build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Археологија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 29-May-2009 at 03:14
за прикзните со заборавено или загинато злато во МКД има колку сакаш човек да се изнаслуша претежно бадијала! но ова со багер и ќуп комбинацијава е една од поинтересните комбинации! мене како највпечатлива ми има останато кратовската ризница во глава.
при изградба на водовод, багер заачил голем питос златници, јасно веднаш кај локалниот стопан, кој во тоа време во осумдесетите не бил нешто особено моќен, за веќе по оваа дешавка пополека но сигурно ѕинго да крене и економски и политички, некој вели наишле на повеќе полни питоси, некој вели дека станувало збор за ризница. битно е јавноста ваквите работи не треба да ги знае, но ете луѓе сме па и ги дознаваме т.е. пренесуваме па веднаш се втурнуваат авантуристи во разно разни потраги нанесувајќи си сетне пред се себе штета но и на секој можен локалитет на кој ќе наидат!

е сега ајде малку метафизика   нека ме исправи некој, но јас имам чуено за проклето злато, а всушност проклетството е физика, науката вели самото злтато има радиоактивни изотопи, па претпоставувам се насобира радијација додека самото злато стои во земјата, за кога ќе се откопа да ја испушти, затоа и луѓе умираат кога по ископувањето ќе дојдат во контакт со него, ова би требало да е врзано и за други појави како концентрација на големо количевство на јони во самата дупка, но во принцип дивите копачи имаат пракса да го откопаат и 24 часа да го остават, така речи да се излуфтира за дури утредента да го соберат...

другата претпоставка е од духовен карактер! се што е закопано не го откопувај, бидејќи со него ги вадиш сите негови енергии позитивни или негативни, ова претежно се однесува на предмети и градби, а бидејќи златото обично во минатото било врзано или за војска или за разбојници аналогно истото сосебе влече и негативен духовен набој...

и во двата случаи копачите го извлекуваат подебелиот крај, и физички и духовно, единствено во меѓувреме се прокнижува некој денар доколку сакаат легално да тера ваквото откритие, 20% задржуваат тие а 80% оди за државата. според оваа математика наводно имало и од турција луѓе кои доаѓале со карти и досега еднаш или двапати делеле поголемо количевство алтани со државата, откривајќи каде аскерот при повлекувањето по балканските војни, што заради напад што заради немоќ да го пренесат, криеле по планините големи количевства злато...

колку лажен сјај има овој метал тоа е едно чудо, го врзува срцето на човека за земјата за навек, та нели е речено еден од најголемите гревови е злато-среброљубието, чим човек почне да робува на материјалното тешко дека ќе разбере за духовното, зошто среброљубието е корен на секакви зла од гнев до завидливост. во пракса под среброљубие потпаѓа секоја желба за поседување материјално богатсво како имот, пари и моќ, па лековерниот човек бидејќи незаситлив станува роб на овие желби или страсти, дури и кога имама повеќе од доволно за комфорен живот! пример е рокфелер првиот милијардер во светот кој кога го прашале што ви треба сега после милијардата одговорил само уште еден долар! саде најдобро филмски отсликана особина во ликот на смигол...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 28-May-2009 at 22:12
Тауресиум ќе се презентира пред јавност


На археолошкиот локалитет кај скопското село Таор, родното место на големиот император Јустинијан Први, Тауресиум, кој владеел со источно римско царство од 527 до 565 година, за посетителите ќе бидат поставени табли со објаснување на неговата историја, како и на поединостите за пронајдите предмети. Според археологот Кире Ристов, кој е и раководител на истражувањата, од април кога започнаа активностите на теренот до сега, пронајдени се повеќе објекти од јавен карактер, 6 индивидуални станбени објекти, како и многу фрагменти од керамички садови и метални наоди.
-Истражувањата ќе продолжат до крајот на идниот месец, со оглед дека до тогаш имаме обезбедени средства од ресорното министерство. Целта ни е во овој период да го доведеме во состојба на јавна презентација, иако локалитетот е веќе влезен во туристичките карти на Македонија. Во тек е и решавање на имотно-правните односи бидејќи локалитетот доби јавен карактер, објаснува Ристов.

Таблите кои треба да бидат поставени од Град Скопје, ќе ги откријат пред посетителите тајните на Јустинијана Прима, град-седиште на архиепископијата на императорот .
Инаку сите откриени предмети и градби зборуваат дека во периодот на доцната антика од 5 до 10 век, населението на овие простори имало активен општествен живот. На локалитетот, пронајдени се и населби од бронзено време, од 2200 до 1800 година пр.н.е.
Инаку досега е откриен дел од бедемот кој ја обиколувал населбата, а за позначаен наод се смета и откривањето на монограмот, печат на Јустинијан Први, врз венецот од ќуп "питос".

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=8D91886C002744429A48A568A4A5942F
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 28-May-2009 at 22:01
За вакви слични случаеви имам слушано доста. Еден од оние поголеми случаеви е наводното ископување огромна количина злато при изградбата на булеварот на потегот од мостоt Гоце Делчев до судска палата, под стоковна куќа во непосредна близина на Кале и Чаршија каде наводно златото завршило во Белград. Има уште доста слични приказни. А најновата е од Струмица, од Беласица. Сега за сега со статус на шпекулација додека не се потврди....




Edited by lslcrew - 28-May-2009 at 22:02
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 18-May-2009 at 01:46
Архитектурата од 4 до 6 век на виделина

На наоѓалиштето излегуваат на виделина живеалишта од доцна антика, поплочани улици, плоштади и куќи за живеење со целиот распоред, кујни, складишта и внатрешни дворови...


На археолошката локација Стоби кај Градско, деновиве се откриваат фрагменти од архитектурата од 4 до 6 век. Според археологот Силвана Блажевска, на наоѓалиштето излегуваат на виделина живеалишта од доцна антика, поплочани улици, плоштади и куќи за живеење со целиот распоред, кујни, складишта и внатрешни дворови.
- Оваа архитектура ја наоѓаме на локацијата над театарот, а потекнува од периодот кога овој објект излегува од употреба. Се отвора и просторот над полукружниот плоштад наспроти Епископската базилика, па се до северниот бедем каде се открива исто така доцноантичка архитектура. Колегите го доистражуваат и римскиот форум. Таму се откриени исто така фрагменти од скулптури, но вградени во бедем. Имаме откриено и глава од скулптура, но дури за две недели ќе се знае од кој период потекнува и што претставува, вели Блажевска.

Во северозападниот дел на Стоби, пак се отркриени пет метри квадратни кули. Инаку, откритија според Блажевска има и на западната некропола. Пронајдени се и голем број керамички садови, монети од 4 до 6 век и раноримски. Се отвара и делот од патот кој од Стоби води кон Хераклеа, а се истражува и покрај градбата со засводени подземни простории, која е откриена минатата година.

Инаку Стоби во 7 и 6 век п.не.е бил мала пајонска населба. Почнал да се развива во време на Филип Петти, но највисок подем доживеал во Римско време.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=487ADCC782B82144AE4E949EF275CE66
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 17-May-2009 at 19:05

Караванот на „Виа Игнација“ пристигна во Битола
Недела, 17 Мај 2009 18:02

MAJA_via_ignatia_sl_001

Фондацијата „Виа Игнација" од Холандија, основана во 2007 за ревитализација на античкиот пат Виа Игнација го започна својот караван од Драч, Албанија пред две недели, а крајната цел им е Истанбул каде завршувал патот преку Македонија и Грција. Во Македонија ги посетија Струга, Охрид, а вчера пристигнаа во Битола. За овие две недели испешачија 250 километри.

MAJA_via_ignatia_marieta

-Идејата беше моја, а целта да го ревитализираме патот Виа Игнација којшто ги поврзува луѓето од различни култури кои живеат во овој регион, рече Мариета Ван Антекун од фондацијата „Виа Игнација".

Како дел од фондацијата се група луѓе ентузијасти, антрополози, историчари на уметноста, археолози кои се заинтересирани за Балканот.

MAJA_via_ignatia_kristiona

-Посебно ако сте заинтересирани за историјата и случувањата на Балканот, ние веруваме дека на овој простор има повеќе што обединува отколку што разединува. Сакавме да направиме нешто хумано, поврзано со уметноста, а не со политиката.
-Учествувам затоа што мислам дека е добра идеја фактот што луѓе надвор од Балканот сакаат да ја вратат идејата за поврзување на луѓето, вели Кристина Контакси од Грција.

MAJA_via_ignatia_sl_002

Носат позитивни импресии од досегашното патување и гостопримливоста на луѓето.

-Најдовме многу заеднички песни кои и ние веќе ги знаевме и можевме заедно со локалното население да ги пееме, во Албанија, Македонија, а се надевам и во Грција. Сретнавме многу луѓе, има голема интеркултурна разлика, се сретнавме со стари луѓе кои ни кажуваат историски настани, ние им даваме часови по англиски, изјави Мариета.

Но негативна импресија имаат од загадувањето на животната средина.

-Земјата е прекрасна, но ако сакате да развивате туризам мора да водите грижа за заштита на животната средина.

Утре заминуваат за Грција.

-Во понеделник тргнуваме од Хераклеја, ќе се движиме до грчката граница, каде ќе има песни, културни активности, рече Мариета.

За утрешната м,анифестација на Меџитлија најавуваат присуство на видни гости.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=7864&Itemid=106

Веројатно ова е археологија, на некој начин
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 16-May-2009 at 00:12

Истражувања на Стибера

Прилепските археолози годинава ќего истражуваат центарот на античкиот град Стибера. Со стручната екипа од Заводот за заштита на спомениците и музеј од Прилеп ќе раководат археолозите Лилјана и Костадин Кепески. Тие ќе работат речиси три месеци.

- Ќе ископуваме во централниот дел, западно од Хероонот и ќе го доотвориме објектот со култна намена што го откривме лани - вели Кепеска.Археолозите лани открија значајни скулптури на Стибера, меѓу кои три мермерни глави, скулптура на божицата Ника, портретот на младо момче Ефеб и помала скулптура од млада жена, без глава и нозе.

На локалитетот досега се откриени 28 споменици со натписи и 27 статуи. Истражувањата почнале во 1924 година, а со нив раководел српскиот археолог Никола Вулиќ. Античкиот град Стибера бил формиран во 4 век пред новата ера и доживеал процут во 2 век.

Истражувањата на античкиот град се дел од капиталните проекти на Владата. За годинашните истражувања се издвоени околу три милиони денари.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E56377B4BD8819469DE84BBC4302A65F
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 11-May-2009 at 09:23
Археологијата - најработодавна гранка
Култура
Две илјади и осумстотини работници во моментов се ангажирани на археолошките локалитети низ Македонија, правејќи од археологијата актуелно најработодавна гранка во земјата.

- Нема археолог, студент по археологија или волонтер што покажал желба да биде вклучен во истражувањата а да не е на локалитетите низ Македонија - вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на спомениците на културата.

На официјалниот список на МАНД (Македонско археолошко научно друштво) има околу 110 члена.
- Колегите од другите градови ме информираат дека сите се ангажирани - невработените дипломирани археолози и студентите по археологија. За нас, вработените не правиме муабет, вели Марина Ончевска - Тодоровска, археолог во Музејот на градот Скопје, раководител на истражувањата на Скупи и претседателка на МАНД.

Статистиката покажува дека бројот на стручните лица вклучени во тековниве истражувања е поголем - ангажирани се 480 стручњаци, главно археолози но и луѓе од области сродни на археологијата како конзерватори, историчари на уметноста, нумизматичари и сл.

По долги години игнорирање и несоодветен третман, археологијата во последниве неколку години доживува вистинска ренесанса. Проектите за целосно доистражување и опремување за туристичка експлоатација на Стоби, Хераклеја, Исар Марвинци, скопско Кале и на уште десетина локалитети низ земјава ангажираат приближно 3.000 работници на терените.

- Помножете го тоа со 4, колку што е просечно македонско семејство и ќе видите колку семејства во моментов живеат од археологија - вели Силвана Блажевска, главен раководител на истражувањето на Стоби.

Погледнат од автопатот Велес - Прилеп, локалитетот Стоби изгледа како мравјалник.
- Така е затоа што голем дел од работите се сконцентрирани на бедемот, кој е видлив од автопатот. Но, во ова најголемо досега истражување на Стоби се работи на девет истражувачки полиња, секое со површина од 50 на 50 метри. Ги вршиме најголемите истражувачки работи на овој локалитет по шестмесечните истражувања направени пред изградбата на автопатот што минува крај него - вели Блажевска.

На Стоби во моментов се ангажирани 560 луѓе, од кои 40-ина се професионални археолози.
- Ова е златно време за археологијата кај нас. Сите ја оценуваме крајно позитивно одлуката на Владата да се вложи во оваа дејност, која досега беше запоставувана. Сега се дадени многу пари, но многу и се доби - вели Ончевска - Тодоровска.

На Исар Марвинци во овој истражувачки циклус, кој започна во март и ќе трае до јули, работат 40 археолози и 500 работници.
- Од она што досега го откривме можеме само да видиме што сè сме изгубиле во годините кога не сме работеле на Марвинци, вели Златко Видевски, раководител на истражувањето на локалитетот, најчесто напаѓан од диви копачи.

Интензитетот на работите во археологијата и годинава продолжува со позитивниот тренд, кој го отвори оваа владина гарнитура.
- Ако 2007-та ја паметиме како почеток на ренесансата во археологијата и заштитата на културното наследство во модерното време, во 2008-та ренесансата доживеа процут. Тој процес продолжува и годинава - вели Кузман.

Неподелената поддршка за археологијата на крајот на годинава ја објави и премиерот Груевски, кој при отворањето на изложбата „Македонската археологија 2008“ рече:
- Владата ќе продолжи силно да ја поддржува културата, вклучувајќи ги и проектите за археолошките ископувања во државата. За 2009 година предвидено е да се работи на 15-тина локалитети, од кои целосно треба да бидат завршени локалитетите Марвинци, Хераклеја и Скопското кале, а во период од три години и Стоби - најавува Груевски.

Процесот на археолошките истражувања е долг и макотрпен и не завршува со вадењето на движните и недвижните наоди на површината. Следува кабинетска работа на евидентирање, конзервација, реставрација и, конечно, на претставување.
- Ни недостигаат конзерваторски центри кајшто младите археолози и конзерватори ќе ја продолжат работата на наодите по завршувањето на теренските истражувања - вели Ончевска - Тодоровска, сугерирајќи ги суптилно следните зафати за кои би требало да се размислува во иднина.

За многумина ова е непродуктивна инвестиција. Но, долгорочно гледано, уредувањето и истражувањето на археолошките локалитети е двострано корисна инвестиција - како стопанска дејност што од локалитетите во перспектива ќе направи одржливи единици што сами ќе си обезбедат пари за одржување и како влог во иднината - зашто, филозофски речено, секоја иднина си ги осветлува перспективите со светлините од минатото.
- Долг е патот до самоодржливост на локалитетите и за тоа е неопходно извршувањето на уште низа други активности, кои посредно или непосредно кореспондираат со археологијата, од инфраструктура до туризам. Во моментов, дури и Стоби како најдолго истражуван и најобработуван локалитет, кој згора на сè се наоѓа и на претпоставено фреквентна делница кон Грција, сè уште не може да работи на принцип на самоодржливост. Но, тоа се долгорочни процеси и добро е што се започнати - вели Ончевска - Тодоровска.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=389&ArticleID=24204
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 10-May-2009 at 23:28
Осумдесетина сребрени венецијански монети пронајдени кај Струмица


Монетите кои датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век, говорат дека населението имало живи трговски врски со Венецијанската република


Осумдесетина сребрени венецијански монети, или таканаречени "матапани", кои датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век, се пронајдени од археолозите, кај Струмица.
Првичните сознанија говорат дека во оваа тврдина постоел интензивен живот низ вековите, и дека овдешното население имало живи трговски врски со Венецијанската република, особено по падот на Константинопол во 1204 г., и со формирањето на латински царства во византиската империја.

Пролетва струмичките археолози открија и групни наоѓалишта од околу 4.300 византиски монети од времето на династијата комнени и десетина монети со ликот на Филип Втори Македонски од четвртиот век пред нашата ера.
Освен монети на овој археолошки локалитет досега се пронајдени и низа други вредни артефакти, како и праисториска населба која сведочи за постоењето на живот на овие простори во период од околу седум милениуми.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=651BA8D7BF36034FB424847893B089C6
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 09-May-2009 at 19:16
Под штипскиот Исар откриен тунел долг 200 метри и темели на црквата свети Власиј од 14- от век
Ако гуските го спасиле Рим, шатките го предале Штип. Вака гласи почетокот на преданието за освојување на тврдината стара 14 векови која се наоѓа на врвот од ридот Исар кај Штип. Легендата вели, опсадата на тврдината ќе завршела неуспешно доколку шатки не им го откриле на освојувачите влезот од тајниот тунел долг 200 метри и висина во внатрешноста од два метри, а бил врска помеѓу тврдината и коритото на реката Брегалница.

- Откриениот влез во тунел иницира дека внатрешноста не е природно дело но човечко, вели за Канал 5 археологот од Народниот музеј во Штип Звонко Белдедовски. Тунелот се спомнува и во записите на патеписецот Евлија Челебија од 17-тиот век, дополнува Белдедовски.

Во близина на тунелот при орање случајно се откриени и темели на црква.

- Досега ги пронајдовме ѕидините од црквата кои се дел од некогашен манастирски комплекс на црква посветена на светецот Власиј од 14 век вели раководителот на ископувањата археологот од штипскиот Народен Музеј, Зоран Николов.

Во меѓувреме на врвот од Исарот интензивно се расчистува теренот околу остатоците од древната тврдина.

- Сега ги расчистуваме двете цистерни кои служеле како резервоари за вода за време на опсади, но работата оди тешко бидејќи наидуваме на сплет од громобрански оловни ленти од придружните ТВ репетитори кои се наоѓаат во кругот на тврдината на врвот од возвишението Исар, објаснува археологот Мите Стерјов.

Археолозите внимателно ги откриваат деталите од тајниот тунел. Пукнатините во истрошените карпи над влезот од тунелот ја намалува сигурноста во истражувачките работи. Геолози од Рударско Геолошкиот Факултет за Канал 5 најавија за в понеделник нивно детално испитување.

Тврдината на Исарот ќе блесне во својот сјај за една година за колку во Народниот Музеј се надеваат да завршат конзерваторските работи. Сепак, за да се доживее убава глетка на панорамата на Штип, посетителот ќе мора прво да ги совлада 300-те скалила кои водат до тврдината, а патот до нив како и обично го покажуваат шатките од Брегалница.

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=51866&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 05-May-2009 at 19:16
Дечки, во последниве 2 часа веќе три коментари отстранив од нишкава кои немаа врска со археологија. Ве молам воздржете се од непотребни дофрлања.


Edited by Cloverstack - 05-May-2009 at 19:16
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 05-May-2009 at 18:04
ете колку сме стари, а се фатиле сите за Ацета LOL
инаку мене многу повеќе ме фасцинираат пронајдоци од праисторијата, одколку од стариот век, многу ми е мило што имаме локации како Кокино или други ископини како Гранчарица
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 05-May-2009 at 17:37
Славе Македонски е најстариот скелет во Југоисточна Европа

вторник, 05 мај 2009
 
Скелетот Славе Македонски, кој беше пронајден на локалитетот „Гранчарица“ во близина на штипското село Крупиште има 6.745 години и живеел во раниот неолит
 
 
 
 
Директорот на Музеј на град Штип Зоран Читкушев изјави дека радиокарбонатниот сертификат, направен на унизверитетот во Глазгов-Шкотска покажа дека скелетот Славе Македонски е најстариот во Југоисточна Европа.

- Направените анализи од примероците испратени на универзитетот во Шкотска можат да отстапуваат во годините на скелетот со плус или минус 30 години, рече Читкушев. Тој додава дека локалитетот„Гранчарица“ според овие анализи за скелетот Славе Македонски е од раниот неолит и е најстариот во Југоисточна Европа.

Во штипскиот музеј скелетот Славе Македонски ќе биде изложен заедно со трите печки на 18- ти мај на Денот на музеите, а локалитетот „Гранчарица“ ќе се претвори во туристичка атракција.


http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=24977
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 27-Apr-2009 at 18:34

Пронајдени 15 килограми византиски монети

Монетите се наоѓале во ќупови, а датираат од втората половина на 12 век

Околу 15 килограми византиски монети од периодот на втората половина на 12 век се пронајдени при археолошките истражувања на Цареви кули во Струмица.
Станува збор за 4.300 монети кои според археолозите, служеле како платежно средство во градот Цареви кули во времето на првиот самостоен господар на Струмица Добромир Хрст. Монетите се пронајдени во два купа на платото на тврдината.
"Ова претставува една од најголемата оставина на монети што се пронајдени на македонска почва. Истите го потврдуваат владеењето на самостојниот господар Добромир Хрст со Цареви кули во нестабилно време, бидејќи тогаш номадите го заземаат Солун односно се формира второто бугарско царство", вели Зоран Рујак раководител на археолошките истражувања на Цареви кули.
Пред една недела на овој локалитет беа пронајдени монети од времето на Филип Втори. Археолошкиот локалитет Цареви кули интензивно се истражува веќе две години.
Таму со пронајдената праисториска населба од лани и сите докази укажуваат дека на овој локалитет имало цивилизација цели 7.000 години поради што за археолозите, Цареви кули и понатаму претставува голема мистерија.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=1E4FDAF535310346AC183B8C13177B47
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 21-Apr-2009 at 00:48
Монети со ликот на Филип Втори Македонски пронајдени на Цареви Кули


Покрај монетите, ископани се и амфори, садови, кантароси, накит, фрагменти од сликани вазни, керамика, фигури од малоазиски тип...


Македонските археолози открија наоди од македонско-хеленистичкиот период, на локалитетот Цареви Кули над Струмица. Се работи за монети со ликот на Филип Втори Македонски, потоа амфори, садови, кантароси, накит, фрагменти од сликани вазни, керамика, фигури од малоазиски тип... Сите овие артефакти укажуваат на фактот дека струмичката тврдина била населена кон крајот на четврти век пред нашата ера.

"Секоја година Цареви Кули не изненадуваат со нови и нови податоци, а лани добивме одредени сознанија кои говорат дека можно е да имаме материјални остатоци и од петти, односно од четврти век, од времето на Филип Втори. Истражувањата покажаа дека во четврти век на Цареви Кули имало одредена активност, најверојатно имало и населба, а некои податоци, пред се садовата керамика, укажуваат на петти век пред нашата ера. Повеќето од јамите се всушност од четврти век пред нашата ера, датирани со монети на Филип втори", рече археологот Зоран Рујак, кој раководи со истражувањата на локалитетот.

Локалитетот Цареви Кули во различни периоди од историјата се користел за различни намени, а досегашните откритија само го покажуваат континуитетот во културата на Струмица. Зоран Рујак вели дека Струмица како град, заедно со својата околина, има континуитет во културата веќе 7000 години.

Оваа година истражувањата на Цареви Кули се финансирани од страна на Владата на Македонија, и претставуваа дел од нејзините капитални проекти. За оваа намена годинава се одобрени околу 3 милиони денари. Доколку се продолжи со вакви успешни наоди, најавена е поддршка од Министерството за култура со најмалку уште толку средства за завршување на започнатите работи, кои ќе траат до крајот на годината.



http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D9DC694FB0DB404DBD4224A916192536
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 11-Mar-2009 at 18:12
Нов мозаик откриен на Хераклеја
Археолози открија мало парче од нов мозаик, кој допрва ќе се истражува, во рамките на големиот истражувачки поход што го најави Министерството за култура на Хераклеја. Се' уште не се знае во каква состојба е. 
  - Се' додека не го откриеме комплетно, не можам ништо попрецизно да кажам. Во еден период времињата биле немирни кога доаѓале разни варварски племиња и уништувале. Ние наидовме на мозаик, но се' уште не знаеме во каква состојба е - изјави археологот Аница Ѓоргиевска. Годинава археолозите ќе му дадат приоритет на централното градско јадро на Хераклеја, но ќе истражуваат и надвор од сегашните граници на локалитетот. Ќе бидат ангажирани околу 500 работници и стручни кадри - археолози, конзерватори, историчари на уметноста. 
 
 - Македонскиот период досега е истражен колку што можеше. Лани имавме материјал од тој период, но, за жал, од 1959 до 1974 година тука истражуваше Југословенскиот институт од Белград и добар дел од документацијата е таму. Сепак, има доволно податоци за да можеме да тврдиме дека ова е град на Филип Втори Македонски, дека тука има и постари слоеви дури од праисторијата - додаде Ѓоргиевска. Во тек се и преговорите со Народниот музеј во Белград за отстапување дел од документацијата за истражувањата на Хераклеја.  
 
 - За два месеца ќе отпатуваме и тогаш ќе можам да кажам што е она што ни го отстапуваат како документација. Сигурно нема да бидат оригинали, зашто ниедна држава не може да си дозволи да ги изнесе во јавноста кога еднаш дошле кај нив. Но, добро е да добиеме податоци, фотографии, пишани документи - вели Зоран Николовски, директор на Завод и музеј од Битола. Според директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, за почеток ќе се интервенира на четирите локалитети со повеќе од 180 сонди.


http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=821:2009-03-10-23-26-12&catid=14:vesti&Itemid=26
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 09-Mar-2009 at 17:35
Нови 3 милиони денари за истражување на Цареви кули



Автор:  Снежана Џорлева
Култура
Владата ќе додели дополнителни 3 милиони денари за истражување на локалитетот Цареви кули во Струмица. Истражувањата ќе почнат за десетина дена, соопшти Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, при обиколката на локалитетот викендов.

- Истражувањата што се вршеа лани, продолжуваат и годинава до крајот на јуни. Потоа се надеваме дека ќе добиеме дополнителна поддршка од Владата, за истражувањата да се интензивираат. Тие се неопходни за подготовка на Кулите за реставрација, конзервација и, на крајот, за ревитализација, која ќе му даде живот на овој локалитетот - изјави Паско Кузман.

На истражувањата дополнително ќе се ангажираат околу 110 стручни лица.

- Досега на овој и на другите четири локалитети во земјата, кои се истражуваат, се ангажирани од 800 до 1.000 стручни лица - објави Кузман.

Оваа година на сите локалитети претежно ќе се вршат конзерваторско-реставраторски работи, за да може понатаму сите тие да бидат ставени во функција на туризмот и науката.

Во програмата за истражување на Царевите кули, покрај Владата, пари обезбеди и локалната самоуправа, преку меѓународната соработка со Петрич во Бугарија.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=336&ArticleID=19821
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 09-Mar-2009 at 03:43
малку ме чуди оваа офанзива, баш кога сме кај мозаиците колку што ми е познато веќе откриените старите се во многу лоша состојба бидејќи немало средства квалитетно да се конзервираат па истите претежно се покриени со песок, иако тоа и треба да е нормално за во зима, кај нас ова е случај през цела година. да нема забуна информацијава ми е стара, незнам дали во меѓувреме се квалитетно конзервирни веќе откриените мозаици во хераклеа линкестис!? 

Edited by beTon - 09-Mar-2009 at 03:43
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 09-Mar-2009 at 03:10

Почна капиталното истражување на Хераклеја

Во големиот зафат се планира да се интервенира на 17 истражувачки полиња во кои ќе има над 180 сонди

 

Битола - Започна целосното истражување на античкиот град крај Битола - Хераклеја Линкестис. Проектот е поддржан од Владата на Република Македонија без ограничување на средствата. Во исто време започнуваат капиталните истражувања и на некрополите во Исар Марвинци и Скопската тврдина кои што заедно со Хераклеја треба да бидат завршени до крајот на оваа година. За Стоби активностите ќе траат во наредните три години.

Паско Кузман смета дека целосното истражување на античките локалитети треба да се подразбере како стандард со намера да се воздигне македонското културно наследство. „Ако немате целосно истражени локалитети имате само мртви капитали. Сакаме тие мртви капитали да бидат живи и да бидат корисни за луѓето и сега. Ако Хераклеја заживее и се ревитализира тој илјадагодишен град ќе стане град за сегашноста и иднината“, потенцираше Кузман објаснувајќи го потегот на Владата зошто од парите на граѓаните се зафатиле за еден ваков голем проект.

Во големиот зафат во Хераклеја се планира да се интервенира на 17 истражувачки полиња во кои што ќе има над 180 сонди, ќе бидат ангажирани 400 стручни лица, археолози, конзерватори, архитекти, историчари, етнолози, а ќе бидат вклучени и 500 физички работници.

,,Хераклеја е град кој што е подигнат на принципот на општини. За почеток ќе гледаме да го истражиме централното градско јадро, но не значи дека нема да се движиме пошироко. Голема среќа е за нас што минатата година имавме едно откритие кое што ни го покажа патот и на идните истражувања, а тоа е бедемот, лоциран на јужната страна на Хераклеја. Тоа ќе биде единствената насока по која ќе се движиме на потегот исток запад“.- рече Аница Ѓеоргиевска, археолог во Завод и музеј Битола.

Во ова истражување ќе бидат опфатени и просторите кои сега се надвор од физичката ограда на локалитетот. Со комплетното истражување на Хералеја ќе се гради и стратегија за валоризација на културното богатство.

,,Со откривањето на овој град ќе следат и конзерваторски интервенции на објектите, со што веќе имаме производ кој што ќе им го понудиме на туристичките работници. Нашата статистика покажува дека во период кога комплетно се отворени мозаиците во Хераклеја посетата е многу поголема отколку обратно. Значи секој што ќе дојде сака да види нешто конкретно да го допре и да ја слушне приказната“, вели Ѓоргиевска. (А.Б.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=A2D77A1E2E47484098253C26EBA55B2D

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 09-Mar-2009 at 03:10

Нов мозаик откриен на Хераклеја

Археолозите ќе му дадат приоритет на централното градско јадро на Хераклеја, но ќе истражуваат и надвор од локалитетот

Археолози открија мало парче од нов мозаик, кој допрва ќе се истражува, во рамките на големиот истражувачки поход што го најави Министерството за култура на Хераклеја. Се' уште не се знае во каква состојба е.

- Се' додека не го откриеме комплетно, не можам ништо попрецизно да кажам. Во еден период времињата биле немирни кога доаѓале разни варварски племиња и уништувале. Ние наидовме на мозаик, но се' уште не знаеме во каква состојба е - изјави археологот Аница Ѓоргиевска. Годинава археолозите ќе му дадат приоритет на централното градско јадро на Хераклеја, но ќе истражуваат и надвор од сегашните граници на локалитетот. Ќе бидат ангажирани околу 500 работници и стручни кадри - археолози, конзерватори, историчари на уметноста.

- Македонскиот период досега е истражен колку што можеше. Лани имавме материјал од тој период, но, за жал, од 1959 до 1974 година тука истражуваше Југословенскиот институт од Белград и добар дел од документацијата е таму. Сепак, има доволно податоци за да можеме да тврдиме дека ова е град на Филип Втори Македонски, дека тука има и постари слоеви дури од праисторијата - додаде Ѓоргиевска. Во тек се и преговорите со Народниот музеј во Белград за отстапување дел од документацијата за истражувањата на Хераклеја.

- За два месеца ќе отпатуваме и тогаш ќе можам да кажам што е она што ни го отстапуваат како документација. Сигурно нема да бидат оригинали, зашто ниедна држава не може да си дозволи да ги изнесе во јавноста кога еднаш дошле кај нив. Но, добро е да добиеме податоци, фотографии, пишани документи - вели Зоран Николовски, директор на Завод и музеј од Битола. Според директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, за почеток ќе се интервенира на четирите локалитети со повеќе од 180 сонди.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3831C100B53E4B4EA7C4224B562686CD
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 26-Feb-2009 at 17:33
Ниту една земја досега не направила ваков подвиг, со олку пари да го финансира истражувањето на своето културно наследство, вели Паско Кузман
Stern%20Smile

Да не претервам со моите остри коментари да не одам во Јужна Америка, Средна Америка и Африките, па ајде ни Азија Турција, да кажам за Грција, да не мисли дека Вергина, Пела и уште 40 други објекти бесплатно биле ископани?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.