![]() |
![]() |
![]() |
Коридор 8 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 54> |
Author | |
geny ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 16-Mar-2013 Location: Bulgarya Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
Неам думи !
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Германската фирма се откажа од пругата кон Бугарија, работниците добија откази
Германците се откажаа од изградба на пругата Куманово-Бељаковце. Од Македонски Железници Инфраструктура потврдија дека од компанијата Вибе, задолжена за изведба на тој проект, на 29 мај добиле известување дека го раскинуваат договорот, а со тоа официјално ја запреле изградбата на пругата. „Првата делница од Куманово до Бељаковце во должина од 30 километри започна да се гради во 2014 година од германската компанија Вибе. Според Договорот овој проект требаше да биде завршен во рок од 30 месеци, односно до септември 2017 година. Заради проблемите кои се појавија при изградбата, рокот беше пробиен, поради што се потпиша Анекс на договорот за продолжување на времето за завршување на работите до 20.02.2020 година. Но и покрај таквото продолжување Изведувачот поради слабиот човечки и технички капацитет, недоволната ангажираност во реализацијата на терен, продолжи со забавената динамика на извршување на работите, при што успеа да реализира само 54% од вкупниот обем на работите”, пишува во одговорот од ЈП ЖРСМ Инфраструктура. Менаџментот на германската компанија во земјава и натаму е недостапен за јавноста. Државата ќе бара оштета за раскинатиот договор, а ќе се објави и нов тендер за проектот. Надлежните велат дека не се откажуваат од проектот, а моменталната ситуација нема да ја доведе во прашање изградбата на пругата од Коридорот 8, особено затоа што веќе се обезбедени пари. Во меѓувреме, околу 50 работници ангажирани за германски Вибе преку Агенција која посредува за вработување, од вчера останаа без работа. По неколку неуспешни обиди за изградба на пруга кон Бугарија, проектот, кој е актуелен со децении, повторно може да ги пробие ветените рокови за реализација. Надлежните очекуваа делницата Куманово-Бељаковце да биде готова на почетокот од следната година, а воз кон Бугарија да имаме за четири години. Мирјана Јовеска https://sitel.com.mk/germanskata-firma-se-otkazha-od-prugata-kon-bugarija-rabotnicite-dobija-otkazi |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Прекин на градежните работи на пругата кон Бугарија
Стопирани градежните работи на железничката пруга Куманово-Бељаковце. Работниците велат дека од петокот единствени активности на терен се собирање на механизацијата и правење попис од страна на изведувачот, германската компанија Вибе. Вработените велат дека не зеле плата за април и мај, а поради доцнењето сега веќе немаат ниту здравствено осигурување. “Последните недела дена не работиме, си ги собраа сите машини. Од 15-ти е прекинат договорот меѓу Вибе и Македонски Железници. Машините, еве гледате и сами, останаа само на Вибе, а подизведувачите сите си заминаа. А, ние работниците, мора да доаѓаме уште на работа, договорот ни важи. Не сме зеле еве два и пол месеци плати, имаме одмор, имаме меѓу 300 и 400 прекувремени работни саати. И тоа не ни е платено. Се работеше по 10 саати и сабота и недела. Нема никој сега од Германците и кој да нè исплати? Не знам што ќе биде. Оставени сме на цедило, никој ништо не ни кажува”, вели работникот Зоран Крстевски. “Машините се стопирани, подизведувачите се тргнати. Нема никој ништо, само така доаѓаме секој ден, си седиме и ќе дојде времето ќе си одиме и толку”, вели работникот Бобан Величковски. Сите обиди да стапиме во контакт со менаџментот на компанијата беа неуспешни. Единствениот одговор што успеавме да го добиеме од дел од раководството е дека немаат коментар. До овој момент од Македонски Железници Инфраструктура не добивме одговор дали е точно дека е раскинат договорот со изведувачот. Надлежните очекуваат пругата до Бељаковце, делница долга 31 километар, да биде завршена најдоцна до почетокот од идната година, а целосно железничко повезување со Бугарија би се реализирало за најмалку 4 години. https://sitel.com.mk/prekin-na-gradezhnite-raboti-na-prugata-kon-bugarija |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Оф мори мајко, која држава еј...
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ФИРМИТЕ ЈА ПОВЛЕКОА МЕХАНИЗАЦИЈАТА ЗА ИЗГРАДБА НА ПРУГАТА КУМАНОВО-БЕЉАКОВЦЕ, РАБОТНИЦИТЕ ДВА МЕСЕЦА БЕЗ ПЛАТА
Запрена е изградбата на железничката пругата Куманово – Бељаковце, дел од Коридорот 8 кон Бугарија, откако фирмите ја повлекле механизацијата и си го собрале материјалот од градилиштата во близина на Куманово и Шупли Камен. Работници тврдат дека веќе една недела ништо не се работи на терен, а тие и не знаат што да прават, бидејќи никој не ги информирал дали да доаѓаат на работа или не. Притоа, кажуваат дека немаат земено плата два месеци, а останале и без здравствено осигурување. Изведувач на градежните работи на реконструкција и рехабилитација на железничката пруга Куманово – Бељаковце е германската фирма „Вибе“, за која работат седумдесетина работници. „Не знаме што да правиме, сите се повлекоа само ние останавме. Од минатата недела ништо не се работи. Нам ни истекува договорот на 31 август и мора по закон да доаѓаме на работа, иако не сме земале плата два месеца, имаме 300-400 саати прекувремена работа, не сме искористиле одмор, останавме и без здравствено осигурување. Немаме кого да прашаме што да правиме, ако планираат да не отпуштат нека ни кажат да бараме друго решение, да одиме под биро за да го оствариме правото за лечење“, рече денеска работник Зоран Крстевски. Работниците кажуваат дека веќе три години се ангажирани на проектот за изградба на пругата, а проблемите настанале на средината на минатиот месец, кога плата за април добиле само вработените во „Вибе“, но не и оние што се ангажирани преку приватна агенција за вработување за потребите на изведувачот. Тогаш добивале ветувања дека работата ќе се среди, но таа се усложнила откако без плата за овој месец останале сите вработени, а подизведувачите почнале да си ги повлекуваат машините и си го собрале материјалот од терен. Тие додаваат дека се зборувало оти Македонски железници го раскинала договорот со „Вибе“, но не ги знаат причините. Од Фирмата „Вибе“ не сакаа да коментираат ниту дадат изјава зошто е прекината изградбата на пругата и работниците останале без плата, додека директорот на Македонски железници – Инфраструктура не се јавуваше на мобилниот телефон. Надлежните од Министереството за транспорт и врски и Македонски железници во изминатите две години во неколку наврати ги посетуваа градилиштата на пругата и тврдеа дека се оди со предвидената динамика и без никакви проблеми. Прво најавуваа дека пругата ќе биде готова до крајот на 2019, а откако тоа не се случи ветуваа дека тоа ќе биде до крајот на оваа година. Првата делница Куманово – Бељаковце е во должина од 30 километри и чини околу 40 милиони евра, втората траса Бељаковце- Крива Паланка 140 милиони евра, од кои 68 милиони евра се грант, третата делница Крива Паланка – граничен премин Бугарија е најскапа бидејќи поминува низ планини и изнесува 405 милиони евра, од кои 60,8 милиони евра се грант од ИПА. Целата делница од Куманово до Бугарија ќе чини над 580 милиони евра, кажаа надлежните при една од посетите на изградбата. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/firmite-ja-povlekoa-mehanizatsijata-za-izgradba-na-prugata-kumanovo-belakovtse-rabotnitsite-dva-mesetsa-bez-plata/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
абе генерации израснаа и тие генерации внуци добија, овие уште за буџетот за коридорот дискутираат
![]() |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Со буџетскиот ребаланс не се скратија парите за изградба на пругата кон Бугарија
Со ребалансот на буџетот за 2020 година се скратија средства од над 12 милиони евра што беа предвидени годинава да се инвестираат во железничката инфраструктура во земјава. Пандемијата со корона вирусот и неопходноста за намалување на буџетските расходи како резултат на забавените економски активности придонесоа првично планираните 43 милиони евра да се намалат на 30,6 милиони евра, колку што во 2020 година ќе се потрошат за железничката инфраструктура. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ информираат дека средствата за изградбата на железничките делници Куманово-Бељаковце и Бељаковце-Крива Паланка од проектот за изградба на пруга кон Бугарија не се намалени, а идентична е и сумата предвидена за довршување на реконструкцијата на делницата Ногаевци-Неготино од Коридорот 10. – Тие се оставени во Буџетот во целосен износ, онолку колку што биле побарани од страна на ЈП Железници Инфраструктура – посочуваат од ова министерство. Кратења на средства кај ставката „инвестиции во железничката инфраструктура“ во државниот буџет има кај субвенциите за претпријатието Железници на РСМ – Транспорт, коишто се исплаќаат за вршење на услугата од јавен интерес за железнички превоз на патници. Исто така, со буџетскиот ребаланс се намалени средствата што се префрлаат на Јавното претпријатие ЖРСМ-Инфраструктура, кои се предвидени за реализација на Годишната програма за железничка инфраструктура. Македонија годинава треба да го заврши тендерот за избор на изведувач што ќе ја гради пругата од Бељаковце до Крива Паланка долга 34 километри, при што Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во пронаоѓањето најповолен понудувач ќе бира меѓу понудите на осум фирми што влегоа во втората фаза од меѓународниот тендер. По изборот на градежната компанија, до крајот на годинава треба да почне изградбата на втората фаза од железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Во меѓувреме, на терен продолжува изградбата на првата фаза од проектот за железничката делница Куманово-Бељаковце. До крајот на 2020 година треба да заврши изградбата на оваа пруга со должина од 30,8 километри, која со многу бавна динамика се изведува уште од 2014 година. https://meta.mk/so-budjetskiot-rebalans-ne-se-skratija-parite-za-izgradba-na-prugata-kon-bugarija/ |
|
![]() |
|
geny ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 16-Mar-2013 Location: Bulgarya Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
Колеги докъде стигнах те със първата фаза на линията като проценти дайте некоя снимка да видим напредъка и очаква ли се втора фаза
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Многу стар делува документот (јуни 2010), кон крајот на 2017 се изработи нова документација. Но, прашање е дури и новата документација колку е релевантна во услови кога се препроектираат многу делови од автопатот Кичево - Охрид, а делницата Мешеишта - граница со Албанија е спорна во препораките на УНЕСКО и трасата треба да се поместува.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/10/Studija%20za%20OVZS%20od%20izgradba%20na%20zel.pruga%20Kicevo-Lin.pdf
Materjali za pruga Kicevo_Albanija, ako ne go mrzi nekoj vadi mapi i drugo sho ima interesno |
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
geny ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 16-Mar-2013 Location: Bulgarya Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
има ли движение дайте слики ако има!!!!
|
|
![]() |
|
geny ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 16-Mar-2013 Location: Bulgarya Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
Докъде стигнахте со пругата или виросот ви цокна!!!!
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Се испитува можноста за зголемување на брзината и безбедноста на пругата Скопје – Кичево
Министерството за транспорт и врски со средства од Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) ја испитува потребата за подобрување на состојбата на железничката инфраструктура на потегот од Скопје до Кичево на паневропскиот Коридор 8. Во моментов се изработува пред-физибилити студија, како прв од документите што ќе следат во функција на зголемување на брзината и подобрување на безбедноста во согласност со стандардите на ЕУ. Пред-физибилити студијата треба да биде готова во првата половина од 2020 година, по што треба да се пристапи кон изготвување на детална студија за изводливост на проектот со анализа на трошоци и придобивки и кон студија за влијание на проектот врз животната средина. Дополнителни средства ќе бидат потребни за идејниот и основниот проект, врз чија основа би се реализирале инвестициските зафати за реконструкција на пругата Скопје – Кичево. Железничката делница од Ѓорче Петров до Гостивар за последен пат е реконструирана во периодот 1968 – 1969 година, кога е завршена и изградбата на пругата од Гостивар до Кичево. – Се работи за едноколосечна пруга, неелектрифицирана и со застарени системи за сигнализација и телекомуникации и со ограничувања во однос на брзината – истакнуваат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Податоците на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ покажуваат дека пругата Скопје – Кичево се користи многу помалку од нејзиниот максимален капацитет за дневен проток на возови. Меѓу двата града секојдневно сообраќа само по еден патнички воз, додека товарни возови по пругата минуваат уште поретко. Во четвртиот квартал од 2019 година, пругата Скопје – Кичево учествувала со 7 отсто од вкупниот број на изминати километри на македонските пруги во патничкиот железнички сообраќај, додека кај товарниот превоз само 1 отсто од вкупно изминатите километри на возовите се реализирани на оваа пруга. Пругата Скопје – Кичево е составен дел на железничкиот Коридор 8.
Македонија ја презеде обврската да го изгради поврзувањето со пруга кон
Албанија и Бугарија, но ќе мора и да ја рехабилитира постојната
железничка инфраструктура од овој коридор во согласност со европските
стандарди. |
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Знам за што мислиш, знам дека шина е за едно а шини за дриго, туку направив грешка во пишувањето. Ама сепак ме свативте.
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
ironm беше малку подипломатски настроен, ама да ти разјасниме. Шини се металните пруги на кои „возат“ тркалата на возот, така што ти требаат две за еден колосек. Воз со една шина уште нема (освен monorail). Значи барем две шини за еден коловоз, и некогаш и трета шина за напојување кај некои градски и приградски железници. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Нема ниеден проект за пруга со два колосеци, а ако некогаш се направи тоа ќе е за коридор 10. Максимална проектирана брзина на референтната траса од Куманово - Деве Баир е 100 км/ч. За Кичево - Албанија е слично со тоа што проектот веќе не е валиден со оглед на тоа што УНЕСКО бара нов проект.
|
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Дали од Куманово до Бељаковце, од Кичево до Албанската граница ќе има пруга со 2 шини, или ќе биде само со 1 шина?
Колку ќе биде максималната проектирана брзина? |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Меѓу 8 фирми ќе се бира изведувачот на пругата Бељаковце – Крива Паланка
Од 15 компании што доставиле понуди во претквалификациската фаза, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) избра осум фирми кои влегоа во втората фаза од меѓународниот тендер за избор на изведувач за пругата Бељаковце – Крива Паланка. Од понудите што ќе ги достават овие компании ќе се избере субјектот што треба да ја реализира втората фаза од железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. – Очекуваме до крајот на оваа година да се избере изведувач и да се почне со работа на терен – велат од ова министерство. Железничката пруга долга 34 километри е со проектирана вредност за изградба во износ од 147 милиони евра. Сепак, конечната цена за изведба на овој проект ќе се знае по изборот на најповолната понуда. Рокот за изградба на пругата е 40 месеци, а актуелниот тендер беше распишан кон средината на 2018 година. Од Делегацијата на Европската Унија во Скопје уште минатата есен реагираа дека Македонија недоволно ги користи средствата дадени од фондовите на ЕУ за овој проект. Никола Бертолини, како раководител на Секторот за соработка во Делегацијата, јавно предупреди дека земјава ризикува да ги изгуби фондовите од ЕУ за пругата кон Бугарија, бидејќи програмата не напредува како што треба. За пругата Бељаковце – Крива Паланка ни беа дадени околу 70 милиони евра неповратни средства од ЕУ, со што се намали за половина кредитот подигнат од ЕБОР за оваа намена. Од Министерството за транспорт и врски не сакаат јавно да говорат на ваквите забелешки од Делегацијата на ЕУ, велејќи дека за роковите за искористување на средствата од ИПА програмите надлежни за одговор се од Секретаријатот за Европски Прашања како национален координатор. Во Бизнис планот за работа на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ за годинава стои дека ќе се искористат вкупно 20 милиони евра за изградба на пругата меѓу Бељаковце и Крива Паланка, а средства ќе се издвојат и за експропријација на земјиштето по кое минува трасата. https://meta.mk/meѓu-8-firmi-ќe-se-bira-izveduvachot-na-prugata-beљakovcze-kriva-palanka/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Изградени 64 отсто од пругата Куманово – Бељаковце до крајот на 2019 година
Се интензивира изведбата на градежните работи на првата фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија. До крајот на годинава, изградени се 64 отсто од пругата Куманово – Бељаковце со должина од 30,8 километри, информираат од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“. – Интензитетот на изградба се зголеми во втората половина на оваа година и очекуваме до крајот на 2020 година пругата да биде завршена – велат од ова министерство. Нивните пресметки покажуваат дека до крајот на 2017 година биле завршени само 25 отсто од градежните работи, додека прогресот на реализација на проектот во декември 2018 година изнесувал 36 отсто. Причините за застојот во изградбата на оваа делница, на која требаше да се движат возови уште во 2016 година, се проблеми со експропријацијата на земјиштето и недостатоци во проектната документација. Од Министерството за транспорт и врски велат дека сите неискористени средства за реализација на првата фаза од проектот за изградба на пругата кон Бугарија се префрлени за користење за во 2020 година. Паралелно на изведбата на пругата од Куманово – Бељаковце, наредната година треба да се избере градежната компанија што ќе ја гради железничката траса од Бељаковце до Крива Паланка, а до крајот на 2020 година треба да стартуваат и градежните работи. Изградбата на пругата Куманово – Бељаковце отпочна во март 2014 година, со ветување дека оваа железничка линија ќе биде оспособена за сообраќај во рок од две години. Станува збор за пруга која го заобиколува Куманово, предвидува изградба на нова железничка станица и стојалиште на различни локации во градот, со што би се овозможило посериозен развој на патничкиот железнички сообраќај помеѓу Куманово и Скопје. https://meta.mk/izgradeni-64-otsto-od-prugata-kumanovo-beљakovcze-do-kraјot-na-2019-godina/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 54> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |