build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реконструкција на пругата Битола - Лерин

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 12>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 18-Jan-2014 at 17:55

Што ќе значи пругата до Кременица за Битола?

Written by  Емилија Јовчевска

 

Пред неколку дена во Брисел, Европската комисија даде зелено светло за почеток на проектот преку кој ќе се реконструира железничката пруга од Битола до Кременица, односно до границата со соседна Грција.

Со средства од претпристапните ИПА фондови во висина од 10 милиони евра, издвоени за развој на паневопскиот коридор, наскоро треба да се најде фирма која ќе ги започне градежните работи. Со оваа постапка, се очекува пругата повторно да профункционира по речиси 30 годишна апстиненција, со што повторно ќе стане дел од меѓународната линија Велес-Битола-Лерин-Солун. Од македонска страна треба да се реконструираат 20 километри, додека од грчка страна пругата е веќе обновена.

Со ова, наместо пругата да служи како место за испаша на животни,  би требало да врати барем дел од нејзиното значење кое го имала во минатото и тоа од повеќе аспекти.

Градењето на пругата Солун – Вертекоп – Битола започнало во 1891 година со цел да се реализира поврзување со јадранскиот брег каде што поминувала старата римска магистрала Via Еgnatia. Пругата која била изградена само до Битола е предадена во употреба на 14 јуни 1894 година.По изградбата на оваа пруга престанало да се градат железнички линии во европска Турција поради настаните што се случувале на Балканот. Во тоа време, со воз во прочуената конзулска Битола доаѓале голем број патописци, конзули, значајни историски личности. Во 1911 година, со воз во Битола пристигнал султанот Мехмед V Решад, што е овековечено како настан со фотографии снимени од страна на браќата Манаки, Милтон и Јанаки. Исто така, преку пругата се вршел транспорт на стоки и роба, со што градот уште повеќе го потврдувал епитетот на центар на трговијата на Балканот.

Железницата кон Битола го продолжила развојот и со пуштањето на пругата кон Прилеп во  1931 година. Во  1932 година започнала со изградба пругата Прилеп - Велес преку Богомила. Оваа пруга била завршена на 20 јануари 1936 година. Со тоа е завршено севкупното поврзување на Битола со железничката мрежа во државата и кон јужниот сосед. До периодот на Втората светска војна железницата кон Битола добила друга намена и се користела најчесто за транспорт во воени цели. По ослободувањето и електрификацијата на пругата на коридорот 10, истата никогаш не пристигна во Битола. Кракот 10-Д од Велес до Битола, остана до ден денес без електрификација, а очекувањата се дека барем со реконструкцијата на оваа железничка делница кон Грција до пристаништето во Солун, ќе имаме електрифицирана пруга.

Враќањето на железничкиот сообраќај кон Грција се очекува да го подобри битолското стопанство. Реконструкцијата предвидува крак со влез во индустриската зона Жабени, што ќе значи поврзување со Солунското пристаниште за фабриките кои веќе постојат или планираат да бидат дел од оваа зона. Потенцијалните инвеститори ќе го имаат во предвид тоа како подобар услов при инвестирањето, бидејќи транспортот на стоки преку железничкиот сообраќај е поевтин за оние производи кои би се произведувале во зоната. Индивидуалниот фактор, односно патувањата на граѓаните исто така се момент кој не смее да се занемари, затоа што до Солун ќе се патува побрзо и поевтино, а со тоа понатаму подостапно може да биде поврзувањето и до останатите дестинации. Од друга страна, следејќи ги регулативите на ЕУ, железничкиот сообраќај во однос на останатите превозни средства има најголем придонес  во заштитата на животната средина.

Со надеж дека наскоро ќе профункционира железничката пруга кон пристаништето во Солун, редно е да дојде и долго очекуваниот економски бенефит за градот. Не само за да се врати сјајот на конзулска Битола, туку да се врати достоинството на нормалниот човек, преку подобрувањето на локалната економија. Да  не се дозволи пругата да биде само уште една порта за излез од Македонија.

извор

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 16-Jan-2014 at 21:17
Добро е мрднува од мртва точка работава ,ај сега уште пари за електификација и реконструкција на целата должина на К10д да се обезбедат и ќе биде одлично.

Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 16-Jan-2014 at 20:40
ЕК одобри почеток на реконструкција на железничката делница од Битола до Кременица

Европската комисија (ЕК) го одобри почетокот на проектот за реконструкција на железничката делница од Битола до Кременица, беше меѓудругото истакнато, на денешната средба на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, со Комесарот задолжен за регионални политики во Европската Комисија, Јоханес Хан.

На состанокот е пренесено дека од страна на Европската Комисија е одобрено да започне реализацијата на проектот за реконструкција на железничката делница од Битола до Кременица (граница со Грција), проект кој ќе се финансира од претпристапните фондови на Европската Унија (ИПА фондови). Ова значи дека почнува постапката за избор на компанија која ќе ги изведува градежните работи.

На средбата, која се одржа во Европската Комисија во Брисел беа претставени тековните инфраструктурни проекти и активности на Владата на Македонија во делот на транспортот кои се финансирани со средства од европските фондови, како и идните планови за развој на европските транспортни коридори на територијата на Македонија.
извор
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 25-Oct-2013 at 20:32
Од толку вести и најави досега, мислам ако продолжиме од ЖС Битола кон границата несвесно ќе видиме дека ‘нешто работеле‘
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 25-Oct-2013 at 09:49
Мислам дека реконструкцијата на оваа пруга е едно од ветувањата што се одложува од година во година. Проект кој може да биде од корист, а се работи за минимална инвестиција. Мислам би било добро да се направи еден пресклипинг за изминативе неколку години за овој проект, од него ќе може да се забележи дека се` е идентично, освен времето што постојано се менува.
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 19-Oct-2013 at 20:43
В година реконструкција на пругата Битола - Кременица

Проектот за реконструкцијата на железничката пруга Битола - Кременица со крак до ИЗ Жабени ќе почне да се реализира во 2014 година. Ова го изјави Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Проектот за реконструкција на железничката пруга Битола- Кременица со крак до ИЗ Жабени е завршен и извршена е негова ревизија. По предавањето на документацијата се очекува до крајот на годината да биде доставен одговорот од ЕК и стартот на реконструкцијата на пругата да отпочне веќе наредната 2014 година. Ова го изјави Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски на синоќешната трибина во Битола. Новите современи вагони пак по европски стандарди, како што кажа министерот , се очекува да пристигнат до 2015 година. А до крајот на годината пак во нашата општина треба да се изградат уште 5 локални патишта со што ќе се заокружи инвестицијата за реконструкција на локални патишта во висина од 2,2 милиони евра.

http://www.tvorbis.com.mk/index.php/vesti/lokalni/item/1122-vgodina-rekonstrukcija-na-prugata
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 10-Oct-2012 at 09:29
09.10.2012, 18:28

Пелагонија чека железничка ренесанса



Ќе се ревитализира пругата Битола - Кременица, десет железнички станици по должина на Коридорот 10 и 10-Д и ќе се обнови патниот правец Прилеп - Битола - граничен премин Меџитлија

Битола - Владата најавува ренесанса за железницата во Пелагонија. Конечно ќе се ревитализира пруга Битола - Кременица, која е единствената железничка врска со Грција во овој регион. Ќе се рехабилитираат десет железнички станици по должина на Коридорот 10 и 10-Д и ќе се обнови патниот правец Прилеп - Битола - граничен премин Меџитлија.

Ова се проектите планирани за Пелагонија до 2015 година. Железничката и патната инфраструктура која ги поврзува Прилеп и Битола со граничниот премин Меџитлија ќе се изведува со средства од ИПА-фондовите. Планирано е при обновата на пругата од Битола за Кременица, да се изгради и посебен крак за Индустриската зона „Жабени“. А, истовремено ќе се реновираат и железничките станици во Битола и во Прилеп.

Државата очекува до декември од ЕУ да бидат одобрени и пари за реконструкција на патниот правец од Прилеп преку Битола до граничниот премин Меџитлија.

„Пругата кон Кременица целосно ќе биде изградена до 2015 година. Се подготвува проект, кој ќе биде готов до март в година. Градежните работи ќе почнат до крајот на 2013 или во почетокот на 2014 година, а на избраните фирми ќе им требаат околу 18 месеци да ја завршат пругата“, најави пред градоначалниците од Пелагонија, Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

За реновирање на пругата Битола - Лерин се предвидени 8,6 милиони евра, а во првата фаза не се планира електрификација на пругата Битола - Кременица.

Во изработката на физибилити-студијата, министерот Јанакиески очекува да помогнат и стопанствениците од Пелагонија, преку одговорите на прашалниците кои ги добија. Стопанствениците од овој регион едвај чекаат да се крене рампата на обновената пруга Битола - Лерин, во надеж дека со реконструкцијата на железницата низ земјава ќе поевтини и транспортот на стоки.

„Денес цената на железничката услуга е иста или малку пониска од камионскиот превоз. Да се надеваме дека со реконструкцијата на пругата и со новите вагони ќе дојдеме до реална цена на железничкиот транспорт во Македонија. Инаку, во оваа ситуација цените се исти и ние сме свртени кон камионскиот превоз“, вели Синиша Петровиќ од „Синпекс“ од Битола.

Пругата што ќе води низ Индустриската зона „Жабени“ се очекува дополнително да ја зголеми атрактивноста на овој регион за домашните и за странските инвеститори, а реализацијата на трите владини проекти во Пелагонија, треба да отвори можност за забрзан развој на овој дел од земјата, смета градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.

„Индустриската зона ’Жабени‘ не случајно ја лоциравме до границата со Грција, и тоа помеѓу патниот правец за Меџитлија и железничката пруга. Ова е дореализација на нашиот проект, бидејќи ние на стартот сметавме на солунското пристаниште“, рече Талески.

Во Прилеп, пак, на местото на старата пожарна ќе се гради транспортен центар.

„Објавивме тендер за продажба на земјиштето каде што ќе биде изграден современ транспортен центар, а веќе имаме најава и за изградба на современа автобуска станица за меѓуградски и меѓународен сообраќај. Тоа ќе биде во комплекс и на реновираната железничка станица“, најави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп. (А.Б.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=EC16A3CAE5FD5C41B60CD384586BD99B
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 226
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 03-Oct-2012 at 18:55
Пруга до Кременица и крак до Жабени
Среда, 03 Октомври 2012 17:56
Сподели

Приватниот сектор од Пелагонија и градоначалниците, денеска се сретнаа со министерот за транспорт и врски, кој дојде во Битола да ги промовира трите проекти за подобрување на железничката и патната инфраструктура во Пелагонискиот регион, со вкупен износ од 8,6 милиони евра, пари одобрени преку ИПА програмата. Првиот се однесува на рехабилитација на пругата Битола-Кременица со изградба на нов крак кон Индустриска зона Жабени.

„ Презентиравме и два проекти кои се реализирани од ИПА првиот е наменет за рехабилитација на поголем број железнички станици долж коридорот 10 и 10Д како што е во Велес, Битола Прилеп и седум во Гевгелија."- вели Миле Јанкиески министер за транспорт и врски.

Третиот проект со кој Владата аплицирала пред Европската комисија, а за кој се чека одговор во декември годинава, е рехабилитација на патниот правец, Прилеп-Битола-Грчка граница.

„ Сега воопшто не е во функција ставен делот Битола-Кременица, целосно ќе се доизгради и рехабилитира и очекуваме до 2015 според акциониот план да се стави во функција."- додава министерот.
„ Ние рачунавме на Солунското пристаниште целата пруга е реконструирана од страна на Грција до Лерин."- вели м-р Владимир Талески градоначалник ан Битола.

Талески додаде дека не случајно Жабени е лоцирана блиску до Меџитлија, не била случајно до пругата и патниот правец кој води до границата со Грција.

„ Од грчката граница до Крклино тоа е практично од границата до клучката каде се дели патот за кон Охрид и што уште позначајно е тоа дека овој транзитен пат води кон главната метропола."- додаде Талески.

Без добра инфраструктура, тешко доаѓале инвеститорите, а со оваа целосна реконструкција на железничката и патната инфраструктура на Пелагонискиот регион, ќе се овозможел забрзан економски развој.


„ Ако се земе фактот дека индустриските зони Приелп1, Прилеп 2 и Приелп 3 предвидени со ГУП, кои се во реализација и се распродадени, низ некои од нив минува пругата, а кај слободната зона Агларци на излезот кон Битола и подобрената патна инфраструктура."- вели Марјан Ристески градоначалник на Прилеп.

Проектите претставувале приоритети за овој регион, план имало и за физибилити студија за поврзување Битола-Подмоље.

http://www.youtube.com/watch?v=W67TVtNtccE&feature=player_embedded
Back to Top
polval View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 177
  Quote polval Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 03-Jul-2012 at 05:52
Тоа е триангла за завртување на парни локомотиви.


Edited by polval - 03-Jul-2012 at 05:52
Back to Top
MileX View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: Strumica
Online Status: Offline
Posts: 19
  Quote MileX Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 03-Jul-2012 at 02:46
spored lokacijata kade sto se naogja mi lici kako pocetok na nekoja idna pruga po dolinata na crna reka koja eventualno bi zavrsila kaj sivec (feni) , no toa e samo moja pretpostavka
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 03-Jul-2012 at 01:06

Кај Кременица, близу самата гранична линија со Грција, има некаков краток крак од пругата, кон исток:

40°54'48.80"N  21°27'51.53"E

Дали некој знае дали било планирано некакво продолжување на пругата до некоја дестинација во близина или ова можеби служело за свртување на локомотиви или е нешто сосем трето?



Edited by Cloverstack - 03-Jul-2012 at 01:07
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 08-Jun-2012 at 14:12
По две и пол децении, на повидок реконструкција на пругата Битола-Лерин



Железничката пруга е надвор од употреба 26 години, а некогаш беше составен дел од меѓународната линија Велес-Битола-Лерин-Солун

Догодина конечно ќе започне реконструкцијата на железничката пруга од Битола кон границата со Грција, најави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески попладнево во Битола.

- Очекуваме до крајот на оваа година да биде распишан тендер за избор на градежна компанија, а во првата половина од следната година таа да отпочне со реконструкција на пругата Битола- Кременица. Исто така во проектната документација е ставен и крак за индустриската зона Жабени - рече Јанакиески.

Железничката пруга е надвор од употреба 26 години, а некогаш беше составен дел од меѓународната линија Велес-Битола-Лерин-Солун. Во изминатите две и пол децении делницата беше руинирана, а наместо возови по шините пасеа крави и се одгледуваа сандаци со пчели.

Кракот кој ќе се реконструира е долг 20 километри, а од грчка страна пругата е веќе обновена. Од општина Битола се надеваат дека за скоро повторно ќе затруби воз од Битола за Грција што ќе значи голема поволност за битолското стопанство.

- На средината од оваа година се завршува проектната документација за реконструкција на железничката пруга од Битола кон Грција. Дел од таа пругата ќе има и влез во индустриската зона Жабени што ќе значи поврзување со солунското пристаниште. Тоа ќе придонесе за подобрување на условите за инвестирање зашто железничкиот превоз е поевтин од другиот транспорт на стоки кои во иднина би се произведувале во Жабени - изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Пругата била изградена 1894 година и има славно минато. Низ неа со воз допатувале многу војници, патописци, конзули, па и историски личности. (Ж.З.)


http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=C73FAF59D3E8A94E845936F83DF42186
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 19-May-2011 at 18:20
Листајќи ги поголемиве партии со своите програми во делот инфраструктура и опозицијата ветува дека оваа делница ќе ја реконструира, но само тоа стои, ниту кога ќе се почне ниту кога планира да се заврши.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 19-May-2011 at 18:10
Па во отсуство на некоја поголема креативност од било која партија, не ме ни чуди. Се рециклираат истите проекти само со продолжен рок. Оти, да не му текни нешто ново капитално?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 226
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 19-May-2011 at 18:01
Едит!!!
Ја читав програмата на вмро и за оваа делница рокот за завршување е дкември 2015 ама знејки колку во се се касни со сите проекти со глава тврдам негде крајот на 2016.Не ми се верва уште со цел памет пишат декември 2015 за една обична реконстуркција

Edited by JOE - 19-May-2011 at 18:02
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 226
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 02-May-2011 at 16:26
Во отчетот пиши дека 2014 ке биди готова а не да почне да се реконструира.Само прат некој збунувања
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 02-May-2011 at 01:19
Со здрав памет ли се коа ќе кажат, треба да почне 2014? Као у стил ај 20 години јабана отидоа, нека отидат уште 5 мање више.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 02-May-2011 at 00:29

И СПМ со реакција за активностите на СДСМ
НЕДЕЛА, 01 МАЈ 2011 18:09

Денеска и Социјалистичката партија со реакција за вчерашната пародија на младите од СДСМ. Изјавата ја дадоа на железничката станица, каде што вчера пак младите од СДСМ го чекаа возот за Лерин, со што сакаа да потсетат дека токму таа железничка линија е уште едно неостварено ветување на битолската локална власт.

БЛА БЛА БЛА, SHIT SHIT SHIT...

И од Социјалистичката партија на Македонија рекоа дека за пругата Битола-Лерин обезбедени биле пари од ИПА фондовите.

-Во оваа прилика сакаме да информираме дека во тек е еваулација на тендерот за изработка на проектна документација, а тендерот ќе заврши во октомври. Во март заврши првата фаза од тендерот, во која учествуваа осум фирми. Избраната фирма треба за седум месеци да ги направи проектите. После ќе се гради, а цената на градбата е десет милиони евра – рече Христовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак вчера рекоа дека во отчетот на Владата достапен за сите граѓани јасно се наведува дека реконструкцијата на железниктаа пруга за Лерин требало да почне во 2014 година.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=35101&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 25-Mar-2011 at 11:31


Железничката линија Солун Битола како делница од линијата кон Јадранското море беше изградена на 13 јули 1894 година.
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 24-Feb-2011 at 19:19
Тешко ни е да изградиме пруга од 16 км

Потенцијалите на Пелагонија неискористени

 

Поради нефункционалноста на железничката пруга до Грција, долга само 16 километри, патот на стоката од Битола до Солун е подолг за околу 200 километри, бидејќи стоката патува преку Велес. Неинвестирањето во инфраструктурата во Пелагонискиот регион сериозно влијае врз бизнисот во најголемиот регион во земјава

Скопје и вториот по големина град во земјава, Битола, се на оддалеченост од околу 180 километри. За да се стигне со автобус до Битола се потребни од три и пол до четири часа, а со воз, патувањето е подолго за еден час.
Минатата година, Кинезите, ја завршија железничката пруга помеѓу градовите Њухан и Гуангзхоу, долга 1.100 километри, а брзиот воз наречен Хармони експрес (Хармонѕ Еџпресс), го поминува растојанието, неколку пати поголемо од реалацијата Скопје-Битола, за неверојатни, за нас, три часа. Кина освен што секојдневно руши светски рекорди во економијата, систематски и плански својот примат го става и во транспортот и во инфраструктурата, базата за развој на една економија. Сега ќе гради супермодерна и брза железничка пруга Пекинг-Лондон. Патувањето ќе трае само два дена за растојание од 8.160 км, а возот ќе поминува низ 17 земји во Азија, Блискиот Исток и Европа. Што е уште поинтересно, Кинезите планираат овој проект да го изградат со сопствени средства, а наплатата за изградената пруга ќе ја врши во натура, односно со наплата на природните ресурси од земјите каде што поминува пругата.
Брзите возови кои во просек се движат со брзина од 350 километри на час и во 21 век се сè уште научна фантастика за „Македонски железници”(МЖ), чии возови достигнуваат просечна максимална брзина од 50 до 100 километри на час, а се движат по пруги од турско време.

ДО СОЛУН ОД БИТОЛА ПРЕКУ ВЕЛЕС

За да укажат на овој сериозен проблем, бизнисмените од Стопанската комора на Македонија (СКМ), минатата недела наместо со нови коли како што бизнисмените од Сојузот на стопански комори дојдоа на доручек со премиерот Груевски, решија на седница на Комората во Битола да допатуваат со воз.
„Во Битола дојдовме со воз за да упатиме јасна порака дека мора по толку години неинвестирање да се вложи во железничката инфраструктура и таа да се модернизира. Повеќе од потребно е поврзување на Битола со Грција преку граничниот железнички премин Кременица со што ќе се овозможи проток на стоки до Солунското пристаниште. Неразбирливо е пруга долга 16 километри да не функционира 20 години. Бараме Македонија конечно да се сврти кон регионалниот развој, со што ќе се подобри економијата на Пелагонискиот регион, каде што се наоѓаат најголемите енергетски капацитети и најголемите извозни и земјоделски објекти”, вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.
Поради нефункционирањето на железничката пруга до Грција (од грчка страна, пругата е модернизирана пред четири години) патот на стоката од Битола до Солун е подолг за околу 200 километри, бидејќи стоката патува преку Велес. Модернизирањето на железничката пруга Велес-Битола-Кременица (кракот Д од Коридорот 10) ќе ги поврзе Прилеп, Битола и Велес и со други градови во Грција, како Лерин и Воден, како и со Атина по магистралата Виа Егнација, а на север со западна и северна Европа. Моменталната состојба на пругата Велес-Битола се карактеризира со најниска комерцијална брзина, со што времето на патување на стоки и патници е најдолго во однос на должина на пругата на целиот Коридор 10, кој почнува од Грција, а преку Србија и Хрватска оди до Словенија. Солунското пристаниште е прозорецот кон светот на македонската економија. Најголемиот дел од извозот и увозот се остварува преку него.
„Единствено што им преостанува на стопанствениците е да користат камионски превоз, кој е далеку поскап од железничкиот. Нашите трошоци на производство само се зголемуваат, што сериозно влијае на висината на финалната цена на готовиот производ. А сите се бориме за поконкурентна цена, па битката тешко ни оди”, вели Благоја Стојчев, претседател на регионалната комора Битола-Демир Хисар-Ресен, која е дел од Стопанската комора на Македонија.
Стојчев дваесет години е во бизнисот со производство на брашно, а од пред извесно време отвори и фабрика за производство на различни типови масло во која вложи повеќе од 10 милиони евра. Фабриката работи по ХАСАП системот и користи најнова технологија.
„За водењето бизнис не ми е проблем само инфраструктурата. Нашите транспортни вагони се несоодветни за превоз на масло и пченица, па морам да користам германски или украински”, вели Стојчев.  
И за поранешниот директор на Битолската млекарница ИМБ, Живко Радески, инфраструктурата и заживувањето на индустријата се клучните работи за заживување на економијата во Пелагонискиот регион.
„Немам никаква дилема дека е потребно сериозно инвестирање во инфраструктурата. Поради неинвестирањето ни пропаѓа стопанството и индустријата. Обработливото земјиште стои неискористено. Да ги вратиме шеќерната репка, сончогледот…”, вели Радески.
Бизнисмените ги поддржуваат и бројките, кои зборуваат за огромните потенцијали на Пелагонија. Овој регион, најголем во земјава (19% од површината на земјата), со 12% е втор по големина во земјава во учество на бруто-домашниот производ. Учествува со најголем процент, 45%, од капацитетите за производство на електрична енергија, а е и најголем производител на пченица, млеко и млечни производи, тутун, јаболко и втор по големина во производство на вишни и кајсии. Овде се наоѓа дури 23% од вкупно обработливата земјоделска површина и 28% од пасиштата во земјава. Голем е и потенцијалот за развој на летен, зимски и културен туризам (Перспанско Езеро, националниот парк Пелистер, зимскиот туристички центар Крушево).
И покрај огромниот потенцијал, овој регион е петти во трговската размена, иако е еден од ретките кој има урамнотежена трговска размена, со 5-7% учество во извозот и 3-4% учество во вкупниот увоз на земјава.

МАКЕДОНСКИ ФИРМИ ГРАДАТ КИНЕСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ

За да биде апсурдот уште поголем во прилепското село Алдани веќе неколку години функционира фабриката „Еуропрофил”, која меѓу другото произведува и фајберглас, материјал кој се користи за градење на пруги (еколошки материјал-замена за дрвото кое се поставува во пругите).„Овој производ освен во Србија, Бугарија и Унгарија, фабриката од пред извесно време пробно го извезува и во Кина и Индија”, вели Ширкоски Александар од „Еуропрофил”.
Во Македонија, неколку компании, меѓу кои и фабриката за кабли од Неготино и прилепската „Еурокомпозити” произведуваат материјали кои се користат за изградба на пруги. Но, и тоа не е доволно за Владата и менаџментот на МЖ да се заинтересира за инвестирање во железничкиот сообраќај. Пругата од Битола до Кременица, чие модернизирање се проценува на околу 9 милиони евра, поради немањето пари, ќе почека уште неколку години. Ќе се чека на ИПА-фондовите, па изградбата на пругата може да биде реалност во најоптимистичка опција во 2014г., а во најпесимистичка дури во 2016г..
„Признавам дека работите одат бавно, но ние не располагаме со сопствени средства за инвестирање во железничкиот сообраќај”, вели Оливер Деркоски, првиот човек на МЖ Транспорт.
Петар Спасовски, помошник-директор за комуникации во МЖ Инфраструктура вели дека Владата размислува за подобрување на железничкиот сообраќај кон Грција, но тоа не е моментален приоритет.
„Моментално работиме на Коридорот 8. Треба да се изгради 90 километарска пруга од Куманово до Деве Баир, Бугарија и 70 километри од Кичево до Албанија. Кога овој проект ќе биде готов, тогаш ќе можеме да аплицираме и за други проекти како што е пругата Битола-Кременица. Сега сме во фаза на изработка на физибилити студија за реконструкција на оваа пруга. Веќе аплицираме за да ги добиеме потребните 9 милиони евра”, вели Спасовски.

КИНЕЗИ ВО ЖАБЕНИ

Немањето инфраструктура не е проблем само за локалното стопанство.
„Најголемиот проблем за заинтерсираните странски инвеститори е инфраструктурата. Тие го посочуваат транспортот како најголема пречка за инвестирање. Убеден сум дека Владата ќе ни помогне полека да ги оствариме сите наши приоритети. Би било штета кога се подобрија условите за инвестирање и кога општините добиваат поголеми ингеренции, да не ги собереме плодовите”, вели градоначалникот на Битола, Владимир Талевски.
Истото го потврдува и Трајче Котевски, поранешен директор на индустриската зона „Жабени”.
„Индустриската зона во која се крсти целото битолско стопанство ја нудиме со современа железница и посебен железнички крак до неа. Што ќе се случи ако тој крак не се изгради?”, вели Котевски.
Според Талевски, веќе постои голем интерес за инвестирање во „Жабени”, чија изградба е во финална фаза. „Имаме интерес од дестина домашни и странски компании кои овде сакаат да градат кланица, млекарница и сушалница и погон за преработка на зеленчук. И кинеска компанија најави своја посета на зоната во март”, вели Талевски.
Индустриската зона „Жабени” се протега на 86 хектари. Деталниот урбанистички план е готов, а завршени се и административните процедури.
„Изградена е и водоводна мрежа, а донесена е техничка вода. Зоната има и телефонија, одводна канализација, а во финална фаза е и нејзината електрификација, во која Владата се вклучи со 90 милиони денари. Веќе функционира помалата трафостаница за 20 хектари, а се работи на поставување и на големата-главна трафостаница”, информира битолскиот градоначалник.
За привлекување на што поголем број инвеститори, општината Битола, освен владината одлука за закупување на државно земјиште за 1 евро од метар квадратен се реши и за ослободување од комуналии.
„Заинтересираните инвеститори кои ќе се пријават до 31 март и кои до следната година ќе го изградат објектот и ќе вработат повеќе од 20 вработени, ќе добијат 100% ослободување од комуналиите. Три месеци по овој рок, заинтересираните под истите услови ќе добијат 75%, а тие по шест месеци, 50% ослободување за плаќање на комуналии. Во кое било време заинтересираните кои во следниве две години ќе изградат објект и ќе вработат повеќе од 300 лица ќе добијат исто така 100% ослободување од комуналии”, вели Талевски.
Министерството за транспорт и врски пред неколку дена распиша тендер за јавно наддавање за градежно земјиште, во „Жабени”.Станува збор за 30 градежни парцели кои се наменети за изградба на објекти за лесна и незагадувачка индустрија, сервиси, стоваришта, како и две градежни парцели, наменети за изградба на објекти за мало стопанство.
Битолскиот градоначалник полага голема надеж и во изградба на енергетските проекти „Чебрен” и „Галиште”, лоцирани во мариовскиот крај, кои треба да му прават друштво на најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола. Инвестицијата е во вредност од 700 милиони евра, а епилогот од четвртиот тендер за нив се очекува во јуни годинава.


Извор: Форум

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.105 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.