build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Подземна улица (К.Ј.Питу - Илинденска)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 26>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 09-Jan-2013 at 23:34
Originally posted by zabegan

Партизански одреди? значи ли тоа дека ја напуштиле таа ужасна импровизација што излегуваше на расксницата кај мостот Гоце Делчев? дај боже...

Не читаш убаво а и тие од точка или кај и да го пишувале текстот го испревртеле како никогаш да не биле во скопје.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 09-Jan-2013 at 22:22
Партизански одреди? значи ли тоа дека ја напуштиле таа ужасна импровизација што излегуваше на расксницата кај мостот Гоце Делчев? дај боже...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 09-Jan-2013 at 19:08
Распишан тендер за изградба на подземна улица во Скопје



Град Скопје денеска го објави јавниот повик за избор на компанија која ќе ја изгради подземната сообраќајница која ќе се протега од делот кај Комплекс Банки до почетокот на булеварот Партизански одреди.
Подземната улица ќе се гради од булеварот Кузман Јосифовски-Питу со раскрсница со улицата Никола Карев до булеварот Кочо Рацин, од булеварот Кочо Рацин преку Кеј 13-ти Ноември и раскрсница со булевар Илинден и булевар ВМРО и трасата на сообраќајниот коридор до булеварот Партизански Одреди преку булеварот ВМРО и дел од булевар Илинден.

Изградбата на улицата ќе чини околу 30 милиони евра. Новата улица ќе почнува со кружен тек кај мостот „Гоце Делчев“, ќе продолжи по должината на кејот до излезот кај Комплексот банки. Нејзината должина ќе изнесува речиси два километри, на која ќе се одвива сообраќај во дРаспишан тендер за изградба на подземна улица во Скопје.




http://tocka.com.mk/1/84569/raspisan-tender-za-izgradba-na-podzemna-ulica-vo-skopje
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 27-Nov-2012 at 17:59
Предмет на договорот за јавна набавка: Изработка на инфраструктурен проект за бул. Кузман Јосифовски-Питу, преку ул.Никола Карев до бул.Кочо Рацин, подземна сообраќајница Кеј 13-ти Ноември и бул.Илинден и трасата на сообраќајниот коридор до бул.Партизански одреди преку бул.ВМРО, со вклучена ревизија

Назив на договорниот орган: Град Скопје

Понудите да се достават најдоцна до : 17.12.2012 во 10.00 часот

Повеќе на: https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/Dossie/dosieACPP.aspx?EntityId=e226cf71-d1bc-47e8-9df1-fe9cde92dc73&Level=2
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2086
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 01-May-2012 at 22:30
Originally posted by mirakuliks

Не знам зошто ама никогаш не сум бил подржувач на решенијата кои идат по линија на понизок отпор....најверојатно бидејќи најчесто за таквите решенија се потврдува старата поговорка: Сиромавиот плаќа двапати.


Многу јасно, за секој проблем има само еден исправен начин, а се друго е импровизација.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 01-May-2012 at 02:18
Не знам зошто ама никогаш не сум бил подржувач на решенијата кои идат по линија на понизок отпор....најверојатно бидејќи најчесто за таквите решенија се потврдува старата поговорка: Сиромавиот плаќа двапати.
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 30-Apr-2012 at 21:10
Предност на оваа метода е што се применуваат конвенционални техники на градење, механизација и персонал. Самото тоа води до заштеди на пари и време, бидејќи сите потребни средства се лесно достапни. Фактот што се применуваат вообичаени техники на градење исто така води до безбедност за време на градењето на тунелот.
 
Вообичаени фази на оваа метода на градење се следниве:
• Фаза-1: Почетен ископ и изведба на ѕидови од шипови;
• Фаза-2: Изведба на горна плоча и нејзино затрпување (после минимум 7 дена) и враќање на површината на теренот во првобитна состојба што овозможува непречено одвивање на сообраќајот;
• Прва фаза на ископ под горната плоча;
• Изградба на времени потпори;
• Втора фаза на ископ под горната плоча;
• Конструкција на темелна плоча;
• Инсталации во тунелот и завршни работи.

Овие фази на изведба се прикажани подолу: 
Страничните ѕидови на тунелот се формираат со изведба на армирано-бетонски шипови кои се преклопуваат. Шиповите се изведуваат со дупчење под бентонитска заштита. Примарните шипови се изведуваат на почеток, а секундарните се изведуваат помеѓу примарните откако истите ќе постигнат доволна јакост. Преклопот помеѓу шиповите вообичаено изнесува 8 см. 
 
Основен проблем ќе претставува подземната вода која во зоната на тунелот е доста високо. Истата треба да се испумпува цело време додека не се изведе темелната плоча. Покрај тоа и по завршување на тунелскиот ископ, еден дел од тунелот ќе биде во водозаситена почва, затоа тој треба да биде заштитен на адекватен начин со изработка на ефикасни дренажни и системи за хидроизолација.
 
Мерки за безбедност за време на експлоатација на тунелот
Мерките за безбедност ќе бидат во согласност со Директивата 2004/54/EC од Европскиот парламент донесена во април 2004 година. Тунелот спаѓа во категоријата на тунели со должина помеѓу 500м-1000м и просечен дневен сообраќај поголем од 2.000 возила по сообраќајна лента во еден правец (AADT>2000veh/day).
 
Поради безбедносни причини и поради можноста од продолжување на тунелот истиот е третиран како да е долг 1001м, и така се усвоени минималните мерки за безбедност во тунелот, а тоа се следниве:
• Излез во случај на опасност приближно во средината на тунелот;
• Ситем за вентилација со потребна опрема;
• Осветлување: нормално, безбедносно и евакуационо;
• Опрема за сигнализација (семафори, светлечки сообраќајни знаци, патокази, бариери);
• Опрема за автоматска детекција на незгоди, загадување на воздухот и пожари;
• Станици во случај на опасност со апарати за гаснење пожар и СОС телефони;
• Неколку мегафони по должина на тунелот за известување во случај на незгоди;
• Радио-комуникациски ситеми за контакт со пожарникари, полиција, амбуланти и др.
• UPS системи и дизел генератори кои обезбедуваат струја за целата опрема која е инсталирана во тунелот;
• Контролен центар.
 
Се проценува дека цената на објектот заедно со целата опрема за безбедност ќе изнесува 25-30 милиони евра.
 
проф. д-р Дарко Мославац, Градежен факултет Скопје УКИМ.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3281&Itemid=122


Edited by Cloverstack - 30-Apr-2012 at 22:48
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 30-Apr-2012 at 21:10
Тунел за поврзување на два краја од центарот на градот

Се проценува дека цената на објектот заедно со целата опрема за безбедност ќе изнесува 25-30 милиони евра. Со цел да го реши проблемот со сообраќајниот метеж во центарот на Скопје, Министерството за транспорт и врски започна со тендерска процедура за изработка на "Студија за сообраќајниот систем на градот Скопје", со идеен проект за Подземна сообраќајница од Соборниот храм до зградите на комплексот банки.
Тендерот го доби шпанската компанија IDOM и по завршување на сообраќајната студија, започна со изработка на алтернативни решенија за поврзување на овие две важни раскрсници во центарот на градот. Целта на новата сообраќајница е да ги поврзе источниот и западниот крај на центарот на градот Скопје, односно крајот на булеварот Партизански одреди и раскрсницата кај комплексот банки. Моменталната состојба со непостоење на директна врска помеѓу овие раскрсници доведува до сообраќаен метеж, а со самото тоа и зголемена бучава и загадување на воздухот. 
tunel-skopje-centar-povrzuvanje-1.jpg
Воздушното растојание помеѓу овие две раскрсници е приближно L=1100m, а постојната должина на сообраќајниците помеѓу овие точки е: жолта варијанта Lyellow=1620m и црвена варијанта Lred=1680m. Изградбата на новата сообраќајница ќе обезбеди побрзо и посигурно поврзување, како и подобра опција од аспект на природната средина, поради намалувањето на растојанието (а со самото тоа и намалено загадување на воздухот) и поради фактот што сообраќајот би се одвивал подземно. 
 
Анализирани алтернативи за подземната сообраќајница Земајќи ги предвид Генералниот урбанистички план (ГУП) и проектната програма, анализирани се неколку алтернативи. На почетокот се анализирани две групи на алтернативи: 
 
Група на алтернативи А
Оваа група на алтернативни решенија ги следи трасите зацртани со ГУП, проаѓајќи под повеќе објекти, особено во зоната на раскрсницата на крајот на булеварот Партизански одреди со булеварот Даме Груев. Алтернатива А-1 е проектирана како тунел со една сообраќајна лента и пешачка патека во еден правец, притоа добивајќи ширина на светол профил на тунелот од 12м. Алтернатива А-2 е проектирана со две сообраќајни ленти и пешачка патека во еден правец што дава вкупна ширина на светол профил на тунелот од 17м. За да се добие доволна висина на надслој под постоечките згради (приближно длабочина еднаква на дијаматарот на тунелот) приодната рампа до подземната сообраќајница мора да се помести наназад по булеварот Партизански одреди, односно истата е лоцирана пред раскрсницата со улицата Ленинова. 
 
Група на алтернативи Б
Оваа група на алтернативи се обидуваат да поминат под постојните улици, избегнувајќи ги притоа зградите во близина на булеварот Даме Груев. Трасите исто така поминуваат околу некои објекти кои се наоѓаат во близина или на самиот плоштад Македонија како на пример: новиот хотел и градското собрание кои треба да се изградат на западната страна, новиот споменик на Александар Македонски во центарот, и веќе изградената бизнис зграда на северно-источниот дел од плоштадот. Поради малиот постоечки простор помеѓу градежните линии на постојните згради, две сообраќајни ленти во еден правец не се разгледувани, така што попречниот пресек на тунелот содржи една сообраќајна лента и пешачка патека во еден правец, што дава вкупна ширина на светлиот профил на тунелот од 12м. Приодната рампа до тунелот е лоцирана помеѓу булеварот Св. Климент Охридски и булеварот Даме Груев, што е во согласност со сообраќајната студија и препораките од ГУП. 
 
Алтернативата Б-1оди кон север по булеварот ВМРО и улицата Орце Николов, на плоштадот Македонија тунелот го заобиколува споменикот на Александар Македонски, а потоа се упатува кон кејот 13 Ноември. 
tunel-skopje-centar-povrzuvanje-2.jpg
 
Алтернативата Б-2оди кон југ по должина на улицата 27 Март до плоштадот Македонија, потоа тунелот поминува до споменикот на Александар Македонски од неговата западна страна, а потоа оди кон кејот 13 Ноември.
Со цел да се добие оптимално решение од сите анализирани варијанти, се извршени мултикритериумски анализи земајќи ги предвид: територијалниот, функционалниот, економскиот и критериумот за животна средина.
 
tunel-skopje-centar-povrzuvanje-3.jpg
Секој од овие критериуми е дефиниран со свои индикатори. Критериумите и индикаторите се прикажани подолу 
tunel-skopje-centar-povrzuvanje-4.jpg
 
По извршената проценка на секоја алтернатива во однос на секој индикатор и аплицирајќи ги тежините на индикаторите, алтернативата што има најголем збир (score) ќе биде најдобрата. По извршената евалуација е добиено дека најдобри опции се варијантите Б-1 или Б-2. 
 
Сепак, со анализите на алтернативите што ги исплонуваат условите зададени со проектната програма и/или ГУП, во физибилити студијата се заклучи дека ниедна варијанта во целост не ги исполнува економските, функционалните, територијалните и критериумите за животна средина. Од една страна, опцијата со длабоко вкопан тунел е најскапо и технички најтешко за изведба решение, поради чакалестиот материјал на трасата на тунелот, високото ниво на подземна вода и поради фактот што тунелот оди под веќе изградени згради. Од друга страна, опциите за изведба на тунелот со методата cut&cover ги пратат конфигурациите на тесните улички што води до решенија на траси со мали радиуси, без шанси за нивно подобрување со проширување на попречниот пресек на тунелот. Дополнително подземните инсталации се загрозени. 
 
Како резултат на погоре напишаното, по предавање на "Физибилити студијата и предлог за најдобро решение", компанијата IDOM презентираше нова алтернатива за оската исток-запад (Алтернатива Ц). Во оваа опција рампата на тунелот е лоцирана веднаш до зградата на Македонски пошти и оди паралелно со реката Вардар до комплексот банки. Предложени се два нови кружни тека за овозможување на лесен проток на сообраќајот од булеварот Партизански одреди во тунелот: кружен тек кај раскрсницата помеѓу Партизанска – ВМРО и раскрсницата помеѓу ВМРО-Илинденска и мостот Гоце Делчев. 
tunel-skopje-centar-povrzuvanje-5.jpg
После извршената евалуација на сите алтернативи, се заклучи дека алтернативата Ц е најдобро решение поради тоа што: овозможува зголемување на попречниот пресек на тунелот (ако има потреба), цената на чинење е пониска од сите други варијанти, хоризонталното решение е чисто, двата кружни тека овозможуваат директен пристап на главниот сообраќаен тек од булеварот Партизански одреди во тунелот. Трасата на новата сообраќајница поминува покрај неколку постојни или планирани објекти кои треба да се земат предвид, а со цел да се избегне какво било нивно оштетување. Тоа може да се обезбеди со избор на правилен надолжен профил, попречен пресек и метод за изведба на тунелот. Споменатите објекти се: постојните згради помеѓу булеварот ВМРО и плоштадот Македонија и по должина на кејот 13 Ноември; новите објекти на плоштадот (градско собрание, хотел и др.); потпорниот ѕид по должина на реката Вардар, подземните инсталации (елктрични, вадоводни, отпадни води, топлификација и др.); Камениот мост и други. 
 
Траса на тунелот
Новиот тунел започнува кај раскрсницата на мостот Гоце Делчев, со булеварите ВМРО и Илинден, каде влезната рампа е лоцирана веднаш до зградата на Македонски пошти. Трасата оди паралелно со реката Вардар, поминува под раскрсницата на булеварите Кочо Рацин, Крсте П. Мисирков и К. Ј. Питу и потоа се искачува кон површината на теренот (кај комплексот банки). Тунелот е долг 900м, источната рампа е со должина од 220м, а западната рампа е долга 183м. Хоризонталното решение (ситуацијата на трасата) оди паралелно со пешачката патека по должината на брегот на реката Вардар и зад постојниот потпорен ѕид. Минималниот радиус на хоризонталната кривина е Rmin=100m во зоната на рампите и Rmin=225m во тунелот. Вертикалното решение (нивелетата) има наклон од 6% во зоната на рампите и 0,5% внатре во тунелот. Минималниот радиус на вертикалните кривини е 800м. Критериумот што треба да се исполни е коловозот да биде минимум 7,5м под површината на теренот. Покрај тоа, во зоната на Камени мост нивелетата треба да биде минимум 9,5м под површината за да помине под темелите на мостот. 
 
Опис на методот за градење на тунелот
По анализирањето на разните опции за обезбедување на стабилност на тунелскиот ископ, од инјектирање до TBM (Tunnel Boring Machines) машини, најдобра опција за длабоко поставени тунели од техничка гледна точка е примената на затворени штитови под притисок (EPB). Штитовите под притисок гарантираат стабилност на челото на ископот и спречуваат продирање на вода внатре во тунелот. Сепак, многу високата цена на ваквите машини (дури и употребувани) направи да биде отфрлена ваквата опција за градење на тунелот. Според направените проценки, опцијата со примената на методот Cut&Cover, за изградба на еден метар должен од тунелот цената изнесува 18.000 €/m, додека опцијата за изградба на еден метар должен од тунелот со EPB машини изнесува приближно 36.000 €/m (со вклучена цена на самата машина). Со оглед на тоа што нивелетата на новата сообраќајница е проектирана со максимална длабочина од 10м, оптимална метода за изградбата на тунелот е методот Cut&Cover. 
tunel-skopje-centar-povrzuvanje-6.jpg

...


Edited by Cloverstack - 30-Apr-2012 at 22:49
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 04-Apr-2012 at 23:51
Младен, по обичај одлична анализа.

И со нетрпение очекувам што ќе постираш во врска со твојата замисла како треба да изгледа западниот пристап.

Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 03-Apr-2012 at 09:10
И покрај тоа што имам добро мислење за ИДОМ во однос на нивните проекти во други земји, во случајов навистина губат било каков кредибилитет. Доколку сами дојдоа до ова решение, тогаш може да се стави под знак прашање и нивната стручност. А ако ја направија сообраќајницата по диктат на градската управа, тогаш немаат никаква професионална етика.

Вторава варијанта ми е некако поинтересна за анализа и дебата. Зошто Градот ризикува да добие целосно нефунцкионално решение? Зарем навистина се водат од строго одреден буџет, откако претходно се расфрлаа со пари за секоја можна глупост и не покажаа ни еден сантиметар 'рбет пред барањата на Владата?

Под претпоставка дека оваа траса е радикално поевтина и полесна за изведба, еве каде се според мене спорните моменти на „штедење“:

- ширината на тунелот, каде профил 2х2 би донел огромна разлика во секој поглед (или пак паралелна изгрдба на други паралелни тунели, кои би превзеле дел од протокот - што и не би било лошо, но такво нешто нема на повидок);

- од западната страна го имаме бизарниот кружен тек кој овозможува непотребни приклучувања (од Кале кон Аеродром преку тунелот?), и не само што ќе го успори сообраќајот, туку и при најмала незгода ќе ги блокира сите сообраќајници. Според мене, логично решение би бил пристап од Големиот Ринг - поточно раскрсницата Бул.К.Охридски - Илинденска, што и ќе го постирам како решение;

- источната страна има сосем поинаков пристап - со додатни рампи (и не е можно вртење од Црвен Крст кон тунелот, но повторно е можно од тунелот да се оди кон Бит-Пазар). Решението со кружен тек тука функционира нешто подобро, но сепак има додатни рампи (а токму тука има простор за заштеда, ако веќе така мора);

- целата подземна сообраќајница има неверојатно асиметрична логика - на источната страна превзема проток надвор од Големиот Ринг (и со еден крак го носи во него), а на западната страна е целосно врзан на Малиот Ринг;

- и покрај тоа што истовремено планираа уште еден тунел - оној под Кале, ИДОМ не нудат никаква варијанта за нивно спојување (а дополнително и со планираниот тунел под Илинденска). Ова значи создавање на голем надземен јазол, освен ако Владата токму и сака сите протоци во градот да се спојат баш пред нејзиниот објект, за секој ден да мора да ја гледаме новата фасада;

- уништува оформени пешачки целини (издигањето на сообраќајницата кај источниот пристап целосно ќе го уништи горното ниво на кејот) но веќе видовме дека за тоа и не им е многу гајле;

- никакво решение за јавен превоз (тунел на подниво нпр), но очигледно тоа воопшто не ги ни интересира;


Edited by mladen_s - 03-Apr-2012 at 09:13
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 03-Apr-2012 at 01:59
Шпанци ќе го изработуваат проектот за подземната сообраќајница

Денес беше потпишан договор меѓу Град Скопје и шпанската проектантска компанија „ИДОМ“ за изработка на проект за изградба на подземна сообраќајница во главниот град.
Претпоставувам ова е очекуваната награда за „ИДОМ“, кои ја сработија и студијата за подземнава сообраќајница, а очигледно ја сработија баш така како што некој им шепнал, наместо темелно да си ја завршат работата и да испорачаат вистинска студија.

Ова мислење за „ИДОМ“ го искажав пред извесно време, а сега и комплетно ми се зацементира:
Originally posted by cloverstack

ИДОМ го имаат целосно изгубено кредибилитетот (и за подземнава сообраќајница под плоштадот, но и за трамвајот, бидејќи и таму беа вклучени, ако не се лажам беа ревизори на проектот што го нарача Трифун Костовски, од каде што се пресликани сите погубни решенија во актуелниов проект). Не ни се потребни скапи странски консултанти кои се спремни про-форма да се потпишат врз секакво ѓубре од план/студија која некој ќе им ја сервира, како што тоа на пример го прават оние домашните „експерти“ од ИНПУМА во случајот со урбанистичките планови.

Wallbash



---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------



Градоначалникот Трајановски посочи дека со оваа сообраќајница значително ќе се намали сообраќајниот метеш во главниот град и истата ќе има капацитет за проток на 8.000 возила на час.

Епа ај баш да пресметаме!

Сообраќајницата ќе има по една лента во правец и максимална дозволена брзина од 50km/h. Да земеме дека просечна должина на обичен автомобил е околу 4,5 метри. Тоа значи дека за да поминат 8.000 возила (по 4.000 возила во еден правец) во еден час, потребно е истовремено да се исполнети сите овие четири услови:

1. Сите возилата да се движат со константна брзина која ќе изнесува точно 50 km/h. Цело време!
2. Колона со воедначен прилив, при што во еден правец во тунелот би влегувало ново возило на секои 0,9 секунди. Цело време!
3. Колона со растојание помеѓу возилата од 8 метри!
4. Целиот тој проток да функционира како швајцарски часовник!

Првиот вториот и четвртиот услов се едноставно невозможни! Комплетно!
А третиот услов ни од далеку не соодветствува на безбедносните стандарди, кои велат дека за запирање на просечен автомобил, при брзина од 50 km/h се потребни над 20 метри.



http://www.rulesoftheroad.ie/rules-for-driving/speed-limits/speed-limits_stopping-distances-cars.html


Во реалност, кога ќе се земат во предвид сите околности и кога ќе се земат во предвид дневните варијации на сообраќајот, тунелот веројатно ќе може да достигне 24-часовен капацитет од околу 20.000 возила. А и тоа под услов јавниот превоз да не го користи тунелот, што е приказна сама за себе.

Но „добрите“ работи не завршуваат тука... Оној крајно несмасно предвиден кружен тек кај мостот Гоце Делчев дополнително и драстичнно ќе го осакати капацитетот на тунелот, а уште пострашно е што ќе го осакати капацитетот и на другите сообраќајници кои се влеваат во тој кружен тек, но и тоа е друга приказна, која за жал ќе се наметне како горлива тема во иднина.

Со оглед на сето ова, баш би сакал господинот градоначалник да образложи како ќе ја поткрепи бројката од 8.000 возила на час.





Edited by Cloverstack - 03-Apr-2012 at 02:09
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2086
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 31-Mar-2012 at 09:24
Originally posted by medlence

Не ги следам работите многу со цени за проекти, но ми се виде доста солено 570.000 ЕВРА за улица со должина од 1300 метри?


Не е 570.000 евра туку изведбата ќе чини 33.000.000 евра.
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 30-Mar-2012 at 21:51
Потпишана техничката документација за подземната сообраќајница

По Јужниот булевар кој ќе почне да се гради за една година во Скопје се планира изградба на уште една подземна сообраќајница.


Ќе почне со кружен тек кај мостот Гоце Делчев, каде ќе понира 10 метри под земја. Од вкупната должина на улицата која ќе изнесува повеќе од еден километар, 900 метри ќе бидат под површината.

Движејќи се по кејот на Вардар сообраќајницата ќе заврши кај транспортниот центар. Шпанската фирма ИДОМ ќе ја изработува студијата.

- Прво ќе се прави сообраќајниот проект и се очекува да биде готов за три месеци. Потоа следува градежниот проект кој треба да се прави осум месеци, но тие ќе се прават паралелно, почнувајќи од април. Во ноември 2012 година очекуваме да бидат готови двата проекти, потенцира Трајановски.



Back to Top
medlence View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Mar-2011
Location: UK
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote medlence Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 30-Mar-2012 at 17:17
Не ги следам работите многу со цени за проекти, но ми се виде доста солено 570.000 ЕВРА за улица со должина од 1300 метри?
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 417
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 30-Mar-2012 at 13:21
Nepocituvanje na GUP- ot i verojatno toj ke treba da se koregira za ova resenie ke se vnesi ! samo kaj nas ova go ima

Edited by G.I. Joe - 30-Mar-2012 at 13:22
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 417
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 30-Mar-2012 at 13:07
Spancive ne primetuvaat deka glavnata soobrakjajnica so 6 lenti e Partizanska i deka taa treba da ponira ?!!! ako samo go prat ova za pomalce da cini proektot stvarno nema smisla na tolku pari potroseni za gluposti... da recime deka ova e privremeno resenie i toa ne drzi
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 30-Mar-2012 at 12:40
Шпанци ќе го изработуваат проектот за подземната сообраќајница

Денес беше потпишан договор меѓу Град Скопје и шпанската проектантска компанија „ИДОМ“ за изработка на проект за изградба на подземна сообраќајница во главниот град.



Сообраќајницата ќе се гради од мостот „Гоце Делчев“ под кејот на реката Вардар до Народна банка на Република Македонија.

На почетоткот од сообраќајницата кај мостот „Гоце Делчев“ ќе биде изграден кружен тек.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека целата сообраќајница е со должина од 1300 метри.

-Целокупната сообраќајница ќе изнесува 1300 метри од кои 900 ќе бидат подземја, а 400 над земја. Започнува со кружен тек кај мостот „Гоце Делчев“, потоа се движи под земја и излегува пред Транспортен центар. Спуштањето е 10 метри под земја, од кои 6,5 метри се предвидени за проток на сообраќајот, истакна Трајановски.

Изработувањето на градежниот проект ќе чини 500.000 евра, а сообраќајниот проект 70.000 евра. Проектите ќе бидат изработени до ноември месец, а во декември се очекува да биде објавен тендерот за реализација.

Идната пролет треба да започнат градежните активности кои што најверојатно ќе траат 3 години.

Изградбата на целокупната сообраќајница ќе чини 32.000.000 евра.

Хозе Алберто Фулдаин од шпанската компанија ИДОМ истакна дека ова е голем проект кој што вклучува повеќе области, како што што се геотехничко, структурно и сообраќајно инженерство.

Градоначалникот Трајановски посочи дека со оваа сообраќајница значително ќе се намали сообраќајниот метеш во главниот град и истата ќе има капацитет за проток на 8.000 возила на час.

Градот Скопје ќе добие уште една подземна сообраќајница на Јужниот булевар.

http://kurir.mk/republika/skopje/66113-Spanci-ke-go-izrabotuvaat-proektot-za-podzemnata-soobrakajnica
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 417
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 29-Mar-2012 at 23:11
Stom planiraat da ja unistat ovaa strana na kejot , togas sigurno i podzemnata ulicka pred gtc so treba da ja naprat ke e nadzemna .. Od druga strana go imame Arhivot i drugite cirovi taka sho tolku bese od setanjeto pokraj kej
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 29-Mar-2012 at 23:02
ПОКАНА

Градот Скопје Ве поканува на потпишувањето договор со проектантската куќа ИДОМ, од Шпанија, за изработка на основен градежен проект за подземната сообраќајница од булеварот Гоце Делчев до булеварот Кузман Јосифовски Питу, што е закажано за утре /30.03.2012 година, петок/ во 11 часот во салата за состаноци до Кабинетот на Градоначалникот на Град Скопје.

На потпишувањето на договорот со проектантската куќа ИДОМ ќе присуствува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4926&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 20-Mar-2012 at 00:25

Скопје ќе се задолжи со пет милиони евра за тунелот на Kеј

Еден од капиталните ветувања на градоначалникот Kоце Трајановски, подземната сообраќајница што ќе го поврзува булеварот Kузман Јосифовски-Питу со Илинденска и Партизански одреди, ќе се гради со задолжување од околу 5 милиони евра, и тоа преку издавање обврзници.

Сообраќајницата е предвидено да минува и на десниот кеј на Вардар. По усвојување на одлуката од Советот на Скопје, се очекува Градот да пристапи кон реализација на оваа намера. Со обврзниците локалната власт се задолжува кај фирми, а по одреден договорен период ги враќа со камата.

Тунелот ќе биде во должина од 900 метри и со профил од 14 метри.

- Овој проект е од извонредно значење за решавање на сообраќајниот метеж во градот. Со изградбата на истата ќе се овозможи директна врска меѓу источниот и западниот дел од градот, растоварување на малиот и големиот ринг, како и намалување на времето за патување и помало загадување - е објаснувањето на Градот за важноста на овој проект и причината за задолжувањето.

Наспроти предлогот на градоначалникот Kоце Трајановски да ја продолжи практиката на задолжување, опозицијата смета дека е време таа да прекине. Од советничката група на СДСМ потсетија дека Градот веќе е во долгови од 16 милиони евра по разни основи, кои ќе мора да ги враќа во наредните 10 години. (Ј.И.)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=1DB0D9D44E830A4E87129FA80C0DFE6D

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 26>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.235 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.