build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ски центри (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 789
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 30-Jan-2009 at 12:20

Попова Шапка во нов сјај
Зоран Јованоски
 
29.01.2009 17:58
 

 

По десет години, Попова Шапка на голема врата се враќа во нов сјај. Обновени се хотелите и ски лифтовите, а патеките никогаш поубави.

На еден метар снег и метар и половина на патеките Цирипашина и Ајдучка Рамнина, само изминативе две недели уживаа повеќе од 10.000 домашни и гости од повеќе балкански земји.

„Попова Шапка има досега околу 2,5 метри паднато снег, терените се истапкани и можат да дојдат слободно туристите да скијаат, сите ски лифтови работат. Моментално се работи на патеката Цирипашина, која веројатно овој викенд или наредниот ќе биде пуштен“, вели Перо Димитриески, раководител на ДУТ „Попова Шапка“.

На Ајдучка Рамнина ќе се гради ново „бачило“, а во план е изградба на уште еден ски лифт, со што овој зимски центар ќе има вкупно осум.

 

 

Попова Шапка од оваа сезона започнува да оживува. На нејзините терени се враќа и познатиот Шарпланински куп. Според познавачите, ова е еден од ретките зимски центри коишто нуди вакви убавини и патеки коишто се адекватни, како за почетници, така и за професионални скијачи.

„Ќе има доволно снег за Шарпланинскиот куп кој ќе се одржи на 28. и 1. март, потоа има БК куп, Универзијада. Очекуваме да дојдат гости да видат што е убавината на Попова Шапка. Мислам дека и од Скопје скијачите ја знаат Шапка и треба да дојдат да видам колку е убава сега и што нудиме сега“, изјави Перо Димитриески.

Ако на другите центри уживањето може да го расипе недостигот на снег, на Шапка секогаш има доволно снег и најмногу сонце.

„Можам само да им кажам на сите мои пријатели и познати што не се денеска овде, да им биде жал што не се присутни на Попова Шапка“, рече Ивица Хаџииљоски, турист.

Иако во работен ден, на сонцето, снегот и чистиот воздух и денеска неможеа да им одолеат стотици скијачи.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=103696


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 27-Jan-2009 at 23:35

Зимскиот центар Попова Шапка деновиве ја бележи најголемата посетеност за последните десет години

Најголема посетеност во изминативе 10 години бележи зимско рекреативниот центар Попова Шапка оваа сезона. За време на викендите бројката на посетители се движи меѓу 5 и 10 илјади гости. Капацитетите на хотелите се исполнети, а освен домашни има и гости од Косово, Албанија, Војводина и Хрватска. И времето наклонето на овој туристички центар. Снежната покривка влева надеж дека годинешнава зимска скијачка сезона ќе потрае и ќе биде повеќе од успешна.

Директорот на друштвото за угостителство и туризам на Попова Шапка Перо Димитриески ни изјави дека е задоволен од досега сработеното. Зимскиот распуст е завршен но од 1 феруари доаѓаат студентите од двата тетовски универзитети. Зимскиот одмор е скапа работа но од 15 февруари цените на хотелските услуги ќе бидат намалени. Овој викенд се очекува пуштање во употреба на најатрактивната скијачка патека Цери Пашина, мегутоа дождот кој вчера падна на Попова Шапка најверојатно ќе го одложи двоседот ќе биде целостно функционален наредниот викенд.

Натпреварите на Попова Шапка во вториот дел од годинешнава скијачката сезона почести и помасовни. На 28 февруари и 1 март ќе се одржи познатиот Шарпланински Куп на 8 март следува Бека купот а една недела подоцна ќе се одржи универзијадата. На сета оваа природна убавина и туристичкиот успех во изминатиов дел од сезонава кој го оствари раководството и новиот директор на ски-центарот Перо Димитриески црна дамка остава дотраената инфраструктура. Малите инвестиции не можат да влијаат за натамошно зголемување на посетеноста, а за што природни услови постојат.

Пример за тоа е детското одморалиште Попова Шапка кое повеќе години не работи. Судбината на одморалиштето и натаму е неизвесна. Беше огласено за продажба но огласот деновиве беше повлечен. Од министерството за труд и социјална политика под чија капа е одморалиштето, соопштија дека огласот е повлечен по налог на антикорупциската комисија а причина се локалните и претседателски избори закажани на 22 март годинава.

Kiss - Зоран Димовски - 22.01.2009

www.macedonium.org/galerii/gal12/

www.summitpost.org/mountain/rock/154750/shar-planina.html

www.mytetovo.com.mk/pages/sapka_sliki.html

www.skijanje.co.yu/Ski_Centri/Makedonija/popsapka.htm

informator.ws/informator/index.php?option=com_expose&album=14



Edited by beTon - 27-Jan-2009 at 23:36
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 16-Jan-2009 at 17:09
Back to Top
Martin View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 29-Dec-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Martin Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 16-Jan-2009 at 17:05
bravo za beTon sto ja otvori temavaApplause
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 16-Jan-2009 at 17:00
Охриѓани развиваат туризам на Пелистер

Пештанците Наумче и Татјана Јанески успеаја да привлечат гости од цела Европа со изградбата на вила во Ниже Поле, но се незадоволни од инвестициите во ски-центарот

Она што ретко на кој битолчанец му успева - да ја наполни викендичката во Ниже Поле со туристи - му појде од рака на охриѓанец. Нижеполци велат: побарајте сместување кај охриѓанецот, зашто другите објекти не работат. На снегот се постилаат педесетина вили, но претежно се со катанци на вратите.

- Немавме ништо заедничко со Битола и Ниже Поле. Водиме селски туризам во Пештани, а пред шест години од езеро одлучивме да се качиме на планина - раскажуваат сопружниците Наумче и Татјана Јанески, сопственици на вилата „Дамаја“. На почетокот, додека ја граделе во облик на пелистерска елка, на надморска височина од 1200 метри, стравувале дали ќе им тргне работата. Но, една грешка на туристичка мапа им донела туристи.

- Поминуваа странци со мапи, на кои беше исцртан непостоечки пат преку Орлови Бари до другата страна на планината. Беше назначен како асфалтиран и дека преку него може да се оди за Маловишта. Луѓето одеа до ски-центарот на Ниже Поле и се враќаа назад, зашто натаму нема ништо - вели Јанески.

Тие се единствените угостители на Пелистер што повикале странски експерти да ја измерат загаденоста на воздухот. Анализите покажале аерозагадување е еднакво на нула. На гости им доаѓаат Шпанци, Германци, Англичани, Чеси, Словенци. Потпишале договор со неколку планинарски друштва од Европа, кои пролетва ќе престојуваат кај нив. Ќе им понудат прошетки со коњи низ планина.
Веќе шест години овие угостители се растргнати на релација Охрид - Битола. Науме работи на аеродром во Охрид, а сопругата Татјана е директор на училиштето во Пештани.

- Проблем е тоа што недостигаат содржини за туристите, а државата не дава ни поволни кредити. Една година подготвувам документација за подигање голем кредит од Будимпешта, каде што оваа дејност се поддржува - вели Јанески. Јанески се прашува како е можно Општината и државата со прст да не мрднат и да не инвестираат во еден убавец како Пелистер.

- Туристи доаѓаат дури од Шпанија, угостителите се волни за работа, но кај државата и Општината нема интерес за инвестиции во ски-терени. Сега се вложуваат големи пари на Кожув, каде што буквално се почнува од нула - со поставување вода, струја, изградба на пат. Овде тоа го има, а сепак од едната страна на планината, кај Ниже Поле, има само еден ски-лифт, а на другата, кај Копанки, три години не се скија - се чуди Јанески. И туристите на Пелистер се едногласни дека планината плаче за инвестиции. Има само еден ски-лифт, а нема ни жичница.

Со ски-центарот Пелистер стопанисува јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола. Тоа располага и со проект за ски-терени на Орлови Бари, но за негова реализација не се ни зборува. Од претпријатието негираат дека планираат центарот да го дадат под концесија на приватник. Одбиваат да зборуваат и за идните планови, се' додека не добијат генерален директор, кого го немаат со месеци откако претходниот, Никола Котевски, стана пратеник.

Дневник - Жанета Здравковска - 12.01.2009

оваа и баш не е некоја голема вила но средена е и на добра локација е сместена 40° 59'58.20"N 21°14'36.61"E одма над директорските викендички, а пред самиот влез на ЗРЦ Стрежево. "вилава" има поглед на Бабин Заб, но штета требало мислам да ја свртат или отворат кон југ кон Дебел Рид и Пелистер, инаку од тука до жичарата односно до печурката која е на падините на Неолица има ~3км. местово е прилично добро, бидејќи е во вдлапка но издигнато на плато кое е отворено кон југ од таму и името ниже-поле па речеси двапати има повеќе сончеви часови него што тоа е случај со Копанки, тука минува и реката Сапунчица која се формира од циркот Големо езеро, прилично чиста река го полни Драгор односно прво оди во каналот сетне како вода за пиење за Битола. климата е одлична, но неретко бидејќи е високо и во длапка особено наесен нижеполе е во облаци, но пејсажот е уникатен а и местото има некаква посебна атмосфера, имам чувство небаре бачила тука имало уште во неолитот Smile знаат битолчани за што зборувам...

едно време се залетаа да го урбанизираат, но луѓето и без тоа почнаа да си креваат викендици и вили, иако претежно под селото а помалку ваму горе кај одморалиштето, обично стихијно една тура во осудесетите друга во деведесетите, и сега последнава, сите тие тука и околу одмаралиштето се дивоградби, инаку има неколку поголеми вили сега што се градат а има и неколку заглавени од оние од деведесетите како што е хотелот на Кире Ѓаоло... 

интересно место сепак далеку од терените и сместувачките капацитети на другите зимско рекреативни центри, но за битолчани а и за сите кои сакаат да го качат Пелистер или да се расшетаат по Баба планина местово е извондредно.

www.nizepole.com/en/nizepole.html

http://www.aries.com.mk/aranzmani/NovaGodina2009web/NG_2009_PelisterNizePole.pdf

www.aries.com.mk/pelister.asp

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 04-Dec-2008 at 10:29
ТУРИСТИЧКИОТ ЦЕНТАР НАД БИТОЛА ЧЕКА ИНВЕСТИТОРИ
За ски центарот Пелистер потребни 60 милиони евра

Доколку се средат односите со најголемиот донатор, швајцарската агенција за соработка и развој , и се изнајдат нови инвеститори, Националниот парк "Пелистер" Битола, може да прерасне во голем зимско-летен туристички центар. Ден пред почетокот на одбележувањето на 60 - годиШниот јубилеј, директорот на паркот СаШо Мицковски вели дека швајцарците треба да дефинираат кои од проектите би можеле да ги поддржат до 2010 година.
"Двете студии за развој на зимскиот туризам на Пелистер, изработени од словенечки и Швајцарски експерти, предвидуваат бројни сместувачки капацитети во потпелистерието, а скијачките терени би биле во повисоките делови на планината, кај Орлови Бари, каде снегот се задржува подолго време", вели Мицковски.
Ваквата идеја постои долго време и за неа биле заинтересеирани и голем број странски инвеститори. Проектот би чинел околу 60 милиони евра. За изградба на инфраструктурата би биле потребни 15 до 20 милиони евра, а остатокот би се вложил во изградба на прифатилиШта и хотели.
Во меЃувреме, Пелистер останува само место каде битолчани и ретките гости од надвор, претежно од соседна Грција, можат да се нагостат само со чист планински воздух. И оваа зима скијачката патека кај Копанки Ќе остане неискористена, бидејЌи веЌе неколку години не функционира единствената жичарница на Пелистер со која управува Планинарскиот спортски клуб "Пелистер".
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160445&idg=8&idb=2540&rubrika=Makedonija

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 789

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.469 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.