![]() |
![]() |
![]() |
Бензински пумпи |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910 27> |
Author | |
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Окта во Карпош, Скопје
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
апдејт за Пуцко
18.01.2013, 18:04 „Пуцко петрол“ купи 11 отсто од капиталот на ОКТА ![]() Сопственик на оваа фирма е Исмаил Јаоски, градоначалник на Пласница, кој платил 625.000 евра за акциите на ПИОМ од ОКТА Маjа Томиќ „Пуцко петрол“ од општина Пласница е купувачот на 11 отсто од капиталот на ОКТА. Сопственикот на оваа фирма е градоначалникот на Пласница, Исмаил Јаоски, во чија сопственост се неколку бензински пумпи во земјава. Оваа фирма во две трансакции минатата недела, како што веќе беше објавено, купи над 90 илјади акции од ОКТА, за што плати вкупно 625.000 евра. На Македонската берза пред десетина дена Фондот за пензиско осигурување, ПИОМ, понуди на продажба приоритетни и обични акции во повеќе компании, а најголем интерес имаше за оние на ОКТА, кои речиси веднаш се продадоа. При тоа, не се откриваа деталите за тоа кој е купувачот. Тоа не го посочуваше ниту брокерската куќа која ги реализираше трансакциите. Од акциите што ги продаде, ПИОМ на сметка инкасира 730.000 евра. Инаку, „Пуцко петрол“ во јавноста се спомнуваше почесто пред повеќе од една година, кога го доби тендерот за бензинска во Ново Лисиче, вреден 1,6 милиони евра. Трката се водеше за земјиштето спроти постојната бензиска на „Лукоил“, а во последните 6 минути од наддавањето, во конкуренција на „Глобал интернешанал“, „Макпетрол“, „Интер лук“ и „Лукоил“, за 1.000 денари повеќе „Пуцко петрол“ го доби тендерот, откако претходно даде банкарска гаранција од 80.000 евра. Изградбата на оваа бензиска е во тек и веројатно на неа ќе стои натписот на ОКТА, бидејќи „Пуцко петрол“ е ребрендирана бензиска на ОКТА. Инаку, како што може да се види на веб-страницата на Регулаторна комисија за енергетика, минатиот јуни беше поведена постапка за одземање на лиценците на „Пуцко петрол“ за вршење енергетска дејност трговија со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт. Постапката завршила кон крајот на 2012 година и од овој месец на фирмата и' се одземени сите овие лиценци, освен онаа за трговија со екстра лесно гориво. Но, тоа, како што велат наши извори, не е пречка фирмата да продава деривати на бензинските пумпи кои може да ги набавува од друг трговец. Според Законот за енергетика, како што оценила Регулаторна, „Пуцко петрол“ не поседувал оперативни резерви од нафтени деривати и горива за транспорт за покривање петдневен просечен обем на трговија што е пресметано врз основа на остварениот обем на тргување за дериватите за кои е издадена лиценца. „Не е јасно како може да се спечалат толку пари од работење со бензински пумпи. Тоа не е можно. А, во случајот со купување акции од ОКТА се платени околу 650.000 евра, и за повеќе од двојно за добивање на тендерите за изградба на бензински пумпи на атрактивните локации во Скопје. Едната, како што се знае, е во Ново Лисиче, а од неодамна е добиен тендер и за Кисела Вода“, велат наши извори. Името на Исмаил Јаоски лани се споменуваше и во една собраниска расправа. Поводот беше писмото на Антонио Милошоски, пратеник и поранешен шеф на дипломатијата, упатено до Министерството за транспорт и врски, Јавното правобранителство, Општина Кичево, Антикорупциска комисија и дополнително до генералниот секретаријат на Владата. Со него Милошоски бараше раскинување на договорот за државно градежно земјиште, во сопственост на Јаоски, затоа што не му дозволил на таткото на Милошоски да ја купи општинската зграда за само 30.000 евра. Освен тоа, Милошоски побара и информација за работењето и квалитетот на бензинот на „Пуцко петрол“. Јаоски: Да можам, би ја купил и цела ОКТА „Мојата фирма постои 21 година и има капитал да купи 11 отсто од вредноста на ОКТА. Да имам повеќе, би ја купил и цела ОКТА, зошто да не?“, вели сопственикот на „Пуцко петрол“, Исмаил Јаоски, кој плати над 625.000 евра за околу 90.000 акции на ОКТА пред една недела. Тој гордо вели дека Македонците знаат да водат бизнис, исто, па дури и подобро од Грците, мислејќи при тоа на грчката „Елпет Балканика“, мнозински сопственик на ОКТА. „Како сопственици на дел од ОКТА отсега ќе работиме уште повеќе и ќе го развиваме нашиот бизнис“, најавува Јаоски. http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=8A9EDF2AF311AE4AAB202D54D9B53CFA |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Вчера баш поминав покрај неа, прилично голема е ,но во задниот дел изгледа дека
ќе има паркинг или пак можеби перална или нешто такво. |
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
А еве ја и споменатата на Лукоил... |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Бензинската на Пуцко Петрол во Ново Лисиче, Аеродром... ОКТА ќе да е... Како и да е... огромна е... многу поголема од соседната на Лукоил, спроти неа, од другата страна на булеварот... еве нешто фотки... мислам дека до крајов на месецов... освен ако не им се брза.... може да биде готова...
Edited by FoSsiL - 17-Jan-2013 at 12:05 |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Бензиската на Пуцко Петрол во Ново Лисиче, Аеродром... Во нејзината завршница... Почнати се да се пробиваат пристапните улички... Извинете од 3 слични скоро идентични фотки незнаев која да ја одберам па ги ставив сите... |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Мислам дека јубилејната 20-та бензинска пумпа на Лукоил требаше да помине со поголемо внимание во медиумите и македонската јавност, настан за кој мора да си води грижа самата компанија.
Би требало да направиме еден список на бензински пумпи кои ги градат компаниите во земјава, поточно што треба да се пушта во наредниов период. |
|
![]() |
|
Tiveriopol ![]() Newbiе ![]() Joined: 18-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Лукоил отвори нова бензинска во Струмица 11 Oct 2012 Лукоил ја отвори втората бензинска станица во Струмица, а воедно и јубилејната , 20 та во Република Македонија. Осветувањето на објектот го изврши митрополитот Европски Пимен, а на свеченоста присуствуваа амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Николајевич Шчербак, градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, пратениците Славе Гошев и Васил Пишев како и генералниот директор на ,, Лукоил,, во Македонија Андреј Михајлович Куку. ![]() ,,Чест ни е што на овој празник 11-ти Октомври, кој го сплотува рускиот и македонскиот народ во борбата против фашизмот денеска во Струмица ја отвораме втората бензинска станица. Во реализацијата на овој проект беа вклучени министерствата за транспорт, за животна средина и за внатрешни работи, а тука беше и големата помош од градоначалникот и локалната администрација, рече генералниот директор Андреј Михајлович Куку. ![]() Меѓу другото Куку изрази надеж дека оваа бензинска станица во Струмица ќе биде препознатлива по квалитетните горива и врвната услуга и ќе придонесе во понатамошниот развој на Струмица и регионот. Новата бензинска станица е лоцирана на магистралниот пат М-6 на излезот од Струмица кон Радовиш. Извор Југоинфо Edited by Tiveriopol - 20-Oct-2012 at 18:18 |
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Бензиската на Пуцко Петрол во Ново Лисиче... |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Ме збуна дали и франшизите ги бројат во нивни бензински пумпи, претпоставувам не со оглед на бројката од 19+2 во план...
И во Гостивар пред некое време е ребрендирана Бунар Петрол во Лукоил, бензинската станица кај Жито Шар на стариот излез за Тетово (имаат уште една на автопат). |
|
![]() |
|
gorco ![]() Senior Member ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
![]() ![]() |
ВО среда се возев накај Тетово и заприметив дека БС Петрол Компани пред Тетово, се ребрендира во ЛУКОИЛ.
![]() |
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Онаа бензискана на Пуцко што требаше да се гради во Аеродром спроти онаа на ЛукОил... е... оградено е... ама... незнам... ќе одам после да залади... да ѕирнам што е како е...
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
ЛУКОИЛ Македонија најдобро претпријатие на Групацијата надвор од Русија
Сподели со твоите пријатели! ЛУКОИЛ Македонија годинава го зголеми бројот на бензински станици на 19, а во периодот август-септември планирано е да се пуштат во употреба уште два нови објекта. Со тоа, бројката на вработени во Македонија ќе достигне 300 лица. Датум: пред 1 час | Прочитано: 230 ![]() ЛУКОИЛ Македонија го доби годинашното признание за „Најдобро претпријатие“ во категоријата „Продажба на нафтени деривати надвор од Русија“ во конкуренција на фирми-ќерки на Групацијата кои работат во 30 земји од светот. - За изминатите седум години, колку што ЛУКОИЛ Македонија постои на пазарот, ова е прва награда од ваков вид, со која се валоризираат достигнувањата во работата, во усовршувањето на услугите за граѓаните, во проширувањето на мрежата и финансиските резултати - велат од ЛУКОИЛ Македонија. ЛУКОИЛ Македонија годинава го зголеми бројот на бензински станици на 19, а во периодот август-септември планирано е да се пуштат во употреба уште два нови објекта. Со тоа, бројката на вработени во Македонија ќе достигне 300 лица. Според резултатите од 2011 година, ЛУКОИЛ Македонија се искачи на 10. место на официјалната листа на 200 најголеми компании во земјава, а во 2010 година беше на 14. место. Групацијата ЛУКОИЛ во развојот на мрежата во Македонија во изминатите седум години вложи над 40 милиони долари. Тагови: Лукоил, http://www.libertas.mk/vest/31726/LUKOIL-Makedonija-najdobro-pretprijatie-na-Grupacijata-nadvor-od-Rusija |
|
![]() |
|
gorco ![]() Senior Member ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
![]() ![]() |
Новата БС на Макпетрол во Неготино (164):
![]() ![]() ![]() На оваа БС има и игралиште за деца. |
|
![]() |
|
gorco ![]() Senior Member ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
![]() ![]() |
Малку апдејт:
две нови БС на Макпетрол Идризово: https://maps.google.com/?ll=41.968955,21.570317&spn=0.001627,0.003484&hnear=Macedonia+(FYROM)&t=h&z=19 Неготино (спроти другата) на автопатот М-1/Е-75 (кај и да е, ќе се пушти во следниве 2 недели): https://maps.google.com/?ll=41.499675,22.0996&spn=0.003278,0.006968&hnear=Macedonia+(FYROM)&t=h&z=18 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Istata benzinska punpa se pojavi denes na ovoj http://okno.mk/node/19684 portal. Verojatno ne citat. |
|
![]() |
|
gorco ![]() Senior Member ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
![]() ![]() |
Да скратам во кратки црти: Макпетрол имаше потреба од нови резервоари под стариот објект, кој беше граден пред повеќе години - како и од комплетно нов објект, по нови стандарди, за други потреби. |
|
![]() |
|
antigona ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 16-Jan-2012 Online Status: Offline Posts: 86 |
![]() ![]() |
Поназад, во оваа нишка има слики од рушењето на старата пумпа http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=17&PID=83544
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Појма немам која и каква била таа бензиска пумпа во Влае што ја срушиле за да изградат помала или безлична бензиска пумпа, како што вели antigona.
Доколку сега веќе срушениот објект бил превисок, со внатрешна челична конструкција многу лесно би можело да се изгради внатрешен балкон, како што е случајот со многу продавници во Скопје, а и во Македонија, таков е случајот со ПанЕвропа (Сони Галерија) спроти Рамстор, таков е случајот со Риверсофт компјутери на Васил Ѓоргов, таков е случајот со илјадници кафе барови и останати деловни трговско-деловни простори, како во Скопје, така и во Македонија, така да, истиот тој балконски простор би можел да се издава под кирија, а од тоа може само да се профитира, а не да се трпат загуби. Доколку сега веќе срушениот објект бил премногу голем од гледна точка на површна зафатнина, односно во метри квадратни, и за тоа можело да се најде решение, со заградување на непотребниот простор и издавање на истиот тој заграден простор под кирија, повторно истиот заклучок - може само да се профитира, а не да се трпат загуби. Не знам дали сега веќе срушениот објект имал свој сервис за автомобили или техничка станица за преглед и за сервисирање на возила, но доколку немал, требало да го има и ќе профитирал од истиот. Заклучок: Од големиот простор никој не губи, може само да има корист. Edited by Dexter26 - 26-May-2012 at 18:29 |
|
![]() |
|
antigona ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 16-Jan-2012 Online Status: Offline Posts: 86 |
![]() ![]() |
Зарем треба секој архитектонски вреден објект и формално да биде регистриран како културно наследство за да биде зачуван од рушење? Не е машање баби и жаби, едноставно и ова е уште еден пример за фрапатното отсуство на чувство за естетика кај Македонците (од сите партиски провиниенции) во последниве години, па и две децении, ако сакате. Ако имало проблем со големината или форматот на продавницата, можело тоа да се реши со адаптација а на со целосно рушење на објектот кој отскокнуваше со авангардниот дизајн кој гледаме дури и сега во Америка го употребуваат како нов, напреден архитектонски израз.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |