build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сеизмологија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 12-Mar-2009 at 18:48
Originally posted by beTon

а за неиздавањето книги од страна на изис тоа не е точно, имаат редовно од институтот и проекти дома и соработка надвор,  кои воедно се публикуваат но кого го итересира, истите овие знаења се пренесуваат и на постдипломските студии но и на факултетот, но сепак треба и интерес од самите архитекти за новитетите  од областа на асеизмичност.

Дај пример, конкретно. Сите знаеме за проекти, но дај каде некој може да прочита за тоа.

Originally posted by beTon

поентата е дека законски се е поставено лабаво, јасно изис се најкомпетентни, сетне градежен, па дури после може да се мерат со нив приватни ревизори, и она каде е главниот проблем е што норми и правилници и да постојат, прво истите нема кој да ги наметне цврсто, а и ништо не е транспарентно, пример кога купува некој стан нема никаде законска облигација да биде  наведен степенот на асеимичност, што јасно би укажало на тежината на проектот и квалитетот на објектот, па според тоа и да се вага добар дел од цената.

За ревидирање на проектите постојат услови кој може, а кој не. Впрочем се издаваат лиценци и за ревизија, покрај за проектирање и изведување.
Не го разбирам делот наметнување цврсто?? Без сеизмика не поминува нити еден проект. Тоа е реалност и се прави со децении. Проблемот со нашиве случаи на кои главни алудира ИЗИИС во своите изјави се однесува на делот градење, а не проектирање. Треба да се контролира градбата, квалитетот на материјалите и сл.

:-) и by the way не постојат степени на асеизмичност. Или е асеизмичка некој градба или не.

Originally posted by beTon

патем прописите за асеизмички градби не се ревидирани или дополнети од шеесетите наваму...



апсолутно не е точно. Еве го патот на "Правилникот за технички нормативи за изградба на објекти од високоградбата во сеизмички подрачја" од поново време. Објавени се во Sl. list br. 31/81, 49/82, 29/83, 21/88 и 52/90.
Покрај пречистениот текст со сите дополни и измени, дадени се и коментари и карта со подрачја со максимални интензитети на очекувани потреси според MKS-64 и веројатност на појава 63% за повратен период од 500 години.
(извор: хрватски автор на книгата Земјотресно инженерство, 2001)
Ако ги споредиме актуелните прописи наведени во Правилникот со 'помодерните' Еврокодови, може да се заклучи дека се тука некаде, можеби нашиве се малку поконзервативни и на страна на сигурноста. Впрочем, принципот на Еврокодовите во многу се базира на DIN, што пак е 99% основа на актуелните прописи
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 12-Mar-2009 at 18:31

се работи за осетлива област и треба многу професионален пристап, но треба и прецизност до каков степен се проектира и изведува асеизмичка градба, но мислам дека кај нас е стеснет максимално просторот  за маневрирање на проектантите во овој правец, прво  професионалноста ја диктираат финансиски инвеститорите, па следствено и прецизноста трпи за сметка на ова.

а за правилниците јасно е дека постојат, но нема институција која ќе го проверува темелно применувањето на истите, оставено е се на добрата волја  и совест на ревизорите кои повторно повеќе од јасно  пак ги ангажира самиот инвеститор и играат како ќе им  свири.

а за неиздавањето книги од страна на изис тоа не е точно, имаат редовно од институтот и проекти дома и соработка надвор,  кои воедно се публикуваат но кого го итересира, истите овие знаења се пренесуваат и на постдипломските студии но и на факултетот, но сепак треба и интерес од самите архитекти за новитетите  од областа на асеизмичност.

поентата е дека законски се е поставено лабаво, јасно изис се најкомпетентни, сетне градежен, па дури после може да се мерат со нив приватни ревизори, и она каде е главниот проблем е што норми и правилници и да постојат, прво истите нема кој да ги наметне цврсто, а и ништо не е транспарентно, пример кога купува некој стан нема никаде законска облигација да биде  наведен степенот на асеимичност, што јасно би укажало на тежината на проектот и квалитетот на објектот, па според тоа и да се вага добар дел од цената. 

патем прописите за асеизмички градби не се ревидирани или дополнети од шеесетите наваму... 

Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 12-Mar-2009 at 17:59
Вака стојат работите:
Постојат Прописи за асеизмичко проектирање на објекти од различни катергории, како и Правилник за технички нормативи за изградба на објекти од високоградбата во сеизмички подрачја и ист таков Правилник каде што се опфатени другите инженерски објекти. Овие правилници се на сила и според овие Правилници се проектираат сите објекти. Во нив се земени сите поенти што ги посочуваш, почва, сеизмички зони и сл.
Не велам дека ИЗИИС нема искуство и слично. Само кажувам дека секој објект, па макар и еднокатна куќа се проектира според овие прописи. Со самото тоа, а и со ревизиите се формира доволно квалитетен проект.
Не гледам што не е јасно тука?
Во врска со твјот коментар за ИЗИИС како џандар, немам ништо против. Али да не биде џандар ко овие сегашниве, кога ќе ги викнеш да ги мрзи да дојдат оти мала била штетата, него да бидат како оние поранешните-позорни цајкани. И сами да бараат грешки, а не да ги молат.
Друга работа е тоа што знаењето што го има собрано кадарот во ИЗИИС ретко, скоро никогаш не се публикува. Зошто?
Нека даде некој пример каде просечен инженер може да прочита некои препораки, напатствија, научени лекции или анализи на случај публикувани од нивна страна, па да може да научи нешто повеќе?
Трета работа, постои Градежен факултет каде се учи како се проектира асеизмички. Па 99% од кадарот во ИЗИИС е произлезен од Градежен факултет. Кој сега треба да има монопол???
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 12-Mar-2009 at 17:33

незнаев дека сега со измените ова екорегирано. велиш која е логиката изис да прави ревизија а не некој приватен ревизор, поентата е што никој од ревидентите нема законски лимит односно некаков правилник според  која мерка да ја  пресметува асеизмичноста. не се во игра само вертикални и хоризонтални сили, неможеш да проектираш добра асеизмичка градба без да ги земеш во обзир и геомеханичките својства на теренот, без да се раководиш според сеизмички точки кои се мапирани во СК.  плус фактор што е дискутабилен е немањето лиценци за ваква работа, мора да се има некаков филтер кој ќе биде во корист на попрофесионална и попрецизна услауга за граѓаните.

да не ме разбереш погрешно не дека само во изис знаат што е асеимичност, но сепак искуството и стручноста на изис во споредба со останатите проектанти и инжињери не се споредува, тоа ти е исто како да споредуваш фудбалер со некој што игра сервис во маало.  во најмала рака треба да се остави простор за изис да биде како џандар кој ќе  ја контролира повремено издржаноста на се она што поминува  под тезга на пазар...  

Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 12-Mar-2009 at 16:59
Во измената и дополнувањето на законот за градење исфрлена е ставката "Студија за оцена на сеизмичкиот квалитет...."
Според  мене, тоа беше таму уфрлено  баш поради инсистирање за монопол. Нека ми каже некој, кој проектант не прави сеизмичка анализа при проектирањето на објектите?
Истите тие проекти поминуваат ревизија каде се оценува што се е сработено и ако има недостатоци се коригираат. Каде е тука потребата од таква Студија која само констатира што е направено во проектот и дали е сработено според стандардите. Тоа е малтене работа на ревидентот.
Каде е тука потребата од дуплирање на една иста работа со оваа студија?
Или само се сака да се земат пари на Инвеститорите кои и онака ич не им се даваат пари за проектирање на конструкцијата, односно се ценкаат за ситни пари?
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 11-Mar-2009 at 23:45

малку делува панично изис, но за да нема забуни тие само алармираат дека нема никаков ред околу атестирање на сеизмичноста на објектите.  добро малку тераат и егоистички наметнувајќи супериорност, што не е спорно, но лошо звучи! Smile

инаку на терен работите стојат прилично лабаво, не се знае  прецизно кој е законски меродавен, кој може да врши ревизија и како и колку е возможно да се заобиколат веќе вратени проекти од институт како изис... некој ќе рече изис сака монопол или немаат доволен институционален капацитет, но она што е спорно е што никој од приватните или државните субјекти за оваа проблематика не е лиценциран, па затоа и се наметнува изис како најискусен! тоа значи дека не постојат стандарди ниту пак некој може да наметне најнизок праг на толеранција во однос на потврдите кои се потребни за добивање градежна дозвола или за примопредавање на зграда во употреба, со оглед дека според законот сега треба асеизмички печат и на  почетокот на проектот  и на крајот на објектот! мое мислење е дека треба да има и оценување на степенот на асеизмичност и истото ова да мора да биде обврска на инвеститорот кога ќе ги продава становите да ги прикаже и овие факти со што мислам дека ќе се придонесе и пореално и почисто да се вреднува некој објект на пазарот...

еве една неоправдана реакција во врска со екслузивитетот на изис! 

Монополот на Институтот за земјотресно инженерство - 01.06.2006
Блашко Димитров, дипл. град.инж. и Здравко Јаковлевски, дипл. град. инж.

Со донесувањето на новиот Закон за градење, објавен во "Службен весник на Р. Македонија" од 30 јуни 2005 година, направени се повеќе измени во областа на процедурите кои треба да се испочитуваат од инвеститорите, од поднесување барање за одобрение за градење, па се до добивање одобрение за употреба. За жал, и покрај добрите намери на законодавецот, направени се повеќе пропусти во Законот за градење кои ќе имаат далекусежни последици доколку не бидат отстранети навреме.
Во печатените медиуми деновиве се води полемика околу "сеизмичкиот жиг за сигурност" помеѓу претставниците на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија и Градежниот факултет од Скопје околу ексклузивноста на ИЗИИС добиена од Стопанската комора на Македонија, за изработка на студии за квалитетот на сеизмичката заштита на објектите.
Како проектанти, ревиденти и одговорни лица во реализацијата на поголеми инвестициски објекти во Македонија, сакаме да го изнесеме нашиот став во врска со оваа проблематика. Спорната одредба од член 52 од Законот за градење, според која за да се добие одобрение за градење, инвеститорот на надлежниот орган треба да му достави "Одобрена студија за позитивна оцена на остварениот квалитет на сеизмичка заштита на објектот во согласност со генералната државна стратегија за контрола и намалување на сеизмичкиот ризик". Сето ова би било в ред ако законодавецот пропишал кој може да изготвува студија за квалитетот на сеизмичка заштита на објектот.
Дополнителна забуна прави ставот 5 од истиот член, според кој надлежниот орган врз основа на доставен комплетен основен проект со извршена ревизија, по службена должност прибавува согласности и мислења за усогласеноста на проектната документација со стандардите и нормативите за проектирање и одредбите од посебните закони.
Со сета почит кон Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, сметаме дека времето на монополи одамна е поминато. Во Македонија постојат и други институции и фирми кои можат да вршат вакви контроли на исто стручно ниво како и ИЗИИС. Ексклузивноста на ИЗИИС во поглед на ваквите проверки, во Законот за градење и во кој било друг пропис, никаде не е потврдена ниту спомната

Утрински - 01.06.2006

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 11-Mar-2009 at 19:55

Градот преплавен од бесправни градби (4) Сеизмичката сигурност никој не ја контролира


Неконтролираната импровизација на доградување на тераси и нивна адаптација во соби или дуќанчиња, но и надградба на стари објекти од два, три и повеќе ката, масовната изградба на нови станови е уште една потврда дека главниот град живее во тотален урбанистички хаос. Притоа малкумина од изведувачите на овие урбанистички зданија, внимаваат на статичката или сеизмичката сигурност на новоизградениот објект. Честопати при изградба на нови објекти, но и доградбите, надградбите, како и реконструкциите на веќе постојните згради се прават сериозни пропусти кои никој не ги контролира, бидејќи за тоа не постои законска основа.
“Во општините се даваат некои проекти од кои може да се види дека е правена некаква сеизмичка анализа. Но, прашање е колкава е компетентноста на тие инженери и каков е квалитетот на проектните документации врз основа на кои се обезбедуваат дозволи за градба”, истакнува директорот на Институтот за инженерство и сеизмологија”, професор д-р Михаил Гаревски. “Пред последниот земјотрес што го потресе Скопје на 24 февруари, мал број од инвеститорите се обраќаа до Институтот со барање да направиме сеизмолошко испитување на објектот. Но, оттогаш наваму многу фирми на барање од самите станари кои, очигледно стравувајќи за својата сигурност, сакаат да знаат дали зградата е стабилна, баараат од нас ние да го изготвиме сеизмичкиот проект. Притоа Институтот издава два сертификата. Едниот го издаваме откако ќе извршиме увид во комплетната анализа на објектот што е направен и откако ќе утврдиме дали тој е компатибилен со архитектонското решение и дали е правилно сеизмички проектиран, а вториот сертификат го издаваме по извршената суперконтрола на она што се изведува, односно кога објектот ќе биде готов”, додаде тој.
Со цел да се обезбеди потребната ефикасност на интервентни мерки, истакнува Гаревски, предлагаме во Законот за градба да се воведе дополнителна контрола на проектната документација и издавање на сеизмички протокол како документ со кој се дава мислење за адекватноста и квалитетот на преземените мерки за сеизмичка заштита на градежните објекти. Имено, објаснува Гаревски, инвеститорите законски се обрзани при обезбедување на дозвола за градба да имаат и сеизмички проект, меѓутоа на крајот од изградбата никој не контролира дали тој објект е направен во согласност со документите. Предлогот е доставен до Министерството за транспорт и врски, но оттаму досега немаме добиено повратен одговор.

Што се однесува до надградбите и доградбите, професор Гаревски смета дека без разлика на се, државата треба со закон да забрани какви било надградби на објекти градени пред земјотресот од 1963 година, бидејќи тоа се асеизмички проектирани згради, а вакви интервенции може да се дозволат само на оние изградени по тој период. “На таквите објекти можни се надградби, но тоа мора да се докаже сеизмички, и во никој случај тие надградувања не треба да надминат десет проценти од вкупната маса”. “Во однос на проширувањето на терасите”, додава тој, “мислам дека би можело да се дозволува и понатаму, а ако тоа добро се вклопи, некогаш може да ја зајакне и зградата”.

Н.Македонија - Даниела Чичевска - 21.04.2004

според логиката на др.Гаревски надградбите во  нас.Мичурин се опасни за живот! еве во контекст уште некој линк за да не ги пренесувам цели...

Хаос во надградувањето на колективните - Утрински - 05.04.2004

Опожарената кула ќе остане со нарушена статика - Дневник - 07.12.2005

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 11-Mar-2009 at 16:46

ИЗИИС ПРЕДУПРЕДУВА ДЕКА ПРОДОЛЖУВА НЕСЕИЗМИЧКАТА ИЗГРАДБА
Високи профити, сомнителни згради - 06.03.2006

Продолжува хаосот и немањето контрола врз сеизмичката издржливост на зградите и куќите што масовно се градат во Скопје. Новиот Закон за градбата, според кој сите објекти што почнуваат да се градат мора да имаат сеизмички протокол, не ги дава очекуваните резултати. Инвеститорите во изминатите 15 години не беа обврзани да вадат документи со кои ќе ја докажат сеизмиката на објектот, а откако лани добија таква обврска со новиот закон, во општините поднесуваат сомнителни атести од некомпетентни институции, тврдат во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Во ваквиот хаос, велат експертите, не може точно да се знае какви материјали се вградуваат во новите згради и дали столбовите се тенки или изградени според прописите.

Д-р Михаил Гаревски, директор на ИЗИИС и други негови колеги со години предупредуваат на ризикот од катастрофален земјотрес во скопското подрачје, кое важи за трусно. Во Институтот велат дека, благодарение на законскиот хаос, инвеститорите и понатаму ќаруваат од градење на "картонски" куќи и згради, кои неинформираните граѓани ги купуваат по високи цени од 800 до 1.100 евра за квадратен метар.

- Стана практика да се градат таканаречени безгредови системи. Тоа се опасни објекти, само со столбови врз кои има само плоча. Без греди, без скелетна конструкција и со рамни тавани. Ваквиот начин на градење е евтин и го применуваат и инвеститорите во Турција - вели Гаревски.

Гаревски предупредува дека ваквото градење во изминатата деценија станало мода меѓу скопските инвеститори, која може да биде фатална за главниот град и за луѓето што живеат во вакви објекти во случај на силен земјотрес.

Состојбите не се подобруваат бидејќи, како што велат експертите, Законот за градбата има "дупка".

- Законодавецот не предвидел овластени институции што ќе бидат задолжени за издавање позитивно мислење за сеизмика. Откако е усвоен законот, за шест месеци сме добиле само 12 предмети, од кои два одбивме. Не знам каде завршуваат другите предмети, пред да им биде издадена градежна дозвола. Сметам дека министерот за транспорт и врски треба официјално да овласти институции и само тие да издаваат мислења за сеизмика - вели Гаревски.

Експерти за сеизмика што сакаа да останат анонимни коментираат дека од ваквата ситуација најмногу ќаруваат инвеститорите, но и градоначалниците и општинските службеници, кои сега имаат ширум отворена врата да развијат бизнис, односно да ги праќаат инвеститорите кај свои "фирми" по сеизмички атест. Бидејќи има повеќе, наместо само две или три овластени институции за издавање на сеизмички протокол, се отвора можност еден предмет да биде одбиен од една, а да добие позитивно мислење од друга институција.

Директорот Гаревски не ја исклучува ваквата ситуација.

- Не би смеело да се случува ако предметите се одбиени, да се усвојат од некоја друга институција, без да се ревидираат. Ако законот се применува правилно и ако сакаме ризикот од земјотреси и неправилно проектирање да го сведеме на минимум, општините не смеат да издаваат дозволи за изградба на ваков начин - вели тој.

За правилно да се применува законот, од ИЗИИС веќе организираа средба и семинар со сите градоначалници од Македонија, од кои очекуваа повратна реакција, но досега не ја добиле.

Гаревски вели дека предметите ги решаваат за ден или два. За сеизмички протокол на куќа од 100 квадрати наплаќаат 50 евра.

Дневник - Јорданка Ивановска - 06.03.2006

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 11-Mar-2009 at 16:46
ВО ТРКАТА ЗА БРЗ ПРОФИТ НИКОЈ НЕ ГИ ФЕРМА СЕИЗМИЧКИТЕ НОРМИ ПРИ ГРАДЕЊЕТО
"Картонските згради" станаа мода во Скопје - 28.02.2004 
Од 1990 година, градителите немаат никаква обврска да го консултираат Инсититутот за земјотресно инжинерство кога градат и никој не ја контролира градбата во однос на сеизмичката сигурност, па експертите велат дека никој не може да гарантира за сигурноста

Според експерти од Заводот за испитување материјали, во моментов, користејќи го беззаконието и лабавата контрола , инвеститорите градат "картонски објетки", односно куќите и зградите се прават со минамален квалитет на вграден бетон, се прават малверзации дури и со железото, а надзорот е само фиктивно поставен
Од 1990 година, градителите немаат никаква обврска да го консултираат Инсититутот за земјотресно инжинерство кога градат и никој не ја контролира градбата во однос на сеизмичката сигурност, па експертите велат дека никој не може да гарантира за сигурноста на објектите во случај на појак земјотрес. ИИЗИС пред два месеци испратил до Министеството за транспорт и врски предлог за сеизмички протокол како задолжителен документ за издавање одобрение за градба, со кој се предлага сите проекти за новите објекти да подлежат на сеизмичка анализа и да се преземат соодветни мерки за сигурност со заложба без ваков документ, да не се издаваат одобренија за градба, а градителите да бидат обврзани да направат сеизмичка анализа

Последниве десетина години во Скопје масовно се гради, но никој не води грижа ниту пак контрола на сеизмичката сигурност и безбедноста на изградените објекти. Се појавија огромен број нови куќи, згради, доградби, надградби, реконструкции, но иако појавата на градење е се помасовна, досега речиси никој не побарал анализа на сеизмичката сигурност на објектот, ниту пред да гради ниту пак откако ќе изгради. Не се врши соодветен технички прием на новите објекти за време на кој би се откриле нерегуларности на градбата, а надзорот врз изведувањето е препуштен на приватни фирми кои ги плаќа самиот инвеститор. Во градот се појавија дури и најневозмжни доградби, лепенки, куќи изградени врз згради кои зборуваат дека во трката за остварување брз профит се заборави на нормите во градењето. Секој квадратен метар отповеќе на еден објект не се гледа како место во кое некој треба да живее и да биде безбеден туку како на дополнителни 600 до 1000 евра поголем ќар за инвеститорот.
Земјотресот кој во вторникот го погоди градот , голем број скопјани го протолкуваа како предупредување дека мора да почне да се внимава како се гради. Така смета и директорот на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија, ИЗИИС проф. д-р Михаил Гаревски. Неговиот став е дека земјотресите, како природни појави не може да се предвидат, но затоа пак човекот може да се заштити од нив со сигурна и безбедна градба.
"Речиси и да не постои во светот искуство за предвиден земјотрес, освен она во Кина во 1975 година кога сеизмолозите го предвидоа земјотресот и успеаја да направат евакуација. Во тој земјотрес немаше жртви, имаше големи штети, но токму кога животот се врати во нормала следната 1976 година, повторно имаше катастрфален земјотрес кој не беше предвиден и со тоа падна во вода предвидувањето. Некакво предвидување би можело да се направи врз основа на повратни периоди. Кога еден земјотрес се повторува на неколку години, тогаш може да се направи предвидување дека во одреден период земјотресот може пак да се повтори, но не се кажува точниот ден, туку се вели во рок од 20, 30 години и слично. Земјотресите се апсолутно непредвидливи и ниту еден научник во светот не си ја зема на себе обврската да предвидува. Според мене, ефектот на предвидувањето е можеби добар, но само во однос на избегнувањето жртви. Дури и точно да се предвиди еден земјотрес, да се евакуираат луѓето, штетата е направена, куќите се разурнати и животот треба да се продолжи во урнатини. Затоа сметам дека многу поважно од предвидувањето е заштитата од земјотресите. Борбата против земјотресите не  е во нивното предвидување туку во сигурната и сеизмичка градба", рече директорот Гаревски.
Тој вели дека има два основни чекори за заштита од земјотресите. Првиот е едукција на населението за начинот на кој треба да постапи во случај на земјотрес каде најважно е да нема паника, а вториот чекор е сигурната градба која е најдобра заштита од земјотреси. Според Гаревски, во последно време во Македонија, заборавено е на земјотресите и никаде не се врши едукација на населението како да постапи во случај на земјотрес. Тој смета дека посебно жителите на Скопје како трусно подрачје, треба постојано да се потсетуваат дека кога има земјотрес треба да застанат кај скалите во објектот, бидејќи тие се од армиран бетон, или покрај некој столб, да не паничат, да не корисатат лифт, во висококатниците да не се трудат да излезат надвор по секоја цена и слично.
Вториот чекор за заштита од земјотресите, според Гаревски е најважниот. Тој смета дека за секој објект, посебно за секој нов објект, треба да се направи анализа за сигурност, да се внимава на проектирањето, на градењето, на марката бетон што се вградува, на железото, односно да се внимава на сите елементи и чекори од градбата. Не смеат да се дозволат пропусти во проектирањето, а потоа треба постојан и одговорен надзор во текот на градењето за на крајот со техничкиот прием на објектот да се утврди дали тој ги задоволува стандардите за сигурност и безбедност на идните станари.
"Јас најодговорно тврдам дека може да се проектира објект кој е 100 насто сигурен. Но тоа е многу скапо и економски неиздржливо. Некој ризик, кој ние го нарекуваме 'сеизмички хазард' мора да се превземе. Сеизмичкиот хазард во побогатите земји е помал, се гради посигурно и поквалитетно, но во посиромашните, за жал секогаш е поголем. Ние ги проектираме објектите така да во случај на земјотрес може да падне преграден sид, дури и дел од конструкцијата - тоа е ризикот, но никако не треба да падне целиот објект. Проблем е тоа што во Македонија, некаде од 1990 година, градителите немаат никаква обврска да не консултираат кога градат. никој не ја контролира градбата во однос на сеизмичката сигурност, Порано тоа го правевме ние, и сите беа обврзани да ни го донесат проектот и ако ние го одобриме, да се добие дозвола за градење, но таа пракса беше укината. Сега за сигруноста на објектот, не само во однос на сеизмиката, туку и во однос на противпожарната заштита, и во однос на контролата на квалитетот на бетон и другите материјали што се вградуваат во објектите, никој не води сметка. Се е оставено на инвеститорот кој во брзата трка за профит ги занемарува овие работи", смета Гаревски.
Тој вели дека од досегашните искуства во светот се покажало дека дури и онаму каде што се контролира градбата, каде државата води сметка за сигурноста на објектите, како градењето станува помасовно така контролата и квалитетот се губат. Во Скопје, посебно последниве две - три години масовно се гради, а контрола нема. Гаревски вели дека од она што може да се забележи на теренот, во Скопје се појавила мода во градењето на така наречени безградови системи. Тоа се објекти само со столбови и врз нив плоча, без греди, без скелетна конструкција, со рамни тавани. Ваквиот начин на градење е многу поевтин и на око изгледа многу поубаво од објектот каде има скелет, па на таванот има греди кои се испакнати. Овој начин, според Гаревски, се повеќе станува мода и за инвеститорите во Скопје, а бил пракса на оние во Албанија и Турција. Според Гаревски, во Скопје иако има многу лоши градби, генералнта слика не е катастрофална.
"Генерално, во Скопје градбата не може да се оквалификува како лоша, но може да се забележат и многу лоши градби, и тоа нови, кои при малку посилен земјотрес би паднале. Ние пред два месеци испративме до Министеството за транспорт и врски предлог за сеизмички протокол како задолжителен документ за издавање одобрение за градба. Со него предлагаме, сите проекти за новите објекти да подлежат на сеизмичка анализа и да се преземат соодветни мерки за сигурност. Нашата заложба е без ваков документ, да не се издаваат одобренија за градба, а градителите да бидат обврзани да направат сеизмичка анализа", рече Гаревски.
Сличен став има и директорот на Државниот градежен инспекторат Зоран Трошански кој најави дека во рамки на борбата против бесправната градба, ќе побара од Минстерството за транспорт и врски да се врати техничкиот прием на зградите и него повторно да го прави државата, а во исто време да се зголемат мерките за проверка на квалитетот на материјалите што се вградуваат во новите градби.

Според експерти од Заводот за испитување материјали, во моментов, користејќи го беззаконието и лабавата контрола , инвеститорите градат "картонски објетки", односно куќите и зградите се прават со минамален квалитет на вграден бетон, се прават малверзации дури и со железото, а надзорот е само фиктивно поставен.

Вест - Маја Илиевска - 28.02.2004

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 08-Mar-2009 at 03:00

Сеизмичките испитувања чинат многу, но сигурноста на граѓаните нема цена

СПОРЕД ЕКСПЕРТИ ЗА ЗЕМЈОТРЕСНО ИНЖЕНЕРСТВО Новите станбени објекти не се сигурни за живеење - 08.10.2001

Пример за сигурен објект е основното училиште "Јохан Хајнрих Песталоци", зашто под секој столб во конструкцијата има гумени лежишта

Станбените објекти во Скопје кои последните десетина години ги граделе приватни градежни фирми не гарантираат безбедност за станарите и при земјотрес со најмал интензитет можат да се урнат, велат во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија - ИЗИИС.

До осумдесеттите години, задолжително сите проекти за градба морале да ја минат контролата или пак да бидат проектирани од експерти за земјотресно инженерство.

- Скопје е познато како трусно подрачје каде што често има земјотреси. Затоа, изградбата на објектите, задолжително треба да биде асеизмичка. Конструкцијата на зградите треба да гарантира сигурност за граѓаните. Единствено, Институтот за земјотресно инженерство, може да направи контрола или да проектира објект кој ќе ги задоволи сите стандарди и прописи за асеизмичка градба. Многу малку фирми доаѓаат да направат ревизија на проектите. Не тврдам дека новите згради не се добри, но проектирањето и примената на сеизмичките прописи не е толку едноставна работа и не може да ја знае секој инженер - вели Михаил Гаревски, заменик директор во ИЗИИС.

Во Институтот велат дека за објектите што ги гради државата може да се гарантира дека нема да се урнат или пак да се оштетат при земјотрес со помал интензитет. Во Скопје асеизмички згради се Македонската радио - телевизија, зградата на "Осигурување Македонија", кулите во Капиштец, во Јане Сандански и Карпош 4.

- Светските прописи за асеизмички градби не дозволуваат тотален колапс на зградата или уривање на конструкцијата. Скопскиот катастрофален земјотрес во 1963 година не беше толку силен колку што објектите не беа асеизмички изградени. До 1964 не постоеја прописи за асеизмичка градба. Прописите кои и денеска важат за Македонија се донесени по катастрофалниот земјотрес во Скопје. Најлошо поминаа објектите повисоки од три ката, ѕидани со тули. Зградите кои го "преживееја" земјотресот, денеска не ги задоволуваат сеизмичките прописи. Затоа кај сите згради треба да се изврши сеизмичка санација. Но, проблем е што поголемиот дел од таквите стари згради се приватни и граѓаните немаат пари да ги санираат. Во денешните градби многу често се случува градежните фирми, па и граѓаните да штедат при изградба на конструкцијата и повеќе вложуваат во внатрешното уредување. Инвеститорите и граѓаните купуваат поскап паркет, санитарии и некоја друга опрема за становите - вели Гаревски.

Денеска е најсигурно да се гради, комбинирано од столбови и армирано бетонски платна - ѕидови од бетон. Пример за сигурен објект е основното училиште "Јохан Хајнрих Песталоци". Под секој столб во конструкцијата на училиштето има гумени лежишта. Но, градбата со гумени лежишта е погодна за објекти од три до седум ката.

Инженерите во ИЗИИС, велат дека и покрај тоа што некои градби се асеизмички, многу од граѓаните сакајќи да го прошират местото за живеење уриваат ѕидови, столбови и бетонските платна кои се носечки во конструкцијата на зградата. Според инженерите, во таквите станбени објекти и при многу мал земјотрес може да се урне целата повеќекатница. Првиот кат се нарекува и "мек кат" бидејќи нема доволна крутост, но само во зградите каде што е предвидено да има локали во долниот дел од објектот. Сеизмичките сили се најголеми на првиот кат. На горните катови можат да се дозволат интервенции, затоа што таму сеизмичките сили се многу мали.

Во Институтот за земјотресно инженерство постојат инструменти со кои се испитува дали една зграда е сеизмички изградена. Таквите испитувања за повеќе повеќекатници чини околу 6.000 ГМ. Инженерите велат дека од неодамна ги испитувале доградените тераси по симболични цени, но нагласуваат дека сигурноста на граѓаните нема цена.

Дневник - Марија Димовска - 08.10.2001

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 08-Mar-2009 at 02:50

 и уште ова го немав чуено...

СПОРЕД ПРЕТПРИЈАТИЕТО "БЕТОН" - 15.10.2001  

И градежните фирми можат да ја контролираат асеизмичката градба Нема законска основа дека само ИЗИИС може да врши ревизија на проектите за изградба на станбените објекти кои гарантираат безбедност при земјотрес

Одговорните во градежното претпријатие Бетон, тврдат дека проекирање и контрола на проектите за асеизмичка градба можат да вршат сите градежни фирми, а не само Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија - ИЗИИС.

Блаже Панов, директор на институтот за студии и проектирање при ГП Бетон, вели дека контрола или ревизија на нивните проекити вршат сите фирми кои можат да го прават тоа, но по цена прифатлива за фирмата.

Стручњаците во ИЗИИС неодамна изјавија дека нивниот институт е единствен во земјава кој може да врши асеизмички испитувања со кои се гарантира безбедноста на станбените објекти. Според Михаил Гаровски, заменик директор во Институтот, новите станбени објекти кои ги градат приватни фирми не гарантираат безбедност затоа што нивните проекти не поминале на ревизија во ИЗИИС.

- Нема законска основа дека само ИЗИИС може да врши ревизија на проектите за изградба на станбените објекти кои гарантираат безбедност при земјотрес. Точно е дека кога се градеа населбите Јане Сандански и Капиштец, ИЗИИС вршеше контрола на проектите. Но, Интитутот за земјотресно инженерство не мора по секоја цена да биде контролор на проектите. Контролор на градежни проекти може да биде која било градежна фирма од наш ранг. За новоградбите во населбата Карпош 4, контрола направија градежните фирми Гранит, Пелагонија и Маврово. Вработените во ИЗИИС не се најдобри. Има и други институции кои можат да ја завршат таа работа - вели Панов.

Според него, ИЗИИС може да испитува објекти со специфична технологија. Во Бетон велат дека инженерите и архитектите ги користат новите сознанија за асезмички градби кои ги нуди Инситутот за земјотресно инженерсво.

- Искуствата на Институтот за земјотресно инженерство ги користииме како препораки. За нас се најважни техничките нормативи за проектирање на зградите. Ги користиме нивните сознанија, но и вработените во ИЗИИС користат наши искуства. Се сложувам дека постојат многу градежни фирми кои не се стручни. Но, Бетон има долгогодишно искуство, затоа и не мораме да ги користиме услугите на ИЗИИС - вели Панов.

Дневник - Марија Димовска - 15.10.2001

 

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 27-Feb-2009 at 23:47
Н? демнат поплави, пожари и земјотреси

Земјотресите, поплавите и пожарите се најголемите опасности што го демнат Скопје, според процената што ја направиле градските власти и што ја усвои советот на градот на последната седница. Во неа се содржани и степените колку градот е изложен на ризици од овие елементарни непогоди, како и мерките за превенција од нив.

СЕ ОЧЕКУВААТ ПОТРЕСИ ДО ОСУМ СТЕПЕНИ

Според истражувањата што ги направиле градските служби, подрачјето на Скопје се одликува со изразена манифестација на неотектонски и современи деструктивни процеси, кои резултираат со засилена сеизмичка активност. Блоковите се движат вертикално и нерамномерно. Поради тоа, иако земјотресите се природни појави што не можат да се предвидат, скопскиот регион спаѓа во сеизмогени извори од прв ред, каде што можат да се очекуваат потреси со јачина од 6,5 до осум степени според Меркалиевата скала.
-Најголеми оштетувања можат да претрпат објектите изградени пред катастрофалниот земјотрес од 1963 година, кои се проектирани без примена на какви било мерки за сеизмичка заштита - се вели во овој документ.

Во него пишува дека треба да се преземат превентивни мерки пред се во планирањето и уредувањето на просторот, при изградба на објекти и инфраструктура и особено во проектите за градби во кои се произведуваат, складираат или употребуваат опасни материи.

ПОВЕЌЕТО МОСТОВИ СЕ ПРЕНИСКИ

Четири големи поплавувања се забележани откако се воведени хидролошките набљудувања на реката Вардар. Првата поплава била во декември 1935 година, кога низ Вардар протекле 1.056 кубни метри вода во секунда. Втората се случила во декември 1937 година, кога протекот изнесувал 1.080 кубни метри.
Најголемиот потоп настанал во ноември 1962 година, кога протекле 1.310 кубни метри вода, а последната забележана поплава била таа од 1979 година со протек од 980 кубни метри.
Направени се и процени на веројатноста дека ќе се појават големи води во Вардар од сливот на реките Треска и Лепенец низводно. Така, еднаш во десет години би можеле да надојдат 652 кубни метри вода во секунда, еднаш во 25 до 30 години би можеле да протечат до 810 кубни метри, а еднаш во 100 години би можела да се случи поплава со протек од 1.200 кубни метри во секунда низ реката. Во тој случај би се поплавила површина од околу 8.730 хектари. Најзагрозени населби се центарот на градот, Ѓорче Петров, Хром, Маџари, Хиподром, индустриската зона Гази Баба и Долно Лисиче.
Испитувањата на регулираното речно корито на Вардар покажале дека неговата пропусна моќ е намалена за 10 до 16 отсто. Како причина за оваа состојба се наведува тоа што само Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“ имаат доволна висина над пропишаната скала и под нив би можела да поминува вода како таа што надошла во поплавата од 1979 година. Пешачкиот мост кај Кале би бил целосно поплавен и водата би минувала над него, а кај останатите мостови таа премногу би се доближила до долните рабови на нивната конструкција.
Поради променливото оптоварување на речното корито во изминативе децении тоа се деформирало, па големи проблеми би можеле да предизвикаат песочните карпи како тие кај сливот на реката Лепенец и под Камени кост, ерозијата што достигнува длабочина до два метри, оштетувањата на камениот ѕид до водата, насипувањето на бреговите и продлабочувањето на внатрешниот дел. Црни точки се центарот на градот, сливовите на Лепенец и на Треска, како и селото Рашче, каде што ако се излее Вардар може да донесе големи количества нанос и да го загрози изворот. Поради тоа треба да се поправат оштетувањата на коритото.

Опасноста од поплавите е зголемена и со тоа што во непосредна близина на градот се изградени брани. Пресметано е дека ако се урне браната на Матка би се создал разорен бран висок шест метри, кој би се движел со брзина од 33,4 километри на час. Најзагрозени би биле селата покрај реката Треска во општината Сарај. Во документот што го изработил градот се вели дека за да се обезбеди поголема заштита треба да се направи систем за надгледување на браната и за брза евакуација на населението при евентуална катастрофа.

СЕДУМ ОБЈЕКТИ СЕ ЛЕСНОЗАПАЛИВИ

Катастрофални пожари во Скопје би можеле да настанат од технолошките процеси што се одвиваат во индустриските и во другите погони. Објектите се делат во пет категории, според нивната отпорност кон создавање пожари.
Седум објекти спаѓаат во првата категорија како најзагрозени, затоа што во нив се работи со материјали што се леснозапаливи при допир со кислород или со вода. Тие би можеле да се запалат и на температури под 23 Целзиусови степени. Такви објекти се фабриката за технички гасови во Влае, рафинеријата „Окта“, складиштето за течни горива „Илинден“, станицата за течен гас на „Макпетрол“ во Миладиновци, погонот за премази и синтези на „Алкалоид“ на улицата Перо Наков во Гази Баба, погонот „Лафома“ на „Алкалоид“ во Ѓорче Петров, како и тој за пластични маси во фабриката „Охис“.
Во втората категорија се вброени градбите што содржат материи запаливи на температури од 23 до 100 Целзиусови степени, а такви се мелниците за жито, бензинските пумпи, погони на фабриките „Адинг“, „Европа“ и „Охис“ и котлите на природен гас на „Топлификација“.
Третата категорија ја сочинуваат објекти во кои може да избувне пожар ако во нив се создадат температури од 100 до 300 степени. Такви се сите јавни и деловни згради што собираат по повеќе од 500 лица, како големите станбени блокови, спортските и другите сали, училишта, факултети и места каде што се организираат музички и други манифестации. Во четвртата категорија, каде што точката на палење е над 300 степени, се вбројуваат металопреработувачките погони, топларниците на „Топлификација“ и јавните и деловни објекти што собираат од 100 до 500 лица. Петтата категорија ја сочинуваат објекти во кои се работи со материи што не горат.
Најзагрозени населби од пожари се тие што се изградени од дрвени бараки, како Драчево, Тафталиџе, Бутел, 11 Октомври, Влае, Ѓорче Петров и други. Овие објекти воопшто не можат да издржат пожар.

Мерките за заштита од пожари се преземаат при планирањето на просторот и при проектирањето на објектите.

НМ - Гоце Трпковски - 17.09.2008

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 20-Feb-2009 at 14:31

Мапирање на геолошките опасности на Балканот - 05.05.2008  

Југоисточна Европа е еден од деловите на континентот кој е најмногу склон на земјотреси, но сепак досега не постоеше заеднички регионален пристап за проценување на овие геолошки опасности. Оваа ситуација би требало да се промени со новиот проект за мапирање.

Балканскиот полуостров има најсложени тектонски карактеристики во Европа. Сеизмичката активност предизвика низа катастрофални земјотреси во регионот, кои уништија цели села и однесоа многу животи.

Со помош на донацијата од американската Фондација за цивилно истражување и развој (ЦРДФ), мал тим стручњаци од Албанија, Бугарија, Косово, Македонија, Црна Гора и Романија направија нова мапа која ги прикажува геолошките опасности во нивните земји. Овој проект претставува прв обид да се направи хомогена, комбинирана мапа на геолошките опаности на Балканот.

Досега, ова беше правено посебно од разни организации и агенции, често користејќи различни методологии. Но, земјотресите и другите опасности не почитуваат државни граници. Проблемите како пренаселеноста, брзите и лоши конструкции и несоодветните подготовки постојат во многу земји. Експертите се согласуваат дека одамна беше потребен заеднички пристап. Новиот проект ветува дека ќе го отвори патот за идна соработка.

Првата историска документација за земјотресите на Балканот датира од шестиот век п.н.е. Со текот на годините, многу градови беа многу оштетени или во некои случаи целосно уништени од земјотреси. Во просек, во регионот секоја година се случува по еден земјотрес од 6,3 степени. Само во минатиот век забележани се над 80 катастрофални земјотреси.

Што предизвикува ваков геолошки немир? На Балканот влијаат големите литосферски плочи на Евроазија и Африка, како и помалите целини како Арапската плоча и Јадранската микроплоча. Покрај тоа, бројните активни тектонски целини кои се наоѓаат во внатрешноста на регионот ја зголемуваат оптовареноста, што одвреме навреме предизвикува голема сеизмичка активност.

Колку и да се силни, земјотресите не се единствената закана. Чести се и одроните на земјиштето. Тука се и појавите како процесите на поминување во течна состојба, одрони на карпи, ерозија, спуштање на земјиштето и ширење на почвата. Овие, исто така, можат да ја загрозат животната средина, човечкиот живот и економијата.

Иако геолошките опасности долго влијаеа врз животот на Балканот, заради неодамнешните социоекономски и политички промени сега е уште повеќе потребно соодветно решение. По падот на комунизмот, повеќето земји во регионот започнаа брза транзиција од тоталитаризам во демократија. Наглиот развој на слободниот пазар доведе до неконтролирано движење на луѓето, брза изградба на стамбени и други објекти и несразмерна концентрација на луѓето во големите градови и околу нив.

Во комбинација со тектонските карактеристики на регионот, овие трендови укажуваат на потенцијални катастрофи во иднина. Се повеќе е важно да се разберат, проучат и мапираат елементите на геолошките опасности со цел да станеме свесни за штетата што би можеле да ја предизвикаат.

Новиот проект за мапирање е иновативен на повеќе начини. Пред се, настана преку Интернет, кој им овозможи комуникација на тимовите од различни земји. Тимовите, исто така, одржаа работилница во Охрид, Македонија на крајот од март 2007-та година и состанок во Тирана на крајот од август истата година.

При мапирањето е користена ГИС технологија со цел да се постигне поголема ширина и прецизност. Резултатот е најсовремен алат кој обединува многу различни сетови на податоци кои овозможуваат широк преглед на потенцијалното влијание на геолошката опасност врз една заедница, област или земја. Картографијата и компилацијата на мапи ја направи Албанскиот геолошки институт во Тирана.

Сепак, најголемата новина на овој проект е можеби неговиот обид овој проблем да се согледа регионално. Во минатото, организациите во земјите учеснички користеа различни методи за собирање, прикажување, анализа и проценка на информациите за геолошките опасности. Дури и внатре во една иста земја, можат да се сретнат изненадувачки различни техники и методи употребени за една иста појава.

Достигнувањта на проектот нема да застанат тука. Авторите планираат да ја рашират нивната работа преку разни конференциски активности и резултатите да им ги стават на располагање на структурите на Балканот кои носат одлуки и прават планови, на тој начин што мапите ќе им бидат достапни на соодветните геолошки и еколошки органи.

Тие информации би можеле да им помогнат на органите поефикасно да ги користат ограничените ресурси. И покрај тоа што превентивните напори беа попречени од административните проблеми и немањето доволно средства карактеристично за земјите во транзиција, земјите од Југоисточна Европа се надеваат дека состојбата ќе се подобри -- особено во контекст на проширување на ЕУ. Три земји -- Бугарија, Грција и Романија -- веќе се членки на ЕУ. Другите се во различни фази на пристапување, од официјален статус на земји-кандидатки до преговори за Договор за стабилизација и асоцијација. Постојат разни претпристапни програми и програми за земјите-членки, кои нудат заеднички и прекугранични проекти за подобрување на патната инфраструктура и капацитетите.

SET - Бетим Мучо - 05.05.2008

Large Map
www.crdf.org/usr_doc/Map_PDF_final.pdf


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 11-Feb-2009 at 06:56
Не знам како се викаат, дали се шипови ли темели ли се него почна да цури вода околу браната, значи низ карпата ли, низ почвата ли, незнам. Се работи иначе за Турија, сега се информирав!

Edited by lslcrew - 11-Feb-2009 at 07:04
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 10-Feb-2009 at 23:12

па се е можно денес Smile со какво темпо и кава опрема гледаат се да закрпат не ме чуди причини за проблеми да се лоша изведба и слабо гео испитување и врз основа на тоа проектирање, но кај сите постари акумулации ваквите недостатоци се до перфекција избегнувани, посебно кога во испитувањата и проектирањата биле вклучени словенци(или хрвати) како што било случајот со стрежево. е сега колку и да верувам дека брана може да попушти од антрополошки фактор  сепак за такво нешто да се случи најголема беља мислам дека е геолошко раздвижување...

инаку тоа бетонските прачки се тие бетонски шипови што ги спомнувам претходно така ги викаат геомеханичарите, значи тоа полнењето-пунктирањето со бетон е со цел да се зајакне структурата на браната а не на темелите, односно поентата е насипот да се врзе, атемелите не ми е јасно како може да се полнат дополнително со темел!

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 10-Feb-2009 at 22:38
Beton попуштањето на барните не е воопшто врзано со трусни подрачја и тензори. Сега скоро имаше некоја брана знакај гевгелија исто така процури од страните па се зтаваа незнам какви некои бетонски прачки ли незнам што беа, се пунеа со бетон дополнително темелите!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 10-Feb-2009 at 22:23
според ова втората карта на изосеисти, најголемата концентрација на овие повторувања на земјотреси со ист интензитет има некаде на потегот Стрежево и Бигла. она што го имам чуено за стрежево е дека браната не била сигурна почнала да попушта брзо по изградбата па истата на повеќе места морале да ја пунктираат со длабоки бетонски шипови како би спречиле евентуално свлекување со што би попуштила браната и би го поплавила јужниот дел од Пелагонија, донекаде Битола... е сега ова е сигурно последица најверојатно на недоволни геомеханички испитувања што малку ми е сомнително или пак станувало збор за реметење од константни изосеисти, тоа само можам да нагаѓам, сепак реално браната според првата карта лежи на расед, па не е и така нелогично проблемите заради кои морале да создадат инекционо - ревизиона галерија да биле настанати од сеизмолошка активност!

Edited by beTon - 10-Feb-2009 at 22:24
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 10-Feb-2009 at 03:40
Па нормално е дека влијаат браните. Гледано макроскпски земјата и не е некое тврдо тло! Нормално е кога една голема количина вода ќе натежне врз едно тло да се јаван и т.н. тензори! Јас нашиве не би ги споредувал со Кинеските кои се далеку поголеми и повасивни. Тамо буквално се градата вештачки мориња.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 10-Feb-2009 at 02:29

абе и малку сол може да отвори голема рана, но треба како во случајот со кина да е посолен бар блиску до раната Smile е сега незнам каде и како поминуваат раседити под скопје и колку ова скопските акумулации можат да извршат притисок врз истите тие раседи, барав на нет каде има жаришта во скопската котлина и околина, но нема скоро ништо инфо освен две карти на МКД кои колку толку кажуваат доволно, според долнава карта скопските раседи буквално лежат под вештачките акумулации околу скопје, е сега дали некој размислувал за ова и дал позитивно мислење околу изградбата на браните(пред се мислам на ИЗЗИС) или пак водени од енергетските потреби овие аргументи се ставени во втор план тоа времето ќе покаже.

На епицентралната карта се прикажани епицентрите на земјотресите, чии магнитуди се поголеми од 4 степени според Рихтеровата скала а кои потекнуваат од територијата на Република Македонија во периодот од 1900 - 2000 година. раседите се прикажани со црвени линии.   

Изосеисти се линии кои ги спојуваат местата од Земјината површина во коишто еден земјотрес е пројавен со ист степен на земјотресниот интензитет.



Edited by beTon - 14-Mar-2010 at 15:59
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 10-Feb-2009 at 01:51
Originally posted by beTon

незнам кај нас како стојат работите и колку постојниве акумулации околу скопје можат да влијаат на евентуални тектонски раздвижувања, но не ми се верува институтот да има доволно опрема и кадар за пообемни истражувања кои би можеле да предвидат прецизно вакви геолошки нус ефекти,  иако експертите таму се се добро расположени и светски признати Smile



Моја претпоставка е дека за да се влијае на тектонските раздвижувања потребни се брани односно акумлации поголеми од оние кои што се во околината на Скопје. Многу интересен текст инаку, не знаев дека акумулациите можат да влијаат на тектонските раздвижувања - тоа ме загрижува помалку
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.