Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#121 Posted: 25-Jul-2011 at 13:19 |
Досега незнам дали сме имале запис, ама патот накај Бугарија преку Крива Паланка се санира на неколку места со нов асфалт, не дупки, туку цели делници. Неколку места има со завршени работи, имаше две изграбани што чекаат асфалт и една што се работеше со наизменично пропуштање.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#122 Posted: 24-Aug-2010 at 23:13 |
Кај Миладиновци
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#123 Posted: 23-Mar-2010 at 04:00 |
Раскрсницата-убиец
ќе биде безбедна
Гостивар - До крајот на годинава ќе се изгради ново сообраќајно
решение на здуњската раскрсница на западната магистрала Гостивар -
Кичево, со што ќе се подобри безбедноста во одвивањето на сообраќајот.
Агенцијата
за магистрални и регионални патишта деновиве во гостиварската локална
самоуправа ќе одржи јавна расправа околу неколкуте идејни решенија за
окончување на повеќедеценискиот сообраќаен проблем на оваа раскрсница.
Гостиварските градежни и сообраќајни експерти сметаат дека најдобро
решение за безбедно регулирање на сообраќајот на раскрсницата е изградба
на надвозник.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески,
најави дека во средината на годинава ќе започнат работите на реализација
на сообраќајното решение што ќе го усвојат експертите. Со изградбата на
понуденото решение, значително ќе се подобри безбедноста во сообраќајот
и ќе се намалат сообраќајните несреќи.
На здуњската раскрсница
годишно се случуваат над дваесетина сообраќајки. Во последните години
животите ги загубија над дваесетина лица, најмалку двојно повеќе лица
беа потешко и лесно повредени, а беше причинета и голема материјална
штета.
Со право жителите на гостиварското село Здуње раскрсницата
ја нарекуваат убиец. Доколку годинава не се реши овој проблем, здуњчани
повторно ќе излезат на протести, со блокирање на сообраќајот на овој
магистрален пат, како што го направија тоа пред две години. По овие
протести, Владата донесе одлука со што беше одобрено нивното барање. Но,
се' остана на ветувања. Здуњчани со резерва го примија и ветувањето на
министерот Јанакиески, бидејќи стравуваат да не бидат измамени по втор
пат.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=CFC96D12BBC4044387241258D3914939 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#124 Posted: 21-Mar-2010 at 15:21 |
Ќе се регулира „раскрсницата-убиец“ кај Здуње Ќе
се регулира сообраќајот на „раскрсницата-убиец“ кај гостиварското село
Здуње, на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Градежниот зафат е
предвидено да почне летово. Изминативе години оваа точка беше
посочувана како исклучително опасна за безбедноста во сообраќајот на
овој патен правец. Решавањето на овој проблем го најави министерот за
транспорт и врски Миле Јанакиески, кој го посети Гостивар.
-
Деновиве треба да се одржи една јавна расправа, на која ќе се слушнат
мислењата на експертите, граѓаните и на локалната самоуправа. Потоа
треба се утврди финалното решение, кое треба да го изработи Агенцијата
за патишта. Очекувам, градежните работи да почнат во средината на оваа
година изјави - Јанакиевски.
Од локалното одделение за сообраќај
на Општина Гостивар сметаат дека најдобро решение ќе биде изградбата на
надвозник. Регулирањето на сообраќајот на „раскрсницата-убиец“, како
што ја нарекуваат граѓаните, и претходно беше најавувано со кружен тек
и семафори.
Жителите од Здуње реагираа и се закануваа со
блокади на магистралниот пат ако не се преземат мерки за подобрување на
безбедноста. Секоја година, на ова место се случуваат по дваесетина
сообраќајки, во кои неретко има и човечки жртви.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DF2432486F89674C92A789A6E162BBA2 |
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#125 Posted: 20-Mar-2010 at 00:08 |
РАЗВИВАЊЕ ТУРИЗАМ БЕЗ ПАТИШТА
По дупки до Охрид
Целосна санација на регионалниот пат за Охрид се најавува кон крајот на април, оти во моментов сe уште не е завршен тендерот за набавка на битумен
Регионалниот пат по кој, преку Стража, се стигнува до најпознатото туристичко место во Македонија Охрид е дупка до дупка. По оваа сообраќајница речиси и е невозможно нормално да се вози, бидејќи недостигаат цели парчиња од асфалтот, а ЈП "Македонија пат" негова целосна санација најавува кон крајот на април, оти во моментов сe уште не е завршен тендерот за набавка на битумен. Екипа на "Вест" завчера возеше по уништениот пат. Најдраматично е кај селото Колари каде што возачите, за да ги избегнат огромните дупки длабоки и по петнаесетина сантиметри, се принудени да возат по средишниот дел на патот, со што ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот, бидејќи патот е двонасочен. "Свесни сме дека од спротивната страна доаѓаат возила кои, исто така, се принудени да влезат во нашата лента заради избегнување на дупките, но што да правиме, да останеме без тркала. Овде ни крпење не помага, патот треба одново изгради", ни рекоа возачи што раскажуваат дека често го возат овој патен правец и постојано си го ризикуваат сопствениот и животот на другите. Генералниот директор на ЈП "Македонија пат" Горан Стојковиќ вели дека водата го нагризала асфалтот и ги отворила дупките кои, според него, најитно ќе се пополнат. "Веднаш привремено ќе ги санираме со ладна маса и тампон, а кон крајот на април, кога ќе набавиме битумен и ќе проработат асфалтните бази, ќе се работи на подолгорочна поправк,а за што и се предвидени пари во програмата за годинава. Деловите од асфалтот, кои се најоштетени, ќе се изгребат и повторно ќе се асфалтираат", вели Стојковиќ. И. Смиљанска Фото: В. Тануровски
Јанакиески: Состојбата на патиштата не е идеална
Министерот за транспорт и врски признава дека состојбата на патиштата во Македонија не е најдобра, ќе се подобрува со создавање на координативно тело за зголемување на безбедноста на патиштата и со постојано инвестирање во нив. "Не реков дека состојбата со патиштата ни е идеална, но од година во година таа ќе се подобрува. На почетокот на мај годинава, во соработка со Градежниот факултет од Скопје ќе направиме анализа на оние места каде што имаше свлечишта и, доколку се работи за активни свлечишта, Владата трајно ќе ги санира", изјави вчера Јанкиески.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#126 Posted: 14-Dec-2009 at 15:46 |
Излезот од М-4 кон Тетово (клучка Тетово Исток)
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#127 Posted: 11-Dec-2009 at 21:30 |
idea_bos, постовите може да се едитираат доколку се направи грешка, не мора нов пост  До опцијата за едитирање можеш да пристапиш преку менито Post Options кај секој пост. Инаку стандардизирана ли е таа македонска латиница во нашиот правен систем? Јасно е дека дури и ако се применува, не се применува конзистентно, но би било убаво да се знае дека барем постои таква работа и дека останува да се спроведе коректно таму каде што би нашла примена.
|
 |
idea_bos
Newbiе
Joined: 11-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#128 Posted: 11-Dec-2009 at 18:44 |
LATINICA
|
16202428
|
 |
idea_bos
Newbiе
Joined: 11-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#129 Posted: 11-Dec-2009 at 18:43 |
Zborot e ispravno napisan na MAKEDONSKA kirilica
|
16202428
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#130 Posted: 16-Nov-2009 at 00:20 |
Оштетена магистралата кон Деве Баир
 Коритото на Крива Река деновиве достигна широчина од над 40 метри, а жителите од селата Узем и Костур се целосно отсечени поради урнатиот бетонски мост, кој ги поврзуваше со магистралата и со Крива Паланка
Надојдената Крива Река на повеќе места ја оштети магистралата кон
Деве Баир, поради што на тие места транзитот кон Бугарија привремено се
одвиваше по една коловозна лента. На повеќе места надојдените води го
поткопаа патот на неколку километри од излезот на Крива Паланка, а
најкритично беше на делницата кај местото Дервен. Урната беше и
заштитната ограда на овој меѓународен пат.
- Привремено ги
санираме штетите на поткопаниот пат и ја обезбедуваме делницата за
сообраќај. Поставени се патокази и знаци за предупредување и внимателно
возење на овој дел од магистралата. Сега се прави процена на штетите,
но потребна е и целосна заштита со поставување бетонски столбови, за
што се известени сите надлежни органи во државата. Бидејќи станува збор
за меѓународен пат, по кој секојдневно минуваат голем број возила преку
граничниот премин на македонско-бугарската граница, неопходно е
обезбедувањето на делницата да биде направено што поскоро - вели Игор
Тодоровски, раководител на РЕ на „Македонијапат“ од Крива Паланка.
Кривопаланчанци
велат дека не виделе толкаво зголемување и излевање на Крива Река
речиси 40 години, кога биле однесени повеќе деловни објекти и мостови
во центарот на градот. Коритото на реката деновиве достигна широчина од
над 40 метри, а жителите од селата Узем и Костур се целосно отсечени
поради урнатиот бетонски мост кој ги поврзуваше со магистралата и со
градот.
- Веќе 4 дена целосно сме блокирани, нивите се
поплавени, а реката се претвори во море. Со намалувањето на нивото на
водата штетите се' повеќе се гледаат, насекаде има паднати електрични
столбови, искорнати дрвја и наноси, а поткопана е и трафостаницата. За
среќа, избегната е многу поголема катастрофа. При најинтензивните
врнежи нивото на реката беше само 50-ина сантиметри пониско од
јаловиштето на рудникот „Тораница“ и малку недостигаше тоа да се урне и
да не' однесе сосе куќите, а целото село да го снема - велат жителите
од Узем.
Локалната власт работи на санирање и проценување на штетите.
-
Формирана е Комисија за утврдување на состојбата и на штетите, а
механизацијата и оперативата постојано работат на терен. Но, секој ден
се јавуваат нови оштетувања, така што Општината не може да постигне
сите да ги санира. Штетите се огромни, ни недостига механизација и не
знаеме каде попрво да интервенираме - вели Бранко Велиновски,
раководител на одделението за инспекциски надзор.
Од Општината
велат дека најприоритетно е да се регулира коритото на Дурачка Река во
населениот дел од градот и да се изврши расчистување на насадите на
дрвја по течението на Крива Река од Узем до Конопница, кои го
изместуваат текот на реката и прават големи штети. Токму овие две
подрачја и најмногу беа погодени од надојдените води на реките.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A69093C11B777D47B2F03BBAC810BBC3 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#131 Posted: 23-Sep-2009 at 15:13 |
Од Скопје до Тетово... 01.  02.  03.  04.  05.  06.  07.  08.  09.  Од Тетово до Гостивар. Нема нешто посебно да се слика. Прав, а тесен пат, без трета лента и нерамна траса. 10.  11.  12.  Од Гостивар до село Церово, односно до раскрницата каде што се врти за Маврово. 13.  14.  15.  16.  17.  18.  19.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#132 Posted: 16-Sep-2009 at 10:33 |
Крстосницата-убиец ќе влезе во Коридорот 8 Изградбата
на Коридорот 8 го стопира проектот за регулирање на сообраќајот на
„крстосницата-убиец“ кај гостиварското село Здуње, на која лани имаше
дваесетина сообраќајки во кои загинаа четири лица.
Пред една
година беше најавено решавање на проблемот со кој се соочуваат жителите
на неколку гостиварски населби. Опасноста постојано ги демне и возачите
кои се движат по магистралата од Гостивар кон Кичево. Запрашан, при
неодамнешната посета на Гостивар, зошто не е почната реализацијата на
најавеното решение на проблемот со опасната крстосница на еден од
влезовите на Гостивар, позната и како „стакларска“, вицепремиерот
Абдулаќим Адеми рече:
- Министерството за транспорт и врски веќе
добило задолжение од Владата што побрзо да изготви проект со кој трајно
ќе се реши проблемот. Работата е стопирана бидејќи проектот треба се
вклопи како дел од Коридорот 8, кој е предвиден да минува во близина на
оваа локација.
Пред повеќе од триесет години, со изгѓадбаќа на
обиколницаќа, пѓиодниќе паќишќа кон шелаќа Ѓавен, Вѓчќок Ѓечане и кон
Оѓќчше ше вкѓшќчвааќ шо магишќѓалниоќ паќ кон Охѓид.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B02685BFAD14CC4D86C37F3F35B9AE46 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#133 Posted: 15-Sep-2009 at 03:58 |
Oбид да се фати нешто од патов. Сликано во близина на Ранковце.   Особено сум незадоволен од сигнализацијата на патов. Посебно онаа каде што е најбитно, клучката каде што се врзува со М-1. Тоа е све искршено, ураснато, исповиткано, никаво! А тука е и спојката осо еден локален пат (кој пак спојува со Р-101) и дополнително е малку конфузна и онаа преостанатата сигнализација на клучкава. Има така прилично долги делови каде што воопшто нема знаци околу брзинското ограничување. Има еден дел одприлика некаде кај Младо Нагоричане (движејќи се кон М-1) каде што има ограничување 70 и после тоа останува ограничувањето и за делници за кои реално може и многу поголеми брзини да се дозволат, каде што реално условите дозволуваат, Може и да имало некој знак во минато за 80 што сега го нема. Барем движејќи се обратен правец мислам дека ограничувања беа поголеми, но не сум сигурен. Инаку асфатлот е таков каков што е, за наши услови е тој просечниот. Имаме и подобри, но имаме и многу полоши патишта. Барем нема толку "фрлања" од земја што да други патишта ги има да ги ринеш со лопата. Во однос на трасата приметив дека некаде после Страцин како да се стеснува малку трасата, за разлика од предходно каде што лентата е со комотна широчина.
Edited by lslcrew - 15-Sep-2009 at 04:04
|
 |
micko_v
Senior Member
Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
|
Quote Reply
#134 Posted: 19-Aug-2009 at 15:46 |
Мислам дека е една од најлошите делници посебно од граница до К.Паланка, дупки и нерамини колку сакаш, навечер ниту еден знак не се чита, Африка.....
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#135 Posted: 19-Aug-2009 at 14:32 |
 Темната комбинација ги прикрива мааните на патот
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#136 Posted: 19-Aug-2009 at 14:30 |
Originally posted by Cloverstack
Добри материјали забеган, конечно да почнеме нишка и за М-2 
Само малце темни сликиве, да не бил погрешно подесен апаратот?
|
да, темни ми се сликите бидејќи заборавив да го подесам апаратот, ништо страшно мислам
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#137 Posted: 19-Aug-2009 at 04:16 |
Добри материјали забеган, конечно да почнеме нишка и за М-2 Само малце темни сликиве, да не бил погрешно подесен апаратот?
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#138 Posted: 18-Aug-2009 at 13:58 |
ако сум го утнал насловот поправете  1. излезот од М-1  2.  3.  4.  5.  6.  7.  8.  9.  10.  11.  12.  13.  14.  15. нашите прекрасни знаци  16. до тука само стигнав
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#139 Posted: 17-Aug-2009 at 23:28 |
еве го делот Скопје - Куманово кој требаше да го постирам 1.  2.  3.  4.  5.  6.  7.  8.  9.
Edited by Cloverstack - 18-Aug-2009 at 01:01
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#140 Posted: 09-Aug-2009 at 18:38 |
Новите биометриски се според некоја стандардизирана латиница која први ја воведуваат ICAO и ги содржи речиси сите специфични букви и фонеми од свет. Така да спореден новите пасоши Ќ e KJ, a Ш е SH и слично. Истава азбука треба да се употребува и за автопатите и да не се глупираме со јазични деривати, умлаут, апостров и слични импровизации!
|
 |