![]() |
![]() |
![]() |
Енергетика (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 27> |
Author | |
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Значи, ние треба да влеземе меѓу првите десет земји за производство на струја од обновливи извори, и тоа токму на местото на Босна.
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Македонија добива 46,4 отсто струја од обновливи извори
![]() Точно 745.974 мегават- часови електрична енергија се потрошени во земјава во месец февруари, а 46,4 отсто од оваа енергија е добиена од обновливи извори, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според овие бројки, Македонија се наоѓа во горниот дел на светската листа на земји кои користат обновливи, или таканаречени зелени извори за производство на електрична енергија. Најголем дел од обновливата енергија кај нас се уште се добива од силата на водотеците, односно од турбините на хидроцентралите (40 отсто), следат комбинираните централи кои работат на гас и биогас (4,2 отсто), ветерните централи (1,9 отсто), а најмал придонес има од соларните електрични централи (0,2 отсто). Остатокот од енергијата е произведен во термоцентралите (53,6 отсто). повеќе на линкот: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=780C7ABE5BF02F47AC1CD286CA17DC47 |
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Ako vo Bosna se izgradat uste nekolku hidrocentrali koi se vo plan, no za koi ima otpor i koi se blokirani, dali od ekologisti, mesnoto naselenie koe treba da se preseli ili od nemanje pari, ovaoj procent moze da bide uste pogolem
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
BiH u prvih 10 država u svijetu po proizvodnji električne energije iz obnovljivih izvora
Po podacima Državne regulatorne komisije za električnu energiju (DERK) u Bosni i Hercegovini je u 2013. proizvedeno 16.302,55 GWh električne energije, od čega je u hidroelektranama proizvedeno 7.123,62 GWh ili 43,7 posto, javlja Fena. Ostatak električne energije proizveden je u termoelektranama, a samo 1,47 posto u manjim i industrijskim elektranama (što uključuje i ostale oblike obnovljivih izvora energije). Iz Centra za edukaciju i podizanje svijesti o potrebi povećanja energetske efikasnosti - Energis saopćeno je da iz navedenih rezultata vidljivo da je Bosna i Hercegovina među prvih 10 država u svijetu po proizvodnji električne energije iz obnovljivih izvora, što je pozitivno za državu i njene građane. Ipak, ističu da BiH ima potencijal i za druge oblike obnovljivih izvora energije - energiju vjetra, solarnu energiju i biomasu. Podsjećaju da je u zadnjih nekoliko godina pušteno u pogon nekoliko solarnih elektrana, toplana na biomasu i jedna vjetroelektrana, te da je nekoliko novih projekata za vjetroelektrane u pripremnoj fazi. Najviše električne energije iz obnovljivih izvora proizvodi Norveška - čak 97,9 posto, a slijede Brazil (77,1 posto), Novi Zeland (74 posto), Kolumbija (73,7 posto), Venecuela (68,8 posto), Kanada (62,7 posto), Portugal (62,5 posto), Švedska (53,2 posto), Bosna i Hercegovina (43,7 posto) i Španija (40,8 posto). Države s najmanjim udjelom obnovljivih izvora energije u proizvodnji električne energije su Alžir (0,7 posto), Južna Afrika (1,9 posto), Južna Koreja (2,3 posto), Tajvan (5,4 posto), Iran (5,6 posto), Tajland (7,1 posto), Ukrajina (7,8 posto), Egipat (osam posto), Kazahstan (8,4 posto) i Indonezija (9,3 posto). Radiosarajevo.ba http://radiosarajevo.ba/novost/186808/bih-u-prvih-10-drzava-u-svijetu-po-proizvodnji-elektricne-energije-iz-obnovljivih-izvora |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Во секаков контекст се обновливи извори на енергија
![]() |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Според количество на производство не во тој контекст. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Pa i svetka Petka i Kozjak se obnovlivi izvori na energija.
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Обновливите извори моќни колку ХЕЦ „Света Петка“ и „Kозјак“
![]() Во Македонија досега во капацитети за обновливи извори на енергија се вложени 250 до 300 милиони евра, од кои 170 милиони се реализирани, изјави Kочо Анѓушев, претседател на Групацијата за обновливи извори на енергија на вчерашниот форум во Стопанската комора. - Во Македонија изминатите години се инсталирани над 40 мегавати хидроенергија (мали хидроелектрани), 36 мегавати ветерни електрани и над 15 мегавати фотоволтаици. Во градба се уште околу 50 мегавати мали хидроелектрани или вкупно 140 мегавати моќност што е речиси колку ХЕЦ „Света Петка“ и „Kозјак“ заедно - рече Анѓушев. повеќе на линкот: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=1CB9C65427FE4A47ABF7FACABA6B74CC |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
за сега се оди ЕЛЕМ да добие нова зграда а наскоро можеби и современа со институт за нуклеара енергија може ќе се угледаат и на америве, иако нашето е најдобро да тера ко руско-европски кросовер |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Засега се оди со варијанта мариовскиот јаглен да се транспортира до Битола и да се настави животот на РЕК Битола.Нова ТЕЦ највероватно или нема да се гради или ќе му се даде на некој странски инвеститор да ја изгради
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Се подготвува стратегијата за развој на енергетиката до 2035 година
Предлог – стратегијата за развој на енергетиката во периодот 2015 – 2035 година денеска беше презентирана пред претставниците на Македонската енергетска асоцијација (МЕА). Во стратешкиот документ е разработено основното сценарио на „Работната верзија на стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот до 2035 година“, како и две алтернативни сценарија – она со засилени мерки за енергетска ефикасност, како и дополнето сценарио со мерки за поголемо искористување на обновливите извори на енергија. Врз основа на стратегијата изработена од МАНУ, предвиден е просечен раст на потрошувачката на финална енергија од 2,3% годишно, раст на вкупната потребна енергија од 1% и на електричната енергија од 1,1% на годишно ниво. Во предложената стратегија е изоставена идејата за изградба на нуклеарна електрана на територијата на Македонија. Наспроти ваков објект, од МАНУ се надеваат дека земјава ќе се насочи кон реализација на проектите „ХЕ Бошков мост“, „ХЕ Чебрен“, „ХЕ Галиште“ и „ХЕ Велес“. Академската јавност предлага и доградба на агрегати на хидроелектраните „Шпиље“ и „Глобочица“, како и изведба на нова термоелектрана со моќност од 300 мегавати што ќе го користи јагленот од Мариово. „Основното сценарио најголем пораст предвидува кај потрошувачката на природниот гас и на обновливите извори на енергија како соларната и геотермалната енергија. Во финалната потрошувачка на енергија во 2035 планирано е електричната енергија да учествува со 24%, природниот гас со 16%, а нивото на потрошувачката на нафтените деривати да остане како во 2012 година“, изјави академик Глигор Каневче кој ја презентираше стратегијата. ![]() Во делот на електричната енергија, производството кај термоелектраните што го користат јагленот ќе се намали од 50% на 30%, додека на хидроелектраните ќе се зголеми од 12% на 32%, а 30% од произведената електрична енергија ќе се добива од термоелектраните – топлани и од термоелектраните на природен гас. Во предлог – стратегијата е зацртано и намалување на увозот на електрична енергија на 170 гигават часови електрична енергија. Овој стратешки документ наскоро ќе биде објавен на веб – страницата на Министерството за економија, по што ќе следи јавна расправа. http://www.build.mk/?p=42500 |
|
![]() |
|
Baze ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 409 |
![]() ![]() |
Во Мариово ќе се гради нова термоцентрала Предвидено е до 2020 година да трае реконструкцијата на термоцентралата „Битола“, додека на ТЕ „Осломеј“ до 2025 година. Во периодот од 2031 до 2035 година се планира изградба на електроцентрала од 300 мегавати во Мариово, период во кој ќе престане со работа термоцентралата во Битола Ако се остварат предвидувањата во стратегијата, граѓаните од Мариово можат да се надеваат дека ќе заживее нивниот крај Презентирана работната верзија на стратегијата за енергетика до 2035 година Изградба на нова термоцентрала на јаглен во Мариово од 2031 до 2035 година, период во кој се очекува да престанат со работа термоцентралите во Битола, предвидува работната верзија на стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот до 2035 година, што вчера беше презентирана во Стопанската комора на Македонија. По 2030 година се очекува да започне изградбата на хидроцентралата „Чебрен“, како и други термоцентрали или комбинирани електроцентрали. - Во стратегијата се предвидени три сценарија за понатамошен развој на енергетскиот сектор во земјава, а во основното е проектирана 2,3 отсто годишна стапка на пораст на потрошувачката. Најголем пораст е предвиден кај природниот гас и кај обновливите извори на енергија - вели академикот Глигор Каневче. Тој ги презентираше новините од документот, потенцирајќи дека е предвидено намалување на потрошувачката на електрична енергија, која од 35 отсто учество во вкупната енергија во 2014 г. се очекува во 2035 г. да се намали на 24 проценти. Искористеноста на природниот гас од сегашните 1 отсто предвидено е да достигне 16 проценти од вкупно искористената енергија. - Во поглед на термоцентралите, предвидено е до 2020 г. да трае реконструкцијата на ТЕ „Битола“, додека на ТЕ „Осломеј“ до 2025 година. Во периодот од 2031 до 2035 г. се планира изградба на електроцентрала од 300 мегавати во Мариово, период во кој ќе престане со работа термоцентралата во Битола. По 2035 г. и понатаму ќе имаме две електроцентрали, „Мариово“ и „Осломеј“. Проектирано е исто така енергетскиот сектор да се поддржи и од хидроцентралите „Бошков мост“, „Црн камен“, „Луково поле“, а се планира и доградба на уште еден агрегат на „Шпилје“ - појаснува Каневче. Инвестиции во обновливи извори Меѓу другото се планира канал од Вардар до Козјак, со кој ќе се обезбедат плус 110 киловат-часа енергија од оваа хидроцентрала. Со дислокација, пак, на пругата во Велес повторно се актуализира изградбата на хидроцентрала во овој град, а за периодот по 2030 година се планира и изградбата на долгоочекуваната „Чебрен“. - Во поглед на термоцентралите „ТЕ-ТО“ и „Когел“ по 2030 година ќе им помине рокот, но се планирани нови слични објекти, од кои ќе се обезбедат 200 мегавати енергија. Планиран е и пораст на ветерните електроцентрали, кои до 2020 година треба да обезбедуваат 63,2 мегавати и дополнителни 50 мегавати до 2025 г. Фотоволтаици до 2020 г. ќе имаме девет, а уште пет до 2025 година. И за ветерниците и сончевите електроцентрали е предвидено по 2025 година да се градат без повластени тарифи. Ќе се зголемува цената на струјата Стратегијата предвидува да расте и потребата од природен гас, кој треба да достигне 1,2 милијарда нормални кубни метри. Во вкупната енергија е проектирано од 50 отсто јагленот да падне на 20, додека искористеноста на природниот гас од 4 проценти да се зголеми на 20 отсто, а предвидено е емисијата на стакленички гасови да остане на исто ниво. Претседателот на Здружението за металургија, Митко Кочовски, и директорот на рудникот „Бучим“, Николајчо Николов, прашаа дали во стратегијата е водено сметка за индустрискиот развој, истакнувајќи дека не е можен развој на БДП без вклучување на развојот на индустријата. Високата цена на струјата, ниското учество на индустријата во потрошувачката на енергијата, недостигот од проекции за ископ на јаглен и како тој ќе се транспортира до термоцентралите, беа дел од забелешките на енергетичарите и претставниците на индустрискиот сектор присутни на дебатата организирана од Македонската енергетска заедница при Стопанската комора на Македонија. - Во проекцијата е внесено дека цената на струјата ќе се движи околу 90 евра за мегават-час, но прашање е колку оваа цена е реална со оглед на сегашната, која се движи околу 40 евра. Доколку цените на електричната енергија не се зголемат, се доведува во прашање инвестицијата во нови електроцентрали, особено на оние по 2026 година и на приватните, на кои им треба економска исплатливост - вели Кочо Анѓушев, претседател на МЕА. Тој појаснува дека и сегашните приватни електроцентрали не работат со полн капацитет, бидејќи цената на струјата е многу ниска. Анѓушев исто така истакна дека многу е важно прашањето на јагленот и пронаоѓањето нови наоѓалишта или локации од каде што ќе се увезува и како ќе се транспортира до електроцентралите. - Исто така дискутабилна е и проекцијата од обновливи извори да се добиваат над 300 мегавати енергија, и тоа само од ветерници и сончеви панели. Во некој убав сончев ден може нагло да се произведе многу енергија, дали мрежата ќе може да ја прими истата таа - прашува Анѓушев. Автор: Петранка Талеска / petranka.t@novamakedonija.com.mk Фотографија: Игор Бансколиев http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=113151710104&id=10&prilog=0&setIzdanie=23369 |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
какви визионери се ова нашиве ![]() него колку долго ќе ја градат врскава и дали е возможно да заглават некаде попат, можеби липковско ![]() |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Со Србија сме поврзани со 400 кв далекувод ама преку Косово,а не дирекно
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Нели многу повеќе со далноводи сме поврзани со Србија и Грција.Зошто не се иде сега на Исток-Запад?
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Вакви проекти се тие од типот што обичниот граѓанин воопшто нема да ги осети,т.е. никој ништо нема да забележи во нормалниот живот.
Сакам да повлечам паралела на пример со изградба на пат-сите ќе го видат и осетат новиот пат,а овде само ќе се има поголема стабилност на системот |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
9,7 милиони евра за нов далновод кон Србија
Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) отпочнува со активностите за изградба на новиот 400 – киловолтен далновод што ќе ја поврзе нашата земја со Србија. Оваа високонапонска врска ќе ги спои трансформаторските станици во Штип и во Врање. Вкупната должина на далноводот ќе биде 70 километри и ќе биде поставен на 168 челично – решеткасти столбови што ќе се протегаат до македонско – српската граница кај Куманово. Инвестициската вредност на овој проект е 9,7 милиони евра, информираат од МЕПСО. Финансиите се обезбедени од кредитна линија на Светската банка и од сопствени средства на државната компанија. Македонскиот премиер Никола Груевски денеска беше во работна посета на 400/110 kV трансформаторска станица Штип, каде што во моментов се врши монтажата на првиот столб на далноводот, со што и официјално започна остварувањето на првата фаза од проектот. За поставување на далноводот се избрани изведувачите „Енергомонтажа“ од Србија и „ЕЛ ТЕЛ Нетворк ТЕАБ“ од Шведска. Планираниот преносен вод е од големо стратешко и енергетско значење заради тоа што се воведува електроенергетска врска со Република Србија која ги зголемува капацитетите за пренос на електрична енергија и ја зголемува доверливоста на електроенергетските системи на регионално ниво. http://www.build.mk/?p=41900 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Со повеќе енергетски извори до поголема стабилност
Енергетичарите се согласни дека енергијата во денешни услови треба да ѝ биде приоритет на секоја држава, а за некои од учесниците на конференцијата енергетската обезбеденост е директно поврзана со безбедноста на државата. ![]() Треба да се искористат и обновливите извори на енергија Конференција за енергетска безбедност на Западен Балкан Колку енергетската стабилност на една земја е поврзана и со нејзината безбедност и колкаво внимание треба да се посвети на снабдувањето со енергенти се само дел од прашањата за кои дебатираа учесниците на вчерашната конференција „Енергетска безбедност во Западен Балкан - политики и предизвици“. Енергетичарите се согласни дека енергијата во денешни услови треба да биде приоритет на секоја држава, а за некои од учесниците на конференцијата енергетската обезбеденост е директно поврзана со безбедноста на државата. - Бидејќи за секој дел од животот на граѓаните е потребна енергија, а ја нема секаде во исти количества, светските сили се во трка за снабдување со енергија. Европската Унија го утна концептот за енергетска безбедност, бидејќи го темелеше само на снабдување. Сега, со порастот на Русија како важен фактор на полето на снабдувањето со гас, ги увидоа своите пропусти - вели професорот Методи Хаџи Јанев. Претставникот на Центарот за проучување на демократијата од Бугарија, Мартин Владимиров, истакна дека прашањето за „Јужен тек“ колку има економска природа, исто толку има и политичко и геостратегиско значење. Според него, поради немањето конкуренција на Балканот од друг снабдувач со гас, цените за овие земји се повисоки отколку во Германија и има простор за манипулации во трошокот за изградба на гасоводот. - За да се зголеми енергетската безбедност треба да се зголемат и енергетските снабдувачи. Во Бугарија дури 60 отсто од граѓаните користат дрво или јаглен за греење, а кај нас прашањето е како да се гасифицира државата со помалку трошоци - истакна Владимиров. Зависни од струја За Македонија, според панелистите, е неопходно да се поврзе со повеќе снабдувачи на енергија и од различни извори за да не биде зависна од еден вид и еден доставувач. Во нашата земја доминира употребата на електрична енергија, што ја прави ранлива во случај на прекин со снабдувањето со овој енергент. - Ние сме увозно зависна земја и околу 30 отсто од потрошената електрична енергија се увезени и од нив дел е за регулираниот, а дел за нерегулираниот пазар. Со изградбата на новите производствени капацитети очекуваме увозната зависност да се намали - истакна Марко Беслимовски од Регулаторната комисија за енергетика на Македонија. Според Ана Стојиловска, која заедно со Андреја Богдановски е автор на трудот „Состојбата со енергетската (не)безбедност во Македонија“, земјава е ранлива на прекини на испораката на електрична енергија, која најмногу ја користат домаќинствата, а голем дел се користи и во индустријата. - Дури 58 отсто од домаќинствата во Македонија користат електрична енергија за загревање, а секоја година се зголемува и увозот на електрична енергија, па можни прекини со снабдувањето би биле проблематични за енергетската безбедност на државата - рече Стојиловска. Приклучок кон повеќе гасоводи Според неа, Македонија треба да се фокусира на искористување на другите извори на енергија, поголем увоз на природен гас и искористување на обновливите извори на енергија, но и спроведување мерки за енергетска ефикасност и локални политики за гасификација. - Македонија треба да се поврзе со повеќе гасоводи и на среден рок да го зголеми искористувањето на гасот преку постојниот гасовод и да го зголеми неговиот капацитет. Наедно, Македонија мора да го усогласи поврзувањето со гасоводот „Јужен тек“ со европската легислатива, но да размислува и за приклучување кон Трансјадранскиот гасовод - рече Стојиловска. Според неа, клучно за енергетската безбедност на Македонија е да се спроведува енергетската стратегија и она што е предвидено во неа, како и да се формира Фондот за енергетска ефикасност, како една од клучните мерки за реализација на проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Конференцијата беше организирана од фондацијата „Конрад Аденауер Скопје“, во соработка со аналитика, како дел од програмата „Животна средина, енергија и климатски промени“. http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11614104133&id=10&prilog=0&setIzdanie=23315 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |