Деновиве слушнав една морбидна реклама на радио за безбедност на децата у сообраќајов. Значи прво група деца разговараат цитирам "Мене Рено, мене ферари, мене цитроен, мене......" и после тоа следи коментар со бројка колку годишно деца гинат или се повредени во сообраќај, и уствари што е рабпотва, демек децава мртви си разговараат кое дете што кола го удрило! Дури преоѓа граница на невкус!
едукација е битен момент, но мислам за да се почитува максимално законот дефинитивно треба судски избаждарени камери на секој пешаќки и раскрсница со кои ќе се детектираат редовно аномалиите, и јасно по пошта ќе стигнуваат глобите. вака сега како што е поставена контролата врз основа на совест и случајни контроли, ефектот од спроведување и на почитување на сообраќајните правила е прилично дискутабилен...
сепак има донекаде ефект и психолошката репресија преку високите и строгите глоби, сега дури со новите измени мисла станавме и построги т.е. поефективни и од хрватска. таму после три бушења се одзема дозволата на година до три, а кај нас сега уште при (првото бушење) првата поозбилна казна може да се одземе дозволата на извесен период. еве ги измените, само тука нема инфо за санкционирањата околу начинот и времето на одземање на возачките дозволи, иако истата таа информација ја имаше во печатената верзија, или јас цитирам друг наслов!?
Наместо досегашните 400 евра казна за сите пијани возачи, отсега тие ќе се рангираат во четири категории и ќе плаќаат во зависност од тоа колку испиле.
...
Казните ќе се движат од 250 до 400 евра, во зависност од тоа во кој
стадиум на пијанство ќе биде фатен управувачот на возилото.
Ова
се измените и дополнувањата на Законот за безбедноста во сообраќајот,
кои влегоа во собраниска процедура, а според кои висината на паричната
казна ќе се одредува според концентрацијата на алкохолот во крвта.
Предвидено е рангирање на пијаните возачи во четири категории. Во
Македонија, дозволена концентрација на алкохол во крвта е под 0,50
промили.
Досега сите пијани возачи, без разлика дали биле
фатени со 0,50 или пак со над 2 промила алкохол во крвта, плаќаа иста
казна од по 400 евра. Надлежните сметаат дека на тој начин ќе има
поадекватно санкционирање на пијаните возачи.
- Како резултат на
компаративните искуства во Европа, со предложениот закон се предвидува
конкретно дефинирање на недозволените промили на алкохол во крвта, како
и адекватно санкционирање на учесниците во сообраќајот што постапуваат
спротивно на посочените одредби - велат креаторите на законските
измени. На нашата мини-анкета повеќемина граѓани позитивно реагираа на
предложените законски измени.
- Не може некој што испил едно
пиво да плаќа иста казна како некој што се направил „дрво“ пијан.
Полицијата досега само еднаш ме запрела и по испиени две чаши пиво
апаратот покажа дека имам околу 0,60 промили алкохол во крвта. Ми
напишаа казна од 400 евра, но поминав само со половина од казната
бидејќи ја платив во законскиот рок од осум дена. Сметам дека на тој
начин ќе се воведе ред во контролата на пијаните возачи - вели возач од
Скопје. Други, пак, сметаат дека не треба да се прави категоризација на
пијаните возачи. ... Македонија
е земја што влегува во категоријата на земји со одредена толеранција
кон процентот на алкохол во крвта. Дозволената граница до 0,50 промили
како референтна ја имаат и Бугарија, Хрватска, Србија, Грција,
Словенија, Турција, Италија, Германија, Швајцарија и други.
Најригорозни земји, во кои воопшто не е дозволено присуство на алкохол
во крвта, се Чешка, Унгарија, Романија, Словачка, Саудиска Арабија и
Обединетите Арапски Емирати. Полиберални земји, со дозволени до 0,8
промили алкохол во крвта, се Ирска, Велика Британија, Канада, Мексико,
Малта, САД и други. Македонската полиција често врши поголеми акции за
алкотестирање на возачите по македонските патишта и најчесто добиените
податоци се дека околу 20 отсто од нив возеле под дејство на алкохол.
Процентот
на алкохол во крвта не зависи само од количината на испиениот алкохол,
туку и од други фактори: тежината на човекот, полот, возраста,
временскиот интервал од внесувањето на алкохолот до тестирањето и
друго. Маж со просечна тежина од околу 70 килограми по две испиени пива
при тестирање може да ја надмине дозволената граница од 0,5 промили
алкохол во крвта. За намалување на вредноста на алкохол во крвта од над
0,5 на нула потребно е да поминат од еден и пол до три часа.
Возењето
под дејство на алкохол не е најчестата причина за предизвикување
сообраќајни несреќи во Македонија. Во минатата година имало 4.408
сообраќајки со потешки последици, како и 11.698 сообраќајни несреќи со
полесни последици во кои е причинета само материјална штета.Од сите
несреќи во минатата година, само мал дел, односно 133, биле
предизвикани поради возење под дејство на алкохол, а најголем број,
т.е. 1.461 несреќа се случиле поради возење со преголема брзина. Лани
на македонските патишта загинале 162 учесници во сообраќајот, а
повредени се 6.724 лица.
Во 2008 година полицијата во
Македонија поднела 135.384 барања за поведување прекршочна постапка, во
24.646 случаи наплатени се парични казни, а од сообраќај се исклучени
17.284 возила и 14.582 возачи. Привремено се одземени 5.150 возачки
дозволи. Лани биле извршени и 71.000 алкотестирања.
... -
Покрај униформираните полициски службеници, дадени се овластувања
контрола во сообраќајот да вршат униформираните царински работници и
припадниците на шумската полиција. Со овие новини се засилува степенот
на контролата, а со тоа се влијае и врз безбедноста во сообраќајот.
Исто така, овластени се и железничките работници да го регулираат
сообраќајот на премин преку железничка пруга во случај да не
функционираат светлосно-сигналните уреди - објаснува Зоран Ѓуроски,
член на РСБСП.
Измени има и во делот што се однесува на
обележување на премин на пат преку железничка пруга. Предвидено е
означување на сите браници на премините со црвена и со бела боја, како
резултат на потребата од унификација на сите сообраќајни знаци на
патиштата.
Една од поголемите измени, како што претходно
информиравме, е рангирањето на пијаните возачи во четири категории, што
досега не беше практика. Досега сите пијани возачи, без разлика дали
биле фатени со над 0,50 или пак со над 2 промила алкохол во крвта,
плаќаа иста казна од по 400 евра. Отсега таа ќе изнесува од 250 до 400
евра, во зависност во која фаза на пијанство ќе биде фатен возачот. Од
РСБСП тоа го објаснуваат како поправичен начин на санкционирање на
пијаните возачи бидејќи не можат во ист кош да се ставаат оние што
испиле две пива и оние што управуваат возило откако се довеле до тешко
пијанство. Креаторите на законските измени сметаат дека во Законот ќе
се вметнат делови за поголема етичност и солидарност на учесниците во
сообраќајот
- Со новите предлози на законските решенија
применети се искуства од Словенија, Хрватска и Германија, бидејќи се
поттикнуваат начелата кај учесниците во сообраќајот за меѓусебна
солидарност, етичко однесување, а кај субјектите, како државни така и
останати, да ги поттикнуваат и надградуваат овие односи - велат од
РСБСП. Во предлогот на измените се дава можност родители или наставници
да запираат сообраќај кога водат организирани колони пешаци или кога
сообраќајот во близина на училишта го регулираат припадници на
училишните сообраќајни единици и сообраќајните патроли на граѓани. Оваа
новина е воведена пред се' поради високиот степен на загрозеност на
пешаците како учесници во сообраќајот, а посебно на децата.На дел од
учесниците во сообраќајот овозможено им е движење со поголема брзина за
да не се предизвика застој на патиштата.
- Направени се измени
во релација со актуелната тенденција на производство на современи,
технички поусовршени и софистицирани возила, чие користење во
согласност со постојните ограничувања на брзините на патот може да
предизвика застој во сообраќајот. За таа цел, користејќи ги
компаративните искуства на некои земји, се овозможува соодветна
динамика на движење, односно се предвидува зголемување на дозволената
брзина во просек за 10 километри на час за товарните моторни возила и
автобусите, како и конкретни специфики во однос на возилата со кои се
врши превоз на опасни материи - објаснуваат креаторите на законските
измени. Во Републичкиот совет велат дека многу значајна измена за
подобрување на безбедноста ќе биде создавањето на таканаречената
Национална стратегија.
- Многу значајна новина е што
Собранието се овластува да донесе Национална стратегија за подобрување
на состојбите на безбедноста во сообраќајот. Стратегијата се донесува
на времетраење од пет години и за нејзино спроведување се задолжени
сите државни органи, организации и здруженија на граѓани - вели
Ѓуроски.Првата ваква Национална стратегија веќе беше промовирана пред
крајот на минатата година. Главна цел на стратегијата е намалување на
жртвите во сообраќајот за 50 отсто до 2014 година и целосна заштита на
децата од сообраќајните незгоди.
Оваа стратегија утврди дека на
патиштата во Македонија има дури 169 црни точки на кои секоја година се
случуваат по десетици сообраќајки, најчесто со фатални последици.
Станува збор за тесни патишта, опасни тунели и кривини и други места
што сеат смрт на патиштата.Националната стратегија предвидува
„снимање“ на овие места за да се елиминираат црните точки. Предвидено е
да се креираат раскрсници со кружен тек, да се отстранат билбордите што
може да бидат причина за несреќа, да се постави соодветно осветлување
на патиштата и други безбедносни мерки.
...
Сепак, РСБСП смета дека во блиска иднина ќе треба да се донесе
нов закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, во кој ќе бидат
вградени најдобрите европски искуства приспособени на состојбите и на
степенот на развојот на сообраќајот во Македонија - вели Зоран Ѓуроски
од Републичкиот совет.
Полицијата советува и казнува низ битолските улици
Петок, 08 Мај 2009 16:46
Неносење
на потребната документација и опрема, непочитување на сообраќајни
правила и прописи и загрозување на безбедноста во сообраќајот. И денес
ова го имаше низ битолските улици:
,,
Возачка дозвола, вели полицаецот. Сега се пријавив, одговара возачот.
Вашата лична карта за докажување на идентитетот? Да видам кој сте вие.
Не ја носам. Сторивте два прекршоци: управувавте скутер во сообраќај на
пат без да поседувате важечка возачка исправа за што предвидена е глоба
од 300 евра за што ќе добиете платен налог за сторен
прекршок:управување во сообраќај на пат без заштитен шлем. За тоа е
предвидено глоба од 45 евра, рече полицаецот.
Возачот ја разбра пораката:
Ќе положам за потврда и ќе носам кацига. Имам 15 и пол години. Тоа ќе го направам за една недела, вели возачот.
Друг возач не пропушти пешаци на пешачки премин, а трет ги погреши светлата.
Ваквата
акција на сообраќајната полиција започна на 15 април како воспитна
акција со наслов :Поголема безбедност на пешаците, велосипедистите и
моторциклистите во сообраќајот. Полициските патроли интензивно ќе
дејствуваат од 31 мај, а потоа од 1 до 31 октомври.
За успешно спроведување на оваа сообраќајно воспитна акција со цел да
се намалат штетните последици, односно бројот на сообраќајните незгоди
во кои како настрадани се јавуваат: пашаци, велосипедисти,мотоциклисти,
поставуваме сообраќајни патроли на најфрекфентните места, односно онаму
каде има најмногу деца, пешаци, велосипедисти, вели Благој Трпковски,
виш инспектор за превенција
Сообраќајните
полицајци покрај превентивната активност ќе дејствуваат и во насока на
откривање, санкционирање и докажување на потешките прекршоци што ги
прават возачите во однос на пешаците и велосипедистите:
Првите мерки се опомена, по што следува сообраќајна поука, а на крај
платен налог за потешките прекршоци, вели Благој Трпковски, виш
инспектор за превенција во сообраќајот.
И
возачите и пешаците се подеднакво загрозени во сообраќајот. Затоа
покрај возачите на моторни возила, санкционирани ќе бидат и прекршоците
што ги чинат пешаците, велосипедистите, моторциклистите, а посебно
поминувањето на црвено светло, надвор од пешачки премин, движење на
пешаци и велосипедисти по автопат, како и неносењето на заштитен шлем
на лица кои се превезуваат со велосипед со мотор и моторцикл за време
на возење на патот.
Британецот Робер Бенет, кој го управувал својот мотоцикл со брзина од над 200 километри на час, на пат на кој ограничувањето било 95 километри на час, ќе одлежи 6 месеци затвор, а возачката дозвола му е одземена на 18 месеци, објавуваат британските медиуми. Мотоциклистот за време на брзото возење бил со својот 14-годишен син. Роберт Бенет (47), на суд се бранел дека почнал да вози брзо оти врнело дожд. Неговиот адвокат објаснил дека Бенет своето „сузуки 1300“ го возел со голема брзина само неколку стотини метри. Да изгубевте контрола над мотоциклот.... а ако го додадеме и фактот дека со вас беше и дете, вашата одговорност е неверојатно голема - ја објаснил судијата пресудата. Британецот, кој го возел својот син на мотоциклот, бил снимен од безбедносни камери.
Сеа се враќав од работа и кај собрание еден пратеник (незнам од која партија е и како се вика но сум го видел на ТВ) са намести на излезот кај Домот на АРМ и старташе лево преку дупла полна линија накај Рекорд. Сите знаеме кој е потенцијалот за судар во ваков маневар кога од рекорд коли доаѓаат од слеп агол со барем 50-60км/ч
Многу ми е криво што не стигнав да изреагирам да го сликам тоа или барем да му ги забележам табличките
имаат добро посетено бифе во собрание, па затоа и ваков каубојштинлак!
Продолжувањето на времето за реакција условено со страв се нарекува “секунда на стравот” и се движи обично помеѓу една и пол до две секунди. Помеѓу факторите кој влијаат на времето за реакција извонредно место завзема алкохолот. Рефлексната активност на пијаниот возач е најмалку три пати побавна кога, на пример, не се напил ниту капка.
За сообраќајните несреќи поопасни се послабите степени на алкохолизираност, отколку сосотојбата на видливо пијанство. Пијаниот човек ниту самиот со себе не може и не умее да управува и патниците од таков возач обично се тргаат на страна.
Алкохолизираноста и слабиот степен, а тоа зависи и од индивидуалната подносливост, доведува до успорување на брзината на движењата и регирањата, лабава прецизност во работата, го стеснува видното поле, ја ремети можноста да се воочи раздалеченоста, заморот побрзо настапува, а со тоа попушта и сигурноста во возењето.
Електро-енцефалографските истипувања покажуваат дека кај сите прегледани, со ниво нешто помало од половина грам, настануваат промени на активност на мозочните ќелии, всушност модификација на работењето на повисоките нервни центри, а тоа се одразува во низ понатамошни пречки при управувањето со возилото.
Така, на опасните места се преценуваат можностите, се ризикува претерано, внимателноста попушта - се до искажување на чувства на претерана сигурност. Несомнено е дека при тоа доаѓа и до слабеење на моторните автоматизми, што тешко ја загрозува безбедноста во уптавувањето со возилото.
Карактеристичен е примерот, на основа на еден експеримент направен во Манчестер, при кој еден мошне добар и вешт професионален возач, под дејство на само 17 центилитри виски, управувајќи автобусот широк 2,27 метри се обидел да помине низ премин широк само 2,08 метри.
Сеа се враќав од работа и кај собрание еден пратеник (незнам од која партија е и како се вика но сум го видел на ТВ) са намести на излезот кај Домот на АРМ и старташе лево преку дупла полна линија накај Рекорд. Сите знаеме кој е потенцијалот за судар во ваков маневар кога од рекорд коли доаѓаат од слеп агол со барем 50-60км/ч
Многу ми е криво што не стигнав да изреагирам да го сликам тоа или барем да му ги забележам табличките
35 evra ako pominuvas na crveno , 35 evra ako ne pominuvas na peshacki , a kolku ke plati toj sto ke zgazi peshak vo trotoar, ili vo peshacki premin ??? za toa ima li odredena cena ? bash me interesira ? posto obicno poveketo od vozacite i begaat i kako ke go platat togas nivniot zivot i koj ke go plati ? ova bese do gospodinot sto rece deka zivotot nema cena hehe
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Да не се лажеме свесни сме дека сите правиме вакви понекогаш грешки поради брзање. Само има битна разлика кој проаѓа кога нема коли, а кој проаѓа кога има коли. Јас барем еве ми се случува да пројдам кај што нема коли, на пример првомајска пред тинекс во маало често ја проаѓам кога не е гужва навечер. Ама преку ден кога е колона тогаш пежачам дваесетина метри подоле до пешачкиот. Инаку како едни од по дцрните точки на масовно преоѓање улица се Зелен пазар, Јајапаша, Битпазар, Симпо, Рамстор, Чешма, Рекорд, Буњаковец..... Овдека буквално некој може да ти рипне под тркало! А кај нас има некое мислење дека секогаш кривицата е кај возачите што во голем број случаи се покажува спротивното!
Вчера околу пладне во
строгиот центар на градот, на делот од улицата Димитрие Чуповски кај
Рекорд, за само пет минути 13 граѓани непрописно ја поминаа улицата и
направија прекршок, а четворица од нив за влакно избегнаа несреќа
Пешаците
се најмасовната и најзагрозената категорија на учесници во сообраќајот,
но воедно и најнедисциплираната. Вчера околу пладне во строгиот центар
на градот, на делот од улицата Димитрие Чуповски кај Рекорд, за само
пет минути 13 граѓани непрописно ја поминаа улицата и направија
прекршок, а четворица од нив за влакно избегнаа несреќа. Сите "пешаци
камикази" поминаа неказнето бидејќи во близина немаше сообраќајна
полиција. Доколку беа фатени, на лице место требаше да платат глоба во
висина од 25 евра во денарска противвредност. - Во текот на
минатата година сообраќајната полиција санкционираше 1169 пешаци што е
за трипати повеќе во споредба со 2007 година кога имаме регистрирано
344 прекршоци. И од почетокот на годинава бројот на изречените казни е
голем. Само во јануари се изречени 242 санкции. Најмногу казни се за
преминување на коловоз на необележено место за што се изрекува глоба од
25 евра во денарска противвредност, но и за минување на црвено светло
што се казнува со 35 евра. Оваа тенденција за поригорозни санкционирања
се воведува како превентивна мерка за намалување на сообраќајните
несреќи во кои страдаат пешаците - информираше Борче Пешевски од
Секторот за односи со јавност во МВР.
Оваа статистика се потврдува и со истражувањата на Републичкиот
совет за безбедност во сообраќајот - РСБПС и од тие причини оттаму се
најавува голема медиумска кампања за едукација на пешаците од сите
возрасти. - Во соработка со медиумите и Сообраќајната полиција
наскоро ќе започнеме голема кампања за подигање на сообраќајната
култура на повисоко ниво. Ќе бидат подготвени плакати и екукативни
флаери. Крајната цел е да се доведеме на едно ниво што е постигнато во
Европа, вели Тоше Јанев портпарол на РСБПС.
Пешаците, пак, се жалат на ригорозните санкции бидејќи се
спроведувале без претходно обезбедени услови. Реагираат што тротоарите
најчесто се узурпирани со возила, па едноставно не можеш да поминеш ако
не се симнеш на коловоз, а некаде воопшто нема обележено место за
поминување. -На мојата улица во должина од 150 метри нема ниту
едно место обележено за пешаци. Да не зборувам дека на тротоарот
редовно се паркирани по неколку автомобили. И како сега јас да плаќам
глоба бидејќи не сум почитувал закон, а не ми обезбедиле
услови!?-реагира жител на Капиштец. Борче Пешевски од МВР, вели дека во
вакви случаи се санкционираат несовесните возачи кои ги паркираат
возилата на напрописно место, а пешаците поминуваат само со
предупредување.
Но, вели тој не се толерираат прескокнувањата преку огради на
булеварите или минувања меѓу автомобили, на црвено светло и слично.
АНКЕТА: Ги почитувате ли сообраќајните правила?
Иако е реткост да видите некој да пропешачи неколку метри подолу или
погоре за да помине на зебра или пак да се чека зелено светло на
семафор ако нема автомобили, поголемиот број од скопјани кои вчера ги
анкетиравме рекоа дека ги почитуваат сообраќајните правила.
Владимир РАДЕВСКИ
Ги почитувам сообраќајните правила и како возач и како пешак.
Секогаш поминувам на зебра, чекам црвено на семафор. Сметам дека сите
заедно треба повеќе да внимаваме, но апелирам до надлежните да
обезбедат подобри услови. Да ги остранат возилата од пешачките патеки.
Ленче СИМЈАНОВСКА
Секогаш поминувам на пешачки премин и не ги оправдувам оние кои тоа
не го прават. Сметам дека казните од 25, 30 евра се премали бидејќи во
опасност се доведува човечки живот, а тој нема цена. Правилата мора да
се почитуваат. Само на тој начин ќе се намали бројот на сообраќајните
несреќи.
Ратка БОЖИНОВСКА
Внимавам да не правам прекршоци. Најчесто минувам кај Зелен пазар и
секогаш чекам да поминам на семафорот на крстосницата. Сообраќајните
знаци треба да се почитуваат за да има некој ред. Поминувањата преку
улица се опасни, секојдневно слушаме колку сообраќајки се прават.
Вангел БАРАКОВСКИ
Се разбира, особено кога во близина има полицаец! Минувам на зелено,
на зебра, и тогаш кога не се брзам многу. Е, кога морам некаде да
стигнам на време, тогаш заборавам на правилата. Се разбира свесен сум
дека правам прекршок но, повторно внимателно за да не настрадам. Од
кола или од полицаец, сеедно.
Во минатата година сообраќајната полиција наплатила четирипати повеќе казни од возачите, што истовремено довело до помал број несреќи
Возачите најмногу несреќи предизвикале поради управување со возилата со поголема брзина од дозволената
Строгата казнена политика, големиот број извршени алкотестови и фактот дека четирипати е зголемен бројот на наплатените казни лани првпат по 2006 година го намали бројот на сообраќајките низ патиштата во Македонија. Ова го покажува анализата на Министерството за внатрешни работи за безбедноста во сообраќајот за 2008 година. Статистиката покажува дека лани имало 16.106 сообраќајки, а за споредба во 2007 имало 16.861 несреќи. Намален е и бројот на жртвите - во 2008 година имало 162 жртви, а во 2007 година загинале 173 учесници во сообраќајот. Овој тренд на намалување ги охрабрува сообраќајните експерти, кои ја креираа Националната стратегија за безбедност во сообраќајот, а која предвидува во периодот од 2009 до 2014 година да има двојно помалку жртви отколку во претходниот период.
- Примената на стратегијата ќе придонесе за директни добивки од 200 милиони евра, со намален број жртви и повредени, намалување на трошоците за лекување на повредените, намалени штети на патот. Исто така, ќе има и индиректни придобивки од 300 милиони евра во заштита на човековата околина и во социјалната сфера - предвидуваат сообраќајните инженери. Сообраќајната полиција во минатата година наплатила 24.646 казни од несовесни возачи, а колку за споредба во 2007 година наплатени се 6.304 казни.
- Во минатата година преземени се 334.495 превентивно репресивни мерки, а од нив 135.384 се барања за поведување прекршочна постапка, 24.646 се наплатени парични глоби. Во тој период од сообраќај се исклучени 17.284 возила и 14.582 возачи, а привремено се одземени 5.150 возачки дозволи. Лани се извршени и 71.000 алкотестирања - велат во МВР.
Анализата на безбедноста во сообраќајот покажува дека лани единствено има пораст на бројот на сообраќајки со потешки последици и бројот на тешко повредени, а од друга страна, пак, има помалку жртви. Алармантно е тоа што од вкупниот број сообраќајни несреќи со потешки последици, дури 99,3 отсто се предизвикани по вина на возачите. Пешаците биле виновни само за 5,7 отсто од несреќите.
Возачите најмногу несреќи предизвикале поради управување со возилата со поголема брзина од дозволената, потоа поради непочитување на правилата за првенство на минување, непрописно движење и свртување на пат и друго. Над 70 отсто од несреќите се случиле во градска средина. Најмногу несреќи со потешки последици се случиле на подрачјето на Скопје - 1.951, во Куманово има 375, Тетово - 312, Прилеп - 183, Битола - 179. Лани по 156 несреќи се случиле на подрачјето на Струмица и Охрид, во Гостивар имало 137 несреќи, Кавадарци - 113, Штип - 109, и Кичево - 105.
- Најчести жртви во сообраќајките се возачите. Од нив повредени се 3.072, а 81 загинале. Потоа следат сопатници од кои 29 загинале и 2.597 се повредени. На крајот се пешаците од кои 52 загинале, а биле повредени уште 1.055 - велат во МВР.
Како решение за намалување на бројот на сообраќајки се предлагаат зајакнати сообраќајни контроли, построги казни, медиумска кампања, но и воведување мерки како што е зонскиот сообраќај. Тоа подразбира воведување зони во кои ќе има таканаречен смирен сообраќај, со драстично ограничување на брзината. Исто така, на многу места на кои досега имало двонасочен сообраќај, предвидени се еднонасочни улици.Засега не се откриваат детали од овој план, кој предвидува и зголемување на бројот на таканаречените лежечки полицајци.
Понеделник - кобен за возачите
Анализата на сообраќајките направена според месеци покажува дека лете има речиси двојно повеќе несреќи отколку во зима.Според месеците, најмногу несреќи се случиле во мај - 469 и во август - 464, а најмалку во декември - 221 и во јануари - 244. Според денови, најмногу несреќи имало во понеделник - 659 и сабота, а најмал број на несреќи се случиле во неделите - 568. Најкритичен периодот од денот за сообраќајки е меѓу 16 и 18 часот.
бидејќи е неблагодарно да ги коментирам статистиките со оглед дека истите иако се во подобрени сепак сеуште имаме голем број на несреќи и жртви на патиштата што дефинитвно мора да се намали, но за тоа треба појака едукација и репресија но воедно и молитва!
ме зачуди само она статистиката со месеците, мене пологично ми е зимата да има повеќе сообраќајќи но очигледно возачите тогаш се и попретпазливи! а она со времето 16-18 мислам е повеќе од точно бидејќи се работи за период на слаб мрак(самрак) кога дури и соколите имаат привиденија!
Елеците може да се набават речиси на секоја раскрсница, на автопазарите, во големите маркети и во АМСМ
Прибор за прва помош, резервно тркало, сигнален триаголник, јаже за влечење и резервни светилки е опремата што возачите задолжително мора да ја поседуваат во своите автомобили, потсетуваат од Министерството за внатрешни работи и ги демантираат информациите дека следат казни за возачите што немаат флуоресцентните елеци во своите автомобили. Граѓаните последниве неколку месеци масовно ги купуваат елеците, стравувајќи од казни од 50 до 100 евра, со кои некои сообраќајци им се закануваат ако ги немаат во своите возила.Од МВР велат дека се изненадени што некои полицајци се закануваат со казни, а законска одредба возачите задолжително во автомобилите да имаат флуоресцентни елеци не постои.
- Според постојната законска регулатива и правилници, не е предвидена употребата на флуоресцентните елеци, кои во земјите во Западна Европа се задолжителни.Во тек е процедура со која ќе се регулираат определени подзаконски акти и правилници, а кои ќе се однесуваат и на поседувањето на овие елеци, кои во иднина, најверојатно, ќе бидат задолжителна опрема за возачите. Елеците може да се набават речиси на секоја раскрсница, на автопазарите, во големите маркети и во АМСМ.
- Слушнав дека елеците се задолжителни, па летоска купив два, едниот портокалов, другиот жолт, за двата автомобила, и ги ставив на клупата под задната шофершајбна, за да можат полицајците да видат дека ги имам. Елеците ги купив од еден голем маркет за алати и друга опрема по цена од 140 денари. Досега не ми се случило да ме запре полиција и да ми побара елек. Сум слушнал од пријатели на кои сообраќајци им се заканувале дека ќе им наплатат казни, но поминувале само со опомена и совет да си купат елек - вели скопјанката Билјана Здравковска (34).
Според полициските експерти, елеците, исто како и малите противпожарни апарати, кои исто така не се задолжителни за возачите на приватни автомобили, е корисно да се поседуваат поради безбедноста на возачите, но и на останатите учесници во сообраќајот. Во случај кога има дефект на возилото или поради други причини возачот мора да излезе од автомобилот, особено во ноќните часови или при слаба видливост, пожелно е да носи флуоресцентен елек бидејќи е поголема можноста останатите учесници во сообраќајот навреме да го забележат и да не го удрат.
Во развиените европски држави поседувањето флуоресцентни елеци не е задолжително само за возачот, туку и за сите патници во возилото. Граѓаните се во дилема и околу тоа дали треба да поседуваат противпожарни апарати во возилата.
- Мислев дека ми треба апарат за противпожарна заштита и си купив на автопазар. Во меѓувреме работев како таксист и апаратот ми стоеше во автомобилот. При контрола на автомобилот полицајците ми пишаа казна бидејќи апаратот што го имав не бил според стандардите, оти беше во пластично шише. Подоцна разбрав дека истите мора да бидат во метални шишиња и да се проверуваат на секои шест месеци - вели Александар Симоновски.
Од МВР велат дека овие апарати не се задолжителна опрема за приватните автомобили со кои не се врши јавен превоз.
МВР потсетува дека од 15 ноември до 15 март задолжително е носење зимска опрема во возилата и работните машини што учествуваат во сообраќајот. Казната за неносење зимска опрема е 500 денари. Според Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, полицаецот може да му нареди на возачот да го прекине движењето со возилото доколку на патот има сообраќаен знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема.
Полицаец може да му нареди на возачот да го прекине движењето и кога не постои сообраќаен знак, доколку зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави зимската опрема на возилото. Под пропишана зимска опрема се подразбира: пневматици за зимска употреба (М+С) на погонските тркала, пневматици со летен профил чија длабочина на шарата изнесува 4 милиметри, синџири за погонски тркала и лопата за автобусите и за товарните возила.
ИНФО-Задолжителна зимска опрема
Според полициските експерти, елеците, исто како и малите противпожарни апарати, кои исто така не се задолжителни за возачите на приватни автомобили, е корисно да се поседуваат поради безбедноста на возачите. МВР потсетува дека од 15 ноември до 15 март задолжително е носење зимска опрема во возилата што учествуваат во сообраќајот.
ПОЛИЦАЈЦИ НЕ ГО РАЗБРАЛЕ ЗАКОНОТ ЗА СООБРАЌАЈ Казнуваат за елечиња што не се задолжителни
Неносењето
на флуоресцентни елечиња не подлежи на казни, велат во МВР, иако
сообраќајни полицајци се закануваат со казни од 200 евра ако возачот ги
нема елечињата во задолжителната опрема
Иако Законот за сообраќај не предвидува возачите задолжително да носат
флуоресцентни елечиња во автомобилите, некои сообраќајни полицајци веќе
им пишуваат казни на возачите без елечиња во возилата.
"Вчера ме запре полицаец и побара да провери каква опрема носам во
автомобилот. Јас му ги покажав задолжителната опрема за прва помош,
резервните светилки, триаголникот и апаратот за противпожарна заштита.
Ми побара да му покажам и флуоресцентно елече, јас го немав бидејќи
немам законска обврска во автомобилот задолжително да носам такво
елече. После тоа полицаецот ми се насмеа и ми кажа дека за ова треба да
платам 200 евра, овој пат ми рече дека ќе ми простел, но ме предупреди
за нареден пат да си набавам едно за да не заработам казна", вели еден
скопјанец.
Закани за казни и казни фрчат и во другите градови во Македонија.
Сообраќајците ги запираат автомобилите и им се закануваат на возачите
што не носат флуоресцентни елечиња со парични казни од по 200 евра.
Некои ги казнуваат, а на многумина од нив им простуваат, но ги
предупредуваат во иднина задолжително да си набават заштитни елечиња.
Од МВР велат дека се изненадени оти некои полицајци се закануваат со
казни, а законска одредба возачите задолжително во автомобилите да
имаат флуоресцентни елечиња не постои.
"Неносењето на флуоресцентни елечиња не подлежи на казни. Не знаеме
зошто некои полицајци казнуваат, но тврдиме дека Законот за безбедност
на сообраќајот на патиштата не ги предвидува флуоресцентните елечиња
како дел од задолжителната опрема во автомобилите", децидно изјавија од
МВР.
Некои од сообраќајите полицајци, пак, контра МВР. Тие велат дека
законска одредба возачите задолжително да носат флуоресцентни елечиња
постои и оти неносењето на елечиња се казнува со 200 евра, но не знаеја
да ни кажат со кој член од Законот за сообраќај тоа е предвидено.
За сообраќајната некултура треба секојдневно да се пишува
Брзото
возење по градските сообраќајници, движењето на запрежните коли,
непрописно паркирање и казните за сообраќајната некултура од било каков
вид, се само дел од темите кои медиумите секојдневно треба да ги
третираат и за кои треба да се изнесуваат податоци поткрепени со
примери, доколку сакаме да влијаеме на подигање на свеста на граѓаните
и намалување на сообраќајните незгоди. Во организација на Републичкиот
совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), вчера се одржа
работилница на која медиумите се запознаа со голем дел од проблемите
поврзани со сообраќајот, а кои треба да се актуелизираат во наредниот
период. -Колку почесто се отвора прашањето за културата на
однесувањето на пешаците и учесниците на сообраќајот, толку побрзо ќе
дојдеме до решение и намалување на бројот на загинати и повредени.
Медиумите најчесто известуваат за последиците, иако нашата цел е да се
влијае превентивно за да не мора да зборуваме за најлошото. Сметаме
дека со "бомбардирањето" на јавноста со примери, казни и состојбата на
сообраќајниците, ќе успееме да влијаеме не само на свеста на граѓаните
туку и ќе предизвикаме сите надлежни институции да се заложат за
решавање на проблемите, изјави вчера Тоше Јанев, портпарол на
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.
Според Љупчо Ставревски од РСБСП, веќе се преземаат низа активности
во училиштата, со цел да се делува превентивно и кај најмладите. Во
оваа насока веќе наредната недела ќе биде промовирана и националната
стратегија за безбедност во собраќајот. - Доколку правовремено и упорно се пишува за одреден проблем, ќе се спасат многу животи, додава Ставревски.
МВР потсетува дека од 15 ноември до 15 март задолжително е носење зимска опрема во возилата и работните машини, кои учествуваат во сообраќајот.Казната за неносење зимска опрема е 500 денари.Според Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, полицаецот може да му нареди на возачот да го прекине движењето со возилото доколку на патот има сообраќаен знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема.
Полицаец може да му нареди на возачот да го прекине движењето и кога не постои сообраќаен знак, доколку зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот односно задолжително да ја постави зимската опрема на возилото. Под пропишана зимска опрема се подразбира: пневматици за зимска употреба (М+С) на погонските тркала, пневматици со летен профил(чија длабочина на шарата изнесува 4 милиметри), синџири за погонски тркала и лопата за автобусите и товарните возила.
мислам дека кај нас главната причина за сообраќајните несреќи е “БРЗИНАТА“, иако тука фактор се и многу други причини кои се борат за тој црн епитет: лоши услови на пат, прегледноста, заморот и преголемата самодоверба во себе (во возилото, во останатите учесници во сообраќајот) употребата на психотропни супстанции или лекарства, каубојскиот пристап на возачите кои јаваат претежно со една рака како другата би им била слободна за цигара или телефон, индијански навики на пешаците, слабата концентрација и рефлекси итн. сите овие фитили за миг се распалуваат од хиперактивниот начин на живот (диктиран од параноичната потреба за мерење на секунди 24 часа на ден), немањето план-ред во дневните активности, волјата да се стигне секаде точно на време по секоја цена, како и потребата од адреналин и чалам (кои се еден вид потреба, но заради алфа фрустрации или бета страв, тие потреби место во циркус или природа се почесто ги гледаме по улиците)...! и ете доволно потенцијален простор за карамбол!
статистиките се поразителнии, единствено ветуваат новите системи и стандарди за безбедност во сообраќајот кои секојдневно се усовршуваат и растат, но сето тоа за сега доаѓа исклучиво како дополнителна опрема кога станува збор за средната класа, (ABS, ASR, SRS, ESC, EPS, BAS) [1][2][3][4][5][6], незнам само зошто рол-бар никој не нуди како дополнителна опрема?! Creating a Market for Safety - 10 Years of Euro NCAP
хм во хрватска како причина за секоја трета сообраќајна несреќа е брзото возење, за секоја четврта лекарствата, а за секоја седма сообраќајка причината е алкохолот, за невероват лекарства пред алкохол!
Се намалува бројот на загинати деца во сообраќајни незгоди. Во првите шест месеци од годинава, поради невнимание во сообраќајот загинало само едно дете. Лисица - 2008-09-22
Во периодот 1990-2005 година на патишта во нашата држава се изгубени 282 детски животи или приближно 10 паралелки.Извесно подобрување има во минатата 2005 година кога загинаа 7 деца што е значителна поповолна состојба во однос на 13 загинати деца 2004 година. МВР - 04.09.2006
Според билтенот на МВР, во текот на првото полугодие од 2008 година се 1696 сообраќајни незгоди со повредени лица,а над 25 отсто од настраданите се деца. Нова Македонија - 23.09.2008
да студирав право сега пари ќе правев немаше да постирам закони и регулативи абе од немукает кога си бил во ситуација да те изгорат а не те изгореле, ова вака некако ќе му дојде како потсетник дека нема лабаво со законот, можеби до сега сес вадевме уво ме боли касно сум станал, но сега веќе работата е запаление на зглобови доколку те запре полиција. лично јас досега се бунтував се фолирав и ескивирав кога ќе ме застанеја, но тоа беше до сега кога законот важеше само доколку имаш страв или си мрзлив да се правдаш! но сега веќе со камери на секоја раскрсница и зграда (и со нивно скорешно легализирање) казниве ќе фрчат како во еу, директно по пошта а доколку се буниш ти вадат снимка!
абе некој ќе рече полициска држава но само така можеш да излезеш на крај со оваа навидум скромна анархија на нашиве улици, ова уште додека полагаат луѓето треба на крај со возачката да им даваат и еден ваков тарифник како не би се покајале што влегле во кола! а посебно со ова новиве бесни коли, треба со клучевите во салон да им делат и по една ваква честитка може и две за совозачот плус една!
налетав пред некое време на текст(млатење) од колумнистот Жарко каде се чуди во каква држава ќивееме, човекот не носел лична карта и го собрале на идентификација иако бил со кола, па доколку евентуално сакале можеле се да проверат и да го пуштат, но тоа беше така до сега, но од сега т.е. од пред некое време работите се сменија! па сега и за немање саат те собираат абе закон мора да се почитува па дури и да нема полиција!!!
Ете, и тоа се случи, токму вечерва. Ми пукна „љунферот“.
Конечно почувствував на своја кожа како е да се биде лишен од слобода и приведен во полициска станица.
Пред избрзано да заклучите „самиот си го барал“, прочитајте ја приказната докрај, убаво размислете за околностите и аргументите, па дури потоа пресудете. Оти ова може да му се случи буквално секому.
Пред неколку часа, околу 1.50 по полноќ, упатен накај Карпош III, го сечев паркингот зад Технолошки факултет со намера да излезам кај Драмски Театар. Одеднаш, почувствував бел автомобил како застана зад мене. Од автомобилот зачув некој глас. Првин помислив дека возачот сака да праша за правец, или нешто друго, ама потоа убаво слушнав „полиција“. Застанав, и чекав да излезат од автомобилот.
Беа тројца, неинформирани. Едниот од нив - возачот - се приближи до мене и набрзина ми ја покажа значката. Му реков да ја задржи малку за да можам да го запомнам бројот. Беа нељубезни и неучтиви. Од службени лица очекувам да ми се обраќаат со г-дине. Овие веднаш почнаа со агресивни прашања: „Кај си тргнал?“, „Како се викаш?“,„На која улица живееш?“.
Веќе видена некултура. Разликата беше во тоа што овојпат не носев никаква легитимација. Сепак, како и претходните пати, ги запрашав која е причината зошто сум запрен и зошто ме легитимираат. Како и во претходните случаи, немаше конкретен одговор, и од тој момент започнуваа проблемите.
Прво ми побараа да извадам што имам во малата црвена торбичка што ја носев на рамото. Им кажав дека носам фотоапарат, и дека немам намера да го извадам. Само го подотворив патентот на торбичката и им го покажав.
Потоа ми наредија да извадам се што имам од џебовите. Им реков дека немам намера да го сторам тоа, освен ако не обезбедат налог за претрес.
Следната наредба беше да ги ставам рацете на хаубата и да ги раширам нозете. Еден од полицајците дојде зад грбот и почна да ме допира од нозете до главата.
Паметам дека ме прашаа зошто не носам лична карта - им кажав дека едноставно не носам, но дека ако сакаат можат да го утврдат идентитетот и на друг начин.
Следната наредба беше да влезам во автомобилот. Пред да влезам внатре иронично си помислив: „jasnesumjas уапсен заради утврдување на идентитетот“! Во колата ме прашаа зошто сум се однесувал така.Им кажав дека сум бранител на човекови права, и дека инсистирам на почитување на моите права во контакт со полиција. И дека сакам да знам зошто сум запрен. За две минути ме однесоа во ПС Карпош, и ми рекоа да застанам во чекалната. Чекав петнаесетина минути. Тогаш полицаецот што ми ја покажа легитимацијата зеде податоци од мене. Го прашав дали сум лишен од слобода. Одговори потврдно, и си замина.
По неколку минути размислување отидов до пријавницата и го прашав тамошниот полицаец да ми го каже мојот статус. Ми рече да почекам малку. Го прашав „Дали сум лишен од слобода?“. И тој ми одговори потврдно.
Тогаш погледнав на часовникот на мобилниот телефон, и побарав од полицаецот да запише дека сум пријавил точно во 2.28 минути дека сум бил лишен од слобода без да бидам запознаен со моите права.Тоа видно го вознемири, настана мала гужва, и за една минута се појави полицаец кој ме покани во просторијата на која пишуваше „прихват“.
Полицаецот го кажа своето име и почна да бара од мене основни податоци. Откако му ги кажав податоците, го прашав да ми каже врз основа на какво сомнение и за кое кривично дело сум бил лишен од слобода. Ми одговори дека сум бил лишен од слобода заради утврдување на идентитетот.Моето следно прашање беше врз основа на какво сомнение сум бил запрен и легитимиран, на што полицаецот ми одговори дека полицијата има право да легитимира и за сомнително движење, и дека во тој реон се имаат случено некои кривични дела.
Неговото следно прашање беше дали сакам адвокат. По две секунди размислување, реков дека сакам. „Дали имаш твој адвокат?“ - ме праша. Откако одговорив негативно, сврте телефон и побара адвокатски именик. Откако го доби книжето со имиња и адреси на адвокати, ми рече да си одберам некој.
Одбрав една адвокатка чие име и презиме ми беше познато од порано. Полицаецот и се јави на адвокатката, и по кусото објаснување на ситуацијата, ми ја подаде телефонската слушалка. Разговарав две минути со адвокатката која не сакаше да доаѓа во станица у три саат сабајле, за да не ми наплаќала за џабе. Ми рече дека можат да ме задржат најмногу 6 часа, и дека забелешките можам да ги внесам во записникот.Не ли е три часа најмногу за проверка на идентитет, потпрашав?Со апсолутно убеден тон, адвокатката рече - „шест часа“.(Не им верувајте на адвокатки кога се апсолутно убедени во нешто, особено во 3 часот наутро).Полицаецот цело време го слушаше мојот разговор.
Потоа ми беше приложен записник за пристап до адвокат, кој го потпишав.
Ме праша и дали сакам да се јавам на некој од најблиските, на што одговорив - „зависи од тоа колку ќе бидам лишен од слобода“ Ми одговори - десетина минути.
Потоа пополни една прекршочна пријава за неносење лична карта, ми даде да ја прочитам, и ми рече да ја потпишам. Му реков дека немам намера да ја потпишувам. Рече - „твое право, ќе ти ја пратиме по пошта“.
И вистина, по десетина минути ми кажаа дека сум слободен. Часовникот покажуваше 3.10. Тогаш им побарав записник за извршеното легитимирање и за престојот во станица. Рекоа дека не издаваат записници.
Потоа побарав да поднесам поплака против полицајците што ме приведоа и против нивната станица.Се натегавме две-три минути околу формуларот на поплаката, по што ми беше понудено да поднесам усна претставка.
Полицаецот се обиде да ме убеди со свој ракопис да го пополнам делот на кој пишуваше „усна претставка“, за да било поавтентично. Му реков дека е бесмислено јас да пишувам ако претставката е „усна“, по што љубезно се согласи да го парафразира она што ќе го кажам.
Го опишав настанот, потенцирајќи дека приговарам за непрофесионален однос, за противправен претрес и за незаконито лишување од слобода.
На крај му укажав на полицаецот дека поради неговата љубезност, нема да ставам во претставката дека пуши во просторија во која е забрането пушење, за што казните се многу построги од казната за неносење лична карта.(Казната за неносење на лична карта е глоба во висина од 30 евра, а казната за пушење во просторија каде што е забрането пушење е од 5.000 до 15.000 денари.)
Тогаш си помуабетивме малку со полицаецот, при што му цитирав еден дел од кодексот на полицијата. Рече - „ене го онде кодексот, покажи ми го тој дел“.
Му го покажав делот во кој пишува: „Полициската интервенција се заснова врз основано сомнение за извршено казниво дело.“
„Затоа прашав поради кое сомнение сум запрен и легитимиран“ - се обидов да му објаснам.
Одговорот на полицаецот беше изненадувачки и просветлувачки.„И неносењето на лична карта е казниво дело. Што сме ние виновни што Собранието донело таков закон?“
Полицаецот беше во право. Ако полицијата основано се сомнева дека некој не носи лична карта, тогаш има законска основа да побара лична карта во секој случај и во секоја ситуација. Практично, секое сомневање може да се докаже како основано и полициската интервенција - легитимирање, е во секој случај легитимна.
Не знам зошто, ама ваквата состојба ме наведува на заклучокот дека сме сеуште полициска држава.И тоа добро организирана.Што друго да се заклучи кога секој граѓанин може да биде легално запрен во секоја ситуација, и кога секој што не носи лична карта може да биде лишен од слобода заради утврдување на неговиот идентитет, без притоа да постои основано сомнение за сторено друго казниво дело - освен неносењето лична карта?
Тоа е лошата вест. Добрата вест е дека сепак има некаков напредок во односот на полицајците, и дека некои работи полека се менуваат.Сепак, на градење на достоинствен и професионален однос кон граѓаните, треба уште многу, многу да се работи.
Уште нешто. Го разбудија во мене задреманиот „борец“ за човекови права.
Не ми е жал само за изгубеното време и претрпената нервоза, туку и за ненадејно прекинатиот блогерски одмор.
абе Жарко ептен супер поминал пола саат и казна, добро е што не му дале некоја воспитна, е да знае како ги превоспитуваат непокорните борци без причина, ќе пишуваше цела година постови! колку што ми е познато за давање отпор при апсење комотно може да те прекршат на културен начин а за тоа да не одговараат, така е секаде не само кај нас!
она дека полицијата ќе ви се смее и ќе ви каже искрено добар ден ниту ќе го видиме ниту ќе биде! една работа е што за такво нешто треба колективно превоспитување(рехабилитирање) на постојните полицајци кои се научени народот да им го има стравот(повеќето), а сосем друга што самата стресна работа каде постојано шетаат со себе оган и професионална параноја на готовс да ловат се и сешто ги прави само способни за лицемерна насмевка или опуштено држење територија оставајќи впечаток на каубојски шерифи!
иако сме 21 век сепак доколку не се тие, ќе биде таков калабалак што со радост ќе го прифатиме ваквиот однос! лично мене не ми пречи таа стравопочит се додека неоправдано не применуваат сила. цел проблем е во тоа што се уште полициските коли немаат камери, па за тоа и пристапот им е поопуштен, но кога ќе ги обезбедат со трето око, поинаку и тие ќе прават муабет и поинаку ќе се шетаат по улица, т.е. ќе мора да користат попрефинети начини за дојдат до посакуваната целта
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum