build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Концесија на автопатишта

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 14>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 13-Nov-2009 at 12:11
За жал апсолутни си во право и не тврдиш грешно.
Во тоа Македонија Пат лично сум се увидел дека работат партиски војничиња кои прават онака како што им е кажано - ништо повеќе од тоа.

Да не зборам дека од 08:00 до 10:30 се пие кафе, после се лакираат нокти и т н...

А шефовите се во Густо Bash

Инаку ја поздравувам идејата за изградба на патишта во Источна Македонија, како и изградбата на Гостивар - Ќафасан
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 12-Nov-2009 at 22:47
Јас се разбира не сум стручњак за концесии, но и од око математикава изгледа прилично чудна. Капак на се е потврдата дека скопската обиколница влегува во шема за на нејзе концесионерот да може да наплатува патарина. Тоа е малоумно и во контекст на транзитниот сообраќај кој така се дестимулира да го заобиколува градот, но и во контекст на употребливоста на обиколницата за користење од страна на локалниот сообраќај.

Уште почудно изгледа работава кога ќе се спореди со првичните бомбастични пакети за концесија. Верувам дека не сум единствен кој има чуство дека работава ја водат ко муви без глави.


Edited by Cloverstack - 12-Nov-2009 at 22:49
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 12-Nov-2009 at 21:05


Во контекст на дискусијата од претходно, повторно ќе тргнам од себе... Јас секогаш плаќам патарина иако и редовно (особено до пред некоја година) знаеле да ме прашаат службениците кои наплаќаат "дали сум сакал за цела или пола сум (демек со или без фискална)". Секогаш сум инсистирал на фискална и на цела сума и не еднаш сум ги фатил за гуша како се дрзнале така да ми се обратат. Ако го пресликаш овој пример на мнозинството (повторно во контекст на таа дискусија од претходно), ако не друго, парите ќе се слеваат во Македонија пат (или каде точно одат) а дрските инкасатори нема да заработуваат како извршни директори на фирми. Можеби криминалот нема да се спречи а парите ќе се вадат на други начини но ќе биде чекор напред. Во таков случај можеби и нема да биде потребно од давање на државата под концесија, бидејќи јас сум убеден дека меѓу главните мотиви за ваков чекор со концесиите (освен неизбежната провизија) е неспособноста да се пресметаат со "патаринската мафија" која очигледно си има свое лоби.

Покрај сите бисери што ги има во статијата погоре, мора да се истакне идејата за ставање патарини на скопската обиколница со што комплетно би се изгубила нејзината примарна функција а тоа е растеретување на Скопје од транзитниот сообраќај. Јас барем немам видено обиколница во друг град да се наплаќа и ова ми е рамно на тоа да постават патарини и на Партизанска.


Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 12-Nov-2009 at 20:45

Обиколницата и автопатот Гостивар - Скопје под концесија


Коментари (0)   
12.11.2009 17:00
 

 

Скопската обиколница чија изградба чинеше стотина милиони евра и постоечкиот автопат Гостивар - Тетово - Скопје одат под концесија на 35 години.

Власта во обид да најде концесионер за изградба на нови 280 километри автопат под концесија ги нуди и веќе изградените патишта.

„Има еден куп сценарија, но сите економски анализи покажаа, неколку пати ова го дискутиравме како финансиски тим, повеќе ресорни министерства, дека овие два пакети се најисплатливи економски, зошто ние мора да размислуваме и што би било интерес и за идните концесионери, и покрај тоа што и сега самата концесија да не успее, како и секоја друга“, изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт.

Освен што ќе ги препушти изградените автопати, Владата ги нуди следниве поволности:

Државни субвенции од околу 200 милиони евра, патарина оди кај концесионерите, кои само од автопатот Гостивар - Тетово - Скопје за 35 години ќе инкасираат 196 милиони евра, ќе имаат право да постават патарина и на обиколницата.

Од друга страна, инвеститорите за период од 8 години ќе треба да изградат патишта во вредност од една милијарда евра.

Експертската јавност ја отвора дилемата дали со овој концепт Владата на идните концесионери однапред им финансира значаен дел од инвестицијата.

„Тие треба исто така и да ги одржуваат патиштата што ќе ги земат под концесија, вклучително и оние што се изградени“, рече Јанакиески.

Според првичните проценки, инвеститорите за период од 35 години ќе остварат приход од чисти 2,3 милијарди евра, или по 66 милиони евра годишно од новите автопати, но и од веќе постоечките што ги изгради државата.

Од сето ова, во државата каса за 35 години ќе се слеат 260 милиони евра.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116198

pbanks, ете заради сево ова го имам ставот кон целокупната ситуација во Македонија и искрено се гадам и ми се повраќа. Јас сега ќе се воздржам од коментари, сакам да чујам што мислите вие, како би можел да се спречи криминалот на векот??? Телеком, ОКТА, ЕСМ, Автопати...што е следното, НИЕ?
Thumbs%20Down Crazy


Edited by Cloverstack - 12-Nov-2009 at 20:55
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 10-Nov-2009 at 16:15
Експертската анализа на проектот покажала дека, заради краткиот рок за градба Владата во првите години ќе треба да им исплаќа субвенции на идните концесионери.

Мене 8 години не ми изгледаат така кратко, да ви кажам чесно. Според мене Владата ако веќе решила да ги дава во само 2 пакета патиштата, треба да даде приоритети. Од Западната група, да речеме Гостивар-Охрид да биде готов за 4 години и од Источната, Куманово-ГП Деве Баир и Миладиновци-Штип. И би вклучил пенали за ден закаснување! А ова со доплаќањето од страна на владата ми е сосема контраверзно и не вреди за коментар. Сигурно ќе се обрзат за просечен дневен сообраќај на делница и ќе доплаќаат за вредности под оваа бројка.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 10-Nov-2009 at 15:05


Се потврди она што го предвидуваа најголем број форумаши. Новиве редуцирани пакети на делници се веќе во реални рамки.

За мене лично останува крајно чудно отпаѓањето на Отовица-Штип наспроти продолженото форсирање на Миладиновци-Штип, за кое се уште немаме никакво издржано објаснување.

Исто така неразјаснето останува вметнувањето на скопската обиколница во концесииве. Доколку тоа значи дека концесионерот ќе биде должен да ја одржува, без да се менува воспоставениот режим без патарина, тогаш во ред. Но доколку намислиле на обиколницата да се наплаќа патарина, тоа и од авион се гледа дека е тотален промашај. Останува да чекаме прецизно да бидеме информирани за овие работи.

А еве од денешен Дневник текст посветен на математиката со вложувањата и профитите:


Патиштата ќе си ги преплатиме

Владата ќе им плати речиси 200 милиони евра за субвенции на идните концесионери на патишта од Коридорот 8, кои во два пакета ќе ги понуди под концесија на 35 години

Владата ќе плати речиси 200 милиони евра наредните неколку години како субвенции за идните концесионери, кои ќе управуваат со македонските патишта долж Коридорот 8 наредните 35 години. Концесионерите, според пресметките што ги објави една национална телевизија, покрај државните субвенции, за грижата за нашите патишта ќе наплатат најмалку двојно повеќе од вложените пари.

Владата одлучи патиштата долж Коридорот 8 да ги даде под концесија на 35 години со обврска идните концесионери да ги доизградат патиштата во наредните 8 години.

Првиот пакет или Источна концесија во должина од 177,5 км ги опфаќа патните правци Крива Паланка - Романовце, Кочани - Штип, Миладиновци - Штип, постојната обиколница Скопје, постојната делница Миладиновци - Скопје.

Вториот пакет или Западна концесија е во должина од 196 км и ги опфаќа патните правци Стенковец - Блаце, Гостивар - Ќафасан, Требеништа - Охрид и Подмоле - Струга.

Тендерот на кој ќе се бара концесионер ќе биде распишан овој месец. Рокот во кој концесионерите ќе треба да ги изградат патиштата изнесува 8 години, а концесијата ќе трае 35 години. Експертската анализа на проектот покажала дека, заради краткиот рок за градба Владата во првите години ќе треба да им исплаќа субвенции на идните концесионери. Вкупната патна површина изнесува околу 370 километри, од кои околу 90 километри се веќе изградени. Концесионерите треба да изградат околу 280 километри пат и да ги одржуваат реконструираат патиштата за кои ќе можат да наплатуваат патарина. За првиот пакет вкупните трошоци на инвеститорот се очекува да изнесуваат 434 милиони евра. Според објавените неофицијални податоци, концесионерот би имал нето приходи од 844 милиони евра. Приходите на Владата за целиот период би изнесувале 76 милиони евра, а во текот на првите години таа ќе исплати субвенции во висина од 121 милион евра.

Вториот пакет има вредност од 558 милиони евра, а нето приходот на концесионерот ќе изнесува 1,5 милијарди евра. Од овој колач, Владата ќе добие само 183 милиони евра, а како помош на концесионерот во првите години ќе му исплати 72 милиони евра.

Во Министерството за транспорт, кое го водеше проектот за концесија на патиштата, ниту ги потврдуваат ниту ги демантираат економските анализи, кои ги објави националната телевизија. Од таму за одговори на прашањата упатуваат кај Агенцијата за патишта. Од Агенцијата топката ја префрлаат назад во Министерството транспорт како единствени носители на проектот за концесија на патиштата. Министерството не сакаше да одговори дали концесионерот ќе може да гради нови наплатни пунктови за патна такса долж Коридорот 8 и според кои критериуми.

Со концесијата за патиштата, државата ги изнајмува и патарините долж Коридорот 8, кои годишно носат приходи од околу 10 милиони евра. За 35 години, државата се откажува од најмалку 350 милиони евра. Приближно иста е сумата (10 милиони евра), која годишно ја носат и петте патарини долж Коридорот 10, кои ќе се даваат под концесија без обврска идниот концесионер да ги одржува патиштата. Вкупните приходи од постојните патарини во наредните 35 години би требало да изнесуваат речиси 700 милиони евра.

Според пресметките, концесионерите за двата пакета патишта што ќе се нудат под концесија за 35 години треба да вложат околу 1 милијарда евра и да остварат нето-приходи од 2,3 милијарди евра.

Според владината одлука, објавена во „Службен весник“ државата може да му плаќа надомест на концесионерот и заради постигнување социјално прифатлива цена на услугите при вршење на концесијата. Односно за да ја задржи постојната цена на патната такса низ земјава.

Според одлуката објавена во Службен весник, концесионерот ќе остварува и други приходи: „од наплата на патарина, од надомест за прекумерно користење на пат, од вонреден превоз и за штетата сторена на патот и објекти на патот“.

Економската оправданост од проектот владата го гледа во попрофесионална услуга, изедначувањето на економскиот развој и во бенефициите кои ќе ги добијат граѓаните.

„Економските и социјални придобивки ќе се состојат и од директни придобивки за граѓаните, кои ќе произлезат од намалување на времето на патување, зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на трошоците за одржување на возилата“, е посочено во образложението на Владата.

Александра Филиповска



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0201EDCF88D7B143BBAAD579C8B975C6
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 09-Nov-2009 at 09:33

Владата ги дефинираше двата пакети патишта што ќе одат под концесија

09.11.2009 | автор: Сител

Сител од владини извори дознава дека, првиот пакет или т.н. Источна концесија во должина од 177,5 км ги опфаќа патните правци Крива Паланка - Романовце, Кочани - Штип, Миладиновци - Штип, постоечката обиколница Скопје, постоечката делница Миладиновци - Скопје.


Вториот пакет или Западна концесија е во должина од 196 км и ги опфаќа патните правци Стенковец - Блаце, Гостивар - Ќафасан, Требеништа - Охрид и Подмоље - Струга.

Тендерот на кој ќе се бара концесионер ќе биде распишан во текот на овој месец. Извори од Владата велат дека, рокот во кој концесионерите ќе треба да ги изгрдатат патиштата изнесува 8 години, а концесијата ќе трае 35 години. Заради краткиот рок за градба, анализата покажала дека Владата во првите години ќе треба да им исплаќа субвенции на идните концесионери.

Финансиските детали до кои дојде Сител се следните. За првиот пакет вкупните трошоци на инвеститорот се очекува да изнесуваат 434 милиони евра.  Концесионерот би имал поврат на инвестицијата од 16% и нето приходи од 844 милиони евра. Приходите на Владата за целиот период би изнесувале 76 милиони евра, а во текот на првите години ќе исплати субвенции во висина од 121 милион евра.

Вториот пакет има вредност од 558 милиони евра, и овде повратот од инвестицијата изнесува 16%, а нето приходот 1.559 милиони евра. Приходите на Владата ќе изнесуваат 183 милиони евра, а за субвенции во првите години ќе исплати 72 милиони евра.

http://www.mkfondovi.com/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 05-Nov-2009 at 18:32
Се уште е нејасно во колкава мерка, но реалноста конечно ги плесна надлежните во лице.
Факт е дека многу време и енергија отидоа во ветар, но подобро и тоа отколку целосно фијаско на проектот. Се надевам утре ќе чуеме нешто логично и реално.

Владата го напушти стариот модел за концесија на патиштата - сега ќе ги нуди во пакети

Утре ќе се знае колку пакети Владата ќе понуди за изградба на седумте нови патни коридори што треба да се градат во земјата. Веќе е извесно дека е напуштена првичната идеја еден концесионер да ги гради сите 550- те километри нови патишта. Не се открива точниот модел, но Канал 5 дознава дека се поизвесно е патиштата ќе се нудат во два или три пакети. Но не сите одеднаш, прво ќе се нудат приоритетните патни правци. Но кој ќе бидат тие треба да одлучи анализата на консултантот ЛуисБерже кој ја изготвува втората студија, а до крајот на неделата треба да ја достави до Агенцијата за патишта. Ако студијата помине на Влада идната недела, Министерството за Транспорт ќе почне со распишување на тендерите.
Зошто се прави дополнителна студија?
Со првата идеја како што беше предвидено, требаше да се дадат на концесија 7 делници за што концесионерот мораше да плати 1 милијарда и 900 милиони евра. Според информации на Канал 5 за оваа висока сума ниту една компанија не пројавила интерес.
Преработката на анализата за патиштата треба да понуди модел на концесија на само два пакети патишта со вредност до 600 милиони евра наместо првичните речиси 2 милијарди евра. Инаку за ваков модел на концесија со два пакета веќе пројавиле интерес околу дваесетина странски но и домашни компании.
Овие информации ги потврдија и од Агенцијата за патишта.
Концесионерот кој ќе ги земе патиштата ќе има обврска да ги менаџира во наредните 35 години а на секои 10 да ги ревитализира.
05.11.2009, 17:54


http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=55027
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 19-Oct-2009 at 02:13
Луис Берже ги крои пакетите за патиштата


Распишувањето на тендерот доцни веќе 1,5 месец, а од Владата тоа го оправдуваат со финансиската криза поради што најверојатно ќе има отстапки од првичната варијанта сите седум автопати да ги гради еден концесионер


Француската консултантска куќа Луис Берже ги прави последните финансиско-технички анализи за владиниот проектот за давање под концесија на седум патни правци. Консултантот работи на подготовка на пакетите кои патишта и во колкава должина ќе треба идниот концесионер да ги изгради до ниво на автопат, а потоа да стопанисува со нив во наредните 20 години. Распишувањето на тендерот доцни веќе 1,5 месец, а од Владата тоа го оправдуваат со финансиската криза поради што најверојатно ќе има отстапки од првичната варијанта сите седум автопати да ги гради еден концесионер.

Во Проектот, кој треба да ја подобри патната инфраструктура во државава, се уште во играта како најважни патни правци се посочуваа: Скопје-Штип преку Свети Николе, автопат кој треба да го заживее источниот дел од Македонија, а кој очигледно ќе остане во втор план. Во игра се и правците Велес-Прилеп-Битола-Меџитлија и Битола-Охрид како краци од транснационалниот Коридор 10. Во фокусот се и делницата Скопје-граничен премин Блаце, како и Гостивар - Ќафасан. За изградба на овие патни правци Владата веќе определи максимален рок од три години.

Иако експертите тврдат дека со оглед на обемноста на проектот, кој е во игра веќе три години, а кој привлече интерес кај дури 48 компании, од објавувањето на тендерот до реализацијата треба да минат две години. Сепак, од Владата се упорни дека најголемиот зафат во патната инфраструктура што се потпира на концесионирањето е топ-бизнис и предизвик за потенцијалните концесионери, поради што мора да почне да се реализира што поскоро и во зададените рокови.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека целосната изградба на паневропските коридори кои поминуваат низ Република Македонија претставува еден од врвните приоритети на Владата. Од вкупните 172 км должина на Коридорот 10 во Република Македонија, повеќе од 70 отсто се веќе изградени на ниво на модерен автопат. Останатиот дел, односно делницата Табановце - Куманово, е во фаза на изградба и се очекува градежните работи да завршат во првата половина на идната година. За изградбата на оваа делница е потпишан договор со Светска банка во износ од 7,5 милиони евра, а од државниот буџет се издвоени 4,37 милиони евра. Вториот проект кој се однесува на целосното комплетирање на патниот дел од паневропскиот Коридор 10 во Република Македонија претставува изградба на автопатска делница Демир Капија - Смоквица, со вкупна должина од 28 километри. За оваа делница се изготвува и изведува проект кој треба да биде завршен на почетокот на следната година. Притоа, финансиската конструкција на проектот е затворена со обезбедени средства од Европската инвестициска банка во износ од 131 милиони евра и средства од ИПА компонентата за регионален развој во износ од 45 милиони евра. По завршување на изведбениот дел, ќе биде распишан јавен повик за избор на изведувач кој треба да почне со работа во првата четвртина на 2011 година. Во однос на патниот Коридор 8, деловите што не се целосно изградени на ниво на автопат е предвидено да бидат предмет на концесија.

http://vecer.com.mk/?ItemID=D20B85007E584E4C9CCE334315C5DFC8
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 29-Sep-2009 at 09:44
А ако некогаш навистина се наметне интерес за ширење на мрежата кон Штип? Зошто да не... Но тоа време дефинитивно не е сега од XYZ причини.


Па тоа и ми беше муабетот, ако имаме потреба наметната или па ако имаме дури и доволно издражни аргументи дека ќе имаме потреба што ќе се наметне апсолутно ќе го поддржам проектот, но ние немаме дури ни некои основен аргумент. А некако и ми изгледа дека рипаме неколку етапи. Немаме регионален пат па да речеме ете се преоптоварил па сега да име на погорно ниво автопат. Вака исто како од седумкатници што идеме на стокатници, така и ова од локален пат на автопат.

Нормално ако се најде некој инвеститор што ќе се нафати да го прави автопатов сигурно дека нема да му речам "не"!

Но сепак автопатов е трн у здрава нога, непотребно бреме, паразит на сметка на другите автопати па затоа и се даде во комплет со другите автопати, зашто сам нема никој да го гради макар сме го дале и на цел век концесија. Исто како што и штипскиот аеродром што требаше да се шлепа на грбот на ск и ох. Да не беше штипскиот аердорм и штипскиов автопат може би досега ќе имавме багери на терен! Нормално, штипјани no offens!


Edited by lslcrew - 29-Sep-2009 at 09:49
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 29-Sep-2009 at 09:39


ЛСЛ, автопат секако ни во Макеоднија не е светско чудо. Имаме респектабилна мрежа за земја со перформанси како Македонија (во која состојба е дел од мрежата е друга работа). Работата е дали еден проект е физибилен или не.

Како што спомнав во претходниот пост нема никакви аргументи кои наведуваат дека таа траса има реална перспектива. Како прво автопат чини пари да се одржува и затоа мора да биде и солидно искористен за да преку патарини (или соодветно преку вињета чија цена секако зависи од должината на мрежата) се собираат ресурси за негово одржување. Недомаќински е да се градат автопатишта само за да имаме погуста мрежа која наводно ќе генерира развој. Или во најмала рака приоритетна треба да е мрежата која ги покрива главните правци а за вакви егзотични делници може да размислуваме дури после покривање на истата. Вака работава е исто како изградам куќа од 500 квадрати во Маврово (каде трошам 2 недели годишно вкупно и која ќе ме чини еден тон пари за одржување иако заработувам една македонска просечна плата на пример) додека во Скопје каде го трошам остатокот од годината живеам во некаков ќумез со полско WC во дворот.

А ако некогаш навистина се наметне интерес за ширење на мрежата кон Штип? Зошто да не... Но тоа време дефинитивно не е сега од XYZ причини.

Скопје-Блаце
Куманово-Граница
Демир Капија-Смоквица

Ова се единствените коридори во кои јас лично би инвестирал во моментов. Другите ресурси би ги насочил кон дотерување на постоечките траси а све останато во железничката пруга кон Бугарија.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 29-Sep-2009 at 01:51
Па да тоа и е муабетот дека е несериозно заклучено дека треба да се прави некаков мегаполис Ск-Шт, и со аеродромите и автопатов. Проблемот е аргументацијата зашто тоа треба да е така. Инку во светски рамки автопат не е никаков чудо, тоа што ние немаме пари ни за регионален пат е друг проблем.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 28-Sep-2009 at 23:25
@ lslcrew

Каде направив еднаквост помеѓу долгорочно и мегаломанско?

А проектов не е долгорочен туку едноставно несериозен.
Глеедам како ги развивме постоечките и природни економски оски, па сега ќе сме измислувале нови. И после проектов не бил мегаломански... Roll%20eyes

Всушност зошто воопшто да се задлабочуваме до толку во таа конструкција? Владата без аргументација и објаснување турка чуден и нелогичен проект, а ти паѓаш во стапица да бараш некакво објаснување за тоа крајно нерационално однесување и еве завршуваме со оваа теза за мегалополис помеѓу Скопје и Штип... Ајде те молам, ова сериозно ли?

Владата и министерството не само што треба да одговорат зошто паралелно ни се потребни двата автопати (Отовица-Штип и Миладиновци-Штип), туку треба да одговорат и зошто вториот воопшто влетал во комбинација и да ги побијат овие информации:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=18023#18023
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 28-Sep-2009 at 23:15
Паушално е туркање на автопат кон регион во кој гравитира малку население и кој не е дел од главни коридори ниту било какви сериозни текови на луѓе и стоки. Тоа не значи дека до таму не треба да има пат, туку дека патот треба да биде правилно димензиониран а автопат е предимензионирано решение.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 28-Sep-2009 at 21:56
Нешто што е долгорочно немора и да е Мегаломанско! МЕгаломанско е ако праат поо седум ленти од правец. Проблемот е што ние воопшто не сме анализирале дали како општество сакаме да правиме вакви нови оски на развојот. Ако сметаме дека Македониај на пола век треба да изгледа така, тогаш е све легитмно, но проблемот е во паушалноста на решенијата.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 28-Sep-2009 at 17:11


Доколку има поуздани проекции за зголемување на сообраќајот, некаква стратешка потреба, или доколку тој автопат биде навистина силен импулс за развој, тогаш таа бројка не е проблем.

Но тоа е вкупна бројка, која според планов на министерството за транспорт ќе ја поделиме на два автопати  Nuts



@ lslcrew

Министерството за транспорт турка нелогични концепти, а ние се обидуваме да најдеме било какво објаснување...
Ама не знам како би го окфалификувал тоа што го спомна освен како нереално, утопистичко, мегаломанско...
Плус тоа, гледам ние ги развивме пределите во близина на постоечките автопати и економски оски, па сега ни требале нови, специјално за да го насочиме и сместиме цел тој развој...  Roll%20eyes
Да бидеме реални. Ако евентуално има таков развој на настаните, тоа е во некоја далечна иднина и за автопат Миладиновци-Штип ќе имаме сосема доволно време да го изградиме. А во догледна иднина е чист вишок!

Туку конечниот одговор сепак ќе го дадат потенцијалните концесионери. Се плашам дека воопшто нема да го споделат нашиот ентузијазам и дека ваквата несериозност на министерството ќе ги поткопа изгледите за вистински потребните делници.
Единствена светла точка во текстов е што изгледа конечно добивме дефинитивен демант на шпекулацијата што проструи неодамна, дека можеби сите пакети ќе се нудат заедно на еден концесионер. Вака со посебно нудење барем ќе се намали и ограничи штетата од крајно несериозното планирање.


Edited by Cloverstack - 28-Sep-2009 at 17:13
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 28-Sep-2009 at 16:52
Не треба да се отиде подалеку од оваа информација која е содржана во текстот за да се увиди дека тука автопат не треба да има сега за сега

...на кој дневно има фреквенција од околу 4.000 во­зи­ла...

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 28-Sep-2009 at 16:49
Една од опциите што ми се вратат низ глава е дека има некоја тенденција долгорочно да се создаде некој вид metropolitan area Скопје до Штип. Само што 60 километри тешко дека може така да се оформат. Да биде ова некоја оска на индустрија и стопанство.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 28-Sep-2009 at 16:46
Ко слеп за стап се држат за овој автопат Миладинвци-Штип, а уште немаме слушнато ниту еден аргумент зошто паралелно ни се потребини ем овој ем автопат Отовица-Штип, кој исто така е во пакетот за концесии.
Додека овие муви без глави во министерството за транспорт не бидат спуштени на земја од потенцијалните концесиониери, нема да им дојде умот... а од досега виденото, можеби ни тогаш  Roll%20eyes

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ НАЈАВИ ТЕНДЕР ЗА ИДНИОТ МЕСЕЦ

Автопатот до Штип прв ќе оди на концесија

Делницата е во должина од 50 километри, а концесионерот ќе има обврска автопатот да го пушти во употреба во рок од 7 години од денот на потпишувањето на концесионерскиот до­го­вор

Вла­да­та не се откажува од изградбата на автопатот Миладиновци - Штип, пре­ку Свети Николе, со кој патувањето од час и петнаесетина минути се скра­ту­ва на само четириесетина минути. Изградбата, според Ми­нис­терс­тво­то за транспорт и врски, треба да почне во првата половина на 2010 го­ди­на, а тендерот за избор на концесионер кој ќе го гради автопатот ќе се распише уште идниот месец, најдоцна до 15 октомври. Концесионерот ќе има обврска автопатот да го пушти во употреба во рок од 7 години од денот на потпишувањето на концесионерскиот до­го­вор, да се грижи за неговото одржување и да наплаќа патна такса во вре­мен­ски период кој ќе го одреди Владата.
Ав­то­па­тот, кој треба на половина да го скрати патувањето од почетната до крај­на­та дестинација, Владата го избра како приоритетен за изградба, по­ра­ди новиот аеродромот и индустриската зона кои треба да никнат на прос­то­рот меѓу Свети Николе и Штип. Аеродромот, кој ќе го гради турската ком­па­ни­ја ТАВ, првин ќе функционира како карго, а потоа ќе прерасне во гла­вен цивилен аеродром. Автопатот ќе биде дел од коридорот 10. Спо­ред идејниот проект, треба да биде долг само 50 километри, а приклучокот на патниот правец М1 да му биде кај Миладиновци.
Се­га оддалеченоста на двата града е околу стотина километри, од кои око­лу шеесетина се возат по автопат, а останатите по пат кој е во ка­тас­тро­фал­на состојба и на кој дневно има фреквенција од околу 4.000 во­зи­ла. Патот е единствен во Македонија со најмногу црни точки на кои го­диш­но има и по десетина жртви во сообраќајни незгоди.
При­о­ри­те­тот за изградба на автопатот Миладиновци - Штип пред околу ед­на година во Штип го најави и министерот за транспорт и врски Миле Ја­на­ки­е­ски. Тогаш Јанакиески изјави дека за оваа делница, иако е предмет на концесија, ако не се најде концесионер, Владата ќе најде други из­во­ри на пари за да го реализира проектот.
"На почетокот на 2010 година ќе имаме можност да започнеме со из­град­ба­та на автопатот. Ќе се направат напори проектите да бидат готови оваа го­ди­на и до крајот на годината да се заврши со експропријација на земјата на која ќе поминува трасата за автопатот", рече тогаш Јанакиески. (И.С.)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 31-Aug-2009 at 11:46

Концесиите за патиштата во септември!?

Од Министерството за транспорт и врски ни беше даден познатиот одговор дека „во наредниот период се очекува на седница на Влада да биде усвоена тендерската документација, како и нацрт-договорот за концесија, за да биде распишан јавен повик за издавање патишта под концесија“

%20
Големиот инвестициски пакет за изградба на неколку патни правци со давање под концесија, сé уште чека одобрување од Владата. Иако беше најавувано дека целата постапка ќе биде заокружена до крајот на летото, неизвесно е кога ќе бидат распишани меѓународните тендери за изборот на идните концесионери. Одобрувањето на концесиите за изградба на 555 километри патишта требаше да го означи почетокот на инвестицискиот циклус од неколку милијарди евра што беше најавуван од премиерот Никола Груевски.

На нашето прашање кога ќе бидат одобрени концесиите, од Министерството за транспорт и врски ни беше даден познатиот одговор што медиумите го имаат објавено. Во него е набележано дека „во наредниот период се очекува на седница на Влада да биде усвоена тендерската документација, како и нацрт-договорот за концесија, за да биде распишан јавен повик за издавање патишта под концесија“!? Разликата од поранешната информација од Министерството е дека место во август, огласот ќе биде објавен во септември.

- Во моментот се разгледуваат сите детали околу јавниот повик чие објавување претстои во текот на септември. Со овој проект ќе се унапреди и развие патната инфраструктура и ќе се постигне модерен транспортен сектор, кој опфаќа изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарина и користење на дел од државните патишта - велат од Министерството за транспорт.

Моделот на концесионирање предвидува времетраење на концесијата за период од 35 години, од склучувањето на договорот за концесија. Предвидено е предмет на концесија да бидат патните правци: Романовце - Узем, Стенковец - Блаце, Гостивар -Требеништа, Ќафасан - Битола, Велес - Меџитлија, Велес - Обел и Миладиновци - Штип. Идните концесионери ќе добијат конкретни рокови за исполнување на условите за концесионирање, како што е изградба на патните правци на ниво на автопат, нивно одржување и наплата на патарина од концесионерот и предавање на сообраќајниците на Владата по завршување на периодот на концесија. Периодот на изградба е земен да биде 6 години, а вкупната должина на автопатите е 555 километри - велат од Министерството за транспорт.

Давањето и изградбата на инфраструктурни објекти под концесија беше главниот адут на Владата на премиерот Никола Груевски, во остварувањето на засилен економски развој на земјата. Под овој принцип беше дадена и реконструкцијата на македонските аеродроми и изградба на нов карго аеродром, на турската компанија ТАВ, која двапати бараше и доби согласност од македонската влада за пролонгирање на почетокот на „градежните“ работи.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=83191030268&id=10&prilog=0&setIzdanie=21776
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.183 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.