build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 27>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 24-Oct-2014 at 16:22
Сигурно нема парно во Драчево и Сарај. Парното завршува некаде кај мене (почеток на Ѓорче, околу пазарчето), изградена некаде пред десет години.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 24-Oct-2014 at 13:33

(Сликано тука)

Менуваат топловоди, или нешто поврзано со гасификација?

Исто така, ме интересира дали некој знае до каде се простираат топловодите во Скопје, и дали се меѓусебно поврзани со оглед на тоа дека има неколку топлани во Скопје? Знае некој на пример дали во Драчево или во Сарај има парно греење?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 11-Oct-2014 at 14:32

Село во Германија произведува 3 пати пвеќе струја отколку што му е потребно.



German Village Produces 321% More Energy Than It Needs!

http://inhabitat.com/german-village-produces-321-more-energy-than-it-needs/wildpoldsried-germany/?extend=1

Edited by nenad - 11-Oct-2014 at 14:33
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 11-Oct-2014 at 12:52
Здраво на сите форумџии Долго време го следам форумот, па после долго време решив да направам акаунт.

Пишувам на оваа тема бидејќи ми текна на едно предавање од професорот Методија Несторовски пред година време, кој ни објаснуваше за сите овие енергетски објекти за кои претходно е зборено. Професорот бил учесник во правењето на финансискиот дел на проектот.

За Чебрен и Галиште најголем проблем биле инвеститорите. Имало интерес од Кинезите, меѓутоа барале гаранција дека македонската влада ќе гарантира за минимално ниво на откупена струја. Имено периодот на враќање на инвестицијата би бил минимум 20 години. Според временските прогнози Македонија ја очекуваат посушни години, па така и Црна Река би имала помал капацитет. Професорот вика дека дури и да има посушни години, инвестицијата најверојатно би се вратила. Доколку не се најде приватен инвеститор веројатно од државни пари ќе се прави.

Во однос на Луково Поле, еден од најконтроверзните проекти, за кој голем број на невладини и еколошки организации се вклучија, направена е ревизија на основниот проект. Под притисок за заштита на националниот парк, односно животните, како што разбрав направен е поголем мост каде што би можел живиот свет да поминува( професорот се изрази за зајците да поминуваат ).

Во однос на Вардарска долина, ако се сеќавате имаше некои најави за да се направи Вардар пловен, па преку Катланово со канал да се поврзе со Србија. Идејата не е исплатлива ни на долг рок, со оглед на тоа што мали бродови ќе можат да поминуваат, а со тоа и помал товар да носат. Од тие причини, Македонија е решена стратешки да ја гради Вардарска долина, која со целата моќност на сите хидроцентрали, би ја намалила зависноста на увоз на струја. Интерес имало повторно од Кинезите.

Овие проекти се од стратешко значење за нашата земја и се надевам дека еднаш политичарите ќе ја гледаат големата слика, без да гледаат да купуваат политички поени со мали краткорочни проекти.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 11-Oct-2014 at 11:53
Сифоните имаат фунција да ја пренесат водата преку некои долови,пошто нели теренетот не е идеална надолнина и некаде мора водата да премине преку дол.Во такви случаеви мора помош од пумпа на најниската точка да водата ги искачи тие неопходните100-200 метри.Во вкупната пресметка на висината на највисоката кота на водата влегува од котата на езерото до котата на турбината.Попатните вакви сифони се загуба во цефководи.

Системот е замислен да се собери секоја капка вода од планините над Мавровското езеро како и од потоците на Шар планина.Тоа се прави со цефководи и најчесто отворени канали кои поради неодржување скоро поголемиот дел на Шар планина не се во фукција.Значи не се собира целата вода која можи да се собери.Некаде тие канали се скршени од тектонски пореметувања,некаде им навлегол корен од рво,некаде ги затрупала земја од нанос....

Ваквите цефководи и канали се над 150 км колку што се сеќавам од факс.

Функцијата на водостанот `Вруток` е да ја собира водата како во базен и со ветикален цефковод од 220 метри низ планината водата да ја донесе до влезот на турбините.Самите турбини и машинската хала се сместени 180 метри во длабината на утробата на планината.Внатре во самата планина е ископана машинската хала колку една спортска сала
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 11-Oct-2014 at 08:12

Може да објасниш попрецизно на кој дел мислиш (според називите на скиците)? Инаку многу е интересен системов, само не ми е јасно која е улогата на сифоните? Исфрлање на талог?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 10-Oct-2014 at 23:03
Од водостанот `вруток` према шарките захфати ништо не функционира со години.целата инфраструктура е руинирана
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 10-Oct-2014 at 20:34
Нешто од Луково Поле



Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 16-Jul-2014 at 18:17
ова е инвестиција која ни се лгеда ни се чувствува.само луѓето ќе имаат посигурно снабдување со ел.енергија а јавноста тоа едвај да го почуствуваат.

затоа и ваквите инвестиции,за жал не се атрактивни за никого,па и за новинарите.да беше споменик,барем ќе имаше некаква критика,вака ништо
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 16-Jul-2014 at 17:15
ДВЕ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ НА МЕПСО ОД 4 МИЛИОНИ ЕВРА



МЕПСО ги пушти во употреба новиот 440/110 киловолтен автотрансформатор во трансформаторската станица Скопје 5 и реконструираниот 110 киловолтен далекувод Скопје - Куманово...

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=7915C7CF48BDAA4680EB2EB774D365CB

Edited by jyvation - 10-Oct-2014 at 21:10
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 03-Jun-2014 at 11:18
„ЕКО ШАРИ“ ОД АВГУСТ ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА И БИОЃУБРИВО





Најмногу за три месеци, околу една година од поставувањето на камен-темелникот, во тетовското село Требош ќе почне да работи првата биогасна централа во Македонија која од отпад и ѓубре ќе произведува електрична енергија. Истовремено и отпадот кој ќе се добива по производството на биогас повторно ќе се преработува во висококвалитетно биоѓубре кое ќе биде првенствено наменето за извоз. А по завршување на оваа фаза како единствен остаток ќе биде чиста дестилирана вода која исто така ќе се продава. Со ова, живинарската фарма „Везе Шари“ која е инвеститор на изградбата на биогасната централа целосно ќе го заокружи производниот процес. Од еднодневни пилиња, сопствена мелница за храна за живината, преку производство на јајца и преработка на живинско месо во сувомесни производи под лиценцата „Лекер“, да се дојде до искористување на изметот од пилињата и отпадоците при колењето во производство на струја и добивање висококвалитено биоѓубриво за одгледување цвеќиња и воопшто за градинарството.

- Речиси 95 отсто од бетонскиот дел од работите веќе се завршени, имаме и 50 отсто од потребната опрема, а преостанатиот дел е нарачан и очекуваме да пристигне наскоро. Во меѓувреме се монтира тоа што е веќе тука, така што имаме зацртано за 10 недели сите работи да бидат завршени и да се почне со преработка на ѓубрето - вели Арбен Абдурахмани, сопственик на живинарската фарма „Везе шари“ и на новата фирма „Еко шари“, која има лиценца за производство на струја од биогас по повластени цени.

Се работи за централа со инсталиран капацитет од 999 киловати, која годишно ќе произведува 7,95 милиони киловат-часови електрична енергија, а за тоа дневно ќе троши 50 тони ѓубре.

Извоз на биоѓубриво

За потребната суровина, компанијата веќе има договори со одредени краварски фарми, винарници, фабрики за преработка на млеко, а тука е и отпадот од самата фарма и тој што останува од колењето на пилињата.

- Да се обезбеди отпад воопшто не е проблем, бидејќи многу компании не знаат што да прават со него. Нам секако ни одговараат тие што ни се поблиску, бидејќи транспортот е на наш товар. Некои од нив одвај чекаат да почнеме со работа. Еве, на пример, во наша близина има капацитет за преработка на млеко и производство на млечни производи. Тие чекаат да почнеме да работиме за да ги спасиме од сурутката што се јавува како нуспроизвод и со која не знаат што да прават. Ја испуштаат во река или по полиња и целата околина смрди, па жителите реагираат - објаснува Абдурахмани.

Во кругот на живинарската фарма „Везе шари“ на изградбата на биогасната централа се работи интензивно. Ако есеноска кога го посетивме објектот, имаше само бетонски ѕидови за делот каде што ќе се складира отпадот, сега се издигаат 6 ферментатори, платформи, испусти и одводи, како и зградата во која во долниот дел ќе биде сместен генераторот и другата опрема потребна за трансформација на биогасот во струја, а во горниот дел опремата за добивање на биоѓубрето.

Kомпостот ќе биде со висок квалитет и германскиот партнер на Абдурахмани кој е сопственик на 51 отсто и од живинарската фарма, од капацитетот за сувомесни производи и сега од биогасната централа, одвај чека да се почне со негово производство бидејќи постојат големи можности за пласман на компост на германскиот пазар. При негово производство за процесот на сушење ќе се користат 1,3 мегавати топлинската енергија која како нус производ ќе се добива од биогасната централа.

Во делот за производство на струја веќе е пристигнат осум тони тешкиот генераторот и друга опрема чија монтажа е во тек, а се очекува наскоро да пристигне и онаа за производство на биоѓубривото.

- Временските услови зимоска ни се погодија така што поради благата клима и сувото време, можевме непречено да работиме на градежниот дел. Мало пролонгирање од планираното имаме кај испораката на опремата и тоа токму кај таа за која мислевме дека брзо ќе ја набавиме. Излезе дека мораме повеќе да чекаме на испораката од планираното, така што наместо во јуни како што првично планиравме, очекуваме со производство да почнеме во август, односно за една година од кога поставивме камен-темелник - вели Абдурахмани.

Значителна инвестиција

Целата инвестиција во која влегуваат биогасната централа и капацитетот за производство на биоѓубре се очекува да изнесува околу 6 милиони евра. Абдурахмани објаснува дека изградбата на една модерна биогасна централа со капацитет од 1 мегават чини околу 3 милиони евра. Меѓутоа ако се гради само еден ферментатор. Во случајов во „Еко шари“ се одлучија да изградат шест објекти, бидејќи така се обезбедува поголема сигурност во работата. Односно, ако има само еден ферментатор и ако настане некаков проблем, би требало да се запре со целото производство. Вака тоа во ниту еден момент нема да се случи. Изградениот капацитет всушност е и поголем од она што е потребно за толкаво производство на струја за колку е добиена дозвола од Регулаторната комисија за енергетика.

- Направивме поголем објект затоа што можеби во иднина ќе го зголемиме производството на електрична енергија што ќе зависи од нејзината цените во иднина. Ако има големи скокови ќе почнеме со производство за свои потреби, или можеби и за продажба на слободниот пазар. За да дојдеме до тоа ќе биде потребно да набавиме уште еден генератор и друга опрема и ќе можеме да го дуплираме производството- истакнува тој.

Абдурахмани, кој на 16 години заминал за Германија, каде што последните седум години од претстојот работел во живинарската фарма на неговиот сегашен партнер, вели дека откако почнале со производство проблемите кои се појавувале ги решавале со нови инвестиции. Па така, кога требало да се врши замена на кокошките несилки како проблем се јавило што да се прави со нив. И тогаш било решено да се инвестира во погон за преработка на пилешко месо и добивање сувомесни производи. На крајот како проблем се појави - што со отпадот, а сега и за тоа е најдено решение. Со ова полошкиот регион ќе добие објект кој е чистач на животната средина и кој многу ќе придонесе да се отстрани загадувачкиот и непотребен отпад со кој не се знае што да се прави.

СЕ ГРАДАТ УШТЕ ЧЕТИРИ НОВИ БИОГАСНИ ЦЕНТРАЛИ

Според податоците од Регулаторна комисија за енергетика целокупниот капацитет за изградба на биогасни централи е искористен. Државата определи дека ќе субвенционира по повластени цени струја добиена од биогасни централи со вкупна моќност од 7 мегавати. Покрај централата во Требош, деновиве беше поставен камен темелник за уште една централа за биогас од 1 мегават во Kичево, а покрај нив решенија за привремен статус на повластен производител имаат и три централи во пелагонискиот регион, од кои две со капацитет од околу 2 мегавати и една од 1 мегават.

Зденка ПавковиЌ
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=7A3928D882E7554592A71B3F2CE613FF
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 17-May-2014 at 14:56
МЕПСО инвестира 2,7 милиони евра во нов енергетски автотрансформатор

А.Д. МЕПСО набави и започнува со инсталација на нов 400/110 kV енергетски автотрансформатор во трансформаторската станица Скопје 5 која се наоѓа во населбата Бутел.



Новиот трансформатор е со автоматска регулација на напонот изработен специјално за потребите на преносната мрежа на АД МЕПСО. Со неговото пуштање под напон за прв пат во нашата преносна мрежа ќе бидат во паралелна работа, во таа трансформаторска станица, два енергетски трансформатори на 400/110 kV ниво кои се со автоматска регулација на напонот.

Најзначајна квалитативна новост е тоа што работата на два енергетски трансформатори во паралелен погон значајно ќе придонесе за подобрување на доверливоста, квалитетот и стабилноста на напонските прилики во скопското конзумно подрачје. Со оваа инвестиција на преносната мрежа во иднина ќе се сведат на минимум сите потенцијални ризици од прекини во снабдувањето во скопскиот регион – најголем потрошувач на електрична енергија во земјава.

Во набавка на нов енергетски трансформатор со номинална моќност од 300 MVA (мегаволтампери) А.Д. МЕПСО инвестира 2,7 милиони евра. Материјалите од кои е изработен овој трансформатор се од најнова генерација, јадрото е направено од висококвалитетен челичен лим со потребен додаток на силициум кој не старее со виоска пермеабилност, ласерски обработен со мали загуби при трансформација. Производител на автотрансформаторот е КПТ дел од групацијата „Сименс“.

Трансформаторот што до сега функционираше во ТС Скопје 5 ќе биде префрлен и инсталиран и ставен под напон во ТС Скопје 4. Таму ќе го замени енергетскиот трансформатор произведен 1976 и е во фукнција 38 години кој сега ќе се чува во резерва.

http://mepso.com.mk/Vesti.aspx?itemVID=271

Повеќе фотографии ќе најдете на линкот http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/4206/1?month=5&year=2014&day=17&desc=0
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 08-May-2014 at 08:11
За сè има вторпат
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 28-Feb-2014 at 11:48

128 милиони евра за увоз на струја лани!

28/02/2014  //  Пред 3 часа  //  ЕКОНОМИЈА  //  Коментирај

struja

Овој фантастичен одлив на девизи за увоз оди во прилог на трговците со струја и земјите од кои Македонија ја купи оваа струја. Што прави државата веќе осум години на темата инвестиции во енергетиката и намалување на увозот на енергија?

Неверојатни 128 милиони евра Македонија искешира за увоз на струја во периодот јануари – декември 2013 година. Анализата на Фактор покажува дека во првите 9 месеци од минатата година  за увоз на струја се одлејаа 93 милиони евра. Само во август и септември пак, струјата која Македонија ја купи од странство, а не можеше да ја произведе дома за да ги задоволи потрошувачите на компаниите и домаќинставата чинеше 20 милиони евра. Податоците од Државниот завод за статистика се уште позагрижувачки ако се анализира периодот јануари – јули 2013 година, кога дури 73 милиони евра Македонија искеширала за увоз само за струја.

Статистичките податоци фрапираат од месец во месец. Она што загрижува е отсуството на вистинска стратегија и енергетска политика на државата. Иако Владата и нарача на МАНУ да изготви Енергетска стратегија за земјава до 2030 година, многу малку од препораките на академиците до сега станаа реалност. Што прави државата на темата инвестиции во енергетиката и намалување на увозот на енергија?

Над 1 милијарда евра за увоз на струја за осум години?!

Македонија никако да го намали увозот на струја и одливот на девизи по оваа основа. Состојбата со дефицитарното домашно производство на струја е далеку поалармантна ако се земат предвид статистичките податоци кои покажуваат дека во изминатите шест години рекорден е увозот на струја во 2008 година, дури 235 милиони евра за набавка на 2,7 гигават/часови струја. Во 2009 година ЕЛЕМ и големите индустриски капацитети, кои сами купуваат струја на слободниот пазар, платија речиси 90 милиони евра и 86 милиони во 2010 година. Во 2011 година пак, увозот на струја во Македонија достигна дури 165,4 милиони евра за околу 2.600 гигават/часови. Државната статистика покажува и дека во 2012 година увозот на струја е 197 милиони евра. Лани пак, набавката на овој енергенс значеше одлив на 128 милиони евра. За увозот на електрична енергија пред 2008 година, Државниот завод за статистика не нуди информации.

Со растечката потрошувачка на струја Македонија од година во година ги полни џебовите на увозниците на струја, без притоа да се пофали дека изградила неколку од круцијалните децениски најавувани енергетски проекти. Поголемиот дел од енергетските експерти во земјава, за Фактор одбиваат да го коментираат галопирачкиот раст на увозот на струја и последиците од одливот на овие пари од државата. Поголемиот дел од нив, кои се и потпишани зад владините енерегетски стратегии, јавно не ги коментираат овие официјални статистички податоци.

Увезената струја најмногу од Бугарија и Швајцарија

Анализата на Фактор покажува дека дефицитарното домашно производство на струја, кое се надоместува со скап увоз во најголем дел влегува од Бугарија и Швајцарија. Статистиката покажува дека за периодот јануари – декември минатата година увезената струја во земјава влегла од Србија, од Бугарија и од Швајцарија.
Статистиката единствено го обелоденува потеклото на оваа увезена струја, но не и количината. Оттука, нема официјален податок колку точно киловат/часови струја се увезени за овие 128 милиони евра лани.
Според дел од трговците со струја кои работат во Македонија, патот на струјата која стигнува до Македонија, а преку Србија или Бугарија можеби е од Германија, Австрија, Чешка или каде било во Европа, во зависност од одлуката на трговците и оптимизацијата на трошоците. Иако Македонија граничи со четири држави, енергетски е поврзана само со Србија, Бугарија и Грција, од кои што Грција е земја која што увезува голем дел од своите енергетски потреби.

Тие додадаат дека бидејќи Македонија е нето увозник, целокупниот увоз се одвива преку Србија и Бугарија, а во исто време се одвива и транзит на електрична енергија низ Македонија кон Грција. Потребите се покриваат од различни берзи во регионот како што се берзите во Романија, Унгарија, Словенија, Австрија, Германија и Чешка…


http://faktor.mk/archives/97872
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 21-Feb-2014 at 19:51
Е тоа да ,странските инвеститори би сакале да вложат најмалку што можат а да профитираат највеќе што можат.
Затоа и моите претходни постови целат кон тоа зашто ние самите не инвестираме наместо да чекаме некој да ни го земе она од што можеме и ние самите да профитираме.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 21-Feb-2014 at 18:46
Математиката била дека на странските инвеститори им било исплатливо да се гради само Чебрен без Галиште,и тоа лично му го барале на премиерот.Галиште коштала релативно слично колку Чебрен(гледано како ред величина од стотици милиони евра,а не како дирекна споредба),а струја би давала многу помалку.

Сепак приватните инвеститори го премеруваат секој цент
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 21-Feb-2014 at 13:31
Чебрен и Галиште заедно со уште една брана (која треба да се гради) и Тиквешката брана се дел од Тиквешкиот систем односно системот на Црна река, можеби како самостојна брана не е исплатлив ,но целокупниот систем е меѓусебно зависен и тоа го прави исплатлив. Доколку се изгради само Чебрен без Галиште и уште едната брана тогаш ни Чебрен нема да биде исплатлив иако има голема моќност за производство.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 21-Feb-2014 at 08:25
овој е релативно евтин проект за разлика од другите места слободни во РМ.Овде веќе е изградена инфраструктурата,треба само една не толку голема насипна брана да се направи и цевковод.

На пример се претпоставува дека според пресметките Чебрен е исплатлив а Галиште дека никогаш нема да ги врати парите
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 21-Feb-2014 at 00:41
Originally posted by daci92

Ѓоко ти благодарам за надополнувањето ,сето ова води кон она вистинско прашање - Зошто АД ЕЛЕМ и Централната власт сеуште молчат и чекаат инвеститори за нешто што е од голема важност и што парите ќе ги врати многу брзо (моја претпоставка е 5-6 години иако знам дека е премногу амбициозна). Владата инвестира во безначајни проекти во СК 2014 ,а АД ЕЛЕМ инвестира во Скијачки центри (што е убава работа но не и најбитна во моментов).Тоа што Албанците и Албанија се бунат ама баш ич не треба да ни биде гајле, они потпишале капитулација (односно се откажале од тие води) уште одамна ,а верувам дека лесно може да се компензираат тие води, а воедно и ќе се направи регулација на некој води кој воедно се и штетни за Албанија (памтиме што направија во Албанија нерегулираните води пред година-две).

Му е страв да не ја прегреат Мак економија да напрајме раст како Кина
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 20-Feb-2014 at 22:12
Ѓоко ти благодарам за надополнувањето ,сето ова води кон она вистинско прашање - Зошто АД ЕЛЕМ и Централната власт сеуште молчат и чекаат инвеститори за нешто што е од голема важност и што парите ќе ги врати многу брзо (моја претпоставка е 5-6 години иако знам дека е премногу амбициозна). Владата инвестира во безначајни проекти во СК 2014 ,а АД ЕЛЕМ инвестира во Скијачки центри (што е убава работа но не и најбитна во моментов).

Тоа што Албанците и Албанија се бунат ама баш ич не треба да ни биде гајле, они потпишале капитулација (односно се откажале од тие води) уште одамна ,а верувам дека лесно може да се компензираат тие води, а воедно и ќе се направи регулација на некој води кој воедно се и штетни за Албанија (памтиме што направија во Албанија нерегулираните води пред година-две).
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.270 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.