Author |
Topic Search Topic Options
|
fichot
Senior Member
Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
|
Quote Reply
#141 Posted: 07-Mar-2012 at 14:32 |
 За ова најубаво право во општината да се распрашаш.
Него, има новини нешто околу тендеров?
|
 |
Zmej
Newbiе
Joined: 07-Mar-2012
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#142 Posted: 07-Mar-2012 at 11:17 |
Koga ke ja pravite ulicata Socijalisticka zora vo Gjorce petrov ?
|
Vlatce
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#143 Posted: 03-Nov-2011 at 15:40 |
Јас сум скептик дека некој ќе се нафати под овие услови. Тешко ова да пројде и за локации во центар.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#144 Posted: 03-Nov-2011 at 12:52 |
Објавен тендерот за административно-трогвскиот центар во Ѓорче Петров
Скопската општина Ѓорче Петров објави тендер за изградба на
планираниот деловен и трговски центар по пат на приватно-јавно
партнерство со проценета вредниост од 12,65 милиони евра без ДДВ, се
вели во тендерскиот документ.
Објектот треба да има вкупна површина од 15 илјади метри квадратни од
кои 6 илјади метри квадратни административен простор, додека остаткот е
наменет за комерцијални потреби. Објектот, исто така, ќе има и 16
илјади метри квадратни подземен паркинг простор.
Целиот административен простор од 6.000 метри квадратни општината
планира да си го земе за себе, како и 40 паркинг места. Инвеститорот ќе
добие 9.000 метри квадратни и остатокот од паркинг просторот.
Рок за доставување на понудите е до 10 јануари идната година. http://www.plusinfo.mk/vest/21288/Objaven-tenderot-za-administrativno-trogvskiot-centar-vo-Gjorche-Petrov
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#145 Posted: 04-Feb-2011 at 17:26 |
Ѓорче Петров ќе гради општинска зграда со јавно приватно партнерство

Инвеститорот ќе треба да изгради објект од 15.000 квадратни метри, од кои 6.000 ќе бидат за општината
Снежана Калабакова
Советот на Општина
Ѓорче Петров со мнозинскиот број советници од ВМРО-ДПМНЕ ја изгласа
физибилити-студијата за изградба на нова општинска зграда. Советот
одлучи административно деловниот општински објект да се гради со јавно
приватно партнерство. До крај на февруари општината ќе распише
меѓународен тендер. Инвеститорот ќе треба да изгради објект од околу 15
илјади квадратни метри, од кои 6 илјади квадрати корисна површина ќе
бидат за општината. Изградбата ќе чини меѓу 13 и 17 милиони евра.
За
градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски, единствениот начин
општината да добие репрезентативна општинска зграда е таа да се изгради
преку приватно јавно партнерство, бидејќи општината нема пари, а за
објектот, ниту Владата не може да и' даде средства. Инвеститорот што ќе
биде избран на тендер ќе мора да го изгради објектот во рок од 3 години.
Советниците на СДСМ не се согласуваат со оваа одлука за јавно
приватно партнерство, а имаат и многу забелешки и на
физибилити-студијата за изградба на општинската зграда. Сметаат дека со
овој тип здружување за изградба на објектот, општината губи многу во
економска смисла, а ќе добие малку простор за вработените, па дури и
помалку паркинг-места. Опозиционерите посетуваат дека најпрво во
септември минатата година Советот донел одлука општинскиот објект да се
гради во реонскиот центар Ѓорче Петров со соинвеститорство на што
укажале дека одлуката е избрзана и спротивна на Законот за јавно
приватно партнерство.
„Физибилити-студијата, која денес ја
разгледуваме, само го потврди нашиот сомнеж дека контурите за јавно
приватно партнерство се претходно изработени во некој кабинет со што
фирмата „Консалтинг креација“ е насочена кон пронаоѓање оправданост за
ваквата одлука.
За нас е многу симптоматично што истите услови,
параметри и насоки содржани во одлуката за соинвеститорство, сега само
се потврдени со физибилити-студијата како единствено можни решенија, без
притоа да се предложат или барем да се разгледаат други алтернативи. Се
добива впечаток дека градоначалникот однапред ги знаел содржината и
резултатите од студијата“, објаснува Горан Симоновски, координатор на
советничката група на СДСМ.
Градоначалникот Сокол Митровски тврди
дека позитивните прописи дават можност за градење објект со приватно
јавно партнерство и токму затоа е избран овој модел.
„Физибилити-студијата
е направена врз основа на светски искуства со сите потребни
урбанистички решенија за ваков објект и изградба на паркинг за објект од
15 илјади квадратни метри. Општинската зграда ќе биде во функција на
едношалтерскиот систем. Инвеститорот нема целосно да биде ослободен од
плаќање комуналии, туку само од нашиот дел 40 отсто, процентот за кој
Градот ќе ја ослободи општината. Земјиштето е на Република Македонија.
Поповолни услови од овие нема и навистина не знам што сакаат советниците
од СДСМ, за нив ниедна одлука не чини“, вели Митровски.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=818807504485754789E6EC949BB6FD55
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#146 Posted: 25-Sep-2010 at 13:16 |
ПОДДРЖАНА ИДЕЈАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СОКОЛ МИТРОВСКИ
Ќе се бара соинвеститор за општинска зграда во Ѓорче Петров
Наскоро ќе биде објавен јавен повик со кој ќе се поканат инвеститори да ги разгледаат условите што ги нуди локалната самоуправа
Општина
Ѓорче Петров ќе побара соинвеститор за изградба на општинска зграда во
која ќе биде сместена целата администрација и Советот. Оваа идеја на
градоначалникот Сокол Митровски во форма на предлог-одлука, вчера доби
зелено светло од мнозинството советници и се очекува наскоро да биде
објавен јавен повик со кој ќе се поканат инвеститори да ги разгледаат
условите што ги нуди локалната самоуправа. Според одлуката, инвеститорот
е должен да обезбеди финансиски средства и гаранција за изградба на
објектот по принципот "клуч на рака" и да го плати надоместокот за
комуналии во висина од 60 отсто на Град Скопје. На Општината ќе треба да
и отстапи најмалку 6000 квадрати простор и 40 паркинг-места во
подземната гаража. Ќе мора да се обврзе да ги сноси сите трошоци за
добивање на техничка документација се до одобрение за градба и употребна
дозвола. За возврат, соинвеститорот добива урбанизирана парцела од
најмалку 140 илјади квадрати меѓу "Тинекс" маркетот и новиот парк и
ослободување од обврската за комунална такса кон Општината.
Градоначалникот Сокол Митровски образложи дека идејата за барање
соинвеститор била крајно и најдобро решение, откако цели шест години се
барале различни извори на финансирање. - Откако го одобривме идејниот
проект во 2005 година, баравме начини како да го реализираме. Баравме
поддршка од Светска банка, од Европска банка за обнова и развој, но иако
Општината е кредитоспособна можевме да добиеме само кредит во износ од
1,7 милиони евра. А за изградба на 6 илјади квадрати ни се потребни
најмалку 4 милиони евра кои општината ги нема. А и да ги има, јас како
градоначалник најпрво би ги наменил за изградба на инфраструктурните
проекти, образложи Митровски.
Против одлуката за барање соинвеститор беа опозиционите советници кои
имаа забелешка на концептот за изградба на општинска зграда. Сметаа
дека изградбата треба да се одложи за некои подобри времиња кога
општината ќе може да ја реализира самата или пак со помош на државата.
Но, градоначалникот Митровски смета дека изградбата на нова општинска
зграда ќе значи подобрување на услугите кон граѓаните и конечно
спроведување на едношалтерскиот систем: сите служби ќе мора да бидат
сместени на едно место, а не како досега на две локации. Митровски им
порача на советниците да не ја мешаат политиката во општинските проекти,
туку да работат во интерес на граѓаните.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=46EFD6B0BEB41946BC1C0DABDA8E08A9 |
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#147 Posted: 14-Aug-2010 at 00:05 |
Општинската куќа во Ѓорче Петров ќе ја градат странци

Приватни компании од Италија и од Чешка се заинтересирани да ја градат општинската зграда на Ѓорче Петров. Моментно, во тек се преговори со општинските власти, а дефинирање на соработката се очекува од септември. Во меѓувреме, во тек е расчистувањето на локацијата од 9.000 квадратни метри на која ќе се гради новиот општински дом. Општината веќе го доби земјиштето преку Министерството за транспорт и врски и во најголем дел е расчистено од привремените објекти. Во тек се уште два судски спора со сопственици што не се согласуваат со висината на сумата за обесштетување.
Приватниот партнер ќе добие деловен простор во кој, веројатно, ќе се сместат банки и познати фирми, додека поголемиот дел е наменет за општинската администрација. Веднаш до новата општинска зграда ќе се гради и трговски центар во кој ќе има место за сите ситни занаетчии, кои, велат општинарите, се карактеристични за овој дел од градот и за општината. Објектот ќе содржи и подземна гаража за 350 возила, ќе има голема конференциска сала, како и работни простории за Советот. Околу зградата ќе има шеталиште, фонтани и други содржини.
„Во сериозни преговори сме со странски инвеститори, но официјализарање на соработката се очекува дури од септември. Претходно соработката ќе мора да добие амин и од Советот. Планираме приватниот партнер да ја финансира изградбата на општинската куќа, а општината, покрај обезбедување на земјиштето, целосно да ги сноси и трошоците за комуналии“, вели градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски. (С.Н.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=25BD8CB0691A4A4DBC5E27FCD52EADD4
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#148 Posted: 21-Jun-2010 at 17:35 |
ВО РЕОНСКИ ЦЕНТАР Се руши за општинската зградаУште шест привремени објекти деновиве се урнати на парцелата во Ѓорче Петров, на која треба да се гради новата општинска зграда. Општинските власти веќе подолго време и на периоди го расчистуваат теренот за таканаречениот Реонски центар - Ѓорче Петров, во близина на маркетот „Тинекс“. Работите ги извршува претпријатието „Трансмет“. Од Општината велат дека е останат само уште еден станбен објект бидејќи се преговара со сопствениците. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2049&ArticleID=143028
|
 |
lupo
Senior Member
Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
|
Quote Reply
#149 Posted: 02-Mar-2010 at 23:28 |
Gi butnale dukjancinjata vo Gjorce Petrov karsi SP Market 
Edited by lupo - 02-Mar-2010 at 23:37
|
 |
lupo
Senior Member
Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
|
Quote Reply
#150 Posted: 02-Mar-2010 at 23:26 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#151 Posted: 11-Feb-2010 at 16:52 |
Ѓорче ќе ја дели општинска зграда со фирми
Општината
нема доволно средства сама да го гради објектот, па затоа се бара
инвеститор кој би ја градел зградата, а за возврат ќе добие дел од
просториите
Општина Ѓорче Петров новата општинска зграда,
која ќе се наоѓа спроти ТЦ "СП Планет", ќе ја дели со приватни фирми.
Општината нема доволно средства сама да го гради објектот, па затоа се
бара инвеститор кој би ја градел зградата, а за возврат ќе добие дел од
просториите. "Новата општинска зграда ќе почне да се гради кон
крајот на годинава, преку приватно-јавно партнерство. Во моментов има
заинтересирани фирми од Турција, Словенија и од Хрватска кои сакаат да
инвестираат во овој објект. Дел од зградата ќе биде за Општината, а дел
за инвеститорот. Во договорот ќе бараме просториите кои ќе ги добие
нашиот партнер да не се користат како бутици, кафулиња или други
продавници. Просторот ќе може да се користи за банки или за фирми кои
немаат продажна дејност", вели градоначалникот на Општина Ѓорче Петров. Во
моментов општинарите работат на расчистување, односно уривање на
времените објекти кои се наоѓаат на просторот каде што ќе се гради
објектот. Новиот објект предвидено е да биде на четири ката, плус
потпокрив. Ќе ма подземна гаража за 350 возила, со која ќе стопанисува
приватниот партнер. Градоначалникот Митревски вели дека зградата нема
да биде со барокна фасада, како што се гради во центарот на градот,
туку застаклена. Ќе има голема конференциска сала, работни простории за
Советот и за општинската администрација. Просторот околу зградата ќе
биде шеталиште со неколку фонтани.
http://vest.com.mk/?ItemID=0EBBF5965FE77640ADCC38B8C3CD406B |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#152 Posted: 09-Feb-2010 at 23:14 |
Се чисти локацијата за новата општинска зграда
Расчистувањето
на локацијата спороти СП Планет, каде што треба да се гради новата
општинска зграда во Ѓорче Петров, се реализира со несмалено темпо,
информираат општинарите. Станува збор за парцела од девет илјади
квадратни метри, што се протега од семафорите пред Домот за пензионери
до дисконтот на Тинекс. - Во моментов се подига шутот што остана
по отстранувањето на времените објекти што ја грдеше општата слика на
овој дел од општината. Затоа, инспекциските служби се зафатија со
целосно расчистување на просторот од преостанатиот градежен шут.
Работите треба да завршат во наредниве три дена, информираат
одговорните.
Расчистувањето на локацијата од времените објекти почна пред два
месеци. Во согласност со ДУП Реонски парк на оваа локација е предвидена
изградба на општинска зграда и еден деловен комплекс.
Земјиштето за новата деловна зграда ќе продава преку Министерството
за транспорт и врски, а ќе се гради со јавно приватно партнерство.
Делот што ќе му припадне на јавниот партнер ќе биде деловен простор
наменет за банки, фирми и слични дејности и за мало стопанство. Новата
општинска зграда би требало да биде готова до крајот на мандатот на
сегашниот градоначалник Сокол Митровски. - Објектот ќе се гради на
парцела од девет илјади квадратни метри со предвидена корисна површина
од 4.200 квадрати. Објектот ќе содржи и подземна гаража за 350 возила,
ќе има голема конференциска сала, работни простории за советот и други
содржиниа, а најважно од се е тоа што на едно место ќе се сместат сите
општински служби што сега функционираат во два објекти што секако
претставува проблем за граѓаните ефикасно да ги решаваат своите
потреби, информираат од Општина Ѓорче Петров.
Околу зградата е предвидено шеталиште, фонтани и други пратечки
содржини, со што граѓаните би добиле уште еден простор за собирање и
одржување манифестации.
http://vecer.com.mk/?ItemID=75D45F92232A524E8D4C8D592FE1B350 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#153 Posted: 02-Feb-2010 at 05:05 |
Секаде се зборува до дисконтот на тинекс. Тинекс е ориентациона кота, а не дел од пвремените објекти, барем од она што се спомнува. Ниту има намера да делувам тука сугестивно ниту да бранам тинекс интереси, а ниту да напаѓам, за разлика од твоето "прашање" што освен ќе ја отруе нишкава во непосакуван правец воопшто нема да разјасни ништо, авоедно е и сугестивно.
Отстапување од оригиналните планови во корист на поедини времени приватни објекти е за секаква осуда, ако воопшто има таква појава, а сега за сега нема. Ако имаше веруј дека тие другите субјекти немаше да се симнат од екран.
И додека не добиеме макар некоја шпекулација во тој правец од медиум или засегнат субјект, барем би апелирал да не ја носиме дискусијата натака во шпекулации на некакви задкулисни врски.
Edited by lslcrew - 02-Feb-2010 at 05:25
|
 |
Sale SK
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
|
Quote Reply
#154 Posted: 01-Feb-2010 at 21:00 |
Прашав за одговор некого што знае,а не за да ми одговори некој со контрапрашања.Дали ми се претпоставките глупи не е твое да судиш.Јас таква дозвола не сум ти дал,ниту сум те прашал за мислење. На почетокот се зборуваше дека ќе се руши и Тинекс,заедно со сите тие баракчиња.Сега се зборува дека Тинекс ќе остане,а веќе ги рушат сите бараки кои беа оддалечени од него само 3-4 метра.Затоа прашав некого кој е поупатен во овој проект.Ти очигледно не си.А многу е јасно дека дури и да постоел таков план(за рушење на Т),можат да го сменат за 2 дена од причини што се општо познати.Значи претпоставката не воопшто глупава,туку многу логична.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#155 Posted: 01-Feb-2010 at 19:24 |
А како би куртулил ако се гради зграда?! Ако пак не се гради зграда кајшто е тинексот однак зашто би го рушеле. Нема смисла вака да ја труеме нишката со глупи претпоставки што и не ни се баш од интерес.
|
 |
Sale SK
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
|
Quote Reply
#156 Posted: 01-Feb-2010 at 18:48 |
Тинекс претпоставувам ќе куртули од рушење?Или и тој е планиран?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#157 Posted: 18-Jan-2010 at 00:05 |
Продолжува рушењето на бараките спроти СП Планет
Општина
Ѓорче петров денеска продолжува со вториот дел од акцијата за уривање
на бараките спроти СП Планет, на локацијата каде што е предвидено да се
гради новата општинска зграда. Општинарите велат дека ќе бидат опфатени
сите објекти кои досега не се отстранети од корисниците. - На сите
им дадовме доволно простор и време самите да ги рушат за да не се
изложуваат на дополнителни трошоци. Но, за жал, досега малкумина го
направија тоа, така што останува општинската инспекција со асистенција
на полицијата да продолжи со целосно расчистување на просторот каде што
е предвидено, со урбанистичкиот план, да сеизгради новата општинска
зграда. Одложување на работите нема да има по ниеден основ, затоа што
решенија за отстранување на времените објекти се поделени уште пред две
години и истите не се испочитувани од граѓаните-корисници на просторот.
Законот за градба налага дека за да може да се започне со изградба на
новата општинска зграда, треба да се исполни првиот предуслов, а тоа е
чист простор за градење - информираат одговорните од Општина Ѓорче
Петров.
http://vecer.com.mk/?ItemID=C4F95C5C0A83814EBC3E87D2456DF941 |
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#158 Posted: 16-Jan-2010 at 11:18 |
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Се уриваат објекти
Просторот
за новата општинска зграда во Ѓорче Петров од понеделник ќе продолжи да
се расчистува, кога ќе бидат опфатени сите објекти кои до сега не беа
уривани од досегашните корисници, иако општинарите им дадоа рок до кога
тоа треба самите да го сторат. - Досега малкумина го направија тоа,
така што останува општинската инспекција со асистенција на полицијата
од понеделник да почне со целосно расчистување на просторот на кој е
предвидено, со урбанистичкиот план, да се изгради новата општинска
зграда. Одложување на работите нема да има по ниеден основ затоа што
решенијата за отсранување на времените објекти се поделени уште пред
две години и истите не се испочитувани од граѓаните, кои се корисници
на просторот, велат од Општина Ѓорче Петров.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1917&ArticleID=131363
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#159 Posted: 28-Dec-2009 at 15:39 |
Општинска зграда
Општинската
зграда спроти „СП планет“ ќе се прави со јавно-приватно партнерство,
објаснува Момо Николовски, портпарол на Ѓорче Петров. - Земјиштето
се уште се расчистува, постојат уште три куќи кои треба да се иселат,
но станарите си ги откупиле становите, па затоа треба да се обесштетат.
Оваа постапка можеби ќе трае, но очекуваме наредната година земјиштето
да го дадеме на лицитација за продажба – објаснува Николовски. Според
него, за изградба на општинската зграда веќе има заинтересирани домашни
и странски инвеститори. Општината ќе заземе два ката од објектот, а три
ќе се наменат за деловен простор. Изградбата треба да чини околу два милиона денари.
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1903&ArticleID=130049 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#160 Posted: 03-Dec-2009 at 23:52 |
Се е срамнето со земја на оваа локација. Штета што некој не се потегна да сликне пред демолирањето за да ја имаме старата состојба. Ако некој има постара слика од ова место или налета на таква на нет, супер би било да ја сподели  1  2  3
Edited by pbanks - 03-Dec-2009 at 23:53
|
 |