универзитети, оние од првите педесет на Шангајската листа што ни се, нели, репер, сакаат да изградат нов објект, го избираат јазикот на кој зборува архитектонското совремие и ангажираат несомнени авторитети во архитектурата. Така, универзитетот Колумбија од Њујорк за изградба на објектот Northwest Corner го ангажира Рафаел Монео, еден од најпрестижните архитекти на денешницата, а кога познатиот Швајцарски федерален технолошки институт (EPFL) од Лозана одлучи да го гради центарот Rolex Learning, преку меѓународен конкурс ја ангажираше фирмата САНАА од Јапонија, едно од најавангардните архитектонски бироа на денешницата. Но, очигледно во овој сегмент не се инсистира да ги препишуваме примерите од „најпрестижните универзитети“ во светот.

Неповредливоста на универзитетскиот простор е нарушена. И тоа не на начин кој го имал предвид законодавецот, туку на еден уште пострашен начин, со траен упад во неговиот простор од кој долгорочно ќе црвенееме кога ќе треба да објаснуваме како тоа новите објекти се „постари“ од самите факултети што се сместени во нив.

Објектите не се обични контејнери. Преку престојувањето во нив и нивното користење тие нè обликуваат. Една шведска поговорка вели дека детето има три учители, прво - другите деца, второ – учителот и трето – просторот. Тоа е така во сите простори на образование – и просторот подучува.

И да се разбереме: никој не е против изградба на нови универзитетски капацитети и подобрување на условите за студирање и работење. Но, не може да се биде рамнодушен пред чинот кој освен што центарот на градот ни го направи за потсмев, сега и најстариот универзитет во државата ќе го направи да биде за потсмев со изградбата на овие објекти кои се вон контекстот во кој се лоцирани, вон духот на времето и вон здравиот разум.

Има некои што тврдат дека овие објекти се всушност подарок (!?), а на подарен коњ забите не му се гледаат. Изгледа дека ова особено важи кога коњот е тројански.

http://okno.mk/node/47485
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 22-May-2015 at 21:44
Previous
 
Е ако ова се подразбира под "разубавување" на просторот, како што велат одредени службени лица на одредени аудио снимки, тогаш не знам што е нагрдување на просторот.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 22-May-2015 at 21:23
Ни останува сега само да се молиме абдаливе да паднат побрзо од власт и ова да не се оствари.
На линковите има слики

ВО СКЛОП НА УКИМ
Барокните ФИНКИ и Факултет за физичко образование ќе чинат 13,6 милиони евра
Министерството за образование и наука денеска објави тендер за изградба на објекти на Факултет за физичко образование спорт и здравје и ФИНКИ. Двата објекти ќе бидат во склоп на УКИМ, со подземни гаражи и партерно уредување, а нивната процената вредност изнесува 838.120.060 денери, или близу 13.6 милиони евра.
http://www.mkd.mk/files/styles/statija-shiroka/public/article/2015/05/22/mkd-195372.jpg?itok=GptKjKZU

Со тендерот, МОН конечно го објави и барокниот изглед на образовните објекти, кои ќе се градат по идејно решение на Жарко Чаушевски, архитектот кој досега беше задолжен за фасади во духот на „Скопје 2014“ на Владата, „Водовод“, ГТЦ...

Двете згради на факултетите ќе имаат вкупна површина од 11.238 квадратни метри, а откако ќе биде избран изведувач ќе „никнат“покрај булеварот „Гоце Делчев“, наспроти „Мавровка“ во зеленилото на УКИМ.

Критериум за и доделување на договор за јавна набавка е најниската понудена цена. Понудите од потенцијалната фирма изведувач се доставуваат најдоцна до 6 јули.

Досега Градот Скопје за да придонесе во реализацијата на проектите и нивна изградба, оцени дека инвеститорот треба да биде ослободен за 60 отсто од надоместоците за уредувањето на земјиштето, односно на МОН им прости милион евра за комуналии.

Целиот досегашен процес за изградбата на објектите се одвиваше во тајност. На конкурсот на МОН за изгледот на Факултетот за физичко образование беа доставени 10, а за ФИНКИ - 7 трудови. Но, покрај избраните дела на Жарко Чаушевски, кој поради претходните барокни решенија доби „титула“ на „владин архитект“, МОН не информираше за целокупната постапка за подготвување на проектната документација.

http://www.mkd.mk/files/styles/statija/public/article/2015/05/22/mkd-195373.jpg?itok=RWrBHMh8

Службите во надлежното министерство не беа расположени да ја споделат одлуката на жири – комисијата, во која се образложува изборот на победничкиот авторски труд на Конкурсот. Засега не се организираше соодветна изложба каде пошироката јавност би се запознала со визијата на сите 17 вклучени трудови за објектите од кампусот на УКИМ. Нема ниту информации дали воопшто МОН контактирала со авторот на универзитетскиот комплекс, словенскиот архитект Марко Мушич, со оглед на тоа што двата факултети ќе влезат во постојниот архитектонски концепт на УКИМ.

За објектите веќе реагираа од архитектонската фела. Дејан Ивановски, дел од студиото „Архитектри“ и член на Асоцијацијата на архитекти, претходно појасни дека во барањата за конкурсот во ниту еден момент не бил споменат архитектонскиот стил барок. Па, со тоа, помислиле дека е логично во рамките на Универзитетот, како независна институција, да биде распишан и независен конкурс.

„Цртавме 30 дена, надевајќи се дека конечно дојде време да нацртаме зграда со која ќе се гордееме. Но, згрешивме. Во тимот работеа и млади луѓе, патем одлично одговорни личности кои се надеваа на некаква награда за својот сработен труд , признание за тоа што заедно со своите постари колеги одлучиле дека на самото место треба да застане современа зграда што ќе биде репрезент на младите луѓе кои утре ќе се борат за своите права“, рече Ивановски.

Архитектот потенцираше дека работеле на зграда која со своите карактеристики ќе одговара на местото и на контекстот во кој е поставена. Гледале примери од локации кои им биле референтен пример, главно од Европа, како географска одредница.

„Потоа, легално, во рокот што беше предвиден од комисијата (во која нема ниеден проектант, баш ниеден) добивме одговор дека победник на легалниот конкурс во кој вистински, за последен пат веруваме, победил некој си Жарко Чаушевски. Не на едниот, на двата победил човекот! Истиот оној што ја поправи зградата на Владата, истиот оној што сака да го промени и ГТЦ...“, рече претходно Ивановски.

Конкурсот беше распишан на средината на септември. Од архитектите се бараше со своите творечки трудови да применат креативност, инвентивност и оригиналност. Исто така, да обезбедат современ третман на објектот во согласност со неговата функција, да применат ефикасно природно осветлување и да предложат конструкција што би обезбедила сеизмичка стабилност и економичност на функцијата.

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/baroknite-finki-i-fakultet-za-fizichko-obrazovanie-kje-chinat-136-milioni-evra
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 08-Mar-2015 at 00:04
се надевам дека ќе се остави простор за идна интервенција на раскрсницата и дека нема објектов да виси над улиците и да создава средновековни сокаци, как одосегашните објекти... барем нешто нека се испочитува
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 07-Mar-2015 at 13:19
Ќе се гради „барокот“ во Универзитетскиот кампус на УКИМ!

Набрзина се турка изградбата на двата нови објекти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје кај кампусот факултети на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Министерството за образование и наука пред речиси две недели склучило договор со фирмата „Архитектоника“ од Скопје за изработка на основни проекти за овие два објекти, кој најверојатно ќе го следат „барокниот“ архитектонски правец од владиниот проект „Скопје 2014“. Новите згради треба да се градат на местото на постоечкото зеленило, меѓу објектот на Ректоратот и булеварот Крсте Мисирков.




Целокупната проектна документација е предвидено да се комплетира во временски период од само два месеци, и тоа врз основа на победничкиот архитектонски труд на авторот Жарко Чаушевски. Овој архитект изработи бројни зданија од владиниот проект „Скопје 2014“, во кој доминираат протежираните архитектонски стилови: „барок“, „класицизам“ и „неокласицизам“. На распишаниот Конкурс во декември минатата година, Жарко Чаушевски ги освои двете награди во вкупен износ од 600.000 денари. Дополнителни 18.762.000 денари (околу 300.000 евра) од буџетот на Министерството за образование и наука ќе се одвојат за изработка на основните проекти за двете зданија.

И покрај силните притисоци од архитектонската јавност, Министерството за образование и наука досега не објавило ниту еден податок околу најавениот градителски потфат. Не се објавени визуелизации за идните образовни објекти, нема информации за висината на финансиските средства што ќе се потрошат од државниот буџет за оваа намена, нема податоци дали авторот на идејниот проект за Универзитетскиот кампус на УКИМ е информиран за промените што ќе ги претрпи неговото дело, ниту пак се објавува катноста и вкупната бруто површина на која ќе се простираат идните згради.

Автор на изворниот архитектонски труд за објектите на Правниот, Филозофскиот и на Економскиот факултет е познатиот словенечки архитект Марко Мушич, кој во моментов е и претседател на Словенечката академија на науките и уметностите. Овој комплекс претставува еден од симболите на постземјотресно Скопје, кој е комплетиран како проект во 70-те години на минатиот век. Градежното земјиште на кое се наоѓа Универзитетскиот кампус на УКИМ се наоѓа на територијата на општина Центар, што подразбира дека оваа локална самоуправа треба да ја издаде градежната дозвола за евентуалната изградба на најавениот „барок“.

http://www.build.mk/?p=43474
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.