![]() |
![]() |
![]() |
Коридор 8 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910 54> |
Author | |
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За жал, нема, овој проект се развлече многу.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
geny ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 16-Mar-2013 Location: Bulgarya Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
Има ли движение колеги по пругата или всичко е до под крушата!
![]() Edited by geny - 28-Dec-2019 at 18:07 |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Бертолини: Ризикувате да ги изгубите парите од ЕУ за пругата кон Бугарија
Изградбата на пругата кон Бугарија не напредува како што треба, а земјава ризикува да ги изгуби дадените средства од ЕУ доколку не постои никаков напредок во реализацијата на железничкото поврзување. Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, во изјава за „24ТВ“ тврди дека Македонија недоволно ги користи ЕУ-фондовите. – Ние дадовме 70 милиони евра за да се комплетира железничката пруга од Скопје до Бугарија и ова уште не е имплементирано. Покрај тоа, дадовме уште 60 милиони евра за истата пруга да продолжи, но оваа програма не напредува како што треба и мора да напредува. Ние ризикуваме многу, да ги изгубиме овие фондови до крајот на проектот, доколку нема никаков напредок – вели Никола Бертолини. Државата, преку Министерството за транспорт и врски и ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ несериозно се однесуваат кон проектот за изградба на пругата кон Бугарија. Првата фаза од железничкото поврзување со Бугарија започна да се гради во 2014 година, со ветување дека пругата меѓу Куманово и Бељаковце ќе биде пуштена во употреба до 2016 година. Три години подоцна, оваа пруга не само што не е ставена во функција, туку во моментов продолжува да се гради со ветување дека ќе се пушти во 2020 година. За втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка земјава подигна кредит од Европската банка за обнова и развој во декември 2014 година. Пет години подоцна, сѐ уште не е започната изведбата на пругата, а проектот е заглавен во делот на избор на градежна компанија што ќе ја гради пругата. Бертолини во изјавата за „24ТВ“ реагира за дадените неповратни средства од ЕУ за изградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка во јули 2017 година. Со овој грант за половина се намали задолжувањето на нашата земја кон ЕБОР за реализација на овој сегмент од пругата. Дополнително, Македонија преку ИПА фондовите на ЕУ доби и неповратни средства од 60,8 милиони евра за изградба на третата фаза од проектот меѓу Крива Паланка и Деве Баир. „Мета.мк“ во неколку наврати пишуваше за сериозното доцнење во изведбата на проектот за железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Наместо да биде пуштена во употреба годинава, најновото ветување за пругата Куманово – Бељаковце е дека по неа ќе можат да се движат возови во 2020 година. За втората етапа од проектот досега беа распишани два тендери, а ветувањето на власта е дека нејзината изградба ќе започне догодина. Пругата кон Бугарија започна да се гради во далечната 1994 година и досега неколку пати беше помпезно најавувана дека ќе биде завршена, но преќутно прекинувана со изведба. https://meta.mk/bertolini-rizikuvate-da-gi-izgubite-parite-od-eu-za-prugata-kon-bugari%d1%98a/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Завршувањето на пругата Куманово – Бељаковце одложено за догодина
Ново одложување на завршувањето на изградбата на првата фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Наместо до крајот на годинава, довршувањето на градежните работи на пругата Куманово – Бељаковце ќе се пролонгира до 2020 година. – Бидејќи во тек на градба се јавија одредени недостатоци во проектот, потребно беше време тие да се надминат за да продолжиме со реализација. Од тие причини се пролонгира и рокот за изградба и дел од средствата наменети за оваа година ќе се користат следната година – велат за „Мета.мк“ од Министертвото за транспорт и врски. Од надлежното министерство потенцираат дека нема никакво кратење на средствата наменети за железничка инфраструктура за годинава, туку финансиите за пругата кон Бугарија од годинава се префрлени за наредната година. Сите неискористени средства за овој проект ќе се искористат во 2020 година. Станува збор за 1,3 милијарди денари кои се префрлени во следната буџетска година. Недостатоците со проектната документација за пругата Куманово – Бељаковце се решаваат во согласност со состојбите на терен каде се изведува трасата. – Уверуваме дека ова е приоритетен проект и како таков ќе биде завршен за да го оспособиме железничкиот Коридор 8 – посочуваат од Министерството за транспорт и врски. Изборот на изведувач за изградбата на втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка ќе заврши во првиот квартал на 2020 година, а веднаш потоа ќе започне и градењето на овој сегмент од пругата. Изградбата на пругата Куманово – Бељаковце започна во март 2014 година, со ветување дека до Бељаковце ќе се патува со воз во 2016 година. Од тогаш до денес, официјалното пуштање во употреба на трасата долга 30,8 километри се одложи неколку пати. Оваа пруга го обиколува Куманово, а со новата железничка станица и стојалиште на две локации во самиот град постои можност да се зголеми атрактивноста на патничкиот железнички сообраќај кај жителите од вториот по големина град во земјава. https://meta.mk/zavrshuvaњeto-na-prugata-kumanovo-beљakovcze-odlozheno-za-dogodina/ |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Почнуваме да го постираме Бојан Блажевски како новинар во Мета.мк, а не Билд.мк ![]() Пругата Македонија – Албанија на слеп колосек поради лошо избраната рута, заканата за Охридското езеро и цената Несоодветната рута избрана за железничкото поврзување меѓу Северна Македонија и Албанија е најновата опасност за задоцнета реализација на овој стратешки проект на Коридорот 8. Веќе две години, УНЕСКО предупредува дека Охридското езеро може да се најде на листата на загрозено светско наследство доколку продолжи да се реализира инфраструктурниот проект по постојната траса. Изведбениот проект за пругата кон Албанија беше завршен во 2017 година, со средства од ЕУ во висина од 7,7 милиони евра. Две години подоцна, државните институции одговорни за проектот молчат околу најновиот проблем со кој се соочува железничкото поврзување со Албанија. Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ повеќе од еден месец не одговара на поставените прашања за овој проект. УНЕСКО даде директен предлог за изградба на алтернативен тунел од Струга до Прењас, со кој идната траса би го избегнала крајбрежјето на Охридското езеро. Државата треба допрва да одлучи дали ќе го прифати ваквиот предлог на УНЕСКО, граѓанските активисти жестоко се противат на градењето нови инфраструктурни проекти долж крајбрежјето на езерото, додека експертите предупредуваат дека препроектирањето на трасата ќе значи и натамошно поскапување на финалната цена за изградба на пругата меѓу Северна Македонија и Албанија. Промашена трасата за идната пруга кон Албанија Од граѓанската иницијатива „Ohrid SOS“ уште на самиот почеток од
преписката меѓу македонската влада и УНЕСКО посочија дека дадените
препораки во Извештајот на реактивната мисија треба да се земат во
предвид многу сериозно. За да не се најде на листата на загрозено
светско наследство, УНЕСКО побара од владата да ја избегне избраната
траса на пругата што треба да минува покрај самиот брег на Охридското
езеро. Останува нејасно зошто централната власт не ги прифатила
препораките на УНЕСКО што биле презентирани уште во првиот документ од
јуни 2017 година. Од „Ohrid SOS“ нагласуваат дека сè до мај 2019 година владата упорно стоела на ставот дека трасата на пругата нема да биде променета. Од граѓанската иницијатива велат дека охридскиот градоначалник Константин Георгиевски е првиот функционер, кој на почетокот од јули годинава јавно изјавил дека владата го напуштила планот за изградба на железничката пруга по досегашната рута. – Единствената причина за трасата да оди покрај езерото е трошокот што е јасен показател за тоа колку владата го вреднува регионот – посочуваат од „Ohrid SOS“. Тие сметаат дека трасата на пругата мора да се смени, така што во иднина таа би минувала надвор од границите на Охридското езеро како светско наследство. – Дополнително оптоварување со инфраструктура од поголеми размери и тоа на самиот брег не смее да се случи и тоа треба да стане правило за управување со регионот и во иднина – заклучуваат од „Ohrid SOS“. Ваквиот став на активистите е во согласност со јасната препорака на УНЕСКО во однос на изградбата на идното железничко поврзување меѓу Македонија и Албанија. Во изготвениот извештај разгледан на 43. Сесија на Комитетот за светско културно наследство во Баку се дава предлог за изградба на алтернативен тунел од Струга до албанскиот град Прењас. Со оваа траса ќе се избегне можноста возовите во иднина да минуваат долж брегот на Охридското езеро. Во точката 7 од конечната одлука на Комитетот на УНЕСКО се нагласува дека постои загриженост поради фактот што државата сè уште не ги разгледала препораките во однос на железничката пруга на Коридорот 8, и покрај нивното барање за разгледување на алтернативни рути надвор од границите на УНЕСКО подрачјето. „Поради тоа, Центарот го повторува своето барање кон државата членка за итно пронаоѓање на оптимални решенија за овие проекти со што би се избегнало влијанието врз исклучителната универзална вредност на доброто“, се нагласува во одлуката на УНЕСКО. Непослушноста може скапо да не чини Наспроти ваквите предлози на УНЕСКО, експертите тврдат дека препроектирањето на трасата на железничката пруга ќе чини и повеќе време и повеќе средства, а ќе се зголеми и крајната цена за изведба на проектот. Професорот Дарко Мославац од Градежниот факултет при УКИМ вели дека препроектирањето на пругата од Струга кон Албанија би чинела од 3 до 5 отсто од вредноста на ново проектираната траса, при што на проектантите би им требале барем една година за да ја изработат алтернативната рута според дадената препорака на УНЕСКО. – Предлогот на УНЕСКО за изградба на алтернативен тунел од Струга до Прењас како техничко решение е возможно, но секако дека треба да се има предвид дека цената на чинење на овој објект би била во границите од 15 до 30 милиони евра по километар – потенцира професорот Мославац. Тој дополнува дека во периодот 2010 – 2011 година најпрво бил изработен претпроект, а потоа и идеен проект за пругата од Кичево до Лин. – Во претпроектот се разгледуваат повеќе варијанти за идната траса каде врз основа на технички и економски анализи се донесува одлука за избор на најповолна траса – вели Мославац. За усвоената најповолна варијанта на трасата во идејниот проект, потоа се изработила Студија за оценка на влијанието на оваа рута врз животната средина, по што следела и изработката на основниот проект. Изведбениот проект е завршен пред две години и во него е утврдено дека пругата ќе се движи од Струга кон Радожда, каде по крајбрежјето на езерото е предвидено да се спои со постојната пруга кај албанскиот град Лин. За изградба на целокупната траса од 63 километри меѓу Кичево и Лин е предвидено да се издвојат 500 милиони евра, но новиот тунел меѓу двете земји под планината Јабланица би можел да го поскапи проектот за десетици милиони евра. Засега државните власти не соопштуваат кој ќе ја сноси одговорноста за издвоените милиони евра за изготвување на проектната документација со проблематична рута, како и за потрошените години во нејзино проектирање. Државата молчи за потребата од препроектирање Од Министерството за транспорт и врски за „Мета“ велат дека прашањата за проектирањето на пругата кон Албанија треба да ги одговорат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ како надлежен орган. До ова претпријатие поставивме прашања уште кон крајот на јуни, но одговори не добивме до денешен ден. Образложувањата за неиспраќање податоци на нашето барање беа од презафатеност на претпријатието за време на железничката несреќа кај Куманово до очекувањето за назначување на нов директор на ова јавно претпријатие. Сепак, УНЕСКО и во двата објавени извештаи за напредокот во имплементација на препораките посочува дека владата упорно стоела на ставот за задржување на постојната траса на пругата од Коридорот 8. Главна причина за ваквиот владин став била неопходноста од склучување на нов меѓудржавен договор меѓу Северна Македонија и Албанија за идното гранично поврзување. Од друга страна, во неодамна усвоената Национална програма за железничка инфраструктура за периодот 2019 – 2021 година воопшто не е предвидено да започне изградбата на пругата кон Албанија, со што се остава доволен простор за преиспитување на постојната траса усвоена во изминатиов период. Во оваа насока, владата на седницата одржана на 11 јуни годинава донесе одлука да формира работна група составена од функционери од сите засегнати институции, чие задолжение е да постапи по забелешките на УНЕСКО за анализа на алтернативна рута за железничкото поврзување со Албанија. Предлог решенијата треба да бидат доставени до владата најдоцна до 15 јануари 2020 година, по што ќе се донесе финалната одлука по ова прашање. Во Националната транспортна стратегија на земјава за периодот 2018 – 2030 година се нагласува дека пругата кон Албанија треба да биде завршена до 2030 година, што веќе беше потврдено со неколку изјави во медиумите и од самото Министерство за транспорт и врски. Бројки и факти за идната пруга меѓу двете земји Пругата од Кичево до Лин ќе има должина од 63 километри. Почетокот на трасата е од железничката станица во Кичево. Едноколосечната електрифицирана железничка пруга ќе има постојки во Прштани, Сливово, Пресека, Издеглавје, Мешеишта и Радожда, како и железничка станица во Струга. Постои можност за изградба на крак за поврзување на Мешеишта со аеродромот „Св. Апостол Павле“ и со Охрид. Максимална брзина на движење на возовите ќе биде 100 километри на час. Коридорот 8 и во Албанија не е ништо подобар Албанија го укина железничкиот сообраќај меѓу Либражд и Подградец на Коридорот 8 уште во 2012 година поради дотраеност и недоволна безбедност на пругата. Во моментов, соседната земја има изработено физибилити студија за реконструкција на пругата Драч – Подградец – Лин, долга 152 километри, како и за изградба на крак долг 2,8 километри од Лин до албанско – македонската граница. Идеен проект за реконструкција на оваа пруга е изработен само за делот од Драч до Рогозина, при што е пресметано дека инвестицијата би чинела околу 80 милиони евра. Албанија има изготвено и физибилити студија за железничко поврзување со Грција, и тоа токму преку продолжување на железничката линија од Подградец до албанско – грчката граница, се наведува во најновиот документ на албанското Министерство за инфраструктура и енергетика за железничката инфраструктура на земјата. Сепак, единствен проект од Коридорот 8 што е доведен на ниво на конкретна изведба на градежни работи е реконструкцијата на пругата меѓу Драч и Тирана, која е предвидено во иднина да се поврзе и со меѓународниот аеродром во Тирана. Автор: Бојан Блажевски |
|
![]() |
|
katani ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Jan-2013 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 128 |
![]() ![]() |
Започва подготовка на проект за модернизация на жп линията Радомир - граница Северна Македония
![]() На 17 юни в НКЖИ се подписаха договорите с избраните изпълнители по откритата процедура с предмет „Подготовка на проект „Модернизация на железопътната линия Радомир-Гюешево-граница с Република Македония“ (Република Северна Македония). Изпълнител на договора по Обособена позиция 1: „Оптимизация и актуализация на предпроектни проучвания и идеен проект за модернизация на железопътния участък Радомир-Гюешево, идейно проектиране за железопътния участък Гюешево-граница с Република Македония и изготвяне на ПУП и технически проект за модернизация на железопътните участъци Радомир-Гюешево и Гюешево-граница с Р. Македония” е „ДЗЗД „ЕВРОТРАНСПРОЕКТ – ТРАНСГЕО“. Договорът е на стойност 13 285 000 лева без ДДС. Изпълнител на договора по Обособена позиция 2: „Актуализация на Подробна програма за модернизация и на Стратегията за провеждане на тръжни процедури, и изготвяне на Документация за кандидатстване за финансиране на строителството на железопътните участъци Радомир-Гюешево и Гюешево-граница с Р. Македония” е Консорциум „НЕТ ИКюИ“. Стойността на договора е 152 000 лева без ДДС. С изпълнението на двата договора ще бъдат извършени необходими дейности за подготовката на проекта за модернизация на железопътната линия между София и границата с Република Северна Македония. Проект „Техническа помощ за подготовка на проект „Модернизация на железопътната линия София-Перник-Радомир-Гюешево-граница с Република Македония“ се съфинансира по Приоритетна ос 1 „Развитие на железопътната инфраструктура по „основната” Транс-европейска транспортна мрежа“ на Оперативна програма „Транспорт и транспортна инфраструктура“ 2014-2020 г. Източник:Строителство Градът |
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Каква 2019 година? Нема ниту теоретска шанса да го направат железничкиот мост на Пчиња кај Клечовце, кој одвај да е почнат со еден направен столб. А кај е железничкиот надвозник над патот Стрезовце- Клечовце, кај се истите такви над патот Доброшане - Шупљи Камен и Проевце - пат Куманово - Св. Николе? Сè уште се прави надвозникот над улица Доне Божинов, кој тешко дека ќе биде завршен до крајот на годината, па потоа треба да се прави надвозникот над улица Ѓорче Петров. Не до 2019, до 2029 година нема да ја завршат, и тоа зборуваме само за трасата од Куманово до Бељаковце. |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
За еден час можеби до Куманово со нашите возови и пруги.
Воедно, денес вртејќи со точак 200 километри низ Кратовско, од локалниот пат кај Шопско Рударе, јасно уште се гледаат столбовите сведоци на оваа пруга ![]() Воедно, кај Бељаковце уште нема ни прагови донесени, ниту шини, туку само чакал е нафрлан, така што не верувам дека ниту таа готова пруга (што постоеше и имаше возови до пред 20 години) нема да ја завршат до 2019, како што најавија. |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
За еден час со воз од Скопје до Софија, но во 2027 година Акцентот на седницата ќе биде ставен на изградбата на железничка линија меѓу Софија и Скопје, како и намалувањето на роамингот. Бураскиот министер за транспорт, Росен Жељазков, пред почетокот на седницата изјави дека помеѓу 2025 и 2027 година е рокот за завршување на железничката линија Софија-Скопје. -Во Бугарија за новиот програмски период, планираме 400 милиони евра за изградба и модернизација на пругата Софија – Перник – Радомир – Гешево – граница. Од страна на Република Северна Македонија е предвидена слична сума. Според планот до 2025 година, плус-минус, се очекува да имаме изградена инфраструктура, што е исклучително важно, од гледна точка на поврзаноста и брзината на движење. Планирано е патот Софија-Скопје да не трае повеќе од еден час – рече Жељазков. Целта е железничката линија од Скопје до бугарската граница да се
заврши до 2027 година. Кога Скопје и Софија ќе бидат поврзани, оваа
железничка линија ќе биде дел од Коридорот 8, кој треба да ги поврзе
Бугарија, Македонија и Албанија. |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Можеби пуштањето во употреба на пругата кон Бугарија ќе биде дел од активностите при прославувањето 100 години од крајот на Втората светска војна. Или пак ќе се чека пратеникот Амди Бајрам, член на делегацијата на Собранието на одамна поранешната поранешна југословенска Република Македонија да се врати од свечената прослава по повод пуштањето во употреба на првите 1.000 километри пруга на Марс да се врати, па да може да се пушти пругата кон Бугарија. Или пак новиот премиер во 2042 ќе рече дека претходната влада со своето неодговорно и криминално однесување направила низа грешки при изградбата на втората делница од третата фаза, па ќе мора да се земе кредит од Кенија за да се решат проблемите, па наместо ветениот јануари 2044, пуштањето ќе се одложи две години.
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/do-nova-godina-treba-da-zavrshi-izgradbata-na-prugata-kumanovo-belakovtse/ |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
geny ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 16-Mar-2013 Location: Bulgarya Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
Браво поздравление за напредъка ! За жалост дано не закъкнеят сроковете за доизграждане които във времето са решаващи!
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
![]() ![]() Капитален проект, после 25 години успеавме да завршиме 70% од некогаш функционалната пруга до Бељаковце ![]() |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Според изјавата на Кочо Анѓушев, наводно околу 70% од градежните работи на пругата кон Бугарија биле завршени.
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/mtc.gov.mk/ Edited by Џоле - 02-Mar-2019 at 18:45 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
geny ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 16-Mar-2013 Location: Bulgarya Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
Нещо за 2ра фаза за първа копка и изведувач чува ли се за Беляковци-Крива Паланка ???
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Извадок од интервју со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески
Има неколку грантови за пругата кон Бугарија. Првиот беше најавен лани во Трст, но досега нема ништо од изградбата. Зошто? Може ли Македонија да ги изгуби парите поради застојот? -Не се согласувам со вашата констатација дека нема активности. Прво, обезбедени се средства од 70 милиони евра за втората фаза за изградбата на делницата Бељаковце-Крива Паланка, за што следната недела ќе се потпише договор. Исто така, од оперативната програма ИПА 2017 -2020 обезбедени се 60 милиони евра за третата фаза од Крива Паланка до Деве Баир. Застој нема, напротив, сите пречки кои се појавија во првата фаза веќе се надминати и градежните работи се одвиваат со посакуваното темпо и во наредниов период ќе бидат уште повеќе интензивирани. Очекуваме рехабилитацијата на делницата од Куманово до Бељаковце да биде завршена во текот на следнава година. Тендерот за изградба на делницата од Бељаковце до Крива Паланка за што вие прашувате е веќе во тек и првата фаза на претквалификација на компаниите заврши. За реализацијата на овој проект веќе се обезбедени 145 милиони евра, од кои 70 милиони евра од Европската Унија – грантот кој го спомнавте и 75 милиони евра од заем од Европската банка за обнова и развој. Очекуваме изградбата да започне следната година, а да заврши во 2023 година. За третата фаза од пругата кон Бугарија, делницата Крива Паланка – Деве Баир, работиме на обезбедување на целосната финансиска конструкција. Сакам да нагласам дека Меморандумот кој го потпишавме со Република Бугарија предвидува точно утврдени рокови за завршување на изградбата и согласно со овие рокови, очекуваме пругата од македонска страна да биде комплетно завршена до 2025 година. https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/12/112413/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ќе се потпише договор за грант за втората фаза од пругата кон Бугарија
Во Министерството за финансии денеска ќе биде потпишан договор за користење 70 милиони евра грант од инструментот на Европската унија – Инвестициска рамка за Западен Балкан – ВБИФ (Western Balkans Investment Framework – WBIF) кој ќе се користи за изградба и реконструкција на железничката делница Куманово – Бељаковце од пругата кон Бугарија. На потпишувањето на договорoт помеѓу Министерството за финансии и Европската банка за обнова и развој, ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анка Јоана Јонеску. За втората фаза од пругата кон Бугарија на источниот дел од Коридорот 8, се обезбедени 145 милиони евра, од кои 70 милиони евра грант од ЕБОР, а останатите се заем. За деблокирање на изградбата на првата делница од пругата, од Куманово до Бељаковце, треба да се потпише анекс на Договорот за изградба, по што ќе следат нов тендер, избор на изведувач и старт на градежни работи. Првата фаза од пругата, од која се изградени само осум километри, се очекува да биде готова за 16 месеци, а втората фаза би завршила до 2021 година. За третата делница од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир се преговара за средства со меѓународни финансиски институции. https://plusinfo.mk/%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B8%D1%88%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
geny ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 16-Mar-2013 Location: Bulgarya Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
хвала ! дайте всички фотки!
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Еве дел од фотките на Bube 1 ![]() 2 ![]() 3 ![]() 4 ![]() 5 ![]() 6 ![]() 7 ![]() 8 ![]() 9 ![]() 10 ![]() |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
На линкот кој го пуштивте нема никакви слики.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910 54> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |